Евгени Пригожин Archives - Република https://republika.mk/tema/evgeni-prigozhin/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Sep 2023 08:11:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Евгени Пригожин Archives - Република https://republika.mk/tema/evgeni-prigozhin/ 32 32 Кој e погребан, Пригожин или неговиот двојник Леонид? https://republika.mk/vesti/svet/koj-e-pogreban-prigozhin-ili-negoviot-dvojnik-leonid/ Sun, 03 Sep 2023 06:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=678181

Кој е погребан во гробот на Пригожин, Евгениј или неговиот двојник Леонид.Овој сомнеж се јави откако на неговиот гроб беше забележана Ирина Красавин, сопруга на Леонид Красавин, главниот двојник на Пригожин.

Тоа ги подгреа сомневањата дека Евгенија е жив и здрав а дека во авионот всушнност бил Леонид кој имал и пасош со податоците на Евгениј но со негова фотографија.

 

 

The post Кој e погребан, Пригожин или неговиот двојник Леонид? appeared first on Република.

]]>

Кој е погребан во гробот на Пригожин, Евгениј или неговиот двојник Леонид.Овој сомнеж се јави откако на неговиот гроб беше забележана Ирина Красавин, сопруга на Леонид Красавин, главниот двојник на Пригожин. Тоа ги подгреа сомневањата дека Евгенија е жив и здрав а дека во авионот всушнност бил Леонид кој имал и пасош со податоците на Евгениј но со негова фотографија.    

The post Кој e погребан, Пригожин или неговиот двојник Леонид? appeared first on Република.

]]>
Мистерозна порака на гробот на Пригожин https://republika.mk/vesti/svet/misterozna-poraka-na-grobot-na-prigozhin/ Thu, 31 Aug 2023 20:33:14 +0000 https://republika.mk/?p=677537

На гробот на шефот на Вагнер има врамена песна од нобеловецот Јосиф Бродски „Мајка му зборува на Христос“ испечатена на лист. Песната длабоко ја отсликува болката на мајката која се врти кон Бога, но на социјалните мрежи веднаш започна полемика поради текстот „Дали си мој син или боже? Односно, дали си мртов или жив?...“, со алузии дека Пригожин всушност не загинал во авионска несреќа и затоа не бил погребан таму.

Ова се стиховите:

Мајка му зборува на Христос
- Дали си мој син или мој?
Бог? Ти си распнат на крстот.
Како сега да си одам дома?

Како ќе го поминам прагот,
Не разбирајќи што би било:
Дали си мој син или Бог?
Односно, дали си мртов или жив?

Тој ѝ го подготвува одговорот:
- Мртов или жив,
нема разлика жено.
Без разлика дали е син или Бог, јас сум твој.

The post Мистерозна порака на гробот на Пригожин appeared first on Република.

]]>

На гробот на шефот на Вагнер има врамена песна од нобеловецот Јосиф Бродски „Мајка му зборува на Христос“ испечатена на лист. Песната длабоко ја отсликува болката на мајката која се врти кон Бога, но на социјалните мрежи веднаш започна полемика поради текстот „Дали си мој син или боже? Односно, дали си мртов или жив?...“, со алузии дека Пригожин всушност не загинал во авионска несреќа и затоа не бил погребан таму. Ова се стиховите: Мајка му зборува на Христос - Дали си мој син или мој? Бог? Ти си распнат на крстот. Како сега да си одам дома? Како ќе го поминам прагот, Не разбирајќи што би било: Дали си мој син или Бог? Односно, дали си мртов или жив? Тој ѝ го подготвува одговорот: - Мртов или жив, нема разлика жено. Без разлика дали е син или Бог, јас сум твој.

The post Мистерозна порака на гробот на Пригожин appeared first on Република.

]]>
Путин нема да присуствува на погребот на Пригожин https://republika.mk/vesti/svet/putin-nema-da-prisustvuva-na-pogrebot-na-prigozhin/ Tue, 29 Aug 2023 10:02:03 +0000 https://republika.mk/?p=676871

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на водачот на платениците на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој загина при урнувањето на неговиот авион минатата недела, соопшти денеска Кремљ.

Авионската несреќа се случи два месеци откако Пригожин и неговите платеници започнаа бунт против највисоките воени команданти на Путин, во кој ја презедоа контролата врз јужниот град Ростов и напредуваа кон Москва пред да се вратат кога беа на 200 километри од главниот град.

„Присуството на претседателот не е предвидено“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите на прашањето дали Путин ќе присуствува.

Песков рече дека Кремљ нема конкретни информации за погребот кој го организира семејството.

Инспекторите во неделата соопштија дека генетските тестови потврдиле дека Пригожин бил меѓу 10-те лица кои загинале во авионот.

Кремљ ја отфрли како „апсолутна лага“ сугестијата на некои западни политичари и коментатори дека Путин го наредил убиството на Пригожин од одмазда.

 

The post Путин нема да присуствува на погребот на Пригожин appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на водачот на платениците на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој загина при урнувањето на неговиот авион минатата недела, соопшти денеска Кремљ. Авионската несреќа се случи два месеци откако Пригожин и неговите платеници започнаа бунт против највисоките воени команданти на Путин, во кој ја презедоа контролата врз јужниот град Ростов и напредуваа кон Москва пред да се вратат кога беа на 200 километри од главниот град. „Присуството на претседателот не е предвидено“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите на прашањето дали Путин ќе присуствува. Песков рече дека Кремљ нема конкретни информации за погребот кој го организира семејството. Инспекторите во неделата соопштија дека генетските тестови потврдиле дека Пригожин бил меѓу 10-те лица кои загинале во авионот. Кремљ ја отфрли како „апсолутна лага“ сугестијата на некои западни политичари и коментатори дека Путин го наредил убиството на Пригожин од одмазда.  

The post Путин нема да присуствува на погребот на Пригожин appeared first on Република.

]]>
Пронајден е вториот дел од авионот „Ембраер“ во кој загина Пригожин https://republika.mk/vesti/svet/pronajden-e-vtoriot-del-od-avionot-embraer-vo-koj-zagina-prigozhin/ Fri, 25 Aug 2023 17:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=675850

Пронајден е вториот дел од авионот „Ембраер“ во кој завчера вечер загина лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

Локацијата на која е пронајден вториот дел од авионот може да биде многу важна за истрагата за причината за авионската несреќа во која загина Пригожин.

Руските медиуми објавија и видео од вториот дел од авионот на Пригожин, кој се состои од крила и опрема за слетување, на кои нема траги од делување на противвоздушна одбрана.

 

The post Пронајден е вториот дел од авионот „Ембраер“ во кој загина Пригожин appeared first on Република.

]]>

Пронајден е вториот дел од авионот „Ембраер“ во кој завчера вечер загина лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Локацијата на која е пронајден вториот дел од авионот може да биде многу важна за истрагата за причината за авионската несреќа во која загина Пригожин. Руските медиуми објавија и видео од вториот дел од авионот на Пригожин, кој се состои од крила и опрема за слетување, на кои нема траги од делување на противвоздушна одбрана.  

The post Пронајден е вториот дел од авионот „Ембраер“ во кој загина Пригожин appeared first on Република.

]]>
Пилотот на авионот не знаел дека го вози Пригожин https://republika.mk/vesti/svet/pilotot-na-avionot-ne-znael-deka-go-vozi-prigozhin/ Thu, 24 Aug 2023 08:59:39 +0000 https://republika.mk/?p=675269

Таткото на Рустам Каримов (29), пилотот кој вчера се урна во Русија, а во кој бил шефот на Вагнер груп, Евгениј Пригожин, почнал да работи во компанијата пред само три месеци.

Како што вели таткото на Рустам, непосредно пред летот и се јавил на мајка си и и рекол дека оди на патување. Немаа поим дека никогаш повеќе нема да го видат.

Тој откри дека неговиот син завршил пилотска академија во 2014 година, а се оженил пред неколку години.

Рустам повторно остана без работа со почетокот на војната во Украина и дека неодамна почнал да работи во компанијата која го поседувала авионот што се урна.

.Тој тврди дека Рустам не можел да знае кои се неговите патници во летот, а особено не дали меѓу нив бил и Евгениј Пригожин.

https://republika.mk/vesti/svet/ofitsijalno-prigozhin-e-mrtov/

The post Пилотот на авионот не знаел дека го вози Пригожин appeared first on Република.

]]>

Таткото на Рустам Каримов (29), пилотот кој вчера се урна во Русија, а во кој бил шефот на Вагнер груп, Евгениј Пригожин, почнал да работи во компанијата пред само три месеци. Како што вели таткото на Рустам, непосредно пред летот и се јавил на мајка си и и рекол дека оди на патување. Немаа поим дека никогаш повеќе нема да го видат. Тој откри дека неговиот син завршил пилотска академија во 2014 година, а се оженил пред неколку години. Рустам повторно остана без работа со почетокот на војната во Украина и дека неодамна почнал да работи во компанијата која го поседувала авионот што се урна. .Тој тврди дека Рустам не можел да знае кои се неговите патници во летот, а особено не дали меѓу нив бил и Евгениј Пригожин. https://republika.mk/vesti/svet/ofitsijalno-prigozhin-e-mrtov/

The post Пилотот на авионот не знаел дека го вози Пригожин appeared first on Република.

]]>
Официјално: Пригожин е мртов https://republika.mk/vesti/svet/ofitsijalno-prigozhin-e-mrtov/ Thu, 24 Aug 2023 07:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=675173

Каналот „Сива зона“ на Телеграм, кој Пригожин го користеше за ширење на своите видео-пораки, во средата вечерта ја објави смртта на шефот на приватната армија Вагнер. „Шефот на Вагнер, руски херој и вистински патриот загина последица на дејствување на предавниците на Русија. Но, тој и во пеколот ќе биде најдобар. Слава на Русија!“, објавија на каналот „Сива зона“.

Федералната руска агенција за воздушен сообраќај Росавиазија објави листа на патници од настраданиот авион, на која покрај Пригожин, се наоѓа и името на официјалниот командант на Вагнер, Дмитри Уткин. Сите десет патници во приватниот авион од типот Ембраер, кој наводно бил на пат од Санкт Петербург кон Москва и кој се урна синоќа во Твер, регион на сто километри од руската престолнина, загинале, соопшти руската Служба за цивилна заштита.

 

 

The post Официјално: Пригожин е мртов appeared first on Република.

]]>

Каналот „Сива зона“ на Телеграм, кој Пригожин го користеше за ширење на своите видео-пораки, во средата вечерта ја објави смртта на шефот на приватната армија Вагнер. „Шефот на Вагнер, руски херој и вистински патриот загина последица на дејствување на предавниците на Русија. Но, тој и во пеколот ќе биде најдобар. Слава на Русија!“, објавија на каналот „Сива зона“.
Федералната руска агенција за воздушен сообраќај Росавиазија објави листа на патници од настраданиот авион, на која покрај Пригожин, се наоѓа и името на официјалниот командант на Вагнер, Дмитри Уткин. Сите десет патници во приватниот авион од типот Ембраер, кој наводно бил на пат од Санкт Петербург кон Москва и кој се урна синоќа во Твер, регион на сто километри од руската престолнина, загинале, соопшти руската Служба за цивилна заштита.    

The post Официјално: Пригожин е мртов appeared first on Република.

]]>
Нема да остане неказнет: Шефот на ЦИА смета дека Путин му подготвува одмазда на Пригожин https://republika.mk/vesti/svet/nema-da-ostane-nekaznet-shefot-na-tsia-smeta-deka-putin-mu-podgotvuva-odmazda-na-prigozhin/ Fri, 21 Jul 2023 07:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=663758

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс тврди дека рускиот претседател Владимир Путин веројатно сè уште размислува како да се справи со шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Пред еден месец, платениците на Вагнер и нивниот шеф организираа бунт во Русија.

Бунтот на Вагнер откри значајни слабости во системот на моќ што го изгради Путин. Путин сè уште бара одмазда против Пригожин, рече Бернс вчера на форумот за безбедност во Аспен, пренесе Би-би-си.

Пригожин се пресели, но не е јасно каде е сега бидејќи неодамна беше во главниот град на Белорусија, Минск, но и во Русија. Шефот на ЦИА смета дека Путин се обидува да купи време додека да смисли како најдобро да се справи со Пригожин.

Платениците на Вагнер сè уште имаат вредност за руското раководство во места како Африка, Либија и Сирија, така што Путин најверојатно ќе се обиде да ја одвои групата од нејзиниот водач, рече Барнс. Тој додаде дека Путин би можел да почека со одмаздата.

Путин е некој кој мисли дека одмаздата е јадење кое најдобро се служи ладно. Според моето искуство, Путин е врвниот апостол на одмаздата, па би бил изненаден доколку Пригожин избегне понатамошна одмазда, рече Барнс.

Претходно овој месец, американскиот претседател Џо Бајден посочи дека постои ризик шефот на Вагнер да биде отруен. „Да бев на негово место, ќе внимавав што јадам. Ќе внимавав на моето мени“, коментираше Бајден.

Директорот на ЦИА исто мисли како Бајден. „Да бев на местото Пригожин, немаше да го отпуштам мојот дегустатор на храна“, рече тој, додавајќи дека ЦИА имала информации за бунтот на Вагнер.

Според извештаите, за бунтот однапред знаел и високиот генерал на руската армија Сергеј Суровикин. Брнс вели дека Суровикин ја нема истата слобода на движење како Пригожин.

- Бунтот на Вагнер беше најдиректниот напад што Путин го видел во неговите 23 години на власт. Оправдувањето на Кремљ за војната во Украина е изградено врз лаги, рече Барнс.

- Ако Украина постигне понатамошен напредок на бојното поле, тоа би можело да наведе повеќе Руси да обрнат внимание на критиките на Пригожин за војната, нагласи тој.

Шефот на ЦИА додаде дека постојат знаци дека Русија би можела да нападне бродови во Црното Море, а потоа да ги обвини Украинците за тоа, јави Би-би-си.

The post Нема да остане неказнет: Шефот на ЦИА смета дека Путин му подготвува одмазда на Пригожин appeared first on Република.

]]>

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс тврди дека рускиот претседател Владимир Путин веројатно сè уште размислува како да се справи со шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин. Пред еден месец, платениците на Вагнер и нивниот шеф организираа бунт во Русија. Бунтот на Вагнер откри значајни слабости во системот на моќ што го изгради Путин. Путин сè уште бара одмазда против Пригожин, рече Бернс вчера на форумот за безбедност во Аспен, пренесе Би-би-си. Пригожин се пресели, но не е јасно каде е сега бидејќи неодамна беше во главниот град на Белорусија, Минск, но и во Русија. Шефот на ЦИА смета дека Путин се обидува да купи време додека да смисли како најдобро да се справи со Пригожин. Платениците на Вагнер сè уште имаат вредност за руското раководство во места како Африка, Либија и Сирија, така што Путин најверојатно ќе се обиде да ја одвои групата од нејзиниот водач, рече Барнс. Тој додаде дека Путин би можел да почека со одмаздата. Путин е некој кој мисли дека одмаздата е јадење кое најдобро се служи ладно. Според моето искуство, Путин е врвниот апостол на одмаздата, па би бил изненаден доколку Пригожин избегне понатамошна одмазда, рече Барнс. Претходно овој месец, американскиот претседател Џо Бајден посочи дека постои ризик шефот на Вагнер да биде отруен. „Да бев на негово место, ќе внимавав што јадам. Ќе внимавав на моето мени“, коментираше Бајден. Директорот на ЦИА исто мисли како Бајден. „Да бев на местото Пригожин, немаше да го отпуштам мојот дегустатор на храна“, рече тој, додавајќи дека ЦИА имала информации за бунтот на Вагнер. Според извештаите, за бунтот однапред знаел и високиот генерал на руската армија Сергеј Суровикин. Брнс вели дека Суровикин ја нема истата слобода на движење како Пригожин. - Бунтот на Вагнер беше најдиректниот напад што Путин го видел во неговите 23 години на власт. Оправдувањето на Кремљ за војната во Украина е изградено врз лаги, рече Барнс. - Ако Украина постигне понатамошен напредок на бојното поле, тоа би можело да наведе повеќе Руси да обрнат внимание на критиките на Пригожин за војната, нагласи тој. Шефот на ЦИА додаде дека постојат знаци дека Русија би можела да нападне бродови во Црното Море, а потоа да ги обвини Украинците за тоа, јави Би-би-си.

The post Нема да остане неказнет: Шефот на ЦИА смета дека Путин му подготвува одмазда на Пригожин appeared first on Република.

]]>
Пригожин е веќе мртов, тврди американски генерал https://republika.mk/vesti/svet/prigozhin-e-veke-mrtov-tvrdi-amerikanski-general/ Thu, 13 Jul 2023 09:11:54 +0000 https://republika.mk/?p=660757

Шефот на бунтовничката платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, веројатно е или мртов или во затвор, вели поранешен висок американски воен лидер.

Неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин по неуспешниот пуч најверојатно била лажирана, додава тој.

Пензионираниот генерал Роберт Абрамс, соработник на ABC News, кој претходно служеше како командант на американските сили во Кореја, ги сподели своите размислувања за неизвесната судбина на Пригожин по краткотрајниот вооружен бунт на Вагнер групата минатиот месец.

- Моја лична проценка е дека се сомневам дека некогаш повторно ќе го видиме Пригожин јавно - изјави Абрамас за ABC News.

- Мислам дека или ќе го сокријат, или ќе го пратат во затвор, или ќе се справат со него на некој друг начин, но се сомневам дека некогаш повторно ќе го видиме. -

Запрашан дали мисли дека бизнисменот милијардер е жив откако му го постави најзначајниот предизвик на режимот на Путин откако дојде на власт во 1999 година, Абрамс рече:

„Јас лично мислам дека не е, а ако е, некаде е во затвор.

Пензионираниот генерал со четири ѕвезди, исто така, изрази сомневање за состанокот што портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин го одржал со Пригожин и сите негови високи команданти на Вагнер на 29 јуни, пет дена по прекинатиот бунт.

„Би бил изненаден ако навистина видиме доказ за живот дека Путин се сретнал со Пригожин, и мислам дека тоа е многу инсценирано“, рече Абрамс.

The post Пригожин е веќе мртов, тврди американски генерал appeared first on Република.

]]>

Шефот на бунтовничката платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, веројатно е или мртов или во затвор, вели поранешен висок американски воен лидер. Неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин по неуспешниот пуч најверојатно била лажирана, додава тој. Пензионираниот генерал Роберт Абрамс, соработник на ABC News, кој претходно служеше како командант на американските сили во Кореја, ги сподели своите размислувања за неизвесната судбина на Пригожин по краткотрајниот вооружен бунт на Вагнер групата минатиот месец.
- Моја лична проценка е дека се сомневам дека некогаш повторно ќе го видиме Пригожин јавно - изјави Абрамас за ABC News.
- Мислам дека или ќе го сокријат, или ќе го пратат во затвор, или ќе се справат со него на некој друг начин, но се сомневам дека некогаш повторно ќе го видиме. - Запрашан дали мисли дека бизнисменот милијардер е жив откако му го постави најзначајниот предизвик на режимот на Путин откако дојде на власт во 1999 година, Абрамс рече:
„Јас лично мислам дека не е, а ако е, некаде е во затвор.
Пензионираниот генерал со четири ѕвезди, исто така, изрази сомневање за состанокот што портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин го одржал со Пригожин и сите негови високи команданти на Вагнер на 29 јуни, пет дена по прекинатиот бунт.
„Би бил изненаден ако навистина видиме доказ за живот дека Путин се сретнал со Пригожин, и мислам дека тоа е многу инсценирано“, рече Абрамс.

The post Пригожин е веќе мртов, тврди американски генерал appeared first on Република.

]]>
И тоа се случи: Руската телевизија го нападна Пригожин https://republika.mk/vesti/svet/i-toa-se-sluchi-ruskata-televizija-go-napadna-prigozhin/ Thu, 06 Jul 2023 07:17:39 +0000 https://republika.mk/?p=658516

Руската државна телевизија го нападна шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој започна вооружен бунт минатиот месец, и рече дека „истрагата за тоа што се случи сè уште енергично се води“.

Пригожин, кој е во егзил, ја презеде контролата врз јужниот руски град Ростов на Дон на 24 јуни, зазеде команден центар таму каде Русија ја координира својата војна во Украина и испрати борци кон Москва пред да се откаже откако склучи договор со Кремљ.

Во емисијата „60 минути“ емитувана во средата навечер на државниот ТВ канал Русија-1 е прикажано она што беше најавено како ексклузивна снимка направена за време на полициските рации во канцеларијата на Пригожин во Санкт Петербург и на еден од неговите имоти во тој град.

Водителот на програмата, пратеникот Евгениј Попов, го нарече Пригожин „предавник“, а видеото го презентираше специјално поканет гостин - новинарот Едуард Петров - „како доказ за криминалното минато на Пригожин и лицемерието во прозивките за корупција во вооружените сили“.

На видеото се прикажани кутии полни со пари во неговата канцеларија и купови долари во неговата луксузна резиденција, заедно со, како што се вели, неговиот личен хеликоптер, складиште за оружје, колекција на перики, комплетно опремена просторија за медицински третмани.

„Никој не планираше да го затвори овој случај. Истрагата е во тек“, рече Петров, кој додаде дека „инспекторите заклучиле дека видеото што го користел Пригожин како изговор за започнување на бунтот, на кое се гледа наводен руски напад врз платенички камп, е лажно“.

Петров истакна дека во становите и канцелариите на Пригожин биле пронајдени пари во вредност од 600 милиони рубли (6,58 милиони долари).

Пригожин рече дека Вагнер работи само со готовина, која ја користел за да ги плаќа трошоците. Путин рече дека државата го финансира Вагнер.

Во емисијата беа прикажани повеќе пасоши што ги користел Пригожин, а кои носат различни имиња.

„Не може нормален човек да има толку пасоши. Зошто оваа личност имаше толку чудни овластувања како сериозен водач на некаква криминална група. Мораме да откриеме кој бил на чија страна (во бунтот). Мораме да ги казниме и да ги гониме“, рече Петров. па

The post И тоа се случи: Руската телевизија го нападна Пригожин appeared first on Република.

]]>

Руската државна телевизија го нападна шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој започна вооружен бунт минатиот месец, и рече дека „истрагата за тоа што се случи сè уште енергично се води“. Пригожин, кој е во егзил, ја презеде контролата врз јужниот руски град Ростов на Дон на 24 јуни, зазеде команден центар таму каде Русија ја координира својата војна во Украина и испрати борци кон Москва пред да се откаже откако склучи договор со Кремљ. Во емисијата „60 минути“ емитувана во средата навечер на државниот ТВ канал Русија-1 е прикажано она што беше најавено како ексклузивна снимка направена за време на полициските рации во канцеларијата на Пригожин во Санкт Петербург и на еден од неговите имоти во тој град. Водителот на програмата, пратеникот Евгениј Попов, го нарече Пригожин „предавник“, а видеото го презентираше специјално поканет гостин - новинарот Едуард Петров - „како доказ за криминалното минато на Пригожин и лицемерието во прозивките за корупција во вооружените сили“. На видеото се прикажани кутии полни со пари во неговата канцеларија и купови долари во неговата луксузна резиденција, заедно со, како што се вели, неговиот личен хеликоптер, складиште за оружје, колекција на перики, комплетно опремена просторија за медицински третмани. „Никој не планираше да го затвори овој случај. Истрагата е во тек“, рече Петров, кој додаде дека „инспекторите заклучиле дека видеото што го користел Пригожин како изговор за започнување на бунтот, на кое се гледа наводен руски напад врз платенички камп, е лажно“. Петров истакна дека во становите и канцелариите на Пригожин биле пронајдени пари во вредност од 600 милиони рубли (6,58 милиони долари). Пригожин рече дека Вагнер работи само со готовина, која ја користел за да ги плаќа трошоците. Путин рече дека државата го финансира Вагнер. Во емисијата беа прикажани повеќе пасоши што ги користел Пригожин, а кои носат различни имиња. „Не може нормален човек да има толку пасоши. Зошто оваа личност имаше толку чудни овластувања како сериозен водач на некаква криминална група. Мораме да откриеме кој бил на чија страна (во бунтот). Мораме да ги казниме и да ги гониме“, рече Петров. па

The post И тоа се случи: Руската телевизија го нападна Пригожин appeared first on Република.

]]>
Русите му вратиле на Пригожин 111 милиони долари? https://republika.mk/vesti/svet/rusite-mu-vratile-na-prigozhin-111-milioni-dolari/ Wed, 05 Jul 2023 10:25:48 +0000 https://republika.mk/?p=658307

Руските власти му вратиле десет милијарди рубљи (111,2 милиони долари) на  водачот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин. Овие пари биле запленети за време на полициските рации за време на неуспешниот  бунт во Русија минатиот месец.

Ова го објави Moskou tams, повикувајќи се на руската независна страница Фонтанка. Се вели дека полицијата во Санкт Петербург запленила голема сума пари, заедно со „стотици илјади“ американски долари и пет златни прачки за време на рациите на објектите поврзани со Пригожин.

 

 

The post Русите му вратиле на Пригожин 111 милиони долари? appeared first on Република.

]]>

Руските власти му вратиле десет милијарди рубљи (111,2 милиони долари) на  водачот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин. Овие пари биле запленети за време на полициските рации за време на неуспешниот  бунт во Русија минатиот месец. Ова го објави Moskou tams, повикувајќи се на руската независна страница Фонтанка. Се вели дека полицијата во Санкт Петербург запленила голема сума пари, заедно со „стотици илјади“ американски долари и пет златни прачки за време на рациите на објектите поврзани со Пригожин.    

The post Русите му вратиле на Пригожин 111 милиони долари? appeared first on Република.

]]>
Како готвачот на Путин стана негов противник https://republika.mk/vesti/svet/kako-gotvachot-na-putin-stana-negov-protivnik/ Sat, 24 Jun 2023 15:43:54 +0000 https://republika.mk/?p=654759

Растечкиот конфликт меѓу военото раководство на Москва и Евгениј Пригожин, шеф на приватната платеничка група Вагнер, експлодираше во отворен бунт што ја втурнува Русија во неизвесност и во сериозна закана од граѓанска војна.

Драматичниот пресврт на настаните започна во петокот кога Пригожин отворено ја обвини руската војска за напад на камп на Вагнер и убивање на „огромен број“ негови луѓе. Тој вети дека ќе возврати со сила, инсинуирајќи дека неговите сили ќе „уништат“ каков било отпор, вклучително и блокади на патиштата и авиони. Пригожин најави марш кон Москва. Рускиот претседател Владимир Путин тоа го оцени како „предавство“.

Пригожин подоцна малку ретерираше, велејќи дека неговата критика кон руското воено раководство е „марш на правдата“, а не државен удар.

Кризата потоа се продлабочи кога Пригожин изјави дека неговите борци влегле во руската област Ростов и ги окупирале клучните воени инсталации во нејзиниот главен град. Тој град, Ростов на Дон, е седиште на јужната воена команда на Русија и дом на околу еден милион луѓе.

Путин денеска предупреди дека со предавство против неговото владеење на Русија и се заканува граѓанска војна, а истовремено, руските сили започнаа операција за справување со бунтот на платеничката група Вагнер.

The post Како готвачот на Путин стана негов противник appeared first on Република.

]]>

Растечкиот конфликт меѓу военото раководство на Москва и Евгениј Пригожин, шеф на приватната платеничка група Вагнер, експлодираше во отворен бунт што ја втурнува Русија во неизвесност и во сериозна закана од граѓанска војна. Драматичниот пресврт на настаните започна во петокот кога Пригожин отворено ја обвини руската војска за напад на камп на Вагнер и убивање на „огромен број“ негови луѓе. Тој вети дека ќе возврати со сила, инсинуирајќи дека неговите сили ќе „уништат“ каков било отпор, вклучително и блокади на патиштата и авиони. Пригожин најави марш кон Москва. Рускиот претседател Владимир Путин тоа го оцени како „предавство“. Пригожин подоцна малку ретерираше, велејќи дека неговата критика кон руското воено раководство е „марш на правдата“, а не државен удар. Кризата потоа се продлабочи кога Пригожин изјави дека неговите борци влегле во руската област Ростов и ги окупирале клучните воени инсталации во нејзиниот главен град. Тој град, Ростов на Дон, е седиште на јужната воена команда на Русија и дом на околу еден милион луѓе. Путин денеска предупреди дека со предавство против неговото владеење на Русија и се заканува граѓанска војна, а истовремено, руските сили започнаа операција за справување со бунтот на платеничката група Вагнер.

The post Како готвачот на Путин стана негов противник appeared first on Република.

]]>
Пригожин ветува дека нема да му се предаде на Путин https://republika.mk/vesti/svet/prigozhin-vetuva-deka-nema-da-mu-se-predade-na-putin/ Sat, 24 Jun 2023 14:43:49 +0000 https://republika.mk/?p=654733

Борците на „Вагнер“ се подготвени да умрат во вооружената побуна што ја покренаа, изјави шефот на руската платеничка група Евгени Пригожин, кого Владимир Путин го обвини за велепредавство откако тој се закани дека ќе тргне на Москва за да го собори раководството на руската војска.

„Сите ние сме подготвени да умреме. Сите 25.000, а потоа и други 25.000. Ние гинеме за рускиот народ“, стои во последната аудиопорака на Пригожин на Телеграм.

За првпат од почетокот на војната, Пригожин директно се сврте и против Путин, додавајќи дека тој згрешил што го нарекол предавник.

„Никој нема да се предаде на барање на претседателот. Не сакаме земјата да продолжи да живее во корупција и лаги. Ние сме патриоти, а тие што се против нас се оние кои се собраа околу копилињата“, кажа Пригожин.

Борците на „Вагнер“, за кои Пригожин тврди дека се 25.000, преминаа од Украина во Русија и упаднаа во Ростов на Дон, каде што сега ги контролираат воените објекти и аеродромот. Извори од руските безбедносни служби кажаа дека борците на „Вагнер“ зазеле воени објекти и во градот Воронеж, оддалечен 500 километри од Москва. Гувернерот на Воронеж, Александар Гусев, соопшти дека војската ги презема сите неопходни мерки во регионот како дел од прогласената противтерористичка операција.

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров порача дека неговите сили се подготвени да ја задушат побуната на „вагнеровците“, додека Естонија објави дека ја засилува безбедноста на границата со Русија.

Без да ги спомне Пригожин и „Вагнер“, Путин утрово кажа дека големите амбиции на некои поединци резултираа со велепредавство и ги опиша акциите на бунтовниците како забивање нож во грб.

https://republika.mk/vesti/svet/putin-smeta-deka-nekoi-rusi-se-izmameni-vo-kriminalna-avantura/

Пригожин ги повика министерот за одбрана Сергеј Шојгу и шефот на руската војска Валери Герасимов на средба во Ростов на Дон, кои претходно често ги критикуваше за начинот на водење на војната во Украина. Тој вчера ја обвини руската војска дека извела смртоносен ракетен напад на неговите трупи, што бил директен повод за побуната.

The post Пригожин ветува дека нема да му се предаде на Путин appeared first on Република.

]]>

Борците на „Вагнер“ се подготвени да умрат во вооружената побуна што ја покренаа, изјави шефот на руската платеничка група Евгени Пригожин, кого Владимир Путин го обвини за велепредавство откако тој се закани дека ќе тргне на Москва за да го собори раководството на руската војска.

„Сите ние сме подготвени да умреме. Сите 25.000, а потоа и други 25.000. Ние гинеме за рускиот народ“, стои во последната аудиопорака на Пригожин на Телеграм.

За првпат од почетокот на војната, Пригожин директно се сврте и против Путин, додавајќи дека тој згрешил што го нарекол предавник.

„Никој нема да се предаде на барање на претседателот. Не сакаме земјата да продолжи да живее во корупција и лаги. Ние сме патриоти, а тие што се против нас се оние кои се собраа околу копилињата“, кажа Пригожин.

Борците на „Вагнер“, за кои Пригожин тврди дека се 25.000, преминаа од Украина во Русија и упаднаа во Ростов на Дон, каде што сега ги контролираат воените објекти и аеродромот. Извори од руските безбедносни служби кажаа дека борците на „Вагнер“ зазеле воени објекти и во градот Воронеж, оддалечен 500 километри од Москва. Гувернерот на Воронеж, Александар Гусев, соопшти дека војската ги презема сите неопходни мерки во регионот како дел од прогласената противтерористичка операција.

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров порача дека неговите сили се подготвени да ја задушат побуната на „вагнеровците“, додека Естонија објави дека ја засилува безбедноста на границата со Русија.

Без да ги спомне Пригожин и „Вагнер“, Путин утрово кажа дека големите амбиции на некои поединци резултираа со велепредавство и ги опиша акциите на бунтовниците како забивање нож во грб.

https://republika.mk/vesti/svet/putin-smeta-deka-nekoi-rusi-se-izmameni-vo-kriminalna-avantura/

Пригожин ги повика министерот за одбрана Сергеј Шојгу и шефот на руската војска Валери Герасимов на средба во Ростов на Дон, кои претходно често ги критикуваше за начинот на водење на војната во Украина. Тој вчера ја обвини руската војска дека извела смртоносен ракетен напад на неговите трупи, што бил директен повод за побуната.

The post Пригожин ветува дека нема да му се предаде на Путин appeared first on Република.

]]>