еконономски раст Archives - Република https://republika.mk/tema/ekononomski-rast/ За подобро да се разбереме Mon, 13 May 2024 09:48:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еконономски раст Archives - Република https://republika.mk/tema/ekononomski-rast/ 32 32 Раст од 2,6 отсто годинава и 3,6 отсто во 2025, превидува НБ https://republika.mk/vesti/ekonomija/rast-od-2-6-otsto-godinava-i-3-6-otsto-vo-2025-previduva-nb/ Mon, 13 May 2024 09:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=777543

Народната банка на Македонија во најновите пролетни макроекономски прогнози претставени денеска, очекува економски раст од 2,6 отсто оваа година и 3,6 отсто наредната година. Инфлацијата годинава ќе забави на 3,5 отсто.
Како што образложи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска во однос на проекциите на растот на БДП, тие се пониски во однос на октомвриските проекции што главно се должи на послабиот раст минатата година особено кај инвестициите кои забележаа пад од 16,7 отсто, иако се очекуваше нивно зголемување, а исто така и поради послабите резултати во првиот квартал годинава. Исто така влијание имаа и надолните проекции на глобално ниво особено кај нашите главни трговски партнери.
На среден рок се очекува повисок раст на странската побарувачка и на инвестициите, особено во вториот дел на годинава.
Сепак, како што посочи гувернерката како главни ризици и натаму се глобалната неизвесност и ризиците опстојуваат.
Сето ова налага и натаму водење внимателни макроекономски политики.

Растот на БДП и годинава ќе биде главно воден од домашната побарувачка со негативен придонес кај извозот.
Ангеловска Бежоска рече дека просечната инфлација годинава во првиот квартал беше 3,4 отсто, за цела 2024 година се предвидува да изнесува 3,5 отсто, што е значаен пад во однос на лани кога изнесуваше 9,4 отсто.
На среден рок инфлација се очекува да се сведе на историскиот просек од околу 2 отсто.

The post Раст од 2,6 отсто годинава и 3,6 отсто во 2025, превидува НБ appeared first on Република.

]]>

Народната банка на Македонија во најновите пролетни макроекономски прогнози претставени денеска, очекува економски раст од 2,6 отсто оваа година и 3,6 отсто наредната година. Инфлацијата годинава ќе забави на 3,5 отсто. Како што образложи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска во однос на проекциите на растот на БДП, тие се пониски во однос на октомвриските проекции што главно се должи на послабиот раст минатата година особено кај инвестициите кои забележаа пад од 16,7 отсто, иако се очекуваше нивно зголемување, а исто така и поради послабите резултати во првиот квартал годинава. Исто така влијание имаа и надолните проекции на глобално ниво особено кај нашите главни трговски партнери. На среден рок се очекува повисок раст на странската побарувачка и на инвестициите, особено во вториот дел на годинава. Сепак, како што посочи гувернерката како главни ризици и натаму се глобалната неизвесност и ризиците опстојуваат. Сето ова налага и натаму водење внимателни макроекономски политики. Растот на БДП и годинава ќе биде главно воден од домашната побарувачка со негативен придонес кај извозот. Ангеловска Бежоска рече дека просечната инфлација годинава во првиот квартал беше 3,4 отсто, за цела 2024 година се предвидува да изнесува 3,5 отсто, што е значаен пад во однос на лани кога изнесуваше 9,4 отсто. На среден рок инфлација се очекува да се сведе на историскиот просек од околу 2 отсто.

The post Раст од 2,6 отсто годинава и 3,6 отсто во 2025, превидува НБ appeared first on Република.

]]>