експерти Archives - Република https://republika.mk/tema/eksperti/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Apr 2023 06:37:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png експерти Archives - Република https://republika.mk/tema/eksperti/ 32 32 Koj ќе ги пишува уставните измени: Сестрата на Теута Арифи, таткото на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, дежурни поддржувачи на СДСМ во дебатни емисии https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-ke-gi-pishuva-ustavnite-izmeni-sestrata-na-teuta-arifi-tatkoto-na-poraneshniot-gradonachalnik-na-gorche-petrov-dezhurni-poddrzhuvachi-na-sdsm-vo-debatni-emisii/ Thu, 20 Apr 2023 06:37:10 +0000 https://republika.mk/?p=632301

Познати се имињата на членовите на работната група која ќе треба да ја подготви предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот, чиј предлагач е Владата.

Министерството за правда вчера го објави тимот експерти кои ќе учествуваат во работната група за уставни измени. Експертската работна група ќе ја сочинуваат Сали Мурати - поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска - поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани - поранешен уставен судија и професор по уставно право,

Бранко Наумовски - поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари - професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска - професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати - професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи - професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска - професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска - професор на Институт за национална историја.

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со коментар за составот на експерите. Оттаму велат дека наликува на општинска организација на СДСМ.

Сали Мурати, претседател на Уставниот суд пред Кацарска е судијата кој им ги зголеми платите на судиите под образложение дека се гладни, а самиот тој тежи куќа во гостиварско, стан во Гостивар и стан во Скопје.

Како независен експерт власта ја продава и Беса Арифи, сестра на долгогогидишниот функционер на ДУИ и градоначалник на Тетово, Теута Арифи, но и Маргарита Цаца Николовска, кадар на СДСМ од претседател на ДИК, судија до судија во Стразбур.

Бајрам Положани, дежурен подржувач на криминалното СЈО, кој не испушташе дебатна емисија да дава легитимитет на обвинителите криминалци.

Ана Чупеска, која себе се претставува за експерт, а во слободно време поддржува повици за апсење на новинари и нивно затворање. Самата Чупевска даде поддршка на Бранко Тричковски кој се придружи во хајката на Ахмети кон новинарите на националните телевизии како Телма и Алфа.

The post Koj ќе ги пишува уставните измени: Сестрата на Теута Арифи, таткото на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, дежурни поддржувачи на СДСМ во дебатни емисии appeared first on Република.

]]>

Познати се имињата на членовите на работната група која ќе треба да ја подготви предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот, чиј предлагач е Владата. Министерството за правда вчера го објави тимот експерти кои ќе учествуваат во работната група за уставни измени. Експертската работна група ќе ја сочинуваат Сали Мурати - поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска - поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани - поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски - поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари - професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска - професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати - професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи - професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска - професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска - професор на Институт за национална историја. ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со коментар за составот на експерите. Оттаму велат дека наликува на општинска организација на СДСМ. Сали Мурати, претседател на Уставниот суд пред Кацарска е судијата кој им ги зголеми платите на судиите под образложение дека се гладни, а самиот тој тежи куќа во гостиварско, стан во Гостивар и стан во Скопје. Како независен експерт власта ја продава и Беса Арифи, сестра на долгогогидишниот функционер на ДУИ и градоначалник на Тетово, Теута Арифи, но и Маргарита Цаца Николовска, кадар на СДСМ од претседател на ДИК, судија до судија во Стразбур. Бајрам Положани, дежурен подржувач на криминалното СЈО, кој не испушташе дебатна емисија да дава легитимитет на обвинителите криминалци. Ана Чупеска, која себе се претставува за експерт, а во слободно време поддржува повици за апсење на новинари и нивно затворање. Самата Чупевска даде поддршка на Бранко Тричковски кој се придружи во хајката на Ахмети кон новинарите на националните телевизии како Телма и Алфа.  

The post Koj ќе ги пишува уставните измени: Сестрата на Теута Арифи, таткото на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, дежурни поддржувачи на СДСМ во дебатни емисии appeared first on Република.

]]>
За надзорен инженер на автопатиштата на Ковачевски и Груби месечно ќе се плаќа по 27.000 народни евра, од 81 експерт, само петмина се странци https://republika.mk/vesti/makedonija/za-nadzoren-inzhener-na-avtopatishtata-na-kovachevski-i-grubi-mesechno-ke-se-plaka-po-27-000-narodni-evra-od-81-ekspert-samo-petmina-se-strantsi/ Tue, 14 Mar 2023 11:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=619498

Цените на услугите на надзорот, патем, се пред се за ангжман на домашни експерти. Иако на чело на конзорциумот за надзор на „Бехтел и Енка“ стои „ИРД Инеженеринг” од Италија, чиј претставник и ги потпишуваше договорите со Јавното претпријатие за државни патишта пред камерите, најголем дел од работата, а со тоа и парите, ќе одат преку македонските фирми „Електра солушнс“ и „Евро консалтинг“, објави 360 степени.

Минатата недела, на 8 март, Владата го потпиша договорот со „Бехтел и Енка“. За 1,3 милијарди евра, американско-турскиот конзорциум треба да гради делови од коридорите 8 и 10-д.

Развиваме инфраструктура која значи развој на економијата“, изјави тогаш премиерот Ковачевски.

Но, за да има договор за потпишување, Владата прво мораше да избере консултант. Првиот обид пропадна бидејќи испадна дека зад водечката фирма во избраниот конзорциум стои руски капитал и тоа блокиран поради санкции.

Анализата на договорот што ја направи „360 степени“ покажува дека она што на јавноста ѝ се претставува како надзор од меѓународни експерти, всушност, е само завеса зад која доминантно стојат домашни кадри.

Овие листови се само дел од неколкуте стотици страници од договорот меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот предводен од „ИРД инженеринг“. На тие страници се сите детали за тендерот кој чини 22,3 милиони евра без ДДВ, пари што државата се согласи да ги плати за конзорциумот предводен од италијанската компанија – прво, да договори сума за изградба на автопатите со изведувачот „Бехтел и Енка“, а потоа и да врши надзор над градбата.

На тие страници, поединечно, се набројани и имињата на експертите што ќе работат на надзорот, но и колку ќе чини нивната работа. Прва работа што паѓа во очи е дека од 81 име, само 5 се на странци од кои четворица од земји од соседството.

Целата објаава на 360 степени прочитајте ја ТУКА

The post За надзорен инженер на автопатиштата на Ковачевски и Груби месечно ќе се плаќа по 27.000 народни евра, од 81 експерт, само петмина се странци appeared first on Република.

]]>

Цените на услугите на надзорот, патем, се пред се за ангжман на домашни експерти. Иако на чело на конзорциумот за надзор на „Бехтел и Енка“ стои „ИРД Инеженеринг” од Италија, чиј претставник и ги потпишуваше договорите со Јавното претпријатие за државни патишта пред камерите, најголем дел од работата, а со тоа и парите, ќе одат преку македонските фирми „Електра солушнс“ и „Евро консалтинг“, објави 360 степени. Минатата недела, на 8 март, Владата го потпиша договорот со „Бехтел и Енка“. За 1,3 милијарди евра, американско-турскиот конзорциум треба да гради делови од коридорите 8 и 10-д.
Развиваме инфраструктура која значи развој на економијата“, изјави тогаш премиерот Ковачевски.
Но, за да има договор за потпишување, Владата прво мораше да избере консултант. Првиот обид пропадна бидејќи испадна дека зад водечката фирма во избраниот конзорциум стои руски капитал и тоа блокиран поради санкции. Анализата на договорот што ја направи „360 степени“ покажува дека она што на јавноста ѝ се претставува како надзор од меѓународни експерти, всушност, е само завеса зад која доминантно стојат домашни кадри. Овие листови се само дел од неколкуте стотици страници од договорот меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот предводен од „ИРД инженеринг“. На тие страници се сите детали за тендерот кој чини 22,3 милиони евра без ДДВ, пари што државата се согласи да ги плати за конзорциумот предводен од италијанската компанија – прво, да договори сума за изградба на автопатите со изведувачот „Бехтел и Енка“, а потоа и да врши надзор над градбата. На тие страници, поединечно, се набројани и имињата на експертите што ќе работат на надзорот, но и колку ќе чини нивната работа. Прва работа што паѓа во очи е дека од 81 име, само 5 се на странци од кои четворица од земји од соседството. Целата објаава на 360 степени прочитајте ја ТУКА  

The post За надзорен инженер на автопатиштата на Ковачевски и Груби месечно ќе се плаќа по 27.000 народни евра, од 81 експерт, само петмина се странци appeared first on Република.

]]>
Најскапи месото, лебот и маслото, економистите бараат да се заузда инфлацијата https://republika.mk/vesti/ekonomija/najskapi-mesoto-lebot-i-masloto-ekonomistite-baraat-da-se-zauzda-inflacijata/ Tue, 08 Nov 2022 07:41:32 +0000 https://republika.mk/?p=571198

Доколку се прати трендот на раст на цените ќе се види искривување на соодносот понуда-побарувачка, велат економските експерти.

Очигледно трговските компании го користат моментот каде што е отворена таа инфлаторна спирала, така што го користат моментот и имаме неоправдан порастот на цените. Бидејки од една страна има ниски откупни цени од производителите на основни продукти, а од друга страна имаме евидентен рапиден пораст на цените на прехранбените производи што е неоправдано“, вели Јованка Дамоска Секулоска, универзитетски професор по економија за „Гласот на Америка“.

Државата треба да ги заштити потрошувачите од аспект на регулирање на цените, замрзнување или определување на одредени фиксни маржи, поголеми санкции врз трговците, бидејќи вели дека има неконтролиран пораст на цените.

Очигледно е дека државата треба да воспостави поголема контрола на тоа како се формираат цените, бидејки не може вие секојдневно да имате ваков раст на цените. Мора да се заузда таа инфлација“, вели Дамоска Секулоска.

Целиот текст овде.

The post Најскапи месото, лебот и маслото, економистите бараат да се заузда инфлацијата appeared first on Република.

Само 6 киловати на покривот не се ништо, предупредуваат експертите за кои владините олеснувања се само капка во морето https://republika.mk/vesti/ekonomija/samo-6-kilovati-na-pokrivot-ne-se-nishto-predupreduvaat-ekspertite-za-koi-vladinite-olesnuvanja-se-samo-kapka-vo-moreto/ Wed, 31 Aug 2022 15:11:13 +0000 https://republika.mk/?p=546146

Капка во морето се олеснувањата што ги најави владата за поставување фотонапонски централи на куќи, згради и погони, со измените на Законот за градба, велат експерти што ги консултираше „Плусинфо“. Според нив, владата не изменила ништо во однос на фактичката состојба со поставувањето фотоволтаици, а забележуваат и на дозволената моќност, која, како што велат, е мала за да биде исплатлива инвестицијата, како за граѓаните така и за компаниите.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски како клучна измена ја издвои таа според која на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/nema-da-treba-dozvola-za-postavuvanje-fotovoltaici-potrebno-e-samo-da-gi-postavuva-licensiran-izveduvach/

Професорот Константин Димитров вели дека фактички нема никакво олеснување во постапката.

Ако треба секој што сака да постави фотонапонски централа на покривот да достави основен проект, кој е составен од три други проекти коишто треба да се контролираат, тоа значи дека ништо не е олеснето. Има и низа други бариери кои непотребно се ставени, а кои ги дестимулираат инвеститорите, вели Димитров.

Тој смета дека и одлуката да се дозволи вакви централи да бидат со јачина од 6 односно 40 киловати е неприфатлива.

Не треба да се ограничува моќноста. Треба да се дозволи граѓаните и стопанските субјекти да поставуваат централи со моќност што би им ја дозволила електродистрибуција. Само така граѓаните и фирмите ќе имаат корист од поставувањето фотонапонски централи. На пример, ако електродистрибуција ти дозволила да можеш да трошиш 120 киловати, коректно е да можеш да вложиш во централа со толкава јачина. Само така вложувањето ќе биде исплатливо. Со 6 киловати не е исплатливо. Дополнително, треба да се подготвува само еден електропроект. Владата мора да се откаже и од ДДВ на опремата за производство на електрична енергија од сонце, но и да ги субвенционира овие вложувања. Се најавија субвенции, но нив никаде ги нема. Не знам што се чека, вели Димитров.

Тој објаснува дека државата има само корист од вложувањето во што поголем број вакви централи и од дополнителната струја во системот што нема да мора да ја купува.

Но, ваквите вложувања ќе го намалат профитот на компаниите кои увезуваат струја. Веројатно и ЕВН е против тоа, како и сите други електродистрибутивна компании. Сепак, државата треба да го гледа својот интерес и во овој случај, додава Димитров.

Целата сторија на „Плусинфо

The post Само 6 киловати на покривот не се ништо, предупредуваат експертите за кои владините олеснувања се само капка во морето appeared first on Република.

]]>

Капка во морето се олеснувањата што ги најави владата за поставување фотонапонски централи на куќи, згради и погони, со измените на Законот за градба, велат експерти што ги консултираше „Плусинфо“. Според нив, владата не изменила ништо во однос на фактичката состојба со поставувањето фотоволтаици, а забележуваат и на дозволената моќност, која, како што велат, е мала за да биде исплатлива инвестицијата, како за граѓаните така и за компаниите. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски како клучна измена ја издвои таа според која на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи. https://republika.mk/vesti/ekonomija/nema-da-treba-dozvola-za-postavuvanje-fotovoltaici-potrebno-e-samo-da-gi-postavuva-licensiran-izveduvach/ Професорот Константин Димитров вели дека фактички нема никакво олеснување во постапката.
Ако треба секој што сака да постави фотонапонски централа на покривот да достави основен проект, кој е составен од три други проекти коишто треба да се контролираат, тоа значи дека ништо не е олеснето. Има и низа други бариери кои непотребно се ставени, а кои ги дестимулираат инвеститорите, вели Димитров.
Тој смета дека и одлуката да се дозволи вакви централи да бидат со јачина од 6 односно 40 киловати е неприфатлива.
Не треба да се ограничува моќноста. Треба да се дозволи граѓаните и стопанските субјекти да поставуваат централи со моќност што би им ја дозволила електродистрибуција. Само така граѓаните и фирмите ќе имаат корист од поставувањето фотонапонски централи. На пример, ако електродистрибуција ти дозволила да можеш да трошиш 120 киловати, коректно е да можеш да вложиш во централа со толкава јачина. Само така вложувањето ќе биде исплатливо. Со 6 киловати не е исплатливо. Дополнително, треба да се подготвува само еден електропроект. Владата мора да се откаже и од ДДВ на опремата за производство на електрична енергија од сонце, но и да ги субвенционира овие вложувања. Се најавија субвенции, но нив никаде ги нема. Не знам што се чека, вели Димитров.
Тој објаснува дека државата има само корист од вложувањето во што поголем број вакви централи и од дополнителната струја во системот што нема да мора да ја купува.
Но, ваквите вложувања ќе го намалат профитот на компаниите кои увезуваат струја. Веројатно и ЕВН е против тоа, како и сите други електродистрибутивна компании. Сепак, државата треба да го гледа својот интерес и во овој случај, додава Димитров.
Целата сторија на „Плусинфо

The post Само 6 киловати на покривот не се ништо, предупредуваат експертите за кои владините олеснувања се само капка во морето appeared first on Република.

]]>
„Хистеричните“ експерти гневни на обвинувањата на премиерот Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/histerichnite-eksperti-gnevni-na-obvinuvanjata-na-premierot-kovachevski/ Fri, 24 Jun 2022 17:47:29 +0000 https://republika.mk/?p=519420

Експертската и интелектуалната јавност во Македонија е бесна на премиерот Ковачевски кој вчера ги навреди нарекувајќи ги „хистерични“, дека не се разбирале како функционира Европската Унија и дека тие биле причината што цела Македонија се крена против францускиот предлог.

Сакам да им честитам на сите “хистерични експерти”, налутени граѓани, вознемирени прoфесори, лути новинари, бунтовни Македонци, гласни членови на цивилниот и невладиниот корпус кој е вистински таков, припадници на помалите политички партии и коалиционите партии на СДСМ кои јасно кажаа дека ќе излезат од Влада, на сите што беа гласни, го кажаа својот личен став и го сменија јавното мислење во Македонија и придонесоа Владата да мора да се повлече и да каже НЕ,  напиша Жанета Трајковска на Фејсбук, пренесува Алфа.

Па овој беше спремен да потпише. Само затоа што надигнавме џева ние “самонаречените експерти“ се повлече. Па уште не прогласи и за хистерични, напиша Мирјана Најчевска на Твитер.

Овие и други реакции на академската јавност следат по обвинувањата на Ковачевски дека создавале хистерија во интерес на други држави.

Изненаден сум што луѓето што се нарекуваат експерти и тврдат дека знаат како се одвиваат процесите, се тие што ја креираа најголемата хистерија во земјата. Произлезе дека тие не ни знаат како се изработуваат предлозите и како се споделуваат меѓу земјите-членки и земјите-кандидати. Произлегува дека тоа го прават во интерес на трети страни и земји, изјави Ковачевски во Брисел.

Додека премиерот Ковачевски навредува, сепак, во своето обраќање од Брисел како причини за одбивање на предлогот ги наведе токму критиките и предупредувањата експертската јавност дека мора да има гаранции за македонскиот јазик, дека историјата не смее да биде дел од преговарачката рамка и дека уставот може да се смени, но откако ќе почнат преговорите.

The post „Хистеричните“ експерти гневни на обвинувањата на премиерот Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Експертската и интелектуалната јавност во Македонија е бесна на премиерот Ковачевски кој вчера ги навреди нарекувајќи ги „хистерични“, дека не се разбирале како функционира Европската Унија и дека тие биле причината што цела Македонија се крена против францускиот предлог. Сакам да им честитам на сите “хистерични експерти”, налутени граѓани, вознемирени прoфесори, лути новинари, бунтовни Македонци, гласни членови на цивилниот и невладиниот корпус кој е вистински таков, припадници на помалите политички партии и коалиционите партии на СДСМ кои јасно кажаа дека ќе излезат од Влада, на сите што беа гласни, го кажаа својот личен став и го сменија јавното мислење во Македонија и придонесоа Владата да мора да се повлече и да каже НЕ,  напиша Жанета Трајковска на Фејсбук, пренесува Алфа. Па овој беше спремен да потпише. Само затоа што надигнавме џева ние “самонаречените експерти“ се повлече. Па уште не прогласи и за хистерични, напиша Мирјана Најчевска на Твитер. Овие и други реакции на академската јавност следат по обвинувањата на Ковачевски дека создавале хистерија во интерес на други држави. Изненаден сум што луѓето што се нарекуваат експерти и тврдат дека знаат како се одвиваат процесите, се тие што ја креираа најголемата хистерија во земјата. Произлезе дека тие не ни знаат како се изработуваат предлозите и како се споделуваат меѓу земјите-членки и земјите-кандидати. Произлегува дека тоа го прават во интерес на трети страни и земји, изјави Ковачевски во Брисел. Додека премиерот Ковачевски навредува, сепак, во своето обраќање од Брисел како причини за одбивање на предлогот ги наведе токму критиките и предупредувањата експертската јавност дека мора да има гаранции за македонскиот јазик, дека историјата не смее да биде дел од преговарачката рамка и дека уставот може да се смени, но откако ќе почнат преговорите.

The post „Хистеричните“ експерти гневни на обвинувањата на премиерот Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Бислимоски: Сега е популарно да се шпеклуира, експертиве за ковид станаа експерти за енергетика https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-sega-e-popularno-da-se-shpekluira-ekspertive-za-kovid-stanaa-eksperti-za-energetika/ Mon, 20 Jun 2022 10:57:22 +0000 https://republika.mk/?p=517575

Со денешаната одлука цената на безините ќе се намаил за 1,5 денари, додека пак цената на дизелот ќе се зголеми за 0,5 денари, кажа денеска првиот човек на Регулаторна Комисија за енергетитка Марко Бислимоски.

Тој посочи дека минатата недела во петокот беше намалена цената на горивата.

Она што треба да го знаеме како факт е дека цената на доларот отиде над 59 денари, и такви квази експерти кои кажуваат колку била цената на нафтата пред 5, 6 или 7 години ја кажуваат само таа работа, а не кажуваат дека доларот тогаш бил 40 денари. Сега очигледно популарно е да се шпеклуира, експертиве за ковид што беа станаа експерти за енергетика и цени на светски брези и се обидуваат да протнат лажни вести, кажа Бислимоски.

The post Бислимоски: Сега е популарно да се шпеклуира, експертиве за ковид станаа експерти за енергетика appeared first on Република.

]]>

Со денешаната одлука цената на безините ќе се намаил за 1,5 денари, додека пак цената на дизелот ќе се зголеми за 0,5 денари, кажа денеска првиот човек на Регулаторна Комисија за енергетитка Марко Бислимоски. Тој посочи дека минатата недела во петокот беше намалена цената на горивата.
Она што треба да го знаеме како факт е дека цената на доларот отиде над 59 денари, и такви квази експерти кои кажуваат колку била цената на нафтата пред 5, 6 или 7 години ја кажуваат само таа работа, а не кажуваат дека доларот тогаш бил 40 денари. Сега очигледно популарно е да се шпеклуира, експертиве за ковид што беа станаа експерти за енергетика и цени на светски брези и се обидуваат да протнат лажни вести, кажа Бислимоски.
 
The post Бислимоски: Сега е популарно да се шпеклуира, експертиве за ковид станаа експерти за енергетика appeared first on Република.

]]>
Експерти од Шумарски факултет ќе работат со Град Скопје за зачувување и зголемување на зеленилото https://republika.mk/vesti/skopje/eksperti-od-shumarski-fakultet-kje-rabotat-so-grad-skopje-za-zachuvuvanje-i-zgolemuvanje-na-zeleniloto/ Mon, 18 Apr 2022 11:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=489971

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и деканот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, проф. др. Кирил Сотировски Скопје, потпишаа Меморандум за соработка за овозможување унапредување и развој во областа на шумарството, заштитата и унапредувањето на животната средина, вклучувајќи ги аспектите кои се однесуваат на урбано зеленило, теренската и научноистражувачката работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области.

Системски пристапуваме кон заштитата на постојното зеленило во градот, кон планирањето и подигањето нови зелени површини, засадувањето нови дрвја и заштита на животната средина. Како резултат на оваа нашата соработка се формираат работни групи во кои учествуваат стручни лица од секторите за комунални работи и заштита на животната средина од Град Скопје, од ЈП Паркови и зеленило и Шумарскиот факултет кои ќе работат на проценка на дрвјата во градот. Со овој пристап нема да дозволиме да се отстрани ниту едно здраво дрво, а дополнително со соодветна поддршка во форма на трансфер на знаења од факултетот, ќе се обозможи новите дрвја да бидат квалитетно и успешно засадени, истакна градоначалничката Арсовска, на потпишувањето на овој значаен документ.

Според меморандумот, Градот Скопје и Факултетот ќе соработуваат при спроведување на проекти во областа на зеленилото и заштита и унапредување на животната средина, вклучувајќи ги следните аспекти:

-урбано зеленило (урбана дендрофлора, проектирање и подигање на зелени површини,

-заштита и одгледување на урбано зеленило и цветни култури,

-проценка на здравствена состојба на растенија, фитопатолошка и ентомолошка заштита, педолошки анализи,

-производство на декоративни садници, парковски инфрастуктурни објекти и елементи),

-вонградско зеленило (планирање, пошумување и одгледување, здравствени аспекти на зеленилото, заштита на шумите и зеленилото, екологија и одржлив развој, заштита на земјиштето од ерозија, уредување на поројни водотеци и рекултивација на копови, депонии и јаловишта со акцент на биолошките аспекти, управување со опасности и ризици од некои природни непогоди, периурбана дендрофлора),

-машини и механизација,

-датабази за зеленилото,

-социоекономски аспекти на зеленилото,

-стратегиска оцена и оцена на влијание врз животната средина,

-теренска и научноистражувачка работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области.

The post Експерти од Шумарски факултет ќе работат со Град Скопје за зачувување и зголемување на зеленилото appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и деканот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, проф. др. Кирил Сотировски Скопје, потпишаа Меморандум за соработка за овозможување унапредување и развој во областа на шумарството, заштитата и унапредувањето на животната средина, вклучувајќи ги аспектите кои се однесуваат на урбано зеленило, теренската и научноистражувачката работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области.
Системски пристапуваме кон заштитата на постојното зеленило во градот, кон планирањето и подигањето нови зелени површини, засадувањето нови дрвја и заштита на животната средина. Како резултат на оваа нашата соработка се формираат работни групи во кои учествуваат стручни лица од секторите за комунални работи и заштита на животната средина од Град Скопје, од ЈП Паркови и зеленило и Шумарскиот факултет кои ќе работат на проценка на дрвјата во градот. Со овој пристап нема да дозволиме да се отстрани ниту едно здраво дрво, а дополнително со соодветна поддршка во форма на трансфер на знаења од факултетот, ќе се обозможи новите дрвја да бидат квалитетно и успешно засадени, истакна градоначалничката Арсовска, на потпишувањето на овој значаен документ.
Според меморандумот, Градот Скопје и Факултетот ќе соработуваат при спроведување на проекти во областа на зеленилото и заштита и унапредување на животната средина, вклучувајќи ги следните аспекти:
-урбано зеленило (урбана дендрофлора, проектирање и подигање на зелени површини, -заштита и одгледување на урбано зеленило и цветни култури, -проценка на здравствена состојба на растенија, фитопатолошка и ентомолошка заштита, педолошки анализи, -производство на декоративни садници, парковски инфрастуктурни објекти и елементи), -вонградско зеленило (планирање, пошумување и одгледување, здравствени аспекти на зеленилото, заштита на шумите и зеленилото, екологија и одржлив развој, заштита на земјиштето од ерозија, уредување на поројни водотеци и рекултивација на копови, депонии и јаловишта со акцент на биолошките аспекти, управување со опасности и ризици од некои природни непогоди, периурбана дендрофлора), -машини и механизација, -датабази за зеленилото, -социоекономски аспекти на зеленилото, -стратегиска оцена и оцена на влијание врз животната средина, -теренска и научноистражувачка работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области.

The post Експерти од Шумарски факултет ќе работат со Град Скопје за зачувување и зголемување на зеленилото appeared first on Република.

]]>
Експерти од Полска ќе го обновуваат витражот во „Македониумот“ во Крушево https://republika.mk/vesti/kultura/eksperti-od-polska-kje-go-obnovuvaat-vitrazot-vo-makedoniumot-vo-krushevo/ Sun, 13 Mar 2022 16:19:26 +0000 https://republika.mk/?p=472174

Експерти од Полска, со светско искуство, може да го решат долгорочниот проблем со витражот на „Македониумот“ во Крушево, симболот на Илинденското востание. Со години се работи на заштитата на овој монументален споменик, еден од најзначајните за македонската историја.

Според Благоја Атанасоски, директор на прилепскиот „Завод и Музеј“, обновата на витражите се покажа како комплициран проблем, којшто бара висока стручност што тешко може да се најде на овие простори.

Обновата на „Македониумот“ во Крушево е со подолга историја. Работите беа почнати уште пред 2017 година. Проектот е обемен и е речиси во завршна фаза. За обнова ги опфаќа: бетонскиот, витрашниот, керамичкиот кај амфитеатарот пред споменикот. Ние дури донесовме и стручни лица од Полска, преку наш соработник. Тие многу темелно ја испитаа состојбата на витражите и можноста за нивна обнова. Ќе бидат вклучени во изработката на проектот. Ние ќе направиме радикални промени, зашто, оној, многу битниот, витражниот дел, е во многу лоша состојба. Со проектот е предвидена поголема сума пари и сакаме да направиме нешто што ќе трае 100, 200, па и повеќе години, изјавува Атанасоски.

Досега во Македониумот е направен подот, поставен е индустриски под, со што е решен тој проблем. Годинава, Прилепскиот музеј ќе работи на санирањето на бетонскиот дел од Споменикот, кој прокиснува.

За годинава имаме одобрени два милиона денари и ќе работиме на бетонскиот дел, мора да распишеме и тендер и фирма да го заштити со најсоодветни материјали за да се стопираат прокиснувањето и влагата, вели Атанасоски.

Споменикот „Илинден“ е дело на уметниците Јордан и Искра Грабулоски. Во употреба е од 2 август 1974 година.

The post Експерти од Полска ќе го обновуваат витражот во „Македониумот“ во Крушево appeared first on Република.

]]>

Експерти од Полска, со светско искуство, може да го решат долгорочниот проблем со витражот на „Македониумот“ во Крушево, симболот на Илинденското востание. Со години се работи на заштитата на овој монументален споменик, еден од најзначајните за македонската историја. Според Благоја Атанасоски, директор на прилепскиот „Завод и Музеј“, обновата на витражите се покажа како комплициран проблем, којшто бара висока стручност што тешко може да се најде на овие простори.