Европски денови на културано наследство Archives - Република https://republika.mk/tema/evropski-denovi-na-kulturano-nasledstvo/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Oct 2023 10:03:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Европски денови на културано наследство Archives - Република https://republika.mk/tema/evropski-denovi-na-kulturano-nasledstvo/ 32 32 Деновите на европското наследство се најпрославуваниот културен настан што го споделуваат луѓето од Европа https://republika.mk/vesti/kultura/denovite-na-evropskoto-nasledstvo-se-najproslavuvaniot-kulturen-nastan-shto-go-spodeluvaat-lugeto-od-evropa/ Mon, 02 Oct 2023 10:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=687061

Деновите на европското наследство се најпрославуваниот културен настан што го споделуваат луѓето од Европа. Советот на Европа ја покрена иницијативата во 1985 година, а во 1999 година се придружи и Европската унија за да се создаде заедничка акција, која продолжува до денес.

Во септември, секоја година,, настаните на ЕДКН, често наречени отворени денови на наследството, се одржуваат во земјите-членки на Европската културна конвенција, вратите се отворени за бројни споменици на културата и локалитети, овозможувајќи им на граѓаните на Европа да уживаат во бесплатни посети, да научат за нивното заедничко културно наследство, охрабрувајќи ги активно да се вклучат во заштитата и унапредувањето на наследството за сегашните и идните генерации.

Овогодишната тема на Европските денови на културно наследство е „Живо наследство“.

„Живо наследство“ се однесува на практиките, знаењата и вештините кои се пренесуваат од една генерација на друга, а се користат и денес. Различни вештини, занаети и професии ни овозможуваат да го одржуваме и зачуваме нашето наследство на многу начини. Оваа тема ни дава можност да погледнеме одблизу на работата што ја вршат чуварите на нашето наследство, токму благодарение на луѓето кои го пренесуваат своето знаење на идните генерации.

Традиционално, Националната галерија е дел од манифестацијата. На 29ти септември 2023, во просториите на Чифте амам се реализираше работилница за деца посветена на делото на Дичо Зографот. Оваа активност организирана од едукаторот Маја Димитрова е дел од низата настани во рамките на Европските денови на културно наследство (22-29 септември 2023). На работилницата учениците од ОУ „ Невена Гергиева Дуња“, Скопје имаа можност да добијат основни познавања за животот и творештвото на најпознатиот македонски зограф од 19тиот век. Работилницата течеше преку разговор и креативна активност-боење цртежи инспирирани од мотивите на икони и фрески создадени од Дичо Зографот и неговата тајфа.

Автор на боенката е Анета Гергиевска Шајн, историчарка на уметност која што веќе неколку децении живее во САД.

Културното наследство во едукацијата е еден од мотивите за разбирање на историјата и подигнување на свеста за неговото значење.

 

The post Деновите на европското наследство се најпрославуваниот културен настан што го споделуваат луѓето од Европа appeared first on Република.

]]>

Деновите на европското наследство се најпрославуваниот културен настан што го споделуваат луѓето од Европа. Советот на Европа ја покрена иницијативата во 1985 година, а во 1999 година се придружи и Европската унија за да се создаде заедничка акција, која продолжува до денес. Во септември, секоја година,, настаните на ЕДКН, често наречени отворени денови на наследството, се одржуваат во земјите-членки на Европската културна конвенција, вратите се отворени за бројни споменици на културата и локалитети, овозможувајќи им на граѓаните на Европа да уживаат во бесплатни посети, да научат за нивното заедничко културно наследство, охрабрувајќи ги активно да се вклучат во заштитата и унапредувањето на наследството за сегашните и идните генерации. Овогодишната тема на Европските денови на културно наследство е „Живо наследство“. „Живо наследство“ се однесува на практиките, знаењата и вештините кои се пренесуваат од една генерација на друга, а се користат и денес. Различни вештини, занаети и професии ни овозможуваат да го одржуваме и зачуваме нашето наследство на многу начини. Оваа тема ни дава можност да погледнеме одблизу на работата што ја вршат чуварите на нашето наследство, токму благодарение на луѓето кои го пренесуваат своето знаење на идните генерации. Традиционално, Националната галерија е дел од манифестацијата. На 29ти септември 2023, во просториите на Чифте амам се реализираше работилница за деца посветена на делото на Дичо Зографот. Оваа активност организирана од едукаторот Маја Димитрова е дел од низата настани во рамките на Европските денови на културно наследство (22-29 септември 2023). На работилницата учениците од ОУ „ Невена Гергиева Дуња“, Скопје имаа можност да добијат основни познавања за животот и творештвото на најпознатиот македонски зограф од 19тиот век. Работилницата течеше преку разговор и креативна активност-боење цртежи инспирирани од мотивите на икони и фрески создадени од Дичо Зографот и неговата тајфа. Автор на боенката е Анета Гергиевска Шајн, историчарка на уметност која што веќе неколку децении живее во САД. Културното наследство во едукацијата е еден од мотивите за разбирање на историјата и подигнување на свеста за неговото значење.  

The post Деновите на европското наследство се најпрославуваниот културен настан што го споделуваат луѓето од Европа appeared first on Република.

]]>