„Еуромакс рисорсис“ Archives - Република https://republika.mk/tema/euromaks-risorsis/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jul 2023 15:37:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Еуромакс рисорсис“ Archives - Република https://republika.mk/tema/euromaks-risorsis/ 32 32 Еуромакс објави дека е повлечено одобрувањето за спојување на концесиите https://republika.mk/vesti/ekonomija/euromaks-objavi-deka-e-povlecheno-odobruvaneto-za-spojuvane-na-kontsesiite/ Fri, 28 Jul 2023 15:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=666382

„Еуромакс“ објави дека Владата на Република Македонија  донесе одлука со која го повлече претходно одобреното спојување на концесиите доделени на Компанијата, Иловица 6 и Иловица 11 („Спојувањето на концесиите“). Ваквата нова одлука не содржи и не е базирана врз правни аргументи за спротивно одлучување од одлуката со која беше потврдено Спојувањето.

Компанијата ќе побара од Владата повторно да ја разгледа одлуката за Спојување на концесиите (во соодветно време) со оглед на големата важност за развој на регионот и државата во целина.

Земајќи ги во предвид актуелните политички околности со кои е прекриена изненадувачката спротивна одлука на првично донесената од Владата, Компанијата со посебно внимание ги проценува следните чекори и ќе ги превземе сите неопходни активности со цел заштита и обезбедување на правата за сите акционери, што покрај другите ги вклучува и Европската Банка за Обнова и Развој (еден од водечките институционални инвеститори во Република Македонија), Galena Resource Equities Ltd (компанија контролирана од Trafigura Групацијата, која е една од водечките компании за тргување и логистика на метали и други стоки), ND Group (приватна финансиска и инвестициска групација од Холандија), Equinox Partners (хеџ фонд лоциран во Њу Јорк), како и Royal Gold (компанија од САД која инвестира во права и инструменти за инвестициско злато).

Иако непоколеблив приоритет за Компанијата останува развој и изградба на рударскиот комплекс во целосна согласност со современите домашни и меѓународни еколошки стандарди, согласно правилата на Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови Компанијата веќе има дадено Формално известување за спор до Владата и сега може да покрене меѓународна арбитража во секое време. Сите инволвирани страни може да бидат предмет на директни правни дејствија доколку во легална процедура се покаже дека новата одлука е во спротивност со позитивните законски прописи на Република Македонија, или е политички мотивиранa.

Tim Morgan-Wynne, Извршен Претседавач на Бордот на Директори, изјави:

Компанијата разбира дека оваа одлука е чуствителна за сите засегнати страни, меѓутоа Компанијата ќе мора да ги превземе сите неопходни правни мерки и сите други неопходни чекори се со цел да ја заштити својата инвестиција и да ја заштити вредноста и интересот на секој акционер. И покрај тоа што со оваа одлука Владата си додели дополнително време да ги разгледа пошироките импликации, таквата арбитрарна политичка одлука која е надвор од позитивната правна рамка, ќе го активира алармот до меѓународни институции и инвеститори, што ќе резултира со сериозни сомнежи во врска со транспарентноста и правната сигурност во Република Македонија.

Комерцијален текст

The post Еуромакс објави дека е повлечено одобрувањето за спојување на концесиите appeared first on Република.

]]>

„Еуромакс“ објави дека Владата на Република Македонија  донесе одлука со која го повлече претходно одобреното спојување на концесиите доделени на Компанијата, Иловица 6 и Иловица 11 („Спојувањето на концесиите“). Ваквата нова одлука не содржи и не е базирана врз правни аргументи за спротивно одлучување од одлуката со која беше потврдено Спојувањето. Компанијата ќе побара од Владата повторно да ја разгледа одлуката за Спојување на концесиите (во соодветно време) со оглед на големата важност за развој на регионот и државата во целина. Земајќи ги во предвид актуелните политички околности со кои е прекриена изненадувачката спротивна одлука на првично донесената од Владата, Компанијата со посебно внимание ги проценува следните чекори и ќе ги превземе сите неопходни активности со цел заштита и обезбедување на правата за сите акционери, што покрај другите ги вклучува и Европската Банка за Обнова и Развој (еден од водечките институционални инвеститори во Република Македонија), Galena Resource Equities Ltd (компанија контролирана од Trafigura Групацијата, која е една од водечките компании за тргување и логистика на метали и други стоки), ND Group (приватна финансиска и инвестициска групација од Холандија), Equinox Partners (хеџ фонд лоциран во Њу Јорк), како и Royal Gold (компанија од САД која инвестира во права и инструменти за инвестициско злато). Иако непоколеблив приоритет за Компанијата останува развој и изградба на рударскиот комплекс во целосна согласност со современите домашни и меѓународни еколошки стандарди, согласно правилата на Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови Компанијата веќе има дадено Формално известување за спор до Владата и сега може да покрене меѓународна арбитража во секое време. Сите инволвирани страни може да бидат предмет на директни правни дејствија доколку во легална процедура се покаже дека новата одлука е во спротивност со позитивните законски прописи на Република Македонија, или е политички мотивиранa. Tim Morgan-Wynne, Извршен Претседавач на Бордот на Директори, изјави:
Компанијата разбира дека оваа одлука е чуствителна за сите засегнати страни, меѓутоа Компанијата ќе мора да ги превземе сите неопходни правни мерки и сите други неопходни чекори се со цел да ја заштити својата инвестиција и да ја заштити вредноста и интересот на секој акционер. И покрај тоа што со оваа одлука Владата си додели дополнително време да ги разгледа пошироките импликации, таквата арбитрарна политичка одлука која е надвор од позитивната правна рамка, ќе го активира алармот до меѓународни институции и инвеститори, што ќе резултира со сериозни сомнежи во врска со транспарентноста и правната сигурност во Република Македонија.
Комерцијален текст

The post Еуромакс објави дека е повлечено одобрувањето за спојување на концесиите appeared first on Република.

]]>
Еуромакс Ресоурцес: Најавената одлука за повлекување на донесената одлука за спојување на концесиите би бил преседан кој воведува правна несигурност кај инвеститорите и недоверба во владеењето на правото https://republika.mk/vesti/ekonomija/euromaks-resourtses-najavenata-odluka-za-povlekuvane-na-donesenata-odluka-za-spojuvane-na-kontsesiite-bi-bil-presedan-koj-voveduva-pravna-nesigurnost-kaj-investitorite-i-nedoverba-vo-vladeeneto-na-pra/ Thu, 27 Jul 2023 12:48:14 +0000 https://republika.mk/?p=665924

По однос на најавата за повлекување на одлуката за спојување на двете концесии, треба прво да почекаме истата да биде објавена, за да се види правната аргументација за нејзиното донесување, а дури потоа во координација со нашите правни тимови ќе ги преземеме сите конкретните чекори за заштита на нашите права како инвеститор, велат од Еуромакс Ресоурцес.

Наша обврска и должност е да ги заштитиме правата на сите акционери во Еуромакс Ресоурцес Лтд, и поради тоа ќе бидат искористени сите правни лекови во државата. Тука не се исклучува опцијата за покренување на меѓународна арбитража во Вашингтон, САД, базирано на билатералниот „Договор за поттикнување и взаемна заштита на инвестициите“ склучен помеѓу Федералниот совет на Швајцарија и Владата на Република Македонија. Со оглед на фактот дека „Формално известување“ за иницирање на процес на активни консултации е поднесено до Владата во март 2020 година, поминат е предвидениот рок од шест месеци пред покренување на меѓународна арбитражна постапка, и истата може да се покрене на барање на инвеститорите и/или Бордот на Еуромакс Ресоурцес Лтд во секое време без одолговлекување, велат од компанијата.

Во секој случај, додаваат, најавената одлука за повлекување на веќе донесената одлука за спојување на концесиите бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, би бил преседан кој воведува правна несигурност кај меѓународните и домашните инвеститори и недоверба во владеењето на правото како основен инструмент за заштита на инвестициите во државата.

Дополнително, со оглед на фактот што матичната компанија Еуромакс Ресоурцес Лтд е компанија што котира на берзата во Торонто, секоја сензитивна информација или одлука може да влијае на лажно наведување на инвеститорите, за кое може да се сноси колективна или индивидуална одговорност пред судовите во Канада и САД, доколку поединечни инвеститори го побараат тоа поради претрпена штета. Самиот факт дека одлуката за спојување, бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, беше објавена на берзата во Торонто, евентуалната дополнителна објава за повлекување на претходната одлука, сериозно ќе одекне во меѓународните инвестициски кругови и ќе го зголеми сомнежот за правната сигурност при инвестирање во Република Македонија, велат од Еуромакс Ресоурцес.

Комерцијална објава

The post Еуромакс Ресоурцес: Најавената одлука за повлекување на донесената одлука за спојување на концесиите би бил преседан кој воведува правна несигурност кај инвеститорите и недоверба во владеењето на правото appeared first on Република.

Зошто дозволивте спојување на концесиите, а знаевте дека Дестани ќе може да ја тужи Македонија и ќе мора му исплатиме милијарди https://republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-dozvolivte-spojuvane-na-kontsesiite-a-znaevte-deka-destani-ke-mozhe-da-ja-tuzhi-makedonija-i-ke-mora-mu-isplatime-milijardi/ Thu, 27 Jul 2023 12:42:26 +0000 https://republika.mk/?p=665920

Владата на СДСМ и ДУИ уште во 2006 година дала одобрение за отворање на рудник во Иловица, а тоа е коренот на проблемот со Иловица. На 27 јуни 2023 година на седница на оваа Влада на која сите биле присутни имале дополнителна точка на дневен ред за спојување на концесиите на рудникот. И по тоа никој не знае што се гласало. Каја Шукова вели не знаела, Оливер Спасовски гласале ама не знаеле за што, и вчера излегува Крешник Бектеши кој вели сите се криви, а тој најмалку и дека другите многу добро знаеле за што се гласале, рече пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Јаревски постави неколку прашања:

Прво прашање, до премиерот Димитар Ковачевски да одговори „зошто дозволивте спојување на концесиите бидејќи имавте информација дека граѓаните се против отворање на рудник, односно знаевте дека со одлука за спојување на концесиите и неисполнување на истата и давате правна можност на фирмата на Дестани да може да ја тужи Македонија и да изгуби на арбитражен суд и да треба да му се исплатат над милијарда евра од државниот буџет на Дестани и Еуромакс Ресурсис, и потпрашање зошто не е раскината концесијата дотогаш и зошто ваква лакрдија за спојување на концесиите, а потоа повторно одвојување“.

Второ прашање до Каја Шукова, „дали Дестани има поднесено до министерството за животна средина студија за заштита на животната средина со оглед дека Дестани е познат во јавноста како човек близок до ДУИ, кој нема ниту еден ден искуство, ниту некаква експертиза од копање на злато и бакар?“

И трето прашање, во врска со европската организација ОЛАФ која од 36 предмети кои ги истражува 18 биле од Македонија, до вицепремиерката Славица Грковска.

„Вие сте задолжена за добро владеење и треба да знае како се движат нашите и странските пари, дали сте до толку неспособна за пред нос да ви се случуваат вакви страшни злоупотреби да се брукаме пред Европа или Артан Груби и Димитар Ковачевски не ви дозволуваат да си ја работите работата“, праша Јаревски.

The post Зошто дозволивте спојување на концесиите, а знаевте дека Дестани ќе може да ја тужи Македонија и ќе мора му исплатиме милијарди appeared first on Република.

]]>

Владата на СДСМ и ДУИ уште во 2006 година дала одобрение за отворање на рудник во Иловица, а тоа е коренот на проблемот со Иловица. На 27 јуни 2023 година на седница на оваа Влада на која сите биле присутни имале дополнителна точка на дневен ред за спојување на концесиите на рудникот. И по тоа никој не знае што се гласало. Каја Шукова вели не знаела, Оливер Спасовски гласале ама не знаеле за што, и вчера излегува Крешник Бектеши кој вели сите се криви, а тој најмалку и дека другите многу добро знаеле за што се гласале, рече пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.
Јаревски постави неколку прашања: Прво прашање, до премиерот Димитар Ковачевски да одговори „зошто дозволивте спојување на концесиите бидејќи имавте информација дека граѓаните се против отворање на рудник, односно знаевте дека со одлука за спојување на концесиите и неисполнување на истата и давате правна можност на фирмата на Дестани да може да ја тужи Македонија и да изгуби на арбитражен суд и да треба да му се исплатат над милијарда евра од државниот буџет на Дестани и Еуромакс Ресурсис, и потпрашање зошто не е раскината концесијата дотогаш и зошто ваква лакрдија за спојување на концесиите, а потоа повторно одвојување“. Второ прашање до Каја Шукова, „дали Дестани има поднесено до министерството за животна средина студија за заштита на животната средина со оглед дека Дестани е познат во јавноста како човек близок до ДУИ, кој нема ниту еден ден искуство, ниту некаква експертиза од копање на злато и бакар?“ И трето прашање, во врска со европската организација ОЛАФ која од 36 предмети кои ги истражува 18 биле од Македонија, до вицепремиерката Славица Грковска. „Вие сте задолжена за добро владеење и треба да знае како се движат нашите и странските пари, дали сте до толку неспособна за пред нос да ви се случуваат вакви страшни злоупотреби да се брукаме пред Европа или Артан Груби и Димитар Ковачевски не ви дозволуваат да си ја работите работата“, праша Јаревски.

The post Зошто дозволивте спојување на концесиите, а знаевте дека Дестани ќе може да ја тужи Македонија и ќе мора му исплатиме милијарди appeared first on Република.

]]>
Еуромакс Ресоурцес: Повлекување на одлуката за спојување на концесиите ќе го зголеми сомнежот за правната сигурност при инвестирање во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/euromaks-resourtses-povlekuvane-na-odlukata-za-spojuvane-na-kontsesiite-ke-go-zgolemi-somnezhot-za-pravnata-sigurnost-pri-investirane-vo-makedonija/ Thu, 27 Jul 2023 12:00:31 +0000 https://republika.mk/?p=665888

По однос на најавата за повлекување на одлуката за спојување на двете концесии, треба прво да почекаме истата да биде објавена, за да се види правната аргументација за нејзиното донесување, а дури потоа во координација со нашите правни тимови ќе ги преземеме сите конкретните чекори за заштита на нашите права како инвеститор, информираат од Еуромакс Ресоурцес.

Наша обврска и должност е да ги заштитиме правата на сите акционери во Еуромакс Ресоурцес Лтд, и поради тоа ќе бидат искористени сите правни лекови во државата. Тука не се исклучува опцијата за покренување на меѓународна арбитража во Вашингтон, САД, базирано на билатералниот „Договор за поттикнување и взаемна заштита на инвестициите“ склучен помеѓу Федералниот совет на Швајцарија и Владата на Република  Македонија. Со оглед на фактот дека „Формално известување“ за иницирање на процес на активни консултации е поднесено до Владата во март 2020 година, поминат е предвидениот рок од шест месеци пред покренување на меѓународна арбитражна постапка, и истата може да се покрене на барање на инвеститорите и/или Бордот на Еуромакс Ресоурцес Лтд во секое време без одолговлекување.

Во секој случај, најавената одлука за повлекување на веќе донесената одлука за спојување на концесиите бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, би бил преседан кој воведува правна несигурност кај меѓународните и домашните инвеститори и недоверба во владеењето на правото како основен инструмент за заштита на инвестициите во државата.

Дополнително, со оглед на фактот што матичната компанија Еуромакс Ресоурцес Лтд е компанија што котира на берзата во Торонто, секоја сензитивна информација или одлука може да влијае на лажно наведување на инвеститорите, за кое може да се сноси колективна или индивидуална одговорност пред судовите во Канада и САД, доколку поединечни инвеститори го побараат тоа поради претрпена штета. Самиот факт дека одлуката за спојување, бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, беше објавена на берзата во Торонто, евентуалната дополнителна објава за повлекување на претходната одлука, сериозно ќе одекне во меѓународните инвестициски кругови и ќе го зголеми сомнежот за правната сигурност при инвестирање во Република  Македонија.

The post Еуромакс Ресоурцес: Повлекување на одлуката за спојување на концесиите ќе го зголеми сомнежот за правната сигурност при инвестирање во Македонија appeared first on Република.

]]>

По однос на најавата за повлекување на одлуката за спојување на двете концесии, треба прво да почекаме истата да биде објавена, за да се види правната аргументација за нејзиното донесување, а дури потоа во координација со нашите правни тимови ќе ги преземеме сите конкретните чекори за заштита на нашите права како инвеститор, информираат од Еуромакс Ресоурцес. Наша обврска и должност е да ги заштитиме правата на сите акционери во Еуромакс Ресоурцес Лтд, и поради тоа ќе бидат искористени сите правни лекови во државата. Тука не се исклучува опцијата за покренување на меѓународна арбитража во Вашингтон, САД, базирано на билатералниот „Договор за поттикнување и взаемна заштита на инвестициите“ склучен помеѓу Федералниот совет на Швајцарија и Владата на Република  Македонија. Со оглед на фактот дека „Формално известување“ за иницирање на процес на активни консултации е поднесено до Владата во март 2020 година, поминат е предвидениот рок од шест месеци пред покренување на меѓународна арбитражна постапка, и истата може да се покрене на барање на инвеститорите и/или Бордот на Еуромакс Ресоурцес Лтд во секое време без одолговлекување. Во секој случај, најавената одлука за повлекување на веќе донесената одлука за спојување на концесиите бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, би бил преседан кој воведува правна несигурност кај меѓународните и домашните инвеститори и недоверба во владеењето на правото како основен инструмент за заштита на инвестициите во државата. Дополнително, со оглед на фактот што матичната компанија Еуромакс Ресоурцес Лтд е компанија што котира на берзата во Торонто, секоја сензитивна информација или одлука може да влијае на лажно наведување на инвеститорите, за кое може да се сноси колективна или индивидуална одговорност пред судовите во Канада и САД, доколку поединечни инвеститори го побараат тоа поради претрпена штета. Самиот факт дека одлуката за спојување, бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, беше објавена на берзата во Торонто, евентуалната дополнителна објава за повлекување на претходната одлука, сериозно ќе одекне во меѓународните инвестициски кругови и ќе го зголеми сомнежот за правната сигурност при инвестирање во Република  Македонија.

The post Еуромакс Ресоурцес: Повлекување на одлуката за спојување на концесиите ќе го зголеми сомнежот за правната сигурност при инвестирање во Македонија appeared first on Република.

]]>
Владатa ја повлече одлуката за спојување на концесиите за „Иловица“, ризикува најмалку една милијарда евра отштета по меѓународна арбитража https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-ja-povleche-odlukata-za-spojuvane-na-kontsesiite-za-ilovitsa-rizikuva-najmalku-edna-milijarda-evra-otshteta-po-megunarodna-arbitrazha/ Wed, 26 Jul 2023 13:10:10 +0000 https://republika.mk/?p=665576

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека Владата ја поништила одлуката за спојување на концесиите за експлоатација на бакар и злато за рудникот „Иловица-Штука“. Тој предупреди дека поништувањето на одлуката ќе има правни последици за државата.

Владата одлучи да престане да важи претходната одлука, а тоа значи дека ние се враќаме таму каде што бевме, не носиме ниту позитивна, ниту негативна одлука. Министерството за економија инсистира да се донесе некаква одлука, а што е подобро за интерес на граѓаните ќе покажат времето и аргументите, изјави Бектеши на денешната прес-конференција.

Владата на 27 јуни гласаше двете концесии да бидат споени – едната концесија за експлоатација на бакар и злато на локалитетот „с. Иловица“ во општина Босилово, а другата исто така на локалитетот „Иловица“, но која зафаќа дел и во општина Ново Село.

Како што најави и министерот Бектеши, ревидираната одлука на Владата, која претходно ги спои концесиите за рудникот за бакар Иловица – Штука, може да предизвика сериозни импликации врз буџетот на државата и да ги задолжи граѓаните за дополнителни милијарда евра доколку компанијата „Еуромакс ресоурсес“ реши да оди на арбитража.

Од компанијата претходно истакнаа дека секое непочитување на законските процедури ќе ги принуди да покренат меѓународна арбитража против државата, а евентуалната штета би можела да изнесува најмалку една милијарда евра, без да се вклучат каматите во оваа сума.

Министерот за економија потврди дека Владата морала да одлучи по барањето на инвеститорот за спојување на концесиите, а процесот е во согласност со Законот за минерални суровини.

The post Владатa ја повлече одлуката за спојување на концесиите за „Иловица“, ризикува најмалку една милијарда евра отштета по меѓународна арбитража appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека Владата ја поништила одлуката за спојување на концесиите за експлоатација на бакар и злато за рудникот „Иловица-Штука“. Тој предупреди дека поништувањето на одлуката ќе има правни последици за државата.
Владата одлучи да престане да важи претходната одлука, а тоа значи дека ние се враќаме таму каде што бевме, не носиме ниту позитивна, ниту негативна одлука. Министерството за економија инсистира да се донесе некаква одлука, а што е подобро за интерес на граѓаните ќе покажат времето и аргументите, изјави Бектеши на денешната прес-конференција.
Владата на 27 јуни гласаше двете концесии да бидат споени – едната концесија за експлоатација на бакар и злато на локалитетот „с. Иловица“ во општина Босилово, а другата исто така на локалитетот „Иловица“, но која зафаќа дел и во општина Ново Село. Како што најави и министерот Бектеши, ревидираната одлука на Владата, која претходно ги спои концесиите за рудникот за бакар Иловица – Штука, може да предизвика сериозни импликации врз буџетот на државата и да ги задолжи граѓаните за дополнителни милијарда евра доколку компанијата „Еуромакс ресоурсес“ реши да оди на арбитража. Од компанијата претходно истакнаа дека секое непочитување на законските процедури ќе ги принуди да покренат меѓународна арбитража против државата, а евентуалната штета би можела да изнесува најмалку една милијарда евра, без да се вклучат каматите во оваа сума. Министерот за економија потврди дека Владата морала да одлучи по барањето на инвеститорот за спојување на концесиите, а процесот е во согласност со Законот за минерални суровини.  

The post Владатa ја повлече одлуката за спојување на концесиите за „Иловица“, ризикува најмалку една милијарда евра отштета по меѓународна арбитража appeared first on Република.

]]>
Еуромакс Ресоурцес ќе ја следи разврската за остварување на нивните права како инвеститори во рудникот „Иловица – Штука“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/euromaks-resourtses-ke-ja-sledi-razvrskata-za-ostvaruvane-na-nivnite-prava-kako-investitor-vo-rudnikot-ilovitsa-shtuka/ Wed, 26 Jul 2023 12:47:31 +0000 https://republika.mk/?p=665556

Еуромакс Ресоурцес со особено внимание ја следи разврската за остварувањето на нашите права како инвеститор, информираат од компанијата.

Во таа насока, ќе почекаме сите одлуки кои што се однесуваат на спојувањето на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ за рудникот за бакар „Иловица – Штука“, да бидат јавно објавени со цел заедно со нашиот правен тим да направиме увид во аргументацијата врз основа на која истите се донесени.

По ова, Бордот на директори во консултација со правниот тим ќе одлучи какви идни чекори ќе преземеме за да ги заштитиме нашите права како инвеститори, соопштуваат од компанија „Еуромакс Ресоурцес“

The post Еуромакс Ресоурцес ќе ја следи разврската за остварување на нивните права како инвеститори во рудникот „Иловица – Штука“ appeared first on Република.

]]>

Еуромакс Ресоурцес со особено внимание ја следи разврската за остварувањето на нашите права како инвеститор, информираат од компанијата. Во таа насока, ќе почекаме сите одлуки кои што се однесуваат на спојувањето на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ за рудникот за бакар „Иловица – Штука“, да бидат јавно објавени со цел заедно со нашиот правен тим да направиме увид во аргументацијата врз основа на која истите се донесени. По ова, Бордот на директори во консултација со правниот тим ќе одлучи какви идни чекори ќе преземеме за да ги заштитиме нашите права како инвеститори, соопштуваат од компанија „Еуромакс Ресоурцес“

The post Еуромакс Ресоурцес ќе ја следи разврската за остварување на нивните права како инвеститори во рудникот „Иловица – Штука“ appeared first on Република.

]]>
Спогодбата со Швајцарија за заштита на инвестиции би можела да биде искористена за меѓународна арбитража за рудникот „Иловица“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/spogodbata-so-shvajtsarija-za-zashtita-na-investitsii-bi-mozhela-da-bide-iskoristena-za-megunarodna-arbitrazha-za-rudnikot-ilovitsa/ Thu, 20 Jul 2023 11:11:35 +0000 https://republika.mk/?p=663468

Кои се правните можности инвеститорот во рудникот „Иловица-Штука“ воопшто да може да покрене меѓународна арбитража против државата? Прашањето го покренаа дел од правните експерти според кои евентуалната тужба од страна на Еуромакс против Македонија пред меѓународниот арбитражен суд во Вашингтон би била отфрлена, поради ненадлежност.

Сепак, прашани која би била правната основа за евентуално покренување спор пред меѓународните судови, од „Еуромакс Ресоурсес“ се повикаа на билатералната спогодба за заштита на инвестиции меѓу Македонија и Швајцарија, потпишана уште во 1996-тата година. Од компанијата појаснуваат дека нивен мнозински акционер е Групацијата Трафигура, која како правно лице подлежи на правото на заштита во согласност со наведената билатерална спогодба.

Согласно член 10 став 1 од билатералната спогодба, кога ќе настане спор меѓу заштитените инвеститори и Република Македонија, ќе се одржат активни консултации меѓу засегнатите страни со цел спорот да се реши на „пријателски начин“. Понатаму, доколку консултациите не резултираат со решавање на административниот спор, спогодбата предвидува дека инвеститорот може да поднесе барање за решавање на спорот до Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови (ICSID) или Ад-хок судот воспоставен во согласност со арбитражните правила на Комисијата за меѓународно трговско право на Обединетите Нации (UNCITRAL). Овој механизам за решавање на спорови, како што е утврдено во член 10 од билатералната спогодба, е договорен за страните во спорот да имаат можност да ги решат своите разлики по пат на преговори, наместо скапи и долготрајни меѓународни процеси. Еуромакс Ресоурсес трпеливо даде можност во нормална, но за жал долготрајна судска постапка пред управните судови во Македонија, да се дојде до легитимно правно решение, се вели во одговорот од „Еуромакс ресоурсес“ за Фактор.

Од компанијата додаваат дека веќе ја повикале Владата на консултации кои би завршиле со спогодба, односно на „пријателски начин“. Тие доставиле „формално известување“ уште во март 2020 година и додаваат дека ваквото известување е последен формален и правен чекор пред отпочнување на арбитражната постапка. Но, до консултации не дошло.

Комерцијална објава

The post Спогодбата со Швајцарија за заштита на инвестиции би можела да биде искористена за меѓународна арбитража за рудникот „Иловица“ appeared first on Република.

]]>

Кои се правните можности инвеститорот во рудникот „Иловица-Штука“ воопшто да може да покрене меѓународна арбитража против државата? Прашањето го покренаа дел од правните експерти според кои евентуалната тужба од страна на Еуромакс против Македонија пред меѓународниот арбитражен суд во Вашингтон би била отфрлена, поради ненадлежност. Сепак, прашани која би била правната основа за евентуално покренување спор пред меѓународните судови, од „Еуромакс Ресоурсес“ се повикаа на билатералната спогодба за заштита на инвестиции меѓу Македонија и Швајцарија, потпишана уште во 1996-тата година. Од компанијата појаснуваат дека нивен мнозински акционер е Групацијата Трафигура, која како правно лице подлежи на правото на заштита во согласност со наведената билатерална спогодба.
Согласно член 10 став 1 од билатералната спогодба, кога ќе настане спор меѓу заштитените инвеститори и Република Македонија, ќе се одржат активни консултации меѓу засегнатите страни со цел спорот да се реши на „пријателски начин“. Понатаму, доколку консултациите не резултираат со решавање на административниот спор, спогодбата предвидува дека инвеститорот може да поднесе барање за решавање на спорот до Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови (ICSID) или Ад-хок судот воспоставен во согласност со арбитражните правила на Комисијата за меѓународно трговско право на Обединетите Нации (UNCITRAL). Овој механизам за решавање на спорови, како што е утврдено во член 10 од билатералната спогодба, е договорен за страните во спорот да имаат можност да ги решат своите разлики по пат на преговори, наместо скапи и долготрајни меѓународни процеси. Еуромакс Ресоурсес трпеливо даде можност во нормална, но за жал долготрајна судска постапка пред управните судови во Македонија, да се дојде до легитимно правно решение, се вели во одговорот од „Еуромакс ресоурсес“ за Фактор.
Од компанијата додаваат дека веќе ја повикале Владата на консултации кои би завршиле со спогодба, односно на „пријателски начин“. Тие доставиле „формално известување“ уште во март 2020 година и додаваат дека ваквото известување е последен формален и правен чекор пред отпочнување на арбитражната постапка. Но, до консултации не дошло. Комерцијална објава

The post Спогодбата со Швајцарија за заштита на инвестиции би можела да биде искористена за меѓународна арбитража за рудникот „Иловица“ appeared first on Република.

]]>
Протести против рудникот во Иловица, од „Еуромакс рисорсис“ велат нема никаква основа за грижа за здравјето на граѓаните и животната средина https://republika.mk/vesti/ekonomija/protesti-protiv-rudnikot-vo-ilovitsa-od-euromaks-risorsis-velat-nema-nikakva-osnova-za-grizha-za-zdravjeto-na-graganite-i-zhivotnata-sredina/ Sat, 15 Jul 2023 11:47:20 +0000 https://republika.mk/?p=661646

„Не за рудници“ порачаа стотици еко-активисти и граѓани со свричиња и транспаренти на протестот против одлуката на владата да ги спои концесиите и да дозволи во Иловица да се отвори рудник.

Немојте да мислите дека ќе се отвори рудник, зашто тоа ќе доведе до отворени насилни судири и дестабилизација на државата. Такво нешто никогаш нема да има, рече еден од демонстрантите.

Активистите го нарекоа спојувањето на концесиитее „криминален заговор против сите граѓани на Македонија“. Побараа да биде одземена концесијата и да нема рудник. Критики упатија и кон политичките партии.

Велат дека не е време за апатија и рамнодушност и најавија дека борбата против рудникот ќе се води на сите можни нивоа, од општинските совети до централната власт.

Од Еуромакс ресорсис велат:

Со денешниот протест се врши груб притисок врз надлежните државни институции за да се принудат наместо да одлучуваат согласно позитивните законски прописи, да ја стават најголемата инвестиција од независноста во дневно политичка агенда. Потенцијалната штета од ваквиот неодговорен пристап би била меѓународна арбитража со најмалку 1 милијарда евра наплатени од македонскиот државен буџет, односно од џебот на граѓаните. Во рударскиот комплекс Иловица – Штука ќе се применуваат најбезбедни и најсовремени методи за експлоатација на минерални суровини. Нема никаква основа за било каква грижа дека здравјето на граѓаните и животната средина се под некаква закана.

The post Протести против рудникот во Иловица, од „Еуромакс рисорсис“ велат нема никаква основа за грижа за здравјето на граѓаните и животната средина appeared first on Република.

]]>

„Не за рудници“ порачаа стотици еко-активисти и граѓани со свричиња и транспаренти на протестот против одлуката на владата да ги спои концесиите и да дозволи во Иловица да се отвори рудник.
Немојте да мислите дека ќе се отвори рудник, зашто тоа ќе доведе до отворени насилни судири и дестабилизација на државата. Такво нешто никогаш нема да има, рече еден од демонстрантите.
Активистите го нарекоа спојувањето на концесиитее „криминален заговор против сите граѓани на Македонија“. Побараа да биде одземена концесијата и да нема рудник. Критики упатија и кон политичките партии. Велат дека не е време за апатија и рамнодушност и најавија дека борбата против рудникот ќе се води на сите можни нивоа, од општинските совети до централната власт. Од Еуромакс ресорсис велат:
Со денешниот протест се врши груб притисок врз надлежните државни институции за да се принудат наместо да одлучуваат согласно позитивните законски прописи, да ја стават најголемата инвестиција од независноста во дневно политичка агенда. Потенцијалната штета од ваквиот неодговорен пристап би била меѓународна арбитража со најмалку 1 милијарда евра наплатени од македонскиот државен буџет, односно од џебот на граѓаните. Во рударскиот комплекс Иловица – Штука ќе се применуваат најбезбедни и најсовремени методи за експлоатација на минерални суровини. Нема никаква основа за било каква грижа дека здравјето на граѓаните и животната средина се под некаква закана.
 
The post Протести против рудникот во Иловица, од „Еуромакс рисорсис“ велат нема никаква основа за грижа за здравјето на граѓаните и животната средина appeared first on Република.

]]>
Соопштение на „Еуромакс рисорсис“ за денешниот протест во Струмица https://republika.mk/vesti/ekonomija/soopshtenie-na-euromaks-risorsis-za-deneshniot-protest-vo-strumitsa/ Sat, 15 Jul 2023 11:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=661638

Имаме целосно разбирање за грижата на жителите на Струмичката котлина и на целокупната македонска јавност. За жал, долготрајната негативна кампања насочена против реализација на инвестицијата преку манипулирање со чувствата на луѓето и пласирање невистини предизвикаа неоправдан страв и загриженост на широката македонска јавност.

Како и досега, Еуромакс Ресоурцес ги охрабрува сите граѓани, во духот на партиципативната демократија, засилената улога на „граѓанинот“ и организираните форми на граѓанско здружување по прашања за заштита на животната средина – втемелени во Архуската Конвенција, преку дијалог да се информираат за сите процеси кои на било кој начин предизвикуваат вознемиреност во јавноста. Само со конструктивен дијалог и стручно презентирање на фактите сите загрижености ќе бидат соодветно адресирани. Во таа насока е и нашата безрезервна подготвеност да се формира „Независно Мониторинг Тело“ во кое ќе бидат вклучени заинтересираните граѓански здруженија, локалната управа и експертите за да го следат процесот на реализација и работење на идниот рудник.

Преку нашата секојдневна комуникација со локалното население успеваме да ги адресираме сите загрижености презентирајќи факти и вистински аспекти за работењето на идниот рударски комплекс. На тој начин континуирано низ годините се гради доверба во процесот, што се потврдува и со неодамнешното потпишување на „Меморандум за соработка“ помеѓу Еуромакс Ресоурцес и претставници на повеќе од 300 фамилии од двете најблиски средини Иловица и Штука.

За жал, со денешниот протест се врши груб притисок врз надлежните државни институции за да се принудат наместо да одлучуваат согласно позитивните законски прописи, да ја стават најголемата инвестиција од независноста во дневно политичка агенда. Потенцијалната штета од ваквиот неодговорен пристап би била меѓународна арбитража со најмалку 1 милијарда евра наплатени од македонскиот државен буџет, односно од џебот на граѓаните.

Апсолутно злонамерна шпекулација е дека актуелната Одлука на управните судови, по која постапи Владата, е прва судска пресуда во корист на Еуромакс Ресоурцес. Имено, во март и ноември 2020 година, Управниот и Вишиот Управен Суд со правосилна Пресуда ја прифатија Тужбата на Еуромакс Ресоурцес, воспоставувајќи тогаш цврст судски став за потврдување на правните аргументи за неопходноста од одлучување за спојување на двете концесии.

Во рударскиот комплекс Иловица – Штука ќе се применуваат најбезбедни и најсовремени методи за експлоатација на минерални суровини. Нема никаква основа за било каква грижа дека здравјето на граѓаните и животната средина се под некаква закана. Еуромакс Ресоурсис е компанија, каде клучен инвеститор е глобалниот деловен гигант Групацијата Трафигура, која како врвен приоритет ги имплементира највисоките светски стандарди во рударството. Впрочем и одредени рударски комплекси кои се или биле управувани од Групацијата Трафигура потврдуваат дека рударството и земјоделието може да коегзистираат и да се развиваат заедно. Затоа ние од Еуромакс Ресоурцес силно веруваме во тој „вин-вин“ концепт дека во современи услови рударството, земјоделието и туризмот може паралелно да се надградуваат.

Убедени сме дека планираната инвестиција „Иловица-Штука“ е во најдобар интерес за регионалната и националната економија, како и за локалните управи и нивните развојни буџети. Реализацијата на овој проект ќе донесе многу нови и добро платени работни места, зголемен животен стандард за граѓаните, ефикасно стопирање на болниот процес на иселување од земјата, директно ќе обезбеди современ пристап и финансиски средства за континуирано инвестирање во безбедна и здрава животна средина.

Посебно сме охрабрени од фактот дека во последниве неколку недели во нашата компанија и Инфо Центарот во Иловица, се јавија повеќе од илјада граѓани за да ја препотврдат или да најават нивна заинтересираност за долгорочен работен ангажман. Примивме и многу апликации од наши сограѓани кои во овие моменти се на привремена работа во странство.
Токму затоа, ќе повториме дека инвестицијата „Иловица-Штука“ несомнено ќе овозможи реално остварлив просперитет за подобар живот – сега и веднаш!!!

Комерцијален текст

The post Соопштение на „Еуромакс рисорсис“ за денешниот протест во Струмица appeared first on Република.

]]>

Имаме целосно разбирање за грижата на жителите на Струмичката котлина и на целокупната македонска јавност. За жал, долготрајната негативна кампања насочена против реализација на инвестицијата преку манипулирање со чувствата на луѓето и пласирање невистини предизвикаа неоправдан страв и загриженост на широката македонска јавност. Како и досега, Еуромакс Ресоурцес ги охрабрува сите граѓани, во духот на партиципативната демократија, засилената улога на „граѓанинот“ и организираните форми на граѓанско здружување по прашања за заштита на животната средина – втемелени во Архуската Конвенција, преку дијалог да се информираат за сите процеси кои на било кој начин предизвикуваат вознемиреност во јавноста. Само со конструктивен дијалог и стручно презентирање на фактите сите загрижености ќе бидат соодветно адресирани. Во таа насока е и нашата безрезервна подготвеност да се формира „Независно Мониторинг Тело“ во кое ќе бидат вклучени заинтересираните граѓански здруженија, локалната управа и експертите за да го следат процесот на реализација и работење на идниот рудник. Преку нашата секојдневна комуникација со локалното население успеваме да ги адресираме сите загрижености презентирајќи факти и вистински аспекти за работењето на идниот рударски комплекс. На тој начин континуирано низ годините се гради доверба во процесот, што се потврдува и со неодамнешното потпишување на „Меморандум за соработка“ помеѓу Еуромакс Ресоурцес и претставници на повеќе од 300 фамилии од двете најблиски средини Иловица и Штука. За жал, со денешниот протест се врши груб притисок врз надлежните државни институции за да се принудат наместо да одлучуваат согласно позитивните законски прописи, да ја стават најголемата инвестиција од независноста во дневно политичка агенда. Потенцијалната штета од ваквиот неодговорен пристап би била меѓународна арбитража со најмалку 1 милијарда евра наплатени од македонскиот државен буџет, односно од џебот на граѓаните. Апсолутно злонамерна шпекулација е дека актуелната Одлука на управните судови, по која постапи Владата, е прва судска пресуда во корист на Еуромакс Ресоурцес. Имено, во март и ноември 2020 година, Управниот и Вишиот Управен Суд со правосилна Пресуда ја прифатија Тужбата на Еуромакс Ресоурцес, воспоставувајќи тогаш цврст судски став за потврдување на правните аргументи за неопходноста од одлучување за спојување на двете концесии. Во рударскиот комплекс Иловица – Штука ќе се применуваат најбезбедни и најсовремени методи за експлоатација на минерални суровини. Нема никаква основа за било каква грижа дека здравјето на граѓаните и животната средина се под некаква закана. Еуромакс Ресоурсис е компанија, каде клучен инвеститор е глобалниот деловен гигант Групацијата Трафигура, која како врвен приоритет ги имплементира највисоките светски стандарди во рударството. Впрочем и одредени рударски комплекси кои се или биле управувани од Групацијата Трафигура потврдуваат дека рударството и земјоделието може да коегзистираат и да се развиваат заедно. Затоа ние од Еуромакс Ресоурцес силно веруваме во тој „вин-вин“ концепт дека во современи услови рударството, земјоделието и туризмот може паралелно да се надградуваат. Убедени сме дека планираната инвестиција „Иловица-Штука“ е во најдобар интерес за регионалната и националната економија, како и за локалните управи и нивните развојни буџети. Реализацијата на овој проект ќе донесе многу нови и добро платени работни места, зголемен животен стандард за граѓаните, ефикасно стопирање на болниот процес на иселување од земјата, директно ќе обезбеди современ пристап и финансиски средства за континуирано инвестирање во безбедна и здрава животна средина. Посебно сме охрабрени од фактот дека во последниве неколку недели во нашата компанија и Инфо Центарот во Иловица, се јавија повеќе од илјада граѓани за да ја препотврдат или да најават нивна заинтересираност за долгорочен работен ангажман. Примивме и многу апликации од наши сограѓани кои во овие моменти се на привремена работа во странство. Токму затоа, ќе повториме дека инвестицијата „Иловица-Штука“ несомнено ќе овозможи реално остварлив просперитет за подобар живот – сега и веднаш!!! Комерцијален текст

The post Соопштение на „Еуромакс рисорсис“ за денешниот протест во Струмица appeared first on Република.

]]>