Ељмедин Адеми Archives - Република https://republika.mk/tema/elmedin-ademi/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Sep 2023 16:47:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ељмедин Адеми Archives - Република https://republika.mk/tema/elmedin-ademi/ 32 32 Адеми и фирмите блиски до него ѝ донирале на ДУИ скоро 160 илјади евра https://republika.mk/vesti/makedonija/ademi-i-firmite-bliski-do-nego-donirale-na-dui-skoro-160-iljadi-evra/ Sat, 09 Sep 2023 16:47:51 +0000 https://republika.mk/?p=680319

Рекламни паноа и билборди фирмата „Скрин медиа“ ѝ изнајмила на ДУИ за време на локалните избори во 2021, а истовремено таа година, била еден од најголемите донатори на партијата. Директор на „Скрин медиа“ е Елмедин Адеми, кој е и прв човек на фирмата „Еуровиа“, која е во фокусот на јавноста откако го доби тендерот од 1,8 милиони евра за преадаптација на спортскиот центар „Борис Трајковски“ заради Самитот на ОБСЕ што треба да се одржи во декември, објави Телма..

„Скрин Медиа“ како што покажува годишниот извештај за донации за 2021, на ДУИ ѝ донирала речиси 20 илјади евра. Додека пак фирмата од партијата за своите услуги наплатила речиси 34 илјади евра и дополнителни околу 3000 евра за изборите за Совет на Општина Тетово кои се одржаа наредната година. „Скрин медиа“ за потребите за изборната кампања за локалните избори била ангажирана од сите партии, но само на ДУИ и донирала пари.

Законот забранува политички партии да се финансираат од „приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпријатија и фондови по пат на договор.

Но и покрај тоа во изминатите три години, Елмедин Адеми и фирмите блиски до него – „Еуровиа“,„Скрин медиа“,„Виаком“, „Талента“, „Енеа“ и „Адел“, ѝ донирале на ДУИ скоро 160 илјади евра.

Самостојно Адеми на ДУИ лани ѝ донирал двојно повеќе пари од сите имиња на листата. Додека пак заедно со „Еуровиа“ и „Виаком“ пет пати повеќе од останатите донатори или вкупно 100 илјади евра.

The post Адеми и фирмите блиски до него ѝ донирале на ДУИ скоро 160 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Рекламни паноа и билборди фирмата „Скрин медиа“ ѝ изнајмила на ДУИ за време на локалните избори во 2021, а истовремено таа година, била еден од најголемите донатори на партијата. Директор на „Скрин медиа“ е Елмедин Адеми, кој е и прв човек на фирмата „Еуровиа“, која е во фокусот на јавноста откако го доби тендерот од 1,8 милиони евра за преадаптација на спортскиот центар „Борис Трајковски“ заради Самитот на ОБСЕ што треба да се одржи во декември, објави Телма.. „Скрин Медиа“ како што покажува годишниот извештај за донации за 2021, на ДУИ ѝ донирала речиси 20 илјади евра. Додека пак фирмата од партијата за своите услуги наплатила речиси 34 илјади евра и дополнителни околу 3000 евра за изборите за Совет на Општина Тетово кои се одржаа наредната година. „Скрин медиа“ за потребите за изборната кампања за локалните избори била ангажирана од сите партии, но само на ДУИ и донирала пари. Законот забранува политички партии да се финансираат од „приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпријатија и фондови по пат на договор. Но и покрај тоа во изминатите три години, Елмедин Адеми и фирмите блиски до него – „Еуровиа“,„Скрин медиа“,„Виаком“, „Талента“, „Енеа“ и „Адел“, ѝ донирале на ДУИ скоро 160 илјади евра. Самостојно Адеми на ДУИ лани ѝ донирал двојно повеќе пари од сите имиња на листата. Додека пак заедно со „Еуровиа“ и „Виаком“ пет пати повеќе од останатите донатори или вкупно 100 илјади евра.

The post Адеми и фирмите блиски до него ѝ донирале на ДУИ скоро 160 илјади евра appeared first on Република.

]]>
И сопругата на Адеми донирала за ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/i-soprugata-na-ademi-donirala-za-dui/ Sat, 02 Sep 2023 07:14:36 +0000 https://republika.mk/?p=678013

И сопругата на Елмедин Адеми, добитникот на тендерот од 1,8 милиони евра од Министерството за надворешни работи (МНР) е меѓу најголемите донатори на ДУИ, пренесува „Телма“, според чии информации од годишниот извештај за донации на партијата, фирмата „Виаком“ во сопственост на Арбе Адеми минатата година ѝ донирала на ДУИ 1,8 милиони денари, или околу 30 илјади евра.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-elmedin-ademi-biznismenot-na-osmani-od-dva-milioni-evra-na-dui-jahta-ochila-i-skapa-garderoba/

Градежната фирма „Еуровија“ од Желин и нејзиниот сопственик Ељмедин Адеми се најголеми донатори на ДУИ за 2022 година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/firmata-na-vnukot-na-ademi-koja-ke-gradi-politsiska-stanitsa-donirala-za-dui-tripati-nad-dozvolenoto/

Покрај тендерот од два милиона евра за изградба на полициската станица во Аеродром, оваа фирма доби 1,8 милион евра на тендер за преадаптација на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ заради Самитот на ОБСЕ што треба да се одржи во декември. Тендерот го организираше Министерството за надворешни со кое раководи Бујар Османи, кадар токму на ДУИ.

Антикорупциската уште пред неколку дена најави дека ќе проверува дали има злоупотреби.

The post И сопругата на Адеми донирала за ДУИ appeared first on Република.

]]>

И сопругата на Елмедин Адеми, добитникот на тендерот од 1,8 милиони евра од Министерството за надворешни работи (МНР) е меѓу најголемите донатори на ДУИ, пренесува „Телма“, според чии информации од годишниот извештај за донации на партијата, фирмата „Виаком“ во сопственост на Арбе Адеми минатата година ѝ донирала на ДУИ 1,8 милиони денари, или околу 30 илјади евра. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-elmedin-ademi-biznismenot-na-osmani-od-dva-milioni-evra-na-dui-jahta-ochila-i-skapa-garderoba/ Градежната фирма „Еуровија“ од Желин и нејзиниот сопственик Ељмедин Адеми се најголеми донатори на ДУИ за 2022 година. https://republika.mk/vesti/makedonija/firmata-na-vnukot-na-ademi-koja-ke-gradi-politsiska-stanitsa-donirala-za-dui-tripati-nad-dozvolenoto/ Покрај тендерот од два милиона евра за изградба на полициската станица во Аеродром, оваа фирма доби 1,8 милион евра на тендер за преадаптација на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ заради Самитот на ОБСЕ што треба да се одржи во декември. Тендерот го организираше Министерството за надворешни со кое раководи Бујар Османи, кадар токму на ДУИ. Антикорупциската уште пред неколку дена најави дека ќе проверува дали има злоупотреби.

The post И сопругата на Адеми донирала за ДУИ appeared first on Република.

]]>
За Груби Аннтикорупциската комисија нема капацитет, Османи ги предаде документите за бизнисменот што не го знае https://republika.mk/vesti/makedonija/za-grubi-anntikoruptsiskata-komisija-nema-kapatsitet-osmani-gi-predade-dokumentite-za-biznismenot-koj-ne-go-znae/ Fri, 01 Sep 2023 16:15:10 +0000 https://republika.mk/?p=677977

Дали во ДУИ имаат различен став за односот кон Антикорупциската комисија. Откако „главниот“ во Мала Речица Артан Груби за антикорупционерите рече дека немаат капацитет, дека не испорачале резултати, народски кажано дека не ги бива, неговиот сопрартиец Османи виде не виде реши да соработува со истите луѓе.

Па така, министерот за надворешни работи го испрати целиот материјал за фирмата Еуровиа“ на бизнисменот Елмедин Адеми кој за 1.8 милиони евра ќе го адаптира „Борис Трајковски“ за потребите на состанокот на ОБСЕ.

За Антикорупционерите тоа е сомнително па најави дека ќе отвори случај па Османи беше принуден да ги достави документите за тендерската постапка.

На Османи не му оди во прилог што Адеми е еден од најголемите донатори во ДУИ, а денеска беше објавено дека пари во партијата давала и неговата сопруга.

Османи дополнително се „закопа“ со изјавата дека не знаел оти Адеми е донатор во партијата а се појави и форографија на која комплетното партиско раководство е сликано со бизнисменот.

 

The post За Груби Аннтикорупциската комисија нема капацитет, Османи ги предаде документите за бизнисменот што не го знае appeared first on Република.

]]>

Дали во ДУИ имаат различен став за односот кон Антикорупциската комисија. Откако „главниот“ во Мала Речица Артан Груби за антикорупционерите рече дека немаат капацитет, дека не испорачале резултати, народски кажано дека не ги бива, неговиот сопрартиец Османи виде не виде реши да соработува со истите луѓе. Па така, министерот за надворешни работи го испрати целиот материјал за фирмата Еуровиа“ на бизнисменот Елмедин Адеми кој за 1.8 милиони евра ќе го адаптира „Борис Трајковски“ за потребите на состанокот на ОБСЕ. За Антикорупционерите тоа е сомнително па најави дека ќе отвори случај па Османи беше принуден да ги достави документите за тендерската постапка. На Османи не му оди во прилог што Адеми е еден од најголемите донатори во ДУИ, а денеска беше објавено дека пари во партијата давала и неговата сопруга. Османи дополнително се „закопа“ со изјавата дека не знаел оти Адеми е донатор во партијата а се појави и форографија на која комплетното партиско раководство е сликано со бизнисменот.  

The post За Груби Аннтикорупциската комисија нема капацитет, Османи ги предаде документите за бизнисменот што не го знае appeared first on Република.

]]>
Кој е Eлмедин Адеми, бизнисменот од два милиони евра на ДУИ: Јахта, очила и скапа гардероба https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-elmedin-ademi-biznismenot-na-osmani-od-dva-milioni-evra-na-dui-jahta-ochila-i-skapa-garderoba/ Thu, 31 Aug 2023 12:41:17 +0000 https://republika.mk/?p=677629

Откако министерот за надврорешни работи Бујар Османи изјави дека не знаел оти фирмата Еуровиа е донатор на ДУИ, на социјалните мрежи почнаа да излегуваат фотографии за сопственикот Елмедин Адеми. Тој е фотографиран со целото раководство на партијата сосе Османи.

Фирмата на Адеми сосема случајно е избрана од МНР на Османи за 1,8 милиони евра да ја адаптира салата „Борис Трајковски“ за потребите на Самитот на ОБСЕ,

Адеми на социјалните мрежи самиот се фали со својот луксузен живот. Фотографиран е на јахта, има брендирана гардероба, а има скапи очила. Поради сево ова Антикорупциската комисија најави дека ќе отвори постапка за Османи, МНР и Адеми и неговата фирма како токму тие се избрани.

Фирмата „Еуровиа“  ќе ја гради и полициската станица во Аеродром.Цената е фиксна-два милиони евра.

 

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-sega-otkako-znae-osmani-ke-go-raskine-dogovorot-so-eurovia-firma-najgolem-donator-na-dui/

 

The post Кој е Eлмедин Адеми, бизнисменот од два милиони евра на ДУИ: Јахта, очила и скапа гардероба appeared first on Република.

]]>

Откако министерот за надврорешни работи Бујар Османи изјави дека не знаел оти фирмата Еуровиа е донатор на ДУИ, на социјалните мрежи почнаа да излегуваат фотографии за сопственикот Елмедин Адеми. Тој е фотографиран со целото раководство на партијата сосе Османи. Фирмата на Адеми сосема случајно е избрана од МНР на Османи за 1,8 милиони евра да ја адаптира салата „Борис Трајковски“ за потребите на Самитот на ОБСЕ, Адеми на социјалните мрежи самиот се фали со својот луксузен живот. Фотографиран е на јахта, има брендирана гардероба, а има скапи очила. Поради сево ова Антикорупциската комисија најави дека ќе отвори постапка за Османи, МНР и Адеми и неговата фирма како токму тие се избрани. Фирмата „Еуровиа“  ќе ја гради и полициската станица во Аеродром.Цената е фиксна-два милиони евра.   https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-sega-otkako-znae-osmani-ke-go-raskine-dogovorot-so-eurovia-firma-najgolem-donator-na-dui/  

The post Кој е Eлмедин Адеми, бизнисменот од два милиони евра на ДУИ: Јахта, очила и скапа гардероба appeared first on Република.

]]>
Фирмата на внукот на Адеми, која ќе гради полициска станица, донирала за ДУИ трипати над дозволеното https://republika.mk/vesti/makedonija/firmata-na-vnukot-na-ademi-koja-ke-gradi-politsiska-stanitsa-donirala-za-dui-tripati-nad-dozvolenoto/ Mon, 22 May 2023 18:46:33 +0000 https://republika.mk/?p=643726

Фирмата за градежништво „Еуровиа ДООЕЛ“ на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот министер Абдулаќим Адеми, минатиот месец го доби тендерот за изградба на нов објект на полициската станица Аеродром, пренесува „Фокус“, потенцирајќи дека вредноста на набавката чии носител е МВР на министерот Оливер Спасовски изнесува нешто над 2 милиони евра.

Фирмата која ќе ја гради полициската станица е избрана од „четврта среќа“, откако претходно три пати постапката била поништувана. Истражувањето на овој тендер објавено во последниот број на неделникот „Фокус“ не само што не доведе до најголемиот донатор на ДУИ за 2022 година, туку откри уште еден скандал.

Имено, фирмата „Еуровиа“ која ќе ја гради полициската станица во Аеродром, чија изградба треба да стартува оваа година, и нејзиниот сопственик Ељмедин Адеми се најголеми донатори на ДУИ за 2022 година. Притоа, се отвора и прашањето дали овие донации го надминуваат законски дозволениот лимит?

Повеќе на „Фокус

The post Фирмата на внукот на Адеми, која ќе гради полициска станица, донирала за ДУИ трипати над дозволеното appeared first on Република.

]]>

Фирмата за градежништво „Еуровиа ДООЕЛ“ на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот министер Абдулаќим Адеми, минатиот месец го доби тендерот за изградба на нов објект на полициската станица Аеродром, пренесува „Фокус“, потенцирајќи дека вредноста на набавката чии носител е МВР на министерот Оливер Спасовски изнесува нешто над 2 милиони евра. Фирмата која ќе ја гради полициската станица е избрана од „четврта среќа“, откако претходно три пати постапката била поништувана. Истражувањето на овој тендер објавено во последниот број на неделникот „Фокус“ не само што не доведе до најголемиот донатор на ДУИ за 2022 година, туку откри уште еден скандал. Имено, фирмата „Еуровиа“ која ќе ја гради полициската станица во Аеродром, чија изградба треба да стартува оваа година, и нејзиниот сопственик Ељмедин Адеми се најголеми донатори на ДУИ за 2022 година. Притоа, се отвора и прашањето дали овие донации го надминуваат законски дозволениот лимит? Повеќе на „Фокус

The post Фирмата на внукот на Адеми, која ќе гради полициска станица, донирала за ДУИ трипати над дозволеното appeared first on Република.

]]>