електронско аплицирање Archives - Република https://republika.mk/tema/elektronsko-aplitsirane/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 11:30:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png електронско аплицирање Archives - Република https://republika.mk/tema/elektronsko-aplitsirane/ 32 32 Наскоро ќе се врати во функција електронското поднесување барања за документи, најави Андоновски https://republika.mk/vesti/makedonija/naskoro-ke-se-vrati-vo-funktsija-elektronskoto-podnesuvane-barana-za-dokumenti-najavi-andonovski/ Tue, 30 Jul 2024 11:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=801675

Наскоро ќе бидат вратени во функција сервисите за електронско закажување и добивање документи преку порталот uslugi.gov.mk, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Не прецизира кога, но очекува да биде во првите 100 дена од мандатот.

Електронското поднесување на барањата за документи во МВР извесен период е прекинато и со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски тој веќе имал состаноци за враќање на оваа услуга за граѓаните.

Она што се случувало во изминатиот период, е тотален хаос во издавањето документи. Во моментот, електронското поднесување на барање е паузирано во Министерството, но веќе имавме состаноци со министерот Тошковски и многу сериозна дискусија методолошки како да ги вратиме. Се надевам дека во наредниот период, не сакам да играм со рокови и со датуми, кога немам точна информација или не зависи само од мене или од моето Министерство, но сум сигурен дека за многу брзо време ќе ги вратиме сервисите на закажување и добивање електронски документи преку порталот uslugi.gov.mk. Мислам дека во првите 100 дена ќе имаме резултати, рече Андоновски, одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со работната група за изработка на сајбер-стратегија.

The post Наскоро ќе се врати во функција електронското поднесување барања за документи, најави Андоновски appeared first on Република.

]]>

Наскоро ќе бидат вратени во функција сервисите за електронско закажување и добивање документи преку порталот uslugi.gov.mk, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Не прецизира кога, но очекува да биде во првите 100 дена од мандатот. Електронското поднесување на барањата за документи во МВР извесен период е прекинато и со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски тој веќе имал состаноци за враќање на оваа услуга за граѓаните.
Она што се случувало во изминатиот период, е тотален хаос во издавањето документи. Во моментот, електронското поднесување на барање е паузирано во Министерството, но веќе имавме состаноци со министерот Тошковски и многу сериозна дискусија методолошки како да ги вратиме. Се надевам дека во наредниот период, не сакам да играм со рокови и со датуми, кога немам точна информација или не зависи само од мене или од моето Министерство, но сум сигурен дека за многу брзо време ќе ги вратиме сервисите на закажување и добивање електронски документи преку порталот uslugi.gov.mk. Мислам дека во првите 100 дена ќе имаме резултати, рече Андоновски, одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со работната група за изработка на сајбер-стратегија.

The post Наскоро ќе се врати во функција електронското поднесување барања за документи, најави Андоновски appeared first on Република.

]]>
МОН: Од денес започнува електронското аплицирање за сместување во студентски домови во академската 2024-2025 година https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-od-denes-zapochnuva-elektronskoto-aplitsirane-za-smestuvane-vo-studentski-domovi-vo-akademskata-2024-2025-godina/ Mon, 15 Jul 2024 11:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=797048

Министерството за образование и наука ги известува студентите запишани на јавните и приватните високообразовани институции во државата, дека е објавен Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во државата за академската 2024/2025 година.

Согласно конкурсот, обезбедени се 4303 места, од кои 1034 за студенти од прва година, а 3269 се предвидени за студенти од втора, трета, четврта, петта и шеста година, како и апсолвенти.
Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, запишани на додипломски студии со траење: помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година; осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година и над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години.

Исто така, право на прием имаат и редовни студенти кои се запишани на јавните универзитети и високообразовни установи, а се избрани со конкурси, одлуки, решенија, договори и слично, односно: владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билатерални договори.

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот, пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk. Рокот за пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 15.7.2024 година и трае до 31.7.2024 година. Рокот за пријавување на студентите од I година почнува од 10.9.2024 година и трае до 17.9.2024 година. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови остануваат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавување ќе продолжи сè до пополнување на истите, но најдоцна до 30.11.2024 година.

Конкурсот заедно со сите потребни документи за аплицирање за сместување во студентските домови е објавен на следниот линк.

The post МОН: Од денес започнува електронското аплицирање за сместување во студентски домови во академската 2024-2025 година appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука ги известува студентите запишани на јавните и приватните високообразовани институции во државата, дека е објавен Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во државата за академската 2024/2025 година. Согласно конкурсот, обезбедени се 4303 места, од кои 1034 за студенти од прва година, а 3269 се предвидени за студенти од втора, трета, четврта, петта и шеста година, како и апсолвенти. Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, запишани на додипломски студии со траење: помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година; осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година и над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години. Исто така, право на прием имаат и редовни студенти кои се запишани на јавните универзитети и високообразовни установи, а се избрани со конкурси, одлуки, решенија, договори и слично, односно: владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билатерални договори. Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот, пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk. Рокот за пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 15.7.2024 година и трае до 31.7.2024 година. Рокот за пријавување на студентите од I година почнува од 10.9.2024 година и трае до 17.9.2024 година. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови остануваат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавување ќе продолжи сè до пополнување на истите, но најдоцна до 30.11.2024 година. Конкурсот заедно со сите потребни документи за аплицирање за сместување во студентските домови е објавен на следниот линк.

The post МОН: Од денес започнува електронското аплицирање за сместување во студентски домови во академската 2024-2025 година appeared first on Република.

]]>