ЕУ Украина Archives - Република https://republika.mk/tema/eu-ukraina/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Dec 2023 14:26:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕУ Украина Archives - Република https://republika.mk/tema/eu-ukraina/ 32 32 Значи можело и без сите да гласаат „за“ да се одобри почеток на преговори со ЕУ, рекоа од Советот на амбасадори https://republika.mk/vesti/makedonija/znachi-mozhelo-i-bez-site-da-glasaat-za-da-se-odobri-pochetok-na-pregovori-so-eu-rekoa-od-sovetot-na-ambasadori/ Fri, 15 Dec 2023 14:03:00 +0000 https://republika.mk/?p=723351

Одлуката на ЕУ експресно поради политичкиот контекст да одобри почнување на пристапни преговори со Украина треба да биде отрезнување за земјава дека ако можеби светот е подготвен да ни става сопки, ние не треба самите да си поставуваме сопки. Но, нема смисла за ново разочарување и жалење за можноста, треба да бараме нови можности во новонастанатите услови, вели амбасадорот и претседател на Советот на амбасадори Ѓорѓи Филипов.

Да ѝ честитаме на Украина затоа што ќе ги почне преговорите иако не можеме да и завидуваме на состојбата во која се наоѓа, а и на причините поради кои доби почеток на преговори. Значи, можело и од политички причини да се случи одобрување на почеток на преговори без разлика на подготвеноста на земјата, што не се случи со нашата земја. Знаеме и за други земји, слични работи се случија, а особено она излегување на премиерот на Унгарија, Орбан од салата каде што се гласаше, се донесе одлука 27 – 1, значи можело и тоа да се направи иако во самиот Устав и на работа во ЕУ треба сите да гласаат „за“, односно да се постигне консензус за секоја одлука, рече Филипов во изјава за новинарите дадена по трибината на тема „Светот по Хенри Кисинџер – геополитички предизвици“, организирана од Советот на амбасадори и Кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Тој воедно апелира на отрезнување кај носителите на одлуките конечно да дозволат да надвладее националниот интерес над теснопартиските интереси и вели, колективната суета.

Од друга страна, едно отрезнување за нас дека иако светот е подготвен да ни става сопки можеби, меѓутоа ние не треба самите да си ставаме сопки тие да ги на речам веќе не лични ами колективни суети на партиите во нашиот Парламент треба еднаш да ги победиме и да надвладее интересот за еднакво мислење кога е потребно државата да оди напред. Не сакам да споменувам кој е виновник, кој погрешил, меѓутоа некогаш интересите на државата треба да се стават пред интересите на која било партија, а Парламентот треба тоа да го има во предвид зошто таму се партиите. Ако не можат луѓето, тогаш партиите, ако едно поглавје на Библијата има само за суетата, нема за колективна суета, ама еве ние измисливме колективна суета зашто едни со други може да се надмудруваат, меѓутоа кој изгуби – изгуби. Изгубивме ние, изгуби Македонија, рече Филипов.

Тој нагласува дека условите во однос на промена на Уставот и внесувањето на Бугарите во највисокиот државен акт, кои што се дадени од ЕУ веќе не може да се нарекуваат бугарски диктат, и не гледа проблем во тоа ако веќе се влезени други национални малцинства.

Според Филипов, можеби и наредната власт, наредниот парламент нема да има 80 пратеници – двотретинско мнозинство, но не можеме, посочува тој, да ризикуваме во недоглед да стоиме во место, затоа тоа треба да се постигне.

Иако донесовме една стратегија на Парламентот, еве не ја применуваме, пак се однесуваме предизборно. За жал, не само шест месеци пред избори ами четири години се чувствуваме како да сме пред избори. Малку сум разочаран од тој аспект, меѓутоа ние имаме нова ситуација, ќе гледаме нови можности да најдеме и во таа ситуација ако постојат, а постојат, можеме да го искористиме ова време на чекање за средување на домашни задачи што не сме распремиле по куќа, да употребам домаќински израз, имаме доста за работа во однос на подготвувањето на забелешките од скрининзите што ни се направени и во некоја смисла може и нема потреба да се изгуби чекор ако не продолжи вака да се однесува и наредниот Парламент како што овој се однесува, заклучува амбасадорот Филипов.

Коментирајќи ги одлуките на ЕУ и уставните измени кои не ги испорачавме, поранешниот амбасадор Тихомир Илиевски вели дека е малку збунет бидејќи со години на разни меѓународни собири настојувал да укаже дека земјава па и другите држави од нашето соседство од Западен Балкан требало да се залагаме за поактивно, поинтензивно решавање на некои крупни прашања во рамките на ЕУ. Особено за прашања врзани за проширувањето на Унијата, за воведување решенија кои ќе бидат различни од комплетниот консензус, како што би бил консензус минус еден или консензус дури и минус два, што се од интерес дури и на самата Унијата, бидејќи и внатре во ЕУ има моменти кога некои крупни земји, битни членки на Унијата меѓусебе не можат да најдат целосна согласност.

Но јас сакам и во оваа ситуација да гледам нешто позитивно бидејќи Украина навоистина доживува и минува низ еден страшен период и не само заради воената катастрофа и агресија што и се случува вантре, туку затоа што ова веќе наликува на опасност од глобален карактер за поширокиот дел па и за целиот европски континент. И сакам да најдам некои можни идни решенија кои на поинаков начин и со поотворен пристап кон значењето на земјите од ЈИЕ и на Македонија, ЕУ ќе ги посматра при некое идно одлучување на некој иден Европски совет и дека ќе донесе одлука во интерес на нашата земја и на земјите од нашиот регион, вели Илиевски.

Смета дека ни претстои период на уште поголема неизвесност за иднината на земјава во очекување на изборите за ЕП следната година, и можниот пораст на евроскептицизмот во границите на ЕУ, но нашата шанса ја гледа во посветеноста на реформскте задачи.

Иднината ќе биде многу тешка и неизвесна, пред се во контекст на тие избори, бидејќи не го знаеме резултатот, но и да го знаеме мислам дека заради сите проблеми што во моментов ја потресуваат Европа и ја притискаат и на нејзините граници и внатре, како можната нова мигрантска криза од разни правци, веројатно ќе доведе до уште посилна ксенофобија во рамките на ЕУ, затвореност, која можеби и процесот на пристапување, на зачленување ќе го направи малку покомплициран, и потежок, и за Македонија. Но ако ние навистина си ја работиме нашата работа овде, ако работиме по европски стандарди кои се битни и за нашите граѓани мислам дека тоа, сепак, Европа и Брисел ќе го препознаат и дека нашите шанси не да не се затворени, туку уште повеќе се отвораат одошто досега, оценува Илиевски.

Поранешниот вицепремиер и амбасадор Ивица Боцевски одлуката од Самитот на ЕУ ја означи како втор Букурешт за земјава.

Ако првиот Букурешт беше мај 2008 година, вториот беше вчерашниот ден, 14 декември 2023 година. Пропадна комплетно целокупната политика на сите влади на Зоран Заев од 2018 година па навака. Се виде дека можела ЕУ и без едногласност да носи одлуки по два услова. Првиот услов е една земја да држи до својот идентитет, државност, сувереност, како Украина што држеше, вториот момент е да има политичка волја од страна на ЕУ за проширување, рече Боцевски.

Според него, во македонскиот случај е очигледно дека го нема вториот услов, но, како што рече изминатите години го немало ниту првиот. Тој додаде дека евроинтеграцијата за земјава е логичен процес, имајќи ја предвид географската положба, но и вредностите кон кои целиме.

Македонија има конзистентна политика 30 години, тоа е европската интеграција и ќе продолжиме и понатаму и покрај сите сопки, рече Боцевски.

Во однос на тоа како ќе продолжи процесот имајќи предвид дека уставните измени не се усвоени, а претстојат и европски избори, според Боцевски следната година ЕУ нема да биде во целосна функција, со оглед на тоа дека ќе претстои избор на нов состав на Европската комисија, но тој има надеж во унгарското претседателство со ЕУ и во Виктор Орбан, од кого очекува дека ќе ги придвижи работите за земјава

The post Значи можело и без сите да гласаат „за“ да се одобри почеток на преговори со ЕУ, рекоа од Советот на амбасадори appeared first on Република.

]]>

Одлуката на ЕУ експресно поради политичкиот контекст да одобри почнување на пристапни преговори со Украина треба да биде отрезнување за земјава дека ако можеби светот е подготвен да ни става сопки, ние не треба самите да си поставуваме сопки. Но, нема смисла за ново разочарување и жалење за можноста, треба да бараме нови можности во новонастанатите услови, вели амбасадорот и претседател на Советот на амбасадори Ѓорѓи Филипов.
Да ѝ честитаме на Украина затоа што ќе ги почне преговорите иако не можеме да и завидуваме на состојбата во која се наоѓа, а и на причините поради кои доби почеток на преговори. Значи, можело и од политички причини да се случи одобрување на почеток на преговори без разлика на подготвеноста на земјата, што не се случи со нашата земја. Знаеме и за други земји, слични работи се случија, а особено она излегување на премиерот на Унгарија, Орбан од салата каде што се гласаше, се донесе одлука 27 – 1, значи можело и тоа да се направи иако во самиот Устав и на работа во ЕУ треба сите да гласаат „за“, односно да се постигне консензус за секоја одлука, рече Филипов во изјава за новинарите дадена по трибината на тема „Светот по Хенри Кисинџер – геополитички предизвици“, организирана од Советот на амбасадори и Кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Тој воедно апелира на отрезнување кај носителите на одлуките конечно да дозволат да надвладее националниот интерес над теснопартиските интереси и вели, колективната суета.
Од друга страна, едно отрезнување за нас дека иако светот е подготвен да ни става сопки можеби, меѓутоа ние не треба самите да си ставаме сопки тие да ги на речам веќе не лични ами колективни суети на партиите во нашиот Парламент треба еднаш да ги победиме и да надвладее интересот за еднакво мислење кога е потребно државата да оди напред. Не сакам да споменувам кој е виновник, кој погрешил, меѓутоа некогаш интересите на државата треба да се стават пред интересите на која било партија, а Парламентот треба тоа да го има во предвид зошто таму се партиите. Ако не можат луѓето, тогаш партиите, ако едно поглавје на Библијата има само за суетата, нема за колективна суета, ама еве ние измисливме колективна суета зашто едни со други може да се надмудруваат, меѓутоа кој изгуби – изгуби. Изгубивме ние, изгуби Македонија, рече Филипов.
Тој нагласува дека условите во однос на промена на Уставот и внесувањето на Бугарите во највисокиот државен акт, кои што се дадени од ЕУ веќе не може да се нарекуваат бугарски диктат, и не гледа проблем во тоа ако веќе се влезени други национални малцинства. Според Филипов, можеби и наредната власт, наредниот парламент нема да има 80 пратеници – двотретинско мнозинство, но не можеме, посочува тој, да ризикуваме во недоглед да стоиме во место, затоа тоа треба да се постигне.
Иако донесовме една стратегија на Парламентот, еве не ја применуваме, пак се однесуваме предизборно. За жал, не само шест месеци пред избори ами четири години се чувствуваме како да сме пред избори. Малку сум разочаран од тој аспект, меѓутоа ние имаме нова ситуација, ќе гледаме нови можности да најдеме и во таа ситуација ако постојат, а постојат, можеме да го искористиме ова време на чекање за средување на домашни задачи што не сме распремиле по куќа, да употребам домаќински израз, имаме доста за работа во однос на подготвувањето на забелешките од скрининзите што ни се направени и во некоја смисла може и нема потреба да се изгуби чекор ако не продолжи вака да се однесува и наредниот Парламент како што овој се однесува, заклучува амбасадорот Филипов.
Коментирајќи ги одлуките на ЕУ и уставните измени кои не ги испорачавме, поранешниот амбасадор Тихомир Илиевски вели дека е малку збунет бидејќи со години на разни меѓународни собири настојувал да укаже дека земјава па и другите држави од нашето соседство од Западен Балкан требало да се залагаме за поактивно, поинтензивно решавање на некои крупни прашања во рамките на ЕУ. Особено за прашања врзани за проширувањето на Унијата, за воведување решенија кои ќе бидат различни од комплетниот консензус, како што би бил консензус минус еден или консензус дури и минус два, што се од интерес дури и на самата Унијата, бидејќи и внатре во ЕУ има моменти кога некои крупни земји, битни членки на Унијата меѓусебе не можат да најдат целосна согласност.
Но јас сакам и во оваа ситуација да гледам нешто позитивно бидејќи Украина навоистина доживува и минува низ еден страшен период и не само заради воената катастрофа и агресија што и се случува вантре, туку затоа што ова веќе наликува на опасност од глобален карактер за поширокиот дел па и за целиот европски континент. И сакам да најдам некои можни идни решенија кои на поинаков начин и со поотворен пристап кон значењето на земјите од ЈИЕ и на Македонија, ЕУ ќе ги посматра при некое идно одлучување на некој иден Европски совет и дека ќе донесе одлука во интерес на нашата земја и на земјите од нашиот регион, вели Илиевски.
Смета дека ни претстои период на уште поголема неизвесност за иднината на земјава во очекување на изборите за ЕП следната година, и можниот пораст на евроскептицизмот во границите на ЕУ, но нашата шанса ја гледа во посветеноста на реформскте задачи.
Иднината ќе биде многу тешка и неизвесна, пред се во контекст на тие избори, бидејќи не го знаеме резултатот, но и да го знаеме мислам дека заради сите проблеми што во моментов ја потресуваат Европа и ја притискаат и на нејзините граници и внатре, како можната нова мигрантска криза од разни правци, веројатно ќе доведе до уште посилна ксенофобија во рамките на ЕУ, затвореност, која можеби и процесот на пристапување, на зачленување ќе го направи малку покомплициран, и потежок, и за Македонија. Но ако ние навистина си ја работиме нашата работа овде, ако работиме по европски стандарди кои се битни и за нашите граѓани мислам дека тоа, сепак, Европа и Брисел ќе го препознаат и дека нашите шанси не да не се затворени, туку уште повеќе се отвораат одошто досега, оценува Илиевски.
Поранешниот вицепремиер и амбасадор Ивица Боцевски одлуката од Самитот на ЕУ ја означи како втор Букурешт за земјава.
Ако првиот Букурешт беше мај 2008 година, вториот беше вчерашниот ден, 14 декември 2023 година. Пропадна комплетно целокупната политика на сите влади на Зоран Заев од 2018 година па навака. Се виде дека можела ЕУ и без едногласност да носи одлуки по два услова. Првиот услов е една земја да држи до својот идентитет, државност, сувереност, како Украина што држеше, вториот момент е да има политичка волја од страна на ЕУ за проширување, рече Боцевски.
Според него, во македонскиот случај е очигледно дека го нема вториот услов, но, како што рече изминатите години го немало ниту првиот. Тој додаде дека евроинтеграцијата за земјава е логичен процес, имајќи ја предвид географската положба, но и вредностите кон кои целиме.
Македонија има конзистентна политика 30 години, тоа е европската интеграција и ќе продолжиме и понатаму и покрај сите сопки, рече Боцевски.
Во однос на тоа како ќе продолжи процесот имајќи предвид дека уставните измени не се усвоени, а претстојат и европски избори, според Боцевски следната година ЕУ нема да биде во целосна функција, со оглед на тоа дека ќе претстои избор на нов состав на Европската комисија, но тој има надеж во унгарското претседателство со ЕУ и во Виктор Орбан, од кого очекува дека ќе ги придвижи работите за земјава

The post Значи можело и без сите да гласаат „за“ да се одобри почеток на преговори со ЕУ, рекоа од Советот на амбасадори appeared first on Република.

]]>
Не треба ни да се зборува за влез на Украина во ЕУ, порача Орбан пред Самитот https://republika.mk/vesti/svet/ne-treba-ni-da-se-zboruva-za-vlez-na-ukraina-vo-eu-poracha-orban-pred-samitot/ Thu, 14 Dec 2023 09:24:03 +0000 https://republika.mk/?p=722818

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна на самитот на ЕУ со одлука да го попречи секој обид на колегите лидери да започнат преговори за членство на Украина.

Пристигнувајќи на состанокот, Орбан им рече на новинарите дека Украина се уште не ги исполнува критериумите „засновани на заслуги“ за влез во ЕУ и дека за ова прашање не треба ниту да се разговара.

Нема да се оддалечиме од ова, предупреди тој.

The post Не треба ни да се зборува за влез на Украина во ЕУ, порача Орбан пред Самитот appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна на самитот на ЕУ со одлука да го попречи секој обид на колегите лидери да започнат преговори за членство на Украина. Пристигнувајќи на состанокот, Орбан им рече на новинарите дека Украина се уште не ги исполнува критериумите „засновани на заслуги“ за влез во ЕУ и дека за ова прашање не треба ниту да се разговара.
Нема да се оддалечиме од ова, предупреди тој.

The post Не треба ни да се зборува за влез на Украина во ЕУ, порача Орбан пред Самитот appeared first on Република.

]]>
Орбан: Унгарија се уште се противи на преговорите со Украина за членство во ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/orban-ungarija-se-ushte-se-protivi-na-pregovorite-so-ukraina-za-chlenstvo-vo-eu/ Wed, 13 Dec 2023 09:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=722466

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека државата ќе продолжи да се придржува до својот став дека Европската унија не смее да почне преговори за членство на Украина во блокот, туку дека Европа треба да се стреми кон стратешко партнерство.

Орбан, во интервју за унгарски медиум, повтори дека тоа прашање треба да биде тргнато од дневниот ред на самитот на ЕУ оваа недела.

ЕУ се подготвува да направи грешка и ние треба да ја спречиме, дури и ако другите 26 членки се подготвени да ја направат. Ако сакаме да ја поддржиме Украина, како геостратешки сигнал, тогаш тоа треба да го направиме, но не со членство, истакна Орбан.

The post Орбан: Унгарија се уште се противи на преговорите со Украина за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека државата ќе продолжи да се придржува до својот став дека Европската унија не смее да почне преговори за членство на Украина во блокот, туку дека Европа треба да се стреми кон стратешко партнерство. Орбан, во интервју за унгарски медиум, повтори дека тоа прашање треба да биде тргнато од дневниот ред на самитот на ЕУ оваа недела.
ЕУ се подготвува да направи грешка и ние треба да ја спречиме, дури и ако другите 26 членки се подготвени да ја направат. Ако сакаме да ја поддржиме Украина, како геостратешки сигнал, тогаш тоа треба да го направиме, но не со членство, истакна Орбан.

The post Орбан: Унгарија се уште се противи на преговорите со Украина за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Жан-Клод Јункер: Украина не е подготвена за ЕУ поради корупцијата, Брисел и дава лажна надеж https://republika.mk/vesti/svet/zhan-klod-junker-ukraina-ne-e-podgotvena-za-eu-poradi-koruptsijata-brisel-i-dava-lazhna-nadezh/ Thu, 05 Oct 2023 09:49:27 +0000 https://republika.mk/?p=688118

Жан-Клод Јункер, поранешен претседател на Европската комисија, смета дека Украина се уште не ги исполнува критериумите за членство во Европската Унија поради големата корупција. Сепак, според него, изгледите за членство треба да се зачуваат..

Во интервју за „Аугсбургер Алгемајне“ Јункр оценува дека ЕУ и дава лажна надеж на Украина во однос на членството. - Многу ме нервираат одредени гласови во Европа кои се обидуваат да ги убедат Украинците дека можат веднаш да станат членки на Европската Унија, рече Јункер.

Тој изјави дека секој кој имал некакви односи со Украина знае дека „ова е земја која е корумпирана на сите нивоа на општеството“.

И покрај напорите, таа не е подготвена да се приклучи, има потреба од големи внатрешни реформи. Имавме лоши искуства со некои таканаречени нови членки, како што е владеењето на правото. Ова не смее да се повтори, оценува поранешниот претседател на Еврокомисијата.

Истовремено, Јункер смета дека европската перспектива за Молдавија и Украина треба да се зачува, но „не треба да се поврзува со надежта дека може да се постигне преку ноќ, само со притискање на копче“.

Доколку се постигне напредок во овие земји, без разлика дали се работи за Украина или за Западен Балкан, тие секако треба да можат да учествуваат во одредени фази на европската интеграција, изјави поранешниот претседател на Европската комисија.

Весникот „Политико“ претходно, повикувајќи се на извори, објави дека Брисел се подготвува да започне официјални преговори со Киев за влез во ЕУ, кои ќе бидат објавени во декември.

The post Жан-Клод Јункер: Украина не е подготвена за ЕУ поради корупцијата, Брисел и дава лажна надеж appeared first on Република.

]]>

Жан-Клод Јункер, поранешен претседател на Европската комисија, смета дека Украина се уште не ги исполнува критериумите за членство во Европската Унија поради големата корупција. Сепак, според него, изгледите за членство треба да се зачуваат.. Во интервју за „Аугсбургер Алгемајне“ Јункр оценува дека ЕУ и дава лажна надеж на Украина во однос на членството. - Многу ме нервираат одредени гласови во Европа кои се обидуваат да ги убедат Украинците дека можат веднаш да станат членки на Европската Унија, рече Јункер. Тој изјави дека секој кој имал некакви односи со Украина знае дека „ова е земја која е корумпирана на сите нивоа на општеството“.
И покрај напорите, таа не е подготвена да се приклучи, има потреба од големи внатрешни реформи. Имавме лоши искуства со некои таканаречени нови членки, како што е владеењето на правото. Ова не смее да се повтори, оценува поранешниот претседател на Еврокомисијата.
Истовремено, Јункер смета дека европската перспектива за Молдавија и Украина треба да се зачува, но „не треба да се поврзува со надежта дека може да се постигне преку ноќ, само со притискање на копче“.
Доколку се постигне напредок во овие земји, без разлика дали се работи за Украина или за Западен Балкан, тие секако треба да можат да учествуваат во одредени фази на европската интеграција, изјави поранешниот претседател на Европската комисија.
Весникот „Политико“ претходно, повикувајќи се на извори, објави дека Брисел се подготвува да започне официјални преговори со Киев за влез во ЕУ, кои ќе бидат објавени во декември.

The post Жан-Клод Јункер: Украина не е подготвена за ЕУ поради корупцијата, Брисел и дава лажна надеж appeared first on Република.

]]>
Украинскиот премиер вели дека ќе ја внесе земјата во ЕУ за две години https://republika.mk/vesti/svet/ukrainskiot-premier-veli-deka-ke-ja-vnese-zemjata-vo-eu-za-dve-godini/ Fri, 29 Sep 2023 19:05:53 +0000 https://republika.mk/?p=686484

Додека се разгорува дебатата за проширувањето на ЕУ пред самитот на Европската политичка заедница следната недела во Гранада, украинскиот премиер Денис Шмигал јасно дава до знаење дека Украина не сака да биде членка на ЕУ од втор ред.

Шмигал го рече ова додека земјите од ЕУ го разгледуваат француско-германскиот предлог за попостепен пристап кон проширувањето на ЕУ.

Во изјава за „Политико“ тој истакна дека целта на Украина е „да стане полноправна кандидатка за полноправно членство“ во ЕУ. Шмигал вети и дека ќе ја внесе својата земја во Унијата во следните две години.

„Вложуваме максимални напори за да обезбедиме Украина да стане полноправна членка на ЕУ. Ова е од критично значење за сите Украинци“, рече Шмигал, објави денеска бриселскиот портал.

Тој додаде дека Украина ги исполнила сите седум услови на Европската комисија од јуни 2022 година за преминување во следната фаза од процесот на пристапување.

Шмигал рече дека украинската влада оваа недела усвои резолуција која вклучува признавање на правата на националните малцинства. Набљудувачите сметаат дека тоа е понуда на „маслиново гранче“ на Будимпешта, која имаше забелешки за третманот на етничките Унгарци во Украина.

Европската комисија има рок до крајот на октомври да ги оцени напорите на Киев.

Тој рече и дека Украина е во единствена позиција.

- Сакаме да бидеме полноправна членка бидејќи денес Украина е единствена земја... која плати огромна цена за тоа што сака да биде членка на ЕУ, рече Шмигал.

Тој, исто така, истакна дека повеќе од 90 отсто од Украинците сакаат нивната земја да биде полноправна членка на Унијата.

The post Украинскиот премиер вели дека ќе ја внесе земјата во ЕУ за две години appeared first on Република.

]]>

Додека се разгорува дебатата за проширувањето на ЕУ пред самитот на Европската политичка заедница следната недела во Гранада, украинскиот премиер Денис Шмигал јасно дава до знаење дека Украина не сака да биде членка на ЕУ од втор ред. Шмигал го рече ова додека земјите од ЕУ го разгледуваат француско-германскиот предлог за попостепен пристап кон проширувањето на ЕУ. Во изјава за „Политико“ тој истакна дека целта на Украина е „да стане полноправна кандидатка за полноправно членство“ во ЕУ. Шмигал вети и дека ќе ја внесе својата земја во Унијата во следните две години. „Вложуваме максимални напори за да обезбедиме Украина да стане полноправна членка на ЕУ. Ова е од критично значење за сите Украинци“, рече Шмигал, објави денеска бриселскиот портал. Тој додаде дека Украина ги исполнила сите седум услови на Европската комисија од јуни 2022 година за преминување во следната фаза од процесот на пристапување. Шмигал рече дека украинската влада оваа недела усвои резолуција која вклучува признавање на правата на националните малцинства. Набљудувачите сметаат дека тоа е понуда на „маслиново гранче“ на Будимпешта, која имаше забелешки за третманот на етничките Унгарци во Украина. Европската комисија има рок до крајот на октомври да ги оцени напорите на Киев. Тој рече и дека Украина е во единствена позиција. - Сакаме да бидеме полноправна членка бидејќи денес Украина е единствена земја... која плати огромна цена за тоа што сака да биде членка на ЕУ, рече Шмигал. Тој, исто така, истакна дека повеќе од 90 отсто од Украинците сакаат нивната земја да биде полноправна членка на Унијата.

The post Украинскиот премиер вели дека ќе ја внесе земјата во ЕУ за две години appeared first on Република.

]]>
Евопа одлучи: Ќе ја поддржува, но нема да ја прими Украина во унијата https://republika.mk/vesti/svet/evopa-odluchi-kje-ja-poddrzuva-no-nema-da-ja-primi-ukraina-vo-unijata/ Sat, 12 Mar 2022 07:53:46 +0000 https://republika.mk/?p=471587

По повеќечасовни советувања, 27-те шефови на држави или влади на членките од ЕУ најавија поддршка на Украина, но нема да има нејзин брз прием во Унијата.

Иако во декларацијата од Самитот на ЕУ во францускиот Версај се вели дека „Украина припаѓа на нашето европско семејство“, сепак, на Киев не му се дадени конкретни ветувања во поглед на брз прием во Европската унија.

Во поглед на барањето за прием на Украина, доставено на 28 февруари, во соопштението на ЕУ се вели дека „Советот дејствуваше брзо и побара од Комисијата да даде мислење во согласност со договорите“.

Но дотогаш, без никакви одложувања, се планира продлабочување на партнерството „заради поддршка на Украина на европскиот пат“.

Воедно, лидерите на ЕУ, кои се собраа на самитот во Версај во екот на војната во Украина, се согласија значително да ги зголемат трошоците за одбрана на земјите од ЕУ и заеднички да развијат и да купат ново оружје.

Ова е првпат на самит на ЕУ да се донесе одлука за воени трошоци. Претходно, овие прашања беа во доменот на НАТО, додека ЕУ постојано го нагласуваше својот фокус на економијата.

„Мораме решително да инвестираме повеќе и подобро во одбранбените капацитети и иновативните технологии. Затоа, се согласивме значително да ги зголемиме трошоците за одбраната, со значителен удел за инвестиции, фокусирајќи се на идентификуваните стратегиски недостатоци и со одбранбените капацитети развиени на заеднички начин во рамките на Европската Унија“, стои во декларацијата.

Исто така, ЕУ си постави цел – за пет години да се оттргне од руската енергетска зависност. Ова го предвидува Декларација за ставање крај на зависноста од увоз на руски гас, нафта и јаглен до 2027 година. Од Версај беше порачано дека ова е стратешка инвестиција во безбедноста и независноста на Европа.

The post Евопа одлучи: Ќе ја поддржува, но нема да ја прими Украина во унијата appeared first on Република.

]]>

По повеќечасовни советувања, 27-те шефови на држави или влади на членките од ЕУ најавија поддршка на Украина, но нема да има нејзин брз прием во Унијата. Иако во декларацијата од Самитот на ЕУ во францускиот Версај се вели дека „Украина припаѓа на нашето европско семејство“, сепак, на Киев не му се дадени конкретни ветувања во поглед на брз прием во Европската унија. Во поглед на барањето за прием на Украина, доставено на 28 февруари, во соопштението на ЕУ се вели дека „Советот дејствуваше брзо и побара од Комисијата да даде мислење во согласност со договорите“. Но дотогаш, без никакви одложувања, се планира продлабочување на партнерството „заради поддршка на Украина на европскиот пат“. Воедно, лидерите на ЕУ, кои се собраа на самитот во Версај во екот на војната во Украина, се согласија значително да ги зголемат трошоците за одбрана на земјите од ЕУ и заеднички да развијат и да купат ново оружје. Ова е првпат на самит на ЕУ да се донесе одлука за воени трошоци. Претходно, овие прашања беа во доменот на НАТО, додека ЕУ постојано го нагласуваше својот фокус на економијата.
„Мораме решително да инвестираме повеќе и подобро во одбранбените капацитети и иновативните технологии. Затоа, се согласивме значително да ги зголемиме трошоците за одбраната, со значителен удел за инвестиции, фокусирајќи се на идентификуваните стратегиски недостатоци и со одбранбените капацитети развиени на заеднички начин во рамките на Европската Унија“, стои во декларацијата.
Исто така, ЕУ си постави цел – за пет години да се оттргне од руската енергетска зависност. Ова го предвидува Декларација за ставање крај на зависноста од увоз на руски гас, нафта и јаглен до 2027 година. Од Версај беше порачано дека ова е стратешка инвестиција во безбедноста и независноста на Европа.

The post Евопа одлучи: Ќе ја поддржува, но нема да ја прими Украина во унијата appeared first on Република.

]]>
Членките на ЕУ поделени за проширувањето со Украина, Мишел уверува дека ќе има дебата https://republika.mk/vesti/svet/chlenkite-na-eu-podeleni-za-proshiruvanjeto-so-ukraina-mishel-uveruva-deka-kje-ima-debata/ Mon, 28 Feb 2022 12:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=465263

Меѓу 27-те земји членки на ЕУ има поделеност околу проширувањето на Унијата, откако Киев денеска побара членство во екот на руската инвазија, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Во ЕУ има различни ставови и чувствителност во однос на проширувањето, рече тој.

Украинскиот претседател Зеленски во екот на руската инвазија на ЕУ денеска побара итен прием на Украина во Унијата.

Бараме од Европската унија итно да ја прифати Украина во нејзиното членство според нова, специјална процедура. Сигурен сум дека Украина го заслужи тоа и дека тоа е можно, рече украинскиот претседател

Мишел, меѓутоа, појаснува дека Киев ќе треба да поднесе формална апликација за пристапување, по што земјите-членки ќе треба да излезат со едногласна позиција.

Претходно денеска претседателот на Европскиот совет изјави дека треба да се разговара за евентуалното членство на Украина во ЕУ.

Ова се дебати кои дефинитивно ќе се одржат, рече тој на прашањето дали ЕУ е подготвена да ги отвори вратите за Украина. „Но, ние веќе имаме многу силен договор со Украина што треба да се засили“, рече Мишел.

Тоа ќе ги зајакне економските и политичките врски со Украина, додаде тој.

The post Членките на ЕУ поделени за проширувањето со Украина, Мишел уверува дека ќе има дебата appeared first on Република.

]]>

Меѓу 27-те земји членки на ЕУ има поделеност околу проширувањето на Унијата, откако Киев денеска побара членство во екот на руската инвазија, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Во ЕУ има различни ставови и чувствителност во однос на проширувањето, рече тој.
Украинскиот претседател Зеленски во екот на руската инвазија на ЕУ денеска побара итен прием на Украина во Унијата.
Бараме од Европската унија итно да ја прифати Украина во нејзиното членство според нова, специјална процедура. Сигурен сум дека Украина го заслужи тоа и дека тоа е можно, рече украинскиот претседател
Мишел, меѓутоа, појаснува дека Киев ќе треба да поднесе формална апликација за пристапување, по што земјите-членки ќе треба да излезат со едногласна позиција. Претходно денеска претседателот на Европскиот совет изјави дека треба да се разговара за евентуалното членство на Украина во ЕУ.
Ова се дебати кои дефинитивно ќе се одржат, рече тој на прашањето дали ЕУ е подготвена да ги отвори вратите за Украина. „Но, ние веќе имаме многу силен договор со Украина што треба да се засили“, рече Мишел. Тоа ќе ги зајакне економските и политичките врски со Украина, додаде тој.