Емилија Стојменова-Дух Archives - Република https://republika.mk/tema/emilija-stojmenova-duh/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 13:32:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Емилија Стојменова-Дух Archives - Република https://republika.mk/tema/emilija-stojmenova-duh/ 32 32 Словенечката министерка со македонско потекло поднесе оставка зашто недозволео користела „флешери“ на службеното возило за да помине побрзо https://republika.mk/vesti/balkan/slovenechkata-ministerka-so-makedonsko-poteklo-podnese-ostavka-zashto-nedozvoleo-koristela-flesheri-na-sluzhbenoto-vozilo-za-da-pomine-pobrzo/ Fri, 27 Sep 2024 13:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=820315

Словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух, која е родена во Македонија, поднесе оставка откако се најде под голем притисок на јавноста поради неовластено користење сигнални светла на својот службен автомобил во Австрија. За нејзиниот случај денеска требаше да се расправа во словенечкиот парламент и да се гласа за доверба.

Премиерот Роберт Голоб ја прифати оставката на министерката.

Според телевизијата „Н1“, министерката недозволено користела сино светло на својот службен автомобил додека била на службен пат во Австрија пролетоска. Таа наводно брзала за да фати авион за Женева.

Словенечките медиуми објавија дека Стојменова-Дух и нејзиниот возач заглавиле во сообраќаен метеж на автопатот близу Хартберг и со цел да поминат побрзо, ги вклучиле сигналните светла на автомобилот. Според министерството за надворешни и европски работи, тоа било чисто кршење на правилата.

Според извештаите, тоа не бил единствениот сообраќаен прекршок што го направиле на пат за Виена, зашто камерите ги фатиле и за пребрзо возење.

Реакцијата на Стојменова-Дух исто така ја налути јавноста. Таа прво ги нападна медиумите дека има многу невистини во нивното известување, тврдејќи дека никогаш не побарала од возачот да ги вклучи сините светла, ни дома, ни во странство.

Стојменова-Дух е родена во Виница во 1985, а во Словенија се преселила на 17 години. Во јуни 2022 стана министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.

The post Словенечката министерка со македонско потекло поднесе оставка зашто недозволео користела „флешери“ на службеното возило за да помине побрзо appeared first on Република.

]]>

Словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух, која е родена во Македонија, поднесе оставка откако се најде под голем притисок на јавноста поради неовластено користење сигнални светла на својот службен автомобил во Австрија. За нејзиниот случај денеска требаше да се расправа во словенечкиот парламент и да се гласа за доверба. Премиерот Роберт Голоб ја прифати оставката на министерката. Според телевизијата „Н1“, министерката недозволено користела сино светло на својот службен автомобил додека била на службен пат во Австрија пролетоска. Таа наводно брзала за да фати авион за Женева. Словенечките медиуми објавија дека Стојменова-Дух и нејзиниот возач заглавиле во сообраќаен метеж на автопатот близу Хартберг и со цел да поминат побрзо, ги вклучиле сигналните светла на автомобилот. Според министерството за надворешни и европски работи, тоа било чисто кршење на правилата. Според извештаите, тоа не бил единствениот сообраќаен прекршок што го направиле на пат за Виена, зашто камерите ги фатиле и за пребрзо возење. Реакцијата на Стојменова-Дух исто така ја налути јавноста. Таа прво ги нападна медиумите дека има многу невистини во нивното известување, тврдејќи дека никогаш не побарала од возачот да ги вклучи сините светла, ни дома, ни во странство. Стојменова-Дух е родена во Виница во 1985, а во Словенија се преселила на 17 години. Во јуни 2022 стана министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.

The post Словенечката министерка со македонско потекло поднесе оставка зашто недозволео користела „флешери“ на службеното возило за да помине побрзо appeared first on Република.

]]>