Ерик Земур Archives - Република https://republika.mk/tema/erik-zemur/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Mar 2022 09:02:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ерик Земур Archives - Република https://republika.mk/tema/erik-zemur/ 32 32 Eкстремно десничарските кандидати за претседател на Франција ги обезбедија неопходните потписи за учество на изборите https://republika.mk/vesti/svet/ekstremno-desnicharskite-kandidati-za-pretsedatel-na-francija-gi-obezbedija-neophodnite-potpisi-za-uchestvo-na-izborite/ Wed, 02 Mar 2022 09:02:11 +0000 https://republika.mk/?p=466244

Француските екстремно десничарски претседателски кандидати Марин Ле Пен и Ерик Земур ги собраа неопходните 500 потписи (спонзорства) потребни за учество на изборите во април.

Според францускиот Уставен совет, Земур добил 620 потписи или спонзорства, а Марин Ле Пен 503, објави „Ле Монд“.

Кандидатите имаат рок до 4 март да ги соберат потребните 500 потписи или спонзорства за поднесување кандидатура. Спонзорствата се потписи за поддршка на избраниот кандидат од пратеници, советници и други функционери избрани на парламентарните и локалните избори.

Според претходните анкети, рејтингот на Ле Пен и Земур е значително помал од оној на актуелниот претседател Емануел Макрон. Тој се смета за фаворит на претседателските избори, иако се уште официјално не ја поднел својата кандидатура.

Според најновото истражување, се очекува Макрон да освои 25 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори, што е закажан за 10 април. Ле Пен би можела да освои 17 отсто, а Земур 14 отсто.

The post Eкстремно десничарските кандидати за претседател на Франција ги обезбедија неопходните потписи за учество на изборите appeared first on Република.

]]>

Француските екстремно десничарски претседателски кандидати Марин Ле Пен и Ерик Земур ги собраа неопходните 500 потписи (спонзорства) потребни за учество на изборите во април. Според францускиот Уставен совет, Земур добил 620 потписи или спонзорства, а Марин Ле Пен 503, објави „Ле Монд“. Кандидатите имаат рок до 4 март да ги соберат потребните 500 потписи или спонзорства за поднесување кандидатура. Спонзорствата се потписи за поддршка на избраниот кандидат од пратеници, советници и други функционери избрани на парламентарните и локалните избори. Според претходните анкети, рејтингот на Ле Пен и Земур е значително помал од оној на актуелниот претседател Емануел Макрон. Тој се смета за фаворит на претседателските избори, иако се уште официјално не ја поднел својата кандидатура. Според најновото истражување, се очекува Макрон да освои 25 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори, што е закажан за 10 април. Ле Пен би можела да освои 17 отсто, а Земур 14 отсто.

The post Eкстремно десничарските кандидати за претседател на Франција ги обезбедија неопходните потписи за учество на изборите appeared first on Република.

]]>
Француски претседателски кандидат казнет за поттикнување расна омраза против мигранти https://republika.mk/vesti/svet/francuski-pretsedatelski-kandidat-kaznet-za-pottiknuvanje-rasna-omraza-protiv-migranti/ Mon, 17 Jan 2022 14:40:41 +0000 https://republika.mk/?p=445948

Францускиот претседателски кандидат од екстремната десница, Ерик Земур, е казнет со 10.000 евра поради поттикнување расна омраза. Земур е казнет за изјава во која младите мигранти ги нарекол убијци, крадци и силувачи.

Тужбата се заснова на забелешките кои ги кажал на десничарскиот канал „СиЊуз“ во 2020 година, а се однесува на мигрантите кои пристигнуваат како деца без придружба

Тие немаат причина да бидат тука, тие се крадци, тие се убијци, тие се силувачи, тоа е сè што прават, треба да бидат вратени назад - рекол Земур.

Ерик Земур, кој е поранешен политички коментатор, на претседателските избори во април ќе се трка со кандидатката на десницата Марин Ле Пен и конзервативната Валери Пекрес против актуелниот претседател на десниот центар Емануел Макрон.

The post Француски претседателски кандидат казнет за поттикнување расна омраза против мигранти appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседателски кандидат од екстремната десница, Ерик Земур, е казнет со 10.000 евра поради поттикнување расна омраза. Земур е казнет за изјава во која младите мигранти ги нарекол убијци, крадци и силувачи. Тужбата се заснова на забелешките кои ги кажал на десничарскиот канал „СиЊуз“ во 2020 година, а се однесува на мигрантите кои пристигнуваат како деца без придружба
Тие немаат причина да бидат тука, тие се крадци, тие се убијци, тие се силувачи, тоа е сè што прават, треба да бидат вратени назад - рекол Земур.
Ерик Земур, кој е поранешен политички коментатор, на претседателските избори во април ќе се трка со кандидатката на десницата Марин Ле Пен и конзервативната Валери Пекрес против актуелниот претседател на десниот центар Емануел Макрон.

The post Француски претседателски кандидат казнет за поттикнување расна омраза против мигранти appeared first on Република.

]]>