електронски пораки Archives - Република https://republika.mk/tema/elektronski-poraki/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Feb 2023 19:21:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png електронски пораки Archives - Република https://republika.mk/tema/elektronski-poraki/ 32 32 Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-nasednuvajte-na-lazhni-elektronski-poraki-vo-ime-na-mvr-stanuva-zbor-za-obid-za-izmama-vo-megunarodni-ramki/ Thu, 09 Feb 2023 21:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=607095

Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на министерот за внатрешни работи, во соработка со полициската канцеларија на Европол, во која во вид на повик за појавување во суд од страна на Сектор за прекршоци, во која примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, информираат од МВР. Притоа, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку вибер линк.МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, ниту од било која институција за спроведување на законот.

 

-Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани. Исто така, предупредуваме да не отварате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на е-маил пораката која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер, велат од Министерството за внатрешни работи.Воедно, оттаму информираат дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот.

The post Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки appeared first on Република.

]]>

Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на министерот за внатрешни работи, во соработка со полициската канцеларија на Европол, во која во вид на повик за појавување во суд од страна на Сектор за прекршоци, во која примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, информираат од МВР. Притоа, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку вибер линк.МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, ниту од било која институција за спроведување на законот.   -Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани. Исто така, предупредуваме да не отварате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на е-маил пораката која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер, велат од Министерството за внатрешни работи.Воедно, оттаму информираат дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот.

The post Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки appeared first on Република.

]]>