европски фронт Archives - Република https://republika.mk/tema/evropski-front/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 08:14:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европски фронт Archives - Република https://republika.mk/tema/evropski-front/ 32 32 Села не го напушта Европскиот фронт, тврди дека ќе има предвремени избори https://republika.mk/vesti/makedonija/sela-ne-go-napushta-evropskiot-front-tvrdi-deka-ke-ima-predvremeni-izbori/ Thu, 17 Oct 2024 08:13:17 +0000 https://republika.mk/?p=827900

Пратеник, Зијадин Села и коалициски партнер на ДУИ во Европскиот фронт ги негира информациите дека ја напушта коалицијата. Вели дека неговата партија е сериозен политички субјект, обвинувајќи дека ваквите „спинови“ доаѓаат од кујните на Вреди.

Села смета дека во Македонија ќе има предвремени избори и дека тие сега се насочени кон политичко дејствување и кон разговори со Албанците и другите заедници за последните случувања во државата.

Гласините за напуштањето на Алијансата на Села на Европски фронт доаѓаат по одлуката на пратеникот и лидер на ДПА, Мендух Тачи да излезе од коалицијата. Тачи не даде конкретно објаснување зошто го презема овој чекор но оцени дека ДУИ ја поразила коалицијата ВЛЕН во секоја смисла и оти нема сомнеж дека ДУИ е политичка сила во земјата.

Од друга страна пак за актуелната Влада посочи добила силен удар кога ЕУ ја одвои Македонија од Албанија на патот кон интеграција на земјата во ЕУ.

The post Села не го напушта Европскиот фронт, тврди дека ќе има предвремени избори appeared first on Република.

]]>

Пратеник, Зијадин Села и коалициски партнер на ДУИ во Европскиот фронт ги негира информациите дека ја напушта коалицијата. Вели дека неговата партија е сериозен политички субјект, обвинувајќи дека ваквите „спинови“ доаѓаат од кујните на Вреди. Села смета дека во Македонија ќе има предвремени избори и дека тие сега се насочени кон политичко дејствување и кон разговори со Албанците и другите заедници за последните случувања во државата. Гласините за напуштањето на Алијансата на Села на Европски фронт доаѓаат по одлуката на пратеникот и лидер на ДПА, Мендух Тачи да излезе од коалицијата. Тачи не даде конкретно објаснување зошто го презема овој чекор но оцени дека ДУИ ја поразила коалицијата ВЛЕН во секоја смисла и оти нема сомнеж дека ДУИ е политичка сила во земјата. Од друга страна пак за актуелната Влада посочи добила силен удар кога ЕУ ја одвои Македонија од Албанија на патот кон интеграција на земјата во ЕУ.

The post Села не го напушта Европскиот фронт, тврди дека ќе има предвремени избори appeared first on Република.

]]>
Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-pochetok-na-krajot-za-evropskiot-front-po-napushtaneto-na-tachi/ Sun, 06 Oct 2024 13:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=823464

Изет Меџити, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, изрази увереност дека излегувањето на Мендух Тачи од коалицијата Европски фронт е само почеток на крајот за оваа политичка алијанса. Според него, со тек на време, Европскиот фронт ќе се дестабилизира уште повеќе, бидејќи не постојат цврсти идеолошки врски кои ги спојуваат членовите на оваа коалиција.

„Тие не се навикнати да бидат опозиција и по секоја цена сакаат да останат на власт. Коалицијата не е резултат на европски вредности или идеологија, туку чисто желба за власт. Во моментот кога не се власт, тие веќе немаат заедничка цел што ќе ги спои,“ изјави Меџити на прес-конференција по повод 100 дена Влада.

Меџити потврди дека нема директна комуникација со Мендух Тачи за евентуално негово преминување во Влен, но истакна дека на крајот, ваквите случувања само ќе доведат до дестабилизација на Европскиот фронт, а не на Владата или државата.

Во врска со предлогот на Венко Филипче за затворена седница на тема евроинтеграции, Меџити подвлече дека Владата интензивно работи на исполнување на својата програма, вклучувајќи ги и европските интеграции како еден од клучните приоритети.

„Опозицијата имаше 8 години на власт и не постигна ништо значајно. Сега ние сме тие кои ја диктираме агендата, и целосно сме посветени на евроинтеграциите,“ порача Меџити, повикувајќи ги опозиционите партии да се фокусираат на свои реформи.

На прашањето за предлогот на ДУИ за ветинг на политичарите, Меџити го оцени како неискрен и несериозен, посочувајќи дека ДУИ имале доволно време да го спроведат тој процес додека биле на власт.

„Тие сега зборуваат за борба против корупцијата, но ако тоа им беше вистинска цел, ќе го направеа тоа порано. Владата веќе ја има борбата против корупцијата како еден од своите главни приоритети,“ изјави Меџити, дополнувајќи дека последниот збор во оваа борба го има Обвинителството.

Повик до ДУИ да се фокусираат на сопствени реформи

Меџити ја искритикува и изјавата на ДУИ дека ќе работат на деблокирање на евроинтеграциите, нарекувајќи ја беспредметна, бидејќи, според него, тие не успеале да сработат ништо во таа насока додека биле на власт.

„Нека работат на себе за да станат атрактивни на политичката сцена, наместо да обвинуваат за нешта кои самите не ги реализираа,“ додаде Меџити, потенцирајќи дека актуелната Влада сè уште се занимава со исправка на погрешните решенија од претходните влади.

Оваа серија на изјави од Меџити го покажува неговиот став за идната политичка динамика во земјата, како и решеноста на Владата да продолжи со својата агенда за европски интеграции и борба против корупцијата.

The post Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи appeared first on Република.

]]>

Изет Меџити, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, изрази увереност дека излегувањето на Мендух Тачи од коалицијата Европски фронт е само почеток на крајот за оваа политичка алијанса. Според него, со тек на време, Европскиот фронт ќе се дестабилизира уште повеќе, бидејќи не постојат цврсти идеолошки врски кои ги спојуваат членовите на оваа коалиција.
„Тие не се навикнати да бидат опозиција и по секоја цена сакаат да останат на власт. Коалицијата не е резултат на европски вредности или идеологија, туку чисто желба за власт. Во моментот кога не се власт, тие веќе немаат заедничка цел што ќе ги спои,“ изјави Меџити на прес-конференција по повод 100 дена Влада.
Меџити потврди дека нема директна комуникација со Мендух Тачи за евентуално негово преминување во Влен, но истакна дека на крајот, ваквите случувања само ќе доведат до дестабилизација на Европскиот фронт, а не на Владата или државата. Во врска со предлогот на Венко Филипче за затворена седница на тема евроинтеграции, Меџити подвлече дека Владата интензивно работи на исполнување на својата програма, вклучувајќи ги и европските интеграции како еден од клучните приоритети.
„Опозицијата имаше 8 години на власт и не постигна ништо значајно. Сега ние сме тие кои ја диктираме агендата, и целосно сме посветени на евроинтеграциите,“ порача Меџити, повикувајќи ги опозиционите партии да се фокусираат на свои реформи.
На прашањето за предлогот на ДУИ за ветинг на политичарите, Меџити го оцени како неискрен и несериозен, посочувајќи дека ДУИ имале доволно време да го спроведат тој процес додека биле на власт.
„Тие сега зборуваат за борба против корупцијата, но ако тоа им беше вистинска цел, ќе го направеа тоа порано. Владата веќе ја има борбата против корупцијата како еден од своите главни приоритети,“ изјави Меџити, дополнувајќи дека последниот збор во оваа борба го има Обвинителството.
Повик до ДУИ да се фокусираат на сопствени реформи Меџити ја искритикува и изјавата на ДУИ дека ќе работат на деблокирање на евроинтеграциите, нарекувајќи ја беспредметна, бидејќи, според него, тие не успеале да сработат ништо во таа насока додека биле на власт.
„Нека работат на себе за да станат атрактивни на политичката сцена, наместо да обвинуваат за нешта кои самите не ги реализираа,“ додаде Меџити, потенцирајќи дека актуелната Влада сè уште се занимава со исправка на погрешните решенија од претходните влади.
Оваа серија на изјави од Меџити го покажува неговиот став за идната политичка динамика во земјата, како и решеноста на Владата да продолжи со својата агенда за европски интеграции и борба против корупцијата.

The post Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи appeared first on Република.

]]>
Европски фронт не ги коментира информациите за излегувањето на Тачи: Бројот на пратеници на Фронтот не е променет https://republika.mk/vesti/makedonija/evropski-front-ne-gi-komentira-informatsiite-za-izleguvaneto-na-tachi-brojot-na-pratenitsi-na-frontot-ne-e-promenet/ Fri, 04 Oct 2024 13:17:24 +0000 https://republika.mk/?p=822752

Европскиот фронт го има истиот број на пратеници во Собранието, за други прашања или дилеми ќе се обратите до г. Тачи или до г. Ахмети“, изјави денеска координаторот на пратеничката група на „Европскиот фронт“, Блерим Беџети, одговарајќи на новинарско прашање.

Тие одбегнуваат да ја коментираат информацијата што вчера ја објавија дел од медиумите дека лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ја напушта коалицијата. Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт во Собранието, Белирим Беџети, кусо одговори дека го имаат истиот број на пратеници во парламентот.

„Европскиот фронт го има истиот број на пратеници во Собранието, за други прашања или дилеми ќе се обратите до г. Тачи или до г. Ахмети“, рече Беџети.

И портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, за Миа изјави дека пратеничката група е функционална и работи во полн состав.

Прашан зошто Тачи не беше присутен на настанот на коалицијата пред два дена по повод 100 дена од новата влада, насловен „100 дена скандали, потфрлања, омалуважувања“ и дали во изминатиот период имало некакви недоразбирања меѓу Тачи и некој од лидерите на партиите кои го сочинуваат Европскиот фронт, Беџети изјави дека и претходно се случувало некој од претседателите на партиите да отсуствува од активности на Фронтот.

„И на други активности отсуствувал некој од претседателите на политичките партии што го сочинуваат Европскиот фронт. Со ова сакам да кажам и да ве уверувам дека тоа е нормално секој ден со своите обврски, протоколарни средби итн. може да отсуствува на некоја од средбите и тоа никогаш не било тема“, рече Беџети на прес-конференција во Собранието.

Од ДПА за МИА изјавуваат дека во текот на наредните денови ќе излезат со официјално соопштение.

The post Европски фронт не ги коментира информациите за излегувањето на Тачи: Бројот на пратеници на Фронтот не е променет appeared first on Република.

]]>

Европскиот фронт го има истиот број на пратеници во Собранието, за други прашања или дилеми ќе се обратите до г. Тачи или до г. Ахмети“, изјави денеска координаторот на пратеничката група на „Европскиот фронт“, Блерим Беџети, одговарајќи на новинарско прашање. Тие одбегнуваат да ја коментираат информацијата што вчера ја објавија дел од медиумите дека лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ја напушта коалицијата. Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт во Собранието, Белирим Беџети, кусо одговори дека го имаат истиот број на пратеници во парламентот.
„Европскиот фронт го има истиот број на пратеници во Собранието, за други прашања или дилеми ќе се обратите до г. Тачи или до г. Ахмети“, рече Беџети.
И портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, за Миа изјави дека пратеничката група е функционална и работи во полн состав. Прашан зошто Тачи не беше присутен на настанот на коалицијата пред два дена по повод 100 дена од новата влада, насловен „100 дена скандали, потфрлања, омалуважувања“ и дали во изминатиот период имало некакви недоразбирања меѓу Тачи и некој од лидерите на партиите кои го сочинуваат Европскиот фронт, Беџети изјави дека и претходно се случувало некој од претседателите на партиите да отсуствува од активности на Фронтот.
„И на други активности отсуствувал некој од претседателите на политичките партии што го сочинуваат Европскиот фронт. Со ова сакам да кажам и да ве уверувам дека тоа е нормално секој ден со своите обврски, протоколарни средби итн. може да отсуствува на некоја од средбите и тоа никогаш не било тема“, рече Беџети на прес-конференција во Собранието.
Од ДПА за МИА изјавуваат дека во текот на наредните денови ќе излезат со официјално соопштение.

The post Европски фронт не ги коментира информациите за излегувањето на Тачи: Бројот на пратеници на Фронтот не е променет appeared first on Република.

]]>
Ахмети повикува Вреди да се повлече: Ние нема да станеме дел од Владата, и заедно да го прекинеме ова понижување на Албанците https://republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-povikuva-vredi-da-se-povleche-nie-nema-da-staneme-del-od-vladata-i-zaedno-da-go-prekineme-ova-ponizhuvane-na-albantsite/ Fri, 04 Oct 2024 12:45:06 +0000 https://republika.mk/?p=822712

Преку статус на Фејсбук, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги откри петте приоритети и ги повика „Вреди“ да ја напуштат Владата, повикувајќи ги заедно да стават крај на понижувањето на Албанците и другите етнички заедници.

„Почитувани граѓани, дозволете ми уште еднаш да повторам дека нашите приоритети вклучуваат: Евроинтеграци без никакво одлагање и без никакви двоумења како единствена алтернатива за нашата земја.

Ветинг за сите политичари, судии, обвинители и носители на јавни функции, со меѓународен мониторинг.

Верификација и контрола на имотот за сите носители на јавна функција во последните 33 години.

Истрага за процесот на приватизација и транзиција заедно со олигархијата создадена од тој процес.

Почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со вољата на гласачите и заедниците.

П.С. За да го отстранат срамот од непочитување на волјата на Албанците на изборите, Влен нека се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет на гласачите, додека ние, повторувам, нема да станеме дел од Владата, туку заедно да го прекинеме ова понижување што им се наметнува на Албанците и на другите заедници.

The post Ахмети повикува Вреди да се повлече: Ние нема да станеме дел од Владата, и заедно да го прекинеме ова понижување на Албанците appeared first on Република.

]]>

Преку статус на Фејсбук, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги откри петте приоритети и ги повика „Вреди“ да ја напуштат Владата, повикувајќи ги заедно да стават крај на понижувањето на Албанците и другите етнички заедници. „Почитувани граѓани, дозволете ми уште еднаш да повторам дека нашите приоритети вклучуваат: Евроинтеграци без никакво одлагање и без никакви двоумења како единствена алтернатива за нашата земја. Ветинг за сите политичари, судии, обвинители и носители на јавни функции, со меѓународен мониторинг. Верификација и контрола на имотот за сите носители на јавна функција во последните 33 години. Истрага за процесот на приватизација и транзиција заедно со олигархијата создадена од тој процес. Почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со вољата на гласачите и заедниците. П.С. За да го отстранат срамот од непочитување на волјата на Албанците на изборите, Влен нека се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет на гласачите, додека ние, повторувам, нема да станеме дел од Владата, туку заедно да го прекинеме ова понижување што им се наметнува на Албанците и на другите заедници.

The post Ахмети повикува Вреди да се повлече: Ние нема да станеме дел од Владата, и заедно да го прекинеме ова понижување на Албанците appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Tоа што се случува во Европскиот фронт не би сакал да го коментирам, владината коалиција е стабилна https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-toa-shto-se-sluchuva-vo-evropskiot-front-ne-bi-sakal-da-go-komentiram-vladinata-koalitsija-e-stabilna/ Fri, 04 Oct 2024 12:40:28 +0000 https://republika.mk/?p=822709

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не сака да ги коментира случувањата во опозицискиот „Европски фронт“, нагласувајќи дека тоа што за него, како претседател на Влада е важно, е дека „има стабилна ситуација, една одлична хемија“ и заедничка цел – да направат подобро место за живеење.

Прашан за коментар за одлуката на Мендух Тачи да ја напушти коалицијата „Европски фронт“, Мицкоски рече дека не би сакал да ги „облекува нивните чевли“ и да ги коментира.

– Претпоставувам повеќе одговори на ова што се случуваше во текот на вчерашниот ден ќе добиете од самите актери во опозицијата. Но, она што е важно за мене како претседател на Владата е дека имаме една стабилна ситуација, имаме една одлична хемија. Не секогаш, логично е да немаме исти мислења за исти теми, впрочем и во едно семејство постојат разлики, а не па во една ваква сложена институција каква што е владината коалиција. Но, она што е важно е дека имаме заедничка цел, а тоа е да направиме подобро место за живеење, изјава Мицкоски, кој заедно со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, американската амбасадорка Анџела Агелер и генералите во Армијата, присуствуваа на методско-показна вежба на Армискиот полигон „Криволак“.

The post Мицкоски: Tоа што се случува во Европскиот фронт не би сакал да го коментирам, владината коалиција е стабилна appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не сака да ги коментира случувањата во опозицискиот „Европски фронт“, нагласувајќи дека тоа што за него, како претседател на Влада е важно, е дека „има стабилна ситуација, една одлична хемија“ и заедничка цел – да направат подобро место за живеење. Прашан за коментар за одлуката на Мендух Тачи да ја напушти коалицијата „Европски фронт“, Мицкоски рече дека не би сакал да ги „облекува нивните чевли“ и да ги коментира.
– Претпоставувам повеќе одговори на ова што се случуваше во текот на вчерашниот ден ќе добиете од самите актери во опозицијата. Но, она што е важно за мене како претседател на Владата е дека имаме една стабилна ситуација, имаме една одлична хемија. Не секогаш, логично е да немаме исти мислења за исти теми, впрочем и во едно семејство постојат разлики, а не па во една ваква сложена институција каква што е владината коалиција. Но, она што е важно е дека имаме заедничка цел, а тоа е да направиме подобро место за живеење, изјава Мицкоски, кој заедно со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, американската амбасадорка Анџела Агелер и генералите во Армијата, присуствуваа на методско-показна вежба на Армискиот полигон „Криволак“.

The post Мицкоски: Tоа што се случува во Европскиот фронт не би сакал да го коментирам, владината коалиција е стабилна appeared first on Република.

]]>
Мендух Тачи го напушта Европскиот фронт https://republika.mk/vesti/makedonija/menduh-tachi-go-napushta-evropskiot-front/ Thu, 03 Oct 2024 21:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=822418

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи и официјално го напушти Европскиот фронт, дознава порталот Тетова сот. За порталот тоа го потврдиле и од партијата на Тачи, ДПА, нагласувајќи дека остануваат во комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Да, нашиот лидер го напушти Европскиот фронт и веќе нема фронт, претседателот ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, истакнале од ДПА, нагласувајќи дека нивниот лидер наскоро во јавноста ќе ги објасни причините за напуштањето на Европскиот фронт.

Денеска, пак, Ахмети уверуваше дека Мендух Тачи е усогласен со Европскиот фронт.

„Господинот Тачи е на линија со Европскиот фронт, нема дилема, но сега за да се надополнат загубите, неуспесите, владиниот дел се држи за терциерни работи“, истакна Ахмети.

Тачи е пратеник од Демократската партија на Албанците, како дел од коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ. Коалицијата останува со 17 пратеници.

The post Мендух Тачи го напушта Европскиот фронт appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи и официјално го напушти Европскиот фронт, дознава порталот Тетова сот. За порталот тоа го потврдиле и од партијата на Тачи, ДПА, нагласувајќи дека остануваат во комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Да, нашиот лидер го напушти Европскиот фронт и веќе нема фронт, претседателот ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, истакнале од ДПА, нагласувајќи дека нивниот лидер наскоро во јавноста ќе ги објасни причините за напуштањето на Европскиот фронт.
  Денеска, пак, Ахмети уверуваше дека Мендух Тачи е усогласен со Европскиот фронт. „Господинот Тачи е на линија со Европскиот фронт, нема дилема, но сега за да се надополнат загубите, неуспесите, владиниот дел се држи за терциерни работи“, истакна Ахмети. Тачи е пратеник од Демократската партија на Албанците, како дел од коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ. Коалицијата останува со 17 пратеници.  

The post Мендух Тачи го напушта Европскиот фронт appeared first on Република.

]]>
ВРЕДИ: Европскиот Фронт се распаѓа од лагите на Ахмети https://republika.mk/vesti/makedonija/vredi-evropskiot-front-se-raspaga-od-lagite-na-ahmeti/ Thu, 03 Oct 2024 08:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=822103

Кога ДУИ и нивните сателити зборуваат за фолклоризам и лажен патриотизам, вистината секогаш ги удира по лицето. А вистината е една! Рамиз Мерко, од американските црни листи како пријател и ветеран на кликата на ДУИ, ги потсетува Али Ахмети и Зијадин Села дека корупцијата беше основен столб на нивното 22-годишно владеење, соопштуваат од коалицијата ВРЕДИ.

Кога Ахмети зборува за ветинг, да го потсетиме дека токму неговиот долгогодишен кадар, Иџет Мемети, спроведе ветинг во неговата партија преку договорот со абазијанското обвинителство. Кога зборува за албанскиот јазик, го потсетуваме дека неговиот „пациент“ Бујар Османи ги испрати трите членови на Венецијанската комисија за оспорување на јазикот. Кога зборува за сила, да го потсетиме на покорноста кон Мијалков и Груевски — едниот ослободен од одговорност, а другиот пуштен да избега. За економијата, да го потсетиме на „Лас Вегасот“ што Артан Груби и Прпарим Бајрами го создадоа во нашите населби. Но, за разлика од нив, ВРЕДИ во своите 100 дена ги покачи пензиите, донесе странски инвестиции, вложува 34.5 милиони евра во изградбата на кампусот на Универзитетот Мајка Тереза и обезбеди 100 милиони евра за општините. Овие се реални дела што ќе го подобрат животот на нашите граѓани. ВРЕДИ, преку своите кадри, донесе нова свежина, надеж, работна етика, чесност и посветеност кон ветеното. Со непоколеблива волја, поставивме темели за нова ера, каде што граѓаните се на прво место, а нивните очекувања се исполнуваат со дела, не само со зборови. Ние продолжуваме напред, заедно со вас, граѓаните, како наш најголем капитал. На крај, го потсетуваме Али Ахмети дека ВРЕДИ ги доби изборите со 107 илјади албански гласови, се нагласува во соопштението на коалицијата ВРЕДИ.

The post ВРЕДИ: Европскиот Фронт се распаѓа од лагите на Ахмети appeared first on Република.

]]>

Кога ДУИ и нивните сателити зборуваат за фолклоризам и лажен патриотизам, вистината секогаш ги удира по лицето. А вистината е една! Рамиз Мерко, од американските црни листи како пријател и ветеран на кликата на ДУИ, ги потсетува Али Ахмети и Зијадин Села дека корупцијата беше основен столб на нивното 22-годишно владеење, соопштуваат од коалицијата ВРЕДИ. Кога Ахмети зборува за ветинг, да го потсетиме дека токму неговиот долгогодишен кадар, Иџет Мемети, спроведе ветинг во неговата партија преку договорот со абазијанското обвинителство. Кога зборува за албанскиот јазик, го потсетуваме дека неговиот „пациент“ Бујар Османи ги испрати трите членови на Венецијанската комисија за оспорување на јазикот. Кога зборува за сила, да го потсетиме на покорноста кон Мијалков и Груевски — едниот ослободен од одговорност, а другиот пуштен да избега. За економијата, да го потсетиме на „Лас Вегасот“ што Артан Груби и Прпарим Бајрами го создадоа во нашите населби. Но, за разлика од нив, ВРЕДИ во своите 100 дена ги покачи пензиите, донесе странски инвестиции, вложува 34.5 милиони евра во изградбата на кампусот на Универзитетот Мајка Тереза и обезбеди 100 милиони евра за општините. Овие се реални дела што ќе го подобрат животот на нашите граѓани. ВРЕДИ, преку своите кадри, донесе нова свежина, надеж, работна етика, чесност и посветеност кон ветеното. Со непоколеблива волја, поставивме темели за нова ера, каде што граѓаните се на прво место, а нивните очекувања се исполнуваат со дела, не само со зборови. Ние продолжуваме напред, заедно со вас, граѓаните, како наш најголем капитал. На крај, го потсетуваме Али Ахмети дека ВРЕДИ ги доби изборите со 107 илјади албански гласови, се нагласува во соопштението на коалицијата ВРЕДИ.

The post ВРЕДИ: Европскиот Фронт се распаѓа од лагите на Ахмети appeared first on Република.

]]>
Европски фронт: Немаме намера да станеме дел од владината коалиција https://republika.mk/vesti/makedonija/evropski-front-nemame-namera-da-staneme-del-od-vladinata-koalitsija/ Wed, 02 Oct 2024 18:04:12 +0000 https://republika.mk/?p=821894

Европскиот фронт нема намера да стане дел од владината коалиција, порача лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на прес-конференцијата посветена на 100 дена работа на новата Влада.

На прес-конференцијата насловена „100 дена скандали, потфрлања, омалуважувања“, беше посочено дека немаат намера да станат дел од владината коалиција која, како што рекоа, не ги почитува основните права на Албанците и другите помали заедници. Нагласија дека „Европскиот фронт“ нема да ја дестабилизира земјава, туку ќе организираат протести кои, како што посочија, се демократско право.

Ние не се заинтересирани да станеме дел од оваа Влада, бидејќи не сме резерна гума. Ние не сме претставници на анархијата и реваншизмот. Ние не делуваме според инстиктот, бидејќи сме изградени по национална идеологија. Анти-албанската кампања не е добра кога ги слушам сите тие изјави „Албанците нека одат во Албанија“, „оваа држава се вика Македонија“... Албанците секогаш ги почитувале меѓуетничките односи, затоа исто треба да постапуваат и нашите сограѓани Македонци. Ние немаме сила да се занимаваме со инаети со други земји, туку на земјата и треба мир и стабилност, борба против корупцијата, рече Ахмети.

Ахмети повика да се спроведе ветинг за сите функционери во последните 30 години, а за ВЛЕН рече дека направиле фатална грешка што влегле во Владата. Најави дека ќе одржуваат прес-конференции секој ден на кои ќе ги откриваат, како што посочи, неуспесите и скандалите на Владата.

Не се шегувајте со албанските прашања, не го чепкајте јазикот и знамето, не ги чепкајте раните што се затворени. ВЛЕН направи фатална грешка што влезе во Влада, но не знам што им се случи. Научиле една реченица „ДУИ е виновен“, рече Ахмети.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села порача дека „Европскиот фронт“ нема намера да ја дестабилизира земјава.

Од „Европскиот фронт“ нема да има дестабилизација, туку протести. Протестите не се дестабилизација, туку демократија. Кажете ни до каде ви е планот со угнетувањето на Албанците и другите заедници и ние ќе ви кажеме до каде достигнува отпорот на „Европскиот фронт“.  Нема да станеме дел од оваа влада на срамот, против граѓаните! Влен денес излегува и кажува невистини во јавноста, не е достоен за албанските достигнувања. Апелирам до лидерите на Влен - направете да се чувствуваме горди во нашата земја, а ние воопшто немаме намера да станеме дел од власта. Ние не бараме власт, туку вие дојдете кај нас и да му ги покажеме црвените линии на Мицкоски оти тој нема право да се однесува како што сака со овој народ, рече Села.

Села нагласи дека овие 100 дена владеење, Влен ги има реализирано сите проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека измените на Законот за бранителите нема да помине во Собрание.

Скендер Реџепи-Зејд, претседател на Народното движење упати повик до претставниците на Влен и симпатизерите да ја напуштаат, како што рече, моноетничката анти-албанска Влада.

Да ја напуштат оваа Влада која не спречи на патот кон Европската Унија, која ја деалбанизира секоја институција, која го одзема правното и уставното право за вработување на Албанците, Турците, Бошњаците и сите други кои не се Македонци.  Да ја напуштат оваа Влада и да и се приклучат на „Европскиот фронт“ и заедно да седнеме и да најдеме решенија за прашања кои се битни за нашиот национален интерес, за меѓуетничките односи, за еден подобар образовен, здравствен, економски и социјален развој, рече Зејд.

Претседателот на Европска демократска партија која е дел од „Европскиот фронт“, Аријанит Хоџа оцени дека новата Влада составена од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Влен за 100 дена ги деалбанизирале институциите.

Најлошото од се, дозволија единственото Министерство кое требаше да се грижи за спроведувањето на Охридскиот договор да биде оставено во рацете на Стоилковиќ, со путинистичка идеологија и отворени антиалбански изјави. Има илјадници грешки што ги направија во овие 100 дена, но што е уште полошо со нивното вазалство, го зајакнуваат македонскиот национализам, што дозволува деалбанизација на државните институции“, рече Хоџа.

Прес-конференцијата почна со неколкуминутно видео од исечоци од прилози на вести од албански и македонски медиуми од земјава, Албанија и од Косово за работата на новата Влада.

The post Европски фронт: Немаме намера да станеме дел од владината коалиција appeared first on Република.

]]>

Европскиот фронт нема намера да стане дел од владината коалиција, порача лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на прес-конференцијата посветена на 100 дена работа на новата Влада. На прес-конференцијата насловена „100 дена скандали, потфрлања, омалуважувања“, беше посочено дека немаат намера да станат дел од владината коалиција која, како што рекоа, не ги почитува основните права на Албанците и другите помали заедници. Нагласија дека „Европскиот фронт“ нема да ја дестабилизира земјава, туку ќе организираат протести кои, како што посочија, се демократско право.
Ние не се заинтересирани да станеме дел од оваа Влада, бидејќи не сме резерна гума. Ние не сме претставници на анархијата и реваншизмот. Ние не делуваме според инстиктот, бидејќи сме изградени по национална идеологија. Анти-албанската кампања не е добра кога ги слушам сите тие изјави „Албанците нека одат во Албанија“, „оваа држава се вика Македонија“... Албанците секогаш ги почитувале меѓуетничките односи, затоа исто треба да постапуваат и нашите сограѓани Македонци. Ние немаме сила да се занимаваме со инаети со други земји, туку на земјата и треба мир и стабилност, борба против корупцијата, рече Ахмети.
Ахмети повика да се спроведе ветинг за сите функционери во последните 30 години, а за ВЛЕН рече дека направиле фатална грешка што влегле во Владата. Најави дека ќе одржуваат прес-конференции секој ден на кои ќе ги откриваат, како што посочи, неуспесите и скандалите на Владата.
Не се шегувајте со албанските прашања, не го чепкајте јазикот и знамето, не ги чепкајте раните што се затворени. ВЛЕН направи фатална грешка што влезе во Влада, но не знам што им се случи. Научиле една реченица „ДУИ е виновен“, рече Ахмети.
Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села порача дека „Европскиот фронт“ нема намера да ја дестабилизира земјава.
Од „Европскиот фронт“ нема да има дестабилизација, туку протести. Протестите не се дестабилизација, туку демократија. Кажете ни до каде ви е планот со угнетувањето на Албанците и другите заедници и ние ќе ви кажеме до каде достигнува отпорот на „Европскиот фронт“.  Нема да станеме дел од оваа влада на срамот, против граѓаните! Влен денес излегува и кажува невистини во јавноста, не е достоен за албанските достигнувања. Апелирам до лидерите на Влен - направете да се чувствуваме горди во нашата земја, а ние воопшто немаме намера да станеме дел од власта. Ние не бараме власт, туку вие дојдете кај нас и да му ги покажеме црвените линии на Мицкоски оти тој нема право да се однесува како што сака со овој народ, рече Села.
Села нагласи дека овие 100 дена владеење, Влен ги има реализирано сите проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека измените на Законот за бранителите нема да помине во Собрание. Скендер Реџепи-Зејд, претседател на Народното движење упати повик до претставниците на Влен и симпатизерите да ја напуштаат, како што рече, моноетничката анти-албанска Влада.
Да ја напуштат оваа Влада која не спречи на патот кон Европската Унија, која ја деалбанизира секоја институција, која го одзема правното и уставното право за вработување на Албанците, Турците, Бошњаците и сите други кои не се Македонци.  Да ја напуштат оваа Влада и да и се приклучат на „Европскиот фронт“ и заедно да седнеме и да најдеме решенија за прашања кои се битни за нашиот национален интерес, за меѓуетничките односи, за еден подобар образовен, здравствен, економски и социјален развој, рече Зејд.
Претседателот на Европска демократска партија која е дел од „Европскиот фронт“, Аријанит Хоџа оцени дека новата Влада составена од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Влен за 100 дена ги деалбанизирале институциите.
Најлошото од се, дозволија единственото Министерство кое требаше да се грижи за спроведувањето на Охридскиот договор да биде оставено во рацете на Стоилковиќ, со путинистичка идеологија и отворени антиалбански изјави. Има илјадници грешки што ги направија во овие 100 дена, но што е уште полошо со нивното вазалство, го зајакнуваат македонскиот национализам, што дозволува деалбанизација на државните институции“, рече Хоџа.
Прес-конференцијата почна со неколкуминутно видео од исечоци од прилози на вести од албански и македонски медиуми од земјава, Албанија и од Косово за работата на новата Влада.

The post Европски фронт: Немаме намера да станеме дел од владината коалиција appeared first on Република.

]]>
Пратениците од Европски фронт ја напуштија 12-тата седница на Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenitsite-od-evropski-front-ja-napushtija-12-tata-sednitsa-na-sobranieto/ Mon, 12 Aug 2024 13:03:29 +0000 https://republika.mk/?p=805873

Пратениците на Европскиот фронт ја напуштија 12-тата седница на Собранието на која треба да се расправа за ребалансот на Буџетот. Тие се незадоволни од симнувањето на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање од дневниот ред.

Како што истакна Блерим Беџети од Европскиот фронт додека не одлучи матичната комисија околу законот тие ќе ја напуштат седницата во знак на протест.

Претходно Беџети од Европскиот фронт во процедурално обраќање истакна дека не може закон предложен од пратеник да биде повлечен од друг пратеник. Опозицијата ќе предложи закон и утре, а мнозинството ќе го повлече и каде ќе дојдеме, рече Беџети.

Потоа, пратеникот Талат Џафери праша по кој деловник работи Собранието и додаде дека нема такво нешто во Деловникот што го усвои претходниот собраниски состав пред крајот на мандатот. Обвини за флагрантно кршење на постапката и за мајоризација на работата на Собранието. Рече дека никогаш досега немало симнување на точка од дневниот ред поднесена од опозицијата по редовна постапка на барање на пратеник од владејачкото мнозинство.

Не смеете да ја прекинете постапката кога е таа започната, рече Џафери.

Илире Даути од Европскиот фронт, пак, обвини за воспоставување политичка диктатура во земјава и за одземање на правото за разгледување на закон поднесен по редовна постапка. Како што рече, не може некој да го одземе нејзиното право да поднесе законско решение и да го мајоризира неговото право и на тој начин да и го одземе тоа право.

Се крши моето право да предложам закон во редовна постапка и му се дозволува на некој друг пратеник да ми го одземе тоа право. Овој закон помина на Комисијата за финансирање и буџет и денеска се трга од дневен ред без притоа повторно да оди на Комисијата. Не сакате да зборувате за игрите на среќа и затоа го тргате од дневен ред. Автентичното толкување нема врска со законот што ни го одземате, рече Даути и додаде дека на тој начин се одзема правото на пратеник да предложи закон во редовна постапка.

Халил Снопче од ВРЕДИ рече дека Европскиот фронт прави театар за законот за игри на среќа и додаде дека не може со тоа да се излаже јавноста.

The post Пратениците од Европски фронт ја напуштија 12-тата седница на Собранието appeared first on Република.

]]>

Пратениците на Европскиот фронт ја напуштија 12-тата седница на Собранието на која треба да се расправа за ребалансот на Буџетот. Тие се незадоволни од симнувањето на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање од дневниот ред. Како што истакна Блерим Беџети од Европскиот фронт додека не одлучи матичната комисија околу законот тие ќе ја напуштат седницата во знак на протест. Претходно Беџети од Европскиот фронт во процедурално обраќање истакна дека не може закон предложен од пратеник да биде повлечен од друг пратеник. Опозицијата ќе предложи закон и утре, а мнозинството ќе го повлече и каде ќе дојдеме, рече Беџети. Потоа, пратеникот Талат Џафери праша по кој деловник работи Собранието и додаде дека нема такво нешто во Деловникот што го усвои претходниот собраниски состав пред крајот на мандатот. Обвини за флагрантно кршење на постапката и за мајоризација на работата на Собранието. Рече дека никогаш досега немало симнување на точка од дневниот ред поднесена од опозицијата по редовна постапка на барање на пратеник од владејачкото мнозинство. Не смеете да ја прекинете постапката кога е таа започната, рече Џафери. Илире Даути од Европскиот фронт, пак, обвини за воспоставување политичка диктатура во земјава и за одземање на правото за разгледување на закон поднесен по редовна постапка. Како што рече, не може некој да го одземе нејзиното право да поднесе законско решение и да го мајоризира неговото право и на тој начин да и го одземе тоа право. Се крши моето право да предложам закон во редовна постапка и му се дозволува на некој друг пратеник да ми го одземе тоа право. Овој закон помина на Комисијата за финансирање и буџет и денеска се трга од дневен ред без притоа повторно да оди на Комисијата. Не сакате да зборувате за игрите на среќа и затоа го тргате од дневен ред. Автентичното толкување нема врска со законот што ни го одземате, рече Даути и додаде дека на тој начин се одзема правото на пратеник да предложи закон во редовна постапка. Халил Снопче од ВРЕДИ рече дека Европскиот фронт прави театар за законот за игри на среќа и додаде дека не може со тоа да се излаже јавноста.

The post Пратениците од Европски фронт ја напуштија 12-тата седница на Собранието appeared first on Република.

]]>
Како ДУИ со европскиот: Француските левичарски партии се обединија во народен фронт https://republika.mk/vesti/svet/kako-dui-so-evropskiot-frantsuskite-levicharski-partii-se-obednija-vo-naroden-front/ Fri, 14 Jun 2024 06:40:35 +0000 https://republika.mk/?p=787400

Француските левичарски партии соопштија дека постигнале договор за коалиција наречена Народен фронт, со која ќе учествуваат на претстојните избори што ги распиша претседателот Емануел Макрон, откако неговата партија Преродба претрпе пораз од екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент.

Во соопштението на Француската комунистичка партија, Екологистите, Непокорна Франција и Социјалистичката партија, се наведува дека „испишана е нова страница во историјата на Франција“ со нов фронт.

„Политичките сили кои го сочинуваат „Народниот фронт“ на 30 јуни и 7 јули ќе се појават пред Французите со владина програма и заеднички кандидати во изборните единици на Франција“, се наведува во соопштението

The post Како ДУИ со европскиот: Француските левичарски партии се обединија во народен фронт appeared first on Република.

]]>

Француските левичарски партии соопштија дека постигнале договор за коалиција наречена Народен фронт, со која ќе учествуваат на претстојните избори што ги распиша претседателот Емануел Макрон, откако неговата партија Преродба претрпе пораз од екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент. Во соопштението на Француската комунистичка партија, Екологистите, Непокорна Франција и Социјалистичката партија, се наведува дека „испишана е нова страница во историјата на Франција“ со нов фронт. „Политичките сили кои го сочинуваат „Народниот фронт“ на 30 јуни и 7 јули ќе се појават пред Французите со владина програма и заеднички кандидати во изборните единици на Франција“, се наведува во соопштението

The post Како ДУИ со европскиот: Француските левичарски партии се обединија во народен фронт appeared first on Република.

]]>
Средба помеѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот фронт – поддршка за измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-pomegu-pretstavnitsi-na-vmro-dpmne-i-evropskiot-front-poddrshka-za-izmenite-na-zakonot-za-organizatsija-na-rabotata-na-organite-na-drzhavnata-uprava/ Fri, 07 Jun 2024 21:09:02 +0000 https://republika.mk/?p=785633

Во текот на денешниот ден, се одржа средба помеѓу претставници на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Европскиот фронт.

На средбата биле присутни Александар Николоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски и Стефан Андоновски, а од коалицијата Европски Фронт Мендух Тачи, Блерим Беџети, Фатон Ахмети, Елми Азири.

На средбата се разговараше за предложените измени на законот за организација на работата на органите на државната управа при што од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа образложени измените на законот којшто треба да донесе поголема ефикасност, транспарентност и реформи, како и рационализација - информираѓе ВМРО-ДПМНЕ.

Тие нагласија дека законот е работен со поддршка на меѓународните партнери на државата и е дел од ИПА програмата на Европската Унија.

Претставниците на коалицијата Европски Фронт изразиле поддршка за измените на законот и информираа дека ќе гласаат за усвојување на истиот.

Во рамки на средбата се разговараше и за меѓусебниот дијалог помеѓу власта и опозицијата при што беше прифатено барањето на коалицијата Европски Фронт во догледно време Собранието да формира ад хок комисија со Претседател предлог на опозицијата, која што ќе ја следи правичната застапеност на сите етнички заедници во органите на државната управа и за својата работа два пати годишно ќе го информира Собранието - велат од ВМРО-ДПМНЕ

The post Средба помеѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот фронт – поддршка за измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа appeared first on Република.

]]>

Во текот на денешниот ден, се одржа средба помеѓу претставници на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Европскиот фронт. На средбата биле присутни Александар Николоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски и Стефан Андоновски, а од коалицијата Европски Фронт Мендух Тачи, Блерим Беџети, Фатон Ахмети, Елми Азири.
На средбата се разговараше за предложените измени на законот за организација на работата на органите на државната управа при што од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа образложени измените на законот којшто треба да донесе поголема ефикасност, транспарентност и реформи, како и рационализација - информираѓе ВМРО-ДПМНЕ.
Тие нагласија дека законот е работен со поддршка на меѓународните партнери на државата и е дел од ИПА програмата на Европската Унија. Претставниците на коалицијата Европски Фронт изразиле поддршка за измените на законот и информираа дека ќе гласаат за усвојување на истиот.
Во рамки на средбата се разговараше и за меѓусебниот дијалог помеѓу власта и опозицијата при што беше прифатено барањето на коалицијата Европски Фронт во догледно време Собранието да формира ад хок комисија со Претседател предлог на опозицијата, која што ќе ја следи правичната застапеност на сите етнички заедници во органите на државната управа и за својата работа два пати годишно ќе го информира Собранието - велат од ВМРО-ДПМНЕ

The post Средба помеѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот фронт – поддршка за измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа appeared first on Република.

]]>
Коалиција Вреди: Добро е што Европскиот фронт сфати дека е опозиција, Вреди достоинствено ќе ги претставува сите Албанци https://republika.mk/vesti/makedonija/koalitsija-vredi-dobro-e-shto-evropskiot-front-sfati-deka-e-opozitsija-vredi-dostoinstveno-ke-gi-pretstavuva-site-albantsi/ Sat, 01 Jun 2024 15:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=783898

Зијадин Села се обидува да изгради алиби пред своите зошто ја утна страната, и наместо да биде победник остана со губитниците.

Броењето ресори со кој раководат Албанци е концепт кој не доведе ништо добро за нашата кауза. Напротив, благодарение на политичката корупција на режимот на ДУИ, чии функционери ги гледаа ресорите како алатки за богатење наместо да бидат сервис на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 58 пратеници и преговара од позиција на апсолутен победник во македонскиот политички блок.

ВЛЕН добива исклучително важна политичка одлука во новата Влада и ќе обезбеди сигурна иднина за Албанскиот народ. Ќе го води собранието на РСМ и 6 министерски ресори, а има и целосен легитимитет од Албанците.

Времето на национални понижувања заради задоволување лични амбиции и суети завршува. Кој разбере сега добро, кој нема да разбере ќе му се појасни на локалните избори, кога ќе излезе на мегдан пред гласачите без злоупотреби на институциите на извршната власт.

The post Коалиција Вреди: Добро е што Европскиот фронт сфати дека е опозиција, Вреди достоинствено ќе ги претставува сите Албанци appeared first on Република.

]]>

Зијадин Села се обидува да изгради алиби пред своите зошто ја утна страната, и наместо да биде победник остана со губитниците. Броењето ресори со кој раководат Албанци е концепт кој не доведе ништо добро за нашата кауза. Напротив, благодарение на политичката корупција на режимот на ДУИ, чии функционери ги гледаа ресорите како алатки за богатење наместо да бидат сервис на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 58 пратеници и преговара од позиција на апсолутен победник во македонскиот политички блок. ВЛЕН добива исклучително важна политичка одлука во новата Влада и ќе обезбеди сигурна иднина за Албанскиот народ. Ќе го води собранието на РСМ и 6 министерски ресори, а има и целосен легитимитет од Албанците. Времето на национални понижувања заради задоволување лични амбиции и суети завршува. Кој разбере сега добро, кој нема да разбере ќе му се појасни на локалните избори, кога ќе излезе на мегдан пред гласачите без злоупотреби на институциите на извршната власт.  

The post Коалиција Вреди: Добро е што Европскиот фронт сфати дека е опозиција, Вреди достоинствено ќе ги претставува сите Албанци appeared first on Република.

]]>
Коалицијата „Европски фронт“ вечерва поднела тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино https://republika.mk/vesti/makedonija/koalitsijata-evropski-front-vecherva-podnela-tuzhba-pred-upravniot-sud-na-reshenieto-na-dik-za-preglasuvaneto-vo-zhelino/ Tue, 28 May 2024 19:52:49 +0000 https://republika.mk/?p=782587

До Управниот суд вечерва е пристигната тужба од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино, потврдуваат за МИА од Управниот суд.

Управниот суд треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

ДИК вчера на седница не го прифати приговорот од „Европскиот фронт“ за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино.

По прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.

Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на Парламентарните избори 2024 Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, додека Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.

Во Собранието денеска се одржа конститутивна седница, на која беа верифицирани мандатите на 118 пратеници.

The post Коалицијата „Европски фронт“ вечерва поднела тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино appeared first on Република.

]]>

До Управниот суд вечерва е пристигната тужба од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино, потврдуваат за МИА од Управниот суд. Управниот суд треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата. ДИК вчера на седница не го прифати приговорот од „Европскиот фронт“ за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино. По прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат. Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на Парламентарните избори 2024 Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, додека Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати. Во Собранието денеска се одржа конститутивна седница, на која беа верифицирани мандатите на 118 пратеници.

The post Коалицијата „Европски фронт“ вечерва поднела тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино appeared first on Република.

]]>
ДИК го одби приговорот од „Европски фронт“ за изборното место во Ларце https://republika.mk/vesti/makedonija/dik-go-odbi-prigovorot-od-evropski-front-za-izbornoto-mesto-vo-lartse/ Mon, 27 May 2024 16:17:12 +0000 https://republika.mk/?p=782154

Скопје, 27 мај 2024 (МИА) – Државната изборна комисија (ДИК) попладнево не го прифати приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино. На одлуката од ДИК кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Овластениот претставник на „Европски фронт“, адвокат Ана Жаревска од канцеларијата на адвокат Мефаил Арслани истакна дека приговорот се однесува на повреди на постапката за гласање, како и за постапката за утврдување и сумирање на резултатите.

-Приговорот за заштита на избирачко право на подносители на листи од страна на коалицијата Европски фронт се однесува за избирачкото место 2101 за општина Желино. Се однесува на повреди на постапката за гласање, како и за постапката за утврдување и сумирање на резултатите, поточно не се почитувани одредбите од член 151 став 1 алинеја 1, 2, 6 и 7 од Изборниот законик. Образложенијата во поглед на повредите се дадени во самиот писмен приговор. Поради сите наведени причини предлагам ДИК да го отвори во целост и да го прегледа изборниот материјал и да го уважи приговорот и да го поништи гласањето, рече Жаревска.

По ова излагање на Жаревска, во процедурална забелешка членот на ДИК, Борис Кондарко побара застапникот на приговорот да ги образложи основите и причините за приговорот.

Жаревска потенцира дека во самиот процес на гласање се направени повеќе повреди, односно Избирачкиот одбор не постапувал согласно правилата утврдени во Изборниот законик.

- Прво и основно, постапувал спротивно на член 40 став 2 точка 2, бидејќи на двајца гласачи без да бараат помош за да гласаат им дозволил на други лица да им кажуваат кој број ќе го заокружуваат и воедно не го почитувал задолжението на ДИК од упатството дека во текот на гласањето во целиот процес треба да присуствуваат седум членови на избирачкиот одбор. Тоа претставува повреда по став 1 алинеја 1 алинеја 2 и алинеја 7 од Изборниот законик. Во околу 18:50 часот на денот на гласањето, односно на 22 мај , во просториите на гласачкото место дошле двајца возрасни гласачи со друго лице и без да бараат помош лицето ги земал нивните гласачки ливчиња и гласал наместо нив, со што е повредена правилото за непосредност на остварување на избирачкото право. При тоа, покрај повредите во процесот на гласањето имало повреди во процесот на утврдување и сумирање на гласовите. Во записникот на образец број 16 се пополнети податоци дека се искористени 550 гласачки ливчиња , односно 550 граѓани го оствариле правото на глас. Додека, во сумираниот збир во точките 3, 10, 11, 12, 13 фигурираат 565 гласачи кои го оствариле правото на глас по различни основи. Во тоа се состојат и повредите на начин што е спротивно на член 151 став 1 алинеја 6 каде што бројот на гласачки ливчиња е различен од бројот на гласачи кои го оствариле правото на глас, рече Жаревска.

За тие основи на приговорот, претседателот на ДИК, Александар Даштевски рече дека до нив во текот на целиот изборен ден не биле пријавени неправилности.

-Кога се собираат бројките 5, 10, 11, 12, 13 е вкупно 565 и од тој момент кога општинската изборна комисија видела дека таа бројка не се совпаѓа со бројката 550, во општинската изборна комисија е сменет овој записник и наместо бројката од 16 гласачи ставиле еден глас, рече потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху.

По разгледувањето на целиот избирачки материјал, Даштевски рече дека се утврдило потполна иста состојба како што е во записникот и предложи да се одбие приговорот како неоснован.

И членот Абдуш Демири потенцира дека се утврдило дека избирачкиот одбор ја завршиле нивната работа согласно Изборниот законик. Предложи приговорот на „Европски фронт“ да се одбие како неоснован.

-Согласно член 150 предлагам да се прифати приговорот на „Европскиот фронт“. И согласно член 151 став 1 алинеја 1 каде избирачкиот одбор не го спроведува гласањето на начин утврден со овој законик а неправилностите влијаеле во постапката за гласање или постапката за сумирање на резултати. Исто така и алинеја 2 – е нарушена тајноста на гласањето. Го видовме тоа во забелешките ставени во самиот записник . И алинеја 6, бидејќи не знаеме што се отпечатоци, а што потписи. Тука е измешан делот каде се ставиле потписи, а каде отпечаток од прст. Исто така, и некои лица гласале за други лица. Предлагам во оваа избирачко место да се поништи и да се повтори гласањето, рече Шеху.

На обраќањето на Шеху, реагираше членот Бобан Стојаноски, кој истакна дека наводите посочени во приговорот се целосно неосновани - ниту влијаеле на гласањето, ниту на сумирањето на резултати.

По прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат. За прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во петтата и шестата изборна единица, до ДИК немаше други приговори.

The post ДИК го одби приговорот од „Европски фронт“ за изборното место во Ларце appeared first on Република.

]]>

Скопје, 27 мај 2024 (МИА) – Државната изборна комисија (ДИК) попладнево не го прифати приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино. На одлуката од ДИК кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата. Овластениот претставник на „Европски фронт“, адвокат Ана Жаревска од канцеларијата на адвокат Мефаил Арслани истакна дека приговорот се однесува на повреди на постапката за гласање, како и за постапката за утврдување и сумирање на резултатите. -Приговорот за заштита на избирачко право на подносители на листи од страна на коалицијата Европски фронт се однесува за избирачкото место 2101 за општина Желино. Се однесува на повреди на постапката за гласање, како и за постапката за утврдување и сумирање на резултатите, поточно не се почитувани одредбите од член 151 став 1 алинеја 1, 2, 6 и 7 од Изборниот законик. Образложенијата во поглед на повредите се дадени во самиот писмен приговор. Поради сите наведени причини предлагам ДИК да го отвори во целост и да го прегледа изборниот материјал и да го уважи приговорот и да го поништи гласањето, рече Жаревска. По ова излагање на Жаревска, во процедурална забелешка членот на ДИК, Борис Кондарко побара застапникот на приговорот да ги образложи основите и причините за приговорот. Жаревска потенцира дека во самиот процес на гласање се направени повеќе повреди, односно Избирачкиот одбор не постапувал согласно правилата утврдени во Изборниот законик. - Прво и основно, постапувал спротивно на член 40 став 2 точка 2, бидејќи на двајца гласачи без да бараат помош за да гласаат им дозволил на други лица да им кажуваат кој број ќе го заокружуваат и воедно не го почитувал задолжението на ДИК од упатството дека во текот на гласањето во целиот процес треба да присуствуваат седум членови на избирачкиот одбор. Тоа претставува повреда по став 1 алинеја 1 алинеја 2 и алинеја 7 од Изборниот законик. Во околу 18:50 часот на денот на гласањето, односно на 22 мај , во просториите на гласачкото место дошле двајца возрасни гласачи со друго лице и без да бараат помош лицето ги земал нивните гласачки ливчиња и гласал наместо нив, со што е повредена правилото за непосредност на остварување на избирачкото право. При тоа, покрај повредите во процесот на гласањето имало повреди во процесот на утврдување и сумирање на гласовите. Во записникот на образец број 16 се пополнети податоци дека се искористени 550 гласачки ливчиња , односно 550 граѓани го оствариле правото на глас. Додека, во сумираниот збир во точките 3, 10, 11, 12, 13 фигурираат 565 гласачи кои го оствариле правото на глас по различни основи. Во тоа се состојат и повредите на начин што е спротивно на член 151 став 1 алинеја 6 каде што бројот на гласачки ливчиња е различен од бројот на гласачи кои го оствариле правото на глас, рече Жаревска. За тие основи на приговорот, претседателот на ДИК, Александар Даштевски рече дека до нив во текот на целиот изборен ден не биле пријавени неправилности. -Кога се собираат бројките 5, 10, 11, 12, 13 е вкупно 565 и од тој момент кога општинската изборна комисија видела дека таа бројка не се совпаѓа со бројката 550, во општинската изборна комисија е сменет овој записник и наместо бројката од 16 гласачи ставиле еден глас, рече потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху. По разгледувањето на целиот избирачки материјал, Даштевски рече дека се утврдило потполна иста состојба како што е во записникот и предложи да се одбие приговорот како неоснован. И членот Абдуш Демири потенцира дека се утврдило дека избирачкиот одбор ја завршиле нивната работа согласно Изборниот законик. Предложи приговорот на „Европски фронт“ да се одбие како неоснован. -Согласно член 150 предлагам да се прифати приговорот на „Европскиот фронт“. И согласно член 151 став 1 алинеја 1 каде избирачкиот одбор не го спроведува гласањето на начин утврден со овој законик а неправилностите влијаеле во постапката за гласање или постапката за сумирање на резултати. Исто така и алинеја 2 – е нарушена тајноста на гласањето. Го видовме тоа во забелешките ставени во самиот записник . И алинеја 6, бидејќи не знаеме што се отпечатоци, а што потписи. Тука е измешан делот каде се ставиле потписи, а каде отпечаток од прст. Исто така, и некои лица гласале за други лица. Предлагам во оваа избирачко место да се поништи и да се повтори гласањето, рече Шеху. На обраќањето на Шеху, реагираше членот Бобан Стојаноски, кој истакна дека наводите посочени во приговорот се целосно неосновани - ниту влијаеле на гласањето, ниту на сумирањето на резултати. По прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат. За прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во петтата и шестата изборна единица, до ДИК немаше други приговори.

The post ДИК го одби приговорот од „Европски фронт“ за изборното место во Ларце appeared first on Република.

]]>
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт https://republika.mk/vesti/makedonija/dik-ke-odluchuva-po-prigovorot-od-evropskiot-front/ Mon, 27 May 2024 05:52:16 +0000 https://republika.mk/?p=781892

Државната изборна комисија денеска треба да одлучува по приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино.

За прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во петтата и шестата изборна единица, до ДИК немаше други приговори.

На одлуката од ДИК кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

По прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.

Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на Парламентарните избори 2024 Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, додека Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.

The post ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија денеска треба да одлучува по приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино. За прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во петтата и шестата изборна единица, до ДИК немаше други приговори. На одлуката од ДИК кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата. По прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат. Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на Парламентарните избори 2024 Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, додека Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.

The post ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт appeared first on Република.

]]>
Ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт https://republika.mk/vesti/stavot-za-preglasuvaneto-na-odredeni-izbirachki-mesta-dui-ke-go-formira-so-koalitsiskite-partneri-od-evropski-front/ Sat, 18 May 2024 16:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=779597

По три часа заврши состанокот на претседателството на Демократска унија за интеграција (ДУИ) во нивното седиште во тетовска Мала Речица, по што беше најавено дека ставот во врска со прегласувањето на седум избирачки места за параламентарните избори ќе биде изграден заедно со сите партии од Европскиот фронт. Портпаролот Арбр Адеми најави дека ќе имаат други состаноци со сите партнери во рамки на Европскиот фронт.

Денеска ги разгледувавме сите политички случувања, особено внимание предизвика изборниот инженеринг. И пред да се поднесуваат приговорите ние ја известивме јавноста бидејќи имавме информации од прва рака во што се состои политичкиот „дил“. Ги известивме сите граѓани, нашите партнери, тоа се потврди со конкретни дела и во Државната изборна комисија, но и во Управниот суд. За натамошните чекори претседателот Ахмети ќе има координативни средби со сите политички партии кои го сочинуваат Европскиот фронт. Така што, нема што повеќе да додадеме освен тоа што претседателот Ахмети веќе го сподели со сите вас и пред почетокот на денешниот состанок, изјави Адеми.

Пред да почне состанокот претседателот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека ќе прават анализа на одлуките на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за да се повторат изборите на неколку изборни места.

Ова е направено од двете најголеми партии од македонска националност кои за жал политики се плашиме дека ќе имаат влијание и на меѓуетничките односи кои ние не ги посакуваме. Така што, ние ќе правиме анализа, која исто така ова повторување што ќе се прави, се прави со една ризична позадина ние Албанците да се убиеме, како што се случи на едно изборно место во Општина Желино, тоа не го посакуваме, ниту пак ќе се случи. Ако сака некој има стратегија да пукаме ние Албанците меѓу себе, нема да се реализира, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ најави дека ќе се консултираат и експерти околу одлуките на ДИК за прегласување во неколкуте општини на 22 мај.

The post Ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт appeared first on Република.

Ќе има прегласување: Управен суд ги одби сите седум тужби од „Европски фронт“ https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-ima-preglasuvane-upraven-sud-gi-odbi-site-sedum-tuzhbi-od-evropski-front/ Sat, 18 May 2024 09:29:12 +0000 https://republika.mk/?p=779438

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024.

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

The post Ќе има прегласување: Управен суд ги одби сите седум тужби од „Европски фронт“ appeared first on Република.

]]>

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица. Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај. Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

The post Ќе има прегласување: Управен суд ги одби сите седум тужби од „Европски фронт“ appeared first on Република.

]]>
Управниот суд ја одби првата жалба од Европскиот фронт https://republika.mk/vesti/makedonija/upravniot-sud-ja-odbi-prvata-zhalba-od-evropskiot-front/ Fri, 17 May 2024 20:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=779297

На избирачкото место 1194 ќе се прегласува откако Управниот суд денеска ја одби како неоснована жалбата на коалицијата предводена од ДУИ, Европски фронт.

„Тужбата на тужителот Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ Предводена од Демократска унија за интеграција Движењето на народот ДН демократска партија на Албанците Европска Демократска Партија ЕДП Политичка Партија Бошњачки Демократски Сојуз БДС Изборна Кампања 2024 од Скопје изјавена против Решение УП1 10-17/1 од 14.05.2024 година на тужениот орган  Државна Изборна Комисија на Република Македонија за резултатите од гласањето по листите на кандидат за избор на пратеници на Собранието на Република Македонија за избирачко место 1194 Општина Крушево , СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.Решението на Државна Изборна Комисија на Република Македонија број УП1 10-17/1 од 14.05.2024 година, за резултатите од гласањето по листите на кандидат за избор на пратеници на Собранието на Република Македонија за избирачко место 1194 Општина Крушево, СЕ ПОТВРДУВА“ се вели во пресудата.

Откако Државната изборна комисија усвои приговори од политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ во Петтата и од Коалицијата ВРЕДИ во Шестата изборна единица, од ДУИ поднесоа тужби на одлуките на ДИК.

Пред Управниот суд се наоѓаат уште шест тужби поднесени од Европскиот фронт предводен од ДУИ и ако бидат одбиени тогаш на неколку избирачки места во општините Охрид, Крушево и Желино ќе се прегласува веќе в среда.

За коалицијата Европски фронт, ова било изборен инжинеринг со цел да им се намали бројот на пратеници, а тој да порасне кај ВРЕДИ и кај коалицијата предводена од СДСМ.

„Овој обид за изборен инженеринг има за цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политички договор на маса. Со политички договори и монструозен антидемократски план, зготвен во партиските штабови на ВМРО, СДСМ и Влен, се прави обид да се наруши волјата на граѓаните“ се наведува во соопштението на Европски фронт.

The post Управниот суд ја одби првата жалба од Европскиот фронт appeared first on Република.

]]>

На избирачкото место 1194 ќе се прегласува откако Управниот суд денеска ја одби како неоснована жалбата на коалицијата предводена од ДУИ, Европски фронт. „Тужбата на тужителот Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ Предводена од Демократска унија за интеграција Движењето на народот ДН демократска партија на Албанците Европска Демократска Партија ЕДП Политичка Партија Бошњачки Демократски Сојуз БДС Изборна Кампања 2024 од Скопје изјавена против Решение УП1 10-17/1 од 14.05.2024 година на тужениот орган  Државна Изборна Комисија на Република Македонија за резултатите од гласањето по листите на кандидат за избор на пратеници на Собранието на Република Македонија за избирачко место 1194 Општина Крушево , СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.Решението на Државна Изборна Комисија на Република Македонија број УП1 10-17/1 од 14.05.2024 година, за резултатите од гласањето по листите на кандидат за избор на пратеници на Собранието на Република Македонија за избирачко место 1194 Општина Крушево, СЕ ПОТВРДУВА“ се вели во пресудата. Откако Државната изборна комисија усвои приговори од политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ во Петтата и од Коалицијата ВРЕДИ во Шестата изборна единица, од ДУИ поднесоа тужби на одлуките на ДИК. Пред Управниот суд се наоѓаат уште шест тужби поднесени од Европскиот фронт предводен од ДУИ и ако бидат одбиени тогаш на неколку избирачки места во општините Охрид, Крушево и Желино ќе се прегласува веќе в среда. За коалицијата Европски фронт, ова било изборен инжинеринг со цел да им се намали бројот на пратеници, а тој да порасне кај ВРЕДИ и кај коалицијата предводена од СДСМ. „Овој обид за изборен инженеринг има за цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политички договор на маса. Со политички договори и монструозен антидемократски план, зготвен во партиските штабови на ВМРО, СДСМ и Влен, се прави обид да се наруши волјата на граѓаните“ се наведува во соопштението на Европски фронт.

The post Управниот суд ја одби првата жалба од Европскиот фронт appeared first on Република.

]]>
Aли Aхмети ја прочита декларацијата која наводно ја потпишале со „Вреди“, но не ја покажа на јавноста https://republika.mk/vesti/makedonija/ali-ahmeti-ja-prochita-deklaratsijata-koja-navodno-ja-potpishale-so-vredi-no-ne-ja-pokazha-na-javnosta/ Sat, 11 May 2024 16:07:21 +0000 https://republika.mk/?p=777081

Ја прочита, но јавно не ја покажа. Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги собра денеска лидерите од Европскиот фронт на средба, на која ги наброја имињата на потписниците на декларацијата со која наводно Таравари, Меџити, Касами и Гаши уште на 13 јануари се заложиле дека ќе ги поддржат уставните измени. На неа, според Ахмети стои дека нема да прават коалиција со партија која нема да се согласи да бидат вметнати Бугарите во уставот, пренесува Алфа ТВ.

„Сега и во иднина да соработуваме и владееме само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени како услов за продолжување на процесот на интеграција на земјата во Европската Унија. Потписи на партиските претставници, Арбен Таравари, Африм Гаши, Али Ахмети, Биљал Касами, Изет Меџити“, рече Али Ахмети.

Без да прецизира, Ахмети вели декларацијата е потпишана по направени консултации, посочувајќи дека Европскиот фронт ќе биде столб за мирот и стабилноста на земјава, бидејќи како што рече, местото Македонија е во Европската Унија. Претседателот на Демократско движење и еден од лидерите на коалицијата Вреди, Изет Меџити тврди дека Вреди нема потпишано никаква платформа со ДУИ за барање на албанските политички партии од секоја нова влада да спроведат уставни измени како услов за коалицирање со партија од македонскиот блок.

„Во неколку наврати јас одговорив и на Ахмети и на Груби и на Османи, доколку има такво писмо да го објават пред јавноста во рок од 24 или 48 часа, во спротивно даваат неточни информации, да не кажам ја лажат јавноста“, рече Изет Меџити.

Ахмети никако да се освести дека заминуваат во опозиција. Ни денеска не кажа прецизно како партијатата и коалиционите партнери ќе се однесуваат во иднина и дали ќе бидат конструктивна опозиција, или можеби ќе се повтори сценариото од 2006 до 2008 година кога притискаа да влезат во владата. Централното претседателство на ДУИ вчера се собра во седиштето во Мала Речица за да разговара за последните политички случувања во земјата создадени по изборите на 8 мај. Од таму ги предупредија ВМРО-ДПМНЕ да не си игра со Албанците и да не ја потценува волјата на мнозинството Албанци како втора по големина заедница во државата.

The post Aли Aхмети ја прочита декларацијата која наводно ја потпишале со „Вреди“, но не ја покажа на јавноста appeared first on Република.

ДУИ смета дека има легитимитет од граѓаните пак да биде на власт https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-smeta-deka-ima-legitimitet-od-graganite-pak-da-bide-na-vlast/ Fri, 10 May 2024 20:02:20 +0000 https://republika.mk/?p=776926

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во седиштето во Мала Речица одржува состанок на претседателството, а најавија дека ќе следува и состанок со коалициските партии за нивно позиционирање по резултатите од изборите.

Шефот на изборниот штаб Арбр Адеми го повтори партискиот став дека нивниот коалициски „Европски фронт“ добил легитимитет од граѓаните.

-Врз основа на констатациите на сите институции и врз основа на изјавите на ОБСЕ, изборите беа фер, слободни, демократски, истата констатација ја имаме и ние внатре во ДУИ. Овој легитимитет потврден од страна на граѓаните не може да се оспори, ни со инженеринг, ни со политички договор, не може да се оспори волјата на народот и на државните институции кои се одговорни за спроведување на изборите. Последно што разговаравме беше утрешен работен состанок со сите политички партии кои го сочинуваат „Европскиот фронт“ во Скопје, изјави Арбр Адеми.

Според Адеми, сите политички партии што се во „Европскиот фронт“ ќе продолжат да делуваат заедно.

- Најважно е што граѓаните силно ја поддржаа ова опција и таа поддршка на програмата да ја реализираме во државната политика. Ние имаме обврска, имаме задача да го спроведеме тоа. Граѓаните очекуваат да се продолжи патот кон интеграција во Европската Унија и оваа средба е за да се обезбеди европскиот пат на граѓаните и да продолжат преговори со ЕУ, кои ДУИ ги започна, рече Арбр Адеми.

Средбата на Европскиот фронт е закажана за утре во 13 часот

The post ДУИ смета дека има легитимитет од граѓаните пак да биде на власт appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во седиштето во Мала Речица одржува состанок на претседателството, а најавија дека ќе следува и состанок со коалициските партии за нивно позиционирање по резултатите од изборите. Шефот на изборниот штаб Арбр Адеми го повтори партискиот став дека нивниот коалициски „Европски фронт“ добил легитимитет од граѓаните.