енергетска транзиција Archives - Република https://republika.mk/tema/energetska-tranzicija/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Feb 2023 09:07:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png енергетска транзиција Archives - Република https://republika.mk/tema/energetska-tranzicija/ 32 32 Македонија е од стратешко значење за Унијата, дел е од планот за енергетска транзиција на Европа (RePowerEU) https://republika.mk/vesti/ekonomija/severna-makedonija-e-od-strateshko-znachene-za-unijata-del-e-od-planot-za-energetska-tranzitsija-na-evropa-repowereu/ Tue, 28 Feb 2023 09:07:26 +0000 https://republika.mk/?p=614088

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во Брисел оствари средба со европскиот комесар за економија, финансии, даноци и царина- Паоло Џентилони.

Заменик претседателот на Владата, Битиќи, оваа средба со комесарот Џентилони во Европската Комисија ја реализира во рамки на престојот во Брисел каде учествува на билатералниот скрининг за Поглавје 9 „Финансиски услуги“ кој започна вчера и Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“ кој ќе започне на 1 март, 2023 година.

На средбата, двајцата соговорници се согласија дека Европската Комисија важи за силен партнер на Македонија во нејзините напори за членство во ЕУ.

На средбата, Битиќи изрази голема благодарност за макрофинансиската поддршка, како и за поддршката на ЕУ поврзана со пребродување на тековната енергетска криза.

Комесарот Џентилони потенцира дека целиот Западен Балкан е од стратешко значење за Унијата и дека целиот регион е дел од планот за енергетска транзиција на Европа (RePowerEU) кој има цел диверзификација на изворите на енергија и зголемување на капацитетите од обновливи извори на енергија.

Џентилони исто така истакна дека ЕК го поздравува носењето на новиот Закон за органски буџет како голем реформски чекор за Македонија.

Комесарот Џентилони исто така даде и краток осврт на моменталната состојба во ЕУ, каде според последните зимски проекции во 2023 сепак најверојатно ќе биде избегната рецесија, како и очекувањето дека инфлацискиот притисок полека ќе се намалува.

Вицепремиерот Битиќи ја потенцира големата важност на праведната енергетска транзиција и се заблагодари за поддршката која Македонија ја има во овој сегмент преку проект на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Битиќи исто така се осврна на македонската економија која трговски е најизложена кон ЕУ и која во 2022 забележа висока стапка на инфлација најмногу поради зголемените цени на енергенсите, раст на БДП во рамките на проекциите од нешто под 3% и дека за 2023 година очекувањата се реалниот раст да биде 2,9% што е на линија со последните проекции на ММФ и Светска Банка.

Вицепремиерот Битиќи информира дека Македонија со помош на ЕУ, во текот на 2022 со зголемувањето на капацитетот на интерконекторот со Бугарија конечно се ослободи од 100% зависност при снабдувањето со гас од Газпром и сега на пазарот има можност да се појавуваат и други добавувачи на гас во Македонија.

Кога сме кај енергетиката, Вицепремиерот информира дека поради добрата местоположба во 2022 имавме бум на инвестиции во фотоволтаични централи, а интересот е се поголем и на почетокот од 2023.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека по примерот на ЕУ каде големите предизвици (пр: енергетска диверзификација) се решаваат заеднички преку соработка, така и регионот на Западен Балкан треба да презема заеднички координирани мерки, создавајќи меѓусебна зависност наспроти зависност од надвор со цел побрзо и полесно да може да ги пребродува кризите.

Комесарот Џентилони се согласи дека клучот е соработката и дека оваа средба се случува точно навреме преку координирани мерки да може да се работи и на редефинирање на синџирите на снабдување, преку нивно доближување до земјите на ЕУ, а тоа секако е огромен потенцијал за земјите од Западен Балкан.

Западен Балкан секако останува стратешки партнер на ЕУ и процесот на приближување на производството од далечниот исток секако ќе придонесе за голем дел компании да го префрлат своето производство во земјите од Западен Балкан.

The post Македонија е од стратешко значење за Унијата, дел е од планот за енергетска транзиција на Европа (RePowerEU) appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во Брисел оствари средба со европскиот комесар за економија, финансии, даноци и царина- Паоло Џентилони. Заменик претседателот на Владата, Битиќи, оваа средба со комесарот Џентилони во Европската Комисија ја реализира во рамки на престојот во Брисел каде учествува на билатералниот скрининг за Поглавје 9 „Финансиски услуги“ кој започна вчера и Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“ кој ќе започне на 1 март, 2023 година. На средбата, двајцата соговорници се согласија дека Европската Комисија важи за силен партнер на Македонија во нејзините напори за членство во ЕУ. На средбата, Битиќи изрази голема благодарност за макрофинансиската поддршка, како и за поддршката на ЕУ поврзана со пребродување на тековната енергетска криза. Комесарот Џентилони потенцира дека целиот Западен Балкан е од стратешко значење за Унијата и дека целиот регион е дел од планот за енергетска транзиција на Европа (RePowerEU) кој има цел диверзификација на изворите на енергија и зголемување на капацитетите од обновливи извори на енергија. Џентилони исто така истакна дека ЕК го поздравува носењето на новиот Закон за органски буџет како голем реформски чекор за Македонија. Комесарот Џентилони исто така даде и краток осврт на моменталната состојба во ЕУ, каде според последните зимски проекции во 2023 сепак најверојатно ќе биде избегната рецесија, како и очекувањето дека инфлацискиот притисок полека ќе се намалува. Вицепремиерот Битиќи ја потенцира големата важност на праведната енергетска транзиција и се заблагодари за поддршката која Македонија ја има во овој сегмент преку проект на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Битиќи исто така се осврна на македонската економија која трговски е најизложена кон ЕУ и која во 2022 забележа висока стапка на инфлација најмногу поради зголемените цени на енергенсите, раст на БДП во рамките на проекциите од нешто под 3% и дека за 2023 година очекувањата се реалниот раст да биде 2,9% што е на линија со последните проекции на ММФ и Светска Банка. Вицепремиерот Битиќи информира дека Македонија со помош на ЕУ, во текот на 2022 со зголемувањето на капацитетот на интерконекторот со Бугарија конечно се ослободи од 100% зависност при снабдувањето со гас од Газпром и сега на пазарот има можност да се појавуваат и други добавувачи на гас во Македонија. Кога сме кај енергетиката, Вицепремиерот информира дека поради добрата местоположба во 2022 имавме бум на инвестиции во фотоволтаични централи, а интересот е се поголем и на почетокот од 2023. Вицепремиерот Битиќи истакна дека по примерот на ЕУ каде големите предизвици (пр: енергетска диверзификација) се решаваат заеднички преку соработка, така и регионот на Западен Балкан треба да презема заеднички координирани мерки, создавајќи меѓусебна зависност наспроти зависност од надвор со цел побрзо и полесно да може да ги пребродува кризите. Комесарот Џентилони се согласи дека клучот е соработката и дека оваа средба се случува точно навреме преку координирани мерки да може да се работи и на редефинирање на синџирите на снабдување, преку нивно доближување до земјите на ЕУ, а тоа секако е огромен потенцијал за земјите од Западен Балкан. Западен Балкан секако останува стратешки партнер на ЕУ и процесот на приближување на производството од далечниот исток секако ќе придонесе за голем дел компании да го префрлат своето производство во земјите од Западен Балкан.

The post Македонија е од стратешко значење за Унијата, дел е од планот за енергетска транзиција на Европа (RePowerEU) appeared first on Република.

]]>
Ковачевски во Кичево: Мојата визија е да бидеме центар на енергетската транзиција во регионот https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-vo-kichevo-mojata-vizija-e-da-bideme-centar-na-energetskata-tranzicija-vo-regionot/ Fri, 18 Nov 2022 21:23:31 +0000 https://republika.mk/?p=575657

Мојата визија е европска Македонија да биде европски центар на енергетската транзиција во регионот. Да бидеме европски шампиони за производство на енергија од нашето македонско сонце, порача вечерва претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во обраќањето во Домот на културата во Кичево на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.

– Ние сме лидери во регионот во енергетска трансформација со огромен потенцијал да стане зелен енергетски центар на Европа, идината на мојата држава ја гледам во производството на електрична енергија токму преку во обновливите извори на енергија. Одговорен, ефикасен пристап кон енергетиката, сектор во кој 30 години никој не вложуваше и никој не се грижеше, тоа е она за што ние се залагаме, рече Ковачевски.

Тој потсети дека неодамна почна со работа најголемата фотонапонска централа со капацитет од 17 МW, изградена од страна на компанијата од Словенија („Ген-И“). Овој проект, кажа тој, е доделен врз основа на првите транспарентни постапки за премиум тарифи кој е спроведен токму од владата предводена од СДСМ.

-Во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани, по пат на премиуми за кој се потпишани договори во изминатите две години. Најзначајниот, историски проект „Чебрен“, сега за прв пат има понуда од изведувач, односно од инвеститор после 13 неуспешни тендери. Доколку се биде според она што е пропишано во документацијата и барањата конечно ќе имаме инвеститор кој ќе може да ја започне изградбата на овој огромен проект. Е тоа значи одговорен, ефикасен пристап кон енергетиката, сектор во кој 30 години никој не вложуваше и никој не се грижеше, рече Ковачев ски.

Ковачевски додаде дека само во овој мандат во Владата се инсталирани 27 мегавати фотонапонски централи во државата. За 11 мегавати повеќе од она што беше направено вкупно за 11 години претходно, во времето  на ВМРО-ДПМНЕ односно за 10 месеци повеќе отколку за 11 години,

-Нашата иднина во производството на електрична енергија ја гледам токму во обновливите извори на енергија. Еден од тие капацитети е овде во Кичевско во електраната Осломеј. Токму тука со инвестиција во фотонапонската електрана од десет мегавати, сопственост на ЕСМ, која се изгради на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ ја започнавме енергетската транзиција на државата. И што е уште поважно, ова е прва во енергетската транзиција од електрана на јаглен во чиста енергија во регионот. Дополнително работиме и на нови, веќе е објавен и јавен повик за изградба на уште 10 мегавати на истото место, во сопственост на ЕСМ, истакна Ковачевски.

Тој рече дека власта успеала да ги реализира најголемите антикризни мерки во регионот.

-Работевме напорно, ден и ноќ и успеавме да реализираме најголеми антикризни мерки во регионот, вредни 760 милиони евра. Факт, потврден и од Светската банка. За мене ништо не е поважно од тоа да ја поминеме оваа зима заедно и да не оставиме никој зад себе. Да допреме до секое семејство во земјата во оваа тешка криза за сите нас. Уште во првите 100 дена од мандатот ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари. За една година пензиите за сите 330.000 пензионери ги зголемиваме за 16 отсто, рече Ковачевски.

Антикризните мерки вордија со плод, потенцираше Ковачевски, цените на храната веќе се намалуваат.

-Имаме храна и енергија доволно во тешки услови за целиот свет. Нашиот енергетски и топлински капацитет е безбеден за оваа зима. Така е кога се има соодветен план, кога се работи напорно и кога знаењето се преточува во реални политики за земјата и граѓаните. Многу поголеми и посилни земји, со посилни економии претрпеа далеку посериозни последици. Да не заборавиме што се случи во една Велика Британија, додаде Ковачевски.

The post Ковачевски во Кичево: Мојата визија е да бидеме центар на енергетската транзиција во регионот appeared first on Република.

Бектеши: Започнува процесот на енергетската транзиција во РЕК Осломеј и во целиот Кичевски регион https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-zapochnuva-procesot-na-energetskata-tranzicija-vo-rek-oslomej-i-vo-celiot-kichevski-region/ Wed, 06 Apr 2022 14:51:37 +0000 https://republika.mk/?p=484211

Министерот за економија, Крешник Бектеши, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, вицепремиерот Груби и со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, го одбележавме завршувањето на градба на фотонапонска електрана „Осломеј“ со тест период на целосно монтираната опрема на фотоволтаична централа во РЕК Осломеј.

Ова е првата енергетска транзиција на електраната на јаглен во чиста енергија во регионот и овој капацитет од загадувач ќе се произведува чиста енергија.

Од оваа фотонапонска централа во време на енергетската криза ќе обезбедува енергија од домашно производство за 2.800 домаќинства во Кичево и регионот, односно вкупното годишно производство ќе изнесува од 15 до 17 гигават часови електрична енергија“ изјави министерот Бектеши.

Меѓу другото, министерот Бектеши истакна дека Владата е посветена на развивање политики кои ќе придонесат за енергетската транзиција.

Целосно сме посветени на развивање на политики кои ќе придонесат кон енергетска транзиција, преку нови инвестиции во обновливи извори на енергија и потикнување на енергетската ефикасност. Само преку енергетската транзиција, можеме да ја потикнеме заштитата на животната средина” рече министерот Бектеши.

Министерот Бектеши исто така најави дека по десет години целосно ќе преминеме на производство на електрична енергија од обновливи извори, односно ќе престане производството на јаглен.

Како што е наведено во Стратегијата за развој на енергетиката одобрена од Владата во 2019 година, таа исто така и дава на земјата флексибилност да одговори на соодветните политики за управување на ЕУ, што ќе доведе до конкурентна и климатско неутрална економија до 2040 година“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.

The post Бектеши: Започнува процесот на енергетската транзиција во РЕК Осломеј и во целиот Кичевски регион appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија, Крешник Бектеши, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, вицепремиерот Груби и со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, го одбележавме завршувањето на градба на фотонапонска електрана „Осломеј“ со тест период на целосно монтираната опрема на фотоволтаична централа во РЕК Осломеј. Ова е првата енергетска транзиција на електраната на јаглен во чиста енергија во регионот и овој капацитет од загадувач ќе се произведува чиста енергија. Од оваа фотонапонска централа во време на енергетската криза ќе обезбедува енергија од домашно производство за 2.800 домаќинства во Кичево и регионот, односно вкупното годишно производство ќе изнесува од 15 до 17 гигават часови електрична енергија“ изјави министерот Бектеши. Меѓу другото, министерот Бектеши истакна дека Владата е посветена на развивање политики кои ќе придонесат за енергетската транзиција.