екстремна десница Archives - Република https://republika.mk/tema/ekstremna-desnica/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jun 2024 18:45:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png екстремна десница Archives - Република https://republika.mk/tema/ekstremna-desnica/ 32 32 По првиот круг парламентарни избори во Франција во водство е екстремната десница, коалицијата на Макрон на трето место https://republika.mk/vesti/svet/po-prviot-krug-parlamentarni-izbori-vo-frantsija-vo-vodstvo-e-ekstremnata-desnitsa-koalitsijata-na-makron-na-treto-mesto/ Sun, 30 Jun 2024 18:45:49 +0000 https://republika.mk/?p=792213

Партијата Национален собир на Мари ле Пен е во водство со 34 отсто освоени гласови, покажуваат првите излезни анкети по денешниот прв круг гласање на вонбредните парламентарни избори во Франција кои ги објави ТВ Франс 2.

На второто место е левичарската коалиција „Нов народен фронт“ со 28,1 отсто освоени гласови, а трета е коалицијата „Заедно“ на актуелниот претседател Емануел Макрон со 20,3 отсто освоени гласови. На четврото место е Републиканската партија со 10,2 отсто гласови.

Избирачките места во Франција беа затворени во 20 часот по денешните избори на кои право на глас имаа над 49 милиони граѓани кои бираат 577 пратеници во Националното собрание.

Вториот круг на изборите е закажан на 7 јули.

 

The post По првиот круг парламентарни избори во Франција во водство е екстремната десница, коалицијата на Макрон на трето место appeared first on Република.

]]>

Партијата Национален собир на Мари ле Пен е во водство со 34 отсто освоени гласови, покажуваат првите излезни анкети по денешниот прв круг гласање на вонбредните парламентарни избори во Франција кои ги објави ТВ Франс 2. На второто место е левичарската коалиција „Нов народен фронт“ со 28,1 отсто освоени гласови, а трета е коалицијата „Заедно“ на актуелниот претседател Емануел Макрон со 20,3 отсто освоени гласови. На четврото место е Републиканската партија со 10,2 отсто гласови. Избирачките места во Франција беа затворени во 20 часот по денешните избори на кои право на глас имаа над 49 милиони граѓани кои бираат 577 пратеници во Националното собрание. Вториот круг на изборите е закажан на 7 јули.  

The post По првиот круг парламентарни избори во Франција во водство е екстремната десница, коалицијата на Макрон на трето место appeared first on Република.

]]>
Во Марсеј прв митинг на француската екстремна десница пред изборите за ЕП во јуни https://republika.mk/vesti/svet/vo-marsej-prv-miting-na-frantsuskata-ekstremna-desnitsa-pred-izborite-za-ep-vo-juni/ Sun, 03 Mar 2024 19:46:04 +0000 https://republika.mk/?p=750879

На точно 100 дена пред изборите за Европскиот парламент, во Франција денеска се одржа првиот состанок на екстремната десница, Национален собир, чија листа ја предводи младиот Џордан Бардела и чија партија е фаворит на изборите, покажуваат анкетите во Франција.

Бардела (28) за својата прва средба со граѓаните го избра Марсеј.

-Тоа што нашите лидери и Европската унија го предизвикаа со нивното единство, да одат рака под рака, е големо бришење на Франција, рече Бардела на митингот пред 5.000 присутни.

Според него, „бришењето“ на Франција претставува распаѓање на внатрешен план, но и во Европа и во светот.

Бардела ја обвини политиката на центристичкиот претседател на Франција, Емануел Макрон, кого го нарече „големиот бришач“.

На митингот присуствуваше и лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен,  која го осуди „цинизмот“ на Макрон, за кого кажа дека верува дека „ќе најде политички спас со своите ставови за војната“.

Ле Пен алудираше на неодамнешната изјава на Макрон дека не е исклучена можноста за испраќање копнени трупи во Украина, која повеќе од две години се соочува со руска инвазија.

Според анкетите, Националниот собир би можел да освои 28 до 30 отсто од гласовите на изборите за Европскиот парламент на 9 јуни.

Истовремено со политичкиот митинг на десницата во Марсеј се одржа и контрамитинг на околу 600 лица, кои се собраа да изразат противење на политиката на Националниот собор.

The post Во Марсеј прв митинг на француската екстремна десница пред изборите за ЕП во јуни appeared first on Република.

]]>

На точно 100 дена пред изборите за Европскиот парламент, во Франција денеска се одржа првиот состанок на екстремната десница, Национален собир, чија листа ја предводи младиот Џордан Бардела и чија партија е фаворит на изборите, покажуваат анкетите во Франција. Бардела (28) за својата прва средба со граѓаните го избра Марсеј.
-Тоа што нашите лидери и Европската унија го предизвикаа со нивното единство, да одат рака под рака, е големо бришење на Франција, рече Бардела на митингот пред 5.000 присутни.
Според него, „бришењето“ на Франција претставува распаѓање на внатрешен план, но и во Европа и во светот. Бардела ја обвини политиката на центристичкиот претседател на Франција, Емануел Макрон, кого го нарече „големиот бришач“. На митингот присуствуваше и лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен,  која го осуди „цинизмот“ на Макрон, за кого кажа дека верува дека „ќе најде политички спас со своите ставови за војната“. Ле Пен алудираше на неодамнешната изјава на Макрон дека не е исклучена можноста за испраќање копнени трупи во Украина, која повеќе од две години се соочува со руска инвазија. Според анкетите, Националниот собир би можел да освои 28 до 30 отсто од гласовите на изборите за Европскиот парламент на 9 јуни. Истовремено со политичкиот митинг на десницата во Марсеј се одржа и контрамитинг на околу 600 лица, кои се собраа да изразат противење на политиката на Националниот собор.

The post Во Марсеј прв митинг на француската екстремна десница пред изборите за ЕП во јуни appeared first on Република.

]]>
Над 100.000 луѓе во Гермaнија на протести против екстремната десница https://republika.mk/vesti/svet/nad-100-000-luge-vo-germanija-na-protesti-protiv-ekstremnata-desnitsa/ Sat, 20 Jan 2024 17:35:19 +0000 https://republika.mk/?p=734989

Повеќе од 100.000 луѓе излегоа ширум Германија денеска на протести против екстремно десничарската AфД (Алтернатива за Германија), откако се дозна дека членовите на партијата разговарале на состанок за планови за масовна депортација.

Околу 35.000 луѓе се приклучија на повикот под слоганот „Обрани ја демократијата - Франкфурт против АфД“, марширајќи во финансиското срце на Германија.

Сличен број, некои носеа натписи како „Нацистите надвор“, се појави во северниот град Хановер.

Протести беа одржани и во други градови, вклучувајќи ги Брауншвајг, Ерфурт и Касел и многу помали градови, отсликувајќи ја мобилизацијата секој ден во текот на изминатата недела.

Севкупно, од вчера се одржани демонстрации на околу 100 локации низ Германија, вклучително и во Берлин закажани за утре.

Не само политичарите, туку и црквите и тренери од Бундеслигата ги повикаа луѓето да застанат против АфД.

Бранот на мобилизација против екстремно десничарската партија беше поттикнат од извештајот на 10 јануари на истражниот медиум Коректив, кој откри дека членовите на АфД разговарале на состанок за протерување на имигрантите и „неасимилираните граѓани“.

The post Над 100.000 луѓе во Гермaнија на протести против екстремната десница appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 100.000 луѓе излегоа ширум Германија денеска на протести против екстремно десничарската AфД (Алтернатива за Германија), откако се дозна дека членовите на партијата разговарале на состанок за планови за масовна депортација. Околу 35.000 луѓе се приклучија на повикот под слоганот „Обрани ја демократијата - Франкфурт против АфД“, марширајќи во финансиското срце на Германија. Сличен број, некои носеа натписи како „Нацистите надвор“, се појави во северниот град Хановер. Протести беа одржани и во други градови, вклучувајќи ги Брауншвајг, Ерфурт и Касел и многу помали градови, отсликувајќи ја мобилизацијата секој ден во текот на изминатата недела. Севкупно, од вчера се одржани демонстрации на околу 100 локации низ Германија, вклучително и во Берлин закажани за утре. Не само политичарите, туку и црквите и тренери од Бундеслигата ги повикаа луѓето да застанат против АфД. Бранот на мобилизација против екстремно десничарската партија беше поттикнат од извештајот на 10 јануари на истражниот медиум Коректив, кој откри дека членовите на АфД разговарале на состанок за протерување на имигрантите и „неасимилираните граѓани“.

The post Над 100.000 луѓе во Гермaнија на протести против екстремната десница appeared first on Република.

]]>
Италија ја доби најдесната влада по Втората светска војна, ќе ја предводи првата премиерка Џорџа Мелони https://republika.mk/vesti/svet/italija-ja-dobi-najdesnata-vlada-po-vtorata-svetska-vojna-kje-ja-predvodi-prvata-premierka-dzordza-meloni/ Mon, 26 Sep 2022 07:17:17 +0000 https://republika.mk/?p=554178

Лидерката на крајната десница Џорџа Мелони е победник на изборите во Италија, покажуваат изборните анкети, така што е на пат да стане првата жена премиер во земјата, јавува „Би-Би-Си“.

Доколку бидат потврдени изборните резултати, Мелони ќе ја формира најдесничарската влада во Италија од Втората светска војна.

Излезната анкета на „РАИ“ предвидува дека таа ќе освои меѓу 22 и 26 отсто од гласовите, пред нејзиниот најблизок ривал Енрико Лета од левиот центар. Неколку останати изборни анкети и даваат предност на десничарската коалиција од 41 до 45 проценти од гласовите.

Партиите од коалицијата на левиот центар ќе заостанат далеку зад десницата, со некаде меѓу  25,5 до 29,5 проценти.

Излезноста на вчерашните избори беше мала, некаде до 64,7 отсто до затворањето на избирачките места, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи. Особено мал интерес за изборите е забележан во јужните региони, вклучително и Сицилија.

The post Италија ја доби најдесната влада по Втората светска војна, ќе ја предводи првата премиерка Џорџа Мелони appeared first on Република.

]]>

Лидерката на крајната десница Џорџа Мелони е победник на изборите во Италија, покажуваат изборните анкети, така што е на пат да стане првата жена премиер во земјата, јавува „Би-Би-Си“. Доколку бидат потврдени изборните резултати, Мелони ќе ја формира најдесничарската влада во Италија од Втората светска војна. Излезната анкета на „РАИ“ предвидува дека таа ќе освои меѓу 22 и 26 отсто од гласовите, пред нејзиниот најблизок ривал Енрико Лета од левиот центар. Неколку останати изборни анкети и даваат предност на десничарската коалиција од 41 до 45 проценти од гласовите. Партиите од коалицијата на левиот центар ќе заостанат далеку зад десницата, со некаде меѓу  25,5 до 29,5 проценти. Излезноста на вчерашните избори беше мала, некаде до 64,7 отсто до затворањето на избирачките места, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи. Особено мал интерес за изборите е забележан во јужните региони, вклучително и Сицилија.

The post Италија ја доби најдесната влада по Втората светска војна, ќе ја предводи првата премиерка Џорџа Мелони appeared first on Република.

]]>