Европската народна партија Archives - Република https://republika.mk/tema/evropskata-narodna-partija/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 15:55:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Европската народна партија Archives - Република https://republika.mk/tema/evropskata-narodna-partija/ 32 32 Претседателот на ЕПП, во писмо до Рама го оцени инцидентот со Белери како неуспех на државата да гарантира сигурност https://republika.mk/vesti/balkan/pretsedatelot-na-epp-vo-pismo-do-rama-go-otseni-intsidentot-so-beleri-kako-neuspeh-na-drzhavata-da-garantira-sigurnost/ Fri, 15 Nov 2024 16:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=838225

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, испратил писмо до премиерот на Албанија, Еди Рама, во кое „најостро го осудува инцидентот со вербален и физички напад врз европратеникот на ЕПП, Фреди Белери“, што се случи на 29 октомври за време на посетата на Тирана, на парламентарната комисија.

Инцидентот се случи при пристигнувањето на Белери пред албанскиот Парламент каде се одржуваше 18-тиот состанок на парламентарната Комисија за стабилизација и асоцијација ЕУ-Албанија, кога меѓу 10 пратеници од Европскиот парламент беше и тој, како дел од делегацијата на Европскиот парламент.

Кон него едно лице фрлаше со јајца и јогурт и неколкуте насобрани граѓани извикуваа невредливи зборови, што според Вебер е „неуспех на државата да гарантира сигурност и бара преземање остри мерки“.

Во писмото Вебер наведува дека европратеникот, кој имал дипломатски статус на член на делегацијата на Европскиот парламент, бил вербално и физички нападнат од демонстрант пред албанскиот Парламент. Тој посочува дека не биле преземени мерки за да се спречи овој срамен напад кој се случи среде официјална мисија.

Овој инцидент е знак за очигледен недостиг на државна заштита, бидејќи овој напад, доколку од албанската држава биле преземени соодветни безбедносни мерки, можел да се спречи. Вербалниот и физичкиот напад на господинот Белери пред Парламентот на Албанија претставува неуспех на државата домаќин да ја гарантира безбедноста и интегритетот на избраниот претставник на граѓаните на Европската унија за време на официјална мисија. Овој инцидент е спротивен на меѓународните насоки за дипломатски односи кои бараат заштита на дипломатските претставници за време на нивните мисии, се наведува во писмото.

На крајот од писмото, Вебер го повикува премиерот Рама да се погрижи такви инциденти да не се повторат во иднина и да ги почитува меѓународните обврски на Албанија, како дел од процесот за членство во Европската унија.

Фреди Белери (52), кој е припадник на грчкото малцинство во Албанија, кој беше уапсен два дена пред изборите што се одржаа на 14 мај минатата година, доби двегодишна затворска казна, а на почетокот на септември доби условно ослободување од затвор.

Иако во притвор тој беше реизбран за градоначалник на јужното албанско приморско гратче Химара, не даде заклетва во предвидениот законски рок, по што беа спроведени дополнителни избори.

Тој во јуни годинава беше избран на конзервативната листа на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за европратеник во Парламентот на ЕУ, чија инаугуративна седница беше во средината на јули, на која присуствуваше со претходна дозвола на затворот.

The post Претседателот на ЕПП, во писмо до Рама го оцени инцидентот со Белери како неуспех на државата да гарантира сигурност appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, испратил писмо до премиерот на Албанија, Еди Рама, во кое „најостро го осудува инцидентот со вербален и физички напад врз европратеникот на ЕПП, Фреди Белери“, што се случи на 29 октомври за време на посетата на Тирана, на парламентарната комисија. Инцидентот се случи при пристигнувањето на Белери пред албанскиот Парламент каде се одржуваше 18-тиот состанок на парламентарната Комисија за стабилизација и асоцијација ЕУ-Албанија, кога меѓу 10 пратеници од Европскиот парламент беше и тој, како дел од делегацијата на Европскиот парламент. Кон него едно лице фрлаше со јајца и јогурт и неколкуте насобрани граѓани извикуваа невредливи зборови, што според Вебер е „неуспех на државата да гарантира сигурност и бара преземање остри мерки“. Во писмото Вебер наведува дека европратеникот, кој имал дипломатски статус на член на делегацијата на Европскиот парламент, бил вербално и физички нападнат од демонстрант пред албанскиот Парламент. Тој посочува дека не биле преземени мерки за да се спречи овој срамен напад кој се случи среде официјална мисија.
Овој инцидент е знак за очигледен недостиг на државна заштита, бидејќи овој напад, доколку од албанската држава биле преземени соодветни безбедносни мерки, можел да се спречи. Вербалниот и физичкиот напад на господинот Белери пред Парламентот на Албанија претставува неуспех на државата домаќин да ја гарантира безбедноста и интегритетот на избраниот претставник на граѓаните на Европската унија за време на официјална мисија. Овој инцидент е спротивен на меѓународните насоки за дипломатски односи кои бараат заштита на дипломатските претставници за време на нивните мисии, се наведува во писмото.
На крајот од писмото, Вебер го повикува премиерот Рама да се погрижи такви инциденти да не се повторат во иднина и да ги почитува меѓународните обврски на Албанија, како дел од процесот за членство во Европската унија. Фреди Белери (52), кој е припадник на грчкото малцинство во Албанија, кој беше уапсен два дена пред изборите што се одржаа на 14 мај минатата година, доби двегодишна затворска казна, а на почетокот на септември доби условно ослободување од затвор. Иако во притвор тој беше реизбран за градоначалник на јужното албанско приморско гратче Химара, не даде заклетва во предвидениот законски рок, по што беа спроведени дополнителни избори. Тој во јуни годинава беше избран на конзервативната листа на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за европратеник во Парламентот на ЕУ, чија инаугуративна седница беше во средината на јули, на која присуствуваше со претходна дозвола на затворот.

The post Претседателот на ЕПП, во писмо до Рама го оцени инцидентот со Белери како неуспех на државата да гарантира сигурност appeared first on Република.

]]>
Александар Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа https://republika.mk/vesti/makedonija/aleksandar-nikoloski-izbran-za-potpretsedatel-na-evropskata-narodna-partija-vo-ps-na-sovet-na-evropa/ Mon, 24 Jan 2022 09:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=448632

Во периодот од 24 до 28 Јануари се одржува зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа во хибриден формат заради состојбата со корона пандемијата. На сесијата која почна утрово пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е избран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија во Парламентарното Собрание на Совет на Европа, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој избор значи дека Николоски ќе биде еден од лицата кои ќе координираат со работата на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа. Покрај Николоски на оваа значајна позиција избрани се и Бернард Фурние од Франција сенатор со најдолг стаж една од најзначајните фигури на француската политика, Дора Бакојани од Грција поранешен министер за надворешни работи, Улрих Вокер од Германија, Луис Рамос од Португалија и Ингерд Шо од Норвешка.

Николоски во својот ангажман секогаш ќе стои во промоција и одбрана на интересите на Македонија, како и на националните и јазични малцинства во регионот, како и правото на македонците на самоопределување во сите балкански држави, како што тоа го правеше и во минатото.

ЕПП е најголема политичка сила во Европа, со најмногу пратеници во Европскиот Парламент и во ПС на Совет на Европа, како и најмногу премиери и претседатели на држави, а од ЕПП доаѓаат и првите луѓе на Европската Унија пред се претседателката на Европската Комисја, Урсула фон дер Лајн, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Александар Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 24 до 28 Јануари се одржува зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа во хибриден формат заради состојбата со корона пандемијата. На сесијата која почна утрово пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е избран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија во Парламентарното Собрание на Совет на Европа, информираат од ВМРО-ДПМНЕ. Овој избор значи дека Николоски ќе биде еден од лицата кои ќе координираат со работата на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа. Покрај Николоски на оваа значајна позиција избрани се и Бернард Фурние од Франција сенатор со најдолг стаж една од најзначајните фигури на француската политика, Дора Бакојани од Грција поранешен министер за надворешни работи, Улрих Вокер од Германија, Луис Рамос од Португалија и Ингерд Шо од Норвешка. Николоски во својот ангажман секогаш ќе стои во промоција и одбрана на интересите на Македонија, како и на националните и јазични малцинства во регионот, како и правото на македонците на самоопределување во сите балкански држави, како што тоа го правеше и во минатото. ЕПП е најголема политичка сила во Европа, со најмногу пратеници во Европскиот Парламент и во ПС на Совет на Европа, како и најмногу премиери и претседатели на држави, а од ЕПП доаѓаат и првите луѓе на Европската Унија пред се претседателката на Европската Комисја, Урсула фон дер Лајн, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Александар Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа appeared first on Република.

]]>