енергетска трансформација Archives - Република https://republika.mk/tema/energetska-transformatsija/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 16:45:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png енергетска трансформација Archives - Република https://republika.mk/tema/energetska-transformatsija/ 32 32 Ресорната министерка: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација https://republika.mk/vesti/ekonomija/resornata-ministerka-regionalnata-sorabotka-e-od-osobena-vazhnost-za-energetskata-transformatsija/ Wed, 02 Oct 2024 16:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=821865

Одржливиот развој во енергетскиот сектор не подразбира само усвојување на технологии за чиста енергија, туку и промовирање на енергетската ефикасност и намалување на нашата вкупна потрошувачка на енергија, заклучи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на отворањето на меѓународната конференција „Енергетика 2024“, што од денеска до петок се одржува во Струга во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК).

Тоа, според неа, бара инвестиции во истражување и развој, како и соработнички напори меѓу владите, лидерите на индустријата и академските институции.

Ресорната министерка нагласи дека регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација.

Енергетските предизвици со кои се соочуваме не се ограничени на националните граници. Проекти за соработка, интегрирани пазари за електрична енергија и регионална координација на политиките се од суштинско значење за постигнување на енергетска безбедност и одржливост во нашиот регион, истакна Божиновска, нагласувајќи дека државата е посветена на продлабочување на соработката со соседните земји.

Идеите и партнерствата кои ќе произлезат од Меѓународната енергетска конференција, подвлече, ќе ја обликуваат иднината на енергетиката во Македонија, регионот и светот.

Оваа конференција не е само потврда за важноста на енергетскиот сектор, туку и потсетник за предизвиците што ги имаме пред нас, додека се стремиме да ги задоволиме растечките глобални потреби за енергија на одржлив и одговорен начин, додаде Божиновска.

Министерката нагласи дека живееме во реалност кога се поврзано со енергетскиот сектор е од исклучителна важност, а производството и дистрибуцијата на енергија се основа на економскиот раст и стабилност.

Соодветно на тоа и темата на годинашниот собир, ни дава увид и нѐ поттикнува за поенергично влегување во унапредување на знаењата, политиките и технологиите во производството на енергија, одржливиот развој и заштитата на животната средина. Додека државите ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија, се соочуваат со зголемена побарувачка за енергија и потребата за итни климатски акции, неопходно е да соработуваме за иновациите и стратешки да планираме, рече Божиновска.

Таа нагласи дека една од клучните теми на конференцијата е енергетската транзиција, односно намалување на емисиите на јаглерод и обезбедување сигурен и достапен пристап до енергија за сите.

Државите се оддалечуваат од фосилните горива и вложуваат во обновливи извори на енергија, како сончевата, ветерната, хидро и геотермалната енергија. Македонија не е исклучок и во последниве години направивме значителни чекори во проширување на капацитетите за обновлива енергија, особено со проектите за сончеви и ветерни паркови. Сепак, мора да признаеме дека оваа транзиција е полна со предизвици. Инвестициите во инфраструктурата, регулаторните реформи и усвојувањето на нови технологии бараат значителни ресурси, истакна министерката за енергетика.

За претседателот на Здружението на енергетичарите на Македонија, Борко Алексоски, енергетиката е еден од најважните столбови на кое е поставено секое оптество, па оттаму нејзиното технолошко унапредување и усовршување е од непроценливо значење за целокупниот општествен развој.

Развојот на енергетиката во нашата држава неопходно е да ги следи сите текови од регинот и од Европа. Во таа насока се преземаат опсежни активности со цел имплементација на европската во нашата национална легислатива, која понатаму е основа за развојот на енергетиката и пристапувањето кон единствениот европски пазар на енергија, истакна Алексоски.

Според него, стручните лица на форумот не само што ќе ги споделат и разменат искуствата и плановите од областа на енергетиката на регионално и глобално ниво, туку и заеднички ќе побараат решенија за тековните проблеми и предизвици кои стојат пред секој од нас.

The post Ресорната министерка: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација appeared first on Република.

]]>

Одржливиот развој во енергетскиот сектор не подразбира само усвојување на технологии за чиста енергија, туку и промовирање на енергетската ефикасност и намалување на нашата вкупна потрошувачка на енергија, заклучи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на отворањето на меѓународната конференција „Енергетика 2024“, што од денеска до петок се одржува во Струга во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК).
Тоа, според неа, бара инвестиции во истражување и развој, како и соработнички напори меѓу владите, лидерите на индустријата и академските институции. Ресорната министерка нагласи дека регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација.