Елена Петрова Archives - Република https://republika.mk/tema/elena-petrova/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Oct 2024 11:53:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Елена Петрова Archives - Република https://republika.mk/tema/elena-petrova/ 32 32 УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци https://republika.mk/vesti/ujp-ochekuva-detali-od-ministerstvoto-za-finansii-za-najavenoto-namaluvane-na-danotsi/ Sat, 05 Oct 2024 11:53:43 +0000 https://republika.mk/?p=823064

Управата за јавни приходи е во корелација со Министерството за финансии за најавениот проект за намалување на даноци, а кој го најави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова која денеска одговараше на новинарско прашање дали се вклучени во овои проекции истакна дека Министерството за финансии е орган кој ги креира даночните политики и од него ги очекуваат деталите, коишто потоа треба да бидат имплементирани практично од страна на УЈП.

-Значи во поглед на прилагодување на даночните пријави и системите преку коишто даночните обврзници ќе ги исполнуваат даночните обврски, вели Петрова.

Што се однесува на прашањето за состојбата со повратот на ДДВ, Петрова истакна дека секоја недела има исплати на поврат на ДДВ, но се прават и потемелни анализи, во кои се опфатени и нивото на дејност, како и на ниво на даночен обврзник, а се со цел какошто вели Петрова да бидат осигурани оти се превенираат сите ризици, кои можат да се јават во врска со повратот на ДДВ и испумпувањето на буџетски средства.

-Во овој момент се уште се справуваме со тие заостанати неодобрени побарувања за ДДВ од претходните пет години, кои изнесуваат 1,7 милјарди денари или околу една третина од вкупниот поврат на ДДВ, којшто ни е сега во процес на обработка, одобрување и реализација. Значи паралелно со тој заостанат од претходната раководна структура заостанат и неодобрен поврат на ДДВ стигнуваат и новите ДДВ пријави.

The post УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи е во корелација со Министерството за финансии за најавениот проект за намалување на даноци, а кој го најави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова која денеска одговараше на новинарско прашање дали се вклучени во овои проекции истакна дека Министерството за финансии е орган кој ги креира даночните политики и од него ги очекуваат деталите, коишто потоа треба да бидат имплементирани практично од страна на УЈП.
-Значи во поглед на прилагодување на даночните пријави и системите преку коишто даночните обврзници ќе ги исполнуваат даночните обврски, вели Петрова.
Што се однесува на прашањето за состојбата со повратот на ДДВ, Петрова истакна дека секоја недела има исплати на поврат на ДДВ, но се прават и потемелни анализи, во кои се опфатени и нивото на дејност, како и на ниво на даночен обврзник, а се со цел какошто вели Петрова да бидат осигурани оти се превенираат сите ризици, кои можат да се јават во врска со повратот на ДДВ и испумпувањето на буџетски средства.
-Во овој момент се уште се справуваме со тие заостанати неодобрени побарувања за ДДВ од претходните пет години, кои изнесуваат 1,7 милјарди денари или околу една третина од вкупниот поврат на ДДВ, којшто ни е сега во процес на обработка, одобрување и реализација. Значи паралелно со тој заостанат од претходната раководна структура заостанат и неодобрен поврат на ДДВ стигнуваат и новите ДДВ пријави.

The post УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци appeared first on Република.

]]>
Страниците за продажба преку Фејсбук и Инстаграм ќе мора да плаќаат данок https://republika.mk/vesti/ekonomija/stranitsite-za-prodazhba-preku-fejsbuk-i-instaram-ke-mora-da-plakaat-danok/ Wed, 31 Jul 2024 06:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=801837

Црната економија во денешно време од пазарите и улиците се префрли на интернет, вели директорката на УЈП Елена Петрова.

Таа е децидна дека мора да се најде начин да се оданочуваат сите оние страници на Фејсбук и Инстарам кои продаваат се и сешто а не ги плаќаат давачките кон државата.

https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY&t=677s

Oваа област бара засилен фокус на УЈП преку информирање кои се нивните законски обврски а потоа и контроли.Како едно среднорочно решение за онлајн тровијата е планирано во рамките на системот за е-фактура да бидат приклучени сите тие продавачи преку законска обврска.Документите што ќе се издаваат за еден таков реализиран промет да бидат фискализирани, што значи дека пред да бидат издадени на купувачот да поминат низ системот на УЈП-открива Петрова за „Република“.

The post Страниците за продажба преку Фејсбук и Инстаграм ќе мора да плаќаат данок appeared first on Република.

]]>

Црната економија во денешно време од пазарите и улиците се префрли на интернет, вели директорката на УЈП Елена Петрова. Таа е децидна дека мора да се најде начин да се оданочуваат сите оние страници на Фејсбук и Инстарам кои продаваат се и сешто а не ги плаќаат давачките кон државата. https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY&t=677s
Oваа област бара засилен фокус на УЈП преку информирање кои се нивните законски обврски а потоа и контроли.Како едно среднорочно решение за онлајн тровијата е планирано во рамките на системот за е-фактура да бидат приклучени сите тие продавачи преку законска обврска.Документите што ќе се издаваат за еден таков реализиран промет да бидат фискализирани, што значи дека пред да бидат издадени на купувачот да поминат низ системот на УЈП-открива Петрова за „Република“.

The post Страниците за продажба преку Фејсбук и Инстаграм ќе мора да плаќаат данок appeared first on Република.

]]>
Проектот „Мој ДДВ“ продолжува, исплатата на парите од второто тромесечие по ребалансот на буџетот https://republika.mk/vesti/ekonomija/proektot-moj-ddv-prodolzhuva-isplatata-na-parite-od-vtoroto-tromesechie-po-rebalansot-na-budhetot/ Tue, 30 Jul 2024 12:13:32 +0000 https://republika.mk/?p=801691

Директорката на УЈП Елена Петрова ги смирува граѓаните дека проектот „Мој ДДВ“ ќе продолжи и оти наскоро ќе започне исплатата на парите за второто тромесечие.

https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY&t=670s

Не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2023 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот-објасни Петрова во интерјуто за „Република“.

На прашањето дали ќе има некакви измени, Петрова објаснува.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-predizvitsite-na-ujp-se-borba-so-zatajuvachite-na-danok-i-silen-chovechki-kapatsitet/

Toa прашање не може да се адресира на УЈП, затоа што исплатата на буџетски средства на граѓаните врз основа на скенирање на фискални сметки преку систем Мој ДДВ по својата суштина е економско-социјална мерка. Што се однесува до даночниот аспект, даночниот карактер на оваа мерка е индиректен, преку очекувано влијание врз мотивацијата и свеста на граѓаните да бараат фискални сметки кога набавуваат разни добра и услуги и да вршат„притисок” врз продавачите да го регистрираат готовинскиот промет со што ја регистрираат и обврската за плаќање на ДДВ во државниот трезор.

Во однос на влијанието на оваа мерка од даночен аспект, дали е постигнато зголемено пријавување на готовинскиот промет, јавноста е доволно свесна дека нема дисциплина воиздавањето на фискални сметки. Очигледно е, ноторен факт е дека многу регистрирани трговци иугостители не издаваат фискални сметки, како и лица кои нерегистрирано вршат некаква дејност. Има и појави на издавање на сметки кои не се фискални и сл. Ова потврдува дека мерката Мој ДДВ од даночен аспект е далеку од најавата дека секој граѓанин ќе биде даночен инспектор и дека оваа мерка ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, а непријавувањето на готовинскиот промет е една, но по обем најголема појавна форма на сивата економија

 

The post Проектот „Мој ДДВ“ продолжува, исплатата на парите од второто тромесечие по ребалансот на буџетот appeared first on Република.

]]>

Директорката на УЈП Елена Петрова ги смирува граѓаните дека проектот „Мој ДДВ“ ќе продолжи и оти наскоро ќе започне исплатата на парите за второто тромесечие. https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY&t=670s
Не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2023 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот-објасни Петрова во интерјуто за „Република“.
На прашањето дали ќе има некакви измени, Петрова објаснува. https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-predizvitsite-na-ujp-se-borba-so-zatajuvachite-na-danok-i-silen-chovechki-kapatsitet/
Toa прашање не може да се адресира на УЈП, затоа што исплатата на буџетски средства на граѓаните врз основа на скенирање на фискални сметки преку систем Мој ДДВ по својата суштина е економско-социјална мерка. Што се однесува до даночниот аспект, даночниот карактер на оваа мерка е индиректен, преку очекувано влијание врз мотивацијата и свеста на граѓаните да бараат фискални сметки кога набавуваат разни добра и услуги и да вршат„притисок” врз продавачите да го регистрираат готовинскиот промет со што ја регистрираат и обврската за плаќање на ДДВ во државниот трезор. Во однос на влијанието на оваа мерка од даночен аспект, дали е постигнато зголемено пријавување на готовинскиот промет, јавноста е доволно свесна дека нема дисциплина воиздавањето на фискални сметки. Очигледно е, ноторен факт е дека многу регистрирани трговци иугостители не издаваат фискални сметки, како и лица кои нерегистрирано вршат некаква дејност. Има и појави на издавање на сметки кои не се фискални и сл. Ова потврдува дека мерката Мој ДДВ од даночен аспект е далеку од најавата дека секој граѓанин ќе биде даночен инспектор и дека оваа мерка ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, а непријавувањето на готовинскиот промет е една, но по обем најголема појавна форма на сивата економија
 

The post Проектот „Мој ДДВ“ продолжува, исплатата на парите од второто тромесечие по ребалансот на буџетот appeared first on Република.

]]>
Произведувачите на торти и колачи во домашни услови ќе се оданoчуваат со паушал https://republika.mk/vesti/ekonomija/proizveduvachite-na-torti-i-kolachi-vo-domashni-uslovi-ke-se-odanachuvaat-so-paushal/ Tue, 30 Jul 2024 10:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=801631

Директорката на УЈП Елена Петрова најавува дека се бара начин како да се оданочуваат производителите во домашни услови,односно оние што прават торти и колачи, изработувачите на накит, како и оние што имаат поставено кафемати.

Таа во интервјуто за “Република“ објасни дека овие лица ќе се оданачуваат со паушал.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-predizvitsite-na-ujp-se-borba-so-zatajuvachite-na-danok-i-silen-chovechki-kapatsitet/

За овие дејности има законски начин на оданочување, односно т.н паушално оданочување на дејности од времен карактер.Но,очигледно затаиле некои механизми штом има толку многу неоданочени даночни обврзници.Прво ќе се оди кон информирање на даночните обврзници и нивните обврски.Паушалот ќе биде различен, ќе се прават пресметки, во зависност од местото каде што се врши дејноста, бројот на часови, односно сразмерно на приходите што може да се остварат од вршењето на дејноста-објаснува Петрова за „Република“.

https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY&t=667s

 

The post Произведувачите на торти и колачи во домашни услови ќе се оданoчуваат со паушал appeared first on Република.

]]>

Директорката на УЈП Елена Петрова најавува дека се бара начин како да се оданочуваат производителите во домашни услови,односно оние што прават торти и колачи, изработувачите на накит, како и оние што имаат поставено кафемати. Таа во интервјуто за “Република“ објасни дека овие лица ќе се оданачуваат со паушал. https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-predizvitsite-na-ujp-se-borba-so-zatajuvachite-na-danok-i-silen-chovechki-kapatsitet/
За овие дејности има законски начин на оданочување, односно т.н паушално оданочување на дејности од времен карактер.Но,очигледно затаиле некои механизми штом има толку многу неоданочени даночни обврзници.Прво ќе се оди кон информирање на даночните обврзници и нивните обврски.Паушалот ќе биде различен, ќе се прават пресметки, во зависност од местото каде што се врши дејноста, бројот на часови, односно сразмерно на приходите што може да се остварат од вршењето на дејноста-објаснува Петрова за „Република“.
https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY&t=667s  

The post Произведувачите на торти и колачи во домашни услови ќе се оданoчуваат со паушал appeared first on Република.

]]>
Петрова: Предизвиците на УЈП се борба со затајувачите на данок и силен човечки капацитет https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-predizvitsite-na-ujp-se-borba-so-zatajuvachite-na-danok-i-silen-chovechki-kapatsitet/ Tue, 30 Jul 2024 08:00:42 +0000 https://republika.mk/?p=801431

Борбата против затајувачите на данок ќе биде бескомпромисна. Праксата на објавување на листата на должници ќе продолжи, но ќе ја надополниме со објавување на лица со даночен рејтинг, односно позитивните примери, најавува директорката на УЈП Елена Петрова. Таа во интевјуто за „Република“ говори што затекнала во Управата за јавни приходи и во кој правец треба да се развива во иднина.

Повратот на „Мој ДДВ“ е нешто што најмногу ги интересира граѓаните. Дали има некои измени во спроведувањето на оваа мерка, во поглед на начинот на реализација, сумата на поврат?

Најнапред би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2023 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот.

За прашањето дали ќе има измени во спроведувањето на оваа мерка до сега слушнавме појаснувања и од Премиерот и од Министерката за финансии, и тоа дека оваа мерка ќе остане и ќе се надгради со други исплати кон таргет групи на граѓани. Toa прашање не може да се адресира на УЈП, затоа што исплатата на буџетски средства на граѓаните врз основа на скенирање на фискални сметки преку систем Мој ДДВ по својата суштина е економско-социјална мерка. Што се однесува до даночниот аспект, даночниот карактер на оваа мерка е индиректен, преку очекувано влијание врз мотивацијата и свеста на граѓаните да бараат фискални сметки кога набавуваат разни добра и услуги и да вршат„притисок” врз продавачите да го регистрираат готовинскиот промет со што ја регистрираат и обврската за плаќање на ДДВ во државниот трезор.

Во однос на влијанието на оваа мерка од даночен аспект, дали е постигнато зголемено пријавување на готовинскиот промет, јавноста е доволно свесна дека нема дисциплина воиздавањето на фискални сметки. Очигледно е, ноторен факт е дека многу регистрирани трговци иугостители не издаваат фискални сметки, како и лица кои нерегистрирано вршат некаква дејност. Има и појави на издавање на сметки кои не се фискални и сл. Ова потврдува дека мерката Мој ДДВ од даночен аспект е далеку од најавата дека секој граѓанин ќе биде даночен инспектор и дека оваа мерка ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, а непријавувањето на готовинскиот промет е една, но по обем најголема појавна форма на сивата економија.

Викенд без ДДВ е нешто што СДСМ го спроведе само еден викенд, но наиде на добар одзив кај граѓаните. Дали постои можност повторно да се реализира ваква акција?

Ова е во иста линија со претходното прашање. И мерката „Викенд без ДДВ” се реализираше преку скенирање на фискални сметки. Овие мерки се економско-социјални мерки.УЈП како даночен орган нема надлежност да креира политика за спроведување на вакви мерки.УЈП го хостира апликативниот софтвер за Мој ДДВ и дава услуги на граѓаните поврзани сокористењето на софтверот. Преку овој софтвер во УЈП се собираат податоците за скенираните фискални сметки и УЈП го менаџира процесот за исплата врз основа на собраните податоци.Ако или кога Владата преку надлежните министерства ќе донесе нови мерки кои ќе може да сеспроведуваат преку овој систем, УЈП ќе треба да прави соодветни прилагодувања и надградби на софтверот.При тоа мора да напоменам дека овој софтвер како технологија е напредно решение, смарт апликација. Во УЈП веќе разговараме за можноста за користење на овој софтвер за даночни цели, нови услуги на даночните обврзници.

Веднаш по стапувањето на функција, најавивте засилена борба со затајувачите на данок. Од сегашна ваша процена дали затајувањето на даноци е многу поголемо од она што претходната власт го претставуваше?

Токму така, највив бескомпромисна борба со појавите кои претставуваат неплаќање на данок, даночни затајувања и криминалните даночни измами.Во однос на процена колкаво е затајувањето, колкав е гапот, колку данок не е наплатен, првичните податоци со кои располагам говорат дека треба да затвориме повеќе „дупки” кои овозможуваат даночните приходи да не влезат во државниот трезор.

За собирање на даночните приходите во трезорот, во системот на самооданочување прв чекор е секој даночен обврзник да се регистрира, да го пресмета точно својот данок, да поднесе даночна пријава во законски рок и да го плати пресметаниот данок во законскиот рок. Да одиме по овој законски и логичен редослед. Надлежните служби во УЈП ми обезбедија податоци кои покажуваат дека над 2,500 даночни обврзници немаат поднесени даночни пријави за ДДВ за првите петмесеци од годината. Имаме над 800 даночни обврзници со неподнесени даночни биланси за 2023 година. За секој месец од почетокот на годината има над 5,000 работодавачи кои не поднеле месечна пресметка за интегрирана наплата. Тоа значи дека во тие случаи данокот (ДДВ, данок на добивка, данок на личен доход за плата) и придонесите не се пресметани, не се пријавени и не се платени.Друга индикација дека има данок или приходи што се губат и не влегуваат во државниот трезор ни покажува и самата структура на прометите што се прикажани во ДДВ пријавите. Ако ги сумираме податоците од сите ДДВ пријави и ги гледаме како една збирна пријава на ниво на цела држава, повеќе години наназад во таа вкупна пријава речиси секој месец имаме вишок

ДДВ за враќање/поврат, наместо ДДВ долг за плаќање. Тоа се нарекува негативен даночен ефект. Да го појасниме ова поедноставно. Во ДДВ пријавите во првиот дел се искажува реализираниот промет и ДДВ што се должи за тој промет, а во вториот дел се искажува влезниот промет, набавките за кои е платенДДВ.

Разликата меѓу ДДВ што се должи и платениот ДДВ за влезниот промет на крајот на месецот или кварталот е или разлика за доплата / долг, или повеќе платен ДДВ за поврат. Значи, повеќе години наназад, во сите региони и на ниво на цела држава, збирната даночна пријава покажува дека завршуваме со вишок ДДВ за поврат. Вишок ДДВ за поврат вообичаено имаат компаниите коиизвезуваат, компаниите кои се во инвестиции и сл. Но ако е ваква вкупната состојба на ниво на држава, тоа изгледа како нашата економија, нашето стопанство да не создава додадена вредност заоданочување.

Тоа е една сериозна индикација на која треба да се посвети значајно внимание, индикација и прашање дали прометите и данокот во ДДВ пријавите се пријавени точно и целосно, или имаме помалку пресметан, непријавен и неплатен ДДВ и помалку собраниданочни приходи во државниот трезор. Оваа информација особено треба да се земе во контекст на случувањата во блиското минато кога имаше злоупотреби и измами со ДДВ повратот иоштетување на буџетот.

Едноставно вкрстување на податоци во даночните биланси покажа дека има една група даночни обврзници кои во минатите години искористиле даночни олеснувања повеќе отколку што е можеле и со тоа платиле помалку данок на добивка.

Шеми за неплаќање на даночните обврски се прават и со злоупотреби во регулативата и процесите за регистрирање и дерегистрирање на компании и сл.

Очигледно е дека постојат „дупки” каде што се губат даночните приходи заради различни состојби кои претставуваат даночно избегнување и затајување преку непријавување или прикривање на приходи и промет, погрешно и извртено толкување и примена на регулативата,користење на празнини во регулативата и сл. И да се вратам на почеток, затоа најавив силна борба против сите вакви форми на даночно избегнување и даночни измами. УЈП мора да обезбеди рамноправни услови во кои чесните даночни обврзници нема да го носат товарот на полнење на државниот трезор за сметка на другите кои не го плаќаат својот данок. Оваа борба ќе вклучи различни мерки за зајакнување на програмата за даночната контрола, наплатата на заостанатите долгови исанкциите, сѐ до одговорност и казни за секој поединец што презема дејства со кои ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист.

Какви други реформи се планираат во УЈП?

 

Мојата визија и план за УЈП се однесува за реформа во четири столбови или области: даночни приходи, даночни обврзници, даночни службеници и дигитализација. Сега е период кога треба да сеработи на Стратешки план за следниот тригодишен период 2025 – 2028 и таму ќе дадеме јасен приказ на визијата, реформскиот патоказ и проекти.

Може да издвојам неколку проекти кои веќе ги имаме најавено. Веќе формиравме проектен тим и почнавме работа за електронско издавање на уверенија. Со овој проект ќе обезбедиме процесот да обезбеди заштеда на време и трошоци кај даночните обврзници и во УЈП, исти стандарди во постапката во сите регионални дирекции и даночни одделенија, како и бесконтактна услуга. Ќе одиме чекор по чекор, односно едно по едно уверение.

Следно, формиравме проектен тим за унапредување на внатрешните процеси за ДДВ повратот. Ова ќе вклучи и автоматизација на чекори во работниот процес и зајакнување на внатрешнитеконтроли при регистрацијата за ДДВ и одобрување на ДДВ повратот, со цел за поголема заштита на даночните приходи од можни злоупотреби и поголема сигурност на даночните обврзници кои точно пријавуваат и побаруваат средства од вишокот влезен ДДВ.

Веќе го најавивме и проектот е-фактура. Ова ќе биде нова дигитална услуга која ќе го олесни деловното работење на компаниите, а од аспект на даночниот процес овој систем ќе обезбеди податоците за оданочивите промети да доаѓаат до УЈП во реално време и да имаме точно пресметани даночни обврски.

Дигитализацијата како глобална норма и стандард за модерна даночна администрација е предуслов за успешно работење. Колку УЈП е подготвено да се приклучи на овие современи барања и текови?

Дигитализацијата е голем реформски процес кој бара лидерство, голема посветеност, назначени ресурси и раздвојување на оваа реформа од приоритетите од тековното даночно работење. Воизминатите години УЈП потроши доста време, но не направи вистински исчекор да започне дигитализација согласно современите барања и можности. УЈП имаше и доста консултантска помош од меѓународните организации со цел да ја придвижи оваа реформа, дури и целосно подготвена документација – деловни спецификации, па сепак процесот остана да тапка во место.

Но, дигитализацијата во УЈП едноставно мора да почне да се случува, нема простор да се одложува, затоа што и самите даночни обврзници, и други страни со кои УЈП мора да биде поврзана, воведуваат нови дигитални технологии во своето работење. Никој нема да ја чека УЈП. Тука е и притисокот за искористување на финансиски средства од заем од Светска банка со кој се финансираат некои компоненти на новиот интегриран ИТ систем на УЈП.

Во УЈП постои Работно тело за имплементација на нов интегриран ИТ систем, кое е поврзано со исто такво Работно тело и Проектна канцеларија во Министерството за финансии. По моето назначување работиме на дневна основа со ова тело за да го „откочиме” процесот и активностите поврзани со реформата за дигитализација да започат да се одвиваат со дневно темпо и рутина.

Се најавува и дека се бара начин како да се оданочи производството во домашни услови, односно оние што произведуваат торти и колачи, изработувачите на накит, како и за лицата што поставуваат кафемати?

За овие дејности има законски начин на оданочување, односно т.н паушално оданочување на дејности од времен карактер.Но,очигледно затаиле некои механизми штом има толку многу неоданочени даночни обврзници.Прво ќе се оди кон информирање на даночните обврзници и нивните обврски.Паушалот ќе биде различен, ќе се прават пресметки, во зависност од местото каде што се врши дејноста, бројот на часови, односно сразмерно на приходите што може да се остварат од вршењето на дејноста-објаснува Петрова за „Република“.

Во таа наскока е и онлајн шопинот и оданочување на сите што продаваат производи преку Фејсбук и Инстаграм.

Сега сивата економија од пазарите и улиците се префрли на интернет и оваа област бара засилен фокус на УЈП преку информирање кои се нивните законски обврски а потоа и контроли.Како едно среднорочно решение за онлајн тровијата е планирано во рамките на системот за е-фактура да бидат приклучени сите тие продавачи преку законска обврска.Документите што ќе се издаваат за еден таков реализиран промет да бидат фискализирани, што значи дека пред да бидат издадени на купувачот да поминат низ системот на УЈП-открива Петрова за „Република“.

Дали УЈП има можности да имплементира многу посигурни системи за известување за даночните обврски и е-услуги?

Кога зборуваме за посигурни системи за известување и е-услуги мислиме на нови дигитални солуции, како на пример систем за е-фактура, е-плаќање, е-издавање на документи, кои ќе овозможат поврзаност и комуницирање на УЈП со „природните” системи на даночните обврзници и преземање на трансакции, односно, процесите на оданочување и известување до УЈП ќе се преместат во системите на даночните обврзници како вграден дел од нивното бизнис работење.Пресметувањето на даночните обврски на некој начин ќе биде интегрирано во самото деловно работење, во системите на даночните обврзници кои ќе бидат поврзани со УЈП.

Ваквите нови дигитални солуции ќе ги вклучуваат во себе правилата за пресметување на данокот и тоа ќе биде гаранција дека данокот ќе биде пресметан точно, во точен износ, а известувањето до УЈП ќе се случи во реално време, тогаш кога настанува оданочивиот промет, или приход.Вакви нови редизајнирани процеси за пресметување на даночните обврски и пријавување или известување до УЈП треба да бидат придобивка од дигитализацијата на УЈП.

Дали ќе продолжите со праксата за објавување на листите на должници и дали според вас тие листи се зголемуваат или намалуваат, односно дали јавното објавување на даночните должници има некој ефект врз намалување на нивниот број?

Оваа пракса ќе продолжи, но и ќе ја надополниме со објавување на даночен рејтинг, со што ќе ги промовираме и позитивните обрасци (примери) за усогласено даночно однесување.За ефектот од објавата врз намалување на бројот на должници, ако мислите на тоа дали некој должник го „расчистува” долгот по основ на даноци под притисок на јавната објава, сметам дека кај нас сеуште нема таков даночен морал. Бидејќи работев во функцијата наплата на долгови, можам да кажам дека има должници кои навистина навлегле во некои деловни потешкотии и изнаоѓаат модуси за плаќање на даночниот долг за да можат нормално да ја вршат својата стопанска дејност, но има и такви кои попрво се насочени кон тоа деловниот потфат да го продолжат под нова фирма, да ги пренесат своите средства на други лица и сл., отколку да најдат начин за плаќање на заостанатиот даночен долг. Генерално, ефектот од јавната објава доаѓа повеќе како реакција од чесните даночни обврзници кои редовно ги плаќаат своите даночни долгови и, во тој контекс, УЈП мора да покаже дека своите законски овластувања за наплата на заостанатите долгови ги применува неселективно, ажурно и ефективно.

Што се однесува до тенденцијата, нагорна или надолна, на бројот на должници, генерално низ годините на листата има намален број на должници. Во текот на една година, односно од месец во месец бројката на должници и износот на долгот зависат од тоа за кој месец станува збор. Имаме месеци кога доспеваат обврски на тримесечни ДДВ обврзници, потоа имаме месец кога доспеваат обврските по годишните даночни биланси, па во тие месеци вообичаено има некое зголемување на бројот на должници и износот на долгот.

Можам да наведам и дека оваа листа треба да помине низ едно големо чистење за да ги прикажува оние долгови кои се реално наплативи. На листата сега се објавени починати физички лица, неактивни фирми и сл.

Пред неколку дена имавте средба со сметководителите. Што слушнавте од нив, се научија ли граѓаните и фирмите навремено и точно да плаќаат данок?

За да се научат граѓаните и фирмите, односно даночните обврзници, навремено и точно да плаќаат данок, важна улога имаат повеќе фактори.Еден фактор е даночните обврзници да имаа лесно достапни информации за своите обврски и начинот на исполнување на тие обврски. Тука не мислам само на едноставни информации од типот на рокови, обрасци, начин на уплата и сл., туку и на информации кои ќе обезбедат поголемасигурност на даночните обврзници како треба да се постапува од даночен аспект за одредена деловна трансакција. Комуникацијата меѓу даночните обврзници и УЈП е клучна, за да се намали јазот во нивното знаење и да се обезбеди влијание кое ќе води кон даночна усогласеност (точно пресметување и плаќање на даночната обврска). Од овој аспект, сметководителите се значајна таргет група за УЈП, бидејќи тие имаат советодавна и посредничка улога меѓу УЈП и даночните обврзници. УЈП треба да соработува со сметководителите за да добие уверување дека даночните обврзници добиваат кредибилни совети и услуги од сметководителите.

Освен овие информации со кои се гради свеста на данчните обврзници за нивните даночни обврски, има и други фактори кои влијаат на тоа даночните обврзници да научат да ги плаќаат навремено даноците. Таа друга група фактори се нарекува даночен морал. Даночниот морал претставува збир на прифатени норми, вредности и вреднувања кои го создаваат моделот на однесување на даночниот обврзник.

Даночниот морал се гради генерално на темел на она што претставува опкружување, разни социо-економски и институционални фактори: степенот на даночно оптоварување, корисноста на јавните расходи, согледувањето на придобивките од плаќањето даноци, перцепцијата за однесувањето на другите обврзници – дали ги плаќаат или ги избегнуваат даночнитеобврски, нивото на сивата економија, перцепција за ризикот за откривање на незаконско однесување, постоењето или недостатокот на санкции за затајувачите, нивото на корупцијата и др. Во врска со сите овие фактори сите сме свесни дека се потребни трансформативни промени во нашетоопштество кои, меѓудругото ќе водат и кон повисок даночен морал.

Што се случува со аферата која го откри ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци а во кој наводно беше вмешаната и поранешната директорка Лукаревска за поврат на 22 милиони евра поврат на ДДВ?

Ги очекувам информациите за сите постапки иницирани од УЈП пред истражните органи и надлежните јавни обвинителства.УЈП има обврска до надлежното јавно обвинителство да поднесе кривична пријава во случаи во кои, врз основа на информации до кои ќе дојде, ќе има сомнение за даночно затајување или друго кривично дело, како што се фалсификување на исправа, симнување или оштетување на службен печат и др.

Во тек на надворешна контрола, ако постои сомнение за даночно казниво работење УЈП поднесува кривична пријава или пак соработува со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи, особено во случаите кога даночниот обврзник избегнува да соработува и да ја обезбеди потребната книговодствена документација за контрола, односно случаи бараат примена на истражни мерки. Но, УЈП мора да има и повратен механизам и собирање на повратни инфромации за исходот на сите овие постапки.

Врз основа на информациите со кои располагам, само за сомнение за кривично дело даночно затајување бројката на поднесени кривични пријави од страна на УЈП изнесува: во 2020 год. 11 кривични пријави притив 12 правни лица и 13 одговорни лица, во 2021 год. 12 кривични пријави против 12 правни лица и 24 одговорни лица, во 2022 год. 12 кривични пријави против 4 правни лица и 11 одговорни лица и во 2023 год. 5 кривични пријави против 7 правни лица и 9 одговорни лица, за затаен данок во вкупен износ од 345 милиони денари (5,6 милиони евра). Отворено прашање е што значат овие бројки, дали е доволен капацитетот на службениците во УЈП за распознавање на сомнителните дејства.

Вие доаѓате внатре од УЈП. Знаете како било пред доаѓањето на Лукаревска и што затековте после нејзиното менаџирање. Се соочувате ли со проблем на партиски и нестручни кадри?

За состојбата што ја затекнав во делот на кадрите, врз основа на податоците кои ги добив од СЧР, можам слободно да кажам дека во УЈП се правени „акробации” за да се обезбеди отворен влез во УЈП на некои конкретни службеници. Прво, прашање кое треба да се препровери е и дали биле годишните планови за вработување биле навремено изготвувани согласно потребите на функциите.

УЈП нема годишен план за вработување за 2024 год. Во однос на „акробациите” кои ги споменав, како пример ќе наведам дека голем број службеници се вработени во УЈП преку мобилност, односно со преземање од други државни и јавни органи и тела. Да, тоа е легитимна, регуларна постапка. Но, ако навлезе подлабоко, ќе може да се види дека службеникот билангажиран во УЈП одреден период по договор на дело или преку АПВ, а потоа е вработен со преземање од некое јавно комунално претпријатие или општина, па се поставува прашање како е возможно и да бил ангажиран во УЈП и во исто време да бил вработен во друг орган? Или, службеник со место на живеење во Скопје е вработен со преземање од општина Кривогаштани. Ева таквите примери покажуваат дека има случаи за кои регрутацијата не била транспарентна, не било овозможено слободно пријавување и учество на разни кандидати и избор меѓу повеќе кандидати кои исполнуваат услови, туку регрутацијата се однесувала на точно определни лица по партиска или друга линија.

Ако се оди понатаму, голем број од овие службеници се распоредени директно на позиции со повисоки звања, или имале брзи унапредувања после вработувањето во УЈП, за разлика од постојните вработени во УЈП кои со години назад стоеле на иста позиција во својот кариерен развој. Ова доведе до еден внатрешен раздор и создавање на токсична работна средина.Што се однесува до прашањето за стручноста на тие службеници, не е спроведено оценувањето на службениците. Но ако ги гледаме резултатите од работењето глобално, на ниво на некои функции и некои регионални дирекции резултатите се многу лоши, по неколку години стојат отворени работни налози, незапочнати постапки, или започнати, а незавршени, оддолжени постапки.

Информациите кои ги имам ги доставив до организационите единици во УЈП надлежни за внатрешна ревизија и внатрешна контрола (професионални стандарди) и ова понатаму ќе се спушти и на ниво на преиспитување на учинокот и резултатите од вработењето, кои се директен одраз на професионалноста и стручноста на конкретни вработени.

Паралелно со овие процеси на ревизија и контрола, мојот план како директор е да имплементираме регуларни институционални механизми за поддршка на професионалниот развој на вработените, УЈП да ја врати препознатливоста на даночните службеници по нивниот професионализам и интегритет. Една од тие мерки ќе биде воведување на постапка за лиценцирање на даночните инспектори.

https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY

 

 

The post Петрова: Предизвиците на УЈП се борба со затајувачите на данок и силен човечки капацитет appeared first on Република.

]]>

Борбата против затајувачите на данок ќе биде бескомпромисна. Праксата на објавување на листата на должници ќе продолжи, но ќе ја надополниме со објавување на лица со даночен рејтинг, односно позитивните примери, најавува директорката на УЈП Елена Петрова. Таа во интевјуто за „Република“ говори што затекнала во Управата за јавни приходи и во кој правец треба да се развива во иднина. Повратот на „Мој ДДВ“ е нешто што најмногу ги интересира граѓаните. Дали има некои измени во спроведувањето на оваа мерка, во поглед на начинот на реализација, сумата на поврат?
Најнапред би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2023 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот. За прашањето дали ќе има измени во спроведувањето на оваа мерка до сега слушнавме појаснувања и од Премиерот и од Министерката за финансии, и тоа дека оваа мерка ќе остане и ќе се надгради со други исплати кон таргет групи на граѓани. Toa прашање не може да се адресира на УЈП, затоа што исплатата на буџетски средства на граѓаните врз основа на скенирање на фискални сметки преку систем Мој ДДВ по својата суштина е економско-социјална мерка. Што се однесува до даночниот аспект, даночниот карактер на оваа мерка е индиректен, преку очекувано влијание врз мотивацијата и свеста на граѓаните да бараат фискални сметки кога набавуваат разни добра и услуги и да вршат„притисок” врз продавачите да го регистрираат готовинскиот промет со што ја регистрираат и обврската за плаќање на ДДВ во државниот трезор. Во однос на влијанието на оваа мерка од даночен аспект, дали е постигнато зголемено пријавување на готовинскиот промет, јавноста е доволно свесна дека нема дисциплина воиздавањето на фискални сметки. Очигледно е, ноторен факт е дека многу регистрирани трговци иугостители не издаваат фискални сметки, како и лица кои нерегистрирано вршат некаква дејност. Има и појави на издавање на сметки кои не се фискални и сл. Ова потврдува дека мерката Мој ДДВ од даночен аспект е далеку од најавата дека секој граѓанин ќе биде даночен инспектор и дека оваа мерка ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, а непријавувањето на готовинскиот промет е една, но по обем најголема појавна форма на сивата економија.
Викенд без ДДВ е нешто што СДСМ го спроведе само еден викенд, но наиде на добар одзив кај граѓаните. Дали постои можност повторно да се реализира ваква акција?
Ова е во иста линија со претходното прашање. И мерката „Викенд без ДДВ” се реализираше преку скенирање на фискални сметки. Овие мерки се економско-социјални мерки.УЈП како даночен орган нема надлежност да креира политика за спроведување на вакви мерки.УЈП го хостира апликативниот софтвер за Мој ДДВ и дава услуги на граѓаните поврзани сокористењето на софтверот. Преку овој софтвер во УЈП се собираат податоците за скенираните фискални сметки и УЈП го менаџира процесот за исплата врз основа на собраните податоци.Ако или кога Владата преку надлежните министерства ќе донесе нови мерки кои ќе може да сеспроведуваат преку овој систем, УЈП ќе треба да прави соодветни прилагодувања и надградби на софтверот.При тоа мора да напоменам дека овој софтвер како технологија е напредно решение, смарт апликација. Во УЈП веќе разговараме за можноста за користење на овој софтвер за даночни цели, нови услуги на даночните обврзници.
Веднаш по стапувањето на функција, најавивте засилена борба со затајувачите на данок. Од сегашна ваша процена дали затајувањето на даноци е многу поголемо од она што претходната власт го претставуваше?
Токму така, највив бескомпромисна борба со појавите кои претставуваат неплаќање на данок, даночни затајувања и криминалните даночни измами.Во однос на процена колкаво е затајувањето, колкав е гапот, колку данок не е наплатен, првичните податоци со кои располагам говорат дека треба да затвориме повеќе „дупки” кои овозможуваат даночните приходи да не влезат во државниот трезор. За собирање на даночните приходите во трезорот, во системот на самооданочување прв чекор е секој даночен обврзник да се регистрира, да го пресмета точно својот данок, да поднесе даночна пријава во законски рок и да го плати пресметаниот данок во законскиот рок. Да одиме по овој законски и логичен редослед. Надлежните служби во УЈП ми обезбедија податоци кои покажуваат дека над 2,500 даночни обврзници немаат поднесени даночни пријави за ДДВ за првите петмесеци од годината. Имаме над 800 даночни обврзници со неподнесени даночни биланси за 2023 година. За секој месец од почетокот на годината има над 5,000 работодавачи кои не поднеле месечна пресметка за интегрирана наплата. Тоа значи дека во тие случаи данокот (ДДВ, данок на добивка, данок на личен доход за плата) и придонесите не се пресметани, не се пријавени и не се платени.Друга индикација дека има данок или приходи што се губат и не влегуваат во државниот трезор ни покажува и самата структура на прометите што се прикажани во ДДВ пријавите. Ако ги сумираме податоците од сите ДДВ пријави и ги гледаме како една збирна пријава на ниво на цела држава, повеќе години наназад во таа вкупна пријава речиси секој месец имаме вишок ДДВ за враќање/поврат, наместо ДДВ долг за плаќање. Тоа се нарекува негативен даночен ефект. Да го појасниме ова поедноставно. Во ДДВ пријавите во првиот дел се искажува реализираниот промет и ДДВ што се должи за тој промет, а во вториот дел се искажува влезниот промет, набавките за кои е платенДДВ. Разликата меѓу ДДВ што се должи и платениот ДДВ за влезниот промет на крајот на месецот или кварталот е или разлика за доплата / долг, или повеќе платен ДДВ за поврат. Значи, повеќе години наназад, во сите региони и на ниво на цела држава, збирната даночна пријава покажува дека завршуваме со вишок ДДВ за поврат. Вишок ДДВ за поврат вообичаено имаат компаниите коиизвезуваат, компаниите кои се во инвестиции и сл. Но ако е ваква вкупната состојба на ниво на држава, тоа изгледа како нашата економија, нашето стопанство да не создава додадена вредност заоданочување. Тоа е една сериозна индикација на која треба да се посвети значајно внимание, индикација и прашање дали прометите и данокот во ДДВ пријавите се пријавени точно и целосно, или имаме помалку пресметан, непријавен и неплатен ДДВ и помалку собраниданочни приходи во државниот трезор. Оваа информација особено треба да се земе во контекст на случувањата во блиското минато кога имаше злоупотреби и измами со ДДВ повратот иоштетување на буџетот. Едноставно вкрстување на податоци во даночните биланси покажа дека има една група даночни обврзници кои во минатите години искористиле даночни олеснувања повеќе отколку што е можеле и со тоа платиле помалку данок на добивка. Шеми за неплаќање на даночните обврски се прават и со злоупотреби во регулативата и процесите за регистрирање и дерегистрирање на компании и сл. Очигледно е дека постојат „дупки” каде што се губат даночните приходи заради различни состојби кои претставуваат даночно избегнување и затајување преку непријавување или прикривање на приходи и промет, погрешно и извртено толкување и примена на регулативата,користење на празнини во регулативата и сл. И да се вратам на почеток, затоа најавив силна борба против сите вакви форми на даночно избегнување и даночни измами. УЈП мора да обезбеди рамноправни услови во кои чесните даночни обврзници нема да го носат товарот на полнење на државниот трезор за сметка на другите кои не го плаќаат својот данок. Оваа борба ќе вклучи различни мерки за зајакнување на програмата за даночната контрола, наплатата на заостанатите долгови исанкциите, сѐ до одговорност и казни за секој поединец што презема дејства со кои ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист.
Какви други реформи се планираат во УЈП?  
Мојата визија и план за УЈП се однесува за реформа во четири столбови или области: даночни приходи, даночни обврзници, даночни службеници и дигитализација. Сега е период кога треба да сеработи на Стратешки план за следниот тригодишен период 2025 – 2028 и таму ќе дадеме јасен приказ на визијата, реформскиот патоказ и проекти. Може да издвојам неколку проекти кои веќе ги имаме најавено. Веќе формиравме проектен тим и почнавме работа за електронско издавање на уверенија. Со овој проект ќе обезбедиме процесот да обезбеди заштеда на време и трошоци кај даночните обврзници и во УЈП, исти стандарди во постапката во сите регионални дирекции и даночни одделенија, како и бесконтактна услуга. Ќе одиме чекор по чекор, односно едно по едно уверение. Следно, формиравме проектен тим за унапредување на внатрешните процеси за ДДВ повратот. Ова ќе вклучи и автоматизација на чекори во работниот процес и зајакнување на внатрешнитеконтроли при регистрацијата за ДДВ и одобрување на ДДВ повратот, со цел за поголема заштита на даночните приходи од можни злоупотреби и поголема сигурност на даночните обврзници кои точно пријавуваат и побаруваат средства од вишокот влезен ДДВ. Веќе го најавивме и проектот е-фактура. Ова ќе биде нова дигитална услуга која ќе го олесни деловното работење на компаниите, а од аспект на даночниот процес овој систем ќе обезбеди податоците за оданочивите промети да доаѓаат до УЈП во реално време и да имаме точно пресметани даночни обврски.
Дигитализацијата како глобална норма и стандард за модерна даночна администрација е предуслов за успешно работење. Колку УЈП е подготвено да се приклучи на овие современи барања и текови?
Дигитализацијата е голем реформски процес кој бара лидерство, голема посветеност, назначени ресурси и раздвојување на оваа реформа од приоритетите од тековното даночно работење. Воизминатите години УЈП потроши доста време, но не направи вистински исчекор да започне дигитализација согласно современите барања и можности. УЈП имаше и доста консултантска помош од меѓународните организации со цел да ја придвижи оваа реформа, дури и целосно подготвена документација – деловни спецификации, па сепак процесот остана да тапка во место. Но, дигитализацијата во УЈП едноставно мора да почне да се случува, нема простор да се одложува, затоа што и самите даночни обврзници, и други страни со кои УЈП мора да биде поврзана, воведуваат нови дигитални технологии во своето работење. Никој нема да ја чека УЈП. Тука е и притисокот за искористување на финансиски средства од заем од Светска банка со кој се финансираат некои компоненти на новиот интегриран ИТ систем на УЈП. Во УЈП постои Работно тело за имплементација на нов интегриран ИТ систем, кое е поврзано со исто такво Работно тело и Проектна канцеларија во Министерството за финансии. По моето назначување работиме на дневна основа со ова тело за да го „откочиме” процесот и активностите поврзани со реформата за дигитализација да започат да се одвиваат со дневно темпо и рутина.
Се најавува и дека се бара начин како да се оданочи производството во домашни услови, односно оние што произведуваат торти и колачи, изработувачите на накит, како и за лицата што поставуваат кафемати?
За овие дејности има законски начин на оданочување, односно т.н паушално оданочување на дејности од времен карактер.Но,очигледно затаиле некои механизми штом има толку многу неоданочени даночни обврзници.Прво ќе се оди кон информирање на даночните обврзници и нивните обврски.Паушалот ќе биде различен, ќе се прават пресметки, во зависност од местото каде што се врши дејноста, бројот на часови, односно сразмерно на приходите што може да се остварат од вршењето на дејноста-објаснува Петрова за „Република“.
Во таа наскока е и онлајн шопинот и оданочување на сите што продаваат производи преку Фејсбук и Инстаграм.
Сега сивата економија од пазарите и улиците се префрли на интернет и оваа област бара засилен фокус на УЈП преку информирање кои се нивните законски обврски а потоа и контроли.Како едно среднорочно решение за онлајн тровијата е планирано во рамките на системот за е-фактура да бидат приклучени сите тие продавачи преку законска обврска.Документите што ќе се издаваат за еден таков реализиран промет да бидат фискализирани, што значи дека пред да бидат издадени на купувачот да поминат низ системот на УЈП-открива Петрова за „Република“.
Дали УЈП има можности да имплементира многу посигурни системи за известување за даночните обврски и е-услуги?
Кога зборуваме за посигурни системи за известување и е-услуги мислиме на нови дигитални солуции, како на пример систем за е-фактура, е-плаќање, е-издавање на документи, кои ќе овозможат поврзаност и комуницирање на УЈП со „природните” системи на даночните обврзници и преземање на трансакции, односно, процесите на оданочување и известување до УЈП ќе се преместат во системите на даночните обврзници како вграден дел од нивното бизнис работење.Пресметувањето на даночните обврски на некој начин ќе биде интегрирано во самото деловно работење, во системите на даночните обврзници кои ќе бидат поврзани со УЈП. Ваквите нови дигитални солуции ќе ги вклучуваат во себе правилата за пресметување на данокот и тоа ќе биде гаранција дека данокот ќе биде пресметан точно, во точен износ, а известувањето до УЈП ќе се случи во реално време, тогаш кога настанува оданочивиот промет, или приход.Вакви нови редизајнирани процеси за пресметување на даночните обврски и пријавување или известување до УЈП треба да бидат придобивка од дигитализацијата на УЈП.
Дали ќе продолжите со праксата за објавување на листите на должници и дали според вас тие листи се зголемуваат или намалуваат, односно дали јавното објавување на даночните должници има некој ефект врз намалување на нивниот број?
Оваа пракса ќе продолжи, но и ќе ја надополниме со објавување на даночен рејтинг, со што ќе ги промовираме и позитивните обрасци (примери) за усогласено даночно однесување.За ефектот од објавата врз намалување на бројот на должници, ако мислите на тоа дали некој должник го „расчистува” долгот по основ на даноци под притисок на јавната објава, сметам дека кај нас сеуште нема таков даночен морал. Бидејќи работев во функцијата наплата на долгови, можам да кажам дека има должници кои навистина навлегле во некои деловни потешкотии и изнаоѓаат модуси за плаќање на даночниот долг за да можат нормално да ја вршат својата стопанска дејност, но има и такви кои попрво се насочени кон тоа деловниот потфат да го продолжат под нова фирма, да ги пренесат своите средства на други лица и сл., отколку да најдат начин за плаќање на заостанатиот даночен долг. Генерално, ефектот од јавната објава доаѓа повеќе како реакција од чесните даночни обврзници кои редовно ги плаќаат своите даночни долгови и, во тој контекс, УЈП мора да покаже дека своите законски овластувања за наплата на заостанатите долгови ги применува неселективно, ажурно и ефективно. Што се однесува до тенденцијата, нагорна или надолна, на бројот на должници, генерално низ годините на листата има намален број на должници. Во текот на една година, односно од месец во месец бројката на должници и износот на долгот зависат од тоа за кој месец станува збор. Имаме месеци кога доспеваат обврски на тримесечни ДДВ обврзници, потоа имаме месец кога доспеваат обврските по годишните даночни биланси, па во тие месеци вообичаено има некое зголемување на бројот на должници и износот на долгот. Можам да наведам и дека оваа листа треба да помине низ едно големо чистење за да ги прикажува оние долгови кои се реално наплативи. На листата сега се објавени починати физички лица, неактивни фирми и сл.
Пред неколку дена имавте средба со сметководителите. Што слушнавте од нив, се научија ли граѓаните и фирмите навремено и точно да плаќаат данок?
За да се научат граѓаните и фирмите, односно даночните обврзници, навремено и точно да плаќаат данок, важна улога имаат повеќе фактори.Еден фактор е даночните обврзници да имаа лесно достапни информации за своите обврски и начинот на исполнување на тие обврски. Тука не мислам само на едноставни информации од типот на рокови, обрасци, начин на уплата и сл., туку и на информации кои ќе обезбедат поголемасигурност на даночните обврзници како треба да се постапува од даночен аспект за одредена деловна трансакција. Комуникацијата меѓу даночните обврзници и УЈП е клучна, за да се намали јазот во нивното знаење и да се обезбеди влијание кое ќе води кон даночна усогласеност (точно пресметување и плаќање на даночната обврска). Од овој аспект, сметководителите се значајна таргет група за УЈП, бидејќи тие имаат советодавна и посредничка улога меѓу УЈП и даночните обврзници. УЈП треба да соработува со сметководителите за да добие уверување дека даночните обврзници добиваат кредибилни совети и услуги од сметководителите. Освен овие информации со кои се гради свеста на данчните обврзници за нивните даночни обврски, има и други фактори кои влијаат на тоа даночните обврзници да научат да ги плаќаат навремено даноците. Таа друга група фактори се нарекува даночен морал. Даночниот морал претставува збир на прифатени норми, вредности и вреднувања кои го создаваат моделот на однесување на даночниот обврзник. Даночниот морал се гради генерално на темел на она што претставува опкружување, разни социо-економски и институционални фактори: степенот на даночно оптоварување, корисноста на јавните расходи, согледувањето на придобивките од плаќањето даноци, перцепцијата за однесувањето на другите обврзници – дали ги плаќаат или ги избегнуваат даночнитеобврски, нивото на сивата економија, перцепција за ризикот за откривање на незаконско однесување, постоењето или недостатокот на санкции за затајувачите, нивото на корупцијата и др. Во врска со сите овие фактори сите сме свесни дека се потребни трансформативни промени во нашетоопштество кои, меѓудругото ќе водат и кон повисок даночен морал.
Што се случува со аферата која го откри ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци а во кој наводно беше вмешаната и поранешната директорка Лукаревска за поврат на 22 милиони евра поврат на ДДВ?
Ги очекувам информациите за сите постапки иницирани од УЈП пред истражните органи и надлежните јавни обвинителства.УЈП има обврска до надлежното јавно обвинителство да поднесе кривична пријава во случаи во кои, врз основа на информации до кои ќе дојде, ќе има сомнение за даночно затајување или друго кривично дело, како што се фалсификување на исправа, симнување или оштетување на службен печат и др. Во тек на надворешна контрола, ако постои сомнение за даночно казниво работење УЈП поднесува кривична пријава или пак соработува со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи, особено во случаите кога даночниот обврзник избегнува да соработува и да ја обезбеди потребната книговодствена документација за контрола, односно случаи бараат примена на истражни мерки. Но, УЈП мора да има и повратен механизам и собирање на повратни инфромации за исходот на сите овие постапки. Врз основа на информациите со кои располагам, само за сомнение за кривично дело даночно затајување бројката на поднесени кривични пријави од страна на УЈП изнесува: во 2020 год. 11 кривични пријави притив 12 правни лица и 13 одговорни лица, во 2021 год. 12 кривични пријави против 12 правни лица и 24 одговорни лица, во 2022 год. 12 кривични пријави против 4 правни лица и 11 одговорни лица и во 2023 год. 5 кривични пријави против 7 правни лица и 9 одговорни лица, за затаен данок во вкупен износ од 345 милиони денари (5,6 милиони евра). Отворено прашање е што значат овие бројки, дали е доволен капацитетот на службениците во УЈП за распознавање на сомнителните дејства.
Вие доаѓате внатре од УЈП. Знаете како било пред доаѓањето на Лукаревска и што затековте после нејзиното менаџирање. Се соочувате ли со проблем на партиски и нестручни кадри?
За состојбата што ја затекнав во делот на кадрите, врз основа на податоците кои ги добив од СЧР, можам слободно да кажам дека во УЈП се правени „акробации” за да се обезбеди отворен влез во УЈП на некои конкретни службеници. Прво, прашање кое треба да се препровери е и дали биле годишните планови за вработување биле навремено изготвувани согласно потребите на функциите. УЈП нема годишен план за вработување за 2024 год. Во однос на „акробациите” кои ги споменав, како пример ќе наведам дека голем број службеници се вработени во УЈП преку мобилност, односно со преземање од други државни и јавни органи и тела. Да, тоа е легитимна, регуларна постапка. Но, ако навлезе подлабоко, ќе може да се види дека службеникот билангажиран во УЈП одреден период по договор на дело или преку АПВ, а потоа е вработен со преземање од некое јавно комунално претпријатие или општина, па се поставува прашање како е возможно и да бил ангажиран во УЈП и во исто време да бил вработен во друг орган? Или, службеник со место на живеење во Скопје е вработен со преземање од општина Кривогаштани. Ева таквите примери покажуваат дека има случаи за кои регрутацијата не била транспарентна, не било овозможено слободно пријавување и учество на разни кандидати и избор меѓу повеќе кандидати кои исполнуваат услови, туку регрутацијата се однесувала на точно определни лица по партиска или друга линија. Ако се оди понатаму, голем број од овие службеници се распоредени директно на позиции со повисоки звања, или имале брзи унапредувања после вработувањето во УЈП, за разлика од постојните вработени во УЈП кои со години назад стоеле на иста позиција во својот кариерен развој. Ова доведе до еден внатрешен раздор и создавање на токсична работна средина.Што се однесува до прашањето за стручноста на тие службеници, не е спроведено оценувањето на службениците. Но ако ги гледаме резултатите од работењето глобално, на ниво на некои функции и некои регионални дирекции резултатите се многу лоши, по неколку години стојат отворени работни налози, незапочнати постапки, или започнати, а незавршени, оддолжени постапки. Информациите кои ги имам ги доставив до организационите единици во УЈП надлежни за внатрешна ревизија и внатрешна контрола (професионални стандарди) и ова понатаму ќе се спушти и на ниво на преиспитување на учинокот и резултатите од вработењето, кои се директен одраз на професионалноста и стручноста на конкретни вработени. Паралелно со овие процеси на ревизија и контрола, мојот план како директор е да имплементираме регуларни институционални механизми за поддршка на професионалниот развој на вработените, УЈП да ја врати препознатливоста на даночните службеници по нивниот професионализам и интегритет. Една од тие мерки ќе биде воведување на постапка за лиценцирање на даночните инспектори.
https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY    

The post Петрова: Предизвиците на УЈП се борба со затајувачите на данок и силен човечки капацитет appeared first on Република.

]]>
Петрова: Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ нема да почне пред да има ребаланс на буџетот https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-isplatata-na-parite-od-moj-ddv-nema-da-pochne-pred-da-ima-rebalans-na-budhetot/ Mon, 29 Jul 2024 13:28:14 +0000 https://republika.mk/?p=801350

Исплатата на парите од „мој ДДВ“ нема да започне пред да има ребаланс на буџетот, појаснува директорката на УЈП Елена Петрова за она што најмногу ги интересира граѓаните.

Таа вели дека со сегашниот буџет не се предвидени средства за исплата и оти е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечије.

https://www.youtube.com/watch?v=RuHvpd2cC18

Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2024 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот-објаснува Петрова во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.

 

The post Петрова: Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ нема да почне пред да има ребаланс на буџетот appeared first on Република.

]]>

Исплатата на парите од „мој ДДВ“ нема да започне пред да има ребаланс на буџетот, појаснува директорката на УЈП Елена Петрова за она што најмногу ги интересира граѓаните. Таа вели дека со сегашниот буџет не се предвидени средства за исплата и оти е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечије. https://www.youtube.com/watch?v=RuHvpd2cC18
Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2024 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот-објаснува Петрова во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.
 

The post Петрова: Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ нема да почне пред да има ребаланс на буџетот appeared first on Република.

]]>
Петрова ја презеде директорската функција во УЈП https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-ja-prezede-direktorskata-funktsija-vo-ujp/ Mon, 01 Jul 2024 11:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=792392

Елена Петрова денеска формално ја презеде функцијата директор на Управата за јавни приходи од заменик-директорот Мевљудин Синани.

Елена Петрова е професионалец со долгогодишно работно искуство во УЈП, која во моментот на назначувањето беше Раководител на Секторот за наплата и управување со долгови, соопштија денеска од УЈП.

Директорката Елена Петрова изјавила дека нејзина долгорочна и стратешка агенда е трансформацијата на УЈП, создавање „нов лик” на УЈП, „нов амбиент” и за даночните обврзници, за даночните службеници и за соработниците на даночната администрација.

Во УЈП ќе поттикнам динамичен курс на работа со цел за дигитализација и трансформација, за да обезбедиме плаќањето данок и услугите од УЈП да бидат најмало можно административно оптоварување, а што повеќе да бидат „природно” вградени во деловните системи на компаниите и на „близок дофат” на граѓаните, изјавила Петрова.

Обраќајќи им се на даночните обврзници, Петрова истакнала дека ќе негува кооперативност со даночните обврзници преку мрежи за директна соработка и отворена дебата за сите заеднички предизвици во плаќањето даноци и остварувањето на даночните права.

Даночните обврзници спроти себе нема да имаат бирократи кои настапуваат од позиција на моќ, туку администрација која обезбедува лесно достапни информации, едноставни алатки и директна помош кои ќе водат кон точно плаќање на даночните обврски и лесно и брзо оставрување на своите права, нагласила таа.

Новата директорка на УЈП ќе се залага за интензивна соработка со меѓународните организации, експертската јавност, медиумите и други засегнати страни, со цел со заеднички напори да оствариме позитивно влијание, зголемена даночна свест и даночен морал во општеството.

Петрова најавила и бескомпромисна борба со неплаќачите и затајувачите на данок и криминалните даночни измами, како и одговорност и казни за секој што ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист.

The post Петрова ја презеде директорската функција во УЈП appeared first on Република.

]]>

Елена Петрова денеска формално ја презеде функцијата директор на Управата за јавни приходи од заменик-директорот Мевљудин Синани.
Елена Петрова е професионалец со долгогодишно работно искуство во УЈП, која во моментот на назначувањето беше Раководител на Секторот за наплата и управување со долгови, соопштија денеска од УЈП.
Директорката Елена Петрова изјавила дека нејзина долгорочна и стратешка агенда е трансформацијата на УЈП, создавање „нов лик” на УЈП, „нов амбиент” и за даночните обврзници, за даночните службеници и за соработниците на даночната администрација.
Во УЈП ќе поттикнам динамичен курс на работа со цел за дигитализација и трансформација, за да обезбедиме плаќањето данок и услугите од УЈП да бидат најмало можно административно оптоварување, а што повеќе да бидат „природно” вградени во деловните системи на компаниите и на „близок дофат” на граѓаните, изјавила Петрова.
Обраќајќи им се на даночните обврзници, Петрова истакнала дека ќе негува кооперативност со даночните обврзници преку мрежи за директна соработка и отворена дебата за сите заеднички предизвици во плаќањето даноци и остварувањето на даночните права.
Даночните обврзници спроти себе нема да имаат бирократи кои настапуваат од позиција на моќ, туку администрација која обезбедува лесно достапни информации, едноставни алатки и директна помош кои ќе водат кон точно плаќање на даночните обврски и лесно и брзо оставрување на своите права, нагласила таа.
Новата директорка на УЈП ќе се залага за интензивна соработка со меѓународните организации, експертската јавност, медиумите и други засегнати страни, со цел со заеднички напори да оствариме позитивно влијание, зголемена даночна свест и даночен морал во општеството. Петрова најавила и бескомпромисна борба со неплаќачите и затајувачите на данок и криминалните даночни измами, како и одговорност и казни за секој што ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист.

The post Петрова ја презеде директорската функција во УЈП appeared first on Република.

]]>
Новата директорка на УЈП, Петрова: Мобилизација на даночните приходи кои се најважен финансиски инпут за реализација на владините политики за посилна економија https://republika.mk/vesti/ekonomija/novata-direktorka-na-ujp-petrova-mobilizatsija-na-danochnite-prihodi-koi-se-najvazhen-finansiski-input-za-realizatsija-na-vladinite-politiki-za-posilna-ekonomija/ Fri, 28 Jun 2024 17:39:07 +0000 https://republika.mk/?p=791664

Нова директорка на Управата за јавни приходи е Елена Петрова.

Петрова ја извршуваше функцијата дополнителен заменик-министер за финансии во техничката Влада. Таа е дипломиран економист со над 25 години искуство во Управата за јавни приходи, каде што работела на раководни позиции, вклучувајќи управник на Дирекцијата за големи даночни обврзници.

Од владината прес-служба информираат дека таа има активно учество во неколку управни одбори и поседува лиценци и сертификати, вклучувајќи обуки и соработки со Светска банка, ММФ и други меѓународни организации.

Длабока благодарност на премиерот Проф.д-р Христијан Мицкоски и на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за дадената доверба да ја раководам Управата за јавни приходи – УЈП. Ова за мене претставува огромна чест и обврска. Ќе возвратам со посветена, чесна и одговорна работа која ќе гарантира мобилизација на даночните приходи кои се најважен-финансиски инпут за реализација на владините политики и мерки за посилна економија и подобар животен стандард на граѓаните.

Наша одговорност кон општеството е да ги детектираме и намалиме сите загуби на даночни приходи и максимално да ги насочиме средствата кон државниот трезор за да се користат за доброто на сите македонски граѓани, сегашните и идните генерации, пишува Петрова на Фејсбук.

 

The post Новата директорка на УЈП, Петрова: Мобилизација на даночните приходи кои се најважен финансиски инпут за реализација на владините политики за посилна економија appeared first on Република.

]]>

Нова директорка на Управата за јавни приходи е Елена Петрова. Петрова ја извршуваше функцијата дополнителен заменик-министер за финансии во техничката Влада. Таа е дипломиран економист со над 25 години искуство во Управата за јавни приходи, каде што работела на раководни позиции, вклучувајќи управник на Дирекцијата за големи даночни обврзници. Од владината прес-служба информираат дека таа има активно учество во неколку управни одбори и поседува лиценци и сертификати, вклучувајќи обуки и соработки со Светска банка, ММФ и други меѓународни организации.
Длабока благодарност на премиерот Проф.д-р Христијан Мицкоски и на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за дадената доверба да ја раководам Управата за јавни приходи – УЈП. Ова за мене претставува огромна чест и обврска. Ќе возвратам со посветена, чесна и одговорна работа која ќе гарантира мобилизација на даночните приходи кои се најважен-финансиски инпут за реализација на владините политики и мерки за посилна економија и подобар животен стандард на граѓаните. Наша одговорност кон општеството е да ги детектираме и намалиме сите загуби на даночни приходи и максимално да ги насочиме средствата кон државниот трезор за да се користат за доброто на сите македонски граѓани, сегашните и идните генерации, пишува Петрова на Фејсбук.  

The post Новата директорка на УЈП, Петрова: Мобилизација на даночните приходи кои се најважен финансиски инпут за реализација на владините политики за посилна економија appeared first on Република.

]]>
Петрова: Колку потроши Владата во преостанатите седум работни денови, додека треба да се пакува за да ги испразни кабинетите? https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-kolku-potroshi-vladata-vo-preostanatite-sedum-rabotni-denovi-dodeka-treba-da-se-pakuva-za-da-gi-isprazni-kabinetite/ Mon, 20 May 2024 18:07:17 +0000 https://republika.mk/?p=780159

Од Кабинетот на заменик-министерката за финансии во техничката Влада,  Елена Петрова со писмено соопштение информираат дека до 15 мај 2024 година поминавме два викенди, три празнични неработни денови и еден изборен неработен ден.

Колку потроши Владата во преостанатите седум работни денови, додека треба да се пакува за да ги испразни кабинетите?

Вкупните буџетски расходи од 367 милиони евра во календарскиот период 01/05-15/05/2024 год. се: само за 9% помалку од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2023 година поголеми во просек за 11% од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2022 год., 2021 год. и во ковид-годината 2020.

Во овој календарски период 01/05-15/05/2024 год. новосоздадениот буџетски дефицит т.е. негативна разлика меѓу помалку наплатените буџетски приходи и повеќе исплатените буџетски расходи изнесува 189 милиони евра и е: во просек за 250% поголем од буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во претходните четири години (2020-2023) поголем за околу 170% во споредба со буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во кризната-ковид 2020 година.

Новата политичка влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери наскоро ќе биде назначена. Ќе дојдат нови луѓе кои одговорно ќе ги водат државните органи и тела, ќе ги насочат јавните финансии за создавање долгорочни бенефити за македонските граѓани, но и од првиот ден ќе ги "отворат сметките", ќе ги разоткријат и ќе иницираат сакционирање за сите досегашни незаконски и штетни трошења од Буџетот, стои во соопштението од Кабинетот на заменик-министерката за финансии во техничката Влада Елена Петрова.

The post Петрова: Колку потроши Владата во преостанатите седум работни денови, додека треба да се пакува за да ги испразни кабинетите? appeared first on Република.

]]>

Од Кабинетот на заменик-министерката за финансии во техничката Влада,  Елена Петрова со писмено соопштение информираат дека до 15 мај 2024 година поминавме два викенди, три празнични неработни денови и еден изборен неработен ден.
Колку потроши Владата во преостанатите седум работни денови, додека треба да се пакува за да ги испразни кабинетите? Вкупните буџетски расходи од 367 милиони евра во календарскиот период 01/05-15/05/2024 год. се: само за 9% помалку од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2023 година поголеми во просек за 11% од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2022 год., 2021 год. и во ковид-годината 2020. Во овој календарски период 01/05-15/05/2024 год. новосоздадениот буџетски дефицит т.е. негативна разлика меѓу помалку наплатените буџетски приходи и повеќе исплатените буџетски расходи изнесува 189 милиони евра и е: во просек за 250% поголем од буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во претходните четири години (2020-2023) поголем за околу 170% во споредба со буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во кризната-ковид 2020 година. Новата политичка влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери наскоро ќе биде назначена. Ќе дојдат нови луѓе кои одговорно ќе ги водат државните органи и тела, ќе ги насочат јавните финансии за создавање долгорочни бенефити за македонските граѓани, но и од првиот ден ќе ги "отворат сметките", ќе ги разоткријат и ќе иницираат сакционирање за сите досегашни незаконски и штетни трошења од Буџетот, стои во соопштението од Кабинетот на заменик-министерката за финансии во техничката Влада Елена Петрова.

The post Петрова: Колку потроши Владата во преостанатите седум работни денови, додека треба да се пакува за да ги испразни кабинетите? appeared first on Република.

]]>
Петрова: Ниту силината на изборниот пораз не ја „заузда“ Владата со трошењето https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-vladata-vo-zaminuvane-ne-zauzduva-so-trosheneto/ Mon, 20 May 2024 12:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=780156

Ниту силината на изборниот пораз не ги "заузда" владините функциононери во заминување во трошењето буџетски средства, одење на службен пат во странство, правење гала прослави, обвинува Елена Петрова,  заменик-министерката за финансии во техничката Влада.

До 15 мај 2024 год. поминавме два викенди, три празнични неработни денови и еден изборен неработен ден. Колку потроши Владата во преостанатите седум работни денови, додека треба да се пакува за да ги испразни кабинетите, прашува Петрова.

Вкупните буџетски расходи од 367 милиони евра во календарскиот период 01/05-15/05/2024 год. се:
само за 9% помалку од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2023 год.
поголеми во просек за 11% од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2022 год., 2021 год. и во ковид-годината 2020. Во овој календарски период 01/05-15/05/2024 год. новосоздадениот буџетски дефицит т.е. негативна разлика меѓу помалку наплатените буџетски приходи и повеќе исплатените буџетски расходи изнесува 189 милиони евра и е: во просек за 250% поголем од буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во претходните четири години (2020-2023), поголем за околу 170% во споредба со буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во кризната-ковид 2020 година - тврди Петрова.

Новата политичка влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери наскоро ќе биде назначена. Ќе дојдат нови луѓе кои одговорно ќе ги водат државните органи и тела, ќе ги насочат јавните финансии за создавање долгорочни бенефити за македонските граѓани, но и од првиот ден ќе ги "отворат сметките", ќе ги разоткријат и ќе иницираат сакционирање за сите досегашни незаконски и штетни трошења од Буџетот, вели заменик-министерката за финансии.

The post Петрова: Ниту силината на изборниот пораз не ја „заузда“ Владата со трошењето appeared first on Република.

]]>

Ниту силината на изборниот пораз не ги "заузда" владините функциононери во заминување во трошењето буџетски средства, одење на службен пат во странство, правење гала прослави, обвинува Елена Петрова,  заменик-министерката за финансии во техничката Влада. До 15 мај 2024 год. поминавме два викенди, три празнични неработни денови и еден изборен неработен ден. Колку потроши Владата во преостанатите седум работни денови, додека треба да се пакува за да ги испразни кабинетите, прашува Петрова.
Вкупните буџетски расходи од 367 милиони евра во календарскиот период 01/05-15/05/2024 год. се: само за 9% помалку од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2023 год. поголеми во просек за 11% од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2022 год., 2021 год. и во ковид-годината 2020. Во овој календарски период 01/05-15/05/2024 год. новосоздадениот буџетски дефицит т.е. негативна разлика меѓу помалку наплатените буџетски приходи и повеќе исплатените буџетски расходи изнесува 189 милиони евра и е: во просек за 250% поголем од буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во претходните четири години (2020-2023), поголем за околу 170% во споредба со буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во кризната-ковид 2020 година - тврди Петрова.
Новата политичка влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери наскоро ќе биде назначена. Ќе дојдат нови луѓе кои одговорно ќе ги водат државните органи и тела, ќе ги насочат јавните финансии за создавање долгорочни бенефити за македонските граѓани, но и од првиот ден ќе ги "отворат сметките", ќе ги разоткријат и ќе иницираат сакционирање за сите досегашни незаконски и штетни трошења од Буџетот, вели заменик-министерката за финансии.

The post Петрова: Ниту силината на изборниот пораз не ја „заузда“ Владата со трошењето appeared first on Република.

]]>
Петрова: Со две пресуди на Вишиот управен суд оспорени преку 3.000 акти за вработување во јавниот сектор, донесени без врзан потпис https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-so-dve-presudi-na-vishiot-upraven-sud-osporeni-preku-3-000-akti-za-vrabotuvane-vo-javniot-sektor-doneseni-bez-vrzan-potpis/ Fri, 19 Apr 2024 11:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=768010

Вишиот управен суд донесе две пресуди со кои се оспорени преку 3.000 акти за вработување и унапредување, како и за издадени согласности за вработување по сите основи во јавниот сектор зашто се донесени без врзан потпис на министерот за финансии и дополнителниот заменик-министер во периодот од формирањето на техничката влада до денот на распишување на изборите, информира дополнителната заменик-министерка за финансии Елена Петрова на денешната прес-конференција.

Се работи за 36 вработувања на определено време, две вработувања на неопределено време и три унапредувања во Министерството за финансии, како и за издадени согласности за целиот јавен сектор за вработувања на 1.200 лица на неопределено време, 448 на определено време, за 1.227 договори за дело и за 99 унапредувања.

Сега, како што кажа, Државната изборна комисија (ДИК) ќе треба да одлучува во повторна постапка и да го разгледа секој предмет за вработување поединечно и да донесе одлука. Тоа, додаде, значи дека Министерството за финансии треба да ги достави сите конкретни предмети до ДИК. Во меѓувреме, донесените акти немаат правно дејство без врзан потпис, бидејќи нема одлука од ДИК по барањето на Министерството за финанси дали треба да одат со врзан потпис.

-Незаконити се одлуките на министерот за финансии и државниот секретар во Министерството за финансии по спроведените постапки за вработување и унапредување во Министерството за финансии, како и одлуките на министерот за финансии за давање согласности за вработување во јавниот сектор, сите донесени по формирањето на преодната влада за организирање на изборите. Ова е потврдено со судски одлуки. Вишиот управен суд донесе две пресуди во моја корист со кои ги поништи како незаконити одлуките на ДИК кои беа донесени врз основа на барање на Министерството за финансии, рече Петрова.

Со едната пресуда, прецизира, ја поништи одлуката на ДИК според која актите за вработување и унапредување во Министерството за финансии не требало да се потпишуваат со врзани потписи на министерот за финансии и на дополнителниот заменик-министер. Со другата пресуда за поништување на одлука на ДИК, додаде, се докажа дека по формирање на техничката влада министерот за финансии незаконски ги потпиша сите согласности за вработување во јавниот сектор по сите основи – на неопределено време, на определено време, привремени вработувања, договори на дело, авторски договори и преземање на вработени од еден во друг орган или тело.

-Со поништувањето на одлуките на ДИК сите наведени акти поврзани со вработување во Министерството кои не се потпишани со врзан потпис на министерот за финансии и на дополнителниот заменик-министер не произведуваат правно дејство. Истото се однесува и на издадените согласности за вработувања по сите основи во целиот јавен сектор, како и започнатите постапки врз основа на тие согласности, рече Петрова и додаде дека врзаниот потпис е предвиден како гаранција дека дискрециските овластувања на министерот нема да се применуваат заради постигнување на политички цели и да се спречи манипулирање со избирачката волја на граѓаните.

Оспорените акти за вработување донесени во предизборниот период без врзан потпис, како што кажа, фрлаат сомнеж дека може да влијаат од аспект на собирање на политички поени и врз волјата на тие лица за кои се однесуваат.

 

The post Петрова: Со две пресуди на Вишиот управен суд оспорени преку 3.000 акти за вработување во јавниот сектор, донесени без врзан потпис appeared first on Република.

]]>

Вишиот управен суд донесе две пресуди со кои се оспорени преку 3.000 акти за вработување и унапредување, како и за издадени согласности за вработување по сите основи во јавниот сектор зашто се донесени без врзан потпис на министерот за финансии и дополнителниот заменик-министер во периодот од формирањето на техничката влада до денот на распишување на изборите, информира дополнителната заменик-министерка за финансии Елена Петрова на денешната прес-конференција. Се работи за 36 вработувања на определено време, две вработувања на неопределено време и три унапредувања во Министерството за финансии, како и за издадени согласности за целиот јавен сектор за вработувања на 1.200 лица на неопределено време, 448 на определено време, за 1.227 договори за дело и за 99 унапредувања. Сега, како што кажа, Државната изборна комисија (ДИК) ќе треба да одлучува во повторна постапка и да го разгледа секој предмет за вработување поединечно и да донесе одлука. Тоа, додаде, значи дека Министерството за финансии треба да ги достави сите конкретни предмети до ДИК. Во меѓувреме, донесените акти немаат правно дејство без врзан потпис, бидејќи нема одлука од ДИК по барањето на Министерството за финанси дали треба да одат со врзан потпис. -Незаконити се одлуките на министерот за финансии и државниот секретар во Министерството за финансии по спроведените постапки за вработување и унапредување во Министерството за финансии, како и одлуките на министерот за финансии за давање согласности за вработување во јавниот сектор, сите донесени по формирањето на преодната влада за организирање на изборите. Ова е потврдено со судски одлуки. Вишиот управен суд донесе две пресуди во моја корист со кои ги поништи како незаконити одлуките на ДИК кои беа донесени врз основа на барање на Министерството за финансии, рече Петрова. Со едната пресуда, прецизира, ја поништи одлуката на ДИК според која актите за вработување и унапредување во Министерството за финансии не требало да се потпишуваат со врзани потписи на министерот за финансии и на дополнителниот заменик-министер. Со другата пресуда за поништување на одлука на ДИК, додаде, се докажа дека по формирање на техничката влада министерот за финансии незаконски ги потпиша сите согласности за вработување во јавниот сектор по сите основи – на неопределено време, на определено време, привремени вработувања, договори на дело, авторски договори и преземање на вработени од еден во друг орган или тело. -Со поништувањето на одлуките на ДИК сите наведени акти поврзани со вработување во Министерството кои не се потпишани со врзан потпис на министерот за финансии и на дополнителниот заменик-министер не произведуваат правно дејство. Истото се однесува и на издадените согласности за вработувања по сите основи во целиот јавен сектор, како и започнатите постапки врз основа на тие согласности, рече Петрова и додаде дека врзаниот потпис е предвиден како гаранција дека дискрециските овластувања на министерот нема да се применуваат заради постигнување на политички цели и да се спречи манипулирање со избирачката волја на граѓаните. Оспорените акти за вработување донесени во предизборниот период без врзан потпис, како што кажа, фрлаат сомнеж дека може да влијаат од аспект на собирање на политички поени и врз волјата на тие лица за кои се однесуваат.  

The post Петрова: Со две пресуди на Вишиот управен суд оспорени преку 3.000 акти за вработување во јавниот сектор, донесени без врзан потпис appeared first on Република.

]]>
Петрова: Вистината на виделина-поништување на огласот за редовно вработување во ЈЗО https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-vistinata-na-videlina-ponishtuvane-na-oglasot-za-redovno-vrabotuvane-vo-jzo/ Sat, 13 Apr 2024 10:02:00 +0000 https://republika.mk/?p=765661

ВИСТИНАТА „НА ВИДЕЛИНА“. Во голготата за редовно вработување на 1,117 здравствени работници, дојдовме до разрешница – ПОНИШТУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ за редовно вработување во ЈЗУ “Здравствен дом на Скопје”, наменет (?) за лицата кои се или биле ангажирани со договор на дело. Ако здравствените власти и сите министри за здравство биле искрени и фер, ќе го решеле статусот на работниот однос на здравствените работници многу одамна, не оставајќи ги со години како “договорци”. Сега, на крај на политичкиот мандат, “се заглавија” во своите обиди да прикажат дека нешто прават и дека некој друг е виновен, а всушност се работи за “политичко мамење” и играње со судбината на овие лица, вели дополнителниот заменик-министер за финансии Елена Петрова.

-За поништувањето на огласот вчера ме известија синдикалните претставници Боби Бојчевски – национален координатор во Независниот синдикат на здравствени работници, Гоце Делчев Тодев – генерален секретар на КСОМ (Конфедерација на синдикални организации на Македонија) и Марјан Ристески – претседател на КСОМ. Ова се надоврзува на информациите кои веќе ги споделив во јавноста, дека:
– во Буџетот за 2024 год. не се обезбедени средства за бруто плата за 1,117 здравствени работници (доказ: допис од ФЗО до Владата од 18/03/2024 год.)
– по распишување на изборите, итни и неодложни потреби согласно закон се решаваат во точно определени случаи со вработување на определено време, а не со договор на дело, за што доставив известување до ДКСК.
На состанокот со синдикалните претставници разговаравме и за статусот на лицата кои се на приватни специјализации, усогласувањата на платите со Законот за минимална плата во јавните здравствени установи, како и изедначување на вредноста на бодот за плати на исто ниво во сите установи.
Преку искрен пристап и отворен дијалог ќе се надминат сите проблеми со кои се соочуваат вработените во јавното здравство, со цел да го добијат заслуженото место во општеството. За неколку недели од сега новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се зафати со систематско решавање на овие проблеми во интерес на граѓаните, додава Петрова.

The post Петрова: Вистината на виделина-поништување на огласот за редовно вработување во ЈЗО appeared first on Република.

]]>

ВИСТИНАТА „НА ВИДЕЛИНА“. Во голготата за редовно вработување на 1,117 здравствени работници, дојдовме до разрешница – ПОНИШТУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ за редовно вработување во ЈЗУ “Здравствен дом на Скопје”, наменет (?) за лицата кои се или биле ангажирани со договор на дело. Ако здравствените власти и сите министри за здравство биле искрени и фер, ќе го решеле статусот на работниот однос на здравствените работници многу одамна, не оставајќи ги со години како “договорци”. Сега, на крај на политичкиот мандат, “се заглавија” во своите обиди да прикажат дека нешто прават и дека некој друг е виновен, а всушност се работи за “политичко мамење” и играње со судбината на овие лица, вели дополнителниот заменик-министер за финансии Елена Петрова. -За поништувањето на огласот вчера ме известија синдикалните претставници Боби Бојчевски – национален координатор во Независниот синдикат на здравствени работници, Гоце Делчев Тодев – генерален секретар на КСОМ (Конфедерација на синдикални организации на Македонија) и Марјан Ристески – претседател на КСОМ. Ова се надоврзува на информациите кои веќе ги споделив во јавноста, дека: – во Буџетот за 2024 год. не се обезбедени средства за бруто плата за 1,117 здравствени работници (доказ: допис од ФЗО до Владата од 18/03/2024 год.) – по распишување на изборите, итни и неодложни потреби согласно закон се решаваат во точно определени случаи со вработување на определено време, а не со договор на дело, за што доставив известување до ДКСК. На состанокот со синдикалните претставници разговаравме и за статусот на лицата кои се на приватни специјализации, усогласувањата на платите со Законот за минимална плата во јавните здравствени установи, како и изедначување на вредноста на бодот за плати на исто ниво во сите установи. Преку искрен пристап и отворен дијалог ќе се надминат сите проблеми со кои се соочуваат вработените во јавното здравство, со цел да го добијат заслуженото место во општеството. За неколку недели од сега новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се зафати со систематско решавање на овие проблеми во интерес на граѓаните, додава Петрова.

The post Петрова: Вистината на виделина-поништување на огласот за редовно вработување во ЈЗО appeared first on Република.

]]>
Петрова: Рекорден буџетски дефицит, пари за поголеми плати и пензии не се обезбедени, нема средства ниту за вработување на 1 117 здравствени работници https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-rekorden-budhetski-defitsit-pari-za-pogolemi-plati-i-penzii-ne-se-obezbedeni-nema-sredstva-nitu-za-vrabotuvane-na-1-117-zdravstveni-rabotnitsi/ Tue, 09 Apr 2024 12:21:22 +0000 https://republika.mk/?p=764285

Дополнителниот заменик министер за финансии во техничката Влада, Елена Петрова, денеска, на брифинг со новинарите, соопшти дека за три месеци и седум дена од оваа година е остварен рекорден буџетски дефицит, повисок за 126 отсто во однос на истиот период лани. Како што истакна Петрова, во Буџетот нема пари за поголеми плати и пензии, ниту има средства за вработување на 1 117 здравствени работници.

Според анализите на Кабинетот на Петрова, потфрла и наплатата на приходите кај даноците на потрошувачката, кај ДДВ континуирано, во целиот прв квартал, а кај акцизите во март. Нема транспарентност за повратот на ДДВ зашто Министерството за финансии (МФ) и Управата за јавни приходи објавуваат само колку поврат е исплатен, но не и колку должат кон стопанството. Податоците што ги изнесе Петрова покажуваат дека 74 милиони евра невратен ДДВ е долгот на крајот на првиот квартал, плус 16 милиони евра камата за доцнење на исплатата и повеќе од една година старост има една десетина од невратениот ДДВ. Во првиот квартал годинава се исплатени 176 милиони евра поврат на ДДВ што е минусна ставка во ДДВ приходот, а во законски рок се вратени помалку од четири отсто од овој поврат.

Новата влада, оцени дополнителниот заменик министер, ќе биде пред голем предизвик во однос на обезбедувањето на потребните средства во државната каса и ќе треба веднаш да пристапи кон изготвување ребаланс на Буџетот.

Владата во заминување, како и лани, така и сега пред избори, се расфрла со трошења. За само три месеци и седум дена од оваа година се потрошени три четвртини од планираниот буџетски дефицит за цела 2024 година. Овој дефицит е рекорден и повисок за 126 отсто во однос на истиот период во 2023-та. МФ вчера се пофали со повисока наплата на приходите во Буџетот во однос на минатата година, но работите не стојат сосема така. Наплатата на приходите кај даноците на потрошувачката потфрла, кај ДДВ континуирано, во целиот прв квартал, а кај акцизите во март. Овие приходи бележат потфрлање и покрај одмрзнувањето на цените и растот на инфлацијата во март, што значи дека приватната потрошувачка се намалува, односно граѓаните не купуваат поради високите цени - рече Петрова на брифингот.

Буџетскиот дефицит, напомена, се троши за финансирање на тековните расходи, а не за капиталните расходи кои се само седум проценти во структурата на вкупните расходи, со што е всушност прекршено златното буџетско правило дека буџетскиот дефицит треба да биде поголем од капиталните расходи.

Вчера МФ се пофали и со реализирани исплати за антикризни мерки, социјални трансфери и слично, со пораст во однос на минатата година. Но, тука мора да се изнесе фактот дека сите овие буџетски расходи во овој период имаат пораст во однос на минатата година кој е скоро пет пати поголем од порастот на приходите и тие се покриваат со задолжувања, односно со рекордниот буџетски дефицит. Како и до сега, продолжува неефикасноста на Владата, односно на министерствата и органите во нејзин состав, да реализираат капитални расходи - истакна дополнителниот заменик министер.

Пред нас се, укажа, уште три квартали од оваа година, а според досегашните исплати, видно е дека во Буџетот не се планирани доволно средства за плати, пензии, лекови,…

Врз основа на исплатените износи на плати во јавната администрација и пензии во првиот квартал, односно порастот во однос на истиот период лани, произлегува дека не се обезбедени околу 26 милиони евра за пораст на платите и околу 70 милиони евра за пораст на пензиите, што е вкупно околу 96 милиони евра по двата основа. Кога Димитар Ковачевски го најави пакетот антикризни мерки од 662 милиона евра, нагласи дека за зголемување на платите во администрацијата се обезбедени 150 милиони евра, но ако порастот на платите за само еден квартал е 44 милиони евра, значи дека не се обезбедени потребните средства за раст на платите цела година. Исто и за пензиите, најавата на Ковачевски беше дека за цела година се обезбедени 178 милиони евра, но произлегува дека не се обезбедени средства за раст на пензиите - подвлече Петрова.

Во врска со здравствените работници, објасни дека во Буџетот се обезбедени средства само за исплати на плати по основа на договор за дело.

Министерството за здравство во јануари годинава сакаше да ја префрли одговорноста за вработување на 1 117 лица, но информациите покажуваат дека во Буџетот на Фондот за здравство и здравствените установи не се обезбедени средства за плати за 1 117 луѓе, туку се обезбедени средства само за исплати по основа на договор за дело. Алармантнто е и барањето на Фондот за здравствено осигурување доставено до Владата во март годинава, за зголемување на буџетот за 2,7 милијарди денари како разлика меѓу утврдениот условен надоместок за лекови и повисоките барања по тој основ од јавните здравствени установи - рече Петрова.

The post Петрова: Рекорден буџетски дефицит, пари за поголеми плати и пензии не се обезбедени, нема средства ниту за вработување на 1 117 здравствени работници appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за финансии во техничката Влада, Елена Петрова, денеска, на брифинг со новинарите, соопшти дека за три месеци и седум дена од оваа година е остварен рекорден буџетски дефицит, повисок за 126 отсто во однос на истиот период лани. Како што истакна Петрова, во Буџетот нема пари за поголеми плати и пензии, ниту има средства за вработување на 1 117 здравствени работници. Според анализите на Кабинетот на Петрова, потфрла и наплатата на приходите кај даноците на потрошувачката, кај ДДВ континуирано, во целиот прв квартал, а кај акцизите во март. Нема транспарентност за повратот на ДДВ зашто Министерството за финансии (МФ) и Управата за јавни приходи објавуваат само колку поврат е исплатен, но не и колку должат кон стопанството. Податоците што ги изнесе Петрова покажуваат дека 74 милиони евра невратен ДДВ е долгот на крајот на првиот квартал, плус 16 милиони евра камата за доцнење на исплатата и повеќе од една година старост има една десетина од невратениот ДДВ. Во првиот квартал годинава се исплатени 176 милиони евра поврат на ДДВ што е минусна ставка во ДДВ приходот, а во законски рок се вратени помалку од четири отсто од овој поврат. Новата влада, оцени дополнителниот заменик министер, ќе биде пред голем предизвик во однос на обезбедувањето на потребните средства во државната каса и ќе треба веднаш да пристапи кон изготвување ребаланс на Буџетот.
Владата во заминување, како и лани, така и сега пред избори, се расфрла со трошења. За само три месеци и седум дена од оваа година се потрошени три четвртини од планираниот буџетски дефицит за цела 2024 година. Овој дефицит е рекорден и повисок за 126 отсто во однос на истиот период во 2023-та. МФ вчера се пофали со повисока наплата на приходите во Буџетот во однос на минатата година, но работите не стојат сосема така. Наплатата на приходите кај даноците на потрошувачката потфрла, кај ДДВ континуирано, во целиот прв квартал, а кај акцизите во март. Овие приходи бележат потфрлање и покрај одмрзнувањето на цените и растот на инфлацијата во март, што значи дека приватната потрошувачка се намалува, односно граѓаните не купуваат поради високите цени - рече Петрова на брифингот.
Буџетскиот дефицит, напомена, се троши за финансирање на тековните расходи, а не за капиталните расходи кои се само седум проценти во структурата на вкупните расходи, со што е всушност прекршено златното буџетско правило дека буџетскиот дефицит треба да биде поголем од капиталните расходи.
Вчера МФ се пофали и со реализирани исплати за антикризни мерки, социјални трансфери и слично, со пораст во однос на минатата година. Но, тука мора да се изнесе фактот дека сите овие буџетски расходи во овој период имаат пораст во однос на минатата година кој е скоро пет пати поголем од порастот на приходите и тие се покриваат со задолжувања, односно со рекордниот буџетски дефицит. Како и до сега, продолжува неефикасноста на Владата, односно на министерствата и органите во нејзин состав, да реализираат капитални расходи - истакна дополнителниот заменик министер.
Пред нас се, укажа, уште три квартали од оваа година, а според досегашните исплати, видно е дека во Буџетот не се планирани доволно средства за плати, пензии, лекови,…
Врз основа на исплатените износи на плати во јавната администрација и пензии во првиот квартал, односно порастот во однос на истиот период лани, произлегува дека не се обезбедени околу 26 милиони евра за пораст на платите и околу 70 милиони евра за пораст на пензиите, што е вкупно околу 96 милиони евра по двата основа. Кога Димитар Ковачевски го најави пакетот антикризни мерки од 662 милиона евра, нагласи дека за зголемување на платите во администрацијата се обезбедени 150 милиони евра, но ако порастот на платите за само еден квартал е 44 милиони евра, значи дека не се обезбедени потребните средства за раст на платите цела година. Исто и за пензиите, најавата на Ковачевски беше дека за цела година се обезбедени 178 милиони евра, но произлегува дека не се обезбедени средства за раст на пензиите - подвлече Петрова.
Во врска со здравствените работници, објасни дека во Буџетот се обезбедени средства само за исплати на плати по основа на договор за дело.
Министерството за здравство во јануари годинава сакаше да ја префрли одговорноста за вработување на 1 117 лица, но информациите покажуваат дека во Буџетот на Фондот за здравство и здравствените установи не се обезбедени средства за плати за 1 117 луѓе, туку се обезбедени средства само за исплати по основа на договор за дело. Алармантнто е и барањето на Фондот за здравствено осигурување доставено до Владата во март годинава, за зголемување на буџетот за 2,7 милијарди денари како разлика меѓу утврдениот условен надоместок за лекови и повисоките барања по тој основ од јавните здравствени установи - рече Петрова.

The post Петрова: Рекорден буџетски дефицит, пари за поголеми плати и пензии не се обезбедени, нема средства ниту за вработување на 1 117 здравствени работници appeared first on Република.

]]>
Петрова: Буџетски дефицит од 357,2 милиони евра во првиот квартал од 2024 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-budhetski-defitsit-od-357-2-milioni-evra-vo-prviot-kvartal-od-2024-godina/ Mon, 08 Apr 2024 08:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=763684

ПАД секој месец во однос на претходниот има кај приходот од ДДВ за прометот во земјата, oбјави на социјалната мрежа на Фејсбук, Елена Петрова, дополнителен заменик министер за финансии.

НАПЛАТА НА БУЏЕТСКИТЕ ПРИХОДИ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2024 год.

Реализација заклучно со 03/04/2024 год.:

• буџетски приходи = 1.197,6 милиони евра

• буџетски расходи = 1.554,8 милиони евра

• буџетскиот дефицит = 357,2 милиони евра.

За го “разглобиме” рекордниот буџетскиот дефицит, ќе почнеме од остварената наплата на буџетските приходи во првиот квартал од 2024 год.

Кај даноците на потрошувачката – ДДВ, кој е “најиздашниот” буџетски извор, како и акцизите, состојбите изгледаат вака:

– НЕ Е ОСТВАРЕН месечниот план за наплата на ДДВ во ниту еден месец од кварталот.

– ЗА 15% ЗАОСТАНУВА кумулативното остварување на планот за ДДВ за кварталот.

– ПОМАЛ ПРИХОД од ДДВ во однос на 2023 год. има во јануари и март 2024 год.

– ПАД секој месец во однос на претходниот има кај приходот од ДДВ за прометот во земјата.

– ПОМАЛ ПРИХОД во март 2024 год. во однос на март 2023 год. има и за ДДВ што се плаќа при увоз и за акцизите.

Дали МФ, УЈП и Царината направија анализа на што се должи ова потфрлање кај ДДВ и акцизите во кварталот кога цените се “одмрзнаа”, а и искуствено зголемена потрошувачка е карактеристика на секој предизборен период?

Кај данокот на личен доход и придонесите состојбите изгледаат вака:

– ЗА 7% ЗАОСТАНУВА остварувањето на месечниот план за наплата на данокот на личен доход во март 2024 год.

– ПОМАЛ ПРИХОД во март 2024 год. во однос на март 2023 год. има за данокот на другите видови примања (авторски договори, игри на среќа и др.)

– ЗА 14% ЗАОСТАНУВА остварувањето на месечниот план за наплата на придонесот за пензиско осигурување за март.

Дали МФ и УЈП направија анализа на што се должи ова потфрлање кај данокот на личен доход и придонесот за ПИО во март, после зголемувањето на минималната плата која природно треба да ги зголеми овие приходи?

Дали можеби УЈП ги стави во “мораториум” мерките за наплата на даноци во овој предизборен период?

Ќе продолжиме со осврт на повратот на ДДВ кој исто така е компонента на ДДВ приходот, пишува на Фејсбук, Петрова.

The post Петрова: Буџетски дефицит од 357,2 милиони евра во првиот квартал од 2024 година appeared first on Република.

]]>

ПАД секој месец во однос на претходниот има кај приходот од ДДВ за прометот во земјата, oбјави на социјалната мрежа на Фејсбук, Елена Петрова, дополнителен заменик министер за финансии. НАПЛАТА НА БУЏЕТСКИТЕ ПРИХОДИ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2024 год. Реализација заклучно со 03/04/2024 год.: • буџетски приходи = 1.197,6 милиони евра • буџетски расходи = 1.554,8 милиони евра • буџетскиот дефицит = 357,2 милиони евра. За го “разглобиме” рекордниот буџетскиот дефицит, ќе почнеме од остварената наплата на буџетските приходи во првиот квартал од 2024 год. Кај даноците на потрошувачката – ДДВ, кој е “најиздашниот” буџетски извор, како и акцизите, состојбите изгледаат вака: – НЕ Е ОСТВАРЕН месечниот план за наплата на ДДВ во ниту еден месец од кварталот. – ЗА 15% ЗАОСТАНУВА кумулативното остварување на планот за ДДВ за кварталот. – ПОМАЛ ПРИХОД од ДДВ во однос на 2023 год. има во јануари и март 2024 год. – ПАД секој месец во однос на претходниот има кај приходот од ДДВ за прометот во земјата. – ПОМАЛ ПРИХОД во март 2024 год. во однос на март 2023 год. има и за ДДВ што се плаќа при увоз и за акцизите. Дали МФ, УЈП и Царината направија анализа на што се должи ова потфрлање кај ДДВ и акцизите во кварталот кога цените се “одмрзнаа”, а и искуствено зголемена потрошувачка е карактеристика на секој предизборен период? Кај данокот на личен доход и придонесите состојбите изгледаат вака: – ЗА 7% ЗАОСТАНУВА остварувањето на месечниот план за наплата на данокот на личен доход во март 2024 год. – ПОМАЛ ПРИХОД во март 2024 год. во однос на март 2023 год. има за данокот на другите видови примања (авторски договори, игри на среќа и др.) – ЗА 14% ЗАОСТАНУВА остварувањето на месечниот план за наплата на придонесот за пензиско осигурување за март. Дали МФ и УЈП направија анализа на што се должи ова потфрлање кај данокот на личен доход и придонесот за ПИО во март, после зголемувањето на минималната плата која природно треба да ги зголеми овие приходи? Дали можеби УЈП ги стави во “мораториум” мерките за наплата на даноци во овој предизборен период? Ќе продолжиме со осврт на повратот на ДДВ кој исто така е компонента на ДДВ приходот, пишува на Фејсбук, Петрова.

The post Петрова: Буџетски дефицит од 357,2 милиони евра во првиот квартал од 2024 година appeared first on Република.

]]>
Петрова: Македонија со рекорден буџетски дефицит во 2024 година! https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-makedonija-so-rekorden-budhetski-defitsit-vo-2024-godina/ Fri, 05 Apr 2024 13:42:26 +0000 https://republika.mk/?p=762675

Дополнителниот заменик-министер за финансии во преодната Влада Елена Петрова преку статус на Фејсбук пишува дека Македонија има рекорден буџетски дефицит во 2024 година.

„РЕКОРДЕН БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ ВО 2024 ГОДИНА ‼️

Владата на СДСМ и ДУИ ПРОДОЛЖУВА со прекумерното трошење и задолжување во периодот пред одржување на двојните избори‼️

📌 БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ заклучно со 3 Април 2024 година изнесува 21,967 милиони денари, што претставува:

• ДВЕ ТРЕТИНИ од планираниот буџетски дефицит ЗА ЦЕЛА 2024 година

• ПОВЕЌЕ ОД ШЕСТ ПАТИ ПОГОЛЕМ буџетски дефицит во однос на истиот период од 2023 година‼️

📌 ПОРАСТОТ НА ВКУПНИТЕ РАСХОДИ Е СКОРО ПЕТ ПАТИ ПОГОЛЕМ од порастот на вкупните приходи, односно во однос на истиот период лани имаме:

• пораст на вкупните расходи за 23,132 милиони ден. (31,9%)

• пораст на вкупните приходи за 4,774 милиони ден. (6,9%).

📌 ЗАДОЛЖУВАЊЕТО кај банките и други институции на домашниот пазар со цел за покривање на буџетскиот дефицит во овој период Е ПОГОЛЕМО ЗА 90% во однос на истиот период лани.

Ќе продолжиме да ја информираме јавноста: за што трошеше Владата во овој период, но и како надлежните органи ги собираат приходите во овој период“, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

The post Петрова: Македонија со рекорден буџетски дефицит во 2024 година! appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик-министер за финансии во преодната Влада Елена Петрова преку статус на Фејсбук пишува дека Македонија има рекорден буџетски дефицит во 2024 година. „РЕКОРДЕН БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ ВО 2024 ГОДИНА ‼️ Владата на СДСМ и ДУИ ПРОДОЛЖУВА со прекумерното трошење и задолжување во периодот пред одржување на двојните избори‼️ 📌 БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ заклучно со 3 Април 2024 година изнесува 21,967 милиони денари, што претставува: • ДВЕ ТРЕТИНИ од планираниот буџетски дефицит ЗА ЦЕЛА 2024 година • ПОВЕЌЕ ОД ШЕСТ ПАТИ ПОГОЛЕМ буџетски дефицит во однос на истиот период од 2023 година‼️ 📌 ПОРАСТОТ НА ВКУПНИТЕ РАСХОДИ Е СКОРО ПЕТ ПАТИ ПОГОЛЕМ од порастот на вкупните приходи, односно во однос на истиот период лани имаме: • пораст на вкупните расходи за 23,132 милиони ден. (31,9%) • пораст на вкупните приходи за 4,774 милиони ден. (6,9%). 📌 ЗАДОЛЖУВАЊЕТО кај банките и други институции на домашниот пазар со цел за покривање на буџетскиот дефицит во овој период Е ПОГОЛЕМО ЗА 90% во однос на истиот период лани. Ќе продолжиме да ја информираме јавноста: за што трошеше Владата во овој период, но и како надлежните органи ги собираат приходите во овој период“, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

The post Петрова: Македонија со рекорден буџетски дефицит во 2024 година! appeared first on Република.

]]>
Петрова: Незаконска одлука на Владата за ангажирање на 459 лица со договор на дело во јавните здравствени установи https://republika.mk/vesti/makedonija/petrova-nezakonska-odluka-na-vladata-za-angazhirane-na-459-litsa-so-dogovor-na-delo-vo-javnite-zdravstveni-ustanovi/ Mon, 01 Apr 2024 11:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=760934

Владата на седница одржана на 27.02.2024 год. постапувала по Известување од МФ за вработување на нови лица во случај на итни и неодложни работи во ЈЗУ. По насоките од Владата, МФ на 12.03.2024 год.доставило до ФЗО известување за обезбедени финансиски средства за ангажирање на 459 лица со договор на дело во триесет и пет ЈЗУ, објави на социјалната мрежа на Фејсбук Елена Петрова, дополнителен заменик министер за финансии.

Ова Е СПРОТИВНО на Изборниот законик, според кој по распишување на изборите за итни и неодложни работи се дозволува САМО ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ. Тоа е постапка која се спроведува со јавен оглас на кој може да учествуваат заинтересирани лица и да биде избрано лице кое ги исполнува условите. Договорот на дело пак е однос кој се воспоставува со определено лице, без можност да се вклучат повеќе заинтересирани лица.

Според Изборниот законик, итни и неодложни работи се дозволени вработувања по распишување на изборите САМО ВО ТОЧНО ОПРЕДЕЛЕНИ СЛУЧАИ: замена на отсутен работник поради подолго боледување или отсуство, смрт на вработен и сезонски работи. Дали 250-те медицински лица и 209 лица од друг персонал (преведувач, статистичар, дактилограф, општ работник и т.н.) се за замена на отсутни или починати вработени и за сезонски работи?

Согласно мојата надлежност и обврска да се грижам за законито користење односно располагање со буџетските средства во овој период кога се распишани изборите и е формирана преодна Влада заради организација на изборите за наведената повреда на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите ќе поднесам пријава до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во прилог се одредбите од Изборниот законик и задолжението од Влада од седница одржана на ден 27.02.2024 година, стои во објавата на Петрова.

The post Петрова: Незаконска одлука на Владата за ангажирање на 459 лица со договор на дело во јавните здравствени установи appeared first on Република.

]]>

Владата на седница одржана на 27.02.2024 год. постапувала по Известување од МФ за вработување на нови лица во случај на итни и неодложни работи во ЈЗУ. По насоките од Владата, МФ на 12.03.2024 год.доставило до ФЗО известување за обезбедени финансиски средства за ангажирање на 459 лица со договор на дело во триесет и пет ЈЗУ, објави на социјалната мрежа на Фејсбук Елена Петрова, дополнителен заменик министер за финансии. Ова Е СПРОТИВНО на Изборниот законик, според кој по распишување на изборите за итни и неодложни работи се дозволува САМО ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ. Тоа е постапка која се спроведува со јавен оглас на кој може да учествуваат заинтересирани лица и да биде избрано лице кое ги исполнува условите. Договорот на дело пак е однос кој се воспоставува со определено лице, без можност да се вклучат повеќе заинтересирани лица. Според Изборниот законик, итни и неодложни работи се дозволени вработувања по распишување на изборите САМО ВО ТОЧНО ОПРЕДЕЛЕНИ СЛУЧАИ: замена на отсутен работник поради подолго боледување или отсуство, смрт на вработен и сезонски работи. Дали 250-те медицински лица и 209 лица од друг персонал (преведувач, статистичар, дактилограф, општ работник и т.н.) се за замена на отсутни или починати вработени и за сезонски работи? Согласно мојата надлежност и обврска да се грижам за законито користење односно располагање со буџетските средства во овој период кога се распишани изборите и е формирана преодна Влада заради организација на изборите за наведената повреда на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите ќе поднесам пријава до Државната комисија за спречување на корупцијата. Во прилог се одредбите од Изборниот законик и задолжението од Влада од седница одржана на ден 27.02.2024 година, стои во објавата на Петрова.

The post Петрова: Незаконска одлука на Владата за ангажирање на 459 лица со договор на дело во јавните здравствени установи appeared first on Република.

]]>
Петрова: Владата на СДСМ и ДУИ ги прекрши принципите на одговорно фискално управување https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-vladata-na-sdsm-i-dui-gi-prekrshi-printsipite-na-odgovorno-fiskalno-upravuvane/ Mon, 18 Mar 2024 14:36:46 +0000 https://republika.mk/?p=755964

ФИСКАЛНИ ПРАВИЛА - параметри за ограничување на трошењето на буџетските средства
Закон за буџети (Сл.весник 203/2022) - член 10:
👉 Дефицит НЕ СМЕЕ да надмине 3% од номиналниот БДП
👉 Вкупниот долг на општа власт НЕ СМЕЕ да надмине 60% од номиналниот БДП
Соопштение на ДЗС број 3.1.34.02 од 07/03/2024 год:
📌 2023 - Номинален БДП = 13,7 милијарди евра
Податоци во извештаи на МФ :
📌 Јавен долг = 8,5 милијарди евра
📌 Буџетски дефицит = 0,674 милијарди евра
Исполнетост на фискалните правила во 2023 год.:
➗ Јавен долг / БДП = 62%
➗ Буџетски дефицит / БДП = 4,9%
Владата на СДСМ и ДУИ ги прекрши принципите на одговорно фискално управување.
⚠️ Прекрешен е принципот на ОДРЖЛИВОСТ - Буџетскиот дефицит и јавниот долг сега се ПРЕКУМЕРНО ОПТОВАРУВАЊЕ на економијата и НЕ ГО ПОДДРЖУВААТ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ на долг рок.
⚠️ Прекршен е принципот на МЕЃУГЕНЕРАЦИСКА ОДГОВОРНОСТ - Ваквото фискално управување влијае НЕГАТИВНО на БЛАГОСОСТОЈБАТА на сегашните и идните генерации, објави на Фејсбук, заменик министерка за финансии, Елена Петрова.

The post Петрова: Владата на СДСМ и ДУИ ги прекрши принципите на одговорно фискално управување appeared first on Република.

]]>

ФИСКАЛНИ ПРАВИЛА - параметри за ограничување на трошењето на буџетските средства Закон за буџети (Сл.весник 203/2022) - член 10: 👉 Дефицит НЕ СМЕЕ да надмине 3% од номиналниот БДП 👉 Вкупниот долг на општа власт НЕ СМЕЕ да надмине 60% од номиналниот БДП Соопштение на ДЗС број 3.1.34.02 од 07/03/2024 год: 📌 2023 - Номинален БДП = 13,7 милијарди евра Податоци во извештаи на МФ : 📌 Јавен долг = 8,5 милијарди евра 📌 Буџетски дефицит = 0,674 милијарди евра Исполнетост на фискалните правила во 2023 год.: ➗ Јавен долг / БДП = 62% ➗ Буџетски дефицит / БДП = 4,9% Владата на СДСМ и ДУИ ги прекрши принципите на одговорно фискално управување. ⚠️ Прекрешен е принципот на ОДРЖЛИВОСТ - Буџетскиот дефицит и јавниот долг сега се ПРЕКУМЕРНО ОПТОВАРУВАЊЕ на економијата и НЕ ГО ПОДДРЖУВААТ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ на долг рок. ⚠️ Прекршен е принципот на МЕЃУГЕНЕРАЦИСКА ОДГОВОРНОСТ - Ваквото фискално управување влијае НЕГАТИВНО на БЛАГОСОСТОЈБАТА на сегашните и идните генерации, објави на Фејсбук, заменик министерка за финансии, Елена Петрова.

The post Петрова: Владата на СДСМ и ДУИ ги прекрши принципите на одговорно фискално управување appeared first on Република.

]]>
Петрова: ДУИ и СДСМ манипулираат со точните податоци за јавниот долг и буџетскиот дефицит https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-dui-i-sdsm-manipuliraat-so-tochnite-podatotsi-za-javniot-dolg-i-budhetskiot-defitsit/ Thu, 14 Mar 2024 16:30:02 +0000 https://republika.mk/?p=754875

Дополнителната заменичка министерка за финансии Елена Петрова, обвинува дека Министерството за финансии ги лажира извештаите за јавниот долг во Бруто домашниот производи и за буџетскиот дефицит.

На прес-конференција рече дека според податоците на Државниот завод за статистика, јавниот долг во БДП изнесува 62,1%, а не 58,4% како што се вели во официјалните извештаи на МФ.

Буџетскиот дефицит од општата Влада е 4,9% од БДП, а не 4,6% од БДП колку е објавен и земен во Фискалната стратегија за периодот од 2024-2028 година и во предлог буџетот за 2024 година. Интервенирав до надлежниот сектор во Министерството, да ги смени бројките бидејќи податокот за БДП за 2023 година е објавен. По мојата интервенција податоците на Министерството не се променети, исто така, не добив никаков одговор на пишаното барање од што заклучувам дека министерот за финансии не сака да ги објави точните податоци за учество во јавниот долг во БДП на крајот на 2023 година и буџетскиот дефицит - потенцира Петрова.

Со ова, според неа, се крши Законот за буџети кој е основа за фискална дисциплина.

Вели дека е надминат критичниот праг на долгот и тоа според неа е неодржливо.

Петрова додава дека и оваа година владата се задолжила премногу.

Продолжуваат да ја задолжуваат Македонија. За два и пол месеци во 2024 година, само на домашниот пазар на државни хартии од вредност се задолжија со нови 237 милиони евра. Буџетскиот дефицит за два месеци од 2024 година е 136 милиони евра или една четвртина од предвидениот, рече Петрова.

Вели, податоците покажуваат дека има отстапка од принципот на одржливост зашто сега буџетскиот дефицит и јавниот долг се прекумерно оптоварување на економијата.

The post Петрова: ДУИ и СДСМ манипулираат со точните податоци за јавниот долг и буџетскиот дефицит appeared first on Република.

]]>

Дополнителната заменичка министерка за финансии Елена Петрова, обвинува дека Министерството за финансии ги лажира извештаите за јавниот долг во Бруто домашниот производи и за буџетскиот дефицит. На прес-конференција рече дека според податоците на Државниот завод за статистика, јавниот долг во БДП изнесува 62,1%, а не 58,4% како што се вели во официјалните извештаи на МФ.
Буџетскиот дефицит од општата Влада е 4,9% од БДП, а не 4,6% од БДП колку е објавен и земен во Фискалната стратегија за периодот од 2024-2028 година и во предлог буџетот за 2024 година. Интервенирав до надлежниот сектор во Министерството, да ги смени бројките бидејќи податокот за БДП за 2023 година е објавен. По мојата интервенција податоците на Министерството не се променети, исто така, не добив никаков одговор на пишаното барање од што заклучувам дека министерот за финансии не сака да ги објави точните податоци за учество во јавниот долг во БДП на крајот на 2023 година и буџетскиот дефицит - потенцира Петрова.
Со ова, според неа, се крши Законот за буџети кој е основа за фискална дисциплина. Вели дека е надминат критичниот праг на долгот и тоа според неа е неодржливо. Петрова додава дека и оваа година владата се задолжила премногу. Продолжуваат да ја задолжуваат Македонија. За два и пол месеци во 2024 година, само на домашниот пазар на државни хартии од вредност се задолжија со нови 237 милиони евра. Буџетскиот дефицит за два месеци од 2024 година е 136 милиони евра или една четвртина од предвидениот, рече Петрова. Вели, податоците покажуваат дека има отстапка од принципот на одржливост зашто сега буџетскиот дефицит и јавниот долг се прекумерно оптоварување на економијата.

The post Петрова: ДУИ и СДСМ манипулираат со точните податоци за јавниот долг и буџетскиот дефицит appeared first on Република.

]]>
Петрова: Постапката за денационализација е загрозена поради нерешавање на предмети години наназад https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-postapkata-za-denatsionalizatsija-e-zagrozena-poradi-nereshavane-na-predmeti-godini-nanazad/ Tue, 12 Mar 2024 13:35:38 +0000 https://republika.mk/?p=754053

Постапка за денационализација и големиот број на поплаки кои ги добиле биле загрозени поради игнорирање и нерешавање на предмети за денационализација повеќе години наназад, изјави дополнителната заменик-министерка за финансии, Елена Петрова, која на прес-конференција информираше за функционирањето на Министерството за финансии.

Таа потенцираше неколку проблеми на кои, како што рече, наишла досега, а помеѓу кои е и постапката за денационализација.

– Воопшто не ме зачудува оваа состојба, имајќи предвид дека наместо стручни лица, како што се правници и геометри кои треба да одлучуваат по барањата за денационализација и да вршат увид на имот кој може да се врати во сопственост, во Комисиите се назначени економисти, информатичари и други лица без соодветна стручност.

Друг проблем на кој наишла, како што дополни, е неисплатениот надоместок за членовите на комисиите кои одлучуваат по барањата за денационализација, од месец јануари 2023 година наваму.

– Од овие причини членовите на комисиите до Министерството за финансии доставуваат опомени пред тужба, за кои постои голема веројатност да завршат со пресуди со кои МФ ќе биде задолжено со енормни трошоци за камати, судски трошоци, адвокатски трошоци и трошоци за извршители. Претпоставуваме дека ова е една од причините поради кои не се решаваат предметите за денационализација, поради незадоволството на членовите на комисиите на кои со решение на министерот им е определен надоместок за оваа дополнителна работа надвор од редовните работни задачи, но истиот не се исплаќа, образложи таа.

При теренските посети во одредени подрачни единици на Управата за имотни правни работи таа рече дека увиделе дека во најголем дел подрачните единици немаат елементарни услови за работа, а во врска со Управата за имотно правни работи, сподели дека наместо да се занимаваат со решавање на проблемите во остварувањето на функциските надлежности, имале специјални барања за затемнети стакла на службени возила и службени картички.

Според Петрова, администрацијата не ги испорачува потребните услуги на граѓаните заради кои и постои, се функционира на начин во кое нема грижа за што се прават трошоци – дали тоа се неповратно потрошени средства или трошоци кои ќе создадат дополнителни бенефити и олеснување на работењето, нема контролни механизми на оперативното работење, нема суштинско раководење и нема визија, план ниту конкретни активности како треба да се оптимизира функционирањето на институциите за да биде поефикасно.

 

The post Петрова: Постапката за денационализација е загрозена поради нерешавање на предмети години наназад appeared first on Република.

]]>

Постапка за денационализација и големиот број на поплаки кои ги добиле биле загрозени поради игнорирање и нерешавање на предмети за денационализација повеќе години наназад, изјави дополнителната заменик-министерка за финансии, Елена Петрова, која на прес-конференција информираше за функционирањето на Министерството за финансии. Таа потенцираше неколку проблеми на кои, како што рече, наишла досега, а помеѓу кои е и постапката за денационализација. – Воопшто не ме зачудува оваа состојба, имајќи предвид дека наместо стручни лица, како што се правници и геометри кои треба да одлучуваат по барањата за денационализација и да вршат увид на имот кој може да се врати во сопственост, во Комисиите се назначени економисти, информатичари и други лица без соодветна стручност. Друг проблем на кој наишла, како што дополни, е неисплатениот надоместок за членовите на комисиите кои одлучуваат по барањата за денационализација, од месец јануари 2023 година наваму. – Од овие причини членовите на комисиите до Министерството за финансии доставуваат опомени пред тужба, за кои постои голема веројатност да завршат со пресуди со кои МФ ќе биде задолжено со енормни трошоци за камати, судски трошоци, адвокатски трошоци и трошоци за извршители. Претпоставуваме дека ова е една од причините поради кои не се решаваат предметите за денационализација, поради незадоволството на членовите на комисиите на кои со решение на министерот им е определен надоместок за оваа дополнителна работа надвор од редовните работни задачи, но истиот не се исплаќа, образложи таа. При теренските посети во одредени подрачни единици на Управата за имотни правни работи таа рече дека увиделе дека во најголем дел подрачните единици немаат елементарни услови за работа, а во врска со Управата за имотно правни работи, сподели дека наместо да се занимаваат со решавање на проблемите во остварувањето на функциските надлежности, имале специјални барања за затемнети стакла на службени возила и службени картички. Според Петрова, администрацијата не ги испорачува потребните услуги на граѓаните заради кои и постои, се функционира на начин во кое нема грижа за што се прават трошоци – дали тоа се неповратно потрошени средства или трошоци кои ќе создадат дополнителни бенефити и олеснување на работењето, нема контролни механизми на оперативното работење, нема суштинско раководење и нема визија, план ниту конкретни активности како треба да се оптимизира функционирањето на институциите за да биде поефикасно.  

The post Петрова: Постапката за денационализација е загрозена поради нерешавање на предмети години наназад appeared first on Република.

]]>
Петрова на средби во неколку компании: Државните институции се повеќе кочничар отколку што се сервис https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-na-sredbi-vo-nekolku-kompanii-drzhavnite-institutsii-se-poveke-kochnichar-otkolku-shto-se-servis/ Mon, 26 Feb 2024 22:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=748707

Елена Петрова, дополнителен заменик министер за финансии, денес беше во посета на Повардарскиот регион.

Нејзината теренска посета започна во Велес, каде заедно со нејзиниот тим ја посетија фабриката за зејтин „Благој Ѓорев“ и фабриката „МакКар“.

Во Неготино посети транспортна компанија и винарија. Ја посети и Гевгелија.

-Бидејќи веќе извесно време се сретнуваме со компании од целата наша земја, можам да кажам едно кратко резиме на тоа што го чувствуваат и ни го пренесуваат во компаниите, тоа е изреката „Државата ни е во хаос“. Од секој аспект, во однос на услугите кои треба да ги испорачаат државните институции кон компаниите кои се нивни клиенти, не се почитуваат роковите, не се почитуваат стандарди за квалитет. Велат дека државните институции се повеќе кочничар отколку што се сервис на компаниите, рече Петрова.

Целата нејзина изјава погледнете ја во видеото во продолжение:

The post Петрова на средби во неколку компании: Државните институции се повеќе кочничар отколку што се сервис appeared first on Република.

]]>

Елена Петрова, дополнителен заменик министер за финансии, денес беше во посета на Повардарскиот регион. Нејзината теренска посета започна во Велес, каде заедно со нејзиниот тим ја посетија фабриката за зејтин „Благој Ѓорев“ и фабриката „МакКар“. Во Неготино посети транспортна компанија и винарија. Ја посети и Гевгелија.
-Бидејќи веќе извесно време се сретнуваме со компании од целата наша земја, можам да кажам едно кратко резиме на тоа што го чувствуваат и ни го пренесуваат во компаниите, тоа е изреката „Државата ни е во хаос“. Од секој аспект, во однос на услугите кои треба да ги испорачаат државните институции кон компаниите кои се нивни клиенти, не се почитуваат роковите, не се почитуваат стандарди за квалитет. Велат дека државните институции се повеќе кочничар отколку што се сервис на компаниите, рече Петрова.
Целата нејзина изјава погледнете ја во видеото во продолжение:

The post Петрова на средби во неколку компании: Државните институции се повеќе кочничар отколку што се сервис appeared first on Република.

]]>