експропријација Archives - Република https://republika.mk/tema/eksproprijacija/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Dec 2023 17:33:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png експропријација Archives - Република https://republika.mk/tema/eksproprijacija/ 32 32 „Бехтел и Енка“ сака да одземе земјиште кое е дури километар оддалечено од зацртаната траса за автопатот Прилеп – Битола https://republika.mk/vesti/makedonija/behtel-i-enka-saka-da-odzeme-zemjishte-koe-e-duri-kilometar-oddalecheno-od-zatsrtanata-trasa-za-avtopatot-prilep-bitola/ Fri, 22 Dec 2023 17:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=725780

Околу 103 семејства, односно 400 жители на прилепското село Беровци потпишаа и упатија петиција до државните институции, револтирани од најавата дека ќе се експроприраат 30 хектари плодно приватно земјоделско земјиште за потребите на градежните работи на автопатот Прилеп-Битола чиј изведувач е „Бехтел и Енка“. Жителите се револтирани на, како што велат нерационално решение да им се одземе плодната земја за изградба на придружни објекти, асфалтна база и бараки за работниците од странство. Земјиштето е дури околу 1 километар од трасата на автопатот. Имаат и правен застапник и не се откажуваат од барањето надлежните да се откажат од, како што велат, неразумното решение. Денеска жителите излегоа на протест на посоченото земјиште за експропријација.

Како што од Бехтел и Енка ни е најавено, на ова приватно земјоделско земјиште планираат да изведуваат градежно земјиште, односно планираат да изградат паркиралиште за механизација, асфалтна база и бараки за работници од странство. Сметаме дека вака најавената екпропријација е нерационална. Непотребно им се одзема земјиштето за несуштински цели и на таков начин им се нанесува штета на жителите на населеното место Беровци. Им се одзема приватно земјоделско земјиште кое го поседуваат со генерации од кое живеат и егзистирааат. Приватното земјоделско земјиште кое „Бехтел и Енка“ го одзема не се наоѓа ниту на трасата на предвидениот автопат и е на околу 1 километар од предвидената траса, изјави Ангела Ѓориоски, правен застапник на жителите на селото Беровци.

Жителите очекуваат надлежните државни институции и локалната самоуправа да реагираат за корекција на, како ѓто велат, овој апсурд во најава, додека штетата сѐ уште не е направена бидејќи постои логично решение на овој проблем од кој би биле задоволени интересите на сите страни.

Ние понудивме конкретно решение зашто во непосредна близина има огромни неискористени парцели на државно земјиште, 100-тина хектари, на кои „Бехтел и Енка“ би можеле непречено да ги извршуваат своите градежни активности без да им нанесат штета на сопствениците на приватното земјоделско земјиште и без притоа да има потреба државата да води постапки за експрпријација и да плаќа надоместоци, објаснува Ѓорѓиески.

Ниту жителите, ниту нивниот правен застапник нема да се откажат од барањето да не се одземе плодното земјиште кое неповратно же биде уништено.

Со оваа петиција предупредуваме дека нема да дозволиме да биде загрозена егзистенцијата на локалното население. Свесни сме дека изградбата на автопатите е од јавен интерес, но нема повисок јавен интерес од опстанкот на населението кое во оваа ситуација е подложено на нерационални апсурдни закани за кои има сосема едноставни решенија. Моментално имаме најава од Бехтел и Енка дека е поднесен предлог до Владата да се експроприра ова земјиште. Ние им ги посочивме државните парцели кои се непосредно до приватните и до денес нема никаков одговор, изјави правниот застапник Ангела Ѓорѓиески.

Жителите се револтирани зашто им се одзема наследството, а со тоа им се одзема иднината на младите

Револтирани сме од намерата на Бехтел и Енка и да пренаменат земјоделско земјиште во непосредна близина на селото. Сакаат да ни изградат база која сакаат да зафати 30 хектари, на кои нема педа слободна површина. сето е обработливо. Не знам што ќе се случи со ова население доколку му се одземе земјата. Никој не не информира, туку Бехтел и Енка не повикува еден по еден, рече Петре Ристески, жител на Беровци.

Ова е негативна работа. Ги замолуваме надлежните да преземат чекори. Да не го уништуваат нашиот живот, иднината на младите кои веќе ни заминуваат, рече Киро Јанчески, жител на село Беровци.

„Бехтел и Енка“ е изведувачот на автопатот Прилеп-Битола во должина од 40 километри и е дел од коридорот 10 Д.

The post „Бехтел и Енка“ сака да одземе земјиште кое е дури километар оддалечено од зацртаната траса за автопатот Прилеп – Битола appeared first on Република.

]]>

Околу 103 семејства, односно 400 жители на прилепското село Беровци потпишаа и упатија петиција до државните институции, револтирани од најавата дека ќе се експроприраат 30 хектари плодно приватно земјоделско земјиште за потребите на градежните работи на автопатот Прилеп-Битола чиј изведувач е „Бехтел и Енка“. Жителите се револтирани на, како што велат нерационално решение да им се одземе плодната земја за изградба на придружни објекти, асфалтна база и бараки за работниците од странство. Земјиштето е дури околу 1 километар од трасата на автопатот. Имаат и правен застапник и не се откажуваат од барањето надлежните да се откажат од, како што велат, неразумното решение. Денеска жителите излегоа на протест на посоченото земјиште за експропријација.
Како што од Бехтел и Енка ни е најавено, на ова приватно земјоделско земјиште планираат да изведуваат градежно земјиште, односно планираат да изградат паркиралиште за механизација, асфалтна база и бараки за работници од странство. Сметаме дека вака најавената екпропријација е нерационална. Непотребно им се одзема земјиштето за несуштински цели и на таков начин им се нанесува штета на жителите на населеното место Беровци. Им се одзема приватно земјоделско земјиште кое го поседуваат со генерации од кое живеат и егзистирааат. Приватното земјоделско земјиште кое „Бехтел и Енка“ го одзема не се наоѓа ниту на трасата на предвидениот автопат и е на околу 1 километар од предвидената траса, изјави Ангела Ѓориоски, правен застапник на жителите на селото Беровци.
Жителите очекуваат надлежните државни институции и локалната самоуправа да реагираат за корекција на, како ѓто велат, овој апсурд во најава, додека штетата сѐ уште не е направена бидејќи постои логично решение на овој проблем од кој би биле задоволени интересите на сите страни.
Ние понудивме конкретно решение зашто во непосредна близина има огромни неискористени парцели на државно земјиште, 100-тина хектари, на кои „Бехтел и Енка“ би можеле непречено да ги извршуваат своите градежни активности без да им нанесат штета на сопствениците на приватното земјоделско земјиште и без притоа да има потреба државата да води постапки за експрпријација и да плаќа надоместоци, објаснува Ѓорѓиески.
Ниту жителите, ниту нивниот правен застапник нема да се откажат од барањето да не се одземе плодното земјиште кое неповратно же биде уништено.
Со оваа петиција предупредуваме дека нема да дозволиме да биде загрозена егзистенцијата на локалното население. Свесни сме дека изградбата на автопатите е од јавен интерес, но нема повисок јавен интерес од опстанкот на населението кое во оваа ситуација е подложено на нерационални апсурдни закани за кои има сосема едноставни решенија. Моментално имаме најава од Бехтел и Енка дека е поднесен предлог до Владата да се експроприра ова земјиште. Ние им ги посочивме државните парцели кои се непосредно до приватните и до денес нема никаков одговор, изјави правниот застапник Ангела Ѓорѓиески.
Жителите се револтирани зашто им се одзема наследството, а со тоа им се одзема иднината на младите
Револтирани сме од намерата на Бехтел и Енка и да пренаменат земјоделско земјиште во непосредна близина на селото. Сакаат да ни изградат база која сакаат да зафати 30 хектари, на кои нема педа слободна површина. сето е обработливо. Не знам што ќе се случи со ова население доколку му се одземе земјата. Никој не не информира, туку Бехтел и Енка не повикува еден по еден, рече Петре Ристески, жител на Беровци.   Ова е негативна работа. Ги замолуваме надлежните да преземат чекори. Да не го уништуваат нашиот живот, иднината на младите кои веќе ни заминуваат, рече Киро Јанчески, жител на село Беровци.
„Бехтел и Енка“ е изведувачот на автопатот Прилеп-Битола во должина од 40 километри и е дел од коридорот 10 Д.

The post „Бехтел и Енка“ сака да одземе земјиште кое е дури километар оддалечено од зацртаната траса за автопатот Прилеп – Битола appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Експропријацијата веќе тече и нема да застане се до реализацијата на најзначајните капитални проекти https://republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-eksproprijatsijata-veke-teche-i-nema-da-zastane-se-do-realizatsijata-na-najznachajnite-kapitalni-proekti/ Mon, 26 Dec 2022 18:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=590246

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање за експропријација на земјиште околу браната на река Отиња, изјави дека експропријацијата веќе тече и нема да застане се до реализацијата на најзначајните капитални проекти коишто даваат дополнителна шанса за развој на градовите и на целиот регион.

Најпрво, кога станува збор за експропријација на земјиште, не ја врши Министерството за транспорт, туку ја врши Агенцијата за имотно правни односи заедно со Државното правобранителство работи на таа проблематика и кога завршуваат постапките согласно процедурите коишто ги има во државата и согласно нивните правила за откуп на земјиште кога се гради објект од јавен интерес на крајот се доставува решение за експропирање на земјиштето, односно за исплата. Можам само да информирам дека секаде каде што ќе добиваме решенија за експропријација од страна на Агенцијата за имотно правни односи и завршена процедура преку Државното правобранителство со решение и потпис од страна на граѓаните каде што ќе се согласат за истата сума ние веднаш ќе ја исплатиме со што ќе ослободиме простор за дополнителен прогрес на работите на изградбата на браната на река Отиња, тоа што го правиме и на сите други инфраструктури објекти како што било случај и со овој експресен пат така и со сите останати објекти, изјави Бочварски на пуштањето во употреба на експресниот пат Штип – Кочани, делница Крупиште – Кочани.

Бочварски потенцира дека 95 проценти од буџетот на Министерството за транспорт и врски се наменети за граѓаните и за општините.

Кога станува збор за ставките каде што ќе може општините да аплицираат, ние имаме повеќе такви ставки каде што тоа го знаат и граѓаните и градоначалниците и општините ќе може да аплицираат за изградба на локалните патишта и рехабилитација, за комунални проекти за водоводи и канализации и секако дека преку изградбата на социјалните станбени згради и тоа како даваме поддршка на развојот на општините. Регионалната патна мрежа знаеме дека преку изградбата и реконструкцијата на ваквите патишта ние даваме поддршка за дополнителен економски развој, за отворање на нови работни места и тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина, изјави Бочварски.

Тој посочи дека таму каде што отвораат повици, бараат од општините да аплицираат со добри и квалитетни проекти за, како што рече, да можеме брзо да ги реализираме средствата коишто се оставени на ставката за капитални расходи на Министерството за транспорт и врски.

The post Бочварски: Експропријацијата веќе тече и нема да застане се до реализацијата на најзначајните капитални проекти appeared first on Република.