Епл Archives - Република https://republika.mk/tema/epl/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Mar 2024 11:34:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Епл Archives - Република https://republika.mk/tema/epl/ 32 32 „Епл“ загуби 113 милијарди долари од пазарната вредност по тужбата на американскиот регулатор https://republika.mk/vesti/svet/epl-zagubi-113-milijardi-dolari-od-pazarnata-vrednost-po-tuzhbata-na-amerikanskiot-regulator/ Sun, 24 Mar 2024 20:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=758076

Акциите на компанијата „Епл“ паднаа за 4,1 отсто на затворањето на берзата во САД, со што компанијата изгуби околу 113 милијарди долари од нејзината пазарна вредност.

Како што наведува „Блумберг“, компанијата се соочува со проблеми на двете страни на Атлантикот бидејќи Министерството за правда на САД поднесе тужба против „Епл“ за наводен монопол на пазарот на паметни телефони, додека компанијата истовремено ја очекува истрага од Европската Уунија поради можно прекршување на Законот за дигитални пазари.

Долгоочекуваната американска тужба доаѓа по долгогодишни тврдења на критичарите дека „Епл“ и штети на конкуренцијата поради рестриктивните услови на продавницата за апликации, високите такси и строго контролираниот пристап до неговиот хардвер и софтвер.

„Елп“ ги поткопува апликациите, производите и услугите кои инаку би ги направиле корисниците помалку зависни од нивните „Ајфони“, се вели во соопштението на американското Министерство за правда.

Според тужителите, „Епл“ го користи својот монопол „за да извлече повеќе пари од потрошувачите, програмерите, креаторите на содржини, уметниците, издавачите, малите бизниси и трговците на мало“.

На 4 март, Европската Унија веќе го казни американскиот „Епл“ со 1,8 милијарди евра поради кршење на законите за конкуренција и злоупотреба на доминантната позиција на пазарот за продажба на апликации за стриминг музика, објави „Си-Ен-Ен“.

The post „Епл“ загуби 113 милијарди долари од пазарната вредност по тужбата на американскиот регулатор appeared first on Република.

]]>

Акциите на компанијата „Епл“ паднаа за 4,1 отсто на затворањето на берзата во САД, со што компанијата изгуби околу 113 милијарди долари од нејзината пазарна вредност. Како што наведува „Блумберг“, компанијата се соочува со проблеми на двете страни на Атлантикот бидејќи Министерството за правда на САД поднесе тужба против „Епл“ за наводен монопол на пазарот на паметни телефони, додека компанијата истовремено ја очекува истрага од Европската Уунија поради можно прекршување на Законот за дигитални пазари. Долгоочекуваната американска тужба доаѓа по долгогодишни тврдења на критичарите дека „Епл“ и штети на конкуренцијата поради рестриктивните услови на продавницата за апликации, високите такси и строго контролираниот пристап до неговиот хардвер и софтвер.
„Елп“ ги поткопува апликациите, производите и услугите кои инаку би ги направиле корисниците помалку зависни од нивните „Ајфони“, се вели во соопштението на американското Министерство за правда.
Според тужителите, „Епл“ го користи својот монопол „за да извлече повеќе пари од потрошувачите, програмерите, креаторите на содржини, уметниците, издавачите, малите бизниси и трговците на мало“. На 4 март, Европската Унија веќе го казни американскиот „Епл“ со 1,8 милијарди евра поради кршење на законите за конкуренција и злоупотреба на доминантната позиција на пазарот за продажба на апликации за стриминг музика, објави „Си-Ен-Ен“.

The post „Епл“ загуби 113 милијарди долари од пазарната вредност по тужбата на американскиот регулатор appeared first on Република.

]]>
Пад на акциите на Волстрит: „Епл“ меѓу најголемите губитници https://republika.mk/vesti/svet/pad-na-aktsiite-na-volstrit-epl-megu-najgolemite-gubitnitsi/ Fri, 19 Jan 2024 10:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=734594

На Волстрит берзанските индекси паднаа бидејќи оптимизмот за намалување на каматните стапки ослабна.

„Dow Jones“ загуби 0,62 отсто, на 37.361 поен, додека „S&P 500“ се лизна за 0,37 отсто, на 4.765 поени, а индексот „Nasdaq“ 0,19 отсто, на 14.944 поени.

По силниот раст на цените на акциите на крајот на минатата година, оптимизмот на најголемата светска берза во новата година се намали, бидејќи надежите за агресивно намалување на каматните стапки од страна на ФЕД се намалија. Инвеститорите се надеваа дека централната банка ќе започне со намалување на каматните стапки во март, но тоа станува се помалку веројатно бидејќи инфлацијата останува релативно висока и економијата постојано расте.

По серијата лидери на ФЕД, гувернерот на централната банка, Кристофер Валер, изјави дека нема потреба да се брза со намалување на каматните стапки, иако е се поуверен дека инфлацијата е на пат до целното ниво на ФЕД од 2 отсто.

„Епл“ меѓу губитниците

Од 11 најважни сектори на индексот „S&P 500“, цените на акциите паднаа во 10 од нив, а највисоко кај енергетиката, за 2,4 отсто. Меѓу најголемите губитници беше банкарскиот сектор бидејќи цената на акцијата на Морган Стенли падна за повеќе од 4 отсто.

Секторот веќе беше под притисок, бидејќи голем број банки објавија послаби од очекуваните квартални деловни резултати. Со сегашниот пад од 1,2 отсто, индексот „S&P 500“ на банкарскиот сектор се лизна на најниското ниво за повеќе од еден месец.

Меѓу загубарите вчера беше и акцијата на „Епл“, со пад на цената од 1,2 отсто, откако технолошкиот гигант понуди попусти, што ретко го прави, при купувањето на „Ајфон“ во Кина поради големата конкуренција на тамошниот пазар.

И на европските берзи паднаа цените на акциите. Лондонскиот „FTSE“ индекс ослабе за 0,48 отсто, на 7.558 поени, додека франкфуртски „DAX“ се лизна за 0,30 отсто, на 16.571 поен, а париски „CAC“ 0,18 отсто, на 7.398 поени.

The post Пад на акциите на Волстрит: „Епл“ меѓу најголемите губитници appeared first on Република.

]]>

На Волстрит берзанските индекси паднаа бидејќи оптимизмот за намалување на каматните стапки ослабна. „Dow Jones“ загуби 0,62 отсто, на 37.361 поен, додека „S&P 500“ се лизна за 0,37 отсто, на 4.765 поени, а индексот „Nasdaq“ 0,19 отсто, на 14.944 поени. По силниот раст на цените на акциите на крајот на минатата година, оптимизмот на најголемата светска берза во новата година се намали, бидејќи надежите за агресивно намалување на каматните стапки од страна на ФЕД се намалија. Инвеститорите се надеваа дека централната банка ќе започне со намалување на каматните стапки во март, но тоа станува се помалку веројатно бидејќи инфлацијата останува релативно висока и економијата постојано расте. По серијата лидери на ФЕД, гувернерот на централната банка, Кристофер Валер, изјави дека нема потреба да се брза со намалување на каматните стапки, иако е се поуверен дека инфлацијата е на пат до целното ниво на ФЕД од 2 отсто.

„Епл“ меѓу губитниците

Од 11 најважни сектори на индексот „S&P 500“, цените на акциите паднаа во 10 од нив, а највисоко кај енергетиката, за 2,4 отсто. Меѓу најголемите губитници беше банкарскиот сектор бидејќи цената на акцијата на Морган Стенли падна за повеќе од 4 отсто. Секторот веќе беше под притисок, бидејќи голем број банки објавија послаби од очекуваните квартални деловни резултати. Со сегашниот пад од 1,2 отсто, индексот „S&P 500“ на банкарскиот сектор се лизна на најниското ниво за повеќе од еден месец. Меѓу загубарите вчера беше и акцијата на „Епл“, со пад на цената од 1,2 отсто, откако технолошкиот гигант понуди попусти, што ретко го прави, при купувањето на „Ајфон“ во Кина поради големата конкуренција на тамошниот пазар. И на европските берзи паднаа цените на акциите. Лондонскиот „FTSE“ индекс ослабе за 0,48 отсто, на 7.558 поени, додека франкфуртски „DAX“ се лизна за 0,30 отсто, на 16.571 поен, а париски „CAC“ 0,18 отсто, на 7.398 поени.

The post Пад на акциите на Волстрит: „Епл“ меѓу најголемите губитници appeared first on Република.

]]>
Пад на акциите на Епл откако банката Берклис ја намали прогнозата за компанијата https://republika.mk/vesti/svet/pad-na-aktsiite-na-epl-otkako-bankata-berklis-ja-namali-prognozata-za-kompanijata/ Wed, 03 Jan 2024 09:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=729223

Акциите на технолошкиот гигант Епл (Apple) паднаа за 3,58 отсто откако британската банка Барклис (Barclays) ги намали прогнозите за раст на акциите на компанијата од Купертино поради послабата побарувачка и побавната продажба на Ајфон (iPhone) 15 на Епл.

Барклис смета дека треба да се очекува и послаба продажба на Ајфон 16 на Епл и другите производи на оваа компанија.

На оваа вест реагираа и акциите на добавувачите на Епл од Азија, бидејќи акциите на ТСМК, која произведува напредни процесори за уредите на Епл, денеска паднаа за повеќе од два отсто, а акциите на Фокскон (Foxconn), која склопува уреди на Епл Ајфон, паднаа за 1,33 отсто.

Аналитичарот на Барклис, Тим Лонг, конкретно ги предупреди клиентите за послаба продажба на Ајфон 15 во Кина.

Продолжуваме да забележуваме слабости во продажбата на Ајфон, како и во продажбата на Мек компјутерите и Ајпад уредите на Епл, истакна Лонг.

Блумберг претходно објави дека кинеската влада издаде неформални упатства со кои ги советува кинеските владини претставници да не користат уреди на Епл.

The post Пад на акциите на Епл откако банката Берклис ја намали прогнозата за компанијата appeared first on Република.

]]>

Акциите на технолошкиот гигант Епл (Apple) паднаа за 3,58 отсто откако британската банка Барклис (Barclays) ги намали прогнозите за раст на акциите на компанијата од Купертино поради послабата побарувачка и побавната продажба на Ајфон (iPhone) 15 на Епл. Барклис смета дека треба да се очекува и послаба продажба на Ајфон 16 на Епл и другите производи на оваа компанија. На оваа вест реагираа и акциите на добавувачите на Епл од Азија, бидејќи акциите на ТСМК, која произведува напредни процесори за уредите на Епл, денеска паднаа за повеќе од два отсто, а акциите на Фокскон (Foxconn), која склопува уреди на Епл Ајфон, паднаа за 1,33 отсто. Аналитичарот на Барклис, Тим Лонг, конкретно ги предупреди клиентите за послаба продажба на Ајфон 15 во Кина. Продолжуваме да забележуваме слабости во продажбата на Ајфон, како и во продажбата на Мек компјутерите и Ајпад уредите на Епл, истакна Лонг. Блумберг претходно објави дека кинеската влада издаде неформални упатства со кои ги советува кинеските владини претставници да не користат уреди на Епл.

The post Пад на акциите на Епл откако банката Берклис ја намали прогнозата за компанијата appeared first on Република.

]]>
„Епл“ има проблеми со погоните: Можно е намалување на испораките на „Ајфони“ и до 30 отсто https://republika.mk/vesti/svet/epl-ima-problemi-so-pogonite-mozno-e-namaluvanje-na-isporakite-na-ajfoni-i-do-30-otsto/ Tue, 01 Nov 2022 18:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=568411

Проблемите на доставувачот на „Епл“ – „Фокскон“ (Foxconn) во кинескиот град Женгжоу, поврзани со ширење на корона вирусот меѓу вработените во фабриката, може да ја намалат испораката на „Ајфони“ во ноември и до 30 отсто, јавуваат американски медиуми.

Погонот „Фокскон“ ги склопува повеќето од памените телефони коишто се испорачуваат ширум светот, иако американскиот гигант има производни погони и во Шенжен во јужна Кина и во Индија. Фабриката во Женгжоу има околу 200.000 работници, а последниве денови таа е потресена од нивно незадоволство од строгите мерки против Ковид-19.

На 19 октомври, „Фокскон“ им забрани на работниците оброци во мензите и им наложи да јадат во собите за одмор. Притоа раководството негираше прекин во производството.

Од компанијата тврдат дека се воспоставува контрола врз состојбата и се координираат резервните производствени капацитети со други фабрики за да се минимизираат последиците.

The post „Епл“ има проблеми со погоните: Можно е намалување на испораките на „Ајфони“ и до 30 отсто appeared first on Република.

]]>

Проблемите на доставувачот на „Епл“ – „Фокскон“ (Foxconn) во кинескиот град Женгжоу, поврзани со ширење на корона вирусот меѓу вработените во фабриката, може да ја намалат испораката на „Ајфони“ во ноември и до 30 отсто, јавуваат американски медиуми. Погонот „Фокскон“ ги склопува повеќето од памените телефони коишто се испорачуваат ширум светот, иако американскиот гигант има производни погони и во Шенжен во јужна Кина и во Индија. Фабриката во Женгжоу има околу 200.000 работници, а последниве денови таа е потресена од нивно незадоволство од строгите мерки против Ковид-19. На 19 октомври, „Фокскон“ им забрани на работниците оброци во мензите и им наложи да јадат во собите за одмор. Притоа раководството негираше прекин во производството. Од компанијата тврдат дека се воспоставува контрола врз состојбата и се координираат резервните производствени капацитети со други фабрики за да се минимизираат последиците.

The post „Епл“ има проблеми со погоните: Можно е намалување на испораките на „Ајфони“ и до 30 отсто appeared first on Република.

]]>
„Епл“ ја напушта Кина: „Ајфон 14“ телефоните ќе се произведуваат во Индија https://republika.mk/zivot/tehnologija/epl-ja-napushta-kina-ajfon-14-telefonite-kje-se-proizveduvaat-vo-indija/ Tue, 23 Aug 2022 14:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=543326

„Епл“ планира да почне со производство на својот следен модел паметен телефон „Ајфон 14“ (iPhone 14) во Индија. Американската компанија бара алтернативи за своите капацитети во Кина, по растот на тензиите на таа далекуисточна земја со САД и корона-карантините коишто ја прекинаа работата на фабриките, објави „Блумберг“.

Компанијата работи со доставувачите на зголемување на производството во Индија и скратување на доцнењето во склопувањето нови „Ајфони“, кое за претходните модели изнесуваше шест до девет месеци, се вели во извештајот на компанијата.

Во наводите стои и дека доставувачот на „Епл“ со седиште во Тајван – „Фокскон“ врши проценки околу набавката на компоненти од Кина и можното производство во фабриката кај градот Ченај во јужна Индија.

Производството на првиот „Ајфон 14 ЕС“ во Индија најверојатно ќе заврши кон крајот на октомври или во ноември.

The post „Епл“ ја напушта Кина: „Ајфон 14“ телефоните ќе се произведуваат во Индија appeared first on Република.

]]>

„Епл“ планира да почне со производство на својот следен модел паметен телефон „Ајфон 14“ (iPhone 14) во Индија. Американската компанија бара алтернативи за своите капацитети во Кина, по растот на тензиите на таа далекуисточна земја со САД и корона-карантините коишто ја прекинаа работата на фабриките, објави „Блумберг“. Компанијата работи со доставувачите на зголемување на производството во Индија и скратување на доцнењето во склопувањето нови „Ајфони“, кое за претходните модели изнесуваше шест до девет месеци, се вели во извештајот на компанијата. Во наводите стои и дека доставувачот на „Епл“ со седиште во Тајван – „Фокскон“ врши проценки околу набавката на компоненти од Кина и можното производство во фабриката кај градот Ченај во јужна Индија. Производството на првиот „Ајфон 14 ЕС“ во Индија најверојатно ќе заврши кон крајот на октомври или во ноември.

The post „Епл“ ја напушта Кина: „Ајфон 14“ телефоните ќе се произведуваат во Индија appeared first on Република.

]]>