епидемиија Archives - Република https://republika.mk/tema/epidemiija/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Nov 2022 16:28:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png епидемиија Archives - Република https://republika.mk/tema/epidemiija/ 32 32 Во Брисел нема слободен кревет на Педијатрија, на Белгија ѝ се заканува епидемија на бронхиолит кај децата https://republika.mk/vesti/svet/vo-brisel-nema-sloboden-krevet-na-pedijatrija-na-belgija-se-zakanuva-epidemija-na-bronhiolit-kaj-decata/ Tue, 29 Nov 2022 16:28:57 +0000 https://republika.mk/?p=579700

Одделите за педијатрија во болниците во Белгија се преоптоварени поради епидемија на бронхиолит кај децата, слична е состојбата во соседна Франција.

Болниците порачаа дека оваа епидемија е „без преседан“, а ниеден кревет веќе не е слободен во поголемите болници во главниот град Брисел. Педијатриската итна помош е преплавена со работа, порачаа од болницата Сен Пјер.

Иако секоја зима болниците се соочуваат со пик на респираторни инфекции кај населението и посебно кај децата, овој пат многумина алармираат дека ситуацијата е посериозна од претходните години и дека бројот на заболени е повисок.

Еден од главните проблеми е недостигот на персонал кај специјализираните медицински сестри.

Младите пациенти под двегодишна возраст пристигнуваат по десетици во чекална и тешко ни е да најдеме место за овие деца, изјави Натали Мониот од болницата Сен Лук во Брисел. Недостигот на медицински сестри веќе беше проблем за време на пандемијата од Ковид-19.

 

The post Во Брисел нема слободен кревет на Педијатрија, на Белгија ѝ се заканува епидемија на бронхиолит кај децата appeared first on Република.

]]>

Одделите за педијатрија во болниците во Белгија се преоптоварени поради епидемија на бронхиолит кај децата, слична е состојбата во соседна Франција. Болниците порачаа дека оваа епидемија е „без преседан“, а ниеден кревет веќе не е слободен во поголемите болници во главниот град Брисел. Педијатриската итна помош е преплавена со работа, порачаа од болницата Сен Пјер. Иако секоја зима болниците се соочуваат со пик на респираторни инфекции кај населението и посебно кај децата, овој пат многумина алармираат дека ситуацијата е посериозна од претходните години и дека бројот на заболени е повисок. Еден од главните проблеми е недостигот на персонал кај специјализираните медицински сестри.
Младите пациенти под двегодишна возраст пристигнуваат по десетици во чекална и тешко ни е да најдеме место за овие деца, изјави Натали Мониот од болницата Сен Лук во Брисел. Недостигот на медицински сестри веќе беше проблем за време на пандемијата од Ковид-19.
 

The post Во Брисел нема слободен кревет на Педијатрија, на Белгија ѝ се заканува епидемија на бронхиолит кај децата appeared first on Република.

]]>