екстремни темепратури Archives - Република https://republika.mk/tema/ekstremni-temepraturi/ За подобро да се разбереме Sun, 18 Aug 2024 13:41:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png екстремни темепратури Archives - Република https://republika.mk/tema/ekstremni-temepraturi/ 32 32 Екстремните горештини се тивок убиец за сиромашните https://republika.mk/vesti/svet/ekstremnite-goreshtini-se-tivok-ubiets-za-siromashnite/ Sun, 18 Aug 2024 14:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=807379

Екстремните горештини убиваат илјадници луѓе во сиромашните земји и заедници низ светот, а овие смртни случаи често не се пријавуваат, предупреди Фридерике Ото, експертка на организацијата World Weather Attribution.

Според неа, екстремно високите температури се „тивок убиец“ кој ги погодува економски најранливите категории на луѓе и апелираше до јавноста и медиумите да посветат поголемо внимание на овој проблем, пренесува „Гардијан“.

Топлотните бранови се најсмртоносен тип на временска непогода, но не оставаат зад себе траги на разурнување. Тие убиваат сиромашни и осамени луѓе во богатите земји, како и сиромашни кои мораат да работат на отворено во земјите во развој, изјави Ото, која е и предавач по климатска наука на Институтот Грантам при Империјал колеџот во Лондон.

Нејзиното предупредување доаѓа во време кога расте загриженоста поради нееднаквата изложеност на екстремните горештини, во зависност од финансиската состојба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, минатиот месец повика на акција за справување со екстремните горештини, со фокус на грижа за загрозените и заштита на работниците изложени на високи температури на отворено.

Екстремните горештини сè повеќе ги загрозуваат економиите, ги продлабочуваат нееднаквостите, ги нарушуваат целите за одржлив развој и убиваат луѓе. Се проценува дека годишно екстремно високите температури убиваат речиси половина милион луѓе, што е околу 30 пати повеќе од тропските циклони, нагласи Гутереш.

Неговиот апел следуваше по регистрацијата на три последователни дена на највисоки температури некогаш измерени во светот, на 21, 22 и 23 јули. Климатолозите предупредија дека тоа веројатно се највисоките температури измерени на Земјата во последните 120.000 години, според доказите од годови на дрвја и кора од мраз.

Експертите истакнуваат дека топлината различно се доживува во домашни услови, при што е многу поопасна за луѓето кои живеат во несоодветни населби, без клима уреди. Многу се загрозени и работниците кои мораат да работат на отворено, за разлика од вработените во климатизирани простории.

Меѓу загрозените категории се и мигрантите, како и верниците кои одат на аџилак. Во јуни, десетици мигранти од Судан умреа од топлина на илегалната граница со Египет, наведоа хуманитарните групи.

Ова е само еден од бројните примери поврзани со бегалци и азиланти. Многу смртни случаи предизвикани од екстремни горештини остануваат незабележани, бидејќи властите во помалку развиените земји често немаат ресурси за да ги истражуваат поединечните смртни случаи, особено во региони каде што има конфликти.

The post Екстремните горештини се тивок убиец за сиромашните appeared first on Република.

]]>

Екстремните горештини убиваат илјадници луѓе во сиромашните земји и заедници низ светот, а овие смртни случаи често не се пријавуваат, предупреди Фридерике Ото, експертка на организацијата World Weather Attribution. Според неа, екстремно високите температури се „тивок убиец“ кој ги погодува економски најранливите категории на луѓе и апелираше до јавноста и медиумите да посветат поголемо внимание на овој проблем, пренесува „Гардијан“. Топлотните бранови се најсмртоносен тип на временска непогода, но не оставаат зад себе траги на разурнување. Тие убиваат сиромашни и осамени луѓе во богатите земји, како и сиромашни кои мораат да работат на отворено во земјите во развој, изјави Ото, која е и предавач по климатска наука на Институтот Грантам при Империјал колеџот во Лондон. Нејзиното предупредување доаѓа во време кога расте загриженоста поради нееднаквата изложеност на екстремните горештини, во зависност од финансиската состојба. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, минатиот месец повика на акција за справување со екстремните горештини, со фокус на грижа за загрозените и заштита на работниците изложени на високи температури на отворено.
Екстремните горештини сè повеќе ги загрозуваат економиите, ги продлабочуваат нееднаквостите, ги нарушуваат целите за одржлив развој и убиваат луѓе. Се проценува дека годишно екстремно високите температури убиваат речиси половина милион луѓе, што е околу 30 пати повеќе од тропските циклони, нагласи Гутереш.
Неговиот апел следуваше по регистрацијата на три последователни дена на највисоки температури некогаш измерени во светот, на 21, 22 и 23 јули. Климатолозите предупредија дека тоа веројатно се највисоките температури измерени на Земјата во последните 120.000 години, според доказите од годови на дрвја и кора од мраз. Експертите истакнуваат дека топлината различно се доживува во домашни услови, при што е многу поопасна за луѓето кои живеат во несоодветни населби, без клима уреди. Многу се загрозени и работниците кои мораат да работат на отворено, за разлика од вработените во климатизирани простории. Меѓу загрозените категории се и мигрантите, како и верниците кои одат на аџилак. Во јуни, десетици мигранти од Судан умреа од топлина на илегалната граница со Египет, наведоа хуманитарните групи. Ова е само еден од бројните примери поврзани со бегалци и азиланти. Многу смртни случаи предизвикани од екстремни горештини остануваат незабележани, бидејќи властите во помалку развиените земји често немаат ресурси за да ги истражуваат поединечните смртни случаи, особено во региони каде што има конфликти.

The post Екстремните горештини се тивок убиец за сиромашните appeared first on Република.

]]>