Европарламент Archives - Република https://republika.mk/tema/evroparlament/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jul 2024 18:12:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Европарламент Archives - Република https://republika.mk/tema/evroparlament/ 32 32 Комплетиран изборот на сите 14 потпретседатели на Европскиот парламент https://republika.mk/vesti/svet/kompletiran-izborot-na-site-14-potpretsedateli-na-evropskiot-parlament/ Tue, 16 Jul 2024 18:12:07 +0000 https://republika.mk/?p=797495

Европратениците Робертс Зиле од летонската Национална алијанса (НА) и Антонела Зберна од Браќа на Италија (ФДИ) и двајцата членови на групата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и Јунус Омаржи од партијата Непокорна Франција (ЛФИ), која е дел од Левицата беа избрани за потпретседатели на Европскиот парламент во вториот круг на гласање во вечерашното продолжение на конститутивното парламентарно заседание.

Во вториот круг на гласање, Зиле освои 490 гласа, Зберна 314, а Омаржи 311. Од останатите тројца претенденти за потпретседатели, двајцата кандидати на Патриотите за Европа (ПФЕ), Фабрис Лежери од францускиот Национален собир (РН) и Клара Досталова од словачката Акција на незадоволни граѓани (АНО) освоија 177, односно 116 гласа, а Ева Зајочковска-Херник од полската партија Нова надеж (НН) дел од екстремно десничарската група Европа на суверени нации (ЕСН) доби 46 гласа.

Вкупно гласаа 674 европратеник, при што 65 гласачки ливчиња беа неважечки или празни со што за валидни беа сметани 609 гласа и за да биде избран на секој кандидат му беа потребни најмалку 305 гласа. Секој европратеник имаше право да гласа за најмалку два, а најмногу три кандидати.

Со изборот на овие тројца потпретседатели се комплетира листата на 14 заменици на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, откако претходно во првиот круг на гласање беа избрани 11 потпретседатели.

Тоа се Забине Верхајен од Христијанско демократската унија на Германија (ЦДУ)/Европската народна партија (ЕПП) која освои 604 гласа, Ева Копач од полската Граѓанска платформа (ПО)/ЕПП 572, Естебан Гонзалес Понс од шпанската Народна партија (ПП)/ЕПП 479, Катарина Барли од Социјалдемократската партија на Германија (СПД)/Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) 450, Пина Пичерно од италијанската Демократска партија (ПД)/СД 405, Виктор Негреску од романската Социјалдемократска партија (ПСД)/СД 394, Мартин Хојсик од Прогресивна Словачка (ПС)/Да ја обновиме Европа (РЕ) 393, Кристел Шалдемозе од данската партија Социјалдемократи (С)/СД 379, Хави Лопез Фернандез од Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ)/СД 377, Софи Вилмес од белгиското Реформско движење (МР)/РЕ 371 и независниот романски пратеник член на групацијата на Зелените, Николае Штефануца 347 гласа. За избор во првиот круг беа потребни најмалку 333 гласа.

Претходно денеска, европратениците ја реизбраа Роберта Мецола од малтешката конзервативна Национална партија (ПН), која е дел од групата на Европската народна партија (ЕПП), за претседателка на Европскиот парламент со мандат од две и пол години.

За Мецола гласаа 562 европратеници, а нејзината противкандидатка за функцијата Ирене Монтеро од шпанската партија Можеме (Подемос), дел од групата на Левицата, доби 61 глас. Вкупно 76 гласачки ливчиња беа неважечки.

Заседанието на Европскиот парламент продолжува утре со избор на петмината квестори, чија функција е да ги надгледуваат административните и финансиските прашања кои директно ги засегаат членовите на Европскиот парламент, а вршат и другите должности што им се доделени со Деловникот на ЕП или парламентарното Биро. Бирото на Европарламентот го сочинуваат претседателот, потпретседателите и квесторите. Петмината квестори се бираат од редовите на европратениците со мандат од две и пол години.

Дополнително, европратениците утре ќе гласаат и за бројниот состав на постојаните комисии и поткомисии, како и на интерпарламентарните делегации на ЕП. Членовите на комисиите, поткомисиите и делегациите ќе ги номинираат политичките групации во Европскиот парламент и нивниот состав треба да биде објавен на последниот ден од заседанието в петок.

The post Комплетиран изборот на сите 14 потпретседатели на Европскиот парламент appeared first on Република.

]]>

Европратениците Робертс Зиле од летонската Национална алијанса (НА) и Антонела Зберна од Браќа на Италија (ФДИ) и двајцата членови на групата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и Јунус Омаржи од партијата Непокорна Франција (ЛФИ), која е дел од Левицата беа избрани за потпретседатели на Европскиот парламент во вториот круг на гласање во вечерашното продолжение на конститутивното парламентарно заседание. Во вториот круг на гласање, Зиле освои 490 гласа, Зберна 314, а Омаржи 311. Од останатите тројца претенденти за потпретседатели, двајцата кандидати на Патриотите за Европа (ПФЕ), Фабрис Лежери од францускиот Национален собир (РН) и Клара Досталова од словачката Акција на незадоволни граѓани (АНО) освоија 177, односно 116 гласа, а Ева Зајочковска-Херник од полската партија Нова надеж (НН) дел од екстремно десничарската група Европа на суверени нации (ЕСН) доби 46 гласа. Вкупно гласаа 674 европратеник, при што 65 гласачки ливчиња беа неважечки или празни со што за валидни беа сметани 609 гласа и за да биде избран на секој кандидат му беа потребни најмалку 305 гласа. Секој европратеник имаше право да гласа за најмалку два, а најмногу три кандидати. Со изборот на овие тројца потпретседатели се комплетира листата на 14 заменици на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, откако претходно во првиот круг на гласање беа избрани 11 потпретседатели. Тоа се Забине Верхајен од Христијанско демократската унија на Германија (ЦДУ)/Европската народна партија (ЕПП) која освои 604 гласа, Ева Копач од полската Граѓанска платформа (ПО)/ЕПП 572, Естебан Гонзалес Понс од шпанската Народна партија (ПП)/ЕПП 479, Катарина Барли од Социјалдемократската партија на Германија (СПД)/Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) 450, Пина Пичерно од италијанската Демократска партија (ПД)/СД 405, Виктор Негреску од романската Социјалдемократска партија (ПСД)/СД 394, Мартин Хојсик од Прогресивна Словачка (ПС)/Да ја обновиме Европа (РЕ) 393, Кристел Шалдемозе од данската партија Социјалдемократи (С)/СД 379, Хави Лопез Фернандез од Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ)/СД 377, Софи Вилмес од белгиското Реформско движење (МР)/РЕ 371 и независниот романски пратеник член на групацијата на Зелените, Николае Штефануца 347 гласа. За избор во првиот круг беа потребни најмалку 333 гласа. Претходно денеска, европратениците ја реизбраа Роберта Мецола од малтешката конзервативна Национална партија (ПН), која е дел од групата на Европската народна партија (ЕПП), за претседателка на Европскиот парламент со мандат од две и пол години. За Мецола гласаа 562 европратеници, а нејзината противкандидатка за функцијата Ирене Монтеро од шпанската партија Можеме (Подемос), дел од групата на Левицата, доби 61 глас. Вкупно 76 гласачки ливчиња беа неважечки. Заседанието на Европскиот парламент продолжува утре со избор на петмината квестори, чија функција е да ги надгледуваат административните и финансиските прашања кои директно ги засегаат членовите на Европскиот парламент, а вршат и другите должности што им се доделени со Деловникот на ЕП или парламентарното Биро. Бирото на Европарламентот го сочинуваат претседателот, потпретседателите и квесторите. Петмината квестори се бираат од редовите на европратениците со мандат од две и пол години. Дополнително, европратениците утре ќе гласаат и за бројниот состав на постојаните комисии и поткомисии, како и на интерпарламентарните делегации на ЕП. Членовите на комисиите, поткомисиите и делегациите ќе ги номинираат политичките групации во Европскиот парламент и нивниот состав треба да биде објавен на последниот ден од заседанието в петок.

The post Комплетиран изборот на сите 14 потпретседатели на Европскиот парламент appeared first on Република.

]]>
Избрани 11 потпретседатели на Европарламентот, продолжува постапка за избор на уште тројца https://republika.mk/vesti/svet/izbrani-11-potpretsedateli-na-evroparlamentot-prodolzhuva-postapka-za-izbor-na-ushte-trojtsa/ Tue, 16 Jul 2024 16:58:23 +0000 https://republika.mk/?p=797479

Во првиот круг на гласање за избор на 14-те потпретседатели на Европскиот парламент на попладневното продолжени на конститутивното парламентарно заседание, доволно гласови за да бидат избрани на функцијата добија 11 од 17-те предложени кандидати.

За нови потпретседатели на ЕП се избрани Забине Верхајен од Христијанско демократската унија на Германија (ЦДУ)/Европската народна партија (ЕПП) со 604 гласа, Ева Копач од полската Граѓанска платформа (ПО)/ЕПП со 572, Естебан Гонзалес Понс од шпанската Народна партија (ПП)/ЕПП со 479, Катарина Барли од Социјалдемократската партија на Германија (СПД)/Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 450, Пина Пичерно од италијанската Демократска партија (ПД)/СД со 405, Виктор Негреску од романската Социјалдемократска партија (ПСД)/СД со 394, Мартин Хојсик од Прогресивна Словачка (ПС)/Да ја обновиме Европа (РЕ) со 393, Кристел Шалдемозе од данската партија Социјалдемократи (С)/СД со 379, Хави Лопез Фернандез од Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ)/СД со 377, Софи Вилмес од белгиското Реформско движење (МР)/РЕ со 371 и независниот романски пратеник член на групацијата на Зелените, Николае Штефануца со 347 гласа.

Вкупно гласале 701 европратеник, при што 36 гласачки ливчиња беа неважечки или празни со што за валидни беа сметани 665 гласа и за да биде избран на секој кандидат му требаа најмалку 333 гласа. Секој европратеник имаше право да гласа за најмногу 14 кандидати.

Помалку гласови од потребните за избор во првиот круг освоија Антонела Зберна од Браќа на Италија (ФДИ)/Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) - 323, Фабрис Лежери од францускиот Национален собир (РН)/Патриоти за Европа (ПФЕ) - 309, Робертс Зиле од летонска Национална алијанса (НА)ЕЦР - 306, Јунус Омаржи од партијата Непокорна Франција (ЛФИ)/Левица - 272, Клара Досталова од словачката Акција на незадоволни граѓани (АНО)/ПФЕ - 214 и Ева Зајочковска-Херник од полската партија Нова надеж (НН)/Европа на суверени нации (ЕСН) - 102 гласа.

Вториот круг на гласање од постапката за избор на преостанатите три потпретседателски функции во Европскиот парламент меѓу преостанатите шест кандидати се одржува доцна попладнево. Во овој круг европратениците можат да гласаат за најмалку два, а најмногу три кандидати.

Согласно Деловникот на Европскиот парламент, потпретседателите се бираат во три круга, при што во првите два за да биде избран кандидатот мора да добие апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број на европратеници што гласале, додека во третиот круг за избран се смета кандидатот што ќе добие најмногу гласови, независно од мнозинството.

Претходно денеска, европратениците ја реизбраа Роберта Мецола од малтешката конзервативна Национална партија (ПН), која е дел од групата на Европската народна партија (ЕПП), за претседателка на Европскиот парламент со мандат од две и пол години.

За Мецола гласаа 562 европратеници, а нејзината противкандидатка за функцијата Ирене Монтеро од шпанската партија Можеме (Подемос), дел од групата на Левицата, доби 61 глас. Вкупно 76 гласачки ливчиња беа неважечки.

The post Избрани 11 потпретседатели на Европарламентот, продолжува постапка за избор на уште тројца appeared first on Република.

]]>

Во првиот круг на гласање за избор на 14-те потпретседатели на Европскиот парламент на попладневното продолжени на конститутивното парламентарно заседание, доволно гласови за да бидат избрани на функцијата добија 11 од 17-те предложени кандидати. За нови потпретседатели на ЕП се избрани Забине Верхајен од Христијанско демократската унија на Германија (ЦДУ)/Европската народна партија (ЕПП) со 604 гласа, Ева Копач од полската Граѓанска платформа (ПО)/ЕПП со 572, Естебан Гонзалес Понс од шпанската Народна партија (ПП)/ЕПП со 479, Катарина Барли од Социјалдемократската партија на Германија (СПД)/Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 450, Пина Пичерно од италијанската Демократска партија (ПД)/СД со 405, Виктор Негреску од романската Социјалдемократска партија (ПСД)/СД со 394, Мартин Хојсик од Прогресивна Словачка (ПС)/Да ја обновиме Европа (РЕ) со 393, Кристел Шалдемозе од данската партија Социјалдемократи (С)/СД со 379, Хави Лопез Фернандез од Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ)/СД со 377, Софи Вилмес од белгиското Реформско движење (МР)/РЕ со 371 и независниот романски пратеник член на групацијата на Зелените, Николае Штефануца со 347 гласа. Вкупно гласале 701 европратеник, при што 36 гласачки ливчиња беа неважечки или празни со што за валидни беа сметани 665 гласа и за да биде избран на секој кандидат му требаа најмалку 333 гласа. Секој европратеник имаше право да гласа за најмногу 14 кандидати. Помалку гласови од потребните за избор во првиот круг освоија Антонела Зберна од Браќа на Италија (ФДИ)/Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) - 323, Фабрис Лежери од францускиот Национален собир (РН)/Патриоти за Европа (ПФЕ) - 309, Робертс Зиле од летонска Национална алијанса (НА)ЕЦР - 306, Јунус Омаржи од партијата Непокорна Франција (ЛФИ)/Левица - 272, Клара Досталова од словачката Акција на незадоволни граѓани (АНО)/ПФЕ - 214 и Ева Зајочковска-Херник од полската партија Нова надеж (НН)/Европа на суверени нации (ЕСН) - 102 гласа. Вториот круг на гласање од постапката за избор на преостанатите три потпретседателски функции во Европскиот парламент меѓу преостанатите шест кандидати се одржува доцна попладнево. Во овој круг европратениците можат да гласаат за најмалку два, а најмногу три кандидати. Согласно Деловникот на Европскиот парламент, потпретседателите се бираат во три круга, при што во првите два за да биде избран кандидатот мора да добие апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број на европратеници што гласале, додека во третиот круг за избран се смета кандидатот што ќе добие најмногу гласови, независно од мнозинството. Претходно денеска, европратениците ја реизбраа Роберта Мецола од малтешката конзервативна Национална партија (ПН), која е дел од групата на Европската народна партија (ЕПП), за претседателка на Европскиот парламент со мандат од две и пол години. За Мецола гласаа 562 европратеници, а нејзината противкандидатка за функцијата Ирене Монтеро од шпанската партија Можеме (Подемос), дел од групата на Левицата, доби 61 глас. Вкупно 76 гласачки ливчиња беа неважечки.

The post Избрани 11 потпретседатели на Европарламентот, продолжува постапка за избор на уште тројца appeared first on Република.

]]>
Холандската екстремно десничарска партија ќе се приклучи на новиот сојуз на Орбан во Европарламентот https://republika.mk/vesti/svet/holandskata-ekstremno-desnicharska-partija-ke-se-prikluchi-na-noviot-sojuz-na-orban-vo-evroparlamentot/ Sat, 06 Jul 2024 11:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=794008

Холандска екстремно десничарска националистичка Партија на слободата (ПВВ) ќе се приклучи на новиот сојуз на истомисленици во Европскиот парламент, соопшти нејзиниот лидер.

Наречен Патриоти за Европа, сојузот неодамна го формираше унгарскиот премиер Виктор Орбан, потсетува ДПА.

Ние сме патриоти на ПВВ, ја сакаме нашата нација. Силна и суверена. Се спротивставуваме на илегалната имиграција. Ние ги браниме мирот и слободата. И ја поддржуваме Украина. Го штитиме нашето јудео-христијанско наследство. И нашите семејства, напиша синоќа на Х лидерот на ПВВ Герт Вилдерс.

- Сакаме да ги комбинираме силите во ЕП и гордо ќе се приклучиме на Патриоти за Европа!, нагласи тој.

Партијата на Вилдерс победи на парламентарните избори во Холандија во ноември минатата година. ПВВ е најголемата партија во новата десничарска коалиција која положи заклетва во вторникот. Дик Шуф, поранешен шеф на холандската разузнавачка служба, е премиер.

На јунските избори за Европскиот парламент, ПВВ освои шест пратенички места.

Партијата Фидес на Орбан, австриската крајнодесничарска Партија на слободата и популистичката чешка партија АНО беа првите членки на алијансата Патриоти за Европа кога беше промовирана кон крајот на минатиот месец.

Шпанската крајно десничарска „Вокс“ и португалската крајнодесничарска партија „Чега“, исто така неодамна соопштија дека ќе се приклучат.

Со најавата на Вилдерс, новата група ќе има европратеници од шест земји – за статус на група во Европскиот парламент потребно е членство на европратеници од најмалку седум земји.

Засега, Алтернатива за Германија (АфД) одби да се приклучи.

The post Холандската екстремно десничарска партија ќе се приклучи на новиот сојуз на Орбан во Европарламентот appeared first on Република.

]]>

Холандска екстремно десничарска националистичка Партија на слободата (ПВВ) ќе се приклучи на новиот сојуз на истомисленици во Европскиот парламент, соопшти нејзиниот лидер. Наречен Патриоти за Европа, сојузот неодамна го формираше унгарскиот премиер Виктор Орбан, потсетува ДПА. Ние сме патриоти на ПВВ, ја сакаме нашата нација. Силна и суверена. Се спротивставуваме на илегалната имиграција. Ние ги браниме мирот и слободата. И ја поддржуваме Украина. Го штитиме нашето јудео-христијанско наследство. И нашите семејства, напиша синоќа на Х лидерот на ПВВ Герт Вилдерс. - Сакаме да ги комбинираме силите во ЕП и гордо ќе се приклучиме на Патриоти за Европа!, нагласи тој. Партијата на Вилдерс победи на парламентарните избори во Холандија во ноември минатата година. ПВВ е најголемата партија во новата десничарска коалиција која положи заклетва во вторникот. Дик Шуф, поранешен шеф на холандската разузнавачка служба, е премиер. На јунските избори за Европскиот парламент, ПВВ освои шест пратенички места. Партијата Фидес на Орбан, австриската крајнодесничарска Партија на слободата и популистичката чешка партија АНО беа првите членки на алијансата Патриоти за Европа кога беше промовирана кон крајот на минатиот месец. Шпанската крајно десничарска „Вокс“ и португалската крајнодесничарска партија „Чега“, исто така неодамна соопштија дека ќе се приклучат. Со најавата на Вилдерс, новата група ќе има европратеници од шест земји – за статус на група во Европскиот парламент потребно е членство на европратеници од најмалку седум земји. Засега, Алтернатива за Германија (АфД) одби да се приклучи.

The post Холандската екстремно десничарска партија ќе се приклучи на новиот сојуз на Орбан во Европарламентот appeared first on Република.

]]>
Европарламентот го усвои Извештајот за Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/evroparlamentot-go-usvoi-izveshtajot-za-makedonija/ Thu, 19 May 2022 12:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=504386

Европските парламентарци попладнево со 508 гласа „за“ и 56 „против“ го усвоија Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот на Европскиот парламент, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, усвојувајќи притоа и некои од контроверзните амандмани, јави дописничката на МИА од Брисел.

Извештајот го поздравува реформскиот напредок на земјата и инсистира на имплементација на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Европратениците ги одобрија спорните амандмани 75б, 79 и 80, за кои предупреди Институтот за европска политика (ЕПИ) дека претставуваат поткопување на основните стандарди вредности на ЕУ.

Амандманот 75б се однесува на историското помирување и „заедничка историја“, со што според ЕПИ, Европскиот парламент го одобрува притисокот што го врши Бугарија за да се толкува историјата на нивен начин.

Амандманот 79, кој исто така е усвоен, се оценува како притисок врз заедничката Комисија за историски и образовни прашања, која треба да работи независно и без никакви политички притисоци.

Конечно амандманот 80, се коси со проценката на Европската Комисија, бидејќи гласи оти нема напредок во имплементацијата на Договорот за пријателство меѓу земјава и Бугарија од 2017, што не е став на Европската комисија во нејзиниот последен извештај во 2021, предупреди ЕПИ.

Освен тоа неколку европратеници од бугарската националистичката ВМРО – Бугарско национално движење во текот на расправата пред гласањето ја нареко Македонија „геноцидна кон Бугарите“.

Европратеникот Андреј Слабаков дури оцени дека без бараните бугарски промени, членството на Македонија е рамно на „тумор за ЕУ“.

The post Европарламентот го усвои Извештајот за Македонија appeared first on Република.

]]>

Европските парламентарци попладнево со 508 гласа „за“ и 56 „против“ го усвоија Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот на Европскиот парламент, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, усвојувајќи притоа и некои од контроверзните амандмани, јави дописничката на МИА од Брисел. Извештајот го поздравува реформскиот напредок на земјата и инсистира на имплементација на Договорот за добрососедство со Бугарија. Европратениците ги одобрија спорните амандмани 75б, 79 и 80, за кои предупреди Институтот за европска политика (ЕПИ) дека претставуваат поткопување на основните стандарди вредности на ЕУ. Амандманот 75б се однесува на историското помирување и „заедничка историја“, со што според ЕПИ, Европскиот парламент го одобрува притисокот што го врши Бугарија за да се толкува историјата на нивен начин. Амандманот 79, кој исто така е усвоен, се оценува како притисок врз заедничката Комисија за историски и образовни прашања, која треба да работи независно и без никакви политички притисоци. Конечно амандманот 80, се коси со проценката на Европската Комисија, бидејќи гласи оти нема напредок во имплементацијата на Договорот за пријателство меѓу земјава и Бугарија од 2017, што не е став на Европската комисија во нејзиниот последен извештај во 2021, предупреди ЕПИ. Освен тоа неколку европратеници од бугарската националистичката ВМРО – Бугарско национално движење во текот на расправата пред гласањето ја нареко Македонија „геноцидна кон Бугарите“. Европратеникот Андреј Слабаков дури оцени дека без бараните бугарски промени, членството на Македонија е рамно на „тумор за ЕУ“.

The post Европарламентот го усвои Извештајот за Македонија appeared first on Република.

]]>
Европарламентот ја одбележува 20-годишнина од еврото https://republika.mk/vesti/svet/evroparlamentot-ja-odbelezuva-20-godishnina-od-evroto/ Mon, 14 Feb 2022 14:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=458450

Денеска европратениците ќе ја одбележат 20-годишнината од еврото и ќе разговараат со претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард за работата на ЕЦБ во минатата година.Сесијата ќе започне со церемонија за одбележување на 20 години од Еврото. Говор ќе имаат претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард, комесарот за економија Паоло Џентилони и Ирене Тинагли, претседателка на Комитетот за економски и монетарни прашања.

По церемонијата, европратениците ќе дебатираат со претседателката на ЕЦБ Лагард за работата на Европската централна банка во 2021 година и за состојбата на економијата на ЕУ. Дебатата доаѓа во особено важен момент со пораст на инфлацијата и, во исто време, постпандемиско економско закрепнување кое сè уште е во првите денови.

The post Европарламентот ја одбележува 20-годишнина од еврото appeared first on Република.

]]>

Денеска европратениците ќе ја одбележат 20-годишнината од еврото и ќе разговараат со претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард за работата на ЕЦБ во минатата година.Сесијата ќе започне со церемонија за одбележување на 20 години од Еврото. Говор ќе имаат претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард, комесарот за економија Паоло Џентилони и Ирене Тинагли, претседателка на Комитетот за економски и монетарни прашања. По церемонијата, европратениците ќе дебатираат со претседателката на ЕЦБ Лагард за работата на Европската централна банка во 2021 година и за состојбата на економијата на ЕУ. Дебатата доаѓа во особено важен момент со пораст на инфлацијата и, во исто време, постпандемиско економско закрепнување кое сè уште е во првите денови.

The post Европарламентот ја одбележува 20-годишнина од еврото appeared first on Република.

]]>