еврејска секта Archives - Република https://republika.mk/tema/evrejska-sekta/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Feb 2022 14:37:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еврејска секта Archives - Република https://republika.mk/tema/evrejska-sekta/ 32 32 Повеќе скопски хотели одбиле да ги сместат припадниците на еврејската група, тие се пожалија дека полицијата повеќе им одмогнала од помогнала https://republika.mk/vesti/makedonija/povekje-skopski-hoteli-odbile-da-gi-smestat-pripadnicite-na-evrejskata-grupa-tie-se-pozalija-deka-policijata-povekje-im-odmognala-od-pomognala/ Wed, 16 Feb 2022 14:37:42 +0000 https://republika.mk/?p=459440

Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти дека низата инциденти и зголемениот говор на омраза насочени против припадници на еврејската религиозна група „Лев Тахор“, кои привремено престојуваат во нашата држава, го покажуваат ниското ниво на толеранција кон различните и високиот степен на ксенофобија во општеството.

Според Хелсиншкиот комитет, и покрај тоа што Министерството за внатрешни работи, односно Агенцијата за национална безбедност, веднаш излезе со информации дека оваа група има привремен и регулиран престој во земјава и дека таа не претставува никаква опасност по безбедноста на граѓаните, тоа не ги спречи изливите на омраза кон нив и нападите со камења и јајца со кои им беше загрозена нивната сигурност.

Како што посочуваат од Хелсиншки комитет, притисокот со кој се соочиле овие лица во Куманово, продолжил и во Скопје, каде на 15 февруари 2022 година повеќе хотели одбиле да ја сместат групата, а нејзин член јавно се пожали дека полицијата повеќе им одмагала, отколку што помогнала.

Хелсиншкиот комитет за човекови права оценува дека е загрижувачки што омразата кон луѓе од други култури и религиозни групи веќе одамна не е инцидентна појава во нашето општество.

За време на бегалската криза 2016-2018 година, говорот на омраза кон мигрантите и бегалците, од политички причини беше постојано засилуван со лажни вести и дезинформации, кои дополнително влијаеа за раст на ксенофобијата кај населението. Таквата реторика остава долгорочни предрасуди и последици врз ставовите на луѓето и ја руши сликата за гостопримлива и толерантна земја, како што сакаме да се нарекуваме. Тоа е причината што ваквите сентименти се повторуваат во различни прилики, како говорот на омраза кон авганистанските бегалци кои летоска беа привремено сместени во земјава, или во спорадични инциденти, како што беше нападот на расна основа врз група Корејци на почетокот на пандемијата на Ковид-19 во 2020 година, оценуваат во соопштение.

Од Хелсиншкиот комитет констатираат дека во овој, но и во останатите споменати случаи, своја улога имаат и дел од медиумите, кои со своето неодговорно и тенденциозно известување придонесуваат за јакнење на ксенофобичните чувства кај граѓаните, а кои понатаму водат и до извршување на дела од омраза.

Апелираме надлежните институции внимателно да го следат овој случај и да обезбедат навремена заштита согласно меѓународните стандарди. Истовремено, апелираме и внимателно да се следи говорот на омраза на социјалните медиуми, кој може да предизвика понатамошни непосакувани инциденти, се наведува во сооптението на Хелсиншкиот комитет.

The post Повеќе скопски хотели одбиле да ги сместат припадниците на еврејската група, тие се пожалија дека полицијата повеќе им одмогнала од помогнала appeared first on Република.

]]>

Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти дека низата инциденти и зголемениот говор на омраза насочени против припадници на еврејската религиозна група „Лев Тахор“, кои привремено престојуваат во нашата држава, го покажуваат ниското ниво на толеранција кон различните и високиот степен на ксенофобија во општеството. Според Хелсиншкиот комитет, и покрај тоа што Министерството за внатрешни работи, односно Агенцијата за национална безбедност, веднаш излезе со информации дека оваа група има привремен и регулиран престој во земјава и дека таа не претставува никаква опасност по безбедноста на граѓаните, тоа не ги спречи изливите на омраза кон нив и нападите со камења и јајца со кои им беше загрозена нивната сигурност. Како што посочуваат од Хелсиншки комитет, притисокот со кој се соочиле овие лица во Куманово, продолжил и во Скопје, каде на 15 февруари 2022 година повеќе хотели одбиле да ја сместат групата, а нејзин член јавно се пожали дека полицијата повеќе им одмагала, отколку што помогнала. Хелсиншкиот комитет за човекови права оценува дека е загрижувачки што омразата кон луѓе од други култури и религиозни групи веќе одамна не е инцидентна појава во нашето општество.
За време на бегалската криза 2016-2018 година, говорот на омраза кон мигрантите и бегалците, од политички причини беше постојано засилуван со лажни вести и дезинформации, кои дополнително влијаеа за раст на ксенофобијата кај населението. Таквата реторика остава долгорочни предрасуди и последици врз ставовите на луѓето и ја руши сликата за гостопримлива и толерантна земја, како што сакаме да се нарекуваме. Тоа е причината што ваквите сентименти се повторуваат во различни прилики, како говорот на омраза кон авганистанските бегалци кои летоска беа привремено сместени во земјава, или во спорадични инциденти, како што беше нападот на расна основа врз група Корејци на почетокот на пандемијата на Ковид-19 во 2020 година, оценуваат во соопштение.
Од Хелсиншкиот комитет констатираат дека во овој, но и во останатите споменати случаи, своја улога имаат и дел од медиумите, кои со своето неодговорно и тенденциозно известување придонесуваат за јакнење на ксенофобичните чувства кај граѓаните, а кои понатаму водат и до извршување на дела од омраза.
Апелираме надлежните институции внимателно да го следат овој случај и да обезбедат навремена заштита согласно меѓународните стандарди. Истовремено, апелираме и внимателно да се следи говорот на омраза на социјалните медиуми, кој може да предизвика понатамошни непосакувани инциденти, се наведува во сооптението на Хелсиншкиот комитет.

The post Повеќе скопски хотели одбиле да ги сместат припадниците на еврејската група, тие се пожалија дека полицијата повеќе им одмогнала од помогнала appeared first on Република.

]]>
Еврејската секта заминува од Куманово https://republika.mk/vesti/makedonija/evrejskata-sekta-zaminuva-od-kumanovo/ Mon, 14 Feb 2022 19:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=458553

Членовите на еврејска религиозна група Лев Таор, кои од четвртокот престојуваат во населбата Зелен Рид се подготвуваат да си заминат од Куманово. Тоа ќе се случи во текот на вечерта или најдоцна утре, дознава „Куманово њуз“ од полициски извори.

Претходно, врз куќите каде се сместени припадниците на контроверзната секта, беа фрлани јајца и камења, а искршена беше и една од капиите.

https://republika.mk/vesti/makedonija/frlani-jajca-i-iskrshena-vrata-na-kukjite-vo-koi-se-doseli-evrejskata-sekta/

The post Еврејската секта заминува од Куманово appeared first on Република.

]]>

Членовите на еврејска религиозна група Лев Таор, кои од четвртокот престојуваат во населбата Зелен Рид се подготвуваат да си заминат од Куманово. Тоа ќе се случи во текот на вечерта или најдоцна утре, дознава „Куманово њуз“ од полициски извори. Претходно, врз куќите каде се сместени припадниците на контроверзната секта, беа фрлани јајца и камења, а искршена беше и една од капиите. https://republika.mk/vesti/makedonija/frlani-jajca-i-iskrshena-vrata-na-kukjite-vo-koi-se-doseli-evrejskata-sekta/

The post Еврејската секта заминува од Куманово appeared first on Република.

]]>
Фрлани јајца и искршена врата на куќите во кои се досели еврејската секта https://republika.mk/vesti/makedonija/frlani-jajca-i-iskrshena-vrata-na-kukjite-vo-koi-se-doseli-evrejskata-sekta/ Mon, 14 Feb 2022 17:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=458527

Траги од фрлени јајца сè уште беа пред една од куќите во кои престојуваат припадници на еврејската група кои од четврток се наоѓаат во Куманово, пренесува „Телма“. Според сведоштвата од соседите за телевизијата, синоќа поголема група млади се собрала пред куќата и викале кон дојденците, а фрлале и со јајца и камења кон објекетот. Дури била искорната и влезната метална порта, која денеска е повторно заварена.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-bara-bezbednosnite-sluzbi-da-ja-sledat-evrejskata-sekta-vo-kumanovo/

Еден од припадниците на оваа еврејска религиозна група ја отвори вратата на куќата и поразговара со новинарката на „Телма“.

Сакаме да се чувствуваме безбедно, но во овој момент не знам како да чувствувам безбедно бидејќи луѓето доаѓаат тука и... Јас разбирам да не нè сакаат, ама да доаѓаат тука и да фрлаат тука по куќата. Тоа е…, вели припадникот на групата Лев Таор, контроверзна еврејска религиозна група чии припадници постојано се селат од една во друга држава.

Во Куманово дојдоа од Босна, а сместени се во две куќи, во една се мажите, во друга се жените и децата.

Од полицијата во Куманово велат дека нападите со јајца и камења како и оштетување на приватен имот не се пријавени.

 

The post Фрлани јајца и искршена врата на куќите во кои се досели еврејската секта appeared first on Република.

]]>

Траги од фрлени јајца сè уште беа пред една од куќите во кои престојуваат припадници на еврејската група кои од четврток се наоѓаат во Куманово, пренесува „Телма“. Според сведоштвата од соседите за телевизијата, синоќа поголема група млади се собрала пред куќата и викале кон дојденците, а фрлале и со јајца и камења кон објекетот. Дури била искорната и влезната метална порта, која денеска е повторно заварена. https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-bara-bezbednosnite-sluzbi-da-ja-sledat-evrejskata-sekta-vo-kumanovo/ Еден од припадниците на оваа еврејска религиозна група ја отвори вратата на куќата и поразговара со новинарката на „Телма“.
Сакаме да се чувствуваме безбедно, но во овој момент не знам како да чувствувам безбедно бидејќи луѓето доаѓаат тука и... Јас разбирам да не нè сакаат, ама да доаѓаат тука и да фрлаат тука по куќата. Тоа е…, вели припадникот на групата Лев Таор, контроверзна еврејска религиозна група чии припадници постојано се селат од една во друга држава.
Во Куманово дојдоа од Босна, а сместени се во две куќи, во една се мажите, во друга се жените и децата. Од полицијата во Куманово велат дека нападите со јајца и камења како и оштетување на приватен имот не се пријавени.  

The post Фрлани јајца и искршена врата на куќите во кои се досели еврејската секта appeared first on Република.

]]>
Димитриевски бара безбедносните служби да ја следат еврејската секта во Куманово https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-bara-bezbednosnite-sluzbi-da-ja-sledat-evrejskata-sekta-vo-kumanovo/ Mon, 14 Feb 2022 12:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=458351

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во емисијата „Студи 10“ на ТВ24 вели дека бројната еврејска секта која ненадејно се насели во овој град е добредојдена доколку се однесува според правилата и прописите, но граѓаните се вознемирени затоа што се движат во големи групи и се облекуваат неконвенционално.

„Видете, Куманово е мултикултурен град, навикнати сме на различности, добив поголем број на пораки од граѓани кои вараат од мене да се вклучам по ова прашање. Имаме гости кои се облекуваат поразлично и се движат во групи,. Тоа е секта која потекнува од Израел. Во Куманово се добредојдени ако ги почитуваат прописите и правилата во градот.

Чудно е движењето во групи и облекувањето, но МВР е органот кој дава времена дозвола за престој. Во рок од 48 часа доколку не сте сместени во хотел мора да се пријавите во подрачното одделение на МВР, или да ве пријават хотелските служби доколку сте во хотел.

Имам информација дека овие луѓе во краток временски период планираат да си заминат од Куманово, но имаме безбедносни служби кои треба да го следат овој процес.По службена должност, командираот и началникот барем усмено треба да ме информиаат за тоа што се случува, но за жал соработкаата е на многу ниско ниво. Од она што јас го знам, тие се сместени во населба „Гоце Делчев“ во приватни куќи“, рече Димитриевски.

Еврејските верници најверојатно припаѓаат на ортодоксната верска група „Лев Тахор“, која се противи на државното уредување и живеат по свои правила. Ваква група до минатата недела престојувала во Сараево, Босна и Херцеговина, па според тамошните медиуми, не ѝ било дозволено да го продолжи престојот и  дошла во Македонија.

The post Димитриевски бара безбедносните служби да ја следат еврејската секта во Куманово appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во емисијата „Студи 10“ на ТВ24 вели дека бројната еврејска секта која ненадејно се насели во овој град е добредојдена доколку се однесува според правилата и прописите, но граѓаните се вознемирени затоа што се движат во големи групи и се облекуваат неконвенционално.
„Видете, Куманово е мултикултурен град, навикнати сме на различности, добив поголем број на пораки од граѓани кои вараат од мене да се вклучам по ова прашање. Имаме гости кои се облекуваат поразлично и се движат во групи,. Тоа е секта која потекнува од Израел. Во Куманово се добредојдени ако ги почитуваат прописите и правилата во градот.
Чудно е движењето во групи и облекувањето, но МВР е органот кој дава времена дозвола за престој. Во рок од 48 часа доколку не сте сместени во хотел мора да се пријавите во подрачното одделение на МВР, или да ве пријават хотелските служби доколку сте во хотел. Имам информација дека овие луѓе во краток временски период планираат да си заминат од Куманово, но имаме безбедносни служби кои треба да го следат овој процес.По службена должност, командираот и началникот барем усмено треба да ме информиаат за тоа што се случува, но за жал соработкаата е на многу ниско ниво. Од она што јас го знам, тие се сместени во населба „Гоце Делчев“ во приватни куќи“, рече Димитриевски. Еврејските верници најверојатно припаѓаат на ортодоксната верска група „Лев Тахор“, која се противи на државното уредување и живеат по свои правила. Ваква група до минатата недела престојувала во Сараево, Босна и Херцеговина, па според тамошните медиуми, не ѝ било дозволено да го продолжи престојот и  дошла во Македонија.

The post Димитриевски бара безбедносните служби да ја следат еврејската секта во Куманово appeared first on Република.

]]>