етика во религии Archives - Република https://republika.mk/tema/etika-vo-religii/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Apr 2023 08:49:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png етика во религии Archives - Република https://republika.mk/tema/etika-vo-religii/ 32 32 МОН: Етика во религиите останува изборен предмет и во учебната 2023/2024 https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-etika-vo-religiite-ostanuva-izboren-predmet-i-vo-uchebnata-2023-2024-2/ Wed, 19 Apr 2023 08:49:10 +0000 https://republika.mk/?p=631970

Предметот Етика во религиите останува изборен предмет во наставниот план за деветгодишното основно образование, за учебната 2023/2024 година, соопштија од Министерството за образование и наука.

Согласно Концепцијата за основно образование, што етапно се воведува, и во учебната 2023/2024 година освен задолжителни предмети има и два изборни предмети – втор странски јазик и слободни изборни предмети.

Бирото за развој на образованието позитивно одговори на барањето на Министерството за образование и наука, овој предмет да остане во системот на основно образование и да биде избор за учениците и родителите кои сметат дека оваа тема е соодветна за периодот од животот на децата кога тие се градат како личности и стекнуваат морални вредности, се наведува во соопштението.

Концепцијата за основно образование предвидува широка понуда на изборни предмети што произлегуваат од искажаните интереси на учениците и се насочени кон развивање на нивните потенцијали и зголемување на задоволството на учениците од престојот во училиште. Покрај предметот Етика во религиите, посочуваат од Министерството за образование и наука, учениците можат да изучуваат програмирање, сликарство, театар, танци и народни ора, да изберат спортски активности, мултикултурни работилници, образование за животни вештини, градинарство и хортикултура и други.

The post МОН: Етика во религиите останува изборен предмет и во учебната 2023/2024 appeared first on Република.

]]>

Предметот Етика во религиите останува изборен предмет во наставниот план за деветгодишното основно образование, за учебната 2023/2024 година, соопштија од Министерството за образование и наука. Согласно Концепцијата за основно образование, што етапно се воведува, и во учебната 2023/2024 година освен задолжителни предмети има и два изборни предмети – втор странски јазик и слободни изборни предмети. Бирото за развој на образованието позитивно одговори на барањето на Министерството за образование и наука, овој предмет да остане во системот на основно образование и да биде избор за учениците и родителите кои сметат дека оваа тема е соодветна за периодот од животот на децата кога тие се градат како личности и стекнуваат морални вредности, се наведува во соопштението. Концепцијата за основно образование предвидува широка понуда на изборни предмети што произлегуваат од искажаните интереси на учениците и се насочени кон развивање на нивните потенцијали и зголемување на задоволството на учениците од престојот во училиште. Покрај предметот Етика во религиите, посочуваат од Министерството за образование и наука, учениците можат да изучуваат програмирање, сликарство, театар, танци и народни ора, да изберат спортски активности, мултикултурни работилници, образование за животни вештини, градинарство и хортикултура и други.

The post МОН: Етика во религиите останува изборен предмет и во учебната 2023/2024 appeared first on Република.

]]>