екскурзии Archives - Република https://republika.mk/tema/ekskurzii/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Mar 2022 12:07:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png екскурзии Archives - Република https://republika.mk/tema/ekskurzii/ 32 32 И средношколците да не носат маски, училиштата може да организираат екскурзии, препорачува Комисијата за заразни болести https://republika.mk/vesti/makedonija/i-srednoshkolcite-da-ne-nosat-maski-uchilishtata-moze-da-organiziraat-ekskurzii-preporachuva-komisijata-za-zarazni-bolesti/ Wed, 30 Mar 2022 12:05:48 +0000 https://republika.mk/?p=480871

Комисијата за заразни болести предлага да се укине носењето заштитни маски во средните училишта.

Портпаролот на КЗБ д-р Злате Мехмедовиќ истакна дека епидемиолошката состојба има тренд на опаѓање, а се намалуваат и болничките хоспитализации.

Тој додаде и дека се овозможуваат екскурзии за учениците во средните и основните училишта.

Епидемиолошката сосојба има надолна линија, се намалуваат и бројот на хоспитализирани, се празнат болничките капацитети, имаме намалување на бројот на заразени со ковид, има мала стагнација на репродукцискиот број. Тоа не значи дека капацитетот на здравствениот систем не е релаксиран во моментов. Во насока на тоа, Комисијата за заразни болести одлучи да даде препорака за укинување на маските во средните училишта. Се донесе уште една одлука, да се овозможи органзирани екскурзии за учениците од основните и средните училишта, изјави д-р Мехмедовиќ.

Тој рече дека за укинување на останатите мерки кои се уште на сила ќе се почека уште една недела.

Сметаме дека трендот е позитивен. Се намалува трансмисија на вирусот и како резултат на тоа наредната недела ќе разгледуваме дел од мерките и кои од нив може да бидат укинати, рече Мехмедовиќ.

Од денеска во основните училишта учениците немаат обврска да носат маски против ковид-19. Таа обврска уште важи за наставниците и за администрацијата што работи во училиштата.

The post И средношколците да не носат маски, училиштата може да организираат екскурзии, препорачува Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести предлага да се укине носењето заштитни маски во средните училишта. Портпаролот на КЗБ д-р Злате Мехмедовиќ истакна дека епидемиолошката состојба има тренд на опаѓање, а се намалуваат и болничките хоспитализации. Тој додаде и дека се овозможуваат екскурзии за учениците во средните и основните училишта.
Епидемиолошката сосојба има надолна линија, се намалуваат и бројот на хоспитализирани, се празнат болничките капацитети, имаме намалување на бројот на заразени со ковид, има мала стагнација на репродукцискиот број. Тоа не значи дека капацитетот на здравствениот систем не е релаксиран во моментов. Во насока на тоа, Комисијата за заразни болести одлучи да даде препорака за укинување на маските во средните училишта. Се донесе уште една одлука, да се овозможи органзирани екскурзии за учениците од основните и средните училишта, изјави д-р Мехмедовиќ.
Тој рече дека за укинување на останатите мерки кои се уште на сила ќе се почека уште една недела.
Сметаме дека трендот е позитивен. Се намалува трансмисија на вирусот и како резултат на тоа наредната недела ќе разгледуваме дел од мерките и кои од нив може да бидат укинати, рече Мехмедовиќ.
Од денеска во основните училишта учениците немаат обврска да носат маски против ковид-19. Таа обврска уште важи за наставниците и за администрацијата што работи во училиштата.

The post И средношколците да не носат маски, училиштата може да организираат екскурзии, препорачува Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>
Од први март дозволени повеќедневни екскурзии во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/od-prvi-mart-dozvoleni-povekjednevni-ekskurzii-vo-grcija/ Thu, 17 Feb 2022 10:35:18 +0000 https://republika.mk/?p=459780

Во рамки на постепеното олабавување на мерките во Грција што започнува в сабота, по пауза од две години, дозволени ќе бидат и училишни екскурзии, а според Министерството за образование, повеќедневните екскурзии може да се организираат од први март, но со задолжително претходно тестирање, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерката за образование на Грција Ники Керамеос одржала состанок со комисијата на епидемиолози, по што била донесена одлука еднодневните екскурзии, едукативни посети, прошетки и слично да бидат дозволени веднаш откако ќе стапи во сила министерската одлука со новите мерки, додека пак од следниот месец ќе може да се реализираат училишни патувања или посети, што вклучуваат и ноќевања, но под конкретни протоколи.

Па така, според Министерството за образование, оние кои ќе учествуваат во повеќедневните екскурзии и наставниците и ученици, без разлика дали се вакцинирани или не, ќе треба да направат брз тест 48 часа пред поаѓањето, додека за време на екскурзијата ќе треба да ги прават редовните седмични тестови (селф или рапид тестови) што се задолжителни и за време на наставата.

Дополнително, за време на екскурзиите или посетите ќе мора да се почитуваат здравствените протоколи кои важат за превозните средства, влез во музеите итн.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, вчера соопшти дека од сабота се укинува забраната за стоење во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор работата од дома се намалува од 50 на 20 отсто, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика од 50 отсто од капацитетот, наместо десет како што беше досега, а по пауза од две години дозволено е организирање училишни екскурзии.

The post Од први март дозволени повеќедневни екскурзии во Грција appeared first on Република.

]]>

Во рамки на постепеното олабавување на мерките во Грција што започнува в сабота, по пауза од две години, дозволени ќе бидат и училишни екскурзии, а според Министерството за образование, повеќедневните екскурзии може да се организираат од први март, но со задолжително претходно тестирање, јави дописничката на МИА од Атина. Министерката за образование на Грција Ники Керамеос одржала состанок со комисијата на епидемиолози, по што била донесена одлука еднодневните екскурзии, едукативни посети, прошетки и слично да бидат дозволени веднаш откако ќе стапи во сила министерската одлука со новите мерки, додека пак од следниот месец ќе може да се реализираат училишни патувања или посети, што вклучуваат и ноќевања, но под конкретни протоколи. Па така, според Министерството за образование, оние кои ќе учествуваат во повеќедневните екскурзии и наставниците и ученици, без разлика дали се вакцинирани или не, ќе треба да направат брз тест 48 часа пред поаѓањето, додека за време на екскурзијата ќе треба да ги прават редовните седмични тестови (селф или рапид тестови) што се задолжителни и за време на наставата. Дополнително, за време на екскурзиите или посетите ќе мора да се почитуваат здравствените протоколи кои важат за превозните средства, влез во музеите итн. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, вчера соопшти дека од сабота се укинува забраната за стоење во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор работата од дома се намалува од 50 на 20 отсто, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика од 50 отсто од капацитетот, наместо десет како што беше досега, а по пауза од две години дозволено е организирање училишни екскурзии.

The post Од први март дозволени повеќедневни екскурзии во Грција appeared first on Република.

]]>