ЕУ состанок Archives - Република https://republika.mk/tema/eu-sostanok/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Nov 2022 12:27:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕУ состанок Archives - Република https://republika.mk/tema/eu-sostanok/ 32 32 ЕУ ги повика Вучиќ и Курти на итен состанок во Брисел https://republika.mk/vesti/balkan/eu-gi-povika-vuchikj-i-kurti-na-iten-sostanok-vo-brisel/ Fri, 18 Nov 2022 12:27:26 +0000 https://republika.mk/?p=575415

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се поканети во Брисел на дијалог на највисоко ниво, изјави портпаролот Петер Стано.

Доколку претставниците на Белград во Приштина се согласат да дојдат, средбата би можела да се одржи наскоро, пишува Еуроњуз.

- Ново е што двајцата ги поканивме во Брисел за да се најде европско решение, европски излез од сегашната ситуација, која е една од најсериозните од 2013 година. И тоа е целта. Како што реков, ги поканивме во Брисел да разговараме за начин како да се најде излез. Се надеваме дека ќе можат многу брзо да дојдат, за да можеме да го решиме тоа прашање, пред 21 ноември, а не потоа, како што рече високиот претставник на ЕУ, рече Стано.

Овој повик доаѓа по тензичниот изминат период во кој Приштина не се откажа од наплатата на казните за нерегистрирани возила со таблички РКС, која треба да започне на 21 ноември.

Ова резултираше со излегување на Србите од приштинските институции на северот на Косово. Покрај одложувањето на барањето за пререгистрација, тие бараат и формирање на Заедница на српски општини (ЗСО), која беше потпишана како дел од Бриселскиот договор во 2013 година, а Приштина се уште не го исполнила.

The post ЕУ ги повика Вучиќ и Курти на итен состанок во Брисел appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се поканети во Брисел на дијалог на највисоко ниво, изјави портпаролот Петер Стано. Доколку претставниците на Белград во Приштина се согласат да дојдат, средбата би можела да се одржи наскоро, пишува Еуроњуз. - Ново е што двајцата ги поканивме во Брисел за да се најде европско решение, европски излез од сегашната ситуација, која е една од најсериозните од 2013 година. И тоа е целта. Како што реков, ги поканивме во Брисел да разговараме за начин како да се најде излез. Се надеваме дека ќе можат многу брзо да дојдат, за да можеме да го решиме тоа прашање, пред 21 ноември, а не потоа, како што рече високиот претставник на ЕУ, рече Стано. Овој повик доаѓа по тензичниот изминат период во кој Приштина не се откажа од наплатата на казните за нерегистрирани возила со таблички РКС, која треба да започне на 21 ноември.
Ова резултираше со излегување на Србите од приштинските институции на северот на Косово. Покрај одложувањето на барањето за пререгистрација, тие бараат и формирање на Заедница на српски општини (ЗСО), која беше потпишана како дел од Бриселскиот договор во 2013 година, а Приштина се уште не го исполнила.

The post ЕУ ги повика Вучиќ и Курти на итен состанок во Брисел appeared first on Република.

]]>