Еремнија Archives - Република https://republika.mk/tema/eremnija/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Sep 2023 19:10:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Еремнија Archives - Република https://republika.mk/tema/eremnija/ 32 32 Турција ги повика Ерменија и Азербејџан да се вратат на преговарачка маса https://republika.mk/vesti/svet/turtsija-gi-povika-ermenija-i-azerbejdhan-da-se-vratat-na-pregovarachka-masa/ Tue, 19 Sep 2023 19:10:00 +0000 https://republika.mk/?p=683283

Турција, сојузник на Азербејџан, денеска ја оцени како легитимна „загриженоста“ на земјата што доведе до нејзината воена операција во Нагорно-Карабах, но ги повика и Азербејџан и Ерменија да се вратат на преговарачка маса.

– Азербејџан беше принуден да преземе мерки што смета дека се неопходни на сопствената суверена територија, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Се додава дека Азербејџан има „легитимна загриженост“ за ситуацијата во Нагорно-Карабах по конфликтот кон крајот на 2020 година.

Иако Турција ги осуди ерменските „провокации“, властите во Анкара повикаа на продолжување на преговарачкиот процес меѓу Азербејџан и Ерменија.

Азербејџан денеска почна воена операција во Нагорно-Карабах.

Во 2020 година, Ерменија и Азербејџан се судрија околу контролата врз регионот Нагорно-Карабах, а конфликтот заврши со мировен договор со кој се призна победата на азербејџанските сили. Договорот беше постигнат со помош на Русија.

Турција во таа војна го поддржа Азербејџан.

Односите меѓу Турција и Ерменија се затегнати поради масакрот врз Ерменците за време на Првата светска војна за време на Отоманската империја.

Ерменија и многу земји го сметаат масакрот за геноцид, што Турција го отфрла.

 

The post Турција ги повика Ерменија и Азербејџан да се вратат на преговарачка маса appeared first on Република.

]]>

Турција, сојузник на Азербејџан, денеска ја оцени како легитимна „загриженоста“ на земјата што доведе до нејзината воена операција во Нагорно-Карабах, но ги повика и Азербејџан и Ерменија да се вратат на преговарачка маса. – Азербејџан беше принуден да преземе мерки што смета дека се неопходни на сопствената суверена територија, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи. Се додава дека Азербејџан има „легитимна загриженост“ за ситуацијата во Нагорно-Карабах по конфликтот кон крајот на 2020 година. Иако Турција ги осуди ерменските „провокации“, властите во Анкара повикаа на продолжување на преговарачкиот процес меѓу Азербејџан и Ерменија. Азербејџан денеска почна воена операција во Нагорно-Карабах. Во 2020 година, Ерменија и Азербејџан се судрија околу контролата врз регионот Нагорно-Карабах, а конфликтот заврши со мировен договор со кој се призна победата на азербејџанските сили. Договорот беше постигнат со помош на Русија. Турција во таа војна го поддржа Азербејџан. Односите меѓу Турција и Ерменија се затегнати поради масакрот врз Ерменците за време на Првата светска војна за време на Отоманската империја. Ерменија и многу земји го сметаат масакрот за геноцид, што Турција го отфрла.  

The post Турција ги повика Ерменија и Азербејџан да се вратат на преговарачка маса appeared first on Република.

]]>
Ерменија почна да го плаќа рускиот гас во рубљи https://republika.mk/vesti/svet/ermenija-pochna-da-go-plakja-ruskiot-gas-vo-rublji/ Fri, 15 Apr 2022 07:05:35 +0000 https://republika.mk/?p=488690

Ерменија почна со плаќање на рускиот гас во рубљи, изјави за РБЦ, министерот за економија Вахан Керобјан.

Колку што знам, последните неколку плаќања беа во рубљи, но, по соодветен курс, појасни министерот.

Керобјан истакна дека цената се одредува во долари, но плаќањето е во рубљи.

Премиерот на Белорусија, Роман Головченко уште на 3 април најави дека Минск во рубљи ќе ги плаќа испораките на нафта и гас од Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин на 31 март потпиша указ за таканаречените „непријателски земји” да го плаќаат рускиот гас во рубљи.

Под „непријателски земји” спаѓаат оние, што воведоа санкции против Русија, поради инвазијата на Украина.

The post Ерменија почна да го плаќа рускиот гас во рубљи appeared first on Република.

]]>

Ерменија почна со плаќање на рускиот гас во рубљи, изјави за РБЦ, министерот за економија Вахан Керобјан.
Колку што знам, последните неколку плаќања беа во рубљи, но, по соодветен курс, појасни министерот.
Керобјан истакна дека цената се одредува во долари, но плаќањето е во рубљи. Премиерот на Белорусија, Роман Головченко уште на 3 април најави дека Минск во рубљи ќе ги плаќа испораките на нафта и гас од Русија. Рускиот претседател Владимир Путин на 31 март потпиша указ за таканаречените „непријателски земји” да го плаќаат рускиот гас во рубљи. Под „непријателски земји” спаѓаат оние, што воведоа санкции против Русија, поради инвазијата на Украина.

The post Ерменија почна да го плаќа рускиот гас во рубљи appeared first on Република.

]]>