еуровингс Archives - Република https://republika.mk/tema/eurovings/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Oct 2022 08:47:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еуровингс Archives - Република https://republika.mk/tema/eurovings/ 32 32 Хаос на германските аеродроми: Пилотите на „Еуровингс“ почнаа тридневен штрајк https://republika.mk/vesti/svet/haos-na-germanskite-aerodromi-pilotite-na-eurovings-pochnaa-tridneven-shtrajk/ Mon, 17 Oct 2022 08:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=561926

Пилотите на „Eуровингс“ (Eurowings), филијала на германската авиокомпанија „Луфтханза“, го почнаа својот втор штрајк овој месец поради спорот за работните услови, со повик на синдикатот за тридневен прекин на работата.

Поради штрајкот, на аеродромот во Дизелдорф откажани се 102 од вкупно 171 лет за денеска, јави агенцијата ДПА.

Пилотите бараат да се намали максималниот број часови летање. Тие претходно организираа еднодневен штрајк на 6 октомври. Раководството на авиокомпанијата го оквалификува последниот штрајк како непропорционален и неодговорен.

Штрајковите во матичната компанија „Луфтханза“ завршија во септември, откако авиокомпанијата и синдикатот постигнаа договор за платите.

The post Хаос на германските аеродроми: Пилотите на „Еуровингс“ почнаа тридневен штрајк appeared first on Република.

]]>

Пилотите на „Eуровингс“ (Eurowings), филијала на германската авиокомпанија „Луфтханза“, го почнаа својот втор штрајк овој месец поради спорот за работните услови, со повик на синдикатот за тридневен прекин на работата. Поради штрајкот, на аеродромот во Дизелдорф откажани се 102 од вкупно 171 лет за денеска, јави агенцијата ДПА. Пилотите бараат да се намали максималниот број часови летање. Тие претходно организираа еднодневен штрајк на 6 октомври. Раководството на авиокомпанијата го оквалификува последниот штрајк како непропорционален и неодговорен. Штрајковите во матичната компанија „Луфтханза“ завршија во септември, откако авиокомпанијата и синдикатот постигнаа договор за платите.

The post Хаос на германските аеродроми: Пилотите на „Еуровингс“ почнаа тридневен штрајк appeared first on Република.

]]>
Ќе има хаос на европските аеродроми: Штрајкот на пилотите на „Еуровингс“ ќе погоди 30.000 патници https://republika.mk/vesti/svet/kje-ima-haos-na-evropskite-aerodromi-shtrajkot-na-pilotite-na-eurovings-kje-pogodi-30-000-patnici/ Wed, 05 Oct 2022 20:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=557713

Штрајкот на пилотите на „Еуровингс“ најавен за утре ќе погоди 30.000 патници, што се однесува на летовите на оваа компанија во Германија, објави компанијата „Луфтханза“, во чии рамки работи нискобуџетната авиокомпанија „Еуровингс“.

Проценуваме дека ќе можеме да се справиме со повеќе од половината од 500-те планирани летови - соопшти Луфтханза и додаде дека прават се што е во нивна моќ патниците да не ги почувствуваат последиците од штрајкот.

По 10-та рунда преговори меѓу синдикатот на пилотите на здружението „Кабински персонал“ и „Еуровингс“ денеска беше објавено дека тие завршиле без резултат.

Синдикатите бараат намалување на максималниот број на часови лет по пилот, што „Еуровингс“ го отфрла, тврдејќи дека поради таквата мерка треба да се откажат 20 отсто од летовите.

Директорот на персоналот на Еуровингс, Каи Дуве, смета дека барањата на пилотите се „целосно неосновани“ и додаде дека „Еуровингс“ веќе обезбедува „најдобри услови“ во споредба со другите европски авиокомпании.

Самата Луфтханза во последните неколку месеци во неколку наврати беше погодена од штрајкови на пилотите, иако тие се меѓу најдобро платените пилоти во светот.

The post Ќе има хаос на европските аеродроми: Штрајкот на пилотите на „Еуровингс“ ќе погоди 30.000 патници appeared first on Република.

]]>

Штрајкот на пилотите на „Еуровингс“ најавен за утре ќе погоди 30.000 патници, што се однесува на летовите на оваа компанија во Германија, објави компанијата „Луфтханза“, во чии рамки работи нискобуџетната авиокомпанија „Еуровингс“.
Проценуваме дека ќе можеме да се справиме со повеќе од половината од 500-те планирани летови - соопшти Луфтханза и додаде дека прават се што е во нивна моќ патниците да не ги почувствуваат последиците од штрајкот.
По 10-та рунда преговори меѓу синдикатот на пилотите на здружението „Кабински персонал“ и „Еуровингс“ денеска беше објавено дека тие завршиле без резултат. Синдикатите бараат намалување на максималниот број на часови лет по пилот, што „Еуровингс“ го отфрла, тврдејќи дека поради таквата мерка треба да се откажат 20 отсто од летовите. Директорот на персоналот на Еуровингс, Каи Дуве, смета дека барањата на пилотите се „целосно неосновани“ и додаде дека „Еуровингс“ веќе обезбедува „најдобри услови“ во споредба со другите европски авиокомпании. Самата Луфтханза во последните неколку месеци во неколку наврати беше погодена од штрајкови на пилотите, иако тие се меѓу најдобро платените пилоти во светот.

The post Ќе има хаос на европските аеродроми: Штрајкот на пилотите на „Еуровингс“ ќе погоди 30.000 патници appeared first on Република.

]]>