есеи Archives - Република https://republika.mk/tema/esei/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Apr 2024 08:15:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png есеи Archives - Република https://republika.mk/tema/esei/ 32 32 Промоција на збирката есеи „Господ, па Америка“ на Румена Бужаровска https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-zbirkata-esei-gospod-pa-amerika-na-rumena-buzharovska/ Mon, 15 Apr 2024 08:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=766165

На 15 април (понеделник), од 19.30 ч., во „Јавна соба“ ќе се одржи промоција на новата книга на Румена Бужаровска, збирката есеи „Господ, па Америка“ во издание на „Три“. Есеите што веќе беа објавени на српски јазик во „Велике приче“ го добиваат своето прво македонско издание.

Станува збор за лични гледишта и критика кон општеството. Целиот настан ќе нè доближи до суштината на овие есеи што се своевидно разголување на ставовите, спомените и размислувањата на авторката, како и на современото американско општество. Низ него ќе нè води Ивор Мицковски во улога на промотор – велат од „Три“.

По досегашните четири збирки раскази, Румена Бужаровска ја збогатува домашната литература со збирка есеи. Неоспорен е успехот со кој таа се закити со претходните книги раскази – превод на над 15 светски јазици, 10. домашно издание на „Мојот маж“, театарски претстави во регионот според ова значајно книжевно дело, место на топ-листите на светските книжевни платформи – книга на неделата во Германија според „Шпигел“, прв македонски автор објавен од францускиот реномиран издавач „Галимар“, најновиот превод на грчки јазик…

За есеите веќе има одзив од домашните и од авторите од регионот. Како покана ќе ги искористиме зборовите на познатиот српски режисер Срѓан Драгојевиќ: „Го поминав истиот пат како авторката на патописите и не ми беше толку интересно како што ми беше читањето на оваа книга“ – вели издавачот во најавата за промоцијата.

The post Промоција на збирката есеи „Господ, па Америка“ на Румена Бужаровска appeared first on Република.

]]>

Манчевски: Се менуваме и како луѓе и како уметници https://republika.mk/vesti/kultura/manchevski-se-menuvame-i-kako-luge-i-kako-umetnitsi/ Fri, 02 Feb 2024 06:55:17 +0000 https://republika.mk/?p=739538

„Се менуваме и како луѓе и како уметници“, вели режисерот Милчо Манчевски, одговарајќи на прашање на МИА дали во есеите содржани во неговата нова книга „Манчевски: Пет есеи“ има разлика во неговите размислувања, имајќи предвид дека се пишувани во голем временски период.

И да, и не. На пример, најстариот есеј кој е пишуван пред милион години, сега кога му се навратив, особено на преводот, видов дека сѐ уште се сложувам со себе. Тоа што сум го мислел тогаш, иако е прилично радикално. Од друга страна, има работи кои се менуваат, кои се усовршуваат, кои се трансформираат, затоа што се менуваме и како луѓе и како уметници, вели Манчевски.

На промоцијата на новата книга во Културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, Манчевски во разговорот за МИА вели дека се надева оти неговата нова книга ќе отвори дијалог за тоа како да се твори од перспектива на еден творец.

https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-novata-kniga-milcho-manchevski-i-tselovecheren-multimedijalen-nastan-vo-laboratorium/

За мене лично е многу убаво што размислувањата што ги имам за природата на уметноста, за процесот виден од внатре, се собрани во една книга, издание на Филозофското друштво на Македонија, и што се достапни за луѓе, и кај нас, и надвор. Книгата е двојазична и на македонски и на англиски. Се надевам дека на луѓе ќе им го доближи и процесот, и дел од моите размислувања, и во најдобар случај, ќе отвори можеби некој дијалог во врска со тоа како може да се размислува и да се твори од перспектива на еден творец. Не постои рецепт, има разни пристапи, различни размислувања, вели режисерот.

Манчевски додава дека есеите се поттикнати од неговата уметничка пракса, од размислувањето за теоријата која потекнува од неговиот интерес во експериментален филм и кон експериментални ликовни уметности, како и од неговата педагошка работа, како долгогодишен професор, најмногу на постдипломските студии на Универзитетот во Њујорк.

Се обидов само дел од она што го разменувам со студентите, да биде и во оваа книга. Затоа што често луѓе ме прашуваа дали тоа го има некаде да го прочитаат, да го научат, студенти прашуваат каде да си го повториме материјалот, вели тој.

За есејот што се однесува на природата на вистината и уметноста, односно прикаска и реалност, Манчевски вели дека инсистирањето на реалистичноста на филмот е стапица.

Затоа што за филмот, особено за документарниот, често се зборува дека е многу реалистичен. Јас сметам дека инсистирањето на реалистичноста на филмот е стапица, истакнува Манчевски.

Во врска со есејот „Кога некој филм „не е доволно македонски““што се занимава со тоа што очекува домашната публика да види во неговите филмови, во однос на Македонија, и она што очекува странската публика да види од неговите филмови во однос на истото прашање, Манчевски вели дека тие две работи се „промашени како очекувања“.

Во книгата е содржан и есеј што се однесува на развојот, промените во уметноста, односот на уметноста кон стварноста и кон апстрактното, како и еден есеј кој го опишува процесот на соработка меѓу сценаристот и режисерот, кога и двете функции ги врши едно исто лице.

Станува збор за пет есеи пишувани во различни периоди, кои што се резултат на долгогодишните размислувања на Манчевски за уметноста од позиција на уметник во повеќе области - филм, фотографија, ликовни уметности и книжевност, но и од позиција на педагог, преку неговото искуство како професор.

Размислувањата и анализите на Манчевски резултираат со комплексни есеи кои се претставени на меѓународни конференции. Меѓу нив се и „Засновано на вистински настан: вистина и прикаска, уметност и верба“, првпат претставена на конференцијата „Филм и вера“ во Ватикан, 2011 година, есејот „Зошто сакам да пишувам и мразам да режирам: исповед на еден сценарист-режисер што се лечи“ претставена на конференцијата на професори по сценарио и режија во Потсдам 2014 година и есејот „Кога некој филм „не е доволно македонски““ од 2022 година.

The post Манчевски: Се менуваме и како луѓе и како уметници appeared first on Република.

]]>

„Се менуваме и како луѓе и како уметници“, вели режисерот Милчо Манчевски, одговарајќи на прашање на МИА дали во есеите содржани во неговата нова книга „Манчевски: Пет есеи“ има разлика во неговите размислувања, имајќи предвид дека се пишувани во голем временски период.
И да, и не. На пример, најстариот есеј кој е пишуван пред милион години, сега кога му се навратив, особено на преводот, видов дека сѐ уште се сложувам со себе. Тоа што сум го мислел тогаш, иако е прилично радикално. Од друга страна, има работи кои се менуваат, кои се усовршуваат, кои се трансформираат, затоа што се менуваме и како луѓе и како уметници, вели Манчевски.
На промоцијата на новата книга во Културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, Манчевски во разговорот за МИА вели дека се надева оти неговата нова книга ќе отвори дијалог за тоа како да се твори од перспектива на еден творец. https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-novata-kniga-milcho-manchevski-i-tselovecheren-multimedijalen-nastan-vo-laboratorium/
За мене лично е многу убаво што размислувањата што ги имам за природата на уметноста, за процесот виден од внатре, се собрани во една книга, издание на Филозофското друштво на Македонија, и што се достапни за луѓе, и кај нас, и надвор. Книгата е двојазична и на македонски и на англиски. Се надевам дека на луѓе ќе им го доближи и процесот, и дел од моите размислувања, и во најдобар случај, ќе отвори можеби некој дијалог во врска со тоа како може да се размислува и да се твори од перспектива на еден творец. Не постои рецепт, има разни пристапи, различни размислувања, вели режисерот.
Манчевски додава дека есеите се поттикнати од неговата уметничка пракса, од размислувањето за теоријата која потекнува од неговиот интерес во експериментален филм и кон експериментални ликовни уметности, како и од неговата педагошка работа, како долгогодишен професор, најмногу на постдипломските студии на Универзитетот во Њујорк.
Се обидов само дел од она што го разменувам со студентите, да биде и во оваа книга. Затоа што често луѓе ме прашуваа дали тоа го има некаде да го прочитаат, да го научат, студенти прашуваат каде да си го повториме материјалот, вели тој.
За есејот што се однесува на природата на вистината и уметноста, односно прикаска и реалност, Манчевски вели дека инсистирањето на реалистичноста на филмот е стапица.
Затоа што за филмот, особено за документарниот, често се зборува дека е многу реалистичен. Јас сметам дека инсистирањето на реалистичноста на филмот е стапица, истакнува Манчевски.
Во врска со есејот „Кога некој филм „не е доволно македонски““што се занимава со тоа што очекува домашната публика да види во неговите филмови, во однос на Македонија, и она што очекува странската публика да види од неговите филмови во однос на истото прашање, Манчевски вели дека тие две работи се „промашени како очекувања“. Во книгата е содржан и есеј што се однесува на развојот, промените во уметноста, односот на уметноста кон стварноста и кон апстрактното, како и еден есеј кој го опишува процесот на соработка меѓу сценаристот и режисерот, кога и двете функции ги врши едно исто лице. Станува збор за пет есеи пишувани во различни периоди, кои што се резултат на долгогодишните размислувања на Манчевски за уметноста од позиција на уметник во повеќе области - филм, фотографија, ликовни уметности и книжевност, но и од позиција на педагог, преку неговото искуство како професор. Размислувањата и анализите на Манчевски резултираат со комплексни есеи кои се претставени на меѓународни конференции. Меѓу нив се и „Засновано на вистински настан: вистина и прикаска, уметност и верба“, првпат претставена на конференцијата „Филм и вера“ во Ватикан, 2011 година, есејот „Зошто сакам да пишувам и мразам да режирам: исповед на еден сценарист-режисер што се лечи“ претставена на конференцијата на професори по сценарио и режија во Потсдам 2014 година и есејот „Кога некој филм „не е доволно македонски““ од 2022 година.

The post Манчевски: Се менуваме и како луѓе и како уметници appeared first on Република.

]]>
Објавено француско издание на есеите на Горан Стефановски, насловено „Пофалба на обратноста“ https://republika.mk/vesti/kultura/objaveno-frantsusko-izdanie-na-eseite-na-goran-stefanovski-nasloveno-pofalba-na-obratnosta/ Mon, 06 Feb 2023 10:26:38 +0000 https://republika.mk/?p=605362

Објавено е француско издание на есеите на Горан Стефановски, насловено „Пофалба на обратноста“ (Éloge du contraire) од францускиот издавач „За момент“.

Изданието е објавено по иницијатива на париската установа „Куќа на Европа и Истокот“ (Maison D’Europe et d’Orient), а со поддршка на францускиот Национален центар за книгата, македонското Министерство за култура и на Универзитетот Крајст Черч од Кентербери.

The post Објавено француско издание на есеите на Горан Стефановски, насловено „Пофалба на обратноста“ appeared first on Република.