Еролд Муслиу Archives - Република https://republika.mk/tema/erold-musliu/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jun 2024 20:05:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Еролд Муслиу Archives - Република https://republika.mk/tema/erold-musliu/ 32 32 Безобразно е Еролд Муслиу да збори за мерит систем, човекот од Агенција за разузнавање направи партиски штаб на СДС https://republika.mk/vesti/makedonija/bezobrazno-e-erold-musliu-da-zbori-za-merit-sistem-chovekot-od-agentsija-za-razuznavane-napravi-partiski-shtab-na-sds/ Fri, 28 Jun 2024 20:03:42 +0000 https://republika.mk/?p=791700

Безобразно и некоректно е Еролд Муслиу да говори за професионализам и мерит систем. Човекот од Агенцијата за разузнавање направи партиски штаб на СДС, организирајќи хајки, напади и пресметувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од владејачката партија.

Тие додаваат: Воедно агенцијата предводена од Еролд се пресметуваше со новинари, медиуми и личности кои го критикуваа криминалот на СДС и ДУИ.

Муслиу со такво портфолио може да се кандидира единствено за лидер на СДС наместо да рони солзи за неговото разрешување.

А за неговото работење доволно говори податокот дека додека Муслиу е директор, неговата сопруга со помош на владата доаѓа до грант од 620.000 евра. Во која НАТО земја сопруга на директор на служба добива 620.000 евра грант за работа која е дејност на службата на сопругот?

Тешка манипулација е неговата одбрана со етничката припадност и дека тоа е можната причина за смена. Тоа е завесата позади која тој ја крие неговата неспособност, злоупотреби и партиска пристрасност.

https://republika.mk/vesti/makedonija/razresheniot-musliu-reagira-smeta-deka-silanovska-popushtila-pred-partiskite-pritisotsi/

The post Безобразно е Еролд Муслиу да збори за мерит систем, човекот од Агенција за разузнавање направи партиски штаб на СДС appeared first on Република.

]]>

Безобразно и некоректно е Еролд Муслиу да говори за професионализам и мерит систем. Човекот од Агенцијата за разузнавање направи партиски штаб на СДС, организирајќи хајки, напади и пресметувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од владејачката партија. Тие додаваат: Воедно агенцијата предводена од Еролд се пресметуваше со новинари, медиуми и личности кои го критикуваа криминалот на СДС и ДУИ. Муслиу со такво портфолио може да се кандидира единствено за лидер на СДС наместо да рони солзи за неговото разрешување. А за неговото работење доволно говори податокот дека додека Муслиу е директор, неговата сопруга со помош на владата доаѓа до грант од 620.000 евра. Во која НАТО земја сопруга на директор на служба добива 620.000 евра грант за работа која е дејност на службата на сопругот? Тешка манипулација е неговата одбрана со етничката припадност и дека тоа е можната причина за смена. Тоа е завесата позади која тој ја крие неговата неспособност, злоупотреби и партиска пристрасност. https://republika.mk/vesti/makedonija/razresheniot-musliu-reagira-smeta-deka-silanovska-popushtila-pred-partiskite-pritisotsi/  

The post Безобразно е Еролд Муслиу да збори за мерит систем, човекот од Агенција за разузнавање направи партиски штаб на СДС appeared first on Република.

]]>
Разрешениот Муслиу реагира, смета дека Сиљановска попуштила пред партиските притисоци https://republika.mk/vesti/makedonija/razresheniot-musliu-reagira-smeta-deka-silanovska-popushtila-pred-partiskite-pritisotsi/ Fri, 28 Jun 2024 19:29:04 +0000 https://republika.mk/?p=791689

Очигледно е дека претседателката Гордана Сиљановска попушти пред партиските притисоци, реагира досегашниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, соопштувајќи дека е разрешен од директорската позиција во АР.

Муслиу вели дека нема да навлегува во политичката логика и автономија при носењето на ваквата одлука од страна на шефицата на државата, но, како што пишува во реакцијата, во случајот со неговото разрешување отсустуваат законската оправданост и мерит-системот за кој оценува дека претседателката зборува постојано.

-Посебно сум разочаран од постапката и начинот кој го избра при моето разрешување, не покажувајќи доблест да се сретнеме на прва информативна средба на која би добила брифинг за природата на работата на Агенцијата и за безбедносното опкружување и актуелната состојба во регионот – реагира Муслиу.

Во неговата реакција, тој, меѓу другото, го истакнува фактот дека е првиот етнички Албанец кому во 2019 година му била доверена задачата да раководи со Агенцијата за разузнавање во земјава и додава дека вложил натчовечки напори за да го подигне нивото на квалитетна работа во Агенцијата.

Претходно, од кабинетот на претседателката Силјановска информираа дека досегашниот директор на Агенцијата Муслиу и заменик-директорката Александра Бакреска-Додовска се разрешени од функциите, а на нивно место се именувани Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска.

The post Разрешениот Муслиу реагира, смета дека Сиљановска попуштила пред партиските притисоци appeared first on Република.

]]>

Очигледно е дека претседателката Гордана Сиљановска попушти пред партиските притисоци, реагира досегашниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, соопштувајќи дека е разрешен од директорската позиција во АР. Муслиу вели дека нема да навлегува во политичката логика и автономија при носењето на ваквата одлука од страна на шефицата на државата, но, како што пишува во реакцијата, во случајот со неговото разрешување отсустуваат законската оправданост и мерит-системот за кој оценува дека претседателката зборува постојано.
-Посебно сум разочаран од постапката и начинот кој го избра при моето разрешување, не покажувајќи доблест да се сретнеме на прва информативна средба на која би добила брифинг за природата на работата на Агенцијата и за безбедносното опкружување и актуелната состојба во регионот – реагира Муслиу.
Во неговата реакција, тој, меѓу другото, го истакнува фактот дека е првиот етнички Албанец кому во 2019 година му била доверена задачата да раководи со Агенцијата за разузнавање во земјава и додава дека вложил натчовечки напори за да го подигне нивото на квалитетна работа во Агенцијата. Претходно, од кабинетот на претседателката Силјановска информираа дека досегашниот директор на Агенцијата Муслиу и заменик-директорката Александра Бакреска-Додовска се разрешени од функциите, а на нивно место се именувани Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска.

The post Разрешениот Муслиу реагира, смета дека Сиљановска попуштила пред партиските притисоци appeared first on Република.

]]>
ВМРО ДПМНЕ: Ја препознаваме нервозата на Пендаровски и Муслиу, што дробеле, тоа ќе сркаат https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-ja-prepoznavame-nervozata-na-pendarovski-i-musliu-shto-drobele-toa-ke-srkaat/ Sat, 06 Apr 2024 14:12:32 +0000 https://republika.mk/?p=763107

Видлива е нервозата кај Стево Пендаровски и неговиот разузнувач Еролд Муслиу. Ако мислеа дека ќе преминеме преку основаните сомневања дека поставиле мрежа за фалсификување на документи и ширење на лажни вести тогаш се лажат, велат во партиското соопштение ВМРО ДПМНЕ.

Одговорност ќе има, и целата мрежа ке биде разглобена до најситните детали.

Нашите информации и сомневања говорат дека Еролд Муслиу ја злоупотребил агенцијата со која раководи, за фалсификување на документи каде преку кабинетот на Пендаровски и со посредство на Миле Зечевиќ стига до одредени медиуми и СДС. Печат на сето тоа дава балканскиот мешетар и скапо платен контрактор Асаф Еисеин за кого Пендаровски призна дека работи во кампањата на партијата СДС. Спремете се за одговорност, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ: Ја препознаваме нервозата на Пендаровски и Муслиу, што дробеле, тоа ќе сркаат appeared first on Република.

]]>

Видлива е нервозата кај Стево Пендаровски и неговиот разузнувач Еролд Муслиу. Ако мислеа дека ќе преминеме преку основаните сомневања дека поставиле мрежа за фалсификување на документи и ширење на лажни вести тогаш се лажат, велат во партиското соопштение ВМРО ДПМНЕ. Одговорност ќе има, и целата мрежа ке биде разглобена до најситните детали.
Нашите информации и сомневања говорат дека Еролд Муслиу ја злоупотребил агенцијата со која раководи, за фалсификување на документи каде преку кабинетот на Пендаровски и со посредство на Миле Зечевиќ стига до одредени медиуми и СДС. Печат на сето тоа дава балканскиот мешетар и скапо платен контрактор Асаф Еисеин за кого Пендаровски призна дека работи во кампањата на партијата СДС. Спремете се за одговорност, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
 
The post ВМРО ДПМНЕ: Ја препознаваме нервозата на Пендаровски и Муслиу, што дробеле, тоа ќе сркаат appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Зад шемата за фалсификување документи злоупотребени државни институции, Муслиу, Пендаровски и Зечевиќ на тапет за изборна манипулација https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-zad-shemata-za-falsifikuvane-dokumenti-zloupotrebeni-drzhavni-institutsii-musliu-pendarovski-i-zechevik-na-tapet-za-izborna-manipulatsija/ Sat, 06 Apr 2024 09:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=763005

Јасно е дека наместо да излезат со програма каде има проекти, главната програма на СДС е фалсификување на документи и лични имиња. Имаме основано сомневање дека зад таквата мрежа за фалсификување на документи и лажни вести кои веќе се употребуваат против ВМРО-ДПМНЕ се брутално злоупотребени најмалку две државни институциии. Шемата и нашите основани сомневања се дека зад ова седи директно Стево Пендаровски, неговиот директор на разузнавање Еролд Муслиу како и поранешниот разузнувач, а сега генерален секретар на СДС Миле Зечевиќ - обвини на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според изнесените тврдења дел од ова бил и Асаф Еисин, мешетар, дел од израелска група на Тал Ханан за која има истраги за фалсификати и вмешаност во избори низ светот.

Да потсетиме Стево Пендаровски кажа дека Асаф работи за СДС, а СДС тоа го негираше. Посредник е Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДС, а главни одобрувачи и добавувачи се Стево Пендаровски, претседател на држава, сега кандидат на СДС, и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање поставен од Стево Пендаровски. Оттука свесни за изборниот дебакл, се преминува во злоупотреба на институции, Кабинет на Претседателот и Агенцијата за разузнавање, кои што наместо да работат во одбрана на Македонија, се занимаваат со црна кампања и фалсификување за Стево Пендаровски. Заедничка работа на овој тим управуван од Асаф Еисин, со одобрување на Пендаровски е да склопат и креираат наводни документи, фалсификувани листови, врз определени податоци, (на пример седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во декември, на која е споменат РИШ) па сето тоа да го зачинат, со лажни податоци за имиња, насоки и сето тоа со фалсификување на потписи на лица коишто се познати во јавноста, како и со лица кои што не постојат - рече Стоилковски.

Тој тврди дека ваквите креирани документи, вклучувајќи и наратив, приказна, се дава на, како што рече, определени медиуми креирани од СДС до СДС, или медиуми кои не гледаат проблем во црни пари во кампања.

Приказната добива покритие под „свиркач“, за СДС потоа правно да се сокрие од улогата креатор на фалсификувани документи и лажни вести во изборни цели. Потврда за сето ова е молкот од СДС по потврдата од Стево Пендаровски за ангажманот на мешетарот Асаф Еисин во изборната кампања, а во меѓувреме во јавноста излегуваат неговите зафати. Има уште една потврда, а тоа е дека ликот во центарот на оваа мрежа Асаф Еисин, е избркан од ВМРО- ДПМНЕ, каде што дојде да ги понуди своите нечесни услуги, да се прават фалсификати, да се влегува во приватниот живот на луѓето, да се прават измислици за политичките противници.Сега е јасно дека СДС го прифатиле Асаф и ја прифатиле неговата работа - посочи Стоилковски на денешната прес-конференција.

Тој побара одговори од СДСМ.

СДС мора да одговарат колку чини неговиот ангажман, кој го плаќа, дали има склучено договор, или не, па дали израелскиот мешетар за црната кампања на СДС се плаќа со кеш од тендерите од РЕК Битола? Црна кампања не носи никому ништо добро, целта им е да намалат пораз, да намалат дебакл, со смалена излезност на јавноста. Но, ова не е само црна кампања со клевета, ова се кривични дела фалсификување на документи и фалсификување на потписи. И Еролд Муслиу, и Стево Пендаровски како Миле Зечевиќ а и нивниот извршител Асаф треба да знаат дека за ова ќе има одговорност. За брзо време за брзо од сега ќе следи одговорност.

СДСМ пак денеска обвини дека претседателот на ДИК, Александар Даштевски бил дел од како што тврдат, фалсификуваната анкета.

Скандалот со лажните анкети од оперативниот план на ДПМНЕ, со вмешаност на државната телевизија, нејзиниот генерален директор, општините под капата на ДПМНЕ, отвора уште една димензија на злоупотреби. Во документите на ДПМНЕ меѓу задолжените лица за неопределени гласачи, обезбедување избирачки список е наведен претседателот на ДИК Александар Даштевски. Претседател на ДИК, според законските прописи не смее да учествува во партиски активности на која било партија. Соработка при предизборни активности на партија од страна на претседателот на ДИК е неспоива во неговата функција и улогата на државната изборна комисија при спроведување на фер и демократски избори. Ова е потенцијално кривично дело, што се заканува да фрли дамка на почетокот на изборен процес, велат од СДСМ.

The post Стоилковски: Зад шемата за фалсификување документи злоупотребени државни институции, Муслиу, Пендаровски и Зечевиќ на тапет за изборна манипулација appeared first on Република.

ЈО и ДКСК при очи се прават слепи и не отвораат истрага дали сопругите на Муслиу и Битиќи земале грант од 620.000 евра? https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-jo-i-dksk-pri-ochi-se-pravat-slepi-i-ne-otvoraat-istraga-dali-soprugite-na-musliu-i-bitiki-zemale-grant-od-620-000-evra/ Tue, 23 Jan 2024 07:51:21 +0000 https://republika.mk/?p=735735

Четврти ден ЈО и ДКСК остануваат при очи слепи, а при уши глуви и не отвораат истрага да истражат дали Муслиу и Битиќи извршиле трговија на влијание, односно ја злоупотребиле функцијата се со цел нивните сопруги да добијат грант од 620.000 евра.Со склучување на меморандум помеѓу конзорциум на невладини организации и националниот координатор за борба со тероризмот, сопругите на Муслиу и Битиќи добиле грант од 620.000 евра на тема поврзана со тероризмот, чија работата е во домен на директорот за разузнавање, Муслиу.,обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, откако го добиле грантот, тие се обиделе да ги прикријат траги, односно само 5 дена по добивањето на парите, сопругата на Битиќи се брише од овластени лица на нејзината невладина организација, со промена евидентирана во Централен регистар.

И оттука се поставува прашањето, зошто сопругата на Битиќи се избришала од овластено лица само 5 дена по добиениот грант од 620.000 евра?

И Муслиу и Битиќи се носителни на јавни функции и мора да се испита која е нивната вмешаност и дали функциите ги искористиле за полесно сопругите да го добијат овој грант од над пола милион евра?

Секогаш кога се фатени живи во криминал, владините функционери се бранат со закани за тужба и клевета. Но, ниту тоа нема да им помогне, бидејќи Битиќи како вицепремиер бил на седница на влада кога е донесена одлуката.

Четврти ден и Ковачевски молчи и збор не смее да изусти за овој скандал. Со што е уценет Ковачевски за сопругите на Муслиу и Битиќи со помош на неговата влада да добијат 620.000 евра?

Владата на СДС и ДУИ секој ден го користи за криминал повеќе.

Ден повеќе за владата на СДС и ДУИ, е ден повеќе за криминал, корупција и скандали.

Никогаш не било полошо. Затоа, важно е да ги поразиме!, стои во соопштението на партијата.

The post ЈО и ДКСК при очи се прават слепи и не отвораат истрага дали сопругите на Муслиу и Битиќи земале грант од 620.000 евра? appeared first on Република.

]]>

Четврти ден ЈО и ДКСК остануваат при очи слепи, а при уши глуви и не отвораат истрага да истражат дали Муслиу и Битиќи извршиле трговија на влијание, односно ја злоупотребиле функцијата се со цел нивните сопруги да добијат грант од 620.000 евра.Со склучување на меморандум помеѓу конзорциум на невладини организации и националниот координатор за борба со тероризмот, сопругите на Муслиу и Битиќи добиле грант од 620.000 евра на тема поврзана со тероризмот, чија работата е во домен на директорот за разузнавање, Муслиу.,обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително, откако го добиле грантот, тие се обиделе да ги прикријат траги, односно само 5 дена по добивањето на парите, сопругата на Битиќи се брише од овластени лица на нејзината невладина организација, со промена евидентирана во Централен регистар.
И оттука се поставува прашањето, зошто сопругата на Битиќи се избришала од овластено лица само 5 дена по добиениот грант од 620.000 евра?
И Муслиу и Битиќи се носителни на јавни функции и мора да се испита која е нивната вмешаност и дали функциите ги искористиле за полесно сопругите да го добијат овој грант од над пола милион евра? Секогаш кога се фатени живи во криминал, владините функционери се бранат со закани за тужба и клевета. Но, ниту тоа нема да им помогне, бидејќи Битиќи како вицепремиер бил на седница на влада кога е донесена одлуката.
Четврти ден и Ковачевски молчи и збор не смее да изусти за овој скандал. Со што е уценет Ковачевски за сопругите на Муслиу и Битиќи со помош на неговата влада да добијат 620.000 евра?
Владата на СДС и ДУИ секој ден го користи за криминал повеќе. Ден повеќе за владата на СДС и ДУИ, е ден повеќе за криминал, корупција и скандали. Никогаш не било полошо. Затоа, важно е да ги поразиме!, стои во соопштението на партијата.

The post ЈО и ДКСК при очи се прават слепи и не отвораат истрага дали сопругите на Муслиу и Битиќи земале грант од 620.000 евра? appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Откако сопругите на Муслиу и Битиќи го добиле грантот, се обиделе да ги прикријат трагите https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-otkako-soprugite-na-musliu-i-bitiki-go-dobile-grantot-se-obidele-da-prikrijat-tragite/ Mon, 22 Jan 2024 10:38:06 +0000 https://republika.mk/?p=735398

Ова е дел од Меморандумот кој го потпишал Конзорциумот на невладини составен од невладините на сопругите на вицепремиерот Битиќи и директорот на АР Еролд Муслиу, а врз основа на кој е добиен грантот од 620.000 евра.
Ова се потписите на сопругите на Битиќи и Муслиу.И Фатмир Битиќи и Еролд Муслиу знаат дека се фатени 100:0, и двајцата знаат дека е недозволиво додека тие се на високи државни позиции, нивните сопруги да земаат грант од 620.000 евра, процес во кој била вклучена и владата преку Националниот координатор за борба против тероризмот, објави денеска Драган Ковачки.

https://www.youtube.com/watch?v=2cUAWW94WK8&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Денеска ќе обелодениме и дека откако го добиле грантот, тие се обиделе да ги прикријат траги. Имено, само 5 дена по добивањето на парите, сопругата на Битиќи се брише  од овластени лица на нејзината невладина организација, со промена евидентирана во Централен регистар.

Тоа што сопругата на Битиќи се избришала од овластено лице 5 дена по добивање на грантот не го менува фактот дека Битиќи е вицепремиер на седница на влада кога е донесена одлуката Националниот комитет да склучи меморандум со Конзорциумот на кој му се дава странски грант во време кога неговата сопруга сеуште е претседател на НВО.

Трговијата на влијание се случила со одлука на владата.

За случајот досега одмолче ДКСК, ЈО, вицепремиерката за добро владеење и премиерот Ковачевски.

До кога ќе молчи Стево Пендаровски кој лично го има поставено Директорот на Агенција за разузнавање и кој самиот тврди дека е најинформираниот во државата.

Го информираа ли Пендаровски за начинот на кој се богатат неговите пулени?

The post Ковачки: Откако сопругите на Муслиу и Битиќи го добиле грантот, се обиделе да ги прикријат трагите appeared first on Република.

]]>

Ова е дел од Меморандумот кој го потпишал Конзорциумот на невладини составен од невладините на сопругите на вицепремиерот Битиќи и директорот на АР Еролд Муслиу, а врз основа на кој е добиен грантот од 620.000 евра. Ова се потписите на сопругите на Битиќи и Муслиу.И Фатмир Битиќи и Еролд Муслиу знаат дека се фатени 100:0, и двајцата знаат дека е недозволиво додека тие се на високи државни позиции, нивните сопруги да земаат грант од 620.000 евра, процес во кој била вклучена и владата преку Националниот координатор за борба против тероризмот, објави денеска Драган Ковачки. https://www.youtube.com/watch?v=2cUAWW94WK8&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Денеска ќе обелодениме и дека откако го добиле грантот, тие се обиделе да ги прикријат траги. Имено, само 5 дена по добивањето на парите, сопругата на Битиќи се брише  од овластени лица на нејзината невладина организација, со промена евидентирана во Централен регистар.
Тоа што сопругата на Битиќи се избришала од овластено лице 5 дена по добивање на грантот не го менува фактот дека Битиќи е вицепремиер на седница на влада кога е донесена одлуката Националниот комитет да склучи меморандум со Конзорциумот на кој му се дава странски грант во време кога неговата сопруга сеуште е претседател на НВО.
Трговијата на влијание се случила со одлука на владата. За случајот досега одмолче ДКСК, ЈО, вицепремиерката за добро владеење и премиерот Ковачевски. До кога ќе молчи Стево Пендаровски кој лично го има поставено Директорот на Агенција за разузнавање и кој самиот тврди дека е најинформираниот во државата. Го информираа ли Пендаровски за начинот на кој се богатат неговите пулени?

The post Ковачки: Откако сопругите на Муслиу и Битиќи го добиле грантот, се обиделе да ги прикријат трагите appeared first on Република.

]]>
Koвачки: Добивањето на грант од 620.000 евра на НВО на сопругата на Еролд Муслиу е можно само заради одлуката на Владата да се потпише меморандумот https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-dobivaneto-na-grant-od-620-000-evra-na-nvo-na-soprugata-na-erold-musliu-e-mozhno-samo-zaradi-odlukata-na-vladata-da-se-potpishe-memorandumot/ Sun, 21 Jan 2024 11:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=735123

Со што ја задолжил Еролд Муслиу власта на СДС и ДУИ, за Владата да му наложи на националниот координатор за борба со тероризмот да склучи меморандум со конзорциумот составен од НВО на сопругите на Директорот на АР Еролд Мислиу и на вицепремиерот Фатмир Битиќи, a со цел истите да можат да го земат грантот од 620.000 евра?, прашува Драган Ковачки.

Добивањето на грант од 620.000 евра на НВО на сопругата на Еролд Муслиу е можно само заради одлуката на владата да се потпише меморандумот. Доколку владата не дозволела, до грантот за сопругата на Муслиу немало да дојде.Потенцираме, потпишувањето на меморандумот е основа за доделување на грантот од 620.000 евра на НВО на сопругата на Директорот на АР.

Инаку, меморандумот има забрана за објавување од страна на владата и тој е недостапен за јавноста. Претпоставувате зошто.

Фактите и доказите покажуваат директна поврзаност меѓу НВО и функционерите и се основа за постапка за трговија на влијание. Еве нека каже Еролд Муслиу каде во светот и во НАТО земјите има пример каде сопругата на директорот на разузнавачка служба добива странски грантови на теми поврзани со тероризам кои се предмет на работа на службите за безбедносен интерес, односно се во директна поврзаност.

Оттука, се поставуваат две прашања:

Прво, со што Директорот на АР - Еролд Муслиу ја задолжи Владата да му наложи на националниот координатор да склучи меморандум со конзорциумот со НВО во која е главна неговата сопруга? И внимавајте, истото да го забрани за објавување, и

Второ, знае ли Владата како се искористени парите од грантот, наменски или завршиле во џебовите на тие што извршиле трговија со влијание?

https://republika.mk/vesti/makedonija/postoi-direktna-povrzanost-megu-nvo-i-funktsioneri-vo-koja-nato-zemja-soprugata-na-direktorot-na-razuznavachka-sluzhba-dobiva-stranski-grantovi-na-temi-povrzani-so-rabotata-na-sluzhbite/

Ја повикуваме вицепремиерката за добро владеење во Владата да излезе со став за наведениот случај во кој е очигледна трговија со влијание од страна на високи функционери со цел остварување на материјална корист.

Го повикуваме и премиерот Ковачевски да излезе во јавност и да каже со што е задолжен за да им удоволува на барањата на Муслиу и Битиќи?

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме-завршува Ковачки.

The post Koвачки: Добивањето на грант од 620.000 евра на НВО на сопругата на Еролд Муслиу е можно само заради одлуката на Владата да се потпише меморандумот appeared first on Република.

]]>

Со што ја задолжил Еролд Муслиу власта на СДС и ДУИ, за Владата да му наложи на националниот координатор за борба со тероризмот да склучи меморандум со конзорциумот составен од НВО на сопругите на Директорот на АР Еролд Мислиу и на вицепремиерот Фатмир Битиќи, a со цел истите да можат да го земат грантот од 620.000 евра?, прашува Драган Ковачки.
Добивањето на грант од 620.000 евра на НВО на сопругата на Еролд Муслиу е можно само заради одлуката на владата да се потпише меморандумот. Доколку владата не дозволела, до грантот за сопругата на Муслиу немало да дојде.Потенцираме, потпишувањето на меморандумот е основа за доделување на грантот од 620.000 евра на НВО на сопругата на Директорот на АР.
Инаку, меморандумот има забрана за објавување од страна на владата и тој е недостапен за јавноста. Претпоставувате зошто. Фактите и доказите покажуваат директна поврзаност меѓу НВО и функционерите и се основа за постапка за трговија на влијание. Еве нека каже Еролд Муслиу каде во светот и во НАТО земјите има пример каде сопругата на директорот на разузнавачка служба добива странски грантови на теми поврзани со тероризам кои се предмет на работа на службите за безбедносен интерес, односно се во директна поврзаност. Оттука, се поставуваат две прашања:
Прво, со што Директорот на АР - Еролд Муслиу ја задолжи Владата да му наложи на националниот координатор да склучи меморандум со конзорциумот со НВО во која е главна неговата сопруга? И внимавајте, истото да го забрани за објавување, и
Второ, знае ли Владата како се искористени парите од грантот, наменски или завршиле во џебовите на тие што извршиле трговија со влијание? https://republika.mk/vesti/makedonija/postoi-direktna-povrzanost-megu-nvo-i-funktsioneri-vo-koja-nato-zemja-soprugata-na-direktorot-na-razuznavachka-sluzhba-dobiva-stranski-grantovi-na-temi-povrzani-so-rabotata-na-sluzhbite/ Ја повикуваме вицепремиерката за добро владеење во Владата да излезе со став за наведениот случај во кој е очигледна трговија со влијание од страна на високи функционери со цел остварување на материјална корист. Го повикуваме и премиерот Ковачевски да излезе во јавност и да каже со што е задолжен за да им удоволува на барањата на Муслиу и Битиќи? Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме-завршува Ковачки.

The post Koвачки: Добивањето на грант од 620.000 евра на НВО на сопругата на Еролд Муслиу е можно само заради одлуката на Владата да се потпише меморандумот appeared first on Република.

]]>
Муслиу: Јас и мојата сопруга подолг период сме објект за напад, Ковачки јавно да се извини https://republika.mk/vesti/makedonija/musliu-jas-i-mojata-sopruga-podolg-period-sme-objekt-za-napad-kovachki-javno-da-se-izvini/ Sat, 20 Jan 2024 18:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=735003

Директорот а Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу ги отфрла наводите изнесени на прес-конференција од пратенкикот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-dodeka-erold-musliu-e-direktor-negovata-sopruga-so-pomosh-na-vladata-doaga-do-grant-od-620-000-evra/

Ковачки ме обвинува за наводно мое мешање и влијание врз Владата на РСМ за работа поврзана со делувањето на невладиниот сектор во нашата држава, што претставува лага и целосно го отфрлам.

Пратеникот Ковачки опишува состојба за работи поврзани со активности на невладиниот сектор во државата, односно за соработка со меѓународни организации и донатори кои го поддржуваат невладиниот сектор во нашата држава.

Забележувам дека подолг период, јас како директор на Агенцијата за разузнавање, но и мојата сопруга и нејзината работа во невладиниот сектор сме објект на напад преку изнесување неточни и лажни информации пласирани на начин да звучат како скандал кој се изнесува од страна на партиски субјекти, лажни профили на социјалните медиуми, како и на еден телевизиски медиум.

Со ова ми се нанесува огромна штета како лојален граѓанин на РСМ и посветен професионалец со 31-годишна кариера. На мојата сопруга која работи 23 години во невладиниот сектор наменски и’ се прави ова, односно со цел да и’се наштети во активностите кои ги извршува, а имаат благородна намена, додека пак нашите деца ги ставате во опасност со пласирањето на невиситинити информации за нивните родители.

Од семејството Муслиу само јас работам во државен орган, а мојата сопруга во невладиниот сектор, што значи не сме двајцата на товар на државата, дали е тоа грев или правилна одлука?

Не е прв пат да пласирате неточни и лажни информаци, па по неуспехот за јавен линч, по извесен период повторно ги реобјавувате како нови скандали и сензации.

Долго време се воздржувам да не реагирам на сето она што лажно го пласирате за моето семејство или преку лажните профили постојано ме навредуваат нарекувајќи ме со погрдни имиња од етнички карактер.

Нема да ме поколебата да продолжам успешно да ја предводам АР, да го заокружам процесот на реформи и подмладување на нашата Агенција, а мојата сопруга нема да ја исплашите да продолжи со нејзината благородна работа во невладиниот сектор.

Постојано манипулирате во јавноста повикувајќи ги ДКСК и ЈО, иако веќе требаше тоа да го сторите пред повторно да ја вртите истата лента полна со лажни информации на оваа прес конференција.

Ве упатувам партиската битка за освојување на политичката власт да ја биете на политичко поле со јасни видувања и проекти од корист за нашето општество, како и во Собранието, а не со лажни вести во кои го омаловажувате директорот на Агенцијата за разузнавање, која како важен чинител во системот на национална безбедност се грижи за сигурноста на нашите граѓани и безбедноста на РСМ.

На крај, ве советувам јавно да се извините за изнесените ноторни лаги, пишува во реакцијата на Муслиу.

The post Муслиу: Јас и мојата сопруга подолг период сме објект за напад, Ковачки јавно да се извини appeared first on Република.

]]>

Директорот а Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу ги отфрла наводите изнесени на прес-конференција од пратенкикот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-dodeka-erold-musliu-e-direktor-negovata-sopruga-so-pomosh-na-vladata-doaga-do-grant-od-620-000-evra/
Ковачки ме обвинува за наводно мое мешање и влијание врз Владата на РСМ за работа поврзана со делувањето на невладиниот сектор во нашата држава, што претставува лага и целосно го отфрлам. Пратеникот Ковачки опишува состојба за работи поврзани со активности на невладиниот сектор во државата, односно за соработка со меѓународни организации и донатори кои го поддржуваат невладиниот сектор во нашата држава. Забележувам дека подолг период, јас како директор на Агенцијата за разузнавање, но и мојата сопруга и нејзината работа во невладиниот сектор сме објект на напад преку изнесување неточни и лажни информации пласирани на начин да звучат како скандал кој се изнесува од страна на партиски субјекти, лажни профили на социјалните медиуми, како и на еден телевизиски медиум. Со ова ми се нанесува огромна штета како лојален граѓанин на РСМ и посветен професионалец со 31-годишна кариера. На мојата сопруга која работи 23 години во невладиниот сектор наменски и’ се прави ова, односно со цел да и’се наштети во активностите кои ги извршува, а имаат благородна намена, додека пак нашите деца ги ставате во опасност со пласирањето на невиситинити информации за нивните родители. Од семејството Муслиу само јас работам во државен орган, а мојата сопруга во невладиниот сектор, што значи не сме двајцата на товар на државата, дали е тоа грев или правилна одлука? Не е прв пат да пласирате неточни и лажни информаци, па по неуспехот за јавен линч, по извесен период повторно ги реобјавувате како нови скандали и сензации. Долго време се воздржувам да не реагирам на сето она што лажно го пласирате за моето семејство или преку лажните профили постојано ме навредуваат нарекувајќи ме со погрдни имиња од етнички карактер. Нема да ме поколебата да продолжам успешно да ја предводам АР, да го заокружам процесот на реформи и подмладување на нашата Агенција, а мојата сопруга нема да ја исплашите да продолжи со нејзината благородна работа во невладиниот сектор. Постојано манипулирате во јавноста повикувајќи ги ДКСК и ЈО, иако веќе требаше тоа да го сторите пред повторно да ја вртите истата лента полна со лажни информации на оваа прес конференција. Ве упатувам партиската битка за освојување на политичката власт да ја биете на политичко поле со јасни видувања и проекти од корист за нашето општество, како и во Собранието, а не со лажни вести во кои го омаловажувате директорот на Агенцијата за разузнавање, која како важен чинител во системот на национална безбедност се грижи за сигурноста на нашите граѓани и безбедноста на РСМ. На крај, ве советувам јавно да се извините за изнесените ноторни лаги, пишува во реакцијата на Муслиу.

The post Муслиу: Јас и мојата сопруга подолг период сме објект за напад, Ковачки јавно да се извини appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Додека Еролд Муслиу е директор, неговата сопруга со помош на владата доаѓа до грант од 620.000 евра https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-dodeka-erold-musliu-e-direktor-negovata-sopruga-so-pomosh-na-vladata-doaga-do-grant-od-620-000-evra/ Sat, 20 Jan 2024 11:44:04 +0000 https://republika.mk/?p=734900

Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за разузнавање е во центарот на скандал. Додека тој е функционер назначен од Пендаровски, неговата сопруга земала грантови од стотици илјади евра, ова денеска преку прес-конференција го истакна Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Сопругата на Еролд Муслиу преку нејзината невладина организација добила грант од 620.000 евра. За сопругата на Еролд Муслиу да ги добие парите, Владата морала да склучи меморандум со Конзорциумот на невладини чиј основач е невладината на неговата сопруга. Во спротивно, сопругата на Муслиу не можела преку Конзорциумот на невладини да го добие грантот од 620.000 евра. Имено, 4 невладини организации со меморандум формирале конзорциум за да аплицираат за грант од странски донатор од областа на безбедноста. Две невладини организации се под контрола на сопругите на Директорот на АР Еролд Муслиу и на Вице-премиерот во Владата Фатмир Битиќи - вели Ковачки.

Тој додава дека вака формираниот конзорциум во чиј состав се и двете наведени НВО, добива странски грант од 620.000 евра.

Клучното е што на седница на Влада на која присуствува и вицепремиерот Битиќи, го задолжува националниот координатор за борба со тероризам да склучи меморандум со наведениот конзорциум и тоа токму на полето на безбедноста. Имено, поради донесената одлука на Влада за склучување на меморандумот, парите од грантот завршиле во невладината организација на сопругите на Директорот на АР и на вицепремиерот. Ги повикуваме ДКСК и ЈО да го истражат случајот и да ја запознаат јавноста дали службени лица ја злоупотребиле својата позиција и го искористиле своето влијание за донесување на одлука која е во интерес на трета страна, за возврат на материјална или нематеријална корист - тврди Ковачки.

The post Ковачки: Додека Еролд Муслиу е директор, неговата сопруга со помош на владата доаѓа до грант од 620.000 евра appeared first on Република.

Кремљ во Владата: Власта несвесно ја исчисти ВМРО-ДПМНЕ од антиевропејство и русофилство https://republika.mk/vesti/makedonija/kreml-vo-vladata-vlasta-nevesno-ja-ischisti-vmro-dpmne-od-antievropejstvo-i-rusofilstvo/ Wed, 21 Jun 2023 11:57:58 +0000 https://republika.mk/?p=653707

Во ист ден, шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и првиот човек на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, излегоа со речиси идентичен став, што треба да претставува еден вид притисок за уставните промени. Но, свесно или не, намерно или не, сите тројца и дадоа пас на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ за да ја исчистат од било какви обвиненија за антиевропејство или за некакво имагинарно русофилство, анализира Пресинг ТВ.

Премиерот Димитар Ковачевски, на одбележувањето на 70 години од основањето на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков” и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи” од Крсте Мисирков, одново посочи дека во Македонија и надвор од неа, има сили со ист извор, кои се обидуваат да го забават напредокот на државата кон ЕУ. Притоа не посочи за кого станува збор, но додаде дека нивната тактика е тоа да го прават преку лаги за македонскиот идентитет.

Некои сили внатре во државата, но и надвор од државата, со ист извор, се обидуваат да го забават или запрат напредокот на нашата држава и европската иднина на нашите деца. Тоа го прават со лаги, злоупотреби за најчувствителната точка – македонскиот идентитет. Со тоа нанесуваат огромна штета, токму на нашите идентитетски определби, изјави Ковачевски.

Гласот на Америка на македонски јазик вчера пренесе изјави на претседателот Пендаровски и на директорот Муслиу околу улогата на дезинформациите во медиумите и влијанието на Москва врз политиките во земјите од Западен Балкан и, нормално, Република Македонија меѓу нив.

Нашата држава за жал, е релативно лесна цел на дезинформациските кампањи поради слабата институционална и општествена отпорност кон нив. Она што претставува предност на демократските општества во нормални околности, за жал, е најголема потенцијална слабост во услови на внатрешна и надворешна поларизација. Руската агресија врз Украина создаде не само реален фронт на истокот од Европа, но и пропаганден фронт на Балканот, бидејќи кога агресорот ја губи битката јасно е дека ќе настојува да отвори нов фронт за да си ја олесни положбата. Не смееме да ги игнорираме индициите дека зад проблемот со нашите евроинтеграции или зад тензиите во Косово и во Босна и Херцеговина, покрај објективните прашања и проблеми кои не се решени, има и голема количина на дезинформации и тн. непријателско поттикнување, рече Пендаровски.

Една од клучните алатки, кои Кремљ ги користи на Западниот Балкан, е историјата. Токму играњето на оваа карта, како што велат од разузнавачката заедница, е темелот на руската хибридна стратегија за регионот. За остварувањето на целта се користат сите елементи во општеството – од црквата, до медиумите.

Москва во нејзината стратегија ја гледа историската меморија во Источна Европа и во Западен Балкан како главна можност за креирање спротивставени наративи, внатре во општествата, но и меѓу државите, преку манипулација на историски факти. И ние бевме сведоци и жртва на тоа. Тоа треба да влијае врз политичките одлуки во регионот преку притисокот кој би произлегол од емотивни реакции кај граѓаните и кај политичарите од отворените историски прашања. Бевме сведоци на тоа. Кремљ ги користи дипломатските капацитети во регионот за да ги контролира алатаките кои помагаат во пропаганда и лажење, се мисли на НВО, црковен клер, политички субјекти, медиуми, новинари..., изјави, пак, директорот на Агенцијата за разузнавање Муслиу.

По ваквите изјави станува повеќе од јасно каква визија имала ВМРО-ДПМНЕ, која не го потпиша Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија токму поради „заедничката историја“. За жал, тоа го стори власта предводена од СДСМ, што значи дека Зоран Заев, Пендаровски, Ковачевски, а со нив и Муслиу го прифатиле креирањето спротивставени наративи меѓу државите, односно соседите, па и во општеството под диктат на Москва и нејзиното влијание врз Софија! Само што тоа, за жал, го согледуваат со неколкугодишно задоцнување! Што ќе рече дека Кремљ е закотвен во власта!!!

Ова, се разбира, ако не мислат и се убедени дека нашиот, македонски наратив и целата историска меморија, целата македонска историска наука и историографија биле со децении и децении целосно манипулирани и пишувани од страна на Москва!!! Исто како што смета официјална Бугарија!!! Па сега новинари платеници мораат да одат во Мала Преспа за да не убедуваат дека Цар Самоил бил бугарски, исто како што прифатија нашите „историчари“ од историската комисија, наспроти сите научни тврдења на нашите историски експерти и медијависти, кои се веќе и меѓународно признати и докажани.

Бати логиката! Наместо да бара вина во неговите претходници, кои не ги согледале последиците од Договорот, првиот контраразузнавач им вели на етничките Македонци дека се жртви на сопствената црква и на сопствената вековна историска меморија! Зошто? За да ги прифатат уставните измени на патот кон членството на ЕУ и со тоа одново да станат жртви и на руската и на бугарската шовинистичка и хегемонистичка политика!?

Значи, сите, па и медиумите се виновни, само нашата власт не е! А, каде беше да мисли кога прифаќаше и потпишуваше се што ќе им понуди Бојко Борисов алијас Тиквата?

Што се однесува до медиумите, пак, еве ќе потсетиме на едно истражување на невладината организација Национален фонд за демократија од Бугарија, значи не наша, туку бугарска, спроведено во текот на 2022 година, по руската воена агресија врз Украина. Резултатите од истражувањето беа објавени пред пет месеци, поточно на 18 јануари годинава, а ги обелодени сајтот сега.бг.

Па така, според резултатите од истражувањето, од осум држави на Балканот, петте најчитани информативни сајтови во Република Македонија минатата 2022 година најмалку користеле руски извори на информации.

Македонските портали во текот на 2022 година пренеле само 615 информции од Раша тудеј, ТАСС, РИА, Новости и Спутник.

Со истражувањето биле опфатени Република Македонија, Албанија, Косово, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугрија.

Најмногу информации од наведените руски медиуми биле пласирани во Бугарија, дури 6.090.

Најверојатно ова било и причината, што Сега.бг текстот го имаше насловено како „Руската шпионажа кај нас (Бугарија н.з.) цвета“.

The post Кремљ во Владата: Власта несвесно ја исчисти ВМРО-ДПМНЕ од антиевропејство и русофилство appeared first on Република.

]]>

Во ист ден, шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и првиот човек на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, излегоа со речиси идентичен став, што треба да претставува еден вид притисок за уставните промени. Но, свесно или не, намерно или не, сите тројца и дадоа пас на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ за да ја исчистат од било какви обвиненија за антиевропејство или за некакво имагинарно русофилство, анализира Пресинг ТВ. Премиерот Димитар Ковачевски, на одбележувањето на 70 години од основањето на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков” и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи” од Крсте Мисирков, одново посочи дека во Македонија и надвор од неа, има сили со ист извор, кои се обидуваат да го забават напредокот на државата кон ЕУ. Притоа не посочи за кого станува збор, но додаде дека нивната тактика е тоа да го прават преку лаги за македонскиот идентитет.
Некои сили внатре во државата, но и надвор од државата, со ист извор, се обидуваат да го забават или запрат напредокот на нашата држава и европската иднина на нашите деца. Тоа го прават со лаги, злоупотреби за најчувствителната точка – македонскиот идентитет. Со тоа нанесуваат огромна штета, токму на нашите идентитетски определби, изјави Ковачевски.
Гласот на Америка на македонски јазик вчера пренесе изјави на претседателот Пендаровски и на директорот Муслиу околу улогата на дезинформациите во медиумите и влијанието на Москва врз политиките во земјите од Западен Балкан и, нормално, Република Македонија меѓу нив.
Нашата држава за жал, е релативно лесна цел на дезинформациските кампањи поради слабата институционална и општествена отпорност кон нив. Она што претставува предност на демократските општества во нормални околности, за жал, е најголема потенцијална слабост во услови на внатрешна и надворешна поларизација. Руската агресија врз Украина создаде не само реален фронт на истокот од Европа, но и пропаганден фронт на Балканот, бидејќи кога агресорот ја губи битката јасно е дека ќе настојува да отвори нов фронт за да си ја олесни положбата. Не смееме да ги игнорираме индициите дека зад проблемот со нашите евроинтеграции или зад тензиите во Косово и во Босна и Херцеговина, покрај објективните прашања и проблеми кои не се решени, има и голема количина на дезинформации и тн. непријателско поттикнување, рече Пендаровски.
Една од клучните алатки, кои Кремљ ги користи на Западниот Балкан, е историјата. Токму играњето на оваа карта, како што велат од разузнавачката заедница, е темелот на руската хибридна стратегија за регионот. За остварувањето на целта се користат сите елементи во општеството – од црквата, до медиумите.
Москва во нејзината стратегија ја гледа историската меморија во Источна Европа и во Западен Балкан како главна можност за креирање спротивставени наративи, внатре во општествата, но и меѓу државите, преку манипулација на историски факти. И ние бевме сведоци и жртва на тоа. Тоа треба да влијае врз политичките одлуки во регионот преку притисокот кој би произлегол од емотивни реакции кај граѓаните и кај политичарите од отворените историски прашања. Бевме сведоци на тоа. Кремљ ги користи дипломатските капацитети во регионот за да ги контролира алатаките кои помагаат во пропаганда и лажење, се мисли на НВО, црковен клер, политички субјекти, медиуми, новинари..., изјави, пак, директорот на Агенцијата за разузнавање Муслиу.
По ваквите изјави станува повеќе од јасно каква визија имала ВМРО-ДПМНЕ, која не го потпиша Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија токму поради „заедничката историја“. За жал, тоа го стори власта предводена од СДСМ, што значи дека Зоран Заев, Пендаровски, Ковачевски, а со нив и Муслиу го прифатиле креирањето спротивставени наративи меѓу државите, односно соседите, па и во општеството под диктат на Москва и нејзиното влијание врз Софија! Само што тоа, за жал, го согледуваат со неколкугодишно задоцнување! Што ќе рече дека Кремљ е закотвен во власта!!! Ова, се разбира, ако не мислат и се убедени дека нашиот, македонски наратив и целата историска меморија, целата македонска историска наука и историографија биле со децении и децении целосно манипулирани и пишувани од страна на Москва!!! Исто како што смета официјална Бугарија!!! Па сега новинари платеници мораат да одат во Мала Преспа за да не убедуваат дека Цар Самоил бил бугарски, исто како што прифатија нашите „историчари“ од историската комисија, наспроти сите научни тврдења на нашите историски експерти и медијависти, кои се веќе и меѓународно признати и докажани. Бати логиката! Наместо да бара вина во неговите претходници, кои не ги согледале последиците од Договорот, првиот контраразузнавач им вели на етничките Македонци дека се жртви на сопствената црква и на сопствената вековна историска меморија! Зошто? За да ги прифатат уставните измени на патот кон членството на ЕУ и со тоа одново да станат жртви и на руската и на бугарската шовинистичка и хегемонистичка политика!? Значи, сите, па и медиумите се виновни, само нашата власт не е! А, каде беше да мисли кога прифаќаше и потпишуваше се што ќе им понуди Бојко Борисов алијас Тиквата? Што се однесува до медиумите, пак, еве ќе потсетиме на едно истражување на невладината организација Национален фонд за демократија од Бугарија, значи не наша, туку бугарска, спроведено во текот на 2022 година, по руската воена агресија врз Украина. Резултатите од истражувањето беа објавени пред пет месеци, поточно на 18 јануари годинава, а ги обелодени сајтот сега.бг. Па така, според резултатите од истражувањето, од осум држави на Балканот, петте најчитани информативни сајтови во Република Македонија минатата 2022 година најмалку користеле руски извори на информации. Македонските портали во текот на 2022 година пренеле само 615 информции од Раша тудеј, ТАСС, РИА, Новости и Спутник. Со истражувањето биле опфатени Република Македонија, Албанија, Косово, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугрија. Најмногу информации од наведените руски медиуми биле пласирани во Бугарија, дури 6.090. Најверојатно ова било и причината, што Сега.бг текстот го имаше насловено како „Руската шпионажа кај нас (Бугарија н.з.) цвета“.  

The post Кремљ во Владата: Власта несвесно ја исчисти ВМРО-ДПМНЕ од антиевропејство и русофилство appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: За народот криза и сиромаштија, за сопругите на Битиќи и Муслиу стотици илјади евра за проекти преку невладин систем https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-za-narodot-kriza-i-siromashtija-za-soprugite-na-bitikji-i-musliu-stotici-iljadi-evra-za-proekti-preku-nevladin-sistem/ Fri, 10 Jun 2022 07:34:38 +0000 https://republika.mk/?p=513422

Во јавноста излезе информација дека сопругите на вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, двајца високи функционери на оваа власт, добиле фантастични 600 илјади евра за проекти преку невладин систем, за што постои сериозен сомнеж за трговија со влијание, што е еден од најтешките облици на корупција, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Двајцата повикани функционери молчат, молчи Владата, молчи претседателот Пендарвски, молчат надлежните институции. Веројатно продолжува принципот да се молчи секогаш кога постојат сериозни индиции за некој криминал или корупција. Власта секогаш кога е фатена во некој скандал се обидува тоа да го заташка и да го покрие со други теми. Овој скандал е сериозен, до толку повеќе што овие средства се делат во време на криза, кога граѓаните врзуваат едвај крај со крај. Наместо Битиќи да не убедува дека треба граѓаните да штедат и дека растот на цените нема ни да се почуствува, треба да излезе во јавноста и да ги објасни овие трансакции, дали и како влијаел стотици илјади евра да завршат на проект на неговата сопруга, велат од партијата.

Од таму додаваат дека народот гледа дека власта си тера свои лукративни интереси и не се грижи за неговиот стандард. Двоцифрената инфлација во Македонија секој ден ги осиромашува граѓаните, се повеќе луќе остануваат без редовна плата, за година и пол се затворени скоро 12.000 компании, имаме 215 000 помалку работоспособни лица во државата, над половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден, а некои блиските луѓе на власта добиваат стотици милиони евра за проекти или добиваат тендери и матни зделки во 4 очи.

-Премногу е! Доста е! Затоа народот масовно ќе излезе на протест на 18-ти јуни, затоа народот ќе ја казни оваа неодговорна и криминогена власт на СДСм и ДУИ, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: За народот криза и сиромаштија, за сопругите на Битиќи и Муслиу стотици илјади евра за проекти преку невладин систем appeared first on Република.

]]>

Во јавноста излезе информација дека сопругите на вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, двајца високи функционери на оваа власт, добиле фантастични 600 илјади евра за проекти преку невладин систем, за што постои сериозен сомнеж за трговија со влијание, што е еден од најтешките облици на корупција, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Двајцата повикани функционери молчат, молчи Владата, молчи претседателот Пендарвски, молчат надлежните институции. Веројатно продолжува принципот да се молчи секогаш кога постојат сериозни индиции за некој криминал или корупција. Власта секогаш кога е фатена во некој скандал се обидува тоа да го заташка и да го покрие со други теми. Овој скандал е сериозен, до толку повеќе што овие средства се делат во време на криза, кога граѓаните врзуваат едвај крај со крај. Наместо Битиќи да не убедува дека треба граѓаните да штедат и дека растот на цените нема ни да се почуствува, треба да излезе во јавноста и да ги објасни овие трансакции, дали и како влијаел стотици илјади евра да завршат на проект на неговата сопруга, велат од партијата. Од таму додаваат дека народот гледа дека власта си тера свои лукративни интереси и не се грижи за неговиот стандард. Двоцифрената инфлација во Македонија секој ден ги осиромашува граѓаните, се повеќе луќе остануваат без редовна плата, за година и пол се затворени скоро 12.000 компании, имаме 215 000 помалку работоспособни лица во државата, над половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден, а некои блиските луѓе на власта добиваат стотици милиони евра за проекти или добиваат тендери и матни зделки во 4 очи. -Премногу е! Доста е! Затоа народот масовно ќе излезе на протест на 18-ти јуни, затоа народот ќе ја казни оваа неодговорна и криминогена власт на СДСм и ДУИ, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.  

The post ВМРО-ДПМНЕ: За народот криза и сиромаштија, за сопругите на Битиќи и Муслиу стотици илјади евра за проекти преку невладин систем appeared first on Република.

]]>