ескалација Archives - Република https://republika.mk/tema/eskalacija/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Oct 2024 12:22:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ескалација Archives - Република https://republika.mk/tema/eskalacija/ 32 32 Блинкен: САД се обидуваат да спречат ескалација на насилството на Блиски Исток https://republika.mk/vesti/svet/blinken-sad-se-obiduvaat-da-sprechat-eskalatsija-na-nasilstvoto-na-bliski-istok/ Fri, 11 Oct 2024 12:22:40 +0000 https://republika.mk/?p=825537

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Виетнам изрази загриженост поради тешката ситуација на жителите во Појасот Газа и конфликтот на Блиски Исток.

Тој истакна дека САД прават сè што е во нивна моќ за да спречи ескалација на насилството.

Вниманието на САД, и тоа е така веќе една година, е насочено токму на ова: да се спречи ескалација на овие конфликти. Секој ден работиме на тоа, посочи Блинкен, додавајќи оти Вашингтон е во директна комуникација со Израел, во која ја нагласуваат потребата да се обезбедат хуманитарните потреби на жителите на Газа.

Тој наведе и дека Израел има право да се брани од нападите на Хезболах. Според него, Тел Авив има интерес да создаде услови за десетици илјади раселени жители во јужен Либан да се вратат во своите домови.

Од витално значење е, додека се прави ова, напорите да се фокусираат на заштита на цивилите за да не бидат фатени во вкрстен оган, истакна Блинкен.

 

The post Блинкен: САД се обидуваат да спречат ескалација на насилството на Блиски Исток appeared first on Република.

]]>

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Виетнам изрази загриженост поради тешката ситуација на жителите во Појасот Газа и конфликтот на Блиски Исток. Тој истакна дека САД прават сè што е во нивна моќ за да спречи ескалација на насилството.
Вниманието на САД, и тоа е така веќе една година, е насочено токму на ова: да се спречи ескалација на овие конфликти. Секој ден работиме на тоа, посочи Блинкен, додавајќи оти Вашингтон е во директна комуникација со Израел, во која ја нагласуваат потребата да се обезбедат хуманитарните потреби на жителите на Газа.
Тој наведе и дека Израел има право да се брани од нападите на Хезболах. Според него, Тел Авив има интерес да создаде услови за десетици илјади раселени жители во јужен Либан да се вратат во своите домови.
Од витално значење е, додека се прави ова, напорите да се фокусираат на заштита на цивилите за да не бидат фатени во вкрстен оган, истакна Блинкен.
 

The post Блинкен: САД се обидуваат да спречат ескалација на насилството на Блиски Исток appeared first on Република.

]]>
Саудиска Арабија свика итен состанок на Организацијата за исламска соработка поради ескалацијата на конфликтот во Газа https://republika.mk/vesti/svet/saudiska-arabija-svika-iten-sostanok-na-organizatsijata-za-islamska-sorabotka-poradi-eskalatsijata-na-konfliktot-vo-gaza/ Sun, 15 Oct 2023 09:10:55 +0000 https://republika.mk/?p=691352

Организацијата за исламска соработка, по повикот од Саудиска Арабија, на 18 октомври во Џеда ќе одржи итен состанок на кој ќе разговара за насилството во Газа, по осумдневната војна во која животот го загубија илјадници луѓе.

Кралството, кое е претседавач на Исламскиот самит на тековната седница и претседавач со извршниот комитет на ОИК, повика на „отворен“ министерски состанок на кој ќе се разговара за воената ескалација во Газа и нејзината околина и за влошување на ситуацијата, што е закана за цивилите и регионална безбедност и стабилност, пренесува порталот „Араб Њуз“.

Невладината организација „Лекари без граници“ денеска го повика Израел да „покаже минимум хуманост“ во тековната воена агресија врз Појасот Газа, истакнувајќи дека ситуацијата во Појасот Газа е „неприфатлива“.

The post Саудиска Арабија свика итен состанок на Организацијата за исламска соработка поради ескалацијата на конфликтот во Газа appeared first on Република.

]]>

Организацијата за исламска соработка, по повикот од Саудиска Арабија, на 18 октомври во Џеда ќе одржи итен состанок на кој ќе разговара за насилството во Газа, по осумдневната војна во која животот го загубија илјадници луѓе. Кралството, кое е претседавач на Исламскиот самит на тековната седница и претседавач со извршниот комитет на ОИК, повика на „отворен“ министерски состанок на кој ќе се разговара за воената ескалација во Газа и нејзината околина и за влошување на ситуацијата, што е закана за цивилите и регионална безбедност и стабилност, пренесува порталот „Араб Њуз“. Невладината организација „Лекари без граници“ денеска го повика Израел да „покаже минимум хуманост“ во тековната воена агресија врз Појасот Газа, истакнувајќи дека ситуацијата во Појасот Газа е „неприфатлива“.

The post Саудиска Арабија свика итен состанок на Организацијата за исламска соработка поради ескалацијата на конфликтот во Газа appeared first on Република.

]]>
Началникот на германската армија предупреди дека војната во Украина може да ескалира https://republika.mk/vesti/svet/nachalnikot-na-germanskata-armija-predupredi-deka-vojnata-vo-ukraina-mozhe-da-eskalira/ Tue, 03 Oct 2023 16:27:48 +0000 https://republika.mk/?p=687583

Началникот на германската армија, генерал Карстен Бројер, предупреди дека војната во Украина може да ескалира и повика на зголемување на одбранбените способности на Германија и НАТО, јави ДПА.

Бројер, кој е главен инспектор на Бундесверот, спомена дека некои знаци во поставувањето пред анексијата на Крим во 2014 година и минатогодишната инвазија на Украина од страна на Русија, тогаш не биле земени предвид, а требало.

„Германија не беше во состојба да излезе од својата комфорна зона и не сакаше да верува дека тоа може да се случи“, истакна тој во говорот во пресрет на денешниот национален празник на Германија.

Според него, „резултатот е дека Берлин сега мора да ги поддржи земјите кои може да се гледаат како линија на фронтот“, и тоа го прави, на пример, како што посочи, со распоредување бригада во Литванија.

„Руската нелегална инвазија на Украина ја изнесе во преден план важноста да се има борбено подготвени сили“, рече Бројер на приемот што го организираше постојаниот претставник на Германија во НАТО, Геза Андреас фон Гер.

Тој истакна дека порано било потребно „стратешко трпение и стратешка смиреност“, а дека денес е неопходна „брза реакција“.

Фон Гер исто така даде лоша прогноза за безбедносната ситуација во Европа.

„Москва одлучи да го врати системот на контрола и репресија. Воената агресија на Русија отвора ново, мрачно поглавје во историјата на континентот“, рече Фон Гер за војната што ја започна Кремљ во февруари 2022 година.

The post Началникот на германската армија предупреди дека војната во Украина може да ескалира appeared first on Република.

]]>

Началникот на германската армија, генерал Карстен Бројер, предупреди дека војната во Украина може да ескалира и повика на зголемување на одбранбените способности на Германија и НАТО, јави ДПА. Бројер, кој е главен инспектор на Бундесверот, спомена дека некои знаци во поставувањето пред анексијата на Крим во 2014 година и минатогодишната инвазија на Украина од страна на Русија, тогаш не биле земени предвид, а требало. „Германија не беше во состојба да излезе од својата комфорна зона и не сакаше да верува дека тоа може да се случи“, истакна тој во говорот во пресрет на денешниот национален празник на Германија. Според него, „резултатот е дека Берлин сега мора да ги поддржи земјите кои може да се гледаат како линија на фронтот“, и тоа го прави, на пример, како што посочи, со распоредување бригада во Литванија. „Руската нелегална инвазија на Украина ја изнесе во преден план важноста да се има борбено подготвени сили“, рече Бројер на приемот што го организираше постојаниот претставник на Германија во НАТО, Геза Андреас фон Гер. Тој истакна дека порано било потребно „стратешко трпение и стратешка смиреност“, а дека денес е неопходна „брза реакција“. Фон Гер исто така даде лоша прогноза за безбедносната ситуација во Европа. „Москва одлучи да го врати системот на контрола и репресија. Воената агресија на Русија отвора ново, мрачно поглавје во историјата на континентот“, рече Фон Гер за војната што ја започна Кремљ во февруари 2022 година.

The post Началникот на германската армија предупреди дека војната во Украина може да ескалира appeared first on Република.

]]>
Ринкевичс: Ова е многу опасна ескалација https://republika.mk/vesti/svet/rinkevichs-ova-e-mnogu-opasna-eskalacija/ Tue, 15 Nov 2022 20:46:33 +0000 https://republika.mk/?p=574252

Шефот на летонската дипломатија Едгарс Ринкевичс на Твитер напиша дека двете руски ракети што погодија село во Полска е „многу опасна ескалација“.

– Руските проектили кои погодија територија на членка на НАТО е многу опасна ескалација од страна на Кремљ, Летонија изразува целосна солидарност со нашиот сојузник Полска и ќе ја поддржи секоја акција што Полска ја смета за соодветна. Русија ќе сноси целосна одговорност за сите последици, напиша Ринкевичс на Твитер.

Претходно и летонскиот министер за одбрана Артис Пабрикс изјави дека руски ракети го погодиле селото Пржеводов на полско-украинската граница.

– Мое сочувство до нашите полски браќа по оружје. Криминалниот руски режим истрела проектили кои не само што ги таргетираа украинските цивили, туку паднаа и на територијата на НАТО во Полска. Летонија целосно стои сп своите полски пријатели и го осудува ова злосторство, истакна Пабрикс.

Словачкиот министер за одбрана Јаро Над на Твитер напиша дека е многу загриужен за руските ракети што паднаа врз Полска.

– Русија мора да објасни што се случи. Бесмислените напади врз инфраструктурата мора веднаш да престанат. Руската непромисленост излегува од контрола. Ќе бидам во близок контакт со (полскиот министер за одбрана) Мариуш Блашчак и сојузниците да координираат одговор на ова, напиша Над на Твитер.

Претходно и неименуван висок американски претставник изјави дека експлозијата е предизвикана од руски ракети. Од Пентагон изјавија дека не можат да потврдат дека се работи за руски ракети.

Официјална Варшава се уште нема потврдено дека експлозијата е предизвикана од руски ракети, но полскиот премиер Матеуш Моравјецки итно го свика Комитетот на Министерскиот совет за прашања на националната безбедност и одбраната.

Портпаролот на полската Влада Пјотр Мулер не ја откри причината за свикувањето на итниот состанок.

– Ве молиме, не објавувајте непотврдени информации, за ова ќе разговараме по средбата, истакна Мулер.

И премиерот на Унгарија, Виктор Орбан свика итен состанок на Советот за одбрана.

Како одговор на прекинот на транспортот на нафта преку нафтоводот Дружба и проектилите што ја погодија полска територија, унгарскиот премиер Орбан свика итен Совет за одбрана, изјави портпаролот на унгарската Влада.

Полска е членка на НАТО. Според Членот 5 од Повелбата на НАТО напад врз една земја-членка се смета за за напад врз сите останати.

The post Ринкевичс: Ова е многу опасна ескалација appeared first on Република.

]]>

Шефот на летонската дипломатија Едгарс Ринкевичс на Твитер напиша дека двете руски ракети што погодија село во Полска е „многу опасна ескалација“. – Руските проектили кои погодија територија на членка на НАТО е многу опасна ескалација од страна на Кремљ, Летонија изразува целосна солидарност со нашиот сојузник Полска и ќе ја поддржи секоја акција што Полска ја смета за соодветна. Русија ќе сноси целосна одговорност за сите последици, напиша Ринкевичс на Твитер. Претходно и летонскиот министер за одбрана Артис Пабрикс изјави дека руски ракети го погодиле селото Пржеводов на полско-украинската граница. – Мое сочувство до нашите полски браќа по оружје. Криминалниот руски режим истрела проектили кои не само што ги таргетираа украинските цивили, туку паднаа и на територијата на НАТО во Полска. Летонија целосно стои сп своите полски пријатели и го осудува ова злосторство, истакна Пабрикс. Словачкиот министер за одбрана Јаро Над на Твитер напиша дека е многу загриужен за руските ракети што паднаа врз Полска. – Русија мора да објасни што се случи. Бесмислените напади врз инфраструктурата мора веднаш да престанат. Руската непромисленост излегува од контрола. Ќе бидам во близок контакт со (полскиот министер за одбрана) Мариуш Блашчак и сојузниците да координираат одговор на ова, напиша Над на Твитер. Претходно и неименуван висок американски претставник изјави дека експлозијата е предизвикана од руски ракети. Од Пентагон изјавија дека не можат да потврдат дека се работи за руски ракети. Официјална Варшава се уште нема потврдено дека експлозијата е предизвикана од руски ракети, но полскиот премиер Матеуш Моравјецки итно го свика Комитетот на Министерскиот совет за прашања на националната безбедност и одбраната. Портпаролот на полската Влада Пјотр Мулер не ја откри причината за свикувањето на итниот состанок. – Ве молиме, не објавувајте непотврдени информации, за ова ќе разговараме по средбата, истакна Мулер. И премиерот на Унгарија, Виктор Орбан свика итен состанок на Советот за одбрана. Како одговор на прекинот на транспортот на нафта преку нафтоводот Дружба и проектилите што ја погодија полска територија, унгарскиот премиер Орбан свика итен Совет за одбрана, изјави портпаролот на унгарската Влада. Полска е членка на НАТО. Според Членот 5 од Повелбата на НАТО напад врз една земја-членка се смета за за напад врз сите останати.

The post Ринкевичс: Ова е многу опасна ескалација appeared first on Република.

]]>
Олексеј Арестович, советник на шефот на Кабинетот на Зеленски се закани: Ако сакаат ескалација, ајде да ескалираме https://republika.mk/vesti/svet/oleksej-arestovich-sovetnik-na-shefot-na-kabinetot-na-zelenski-se-zakani-ako-sakaat-eskalacija-ajde-da-eskalirame/ Thu, 14 Apr 2022 12:24:41 +0000 https://republika.mk/?p=488446

Олексеј Арестович, советник на шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, се закани со возвратен напад врз Москва во случај на руски напад врз Киев.

Арестович за каналот „Фегин лајв“ истакна дека Украина ќе возврати, како коментар на предупредувањето од руското Министерство за одбрана дека ќе бидат нападнати центрите каде се носат одлуките, вклучително и Киев.

Според него, Украина е подготвена за таква ситуација бидејќи се може да се очекува од Кремљ.

Дозволете ми веднаш да кажам дека имаме големи можности да удриме врз Русија. А тоа што се уште не ги користиме, па, секоја војна има одреден степен на ескалација. Ако сакаат ескалација, ајде да ескалираме – рече Арестовиќ.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков вчера изјави дека доколку продолжат обидите за напади на украинските сили врз руска територија, руската војска ќе изврши напади врз центрите за одлучување, вклучувајќи го и Киев.

The post Олексеј Арестович, советник на шефот на Кабинетот на Зеленски се закани: Ако сакаат ескалација, ајде да ескалираме appeared first on Република.

]]>

Олексеј Арестович, советник на шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, се закани со возвратен напад врз Москва во случај на руски напад врз Киев. Арестович за каналот „Фегин лајв“ истакна дека Украина ќе возврати, како коментар на предупредувањето од руското Министерство за одбрана дека ќе бидат нападнати центрите каде се носат одлуките, вклучително и Киев.
Според него, Украина е подготвена за таква ситуација бидејќи се може да се очекува од Кремљ.
Дозволете ми веднаш да кажам дека имаме големи можности да удриме врз Русија. А тоа што се уште не ги користиме, па, секоја војна има одреден степен на ескалација. Ако сакаат ескалација, ајде да ескалираме – рече Арестовиќ.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков вчера изјави дека доколку продолжат обидите за напади на украинските сили врз руска територија, руската војска ќе изврши напади врз центрите за одлучување, вклучувајќи го и Киев.

The post Олексеј Арестович, советник на шефот на Кабинетот на Зеленски се закани: Ако сакаат ескалација, ајде да ескалираме appeared first on Република.

]]>