етц травел Archives - Република https://republika.mk/tema/etc-travel/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Mar 2023 07:43:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png етц травел Archives - Република https://republika.mk/tema/etc-travel/ 32 32 Груби шема: Ветон купува а Артан плаќа од пари на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-shema-veton-kupuva-a-artan-plaka-od-pari-na-graganite/ Wed, 22 Mar 2023 07:43:52 +0000 https://republika.mk/?p=622258

Фамилијата Груби купува дуќани за џабе, наплаќа туристички услуги од државни институции и што уште не!, набројува ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија детално ја објасни шемата на семејството Груби.

Поедноставно тоа изгледа вака, Ветон Груби купува, а функционерот, братот Артан Груби плаќа или поточно плаќа од пари на граѓаните. Тоа се гледа по купувањето на дуќанот на улица Македонија од страна на Ветон Груби и наплаќањето за туристички услуги од државните институции со кои раководи Артан Груби.

Која е шемата со туристичките услуги?-прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Ветон Груби како сопственик на ЕТЦ Травел наплатил туристички услуги во вредност од еден милион денари од државни институции и тоа дури 8 пати. Потоа Владата во која втор човек токму Артан Груби префрла пари на ЕТЦ Травел на Ветон Груби три месеци по ред во 2020 година или пак во два наврати во временска дистанца од само 5 дена во 2021 година. Целта е очигледна – секоја година по неколку трансакции да има кон ЕТЦ Травел на Ветон Груби.
Со ова се крши Законот за спречување на корупција и судир на интереси или има јасен судир на интереси. Но, оваа Влада не се бори со корупцијата, туку ја креира истата.

Антикорупциската комисија треба веднаш да постапи по наведените јасни сомнежи, наместо да молчи!

Едно е јасно, додека надлежните институции молчат, СДС и ДУИ од државните институции прават филијали на нивните фирми! Или државните институции се користат за да се создадат поволни бизнис услови за фирмите на луѓето од власта!

Надлежните за овие постапки еден ден ќе одговараат, бидејќи наместо да работат за граѓаните работат само за лични интереси!-се закани партијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/veton-grubi-kupuva-a-artan-grubi-plaka/

The post Груби шема: Ветон купува а Артан плаќа од пари на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Фамилијата Груби купува дуќани за џабе, наплаќа туристички услуги од државни институции и што уште не!, набројува ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија детално ја објасни шемата на семејството Груби.
Поедноставно тоа изгледа вака, Ветон Груби купува, а функционерот, братот Артан Груби плаќа или поточно плаќа од пари на граѓаните. Тоа се гледа по купувањето на дуќанот на улица Македонија од страна на Ветон Груби и наплаќањето за туристички услуги од државните институции со кои раководи Артан Груби.
Која е шемата со туристичките услуги?-прашува ВМРО-ДПМНЕ. Ветон Груби како сопственик на ЕТЦ Травел наплатил туристички услуги во вредност од еден милион денари од државни институции и тоа дури 8 пати. Потоа Владата во која втор човек токму Артан Груби префрла пари на ЕТЦ Травел на Ветон Груби три месеци по ред во 2020 година или пак во два наврати во временска дистанца од само 5 дена во 2021 година. Целта е очигледна – секоја година по неколку трансакции да има кон ЕТЦ Травел на Ветон Груби. Со ова се крши Законот за спречување на корупција и судир на интереси или има јасен судир на интереси. Но, оваа Влада не се бори со корупцијата, туку ја креира истата.
Антикорупциската комисија треба веднаш да постапи по наведените јасни сомнежи, наместо да молчи!
Едно е јасно, додека надлежните институции молчат, СДС и ДУИ од државните институции прават филијали на нивните фирми! Или државните институции се користат за да се создадат поволни бизнис услови за фирмите на луѓето од власта! Надлежните за овие постапки еден ден ќе одговараат, бидејќи наместо да работат за граѓаните работат само за лични интереси!-се закани партијата. https://republika.mk/vesti/makedonija/veton-grubi-kupuva-a-artan-grubi-plaka/

The post Груби шема: Ветон купува а Артан плаќа од пари на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Груби откако станал вицепремиер му дал на братот еден милион денари државни пари https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-otkako-stanal-vitsepremier-mu-dal-na-bratot-eden-milion-denari-drzhavni-pari/ Tue, 21 Mar 2023 07:57:38 +0000 https://republika.mk/?p=621848

Додека Артан Груби е Вицепремиер, Ветон Груби преку неговата фирма ЕТЦ Травел ДООЕЛ добива државни тендери, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија тврди дека над 1 милион денари во период од две години од владата и министерството на Груби се префрлени на фримата на братот на Артан, Ветон Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ.

 Од 2020 до 2022 година, во вкупно 8 трансакции, се префрлени над 1 милион денари на туристичката агенција ЕТЦ Травел ДООЕЛ од владата и министерството на Груби.Тоа е истиот оној брат на Артан Груби кој се стекна со дуќан на улица Македонија по цена од 700 евра за метар квадратен.Јасна е намерата, уште појасна е братската врска, а најочигледен е судирот на интереси. Целта е да владее криминалот и корупцијата, да се позиционира мрежата насекаде.Време е ДКСК, ЈО и институциите на прогонот да почнат да ги применуваат законите, зошто тоа е нивна законска обврска, за чие не исполнување еден ден ќе понесат одговорност-тврди ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-go-pochestil-bratot-veton-so-eden-milion-denari-drzhavni-pari/

 

The post Груби откако станал вицепремиер му дал на братот еден милион денари државни пари appeared first on Република.

]]>

Додека Артан Груби е Вицепремиер, Ветон Груби преку неговата фирма ЕТЦ Травел ДООЕЛ добива државни тендери, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија тврди дека над 1 милион денари во период од две години од владата и министерството на Груби се префрлени на фримата на братот на Артан, Ветон Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ.
 Од 2020 до 2022 година, во вкупно 8 трансакции, се префрлени над 1 милион денари на туристичката агенција ЕТЦ Травел ДООЕЛ од владата и министерството на Груби.Тоа е истиот оној брат на Артан Груби кој се стекна со дуќан на улица Македонија по цена од 700 евра за метар квадратен.Јасна е намерата, уште појасна е братската врска, а најочигледен е судирот на интереси. Целта е да владее криминалот и корупцијата, да се позиционира мрежата насекаде.Време е ДКСК, ЈО и институциите на прогонот да почнат да ги применуваат законите, зошто тоа е нивна законска обврска, за чие не исполнување еден ден ќе понесат одговорност-тврди ВМРО-ДПМНЕ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-go-pochestil-bratot-veton-so-eden-milion-denari-drzhavni-pari/
 

The post Груби откако станал вицепремиер му дал на братот еден милион денари државни пари appeared first on Република.

]]>
На кого ќе помогне ако не на брат: Артан на Ветон Груби му дал 16.000 евра државни пари за туристичката агенција https://republika.mk/vesti/makedonija/na-kogo-ke-pomogne-ako-ne-na-brat-artan-na-veton-grubi-mu-dal-16-000-evra-drzhavni-pari-za-turistichkata-agentsija/ Mon, 20 Mar 2023 07:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=621370

Криминалот на Артан Груби нема крај.Груби ги полни џебовите на неговиот брат со буџетски пари, а Ковачевски го аминува, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Според документите од отворени финансии може да се увиди како Артан Груби од позиција на министер му исплаќа средства на ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на неговиот брат.

Вкупната вредност која фирмата на братот на Артан Груби, ја добила од државата е над 1 милион денари-тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2020-тата до 2022 година, во точно 8 наврати владините институции односно министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, министерството за економија се јавуваат како даватели на услуга кон фирмата на братот на Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје.

ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје е фирма која во период од 2016-та до 2020-та година има минусно салдо. Поточно фирмата на братот на Груби работела во загуба.
Груби ја докажува нераскинливата врска со неговиот брат, при што и со народни пари сака да го збогати.

Артан Груби за ова треба да одговара пред законот, а ЈО да се одважи и веќе да не молчи.

The post На кого ќе помогне ако не на брат: Артан на Ветон Груби му дал 16.000 евра државни пари за туристичката агенција appeared first on Република.

]]>

Криминалот на Артан Груби нема крај.Груби ги полни џебовите на неговиот брат со буџетски пари, а Ковачевски го аминува, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Според документите од отворени финансии може да се увиди како Артан Груби од позиција на министер му исплаќа средства на ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на неговиот брат.
Вкупната вредност која фирмата на братот на Артан Груби, ја добила од државата е над 1 милион денари-тврди ВМРО-ДПМНЕ.
Од 2020-тата до 2022 година, во точно 8 наврати владините институции односно министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, министерството за економија се јавуваат како даватели на услуга кон фирмата на братот на Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје. ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје е фирма која во период од 2016-та до 2020-та година има минусно салдо. Поточно фирмата на братот на Груби работела во загуба. Груби ја докажува нераскинливата врска со неговиот брат, при што и со народни пари сака да го збогати.
Артан Груби за ова треба да одговара пред законот, а ЈО да се одважи и веќе да не молчи.

The post На кого ќе помогне ако не на брат: Артан на Ветон Груби му дал 16.000 евра државни пари за туристичката агенција appeared first on Република.

]]>
ЕТЦ Травел со реакција до Лефков: Објектот го купивме со кредит кој ќе го отплаќаме 20 години https://republika.mk/vesti/makedonija/etts-travel-so-reaktsija-do-lefkov-objektot-go-kupivme-so-kredit-koj-ke-go-otplakame-20-godini/ Mon, 20 Feb 2023 12:48:44 +0000 https://republika.mk/?p=611064

Лефков денеска обвини дека братот на вицепремиероот Артан Груби од ДУИ купил деловен објект на улица Македонија во вредност од половина милион евра. Од ЕТЦ Травел објаснуваат дека компанијата во моментот изнајмува деловен простор и затоа, поради економска исплатеност, пристапиле кон обезбедување на сопствен деловен простор кој би ги намалил трошоците

ЕТЦ Травел, е компанија која што работи согласно законите и правилата во Република Македонија повеќе години па се до денес и придонесува во буџетот на земјата, плаќа плати на неколку вработени и транспарентно постојано ја гради својата репутација, а за квалитетот на нашите услуги најдобар показател се нашите клиенти, реагираат од компанијата по денешната прес-конференција на пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Лефков денеска обвини дека братот на вицепремиероот Артан Груби од ДУИ купил деловен објект на улица Македонија во вредност од половина милион евра. Објектот со површина од 127 квадратни метри, додаде Лефков, е купен во време кога Груби е вицепремиер во Владата.

Од ЕТЦ Травел објаснуваат дека компанијата во моментот изнајмува деловен простор и затоа, поради економска исплатеност, пристапиле кон обезбедување на сопствен деловен простор кој би ги намалил трошоците.

„Согласно тоа, со купопродажен договор и кредит обезбеден од Халкбанка на 11.11.2022, со ставање во целосна хипотека на деловниот простор кој што ќе се исплаќа на месечни рати во рок од 20 год., е обезбеден деловен простор за нашите потреби согласно сите законски процедури и на најтранспарентен начин, преку банкарска трансакција помеѓу купувачот и продавачот“, велат од компанијата.

Оттаму ги повикуваат политичките партии и медиумите за коректност кон македонските компании „и да не ги користат домашните фирми за дневно политичко препукување“.

 

https://republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-bratot-na-grubi-kupil-deloven-objekt-na-ulitsa-makedonija-od-127m2-vreden-polovina-milion-evra-dodeka-artan-e-vitsepremier/

 

 

 

 

The post ЕТЦ Травел со реакција до Лефков: Објектот го купивме со кредит кој ќе го отплаќаме 20 години appeared first on Република.

]]>

Лефков денеска обвини дека братот на вицепремиероот Артан Груби од ДУИ купил деловен објект на улица Македонија во вредност од половина милион евра. Од ЕТЦ Травел објаснуваат дека компанијата во моментот изнајмува деловен простор и затоа, поради економска исплатеност, пристапиле кон обезбедување на сопствен деловен простор кој би ги намалил трошоците ЕТЦ Травел, е компанија која што работи согласно законите и правилата во Република Македонија повеќе години па се до денес и придонесува во буџетот на земјата, плаќа плати на неколку вработени и транспарентно постојано ја гради својата репутација, а за квалитетот на нашите услуги најдобар показател се нашите клиенти, реагираат од компанијата по денешната прес-конференција на пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ. Лефков денеска обвини дека братот на вицепремиероот Артан Груби од ДУИ купил деловен објект на улица Македонија во вредност од половина милион евра. Објектот со површина од 127 квадратни метри, додаде Лефков, е купен во време кога Груби е вицепремиер во Владата.
Од ЕТЦ Травел објаснуваат дека компанијата во моментот изнајмува деловен простор и затоа, поради економска исплатеност, пристапиле кон обезбедување на сопствен деловен простор кој би ги намалил трошоците.
„Согласно тоа, со купопродажен договор и кредит обезбеден од Халкбанка на 11.11.2022, со ставање во целосна хипотека на деловниот простор кој што ќе се исплаќа на месечни рати во рок од 20 год., е обезбеден деловен простор за нашите потреби согласно сите законски процедури и на најтранспарентен начин, преку банкарска трансакција помеѓу купувачот и продавачот“, велат од компанијата.
Оттаму ги повикуваат политичките партии и медиумите за коректност кон македонските компании „и да не ги користат домашните фирми за дневно политичко препукување“.   https://republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-bratot-na-grubi-kupil-deloven-objekt-na-ulitsa-makedonija-od-127m2-vreden-polovina-milion-evra-dodeka-artan-e-vitsepremier/
 
 
 
 

The post ЕТЦ Травел со реакција до Лефков: Објектот го купивме со кредит кој ќе го отплаќаме 20 години appeared first on Република.

]]>
Дали братот на Артан Груби ќе профитира од аранжманите за мечот Македонија-Португалија?! https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-dali-bratot-na-artan-grubi-kje-profitira-od-aranzmanite-za-mechot-makedonija-portugalija/ Mon, 28 Mar 2022 07:38:59 +0000 https://republika.mk/?p=479615

Дали ЕТЦ ТРАВЕЛ, Агенција сопственост на братот на Артан Груби ќе профитира од аранжманите за Порто за мечот Македонија – Португалија!?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија прашуваат дали чартер летот што ќе го организира ФФМ, а ќе чини 500 евра по човек ќе биде преку Туристичката агенција ЕТЦ ТРАВЕЛ, сопственост на Ветон Груби, брат на Артан Груби?

-Дали браќата Груби сакаат да профитираат од спортот, и од сите оние наши сограѓани кои ќе сакаат да одат да ја бодрат нашата репрезентација, а тоа ќе мора да го сторат преку чартер летот кој ќе се одвива преку ЕТЦ ТРАВЕЛ на Груби?

Доколку се пријават 200 наши сограѓани, браќата Груби би инкасирале 100.000 евра.

Доколку се пријават 400, сумата која ќе ја наплати Агенцијата на Груби ќе биде 200.000 евра.

Дали на Груби не му е доволно што од голтар стана милионер, па сега сака да ќарува и на спортската еуфорија и радоста на граѓаните за успехот на репрезентацијата?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Дали братот на Артан Груби ќе профитира од аранжманите за мечот Македонија-Португалија?! appeared first on Република.

]]>

Дали ЕТЦ ТРАВЕЛ, Агенција сопственост на братот на Артан Груби ќе профитира од аранжманите за Порто за мечот Македонија – Португалија!?, прашува ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија прашуваат дали чартер летот што ќе го организира ФФМ, а ќе чини 500 евра по човек ќе биде преку Туристичката агенција ЕТЦ ТРАВЕЛ, сопственост на Ветон Груби, брат на Артан Груби? -Дали браќата Груби сакаат да профитираат од спортот, и од сите оние наши сограѓани кои ќе сакаат да одат да ја бодрат нашата репрезентација, а тоа ќе мора да го сторат преку чартер летот кој ќе се одвива преку ЕТЦ ТРАВЕЛ на Груби? Доколку се пријават 200 наши сограѓани, браќата Груби би инкасирале 100.000 евра. Доколку се пријават 400, сумата која ќе ја наплати Агенцијата на Груби ќе биде 200.000 евра. Дали на Груби не му е доволно што од голтар стана милионер, па сега сака да ќарува и на спортската еуфорија и радоста на граѓаните за успехот на репрезентацијата?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Дали братот на Артан Груби ќе профитира од аранжманите за мечот Македонија-Португалија?! appeared first on Република.

]]>