Елизабета Чуповска - Ристова Archives - Република https://republika.mk/tema/elizabeta-chupovska-ristova/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 12:27:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Елизабета Чуповска - Ристова Archives - Република https://republika.mk/tema/elizabeta-chupovska-ristova/ 32 32 Чуповска – Ристова: Придонесот на Македонија во регионалната безбедност е соодветно валоризиран и потврден од сите НАТО сојузници https://republika.mk/vesti/makedonija/chupovska-ristova-pridonesot-na-makedonija-vo-regionalnata-bezbednost-e-soodvetno-valoriziran-i-potvrden-od-site-nato-sojuznitsi/ Thu, 14 Nov 2024 17:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=837645

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска - Ристова на панел-дискусијата истакна дека нашата земја е безбедна и стабилна, факт кој е потврден и од Советот за безбедност. Чуповска – Ристова додаде дека земјата активно придонесува и кон регионалната и кон колективната безбедност на Алијансата.

„Придонесот на Македонија во регионалната безбедност е соодветно валоризиран и потврден од сите НАТО сојузници“, рече Чуповска - Ристова и додаде дека "активно придонесуваме и во гарантирање на колективната безбедност, а тоа го докажуваме и со нашето учество во мултинационалните сили кои што се распоредени во Летонија, Бугарија и Романија“.

Во однос на состојбите и актуелните предизвици во одбраната, Чуповска-Ристова порача дека била затекната предизвикувачка финансиска состојба, но дека со соодветна анализа на состојбите и алокација на средствата со ребалансот на Буџетот обезбедени се финансиски средства за исплата на сите заостанати и тековни обврски кон припадниците на Армијата и вработените во одбраната за 2024г. и за 2025 г.

Чуповска-Ристова се осврна и на модернизацијата на Армијата која тече согласно плановите, соработката со партнерите и сојузниците и буџетирањето на одбраната при што порача дека „еден од клучните приоритети на кои што работи Владата е обезбедување стабилно финансирање во одбраната".

Државниот секретар додаде дека и следната година одбранбениот буџет ќе изнесува над 2 проценти од бруто-домашниот производ.

The post Чуповска – Ристова: Придонесот на Македонија во регионалната безбедност е соодветно валоризиран и потврден од сите НАТО сојузници appeared first on Република.

]]>

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска - Ристова на панел-дискусијата истакна дека нашата земја е безбедна и стабилна, факт кој е потврден и од Советот за безбедност. Чуповска – Ристова додаде дека земјата активно придонесува и кон регионалната и кон колективната безбедност на Алијансата.
„Придонесот на Македонија во регионалната безбедност е соодветно валоризиран и потврден од сите НАТО сојузници“, рече Чуповска - Ристова и додаде дека "активно придонесуваме и во гарантирање на колективната безбедност, а тоа го докажуваме и со нашето учество во мултинационалните сили кои што се распоредени во Летонија, Бугарија и Романија“.
Во однос на состојбите и актуелните предизвици во одбраната, Чуповска-Ристова порача дека била затекната предизвикувачка финансиска состојба, но дека со соодветна анализа на состојбите и алокација на средствата со ребалансот на Буџетот обезбедени се финансиски средства за исплата на сите заостанати и тековни обврски кон припадниците на Армијата и вработените во одбраната за 2024г. и за 2025 г. Чуповска-Ристова се осврна и на модернизацијата на Армијата која тече согласно плановите, соработката со партнерите и сојузниците и буџетирањето на одбраната при што порача дека „еден од клучните приоритети на кои што работи Владата е обезбедување стабилно финансирање во одбраната". Државниот секретар додаде дека и следната година одбранбениот буџет ќе изнесува над 2 проценти од бруто-домашниот производ.

The post Чуповска – Ристова: Придонесот на Македонија во регионалната безбедност е соодветно валоризиран и потврден од сите НАТО сојузници appeared first on Република.

]]>