ЕУ Archives - Република https://republika.mk/tema/eu/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 20:02:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕУ Archives - Република https://republika.mk/tema/eu/ 32 32 Први во регионот: Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана https://republika.mk/vesti/makedonija/prvi-vo-regionot-makedonija-i-eu-potpishaa-dogovor-za-partnerstvo-za-bezbednost-i-odbrana/ Tue, 19 Nov 2024 20:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=839705

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во Брисел потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана меѓу Република Македонија и Европската Унија, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Неоправданата и неиспровоцирана војна на агресија на Русија против Украина ја истакна суштинската потреба за единство и солидарност во самата Европската унија, така и меѓу нејзините најблиски партнери, што дополнително ја нагласи важноста на зајакнатото Партнерство за безбедност и одбрана меѓу Европската унија и Македонија, се наведува во соопштението.

Македонија е важен и вреден партнер за Европската унија во областа на мирот, безбедноста и одбраната, како и активен учесник во својство на трета земја во Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската унија (ЗБОП).

Потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана е одраз на одличната и континуираната соработка меѓу Европска унија и Македонија и е клучен чекор кон потесна соработка за широк спектар безбедносни прашања, а во полза на граѓаните на Европската унија и Македонија, претставувајќи исто така и важен елемент на напорите на Македонија за интеграција во Европската унија. Новиот инструмент, меѓу останатите области, ги опфаќа областите на соработка за управување со кризи, поддршка за Украина, спречување на хибридни закани, сајбер прашања, градење капацитети и обуки, борба против тероризам и надворешни аспекти на интегрираното управување со границите.

Областите утврдени во Партнерството за безбедност и одбрана редовно ќе се разгледуваат, при што ќе се прави преглед на напредокот и ќе се даде поттик за натамошно јакнење на соработката, се вели во соопштението.

The post Први во регионот: Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана appeared first on Република.

]]>

Вархеји: Проширувањето на ЕУ е неизбежно, прашање е колку земји ќе се приклучат и кога https://republika.mk/vesti/svet/varheji-proshiruvaneto-na-eu-e-neizbezhno-prashane-e-kolku-zemji-ke-se-prikluchat-i-koga/ Tue, 19 Nov 2024 17:23:58 +0000 https://republika.mk/?p=839686

Понатамошното проширување на Европската унија е неизбежно, а сега прашање е колку земји ќе се приклучат и кога, изјави денеска комесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји пред парламентарната комисија за европски прашања.

-Политиката на проширување стана една од најважните теми за ЕУ, рече Вархеји говорејќи за последните пет години на таа функција.

Зборувајќи за пакетот за проширување на европскиот блок од 2024 година, Вархеји рече дека проширувањето е еднакво на „инвестирање во долгорочниот мир, безбедност и просперитет на ЕУ“.

Тој истакна дека во 2019 година во процесот на проширување учествувале седум членки на ЕУ, а сега има 10, додека во 2019 година имало пет кандидати, а бројот се зголемил на девет.

-Периодот од 2023 до 2024 година го „забрзува процесот на проширување“, рече тој, сугерирајќи дека новата Европска комисија треба да биде „комисија за проширување“ која работи на тоа да обезбеди нови членки да се приклучат до крајот на нивниот мандат.

Претходната комисија не го сметаше проширувањето за приоритет, што го турна процесот околу 10 години назад, рече Вархеји.

The post Вархеји: Проширувањето на ЕУ е неизбежно, прашање е колку земји ќе се приклучат и кога appeared first on Република.

]]>

Понатамошното проширување на Европската унија е неизбежно, а сега прашање е колку земји ќе се приклучат и кога, изјави денеска комесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји пред парламентарната комисија за европски прашања.
-Политиката на проширување стана една од најважните теми за ЕУ, рече Вархеји говорејќи за последните пет години на таа функција.
Зборувајќи за пакетот за проширување на европскиот блок од 2024 година, Вархеји рече дека проширувањето е еднакво на „инвестирање во долгорочниот мир, безбедност и просперитет на ЕУ“. Тој истакна дека во 2019 година во процесот на проширување учествувале седум членки на ЕУ, а сега има 10, додека во 2019 година имало пет кандидати, а бројот се зголемил на девет.
-Периодот од 2023 до 2024 година го „забрзува процесот на проширување“, рече тој, сугерирајќи дека новата Европска комисија треба да биде „комисија за проширување“ која работи на тоа да обезбеди нови членки да се приклучат до крајот на нивниот мандат.
Претходната комисија не го сметаше проширувањето за приоритет, што го турна процесот околу 10 години назад, рече Вархеји.

The post Вархеји: Проширувањето на ЕУ е неизбежно, прашање е колку земји ќе се приклучат и кога appeared first on Република.

]]>
Инфлацијата во ЕУ забрзала во октомври https://republika.mk/vesti/svet/inflatsijata-vo-eu-zabrzala-vo-oktomvri/ Tue, 19 Nov 2024 13:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=839638

Инфлацијата во Европската унија благо забрзала во октомври, објави во вторникот европската статистичка служба, потврдувајќи ја во исто време прелиминарната проценка за еврозоната која покажува и посилен раст на потрошувачките цени.

На ниво на целата ЕУ, годишната стапка на инфлација, мерена преку усогласениот индекс на потрошувачки цени (HIPC), кој овозможува споредба меѓу земјите-членки, во октомври се зголемила на 2,3 отсто, од 2,1 отсто во претходниот месец.

Во еврозоната цените во октомври биле за 2 отсто повисоки во однос на истиот месец лани, ја потврди прелиминарната проценка објавена на крајот на октомври Eurostat. Во септември беа зголемени за 1,7 отсто.

Во октомври минатата година годишната стапка на инфлација во ЕУ изнесуваше 3,6 отсто, а во еврозоната 2,9 отсто, покажуваат табелите на Eurostat.

Во октомври цената на услугите пораснала најмногу во еврозоната, за 4 отсто во однос на ланскиот октомври. Во септември поскапеа за 3,9 отсто.

Потоа следува свежата храна која поскапела за 3 отсто, речиси двојно повеќе од септември.

Енергенсите најмногу поевтиниле, за 4,6 отсто во однос на истиот месец лани, иако многу поблагo од септември, кога на годишно ниво поевтини за 6,1 отсто.

Базичната инфлација, кога ќе се исклучат цените на енергијата и свежата храна, се задржала на септемвриското ниво и изнесува 2,7 отсто.

На месечно ниво, потрошувачките цени во ЕУ се зголемени за 0,4 отсто, а во еврозоната за 0,3 отсто, покажуваат табелите на Европската статистичка служба.

Убедливо највисока годишна стапка на инфлација во ЕУ во октомври забележала и Романија, од 5 проценти, што ја потврдува позицијата на земјата со највисока стапка на инфлација во ЕУ, која ја „држи“ од крајот на минатата година.

Следат Белгија и Естонија, со раст на потрошувачките цени на годишно ниво со стапка од 4,5 отсто, објави Евростат.

Според новите пресметки на Eurostat, потрошувачките цени во Хрватска која од почетокот на годинава стана последната членка на еврозината, мерени со HICP, во октомври биле за 3,6 отсто повисоки во однос на истиот месец лани, што би значело дека тие пораснале најсилно од мај. Прелиминарната проценка покажа дека тие се зголемени за 3,5 отсто. Во септември тие се зголемија за 3,1 отсто, утврди Eurostat.

Словачка беше најблиску до Хрватска по годишен раст на цените во октомври, со стапка на инфлација од 3,5 отсто.

Годишната споредба покажува и дека потрошувачките цени во Словенија се непроменети на годишна основа во октомври. Убедливо најблаги зголемувања имало во Литванија и Ирска, за само 0,1 отсто, според извештајот.

The post Инфлацијата во ЕУ забрзала во октомври appeared first on Република.

]]>

Инфлацијата во Европската унија благо забрзала во октомври, објави во вторникот европската статистичка служба, потврдувајќи ја во исто време прелиминарната проценка за еврозоната која покажува и посилен раст на потрошувачките цени. На ниво на целата ЕУ, годишната стапка на инфлација, мерена преку усогласениот индекс на потрошувачки цени (HIPC), кој овозможува споредба меѓу земјите-членки, во октомври се зголемила на 2,3 отсто, од 2,1 отсто во претходниот месец. Во еврозоната цените во октомври биле за 2 отсто повисоки во однос на истиот месец лани, ја потврди прелиминарната проценка објавена на крајот на октомври Eurostat. Во септември беа зголемени за 1,7 отсто. Во октомври минатата година годишната стапка на инфлација во ЕУ изнесуваше 3,6 отсто, а во еврозоната 2,9 отсто, покажуваат табелите на Eurostat. Во октомври цената на услугите пораснала најмногу во еврозоната, за 4 отсто во однос на ланскиот октомври. Во септември поскапеа за 3,9 отсто. Потоа следува свежата храна која поскапела за 3 отсто, речиси двојно повеќе од септември. Енергенсите најмногу поевтиниле, за 4,6 отсто во однос на истиот месец лани, иако многу поблагo од септември, кога на годишно ниво поевтини за 6,1 отсто. Базичната инфлација, кога ќе се исклучат цените на енергијата и свежата храна, се задржала на септемвриското ниво и изнесува 2,7 отсто. На месечно ниво, потрошувачките цени во ЕУ се зголемени за 0,4 отсто, а во еврозоната за 0,3 отсто, покажуваат табелите на Европската статистичка служба. Убедливо највисока годишна стапка на инфлација во ЕУ во октомври забележала и Романија, од 5 проценти, што ја потврдува позицијата на земјата со највисока стапка на инфлација во ЕУ, која ја „држи“ од крајот на минатата година. Следат Белгија и Естонија, со раст на потрошувачките цени на годишно ниво со стапка од 4,5 отсто, објави Евростат. Според новите пресметки на Eurostat, потрошувачките цени во Хрватска која од почетокот на годинава стана последната членка на еврозината, мерени со HICP, во октомври биле за 3,6 отсто повисоки во однос на истиот месец лани, што би значело дека тие пораснале најсилно од мај. Прелиминарната проценка покажа дека тие се зголемени за 3,5 отсто. Во септември тие се зголемија за 3,1 отсто, утврди Eurostat. Словачка беше најблиску до Хрватска по годишен раст на цените во октомври, со стапка на инфлација од 3,5 отсто. Годишната споредба покажува и дека потрошувачките цени во Словенија се непроменети на годишна основа во октомври. Убедливо најблаги зголемувања имало во Литванија и Ирска, за само 0,1 отсто, според извештајот.

The post Инфлацијата во ЕУ забрзала во октомври appeared first on Република.

]]>
ЕУ сè уште не одлучила дали постепено ќе го воведе новиот систем за контрола на надворешните граници https://republika.mk/vesti/svet/eu-se-ushte-ne-odluchila-dali-postepeno-ke-go-vovede-noviot-sistem-za-kontrola-na-nadvoreshnite-granitsi/ Mon, 18 Nov 2024 13:57:49 +0000 https://republika.mk/?p=839240

Европска Унија сè уште не одлучила дали ќе продолжи со етапното воведување на новиот систем за пасошка контрола на надворешните граници, изјави денеска портпаролот на Европската комисија.

Тој истакна, дека на последниот состанок на Советот за внатрешни работи на ЕУ во Луксембург, што се одржи пред еден месец, било утврдено дека е невозможно да се воведе системот. ЕК не добила навремени известувања од сите земји на ЕУ дека се подготвени да работат со системот, како што предвидува законодавството.

Портпаролот на ЕК не прецизираше дали се неопходни законски измени за постепено воведување на новиот систем, ниту во која временска рамка може да се очекува отстранување на досегашните пречки. Пред еден месец Германија, Франција и Холандија не соопштија дека се подготвени за имплементација на системот.

Новиот систем предвидува во иднина проверките на пасошите да се вршат целосно автоматски. На овој начин сите што патуваат низ надворешните граници ќе бидат проверени со споредување на биометриските податоци.

The post ЕУ сè уште не одлучила дали постепено ќе го воведе новиот систем за контрола на надворешните граници appeared first on Република.

]]>

Европска Унија сè уште не одлучила дали ќе продолжи со етапното воведување на новиот систем за пасошка контрола на надворешните граници, изјави денеска портпаролот на Европската комисија. Тој истакна, дека на последниот состанок на Советот за внатрешни работи на ЕУ во Луксембург, што се одржи пред еден месец, било утврдено дека е невозможно да се воведе системот. ЕК не добила навремени известувања од сите земји на ЕУ дека се подготвени да работат со системот, како што предвидува законодавството. Портпаролот на ЕК не прецизираше дали се неопходни законски измени за постепено воведување на новиот систем, ниту во која временска рамка може да се очекува отстранување на досегашните пречки. Пред еден месец Германија, Франција и Холандија не соопштија дека се подготвени за имплементација на системот. Новиот систем предвидува во иднина проверките на пасошите да се вршат целосно автоматски. На овој начин сите што патуваат низ надворешните граници ќе бидат проверени со споредување на биометриските податоци.

The post ЕУ сè уште не одлучила дали постепено ќе го воведе новиот систем за контрола на надворешните граници appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ne-znam-dali-e-mozhen-ischekor-vo-evrointegratsiite-do-krajot-na-godinata-no-ke-storime-se-da-najdeme-reshenie/ Sat, 16 Nov 2024 12:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=838519

Не знам дали е можно да се направи некаков исчекор, во евроинтеграциите до крајот на годината, но знам дека ќе сториме се што е во наша моќ да се обидеме нашето прашање да го претставиме онака како што е, пред сите светски авторитети. Уставни измени сигурно не планираме, вели премиерот Христијан Мицкоски.

-Тоа сигурно не се планира. Не знам дали е можно да се направи некаков исчекор, но знам дека ќе сториме се што е во наша моќ да се обидеме нашето прашање да го претставиме онака како што е, пред сите светски авторитети. И тоа го направивме во изминатиот период. Дали ќе има некаков напредок - не знам, дали ќе има промена на нашата позиција - нема да има. Затоа што нашата позиција се темели на принципи и аргументи и тоа сме го кажале барем досега стотина пати. Доколку има волја има и начин. Тоа не зависи само од нас. За танцување треба двајца, некогаш можеби и повеќе, но во случајов треба да имаме некој соговорник кој што ќе сака да разговара. Ние сме подготвени, секаде ја претставуваме нашата позиција и ќе продолжиме да ја претставуваме и спротивни аргументи не сме слушнале на нашите аргументи. Веќе нема аргумент -тоа е тоа, земете или оставете, тоа веќе не е, сега имаме поинаква позиција. Сега позицијата е дајте да најдеме решение. Дали ќе постигнеме напредок за месец - два, шест месеци не знам, дали ќе дадеме се од себе- ќе дадеме, рече Мицкоски на новинарско прашање колку се реални очекувањата за некакво придвижување на евроинтеграциите до крајот на годината, поради актуелните случувања во Бугарија со неуспехот за избор на претседател на Парламентот или се планираат уставните измени.

Тој најави дека во декември два пати ќе престојува во Брисел, каде ќе може повторно да разговара за нашето прашање поврзано со деблокада на евроинтеграциите.

-На почетоткот од декември ќе има билатерален тет а тет разговор со Кошта, по што ќе учествува со него на вечера со другите лидери од Западен Балкан. На крајот на декември има самит ЕУ - Западен Балкан на кој ќе присуствуваат канцеларот Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и други авторитети од ЕУ. И ќе се бориме, нема да седиме со скрстени раце или со бело знаме да мавтаме, како што беше до сега. Ќе се бориме и битно е да победуваме, и мислам дека од поразите што ги нижевме изминативе седум годии постепено полека излегуваме од таа летаргија и почнуваме да победуваме, малку ситно, но победуваме, тоа е нашиот план, таа е нашата агенда, рече Мицкоски по присуството на поставување камен темелник за надградба на ООУ Ацо Шопов во населба Радишани, Општина Бутел..

The post Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение appeared first on Република.

]]>

Не знам дали е можно да се направи некаков исчекор, во евроинтеграциите до крајот на годината, но знам дека ќе сториме се што е во наша моќ да се обидеме нашето прашање да го претставиме онака како што е, пред сите светски авторитети. Уставни измени сигурно не планираме, вели премиерот Христијан Мицкоски. -Тоа сигурно не се планира. Не знам дали е можно да се направи некаков исчекор, но знам дека ќе сториме се што е во наша моќ да се обидеме нашето прашање да го претставиме онака како што е, пред сите светски авторитети. И тоа го направивме во изминатиот период. Дали ќе има некаков напредок - не знам, дали ќе има промена на нашата позиција - нема да има. Затоа што нашата позиција се темели на принципи и аргументи и тоа сме го кажале барем досега стотина пати. Доколку има волја има и начин. Тоа не зависи само од нас. За танцување треба двајца, некогаш можеби и повеќе, но во случајов треба да имаме некој соговорник кој што ќе сака да разговара. Ние сме подготвени, секаде ја претставуваме нашата позиција и ќе продолжиме да ја претставуваме и спротивни аргументи не сме слушнале на нашите аргументи. Веќе нема аргумент -тоа е тоа, земете или оставете, тоа веќе не е, сега имаме поинаква позиција. Сега позицијата е дајте да најдеме решение. Дали ќе постигнеме напредок за месец - два, шест месеци не знам, дали ќе дадеме се од себе- ќе дадеме, рече Мицкоски на новинарско прашање колку се реални очекувањата за некакво придвижување на евроинтеграциите до крајот на годината, поради актуелните случувања во Бугарија со неуспехот за избор на претседател на Парламентот или се планираат уставните измени. Тој најави дека во декември два пати ќе престојува во Брисел, каде ќе може повторно да разговара за нашето прашање поврзано со деблокада на евроинтеграциите. -На почетоткот од декември ќе има билатерален тет а тет разговор со Кошта, по што ќе учествува со него на вечера со другите лидери од Западен Балкан. На крајот на декември има самит ЕУ - Западен Балкан на кој ќе присуствуваат канцеларот Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и други авторитети од ЕУ. И ќе се бориме, нема да седиме со скрстени раце или со бело знаме да мавтаме, како што беше до сега. Ќе се бориме и битно е да победуваме, и мислам дека од поразите што ги нижевме изминативе седум годии постепено полека излегуваме од таа летаргија и почнуваме да победуваме, малку ситно, но победуваме, тоа е нашиот план, таа е нашата агенда, рече Мицкоски по присуството на поставување камен темелник за надградба на ООУ Ацо Шопов во населба Радишани, Општина Бутел..

The post Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение appeared first on Република.

]]>
Орбан: На ​​Србија не и треба ЕУ, на ЕУ и треба Србија https://republika.mk/vesti/balkan/orban-na-srbija-ne-i-treba-eu-na-eu-i-treba-srbija/ Fri, 15 Nov 2024 21:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=838341

Европа мора да разбере дека на Србија не и треба Европската Унија, туку дека Србија и е потребна на Унијата, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта по состанокот на Советот за стратешка соработка меѓу Србија и Унгарија.

Орбан посочи дека Европа има проблем со растот и динамиката и дека само новите членки на ЕУ можат да и дадат нов поттик, а Србија е најдобар кандидат.

Ако некој сака сам да види што Србија може да и понуди на европската економија, тогаш му предлагам да го посети Белград за три месеци и да види што Србија може да и понуди на ЕУ“, рече Орбан, додавајќи дека Унгарија ќе продолжи да се грижи за интересите на ЕУ и Србија“.

The post Орбан: На ​​Србија не и треба ЕУ, на ЕУ и треба Србија appeared first on Република.

Шест земји од ЕУ добија рок од два месеци за имплементација на Директивата за осигурување на возила https://republika.mk/vesti/svet/shest-zemji-od-eu-dobija-rok-od-dva-mesetsi-za-implementatsija-na-direktivata-za-osiguruvane-na-vozila/ Fri, 15 Nov 2024 09:23:27 +0000 https://republika.mk/?p=837997

Европската комисија упати последно предупредување до шест земји членки на ЕУ и им даде рок од два месеци да ја имплементираат Директивата на Унијата за осигурување на моторни возила.

Во предупредувањето упатено до Бугарија, Летонија, Малта, Португалија, Романија и Шпанија, Еврокомисијата посочува дека доколку не се усогласат со наведената Директива, против нив би можела да биде покрената постапка пред Судот на правдата на ЕУ.

Како што соопшти ЕК, одлуката за испраќање на „образложени мислења“ до шесте земји членки е донесена затоа што тие „не ја информирале дали целосно ја имплементирале изменетата Директива за осигурување на моторни возила во нивните национални законодавства“.

Крајниот рок за вклучување на одредбите од оваа Директива на ЕУ во националните законодавства на земјите членки беше на 23 декември 2023 година. Откако оцени дека шесте наведени земји не ја имплементирале регулативата до утврдениот рок, Еврокомисијата им испрати формални известувања за тоа, но, како што се наведува во соопштението, од нив не добила „задоволителен одговор“ на укажувањата.

Поради ова, ЕК сега реши да им даде дополнителен рок од два месеци за усогласување или во спротивно „може да реши да ги упати случаите до Судот на правдата на Европската Унија“.

Директивата за осигурување на моторни возила има за цел да ја зајакне заштитата на жртвите од сообраќајни несреќи во ЕУ. Со измените се прецизира опсегот на оваа заштита, се олеснува следењето на задолжителното осигурување на моторните возила и се создава механизам за обештетување на жртвите во случај на несолвентност на одговорниот за сообраќајната несреќа. Со овие измени, исто така, се олеснува и постапката за промена на осигурителните компании и на осигурениците им се гарантира еднаков и недискриминаторски третман.

The post Шест земји од ЕУ добија рок од два месеци за имплементација на Директивата за осигурување на возила appeared first on Република.

]]>

Европската комисија упати последно предупредување до шест земји членки на ЕУ и им даде рок од два месеци да ја имплементираат Директивата на Унијата за осигурување на моторни возила. Во предупредувањето упатено до Бугарија, Летонија, Малта, Португалија, Романија и Шпанија, Еврокомисијата посочува дека доколку не се усогласат со наведената Директива, против нив би можела да биде покрената постапка пред Судот на правдата на ЕУ. Како што соопшти ЕК, одлуката за испраќање на „образложени мислења“ до шесте земји членки е донесена затоа што тие „не ја информирале дали целосно ја имплементирале изменетата Директива за осигурување на моторни возила во нивните национални законодавства“. Крајниот рок за вклучување на одредбите од оваа Директива на ЕУ во националните законодавства на земјите членки беше на 23 декември 2023 година. Откако оцени дека шесте наведени земји не ја имплементирале регулативата до утврдениот рок, Еврокомисијата им испрати формални известувања за тоа, но, како што се наведува во соопштението, од нив не добила „задоволителен одговор“ на укажувањата. Поради ова, ЕК сега реши да им даде дополнителен рок од два месеци за усогласување или во спротивно „може да реши да ги упати случаите до Судот на правдата на Европската Унија“. Директивата за осигурување на моторни возила има за цел да ја зајакне заштитата на жртвите од сообраќајни несреќи во ЕУ. Со измените се прецизира опсегот на оваа заштита, се олеснува следењето на задолжителното осигурување на моторните возила и се создава механизам за обештетување на жртвите во случај на несолвентност на одговорниот за сообраќајната несреќа. Со овие измени, исто така, се олеснува и постапката за промена на осигурителните компании и на осигурениците им се гарантира еднаков и недискриминаторски третман.

The post Шест земји од ЕУ добија рок од два месеци за имплементација на Директивата за осигурување на возила appeared first on Република.

]]>
Орбан: ЕУ треба да ги преиспита санкциите против Русија поради високите цени на енергијата https://republika.mk/vesti/svet/orban-eu-treba-da-gi-preispita-sanktsiite-protiv-rusija-poradi-visokite-tseni-na-energijata/ Fri, 15 Nov 2024 09:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=837996

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската унија мора да ги преиспита санкциите против Русија, бидејќи тие придонесуваат за одржување на високите цени на енергијата, што негативно влијае на конкурентноста на европската економија.

Орбан изјави за унгарското јавно радио Кошут дека високите трошоци за енергија ги ставаат европските компании во неповолна положба во споредба со нивните конкуренти, особено американските компании кои плаќаат значително пониски цени за енергетските производи.

Според него, американските компании плаќаат само четвртина од сумата што европските компании ја издвојуваат за гас и струја, што создава сериозен конкурентен проблем за ЕУ.

The post Орбан: ЕУ треба да ги преиспита санкциите против Русија поради високите цени на енергијата appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската унија мора да ги преиспита санкциите против Русија, бидејќи тие придонесуваат за одржување на високите цени на енергијата, што негативно влијае на конкурентноста на европската економија. Орбан изјави за унгарското јавно радио Кошут дека високите трошоци за енергија ги ставаат европските компании во неповолна положба во споредба со нивните конкуренти, особено американските компании кои плаќаат значително пониски цени за енергетските производи. Според него, американските компании плаќаат само четвртина од сумата што европските компании ја издвојуваат за гас и струја, што создава сериозен конкурентен проблем за ЕУ.  

The post Орбан: ЕУ треба да ги преиспита санкциите против Русија поради високите цени на енергијата appeared first on Република.

]]>
ЕУ го казни Фејсбук со 800 милиони евра https://republika.mk/vesti/svet/eu-go-kazni-fejsbuk-so-800-milioni-evra/ Fri, 15 Nov 2024 08:35:32 +0000 https://republika.mk/?p=837960

Европската унија ја казни Мета, која е сопственик на Фејсбук, со 800 милиони евра за, како што рече, „злоупотребливи практики“ во врска со малите реклами на мрежата Маркетплејс.

Европската комисија ја изрече казната откако нејзината долга истрага утврди дека компанијата ја злоупотребила својата доминантна позиција и се вклучила во антиконкурентно однесување.

Комисијата ја обвини Мета дека ја задушува конкуренцијата со тоа што го врзува својот онлајн бизнис со класифицирани огласи со својата социјална мрежа, автоматски изложувајќи ги корисниците на Facebook на Marketplace „сакале или не“ и на тој начин исклучувајќи ги сите нејзини потенцијални конкуренти.

Исто така, се тврди дека Мета наметнала нефер услови за тргување со условите за користење што ја овластиле компанијата да користи податоци поврзани со реклами, генерирани од конкурентни платформи за класифицирани реклами на Facebook или Instagram во корист на Marketplace.

Практиките на Мета ѝ дале „предности што другите даватели на услуги огласи на интернет не можат да ги остварат“, рече Маргарет Вестагер, извршен потпретседател на Комисијата задолжена за политиката на конкуренција, во соопштението за медиумите. „Ова е незаконско според правилата на ЕУ. Мета мора да престане со ова однесување сега“.

Мета во соопштението рече дека одлуката не докажува каква било штета што наводно им ја нанела на ривалите или потрошувачите и дека „ја игнорира реалноста на просперитетниот европски пазар за онлајн продажба“.

Компанијата рече дека Комисијата го игнорирала фактот дека корисниците на Фејсбук можат да изберат дали да пристапат на Маркетплејс.

Тие исто така истакнаа дека онлајн пазарите, вклучително и глобалните страници како што се eBay, платформите ширум Европа како што е Vinted и националните услуги продолжуваат да растат.

Мета рече дека ќе ја исполни наредбата на комисијата да ја прекине практиката и да не ја повторува, но посочи дека ќе поднесе жалба.

The post ЕУ го казни Фејсбук со 800 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Европската унија ја казни Мета, која е сопственик на Фејсбук, со 800 милиони евра за, како што рече, „злоупотребливи практики“ во врска со малите реклами на мрежата Маркетплејс. Европската комисија ја изрече казната откако нејзината долга истрага утврди дека компанијата ја злоупотребила својата доминантна позиција и се вклучила во антиконкурентно однесување. Комисијата ја обвини Мета дека ја задушува конкуренцијата со тоа што го врзува својот онлајн бизнис со класифицирани огласи со својата социјална мрежа, автоматски изложувајќи ги корисниците на Facebook на Marketplace „сакале или не“ и на тој начин исклучувајќи ги сите нејзини потенцијални конкуренти. Исто така, се тврди дека Мета наметнала нефер услови за тргување со условите за користење што ја овластиле компанијата да користи податоци поврзани со реклами, генерирани од конкурентни платформи за класифицирани реклами на Facebook или Instagram во корист на Marketplace. Практиките на Мета ѝ дале „предности што другите даватели на услуги огласи на интернет не можат да ги остварат“, рече Маргарет Вестагер, извршен потпретседател на Комисијата задолжена за политиката на конкуренција, во соопштението за медиумите. „Ова е незаконско според правилата на ЕУ. Мета мора да престане со ова однесување сега“. Мета во соопштението рече дека одлуката не докажува каква било штета што наводно им ја нанела на ривалите или потрошувачите и дека „ја игнорира реалноста на просперитетниот европски пазар за онлајн продажба“. Компанијата рече дека Комисијата го игнорирала фактот дека корисниците на Фејсбук можат да изберат дали да пристапат на Маркетплејс. Тие исто така истакнаа дека онлајн пазарите, вклучително и глобалните страници како што се eBay, платформите ширум Европа како што е Vinted и националните услуги продолжуваат да растат. Мета рече дека ќе ја исполни наредбата на комисијата да ја прекине практиката и да не ја повторува, но посочи дека ќе поднесе жалба.

The post ЕУ го казни Фејсбук со 800 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Европската комисија одобри исплата на 4,1 милијарди евра за Украина https://republika.mk/vesti/evropskata-komisija-odobri-isplata-na-4-1-milijardi-evra-za-ukraina/ Thu, 14 Nov 2024 19:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=837859

Европската комисија одобри исплата на 4,1 милијарди евра за Украина во рамките на механизмот на Европската унија за Украина, објави Укринформ, повикувајќи се на објава на украинскиот премиер Денис Шмихал на „Телеграм“.

„Европската комисија одобри исплата на 4,1 милијарди евра на Украина во рамките на Украинскиот механизам. ЕК даде позитивна оценка за реформите и истакна дека владата ги исполнила потребните индикатори за да ја добие оваа транша. Очекуваме брзо одобрување на одлуката од страна на Советот на Европската Унија. Со тоа, вкупната поддршка во рамките на Механизмот за Украина оваа година ќе достигне 16,1 милијарда евра“, напиша Шмихал.

Тој изрази благодарност за непоколебливата поддршка на ЕУ за Киев. Нагласи дека и покрај тековната војна со Русија, Украина останува посветена на реформите и трансформацијата, насочени кон зајакнување на нејзината европска интеграција и напредок кон полноправно членство во Европската унија.

The post Европската комисија одобри исплата на 4,1 милијарди евра за Украина appeared first on Република.

Мора да не биде и ќе не биде, патот до членството во ЕУ ќе ни се отвори – убеден е Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/mora-da-ne-bide-i-ke-ne-bide-patot-do-chlenstvoto-vo-eu-ke-ni-se-otvori-ubeden-e-mitskoski/ Sat, 09 Nov 2024 13:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=835867

Ја разбирам еврокомесарката, таа требаше да го помине „хирингот“ на кој требаше да гласаат и европратеници од нашиот источен сосед и тоа е во рамките на таа димензија. Мислам дека низ таа оптика таа ги гледаше тие пораки и јас низ таа оптика ги гледам тие пораки. Убеден сум дека во периодот што следи, низ заеднички разговори, конечно, по 2,5 децении патот на Македонија до полноправно членство во ЕУ ќе биде широко отворен и ќе се вреднува врз основа на постигнувањата и компетенциите, а не поради билатералните прашања. Убеден сум дека ќе успееме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со изјавата на еврокомесарката Марта Кос според која, земјава треба да ги спроведе уставните измени.

Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски порача дека „мора да не биде и ќе не биде“, а ваквиот оптимизам го темели, како што напомена, на сите досегашни средби со релевантните светски лидери, реализирани во изминатите речиси пет месеци.

Разговорите со францускиот претседател Макрон, премиерот ги квалификува како суштински дијалог. На средбата во Будимпешта, информира, со Макрон разговарале не само за македонските евроинтеграции, туку и за многу заеднички проекти во областа на економијата, инфрастуктурата, здравството,...

Кога би заокружил се за помалку од пет месеци, можам да им порачам на граѓаните дека мора да не биди и ќе не биде. Да бидеме оптимисти. Успеавме да се сретнеме со сите релевантни светски лидери за толку кратко време, нешто што порано не беше возможно ниту во еден мандат. Видов одредени натписи на одредени портали кои ја поддржуваат работата на опозицијата, како моите средби ги споредуваат со средбите на некои други лидери во околината, но кога би ја објавувал секоја слика со секого со кого ќе се поздравам, би изгледало тривијално. Мислам дека е покорисно да се објавуваат вистински, суштински средби во кои има суштински дијалог. Таква беше средбата со францускиот претседател. Покрај прашањата поврзани со ЕУ интеграцијата на нашата земја, зборувавме и за соработката во економијата, имаме многу проекти во инфраструктурата, здравството кои ни се важни и кои како влада со влада може да ги реализираме, комуникацијата продолжува, дента имавме можности често да бидеме заедно и да разговараме за многу отворени теми - истакна Мицкоски по увидот во градежните работи на три делници кај Велес.

The post Мора да не биде и ќе не биде, патот до членството во ЕУ ќе ни се отвори – убеден е Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Ја разбирам еврокомесарката, таа требаше да го помине „хирингот“ на кој требаше да гласаат и европратеници од нашиот источен сосед и тоа е во рамките на таа димензија. Мислам дека низ таа оптика таа ги гледаше тие пораки и јас низ таа оптика ги гледам тие пораки. Убеден сум дека во периодот што следи, низ заеднички разговори, конечно, по 2,5 децении патот на Македонија до полноправно членство во ЕУ ќе биде широко отворен и ќе се вреднува врз основа на постигнувањата и компетенциите, а не поради билатералните прашања. Убеден сум дека ќе успееме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со изјавата на еврокомесарката Марта Кос според која, земјава треба да ги спроведе уставните измени. Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски порача дека „мора да не биде и ќе не биде“, а ваквиот оптимизам го темели, како што напомена, на сите досегашни средби со релевантните светски лидери, реализирани во изминатите речиси пет месеци. Разговорите со францускиот претседател Макрон, премиерот ги квалификува како суштински дијалог. На средбата во Будимпешта, информира, со Макрон разговарале не само за македонските евроинтеграции, туку и за многу заеднички проекти во областа на економијата, инфрастуктурата, здравството,...
Кога би заокружил се за помалку од пет месеци, можам да им порачам на граѓаните дека мора да не биди и ќе не биде. Да бидеме оптимисти. Успеавме да се сретнеме со сите релевантни светски лидери за толку кратко време, нешто што порано не беше возможно ниту во еден мандат. Видов одредени натписи на одредени портали кои ја поддржуваат работата на опозицијата, како моите средби ги споредуваат со средбите на некои други лидери во околината, но кога би ја објавувал секоја слика со секого со кого ќе се поздравам, би изгледало тривијално. Мислам дека е покорисно да се објавуваат вистински, суштински средби во кои има суштински дијалог. Таква беше средбата со францускиот претседател. Покрај прашањата поврзани со ЕУ интеграцијата на нашата земја, зборувавме и за соработката во економијата, имаме многу проекти во инфраструктурата, здравството кои ни се важни и кои како влада со влада може да ги реализираме, комуникацијата продолжува, дента имавме можности често да бидеме заедно и да разговараме за многу отворени теми - истакна Мицкоски по увидот во градежните работи на три делници кај Велес.

The post Мора да не биде и ќе не биде, патот до членството во ЕУ ќе ни се отвори – убеден е Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Усвоена декларацијата од Будимпешта за новиот европски договор за конкурентност https://republika.mk/vesti/svet/usvoena-deklaratsijata-od-budimpeshta-za-noviot-evropski-dogovor-za-konkurentnost/ Fri, 08 Nov 2024 18:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=835701

Лидерите на Европската унија ја усвоија Будимпештанската декларација за новиот европски договор за конкурентност, во која се нагласува потребата од итно и одлучно дејствување за да се постигнат зацртаните цели.

„Соочени со нови геополитички реалности и економски и демографски предизвици, ние, лидерите на Европската унија, сме решени да го обезбедиме нашиот заеднички економски просперитет, да ја зголемиме нашата конкурентност, правејќи ја ЕУ првиот климатски неутрален континент во светот и обезбедувајќи го суверенитетот, безбедноста, издржливоста и глобалното влијание на ЕУ“, се нагласува во текстот на декларацијата.

Како што е наведено, европските политичари сакаат да ја направат Европската унија поконкурентна, продуктивна, иновативна и одржлива.

„Императив е итно да го намалиме јазот во иновациите и продуктивноста, како со нашите глобални конкуренти, така и во рамките на ЕУ. Ќе работиме во единство и солидарност за доброто на сите граѓани на ЕУ, компании и земји-членки“, се додава во текстот.

Во декларацијата се споменуваат седум главни цели, меѓу кои се интензивирање на напорите за обезбедување функционален единствен пазар на Европската унија, како и преземање „одлучни чекори“ кон Унијата на штедење и инвестиции до 2026 година и итен напредок во изградбата на пазарот на капитал на ЕУ.

Европската индустриска политика мора да обезбеди развој на технологии кои ќе бидат клучни во иднина и во исто време да ги надмине проблемите на транзицијата и да постигне декарбонизација, додаваат авторите на декларацијата.

Европската унија треба да ги поедностави своите бирократски процедури и да обезбеди јасна и едноставна регулаторна рамка за компаниите, да ја зајакне одбранбената индустрија и да застане на чело на истражувањето и иновациите на глобално ниво.

Како што е наведено, Европската унија исто така мора да ја следи двојната цел за стратешки енергетски суверенитет и постигнување климатска неутралност до 2050 година.

„Ќе изградиме вистинска енергетска унија која ќе се карактеризира со целосно интегриран и меѓусебно поврзан енергетски пазар како приоритет, преку декарбонизација на нашиот енергетски микс и снабдување со прифатлива и чиста енергија за сите наши граѓани и компании“.

The post Усвоена декларацијата од Будимпешта за новиот европски договор за конкурентност appeared first on Република.

]]>

Лидерите на Европската унија ја усвоија Будимпештанската декларација за новиот европски договор за конкурентност, во која се нагласува потребата од итно и одлучно дејствување за да се постигнат зацртаните цели.
„Соочени со нови геополитички реалности и економски и демографски предизвици, ние, лидерите на Европската унија, сме решени да го обезбедиме нашиот заеднички економски просперитет, да ја зголемиме нашата конкурентност, правејќи ја ЕУ првиот климатски неутрален континент во светот и обезбедувајќи го суверенитетот, безбедноста, издржливоста и глобалното влијание на ЕУ“, се нагласува во текстот на декларацијата.
Како што е наведено, европските политичари сакаат да ја направат Европската унија поконкурентна, продуктивна, иновативна и одржлива.

„Императив е итно да го намалиме јазот во иновациите и продуктивноста, како со нашите глобални конкуренти, така и во рамките на ЕУ. Ќе работиме во единство и солидарност за доброто на сите граѓани на ЕУ, компании и земји-членки“, се додава во текстот.

Во декларацијата се споменуваат седум главни цели, меѓу кои се интензивирање на напорите за обезбедување функционален единствен пазар на Европската унија, како и преземање „одлучни чекори“ кон Унијата на штедење и инвестиции до 2026 година и итен напредок во изградбата на пазарот на капитал на ЕУ. Европската индустриска политика мора да обезбеди развој на технологии кои ќе бидат клучни во иднина и во исто време да ги надмине проблемите на транзицијата и да постигне декарбонизација, додаваат авторите на декларацијата. Европската унија треба да ги поедностави своите бирократски процедури и да обезбеди јасна и едноставна регулаторна рамка за компаниите, да ја зајакне одбранбената индустрија и да застане на чело на истражувањето и иновациите на глобално ниво. Како што е наведено, Европската унија исто така мора да ја следи двојната цел за стратешки енергетски суверенитет и постигнување климатска неутралност до 2050 година.
„Ќе изградиме вистинска енергетска унија која ќе се карактеризира со целосно интегриран и меѓусебно поврзан енергетски пазар како приоритет, преку декарбонизација на нашиот енергетски микс и снабдување со прифатлива и чиста енергија за сите наши граѓани и компании“.

The post Усвоена декларацијата од Будимпешта за новиот европски договор за конкурентност appeared first on Република.

]]>
Пораката од Брисел е дека местото на Македонија е во ЕУ, порача вицепремиерот Фетаи https://republika.mk/vesti/makedonija/porakata-od-brisel-e-deka-mestoto-na-makedonija-e-vo-eu-poracha-vitsepremierot-fetai/ Fri, 08 Nov 2024 17:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=835690

Пораката од Брисел е многу позитивна дека местото на Македонија е во Европската Унија, како и на целиот регион на Западниот Балкан, но треба да ги завршиме задачите што ги имаме како држава за да ја поминеме оваа фаза и да отвориме нова страница во процесот на зачленување во Европската Унија. изјави за МИА вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој престојува во работна посета на Брисел на покана на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“.

Тој истакна дека бил поканет да учествува на годишната конференција на „Пријатели на Европа“ посветена на состојбите во Европа, во чии рамки присуствувал и на гала вечера заедно со претставници од сите земји членки на ЕУ, на приватниот сектор, на НАТО и САД.

- Примивме јасни пораки дека постои еден моментум кој го немаше досега, за да продолжиме на европскиот пат на нашата земја и за да го интегрираме Западниот Балкан во ЕУ. За жал, овие прилики настанаа по руската инвазија врз Украина и веќе сите во Брисел и во сите главните градови на ЕУ ја сфаќаат значајноста на овој моментум, важноста од интегрирањето на Западниот Балкан во ЕУ и на некаков начин и политичката сплотеност на европскиот континент, нагласи Фетаи.

Вицепремиерот информира дека слични пораки биле упатени и на Конференцијата за состојбите на Европа, во чии рамки се одржа и панел посветен на политиката на проширување на ЕУ.

- Пораките беа кристално јасни дека постои еден извонреден моментум, кој треба да го искористиме како Западен Балкан и да ги завршиме останатите обврски. Тоа што се очекува од нас се знае. Треба да ги заокружиме уставните измени, со што конечно ќе бидат отворени преговорите со ЕУ, додаде Фетаи.

Тој имал средби и со новиот известител на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц кој доаѓа од австриската партија Зелени, како и со „старата пријателка на нашата земја и на Западниот Балкан“, Улрике Луначек, која, како што нагласи, е голем застапник на политиката на проширување на ЕУ.

- Господинот Ваjц ми вети дека ќе ја следи линијата на неговата пратеничка група во Европскиот парламент и дека ќе има конструктивен и критички пристап во оние области каде што ќе имаме недостатоци, рече Фетаи.

На средбата станало збор и за борбата против корупцијата и за зајакнување на владеењето на правото, при што Вајц ветил дека во оваа насока ќе помага за решавање на „вонредните состојби наследени од власта на СДСМ и ДУИ“, кои, според Фетаи, не презеле никакви чекори во насока на борбата против криминалот и корупцијата.

- Во 2023 година немавме пресуди за случаи на корупција затоа што го сменија Кривичниот законик заради политички пазарења и нам ни останува да ги решаваме овие штети што ги наследивме во судството, обвинителството и Академијата за судии и обвинители, рече Фетаи.

Според него, сите овие закони се дел од нашата реформска агенда за приближување кон Европската Унија, кои треба да бидат преточени во конкретни резултати до крајот на оваа година. Во однос за оценката во Извештајот за напредокот на земјава на европскиот пат дека постои поларизација на нашето општество, Фетаи оцени дека и заканата по живот што му била упатена е показател на таа поларизација.

- Ова покажува дека екстремистичките сили, како Левица, успеале да ги поларизираат луѓето, да ги поларизираат граѓаните и заедниците меѓу себе. Ова не е агендата што треба да ја следи Македонија, која има за цел да стане членка на Европската Унија. Ова е руска агенда и тоа треба да се каже. Проруските и екстремистичките сили во нашата земја треба целосно да се игнорираат, јас одбивам да комуницирам со Левица, иако тие ме етикетираа за многу работи, како дека немам македонско државјанство, што беше чиста лажна вест. Јас сум државјанин на Македонија и секогаш сум бил државјанин на Македонија. Ме етикетираа како шпион на (косовскиот премиер) Албин Курти и што знам уште какви други будалаштини, рече Фетаи.

Тој потенцира дека во Белгија демократските сили и традиционалните демократски партии, одбиваат да комуницираат со екстремната десница, пример кој би требало да се следи и во нашата земја.

- Јас не би сакал да се најдам себеси во позиција да дебатирам со пратениците на Левица во Парламентот. Јас ги игнорирам пратениците на Левица, не ја земам пред вид ниту една нивна критика, бидејќи тие стануваат фактор кога ги коментирате и кога им реплицирате. Треба да се игнорираат, но исто така треба да се преземат мерки што се однесува до ширењето руски дезинформации во нашата земја. Нашите медиуми, и со жалење велам македонските медиуми, дел од нив, споделуваат руски дезинформации, како да е тоа класично информирање, додаде вицепремиерот за добро владеење.

Фетаи потенцира дека тука станува збор за ширење пропаганда и затоа треба да се преземат мерки, при што најави дека ќе покрене иницијативи за „решавање на проблемот со руските дезинформации и пропаганда во нашата земја“.

- Не е нормално медиумите во една земја која се стреми да отвори преговори со Европската Унија, да шират руска пропаганда на брутален начин и без да се цитира изворот да се споделува „Спутњик“ или „Раша тудеј“ кога знаеме кои се нивните намери. Нивните намери се да се затвори европскиот пат, тие се сили анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-САД и ние треба да поставиме црвени линии и да ги запреме таквите дестабилизирачки заложби, бидејќи крајната цел им е да се дестабилизира земјата и да отстапи од прозападниот пат, европскиот пат и од зачленувањето во Европската Унија, заклучи Фетаи.

Во врска, пак, со забелешките од Европската комисија за прекумерна употреба на инструментот „европско знаменце“ за носење по скратена постапка на закони кои не секогаш се поврзани со усогласување со законодавството на ЕУ, Фетаи нагласи дека таа постапка, за жал, беше злоупотребена од претходната власт.

- Повторно за жал, мора да признаеме дека и ние како нова Влада усвоивме закони по брза постапка, значи без собраниска расправа. Многу од првите закони што ги доставивме од Владата до Собранието беа по скратена постапка. Ова се должи на итноста со која се соочивме. Знаете дека наидовме на масакриран буџет од владеењето на СДСМ и ДУИ во текот на изборната година од чисто изборни причини, додаде Фетаи.

Според него, од тие причини новата Влада морала да преземеме мерки за санирање на состојбата во институциите, а да одговори на барањата од меѓународните партнери, но дека на владина седница била постигната согласност скратената постапка за носење на закони да се користи што е можно помалку, да се почитуваат законските рокови и да се вклучи на граѓанското општество во тие процеси.

- За да имаме транспарентен и сеопфатен пристап во законодавниот процес, ова треба да бидат стандарди и за нас како Македонија. Ова е европското барање, но пред се е и наше барање како нова власт - пристапот во законодавството да биде транспарентен, сеопфатен и во одбрана на општиот интерес, потенцира Фетаи за МИА.

The post Пораката од Брисел е дека местото на Македонија е во ЕУ, порача вицепремиерот Фетаи appeared first on Република.

]]>

Пораката од Брисел е многу позитивна дека местото на Македонија е во Европската Унија, како и на целиот регион на Западниот Балкан, но треба да ги завршиме задачите што ги имаме како држава за да ја поминеме оваа фаза и да отвориме нова страница во процесот на зачленување во Европската Унија. изјави за МИА вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој престојува во работна посета на Брисел на покана на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“. Тој истакна дека бил поканет да учествува на годишната конференција на „Пријатели на Европа“ посветена на состојбите во Европа, во чии рамки присуствувал и на гала вечера заедно со претставници од сите земји членки на ЕУ, на приватниот сектор, на НАТО и САД.
- Примивме јасни пораки дека постои еден моментум кој го немаше досега, за да продолжиме на европскиот пат на нашата земја и за да го интегрираме Западниот Балкан во ЕУ. За жал, овие прилики настанаа по руската инвазија врз Украина и веќе сите во Брисел и во сите главните градови на ЕУ ја сфаќаат значајноста на овој моментум, важноста од интегрирањето на Западниот Балкан во ЕУ и на некаков начин и политичката сплотеност на европскиот континент, нагласи Фетаи.
Вицепремиерот информира дека слични пораки биле упатени и на Конференцијата за состојбите на Европа, во чии рамки се одржа и панел посветен на политиката на проширување на ЕУ.
- Пораките беа кристално јасни дека постои еден извонреден моментум, кој треба да го искористиме како Западен Балкан и да ги завршиме останатите обврски. Тоа што се очекува од нас се знае. Треба да ги заокружиме уставните измени, со што конечно ќе бидат отворени преговорите со ЕУ, додаде Фетаи.
Тој имал средби и со новиот известител на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц кој доаѓа од австриската партија Зелени, како и со „старата пријателка на нашата земја и на Западниот Балкан“, Улрике Луначек, која, како што нагласи, е голем застапник на политиката на проширување на ЕУ.
- Господинот Ваjц ми вети дека ќе ја следи линијата на неговата пратеничка група во Европскиот парламент и дека ќе има конструктивен и критички пристап во оние области каде што ќе имаме недостатоци, рече Фетаи.
На средбата станало збор и за борбата против корупцијата и за зајакнување на владеењето на правото, при што Вајц ветил дека во оваа насока ќе помага за решавање на „вонредните состојби наследени од власта на СДСМ и ДУИ“, кои, според Фетаи, не презеле никакви чекори во насока на борбата против криминалот и корупцијата.
- Во 2023 година немавме пресуди за случаи на корупција затоа што го сменија Кривичниот законик заради политички пазарења и нам ни останува да ги решаваме овие штети што ги наследивме во судството, обвинителството и Академијата за судии и обвинители, рече Фетаи.
Според него, сите овие закони се дел од нашата реформска агенда за приближување кон Европската Унија, кои треба да бидат преточени во конкретни резултати до крајот на оваа година. Во однос за оценката во Извештајот за напредокот на земјава на европскиот пат дека постои поларизација на нашето општество, Фетаи оцени дека и заканата по живот што му била упатена е показател на таа поларизација.
- Ова покажува дека екстремистичките сили, како Левица, успеале да ги поларизираат луѓето, да ги поларизираат граѓаните и заедниците меѓу себе. Ова не е агендата што треба да ја следи Македонија, која има за цел да стане членка на Европската Унија. Ова е руска агенда и тоа треба да се каже. Проруските и екстремистичките сили во нашата земја треба целосно да се игнорираат, јас одбивам да комуницирам со Левица, иако тие ме етикетираа за многу работи, како дека немам македонско државјанство, што беше чиста лажна вест. Јас сум државјанин на Македонија и секогаш сум бил државјанин на Македонија. Ме етикетираа како шпион на (косовскиот премиер) Албин Курти и што знам уште какви други будалаштини, рече Фетаи.
Тој потенцира дека во Белгија демократските сили и традиционалните демократски партии, одбиваат да комуницираат со екстремната десница, пример кој би требало да се следи и во нашата земја.
- Јас не би сакал да се најдам себеси во позиција да дебатирам со пратениците на Левица во Парламентот. Јас ги игнорирам пратениците на Левица, не ја земам пред вид ниту една нивна критика, бидејќи тие стануваат фактор кога ги коментирате и кога им реплицирате. Треба да се игнорираат, но исто така треба да се преземат мерки што се однесува до ширењето руски дезинформации во нашата земја. Нашите медиуми, и со жалење велам македонските медиуми, дел од нив, споделуваат руски дезинформации, како да е тоа класично информирање, додаде вицепремиерот за добро владеење.
Фетаи потенцира дека тука станува збор за ширење пропаганда и затоа треба да се преземат мерки, при што најави дека ќе покрене иницијативи за „решавање на проблемот со руските дезинформации и пропаганда во нашата земја“.
- Не е нормално медиумите во една земја која се стреми да отвори преговори со Европската Унија, да шират руска пропаганда на брутален начин и без да се цитира изворот да се споделува „Спутњик“ или „Раша тудеј“ кога знаеме кои се нивните намери. Нивните намери се да се затвори европскиот пат, тие се сили анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-САД и ние треба да поставиме црвени линии и да ги запреме таквите дестабилизирачки заложби, бидејќи крајната цел им е да се дестабилизира земјата и да отстапи од прозападниот пат, европскиот пат и од зачленувањето во Европската Унија, заклучи Фетаи.
Во врска, пак, со забелешките од Европската комисија за прекумерна употреба на инструментот „европско знаменце“ за носење по скратена постапка на закони кои не секогаш се поврзани со усогласување со законодавството на ЕУ, Фетаи нагласи дека таа постапка, за жал, беше злоупотребена од претходната власт.
- Повторно за жал, мора да признаеме дека и ние како нова Влада усвоивме закони по брза постапка, значи без собраниска расправа. Многу од првите закони што ги доставивме од Владата до Собранието беа по скратена постапка. Ова се должи на итноста со која се соочивме. Знаете дека наидовме на масакриран буџет од владеењето на СДСМ и ДУИ во текот на изборната година од чисто изборни причини, додаде Фетаи.
Според него, од тие причини новата Влада морала да преземеме мерки за санирање на состојбата во институциите, а да одговори на барањата од меѓународните партнери, но дека на владина седница била постигната согласност скратената постапка за носење на закони да се користи што е можно помалку, да се почитуваат законските рокови и да се вклучи на граѓанското општество во тие процеси.
- За да имаме транспарентен и сеопфатен пристап во законодавниот процес, ова треба да бидат стандарди и за нас како Македонија. Ова е европското барање, но пред се е и наше барање како нова власт - пристапот во законодавството да биде транспарентен, сеопфатен и во одбрана на општиот интерес, потенцира Фетаи за МИА.

The post Пораката од Брисел е дека местото на Македонија е во ЕУ, порача вицепремиерот Фетаи appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова: Македонската реформска агенда е најдобро оцената – се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-makedonskata-reformska-agenda-e-najdobro-otsenata-se-doblizhuvame-do-evropskite-kriteriumi-a-so-toa-i-do-vlezot-vo-eu/ Fri, 08 Nov 2024 16:43:57 +0000 https://republika.mk/?p=835678

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска присуствуваше и се обрати на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која беше презентирана Реформската агенда на Владата (2024-2027), којашто се однесува на Планот за раст на Европската Комисија.

Во своето обраќање, Претседателката порача дека е неопходна поголема соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции и дека Комисијата треба да се отвори и да ја зајакне соработката со сите инволвирани во процесот на евроинтеграциите, вклучувајќи го невладиниот сектор, експертската јавност и претставници од ЕУ.

Претседателката нагласи дека македонската реформска агенда е најдобро оценета од Комисијата, што претставува добар влог и дека се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ.

„Мислам дека вреди да се биде оптимист. Зошто вреди да се биде биде оптимист? Вие знаете колкупати јас сум ја критикувала Европската Унија дека немала, после Солун, вистинска стратегија за Западен Балкан, дека доцнела, дека не преземала одговорност. Ова е мислам еден исчекор. Значи имаме агенда. Агендата, односно нејзиното спроведување, велиме дека не е невозможно, разбрани сме, нè поддржуваат“, нагласи претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи увереност дека Планот за раст и реформската агенда ќе можеме да ги направиме реалност, што особено позитивно ќе влијае на довербата кај граѓаните.

Претседателката порача дека Планот за раст е за поздравување бидејќи претставува своевидно содружништво, односно партнерство помеѓу Европската Унија и Западниот Балкан, учење во од, со финансиска помош, со советување и со оценување, каде резултатите ќе бидат заеднички, но и одговорноста споделена.

Во тој контекст таа посочи дека ова е можност да бидеме дел и од заедничкиот европски пазар. Во контекст на финансирањето, Претседателката потенцираше дека тоа мотивира, но домаќински е да не биде авансно, туку врзано со постигнатите резултати.

Во таа насока таа ја истакна улогата на Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, важноста на постоењето на интегриран систем на мониторинг, односно контрола врз трошењето на финансиските средства и ревизија врз внатрешниот систем на контрола.

Осврнувајќи се на роковите, Претседателката посочи дека роковите се строги, но дека тоа значи дека ЕУ верува во нашата способност. Според неа е логично до Нова Година да се донесат двата закони, за буџети и Закон за јавна контрола врз внатрешната контрола, што е услов за ослободување на средствата за претфинасирањето.

Говорејќи за начинот на плаќање 1/3 грант и  2/3 кредит, Претседателката посочи дека ова е секогаш најважно за опозицијата и во овој контекст ги охрабри да критикуваат.

Во обраќањето таа истакна и дека мора да се стави крај на злоупотребата на европското знаменце и ја нагласи хармонизацијата со директивите и регулативите на ЕУ.

The post Сиљановска Давкова: Македонската реформска агенда е најдобро оцената – се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска присуствуваше и се обрати на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која беше презентирана Реформската агенда на Владата (2024-2027), којашто се однесува на Планот за раст на Европската Комисија. Во своето обраќање, Претседателката порача дека е неопходна поголема соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции и дека Комисијата треба да се отвори и да ја зајакне соработката со сите инволвирани во процесот на евроинтеграциите, вклучувајќи го невладиниот сектор, експертската јавност и претставници од ЕУ. Претседателката нагласи дека македонската реформска агенда е најдобро оценета од Комисијата, што претставува добар влог и дека се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ.
„Мислам дека вреди да се биде оптимист. Зошто вреди да се биде биде оптимист? Вие знаете колкупати јас сум ја критикувала Европската Унија дека немала, после Солун, вистинска стратегија за Западен Балкан, дека доцнела, дека не преземала одговорност. Ова е мислам еден исчекор. Значи имаме агенда. Агендата, односно нејзиното спроведување, велиме дека не е невозможно, разбрани сме, нè поддржуваат“, нагласи претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи увереност дека Планот за раст и реформската агенда ќе можеме да ги направиме реалност, што особено позитивно ќе влијае на довербата кај граѓаните.
Претседателката порача дека Планот за раст е за поздравување бидејќи претставува своевидно содружништво, односно партнерство помеѓу Европската Унија и Западниот Балкан, учење во од, со финансиска помош, со советување и со оценување, каде резултатите ќе бидат заеднички, но и одговорноста споделена. Во тој контекст таа посочи дека ова е можност да бидеме дел и од заедничкиот европски пазар. Во контекст на финансирањето, Претседателката потенцираше дека тоа мотивира, но домаќински е да не биде авансно, туку врзано со постигнатите резултати. Во таа насока таа ја истакна улогата на Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, важноста на постоењето на интегриран систем на мониторинг, односно контрола врз трошењето на финансиските средства и ревизија врз внатрешниот систем на контрола. Осврнувајќи се на роковите, Претседателката посочи дека роковите се строги, но дека тоа значи дека ЕУ верува во нашата способност. Според неа е логично до Нова Година да се донесат двата закони, за буџети и Закон за јавна контрола врз внатрешната контрола, што е услов за ослободување на средствата за претфинасирањето. Говорејќи за начинот на плаќање 1/3 грант и  2/3 кредит, Претседателката посочи дека ова е секогаш најважно за опозицијата и во овој контекст ги охрабри да критикуваат. Во обраќањето таа истакна и дека мора да се стави крај на злоупотребата на европското знаменце и ја нагласи хармонизацијата со директивите и регулативите на ЕУ.

The post Сиљановска Давкова: Македонската реформска агенда е најдобро оцената – се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ appeared first on Република.

]]>
ЕУ размислува за речиси 300 нови проекти за воен развој, обезбедени 1,1 милијарди евра https://republika.mk/vesti/svet/eu-razmisluva-za-rechisi-300-novi-proekti-za-voen-razvoj-obezbedeni-1-1-milijardi-evra/ Thu, 07 Nov 2024 12:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=835178

Европскиот фонд за одбрана денеска соопшти дека годинава добил 298 нови предлози за развој на фондови со воена апликација. Фондот напоменува дека тоа е најголемиот број проекти што се примени во изминатите три години.

Се предвидуваат 1,1 милијарди евра средства од ЕУ за поддршка на развојот на следната генерација оклопни борбени возила за пешадија, контра мерки против хиперсонични ракети и разни видови беспилотни воздушни и копнени системи.

Меѓу поддржаните проекти ќе бидат истражувањата за автономна технологија за расчистување мини, за безбедни вселенски комуникации и за нова генерација хеликоптери и товарни авиони со средна големина.

Европската комисија ќе ги оценува предложените проекти според научните достигнувања. „Комисијата ќе го искористи и мислењето на независните експерти пред да ги објави своите одлуки во мај следната година“, се наведува во соопштението.

The post ЕУ размислува за речиси 300 нови проекти за воен развој, обезбедени 1,1 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Европскиот фонд за одбрана денеска соопшти дека годинава добил 298 нови предлози за развој на фондови со воена апликација. Фондот напоменува дека тоа е најголемиот број проекти што се примени во изминатите три години. Се предвидуваат 1,1 милијарди евра средства од ЕУ за поддршка на развојот на следната генерација оклопни борбени возила за пешадија, контра мерки против хиперсонични ракети и разни видови беспилотни воздушни и копнени системи. Меѓу поддржаните проекти ќе бидат истражувањата за автономна технологија за расчистување мини, за безбедни вселенски комуникации и за нова генерација хеликоптери и товарни авиони со средна големина. Европската комисија ќе ги оценува предложените проекти според научните достигнувања. „Комисијата ќе го искористи и мислењето на независните експерти пред да ги објави своите одлуки во мај следната година“, се наведува во соопштението.

The post ЕУ размислува за речиси 300 нови проекти за воен развој, обезбедени 1,1 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Орбан ја повика Европа да ја преиспита стратегијата за Украина по победата на Трамп https://republika.mk/vesti/svet/orban-ja-povika-evropa-da-ja-preispita-strategijata-za-ukraina-po-pobedata-na-tramp/ Wed, 06 Nov 2024 10:04:49 +0000 https://republika.mk/?p=834654

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД го поставува прашањето за Европа дали може сама да и помогне на Украина и дали ја принудува ЕУ да ја промени својата стратегија.

Републиканците победија вечерва во САД, што на дневен ред го става прашањето за нас, европските лидери, дали Европа сама е способна да ја одржи финансиската и воената поддршка за Украина, која беше таму досега. Многу се сомневам во тоа, затоа ќе биде потребна нова европска стратегија“, изјави Орбан, говорејќи на самитот на Организацијата на турските држави во Бишкек.

Орбан порача дека првиот чекор во оваа насока може да се направи веќе на 7 ноември, кога во Будимпешта ќе се одржат самитот на Европската политичка заедница и неформалниот самит на ЕУ.

https://republika.mk/vesti/balkan/orban-gi-sobira-liderite-na-evropskata-politichka-zaednitsa/

Најтешкото прашање е дека треба да ја откриеме судбината на заемот од 50 милијарди долари... за Украина, кој, според одлуката на Г7, треба заеднички да биде финансиран од ЕУ и САД“, додаде Орбан. .

The post Орбан ја повика Европа да ја преиспита стратегијата за Украина по победата на Трамп appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД го поставува прашањето за Европа дали може сама да и помогне на Украина и дали ја принудува ЕУ да ја промени својата стратегија.
Републиканците победија вечерва во САД, што на дневен ред го става прашањето за нас, европските лидери, дали Европа сама е способна да ја одржи финансиската и воената поддршка за Украина, која беше таму досега. Многу се сомневам во тоа, затоа ќе биде потребна нова европска стратегија“, изјави Орбан, говорејќи на самитот на Организацијата на турските држави во Бишкек.
Орбан порача дека првиот чекор во оваа насока може да се направи веќе на 7 ноември, кога во Будимпешта ќе се одржат самитот на Европската политичка заедница и неформалниот самит на ЕУ. https://republika.mk/vesti/balkan/orban-gi-sobira-liderite-na-evropskata-politichka-zaednitsa/
Најтешкото прашање е дека треба да ја откриеме судбината на заемот од 50 милијарди долари... за Украина, кој, според одлуката на Г7, треба заеднички да биде финансиран од ЕУ и САД“, додаде Орбан. .

The post Орбан ја повика Европа да ја преиспита стратегијата за Украина по победата на Трамп appeared first on Република.

]]>
Јаневска: ЕУ е меѓу најголемите партнери на државата за развој на националниот образовен систем https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-eu-e-megu-najgolemite-partneri-na-drzhavata-za-razvoj-na-natsionalniot-obrazoven-sistem/ Thu, 31 Oct 2024 11:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=832764

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска учествуваше на завршна конференција на проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“ финансиран од Европската Унија, а насочен кон професионален развој на наставниците, нивна подобра подготвеност за примена на информатичко – комуникациски технологии во наставата и за работа со ученици со попреченост.

Од исклучителна важност е наставниците постојано да ги надградуваат своите вештини за предавање и пренесување на знаењата кон учениците. Важно е да бидат подготвени за прифаќање и примена на ИКТ иновации во наставата и да знаат кој е најдобриот пристап и начин за работа со ученици со попреченост. А овој проект им го овозможи токму тоа на над 9000 илјади наставници, кои верувам ќе дадат дополнителна вредност на проектот, со пренесување на стекнатите знаења кон своите колеги“, рече Јаневска.

Министерката истакна дека е благодарна на ЕУ што во ниту еден момент во минатото не ја остави нашата држава сама да се бори со предизвиците на развојниот пат и како што рече, сигурна сум дека оваа поддршка во сферата на образованието ќе продолжи и во иднина.

Им благодарам на сите учесници во реализацијата на проектот и верувам дека нашите патишта ќе останат вкрстени. Имаме уште многу заедничка работа. Плановите на Владата се големи и со ваква енергија и сплотеност, сигурна сум дека ќе ги оствариме, додаде Јаневска.

Посочи дека за следната година планиран е најголем буџет за образование досега, во износ од 40 милијарди денари со кои ќе се унапредуваат наставните планови и програми во основното и средното образование, ќе се зголемат платите на вработените во училиштата, ќе се подобри образовната инфраструктура и ќе се унапредат условите за работа на наставно – научните работници.

The post Јаневска: ЕУ е меѓу најголемите партнери на државата за развој на националниот образовен систем appeared first on Република.

Мицкоски кон Филипче: Вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизии, ние се бориме за националните интереси https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-kon-filipche-vie-kolenichevte-i-ja-rasprodavavte-makedonija-za-provizii-nie-se-borime-za-natsionalnite-interesi/ Thu, 31 Oct 2024 11:48:33 +0000 https://republika.mk/?p=832762

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес во Собранието на пленарната седница за пратенички прашања одговараше на прашањето на пратеникот Филипче за планот на Владата за европските интеграции. Претседателот на Владата истакна дека се работи и ќе се направи сè што е потребно Македонија да излезе на прав пат и да стане дел од Европската Унија каде што и е местото.

„Додека вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизиите кои што ги добивавте во Сингапур и Дубаи да извадите златна виза преку компанијата Стабри, ние работиме и ќе направиме сè што е потребно Македонија да ја извадиме на прав пат и да ја внесеме таму каде што и е местото, а тоа е Европската Унија. Сето она кое што вие го уништивте, наша задача и обврска е да го коригираме и бидете сигурни дека ќе го коригираме. Планот за ЕУ, откако вие го исплукавте и го уништивте, ние ќе се обидеме повторно да го вратиме во живот“, рече Мицкоски и продолжи дека овие изминати 7 години никој нема да ги заборави и ќе има одговорност за сите оние кои што сториле криминал.

„Денес Македонија е горда, исправена и секаде е дочекана онака како што доликува на една држава, а не со свиткана кичма и предмет за поткусурување, кога регионалните лидери си играа потсмев со водството на нашата држава, како што тоа беше напати во овие 7 години. Денес сме цврсти со јасен став и пркосиме и се бориме сето она што вие го уништивте да го вратиме во живот и да го исправиме и знам дека ќе ве разочарам со ова што ќе го кажам, ама на добар пат сме“, истакна премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски му порача на лидерот на СДСМ доколку сака да води лидерска политика да не дозволува луѓето околу него да го санкаат и „да го водат во длабоко“ преку лагите и клеветите.

„Вие каде што одите јас одамна сум се вратил, ова ви го кажувам како пријателски совет. Најголем срам и понижување е тоа кога слушам дипломати во Брисел кои што ми велат дека тие, Германци, Французи, Белгијци се бореле за нас отколку нашето водство во државата. Не можам да го опишам срамот кој што јас го чувствувам во тие моменти, затоа што навистина не можам да се изначудам на лековерноста со која што тие наши политичари пристапувале кон решавање на едни вакви проблеми. Вака не се решаваат проблеми“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тоа што денес се работи и во Вашингтон и во Брисел и во Виена претходната власт не можела ниту во сон да го замисли и од таа работа која денес се прави ќе има резултати.

„Планот е еден, а тоа е Европската Унија и се надевам дека еднаш ќе излезете од вашата партиска матрица и ќе му се извините на македонскиот народ и на граѓаните за сè што направивте во овие 7 години, ќе се оградите од криминалните политики кои што ги водевте во  овие 7 години, од срамните политики кои што ги водевте во овие 7 години. Сето она кое што му го нанесовте како болка, очекував од вас да ја искористите можноста овде денес пред говорницата и да се извините. Ја пропуштивте. Нема втора можност за прв впечаток, вашиот беше очаен“, му порача Мицкоски на Филипче и повика СДСМ и опозицијата да дадат поддршка во борбата за одбрана на стратешките интереси на Македонија.

The post Мицкоски кон Филипче: Вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизии, ние се бориме за националните интереси appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес во Собранието на пленарната седница за пратенички прашања одговараше на прашањето на пратеникот Филипче за планот на Владата за европските интеграции. Претседателот на Владата истакна дека се работи и ќе се направи сè што е потребно Македонија да излезе на прав пат и да стане дел од Европската Унија каде што и е местото. „Додека вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизиите кои што ги добивавте во Сингапур и Дубаи да извадите златна виза преку компанијата Стабри, ние работиме и ќе направиме сè што е потребно Македонија да ја извадиме на прав пат и да ја внесеме таму каде што и е местото, а тоа е Европската Унија. Сето она кое што вие го уништивте, наша задача и обврска е да го коригираме и бидете сигурни дека ќе го коригираме. Планот за ЕУ, откако вие го исплукавте и го уништивте, ние ќе се обидеме повторно да го вратиме во живот“, рече Мицкоски и продолжи дека овие изминати 7 години никој нема да ги заборави и ќе има одговорност за сите оние кои што сториле криминал. „Денес Македонија е горда, исправена и секаде е дочекана онака како што доликува на една држава, а не со свиткана кичма и предмет за поткусурување, кога регионалните лидери си играа потсмев со водството на нашата држава, како што тоа беше напати во овие 7 години. Денес сме цврсти со јасен став и пркосиме и се бориме сето она што вие го уништивте да го вратиме во живот и да го исправиме и знам дека ќе ве разочарам со ова што ќе го кажам, ама на добар пат сме“, истакна премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски му порача на лидерот на СДСМ доколку сака да води лидерска политика да не дозволува луѓето околу него да го санкаат и „да го водат во длабоко“ преку лагите и клеветите. „Вие каде што одите јас одамна сум се вратил, ова ви го кажувам како пријателски совет. Најголем срам и понижување е тоа кога слушам дипломати во Брисел кои што ми велат дека тие, Германци, Французи, Белгијци се бореле за нас отколку нашето водство во државата. Не можам да го опишам срамот кој што јас го чувствувам во тие моменти, затоа што навистина не можам да се изначудам на лековерноста со која што тие наши политичари пристапувале кон решавање на едни вакви проблеми. Вака не се решаваат проблеми“, рече Мицкоски. Мицкоски посочи дека тоа што денес се работи и во Вашингтон и во Брисел и во Виена претходната власт не можела ниту во сон да го замисли и од таа работа која денес се прави ќе има резултати. „Планот е еден, а тоа е Европската Унија и се надевам дека еднаш ќе излезете од вашата партиска матрица и ќе му се извините на македонскиот народ и на граѓаните за сè што направивте во овие 7 години, ќе се оградите од криминалните политики кои што ги водевте во  овие 7 години, од срамните политики кои што ги водевте во овие 7 години. Сето она кое што му го нанесовте како болка, очекував од вас да ја искористите можноста овде денес пред говорницата и да се извините. Ја пропуштивте. Нема втора можност за прв впечаток, вашиот беше очаен“, му порача Мицкоски на Филипче и повика СДСМ и опозицијата да дадат поддршка во борбата за одбрана на стратешките интереси на Македонија.

The post Мицкоски кон Филипче: Вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизии, ние се бориме за националните интереси appeared first on Република.

]]>
EУ од денеска воведува 35 посто царина за автомобили од Kина https://republika.mk/zivot/tehnologija/eu-od-deneska-voveduva-35-posto-tsarina-za-avtomobili-od-kina/ Thu, 31 Oct 2024 07:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=832444

Европската комисија денеска со уредба воспостави дополнителни царини за електричните автомобили увезени од Кина, што ги смета за нелојална конкуренција.

И покрај противењето на Германија, Брисел одлучи на данокот од 10 отсто кој веќе е во сила, да додаде до 35 отсто на возилата на батерии од кинеско производство, се вели во текстот на регулативата објавена од Комисијата на Интернет.

Одлуката треба да биде објавена во Службениот весник на ЕУ и да стапи во сила денеска.

Наведената цел е повторно да се воспостават фер услови за конкуренција со производителите обвинети дека имаат корист од големите јавни субвенции од кинеската држава. Ова вклучува одбрана на европската автомобилска индустрија и нејзините околу 14 милиони работни места од кинеските практики кои се сметаат за нефер.

Пекинг ги осуди „неправедните и неразумни протекционистички практики“ откако земјите од ЕУ одобрија дополнителни царини предложени од Европската комисија на почетокот на октомври.

Европскиот комесар за трговија Валдис Домбровскис до последен момент преговараше со кинескиот министер за трговија Ванг Вентао за да се обиде да најде решение, но залудно.

И покрај сè, двете страни се согласија да ги продолжат разговорите и доплатите може да бидат отстранети доколку се постигне договор за други средства за компензација за штетата утврдена со европската истрага

The post EУ од денеска воведува 35 посто царина за автомобили од Kина appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска со уредба воспостави дополнителни царини за електричните автомобили увезени од Кина, што ги смета за нелојална конкуренција. И покрај противењето на Германија, Брисел одлучи на данокот од 10 отсто кој веќе е во сила, да додаде до 35 отсто на возилата на батерии од кинеско производство, се вели во текстот на регулативата објавена од Комисијата на Интернет. Одлуката треба да биде објавена во Службениот весник на ЕУ и да стапи во сила денеска. Наведената цел е повторно да се воспостават фер услови за конкуренција со производителите обвинети дека имаат корист од големите јавни субвенции од кинеската држава. Ова вклучува одбрана на европската автомобилска индустрија и нејзините околу 14 милиони работни места од кинеските практики кои се сметаат за нефер. Пекинг ги осуди „неправедните и неразумни протекционистички практики“ откако земјите од ЕУ одобрија дополнителни царини предложени од Европската комисија на почетокот на октомври. Европскиот комесар за трговија Валдис Домбровскис до последен момент преговараше со кинескиот министер за трговија Ванг Вентао за да се обиде да најде решение, но залудно. И покрај сè, двете страни се согласија да ги продолжат разговорите и доплатите може да бидат отстранети доколку се постигне договор за други средства за компензација за штетата утврдена со европската истрага

The post EУ од денеска воведува 35 посто царина за автомобили од Kина appeared first on Република.

]]>
Борел: Проширувањето има централна улога во геополитичкиот пристап на ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/borel-proshiruvaneto-ima-tsentralna-uloga-vo-geopolitichkiot-pristap-na-eu/ Wed, 30 Oct 2024 17:32:48 +0000 https://republika.mk/?p=832539

Јасен став на Европската комисија е дека проширувањето им централна улога во геополитичкиот пристап на ЕУ, порача денеска високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Унијата, Жосеп Борел при презентацијата на Пакетот извештаи за проширувањето.

- Граѓаните очекуваат од Европската Унија да дејствува со цел да се гарантира стабилноста и соработката во нашето соседство. Ако тоа не можеме да го сториме во нашето најблиско соседство, тешко ре да се верува дека тоа ќе успееме да го направиме во подалечните делови од светот, нагласи Борел, додавајќи дека Европската Унија нема да биде само набљудувач на настаните.

На заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Борел нагласи дека во изминативе пет години се соочивме со предизвици без преседан во сферата на здравството, животната средина и безбедноста, а речиси пред 1000 дена Русија ја започна целосната агресија врз Украина.

- Русија претставува егзистенцијална закана за Европа, повеќе од кога било до сега, и членството во ЕУ стана стратешки избор. Алтернативите (на членството) може да бидат полесни на краток рок, но она што е лесно на краток рок, може да донесе тешкотии на долг рок, порача Борел.

Тој нагласи дека она што е наведено во извештаите се базира на индивидуалните достигнувања на земјите аспиранти за членство и нивните заслуги, чиј темел пред се е владеењето на правото.

- Во изминатите пет години пристапните преговори се вратија на врвот на приоритетите на Европската комисија. Во 2019 година имаше пет кандидати за членство, а денес има девет земји кандидати и еден потенцијален кандидат, што ги прави 10, односно двојно повеќе. Тоа покажува дека Европската Унија дејствува како магнет, привлекувајќи луѓе и држави, истакна Борел.

Според него, постепената интеграција донесе резултати, па така земјите вклучени во пристапниот процес веќе имаат видлива корист од тоа.

- Тоа значи дека не мора да чекате до крајот за да ги добиете сите придобивки (од членството), туку тоа е процес низ кој има видливи придобивки кои граѓаните ги чувствуваат секојдневно, рече Борел, додавајќи дека тоа вклучува пристап до програмата Еразмус+, тоа што сите граѓани од Западниот Балкан може да патуваат во ЕУ без визи, како и Планот за раст на регионот и инструментите за поддршка на Молдавија и Украина, со кои се наградуваат реформите, од кои најважно е владеењето на правото.

Тој посочи дека ЕУ се обидува да воспостави посилни врски со кандидатите за членство во сферата на енергетската и безбедносната политики, со цел да се одбранат европските вредности, да се зачува регионалната стабилност и да се заштити глобалниот поредок.

- Нашата Унија не треба да биде само поголема, туку и посилна. Можете да станете поголеми, но тоа не значи автоматски дека сте и посилни. Ние го сакаме и едното и другото. Сакаме да ги интегрираме нашите соседи и сите заедно да бидеме посилни, рече високиот претставник на ЕУ.

Борел посочи дека во услови на руската агресија врз Украина, не може да развивате односи со Русија како се да е нормално, а во исто време да сакате членство во ЕУ, бидејќи не може и едното и другото.

Според него, во изминативе години има значително усогласување на кандидатите за членство со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што е показател дека тие ги споделуваат европските вредности и геополитички цели.

- Некои наши партнери се целосно усогласени со нашата заедничката надворешна и безбедносна политика. Би можел да споменам Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, кое доброволно се усогласува, потенцира Борел.

Вархеји, од своја страна, нагласи дека актуелна Европска комисија работеше напорно да го врати проширувањето како еден од трите нејзини приоритети и тоа не само да се дискутира за тоа, туку и да се оствари напредок.

- Проширувањето не е поврзано само со промената на нашето геополитичко опкружување, туку тоа е и во интерес на ЕУ, истакна Вархеји, додавајќи дека членството во Унијата е долгорочна гаранција за мир, стабилност, безбедност и просперитет.

Тој нагласи дека со измената на метедологијата за членство извршена во 2020, ЕУ направи многу значајна промена во пристапот и го врати кредибилитетот на процесот, кој се загуби негде попатно, правејќи го предвидлив со ставот дека ако има напредок од едната, ќе го има и од другата страна.

- Врз основа на тоа можеме да кажеме дека направиме многу. Не само што имаме нов земји кандидати за членство, туку и шест земји кои преговараат, а може да им се приклучи и седма ако Советот донесе одлука за старт на преговорите со БиХ, рече Вархеји.

Според него, сето ова е видлив напредок и врз основа на тоа до крајот на мандатот на новата Европска комисија би можеле да очекуваме ново проширување на Унијата.

Тој посочи и дека паралелно со ова, ЕУ работи и на намалување на економско-социјалниот јаз меѓу земјите кандидати и членките на Унијата, за што се одвоени 30 милијарди евра само за земјите од Западниот Балкан, што претставува една третина од БДП на регионот.

- Не само што е потребно ЕУ да биде силна, туку треба и да ја донесе Европа во соседните региони, рече Вархеји, потенцирајќи дека за таа цел е подготвен и Планот за раст на Западниот Балкан, како и алатки за поддршка на Молдавија и Украина, што треба да им помогне на овие земји да ги спроведат потребните реформи и да бидат подготвени за членство во ЕУ до крајот на мандатот на новата Комисија, кој завршува кон крајот на 2029 година.

Пакетот извештаи за проширувањето ја оценува усогласеноста на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ со Копенхашките критериуми, кои се однесуваат на стабилност на институциите кои ги гарантираат демократијата, владеењето на правото, почитувањето на човекови права и заштита на малцинствата, потоа одржувањето на функционална пазарна економија и нејзината способност за справување со конкурентскиот притисок и пазарните сили во ЕУ, како и капацитетите да се преземат обврските од членството, вклучително и за ефикасно спроведување на правилата, стандардите и политиките на ЕУ.

Пакетот за проширување ги дефинира експлицитно оние реформи што треба да ги преземат земјите опфатени со пристапниот процес за да станат членки на ЕУ и информира за нивниот напредок на патот кон членство во Унијата.

Во документот се прави и преглед на спроведувањето на клучните политички и економски реформи од страна на аспирантите за членство и им се даваат јасни препораки за следниот период. сп/

The post Борел: Проширувањето има централна улога во геополитичкиот пристап на ЕУ appeared first on Република.