ЕУЛЕКС Archives - Република https://republika.mk/tema/euleks/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Sep 2023 10:09:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕУЛЕКС Archives - Република https://republika.mk/tema/euleks/ 32 32 КФОР и ЕУЛЕКС излегоа на терен по убиството на косовски полицаец во северно Косово https://republika.mk/vesti/balkan/kfor-i-euleks-izlegoa-na-teren-po-ubistvoto-na-kosovski-politsaets-vo-severno-kosovo/ Sun, 24 Sep 2023 10:09:56 +0000 https://republika.mk/?p=684632

Припадници на КФОР и ЕУЛЕКС излегле на терен откако рано изутрината еден припадник на полицијата на Косово е убиен, а уште еден е ранет во напад на засега непознати и маскирани лица во селото Бањско во Лепосавиќ, во северно Косово.

Блокирани се сите приоди кон селото Бањска од правец на Лепосавица, Зубин Поток и Звечан. Како што дознава Косово онлајн, премините Јариње и Брњак се блокирани.

https://republika.mk/vesti/balkan/ubien-politsaets-vo-severno-kosovo-istreli-i-natamu-se-slushaat-vo-tekot-na-utrovo/

Косовската претседателка, Вјоса Османи изјави дека денешниот напад врз косовската полиција во северно Косово, во кој е припадник на полицијата е убиен, а уште еден е ранет, е „испланиран, оркестриран и изведен од српските криминални банди“. По инцидентот, таа, како што соопшти нејзиниот кабинет, ги прекинала сите активности во рамки на официјалната посета на Њујорк и веднаш ќе се врати во земјата.

Косовскиот премиер Албин Курти преку објава на Фејсбук информира дека околу 3 часот по полноќ била нападната косовската полиција во Бањска, а како последица на нападот полицискиот наредник А.Б. е убиен, додека ранет е уште еден граничен полицаец. Курти вели дека истрелите од огнено оружје продолжуваат и натаму утрово. Тој го обвини официјален Белград дека е одговорен за нападот кој, според него, е насочен против косовската држава.

The post КФОР и ЕУЛЕКС излегоа на терен по убиството на косовски полицаец во северно Косово appeared first on Република.

]]>

Припадници на КФОР и ЕУЛЕКС излегле на терен откако рано изутрината еден припадник на полицијата на Косово е убиен, а уште еден е ранет во напад на засега непознати и маскирани лица во селото Бањско во Лепосавиќ, во северно Косово. Блокирани се сите приоди кон селото Бањска од правец на Лепосавица, Зубин Поток и Звечан. Како што дознава Косово онлајн, премините Јариње и Брњак се блокирани. https://republika.mk/vesti/balkan/ubien-politsaets-vo-severno-kosovo-istreli-i-natamu-se-slushaat-vo-tekot-na-utrovo/ Косовската претседателка, Вјоса Османи изјави дека денешниот напад врз косовската полиција во северно Косово, во кој е припадник на полицијата е убиен, а уште еден е ранет, е „испланиран, оркестриран и изведен од српските криминални банди“. По инцидентот, таа, како што соопшти нејзиниот кабинет, ги прекинала сите активности во рамки на официјалната посета на Њујорк и веднаш ќе се врати во земјата. Косовскиот премиер Албин Курти преку објава на Фејсбук информира дека околу 3 часот по полноќ била нападната косовската полиција во Бањска, а како последица на нападот полицискиот наредник А.Б. е убиен, додека ранет е уште еден граничен полицаец. Курти вели дека истрелите од огнено оружје продолжуваат и натаму утрово. Тој го обвини официјален Белград дека е одговорен за нападот кој, според него, е насочен против косовската држава.

The post КФОР и ЕУЛЕКС излегоа на терен по убиството на косовски полицаец во северно Косово appeared first on Република.

]]>
Еулекс: Извидничка патрола нападната со шок-бомба кај Рудар https://republika.mk/vesti/balkan/euleks-izvidnichka-patrola-napadnata-so-shok-bomba-kaj-rudar/ Sun, 11 Dec 2022 09:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=584215

Извидничка патрола на ЕУЛЕКС била нападната со шок-бомба кај Рудар на северот на Косово, а во нападот нема повредени и нема материјална штета, соопштија од таа мисија и ги повикаа одговорните да се воздржат од провокативни дејствија, а косовските институции да ги изведат сторителите пред лицето на правдата, јави Бета.
Силно ги осудуваме насилните акти извршени од вооружени лица на северот на Косово, вклучително и против меѓународната заедница“, соопшти Мисијата на ЕУЛЕКС во врска со нападот што се случи синоќа.
Како што се наведува во соопштението, ЕУЛЕКС ќе продолжи да работи со одлучност за да ја поддржи стабилноста на Косово, во рамките на својот мандат, и да придонесе за безбедноста на населението од сите заедници.

The post Еулекс: Извидничка патрола нападната со шок-бомба кај Рудар appeared first on Република.

]]>

Извидничка патрола на ЕУЛЕКС била нападната со шок-бомба кај Рудар на северот на Косово, а во нападот нема повредени и нема материјална штета, соопштија од таа мисија и ги повикаа одговорните да се воздржат од провокативни дејствија, а косовските институции да ги изведат сторителите пред лицето на правдата, јави Бета. Силно ги осудуваме насилните акти извршени од вооружени лица на северот на Косово, вклучително и против меѓународната заедница“, соопшти Мисијата на ЕУЛЕКС во врска со нападот што се случи синоќа. Како што се наведува во соопштението, ЕУЛЕКС ќе продолжи да работи со одлучност за да ја поддржи стабилноста на Косово, во рамките на својот мандат, и да придонесе за безбедноста на населението од сите заедници.

The post Еулекс: Извидничка патрола нападната со шок-бомба кај Рудар appeared first on Република.

]]>
ЕУЛЕКС привремено ја распореди Резервната специјализирана полициска единица на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/euleks-privremeno-ja-rasporedi-rezervnata-specijalizirana-policiska-edinica-na-kosovo/ Wed, 09 Nov 2022 14:16:01 +0000 https://republika.mk/?p=571980

Како што е најавено, станува збор за зајакнување на капацитетите на Специјализираната полициска единица (СПЕ) на Мисијата на Европската Унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС)
Резервната специјализирана полициска единица (РСПЕ), составена од 23 италијански жандарми – карабинери и припадници на европските жандармериски сили (ЕУРОГЕНДФОР), од вчера е привремено распоредена на Косово.

Како што е најавено, станува збор за зајакнување на капацитетите на Специјализираната полициска единица (СПЕ) на Мисијата на Европската Унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС).

„РСПЕ е распоредена на Косово како одговор на потребата на Мисијата да има дополнителни сили на теренот и да обезбеди подобра поддршка за косовските колеги, доколку тоа се бара и е потребно“, објави денеска ЕУЛЕКС.
Тие додаваат дека редовната СПЕ се состои од 105 полски полицајци, и е стационирана во Митровица како втор степен за безбедносен одговор на Косово.

Инаку, механизмот на меѓународните претставници на Косово за безбедносен одговор се состои од три степени.

Косовската полиција е прва инстанца за безбедносен одговор, ЕУЛЕКС е втор, а НАТО/КФОР трет, потсетува ЕУЛЕКС. Новораспоредената Резервна специјализирана полициска едница се наоѓа во базата за поддршка на ЕУЛЕКС во Косово Поле.

„РСПЕ е под команда на ЕУЛЕКС и ќе ја поддржи Мисијата во исполнувањето на нејзините задачи, вклучително и како втор степен за безбедносен одговор на Косово, доколку е потребно“, се додава во соопштението.

Од Мисијата порачуваат дека безбедноста на сите заедници во Косово е главен приоритет на ЕУЛЕКС, а распоредувањето на резервната специјализирана полициска единица ја покажува решеноста на ЕУЛЕКС да продолжи да ја поддржува стабилноста на Косово и да придонесува за безбедноста на неговото население.

Ова е втор пат како РСПЕ се распоредува на Косово. Во март 2022 година, ЕУЛЕКС привремено ја засили својата СПЕ со резервна единица од 70 жандарми од Португалија и Франција, кои го напуштија Косово на 18 јули.

Распоредувањето на оваа полициска единица доаѓа откако српските полицајци дадоа откази, како дел од одлуката на претставниците на косовоските Срби да ги напуштат сите инситуции на Косово по одлуката на Приштина да продолжи со планот за пререгистрација на возилата со регистарски таблички издадени од Србија.

Претставниците на Србите во институциите на Косово од неделата почнаа да ги формализираат своите оставки на функциите, што продолжи и во наредните денови.

По одлуката, полициските станици останаа без мнозинството полицајци, правосудните органи без судии и обвинители, локалните самоуправи без администрација. Повеќе од 300 српски полицајци во неделата ги напуштија косовските полициски сили со поднесување оставки и демонстативно ги соблекоа полициските униформи.

Претставниците на САД и на ЕУ на Косово ги повикаа двете страни да ги намалат тензиите без да користат запалива реторика, да го изберат патот на дијалогот и да се воздржат од дејствија кои би довеле до насилство и конфронтација.

Амбасадите на САД во Белград и Приштина соопштија дека се согласуваат со Европската унија дека неодамнешните случувања во односите меѓу Косово и Србија се крајно загрижувачки и дека го загрозуваат значителниот напредок постигнат во дијалогот овозможен од ЕУ.

Тие ги повикаа косовските Срби да се вратат во институциите на Косово, Приштина да започне со процесот на формирање на Заедницата на српски општини.

The post ЕУЛЕКС привремено ја распореди Резервната специјализирана полициска единица на Косово appeared first on Република.

]]>

Како што е најавено, станува збор за зајакнување на капацитетите на Специјализираната полициска единица (СПЕ) на Мисијата на Европската Унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) Резервната специјализирана полициска единица (РСПЕ), составена од 23 италијански жандарми – карабинери и припадници на европските жандармериски сили (ЕУРОГЕНДФОР), од вчера е привремено распоредена на Косово. Како што е најавено, станува збор за зајакнување на капацитетите на Специјализираната полициска единица (СПЕ) на Мисијата на Европската Унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС). „РСПЕ е распоредена на Косово како одговор на потребата на Мисијата да има дополнителни сили на теренот и да обезбеди подобра поддршка за косовските колеги, доколку тоа се бара и е потребно“, објави денеска ЕУЛЕКС. Тие додаваат дека редовната СПЕ се состои од 105 полски полицајци, и е стационирана во Митровица како втор степен за безбедносен одговор на Косово. Инаку, механизмот на меѓународните претставници на Косово за безбедносен одговор се состои од три степени. Косовската полиција е прва инстанца за безбедносен одговор, ЕУЛЕКС е втор, а НАТО/КФОР трет, потсетува ЕУЛЕКС. Новораспоредената Резервна специјализирана полициска едница се наоѓа во базата за поддршка на ЕУЛЕКС во Косово Поле.
„РСПЕ е под команда на ЕУЛЕКС и ќе ја поддржи Мисијата во исполнувањето на нејзините задачи, вклучително и како втор степен за безбедносен одговор на Косово, доколку е потребно“, се додава во соопштението.
Од Мисијата порачуваат дека безбедноста на сите заедници во Косово е главен приоритет на ЕУЛЕКС, а распоредувањето на резервната специјализирана полициска единица ја покажува решеноста на ЕУЛЕКС да продолжи да ја поддржува стабилноста на Косово и да придонесува за безбедноста на неговото население. Ова е втор пат како РСПЕ се распоредува на Косово. Во март 2022 година, ЕУЛЕКС привремено ја засили својата СПЕ со резервна единица од 70 жандарми од Португалија и Франција, кои го напуштија Косово на 18 јули. Распоредувањето на оваа полициска единица доаѓа откако српските полицајци дадоа откази, како дел од одлуката на претставниците на косовоските Срби да ги напуштат сите инситуции на Косово по одлуката на Приштина да продолжи со планот за пререгистрација на возилата со регистарски таблички издадени од Србија. Претставниците на Србите во институциите на Косово од неделата почнаа да ги формализираат своите оставки на функциите, што продолжи и во наредните денови. По одлуката, полициските станици останаа без мнозинството полицајци, правосудните органи без судии и обвинители, локалните самоуправи без администрација. Повеќе од 300 српски полицајци во неделата ги напуштија косовските полициски сили со поднесување оставки и демонстативно ги соблекоа полициските униформи. Претставниците на САД и на ЕУ на Косово ги повикаа двете страни да ги намалат тензиите без да користат запалива реторика, да го изберат патот на дијалогот и да се воздржат од дејствија кои би довеле до насилство и конфронтација. Амбасадите на САД во Белград и Приштина соопштија дека се согласуваат со Европската унија дека неодамнешните случувања во односите меѓу Косово и Србија се крајно загрижувачки и дека го загрозуваат значителниот напредок постигнат во дијалогот овозможен од ЕУ. Тие ги повикаа косовските Срби да се вратат во институциите на Косово, Приштина да започне со процесот на формирање на Заедницата на српски општини.

The post ЕУЛЕКС привремено ја распореди Резервната специјализирана полициска единица на Косово appeared first on Република.

]]>