Европската комисија Archives - Република https://republika.mk/tema/evropskata-komisija/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Mar 2024 18:33:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Европската комисија Archives - Република https://republika.mk/tema/evropskata-komisija/ 32 32 Брисел ја финализира рамката за преговори за Украина и Молдавија со ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/brisel-ja-finalizira-ramkata-za-pregovori-za-ukraina-i-moldavija-so-eu/ Tue, 12 Mar 2024 18:33:23 +0000 https://republika.mk/?p=754136

Европската комисија соопшти дека на земјите-членки им предложила рамки за пристапните преговори со Украина и Молдавија.

Лидерите на Европската унија во декември се согласија да ги отворат преговорите за членство со Киев, што претставува историски потег речиси две години по руската војна против таа дрѓава. Тие, исто така, се согласија во исто време да започнат разговори со нејзиниот сосед Молдавија.

За ЕУ и земјите-кандидатки навистина да ги започнат разговорите, извршната власт на блокот треба да подготви рамка, која сега мора да биде одобрена од сите 27 земји-членки на ЕУ.

„Преговарачките рамки ги утврдуваат насоките и принципите за пристапните преговори со секоја земја-кандидат“, соопшти комисијата.

„Сега е на Советот (земјите-членки на ЕУ) да ги започнат своите внатрешни разгледувања за тие текстови“.

Комисијата беше принудена да забрза откако нејзината шефица Урсула фон дер Лајен минатиот месец ги вознемири Киев и неговите најсилни поддржувачи во ЕУ велејќи дека рамката за разговори нема да биде изнесена до изборите за Европскиот парламент во јуни.

The post Брисел ја финализира рамката за преговори за Украина и Молдавија со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европската комисија соопшти дека на земјите-членки им предложила рамки за пристапните преговори со Украина и Молдавија. Лидерите на Европската унија во декември се согласија да ги отворат преговорите за членство со Киев, што претставува историски потег речиси две години по руската војна против таа дрѓава. Тие, исто така, се согласија во исто време да започнат разговори со нејзиниот сосед Молдавија. За ЕУ и земјите-кандидатки навистина да ги започнат разговорите, извршната власт на блокот треба да подготви рамка, која сега мора да биде одобрена од сите 27 земји-членки на ЕУ.
„Преговарачките рамки ги утврдуваат насоките и принципите за пристапните преговори со секоја земја-кандидат“, соопшти комисијата.
„Сега е на Советот (земјите-членки на ЕУ) да ги започнат своите внатрешни разгледувања за тие текстови“. Комисијата беше принудена да забрза откако нејзината шефица Урсула фон дер Лајен минатиот месец ги вознемири Киев и неговите најсилни поддржувачи во ЕУ велејќи дека рамката за разговори нема да биде изнесена до изборите за Европскиот парламент во јуни.

The post Брисел ја финализира рамката за преговори за Украина и Молдавија со ЕУ appeared first on Република.

]]>