електрични автомобили Archives - Република https://republika.mk/tema/elektrichni-avtomobili/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 10:10:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png електрични автомобили Archives - Република https://republika.mk/tema/elektrichni-avtomobili/ 32 32 Канада воведува царина од 100 отсто за кинеските електрични автомобили https://republika.mk/vesti/svet/kanada-voveduva-tsarina-od-100-otsto-za-kineskite-elektrichni-avtomobili/ Tue, 27 Aug 2024 10:10:21 +0000 https://republika.mk/?p=810536

Канадската влада објави дека воведува царина од 100 отсто за увоз на електрични возила од кинеско производство, за што претходно одлучија САД.

Премиерот Џастин Трудо, исто така, најави дека Канада ќе воведе царина од 25 отсто на кинескиот увоз на челик и алуминиум.

Актерите како Кина избраа да си дадат неправедна предност на глобалниот пазар, рече Трудо на состанокот на владата во Халифакс, Нова Шкотска.

Владата на Трудо започна 30-дневни консултации за ова прашање ова лето за да се спротивстави, според вицепремиерката Кристиа Фриланд, „јасен напор на кинеските компании да го преплават глобалниот пазар со понуда“.

Потегот на Канада доаѓа неколку недели откако и САД и Европската комисија објавија зголемени царини за увоз на кинески електрични возила.

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан ја охрабри Канада да го стори истото за време на средбата со Трудо во Халифакс.

Од електричните возила од кинеско производство, единствени кои моментално се увезуваат во Канада се оние од Tesla, кои се произведуваат во фабриката на компанијата во Шангај. Во моментов во Канада не се продаваат или увезуваат електрични возила од кинеска марка.

 

The post Канада воведува царина од 100 отсто за кинеските електрични автомобили appeared first on Република.

]]>

Канадската влада објави дека воведува царина од 100 отсто за увоз на електрични возила од кинеско производство, за што претходно одлучија САД. Премиерот Џастин Трудо, исто така, најави дека Канада ќе воведе царина од 25 отсто на кинескиот увоз на челик и алуминиум.
Актерите како Кина избраа да си дадат неправедна предност на глобалниот пазар, рече Трудо на состанокот на владата во Халифакс, Нова Шкотска.
Владата на Трудо започна 30-дневни консултации за ова прашање ова лето за да се спротивстави, според вицепремиерката Кристиа Фриланд, „јасен напор на кинеските компании да го преплават глобалниот пазар со понуда“. Потегот на Канада доаѓа неколку недели откако и САД и Европската комисија објавија зголемени царини за увоз на кинески електрични возила. Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан ја охрабри Канада да го стори истото за време на средбата со Трудо во Халифакс. Од електричните возила од кинеско производство, единствени кои моментално се увезуваат во Канада се оние од Tesla, кои се произведуваат во фабриката на компанијата во Шангај. Во моментов во Канада не се продаваат или увезуваат електрични возила од кинеска марка.  

The post Канада воведува царина од 100 отсто за кинеските електрични автомобили appeared first on Република.

]]>
„Мистер Бин“ се најде на мета на британскиот парламент https://republika.mk/vesti/svet/mister-bin-se-najde-na-meta-na-britanskiot-parlament/ Fri, 03 May 2024 17:12:32 +0000 https://republika.mk/?p=773900

Името на Роуан Аткинсон беше споменето во Домот на лордовите, горниот дом на дводомниот парламент на Британија, за негово наводно влијание врз продажбата на електрични автомобили во Обединетото Кралство.

Британскиот актер и комичар, кој е најпознат по улогата на Мистер Бин, со која ја освои публиката ширум светот, во јануари годинава наполни 69 години, а деновиве неговото име не се споменува во контекст на успешната кариера, туку поради изјави кои ја разбрануваа јавноста.

Имено, Аткинсон објави колумна во „Гардијан“ за електричните возила во која, меѓу другото, таквите автомобили ги нарече измама и ја критикуваше употребата на литиумските батерии, повикувајќи ги луѓето да продолжат да го возат автомобилот што го имаат што е можно подолго, со што суптилно им порача да не купуваат возила на струја.

Поради тоа, неговото име се спомна во Домот на лордовите, горниот дом на британскиот дводомен парламент, кога организацијата „Зелена алијанса“ го обвини за бавната продажба на електрични автомобили во Велика Британија, за што известуваа и светските медиуми.

The post „Мистер Бин“ се најде на мета на британскиот парламент appeared first on Република.

]]>

Името на Роуан Аткинсон беше споменето во Домот на лордовите, горниот дом на дводомниот парламент на Британија, за негово наводно влијание врз продажбата на електрични автомобили во Обединетото Кралство. Британскиот актер и комичар, кој е најпознат по улогата на Мистер Бин, со која ја освои публиката ширум светот, во јануари годинава наполни 69 години, а деновиве неговото име не се споменува во контекст на успешната кариера, туку поради изјави кои ја разбрануваа јавноста. Имено, Аткинсон објави колумна во „Гардијан“ за електричните возила во која, меѓу другото, таквите автомобили ги нарече измама и ја критикуваше употребата на литиумските батерии, повикувајќи ги луѓето да продолжат да го возат автомобилот што го имаат што е можно подолго, со што суптилно им порача да не купуваат возила на струја. Поради тоа, неговото име се спомна во Домот на лордовите, горниот дом на британскиот дводомен парламент, кога организацијата „Зелена алијанса“ го обвини за бавната продажба на електрични автомобили во Велика Британија, за што известуваа и светските медиуми.

The post „Мистер Бин“ се најде на мета на британскиот парламент appeared first on Република.

]]>
Наместо фабрика за електрични автомобили во Тетово има празно земјиште https://republika.mk/vesti/ekonomija/namesto-fabrika-za-elektrichni-avtomobili-ima-prazno-zemjishte/ Wed, 05 Apr 2023 11:53:47 +0000 https://republika.mk/?p=627537

Зад мене е местото наменето за фабриката за електричен автомобил целосно произведен во Македонија за чијашто градба свечена церемонија се одржа на 13 август, пред точно 235 дена.Потпишаа договор за фабрика- инвестиција со фирма на бизнисмен близок до ДУИ. На денот на Рамковниот. И по 235 дена, ова е резултатот, покажа портаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Апсолутно ништо! Фрлија лопата, направија реклама и толку.
Нема ништо, празна нива посеана со лаги.

Според него, СДС и ДУИ се церемонијал-мајстори за промоција на проекти и инвестиции што потоа никаде ги нема.

Ковачевски и неговиот газда Ахмети сега треба да одговорат каде е фабриката? Каде се 890 работници? Каде се автомобилите произведени во Македонија?

Дали и колку ја чини Македонија овој скап пи ар, ако учеството во инвестицијата, државната помош била договорена на 45 милиони евра?

Дали државата исплатила дел од 45 милиони евра кон фирмата блиска до ДУИ? Дали и ова ќе заврши само како метод за испумпување на пари, а инвестиции воопшто да нема?

Ќе се послужам со пораките на Ковачевски од тука пред точно 235 дена:

Ова е иднината со СДС и ДУИ, и на индустријата и на заштитата на животната средина. Ова со нив е иднината и на образованието. Вакви инвестиции и вакви фабрики како оваа зад мене што не постои

Ова е сликата за влогот на СДС и ДУИ за идните генерации. Од лага во лага!

Велеа дека ОВА е "инвестиција што носи промени животот во локалната заедница, и дека ќе даде силен стимул на економијата и значајна референца за државата во привлекување на странски инвестиции"!

https://www.youtube.com/watch?v=_Ko-qPfVDFk

Е оваа празна нива место фабрика по 235 дена е вистината за владеењето на ДУИ и СДС, ова е сликата за иднината со нив, скапи церемонии и свечености, фирми блиски до ДУИ и СДС, и празни плацеви, наместо фабрики.

Само избори се спасот од тонењето на Македонија.

The post Наместо фабрика за електрични автомобили во Тетово има празно земјиште appeared first on Република.

]]>

Зад мене е местото наменето за фабриката за електричен автомобил целосно произведен во Македонија за чијашто градба свечена церемонија се одржа на 13 август, пред точно 235 дена.Потпишаа договор за фабрика- инвестиција со фирма на бизнисмен близок до ДУИ. На денот на Рамковниот. И по 235 дена, ова е резултатот, покажа портаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Апсолутно ништо! Фрлија лопата, направија реклама и толку. Нема ништо, празна нива посеана со лаги.
Според него, СДС и ДУИ се церемонијал-мајстори за промоција на проекти и инвестиции што потоа никаде ги нема.
Ковачевски и неговиот газда Ахмети сега треба да одговорат каде е фабриката? Каде се 890 работници? Каде се автомобилите произведени во Македонија?
Дали и колку ја чини Македонија овој скап пи ар, ако учеството во инвестицијата, државната помош била договорена на 45 милиони евра?
Дали државата исплатила дел од 45 милиони евра кон фирмата блиска до ДУИ? Дали и ова ќе заврши само како метод за испумпување на пари, а инвестиции воопшто да нема?
Ќе се послужам со пораките на Ковачевски од тука пред точно 235 дена: Ова е иднината со СДС и ДУИ, и на индустријата и на заштитата на животната средина. Ова со нив е иднината и на образованието. Вакви инвестиции и вакви фабрики како оваа зад мене што не постои
Ова е сликата за влогот на СДС и ДУИ за идните генерации. Од лага во лага!
Велеа дека ОВА е "инвестиција што носи промени животот во локалната заедница, и дека ќе даде силен стимул на економијата и значајна референца за државата во привлекување на странски инвестиции"! https://www.youtube.com/watch?v=_Ko-qPfVDFk Е оваа празна нива место фабрика по 235 дена е вистината за владеењето на ДУИ и СДС, ова е сликата за иднината со нив, скапи церемонии и свечености, фирми блиски до ДУИ и СДС, и празни плацеви, наместо фабрики.
Само избори се спасот од тонењето на Македонија.

The post Наместо фабрика за електрични автомобили во Тетово има празно земјиште appeared first on Република.

]]>
Дуи ќе ни гради автопати за 1,3 милијарди евра на кои ќе возат електрични коли од фабриката во Тетово која доби 130 милиони евра од државата. Всичко е добре. https://republika.mk/tvitovi/dui-ke-ni-gradi-avtopati-za-1-3-milijardi-evra-na-koi-ke-vozat-elektrichni-koli-od-fabrikata-vo-tetovo-koja-dobi-130-milioni-evra-od-drzhavata-vsichko-e-dobre/ Tue, 14 Mar 2023 16:37:33 +0000 https://republika.mk/?p=619647

Дуи ќе ни гради автопати за 1,3 милијарди евра на кои ќе возат електрични коли од фабриката во Тетово која доби 130 милиони евра од државата. Всичко е добре.

The post Дуи ќе ни гради автопати за 1,3 милијарди евра на кои ќе возат електрични коли од фабриката во Тетово која доби 130 милиони евра од државата. Всичко е добре. appeared first on Република.

]]>

Дуи ќе ни гради автопати за 1,3 милијарди евра на кои ќе возат електрични коли од фабриката во Тетово која доби 130 милиони евра од државата. Всичко е добре.

The post Дуи ќе ни гради автопати за 1,3 милијарди евра на кои ќе возат електрични коли од фабриката во Тетово која доби 130 милиони евра од државата. Всичко е добре. appeared first on Република.

]]>
Ќе полни од нула до 100% за најмногу пет минути: НАСА развива батерија што ќе го забрза полнењето на електромобилите https://republika.mk/zivot/tehnologija/kje-polni-od-nula-do-100-za-najmnogu-pet-minuti-nasa-razviva-baterija-shto-kje-go-zabrza-polnenjeto-na-elektromobilite/ Wed, 12 Oct 2022 12:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=560109

Нова експериментална технологија на американската вселенска агенција НАСА, која е развиена за ладење на опремата во Вселената, може драстично да го намали времето на полнење на електричните возила на само пет минути, па и помалку од тоа.

Станува збор за техника наречена „изладено проточно вриење“ што го подобрува преносот на топлина од каблите за полнење и може драматично да го зголеми количеството електрична енергија што полначите може да ја достават до возилата денес. Ова всушност би го намалило времето на полнење на батериите на електричните возила, па дури и ќе овозможи полнење од нула до 100 отсто за најмногу пет минути.

НАСА тврди дека околу 1.400 ампери струја би требало да бидат доволни за полнење на батеријата на просечниот електромобил за пет минути. Агенцијата вели дека напредните полначи испорачуваат струја до 520 ампери, а стандардните помали – од 150 ампери.

Проблемот со оние со над 520 ампери е што полначот произведува значително повеќе топлина, што го прави опасен за корисниците.

Сепак, НАСА тестирала технологија што може безбедно да ги лади каблите што спроведуваат толку висок напон. Универзитетот „Пардју“ во САД го спроведе експериментот за вриење и кондензација на проток (ФБЦЕ). Испитувањето со двофазен проток во течност и пренос на топлина било изведено во трајна микрогравитација – на Меѓународната вселенска станица (МВС). Во суштина, за тестирање на методот се користеа кабли со течно ладење. Течноста што се користела за ладење на каблите била во тн. „изладена состојба“ – далеку под точката на вриење.

Користејќи ФБЦЕ-технологија, тимот постигнал 2.400 ампери по должината на кабелот. Во експериментот, течноста за ладење била пумпана низ кабелот за полнење, каде што ја апсорбирала топлината. Треба да се напомене дека иако ова е многу повеќе од 1.400 ампери потребни за полнење на електричното возило за пет минути, сепак е контролиран лабораториски експеримент и не е исто како проба во реални услови.

НАСА истакнува дека на тој начин, технологијата може да придонесе за пошироко прифаќање на електромобилите, особено зашто е развиена и тестирана во Вселената.

The post Ќе полни од нула до 100% за најмногу пет минути: НАСА развива батерија што ќе го забрза полнењето на електромобилите appeared first on Република.

]]>

Нова експериментална технологија на американската вселенска агенција НАСА, која е развиена за ладење на опремата во Вселената, може драстично да го намали времето на полнење на електричните возила на само пет минути, па и помалку од тоа. Станува збор за техника наречена „изладено проточно вриење“ што го подобрува преносот на топлина од каблите за полнење и може драматично да го зголеми количеството електрична енергија што полначите може да ја достават до возилата денес. Ова всушност би го намалило времето на полнење на батериите на електричните возила, па дури и ќе овозможи полнење од нула до 100 отсто за најмногу пет минути. НАСА тврди дека околу 1.400 ампери струја би требало да бидат доволни за полнење на батеријата на просечниот електромобил за пет минути. Агенцијата вели дека напредните полначи испорачуваат струја до 520 ампери, а стандардните помали – од 150 ампери. Проблемот со оние со над 520 ампери е што полначот произведува значително повеќе топлина, што го прави опасен за корисниците. Сепак, НАСА тестирала технологија што може безбедно да ги лади каблите што спроведуваат толку висок напон. Универзитетот „Пардју“ во САД го спроведе експериментот за вриење и кондензација на проток (ФБЦЕ). Испитувањето со двофазен проток во течност и пренос на топлина било изведено во трајна микрогравитација – на Меѓународната вселенска станица (МВС). Во суштина, за тестирање на методот се користеа кабли со течно ладење. Течноста што се користела за ладење на каблите била во тн. „изладена состојба“ – далеку под точката на вриење. Користејќи ФБЦЕ-технологија, тимот постигнал 2.400 ампери по должината на кабелот. Во експериментот, течноста за ладење била пумпана низ кабелот за полнење, каде што ја апсорбирала топлината. Треба да се напомене дека иако ова е многу повеќе од 1.400 ампери потребни за полнење на електричното возило за пет минути, сепак е контролиран лабораториски експеримент и не е исто како проба во реални услови. НАСА истакнува дека на тој начин, технологијата може да придонесе за пошироко прифаќање на електромобилите, особено зашто е развиена и тестирана во Вселената.

The post Ќе полни од нула до 100% за најмногу пет минути: НАСА развива батерија што ќе го забрза полнењето на електромобилите appeared first on Република.

]]>
​Деспотовски: Не даваме пари однапред, компанијата за електрични автомобили има рокови и обврски кои треба да ги исполни https://republika.mk/vesti/ekonomija/despotovski-ne-davame-pari-odnapred-kompanijata-za-elektrichni-avtomobili-ima-rokovi-i-obvrski-koi-treba-da-gi-ispolni/ Sun, 14 Aug 2022 18:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=540303

Со новиот концепт на ТИРЗ воведовме механизми за заштита на јавниот интерес. Апсолутно сите клиенти, и потенцијални и актуелни, поминуваат низ процес на детална проверка. Ангажираме меѓународна ревизорска куќа која во првичниот извештај за оваа компанија не индицираше никаде сериозен ризик. И самиот договор кој што го потпишавме вчера содржи заштитни клаузули. Доделувањето на државната помош зависи од динамиката со која инвеститорот ќе ја реализира инвестицијата и, секако, од исполнување на условите предвидени со договорот. Компанијата нема да добие пари однапред туку има конкретни рокови и датуми кои треба да се испочитуваат - изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ,  во врска со договорот со германската компанија „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ која ќе инвестира во фабрика за производство на електрични автомобили.

Тој во вестите на Канал 5 напоменува дека државната поддршка ќе биде реализирана во наредните пет години и како што, нагласува, државата има механизми да го заштити јавниот интерес. Деспотовски посочи дека првите „е.ГО“ автомобили од македонско производство се очекуваат во 2024 година.

Фабриката за електрични автомобили во Тетово ќе почне да се гради на есен, а според договорот пробното производство се очекува во 2024 година. Тоа е целта која што инвеститорот согласно деловен план и потпишаниот договор од вчера има обврска да ја исполни - најави Деспотовски.

Тој посочува дека се работи за компанија која е тесно поврзана со техничкиот Универзитет во Ахен кој е во топ два проценти од светските Универзитети по сите глобални рангирања.

Инвестицијата на компанијата во Тетово е 130 милиони евра, а предвидено е отворање на 900 нови работни места, како и бруто плати, што во просек достигнуваат 2,5 пати над просечната во државата. Државната помош нема да надмине 35 отсто од вкупната инвестиција, а доделувањето на средствата зависи од динамиката на реализација на инвестицијата и исполнување на условите предвидени со договорот.

Компанијата нема да користи даночни ослободувања, туку во целост има обврска истите да ги плаќа кон Буџетот и јавните фондови на државата. Овој модел на државна поддршка е усогласен со регулативата во ЕУ, а е подеднакво достапен за сите странски и домашни компании.

The post ​Деспотовски: Не даваме пари однапред, компанијата за електрични автомобили има рокови и обврски кои треба да ги исполни appeared first on Република.

]]>

Со новиот концепт на ТИРЗ воведовме механизми за заштита на јавниот интерес. Апсолутно сите клиенти, и потенцијални и актуелни, поминуваат низ процес на детална проверка. Ангажираме меѓународна ревизорска куќа која во првичниот извештај за оваа компанија не индицираше никаде сериозен ризик. И самиот договор кој што го потпишавме вчера содржи заштитни клаузули. Доделувањето на државната помош зависи од динамиката со која инвеститорот ќе ја реализира инвестицијата и, секако, од исполнување на условите предвидени со договорот. Компанијата нема да добие пари однапред туку има конкретни рокови и датуми кои треба да се испочитуваат - изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ,  во врска со договорот со германската компанија „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ која ќе инвестира во фабрика за производство на електрични автомобили.
Тој во вестите на Канал 5 напоменува дека државната поддршка ќе биде реализирана во наредните пет години и како што, нагласува, државата има механизми да го заштити јавниот интерес. Деспотовски посочи дека првите „е.ГО“ автомобили од македонско производство се очекуваат во 2024 година.
Фабриката за електрични автомобили во Тетово ќе почне да се гради на есен, а според договорот пробното производство се очекува во 2024 година. Тоа е целта која што инвеститорот согласно деловен план и потпишаниот договор од вчера има обврска да ја исполни - најави Деспотовски.
Тој посочува дека се работи за компанија која е тесно поврзана со техничкиот Универзитет во Ахен кој е во топ два проценти од светските Универзитети по сите глобални рангирања. Инвестицијата на компанијата во Тетово е 130 милиони евра, а предвидено е отворање на 900 нови работни места, како и бруто плати, што во просек достигнуваат 2,5 пати над просечната во државата. Државната помош нема да надмине 35 отсто од вкупната инвестиција, а доделувањето на средствата зависи од динамиката на реализација на инвестицијата и исполнување на условите предвидени со договорот. Компанијата нема да користи даночни ослободувања, туку во целост има обврска истите да ги плаќа кон Буџетот и јавните фондови на државата. Овој модел на државна поддршка е усогласен со регулативата во ЕУ, а е подеднакво достапен за сите странски и домашни компании.

The post ​Деспотовски: Не даваме пари однапред, компанијата за електрични автомобили има рокови и обврски кои треба да ги исполни appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе се потпишува договорот за инвестицијата за производство електрични автомобили во Тетово https://republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-kje-se-potpishuva-dogovorot-za-investicijata-za-proizvodstvo-elektrichni-avtomobili-vo-tetovo/ Sat, 13 Aug 2022 07:17:28 +0000 https://republika.mk/?p=539787

Во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово денеска ќе биде потпишан договорот за новата германска инвестиција „e.GO”.

Според најавите, во новата фабрика ќе се произведуваат електрични возила, а со оваа нова инвестиција се очекува да се отворат 3.000 - 4.000 нови работни места.

Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за првпат ќе се произведуваат електрични автомобили - се вели во Владиното соопштение што беше испратено по одржувањето на 68. седница на која беше донесена одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/ni-bugarija-ne-go-sakashe-tetovskoto-elektrichno-vozilo-vo-germanija-proglaseno-za-najlosho/

Како што велат од Владата, придобивките од инвестицијата се многукратни, нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии, мапирање на земјава кај странските инвеститори во оваа фела, договори и дополнителна работа за локални компании.

The post Денеска ќе се потпишува договорот за инвестицијата за производство електрични автомобили во Тетово appeared first on Република.

]]>

Во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово денеска ќе биде потпишан договорот за новата германска инвестиција „e.GO”. Според најавите, во новата фабрика ќе се произведуваат електрични возила, а со оваа нова инвестиција се очекува да се отворат 3.000 - 4.000 нови работни места.
Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за првпат ќе се произведуваат електрични автомобили - се вели во Владиното соопштение што беше испратено по одржувањето на 68. седница на која беше донесена одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/ni-bugarija-ne-go-sakashe-tetovskoto-elektrichno-vozilo-vo-germanija-proglaseno-za-najlosho/ Како што велат од Владата, придобивките од инвестицијата се многукратни, нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии, мапирање на земјава кај странските инвеститори во оваа фела, договори и дополнителна работа за локални компании.

The post Денеска ќе се потпишува договорот за инвестицијата за производство електрични автомобили во Тетово appeared first on Република.

]]>
Германија го намалува државниот финансиски поттик за купување електрични и хибридни автомобили https://republika.mk/vesti/svet/germanija-go-namaluva-drzavniot-finansiski-pottik-za-kupuvanje-elektrichni-i-hibridni-avtomobili/ Wed, 27 Jul 2022 14:57:24 +0000 https://republika.mk/?p=533909

Германската Влада планира да го намали поттикот за купување електрични автомобили и да го укине поттикот за купување хибридни електрични автомобили кон крајот на годинава, пренесе Бета.

Владата брзо по стапувањето на должноста во декември најави дека, почнувајќи од 2023 година, ќе издвои поттикнувања само за електрични возила што „докажано имаат позитивен ефект за заштита на климата“.

Моментално, купувачите на електрични автомобили имаат право на поттик до 6.000 евра, а на хибридни, може да добијат до 4.500 евра.

Министерството за економија и клима соопшти дека бројот на електрични автомобили на патиштата брзо расте, а се очекува да ги има околу два милиони годинава.

Според министерот Роберт Хабек, возилата „стануваат сè попопуларни и во блиска иднина веќе нема да им требаат државни субвенции“.

Владата сака да ја постигне целта до 2030 година на патиштата да има најмалку 15 милиони целосно електрични автомобили, со што ќе ги зајакне напорите против климатските промени со ширење на употребата на обновлива енергија.

The post Германија го намалува државниот финансиски поттик за купување електрични и хибридни автомобили appeared first on Република.

]]>

Германската Влада планира да го намали поттикот за купување електрични автомобили и да го укине поттикот за купување хибридни електрични автомобили кон крајот на годинава, пренесе Бета. Владата брзо по стапувањето на должноста во декември најави дека, почнувајќи од 2023 година, ќе издвои поттикнувања само за електрични возила што „докажано имаат позитивен ефект за заштита на климата“. Моментално, купувачите на електрични автомобили имаат право на поттик до 6.000 евра, а на хибридни, може да добијат до 4.500 евра. Министерството за економија и клима соопшти дека бројот на електрични автомобили на патиштата брзо расте, а се очекува да ги има околу два милиони годинава. Според министерот Роберт Хабек, возилата „стануваат сè попопуларни и во блиска иднина веќе нема да им требаат државни субвенции“. Владата сака да ја постигне целта до 2030 година на патиштата да има најмалку 15 милиони целосно електрични автомобили, со што ќе ги зајакне напорите против климатските промени со ширење на употребата на обновлива енергија.

The post Германија го намалува државниот финансиски поттик за купување електрични и хибридни автомобили appeared first on Република.

]]>
Администрацијата на Бајден ќе издвои пет милијарди долари за илјадници станици за полнење електрични автомобили https://republika.mk/vesti/svet/administracijata-na-bajden-kje-izdvoi-pet-milijardi-dolari-za-iljadnici-stanici-za-polnenje-elektrichni-avtomobili/ Fri, 11 Feb 2022 12:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=457169

Администрацијата на Џо Бајден претстави план за обезбедување на речиси пет милијарди долари, за изградба на илјадници станици за полнење електрични автомобили во САД. Конгресот го одобри финансирањето во ноември, како дел од предлог-законот за инфраструктурни инвестиции, во износ од еден трилион долари.

Првите 615 милиони долари, од предвидената сума, ќе бидат на располагање уште годинава. Но, прво, државите треба да ги претстават плановите и да добијат федерална дозвола.

Бајден планира до 2030 година, сите нови возила што се продаваат, да бидат или електрични автомобили или хибридни модели, како и дотогаш да има 500.000 нови станици за полнење.

Планот на Бајден предвидува и 3.5 милијарди долари за трансформација на американски претпријатија за производство на електрични автомобили, како и девет милијарди за американската пошта, но и за федералната влада за набавка на електрични автомобили и станици за полнење.

The post Администрацијата на Бајден ќе издвои пет милијарди долари за илјадници станици за полнење електрични автомобили appeared first on Република.

]]>

Администрацијата на Џо Бајден претстави план за обезбедување на речиси пет милијарди долари, за изградба на илјадници станици за полнење електрични автомобили во САД. Конгресот го одобри финансирањето во ноември, како дел од предлог-законот за инфраструктурни инвестиции, во износ од еден трилион долари. Првите 615 милиони долари, од предвидената сума, ќе бидат на располагање уште годинава. Но, прво, државите треба да ги претстават плановите и да добијат федерална дозвола. Бајден планира до 2030 година, сите нови возила што се продаваат, да бидат или електрични автомобили или хибридни модели, како и дотогаш да има 500.000 нови станици за полнење. Планот на Бајден предвидува и 3.5 милијарди долари за трансформација на американски претпријатија за производство на електрични автомобили, како и девет милијарди за американската пошта, но и за федералната влада за набавка на електрични автомобили и станици за полнење.

The post Администрацијата на Бајден ќе издвои пет милијарди долари за илјадници станици за полнење електрични автомобили appeared first on Република.

]]>