Економско-социјален совет Archives - Република https://republika.mk/tema/ekonomsko-socijalen-sovet/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jul 2023 07:14:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Економско-социјален совет Archives - Република https://republika.mk/tema/ekonomsko-socijalen-sovet/ 32 32 Платите во јавниот сектор утре ќе ги договора работна група од ЕСС, синдикатот бара покачување од 14,2 отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/platite-vo-javniot-sektor-utre-ke-gi-dogovora-rabotna-grupa-od-ess-sindikatot-bara-pokachuvane-od-14-2-otsto/ Tue, 04 Jul 2023 07:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=657886

Преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор треба да продолжат утре во формат на работна група, откако на вчерашната седница на Економско-социјалниот совет не беше постигнат договор за методологијата за пораст на платите, но како што информираа синдикалните претставници има поместување од страна на Владата и Министерството за финансии во поглед на нивните предлози и забелешки.

Ставот на Владата е дека ќе поддржат кое било решение што ќе биде системско и одржливо за да ја зголеми ефикасноста, продуктивноста и ефективноста на јавниот сектор.

Предлогот  што го изнеле вчера синдикатите е инфлацијата која минатата година беше 14,2 проценти да биде основен параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор, а сите да добијат процентуално зголемување на платите. Тие доставиле и предлог со кој бараат платите на избраните и именуваните лица да се вратат на ниво како пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на нивните плати да биде исто како за другите вработени во јавниот сектор, информираше претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов.

Според Трендафилов, во прашање се нијанси, но, се уште се далеку од договор.

-Прифатлив е моделот од две и пол години за да добиеме методологија како во делот на минималната плата со тоа што ќе имаме просечна плата по коефициент на сложеност по истекот на две години, но како ССМ сметаме дека доколку од септември се случи тоа, да почне примената на Општиот колективен договор за јавен сектор, функционерските плати треба да се вратат на нивото пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за нив, така и за работниците, информира Трендафилов.

За претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков формулата просечна плата по коефициент на сложеност на работно место е моделот што треба да се применува во наредниот период.

- Тоа што не интересира како СОНК и како Конфедерација на слободни синдикати е периодот на усогласување на платите. Не зборуваме за зголемување, туку за усогласување на плати. Тоа ние мораме оваа година да го компензираме за да дојдеме на исто ниво од лани. Во спротивно, секакво усогласување на плати под овие проценти би значело свесно уназадување на нашиот буџет. Тоа сигурно нема да го прифатиме и мора да го сработиме сето во текот на 2023 година, изјави Неделков

Според него, транзицискиот период на усогласување во 2024 и 2025 година би бил прифатлив кога ќе биде договорена динамиката за усогласување на платите согласно постоечките колективни договори.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) Марјан Ристески, пак, рече дека Владата понудила методологија и покачување на платите за 5,3 проценти, што истакна, е неприфатливо.

-Македонскиот работник го интересира да кажат колку сега во моментов ќе му се покачи плата. Тоа што се предлага за 2025 или за 2028 година, до тогаш можеби 30 отсто од тие ќе одат во пензија, другите ќе ја напуштат државата, за кого ќе важи оваа методологија, изјави денеска Ристески пред почетокот на седницата на Економско-социјалниот совет што се одржа во Владата.

Ристевски рече дека тие бараат конкретно да знаат колку ќе биде покачувањето за да можат да ги известат работниците точно колку плата ќе имаат во сите засегнати сектори.

Од Министерството за труд и социјална по седницата на ЕСС најавија дека дијалогот за пораст на платите во јавниот сектор продолжува, а целта е креирање на одржлив и праведен систем за сите.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е оптимист дека ќе се најде решение за методологијата за раст на платите во јавниот сектор, но порача дека тоа мора да биде системско и одржливо, не само во корист на вработените во јавниот сектор, туку и во полза на граѓаните кои добиваат јавни услуги.

За него е нејасно од каде се излезени 14-те проценти кои синдикатите бараат да бидат основен параметар за зголемувањето на платите.

Барањето платите на избраните и именуваните лица да се вратат на ниво како пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за работниците, така и за функционерите денеска е прв пат ставено на маса.

-Не знам од каде се излезени 14-те проценти. На Економско-социјалниот совет денеска, во помал состав, без работодавачите, зборувавме за методологијата за платите во јавниот сектор која се обидувавме да ја усогласиме. Методологија базира на просечната плата помножена со коефициент, со период на прилагодување за да дојдеме до тој модел. Секако, во среда продолжуваат разговорите во формат на работни групи и кое било решение што сметаме дека е системско и одржливо за да ја зголеми ефикасноста, продуктивноста и ефективноста на јавниот сектор, а тоа се задоволни граѓани од услугите од јавниот сектор, ќе го поддржиме. Сметам дека дискусијата за платите на функционерите,  1060 наспроти 136 000, не е работа на дискусија. Секако, решението што ќе го дадеме ќе биде аплицирано за сите, а што е тоа, ќе можеме да го кажеме кога ќе го постигнеме преку дијалог. Преку дијалог ќе дискутираме, прв пат денеска беше даден на маса таков предлог. Треба да видиме што значи тоа вистински. Има институции кои немаат синдикати и треба сеопфатно да се дискутира дали и каков модел би требало да аплицираме, нагласи Битиќи.

Според него, синдикалците не бараат решение со аплицирање една методологија, туку велат „за помалку платените работни места да биде поголемо зголемувањето, за повеќе платените да биде помало“.

-Моделот денеска што го претставивме - споредбено, септември оваа година со септември лани, зголемувањето е далеку над процентот на инфлација што го имавме минатата година и затоа е тоа работа на дискусија. Ќе се разговара во среда, во четврток, во петок, за да се најде решение. Мислам дека ќе се најде решение, најдобро во овој момент за сите во јавниот сектор, но и за сите во државата, подвлече вицепремиерот Битиќи. 

Министерот за финансии Фатмир Бесими викендот на брифинг со медиумите кажа дека е свесен за социоекономскиот притисок, но оти капацитетите на Буџетот се веќе познати, за плати во јавниот сектор се одвојуваат  960 милиони евра,  а 10 проценти ќе значи речиси дополнителни 100 милиони евра.  - Затоа зборувам дека одиме кон решение, затоа ни треба транзициски период, рече Бесими.

Според соопштението од МТСП, на вчерашниот состанок социјалните партнери се договориле понатамошните преговори за методологијата за пораст на платите во јавниот сектор да се одвива во помала работна група составена од членовите на ЕСС која ќе работи зачестено, а ќе излезе со предлози до следната седница на ЕСС.

Средбата ќе се одржи во Министерството за финансии со почеток во 9 часот.

The post Платите во јавниот сектор утре ќе ги договора работна група од ЕСС, синдикатот бара покачување од 14,2 отсто appeared first on Република.

]]>

Преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор треба да продолжат утре во формат на работна група, откако на вчерашната седница на Економско-социјалниот совет не беше постигнат договор за методологијата за пораст на платите, но како што информираа синдикалните претставници има поместување од страна на Владата и Министерството за финансии во поглед на нивните предлози и забелешки. Ставот на Владата е дека ќе поддржат кое било решение што ќе биде системско и одржливо за да ја зголеми ефикасноста, продуктивноста и ефективноста на јавниот сектор. Предлогот  што го изнеле вчера синдикатите е инфлацијата која минатата година беше 14,2 проценти да биде основен параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор, а сите да добијат процентуално зголемување на платите. Тие доставиле и предлог со кој бараат платите на избраните и именуваните лица да се вратат на ниво како пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на нивните плати да биде исто како за другите вработени во јавниот сектор, информираше претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов. Според Трендафилов, во прашање се нијанси, но, се уште се далеку од договор. -Прифатлив е моделот од две и пол години за да добиеме методологија како во делот на минималната плата со тоа што ќе имаме просечна плата по коефициент на сложеност по истекот на две години, но како ССМ сметаме дека доколку од септември се случи тоа, да почне примената на Општиот колективен договор за јавен сектор, функционерските плати треба да се вратат на нивото пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за нив, така и за работниците, информира Трендафилов. За претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков формулата просечна плата по коефициент на сложеност на работно место е моделот што треба да се применува во наредниот период. - Тоа што не интересира како СОНК и како Конфедерација на слободни синдикати е периодот на усогласување на платите. Не зборуваме за зголемување, туку за усогласување на плати. Тоа ние мораме оваа година да го компензираме за да дојдеме на исто ниво од лани. Во спротивно, секакво усогласување на плати под овие проценти би значело свесно уназадување на нашиот буџет. Тоа сигурно нема да го прифатиме и мора да го сработиме сето во текот на 2023 година, изјави Неделков Според него, транзицискиот период на усогласување во 2024 и 2025 година би бил прифатлив кога ќе биде договорена динамиката за усогласување на платите согласно постоечките колективни договори. Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) Марјан Ристески, пак, рече дека Владата понудила методологија и покачување на платите за 5,3 проценти, што истакна, е неприфатливо. -Македонскиот работник го интересира да кажат колку сега во моментов ќе му се покачи плата. Тоа што се предлага за 2025 или за 2028 година, до тогаш можеби 30 отсто од тие ќе одат во пензија, другите ќе ја напуштат државата, за кого ќе важи оваа методологија, изјави денеска Ристески пред почетокот на седницата на Економско-социјалниот совет што се одржа во Владата. Ристевски рече дека тие бараат конкретно да знаат колку ќе биде покачувањето за да можат да ги известат работниците точно колку плата ќе имаат во сите засегнати сектори. Од Министерството за труд и социјална по седницата на ЕСС најавија дека дијалогот за пораст на платите во јавниот сектор продолжува, а целта е креирање на одржлив и праведен систем за сите. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е оптимист дека ќе се најде решение за методологијата за раст на платите во јавниот сектор, но порача дека тоа мора да биде системско и одржливо, не само во корист на вработените во јавниот сектор, туку и во полза на граѓаните кои добиваат јавни услуги. За него е нејасно од каде се излезени 14-те проценти кои синдикатите бараат да бидат основен параметар за зголемувањето на платите. Барањето платите на избраните и именуваните лица да се вратат на ниво како пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за работниците, така и за функционерите денеска е прв пат ставено на маса. -Не знам од каде се излезени 14-те проценти. На Економско-социјалниот совет денеска, во помал состав, без работодавачите, зборувавме за методологијата за платите во јавниот сектор која се обидувавме да ја усогласиме. Методологија базира на просечната плата помножена со коефициент, со период на прилагодување за да дојдеме до тој модел. Секако, во среда продолжуваат разговорите во формат на работни групи и кое било решение што сметаме дека е системско и одржливо за да ја зголеми ефикасноста, продуктивноста и ефективноста на јавниот сектор, а тоа се задоволни граѓани од услугите од јавниот сектор, ќе го поддржиме. Сметам дека дискусијата за платите на функционерите,  1060 наспроти 136 000, не е работа на дискусија. Секако, решението што ќе го дадеме ќе биде аплицирано за сите, а што е тоа, ќе можеме да го кажеме кога ќе го постигнеме преку дијалог. Преку дијалог ќе дискутираме, прв пат денеска беше даден на маса таков предлог. Треба да видиме што значи тоа вистински. Има институции кои немаат синдикати и треба сеопфатно да се дискутира дали и каков модел би требало да аплицираме, нагласи Битиќи. Според него, синдикалците не бараат решение со аплицирање една методологија, туку велат „за помалку платените работни места да биде поголемо зголемувањето, за повеќе платените да биде помало“. -Моделот денеска што го претставивме - споредбено, септември оваа година со септември лани, зголемувањето е далеку над процентот на инфлација што го имавме минатата година и затоа е тоа работа на дискусија. Ќе се разговара во среда, во четврток, во петок, за да се најде решение. Мислам дека ќе се најде решение, најдобро во овој момент за сите во јавниот сектор, но и за сите во државата, подвлече вицепремиерот Битиќи.  Министерот за финансии Фатмир Бесими викендот на брифинг со медиумите кажа дека е свесен за социоекономскиот притисок, но оти капацитетите на Буџетот се веќе познати, за плати во јавниот сектор се одвојуваат  960 милиони евра,  а 10 проценти ќе значи речиси дополнителни 100 милиони евра.  - Затоа зборувам дека одиме кон решение, затоа ни треба транзициски период, рече Бесими. Според соопштението од МТСП, на вчерашниот состанок социјалните партнери се договориле понатамошните преговори за методологијата за пораст на платите во јавниот сектор да се одвива во помала работна група составена од членовите на ЕСС која ќе работи зачестено, а ќе излезе со предлози до следната седница на ЕСС. Средбата ќе се одржи во Министерството за финансии со почеток во 9 часот.

The post Платите во јавниот сектор утре ќе ги договора работна група од ЕСС, синдикатот бара покачување од 14,2 отсто appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор https://republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-sotsijalnite-partneri-postignaa-znachitelen-napredok-vo-pregovorite-za-rast-na-platite-vo-javen-sektor/ Thu, 29 Jun 2023 17:00:19 +0000 https://republika.mk/?p=656575

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска претседаваше со единаесетата седница на Економско социјалниот совет.

На седницата беа присутни Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, Размена Чекиќ – Дуровиќ, државна секретарка на Министерството за економија, членови на претставници на синдикатите, членови на претставници на работодавачите и претставници на институциите.

Седницата започна со едноминутно молчење и оддавање на почит кон прерано починатиот, Дарко Димовски, Претседател на Сојузот на Синдикати на Република Македонија.

На седницата од страна на претставниците на Владата беше презентиранa Методологија за пораст на платите во јавниот сектор со која се предлага нов транзициски период од 2023 - 2025 година односно зголемување на платите во период од 2.5 години.

По конструктивна дискусија помеѓу социјалните партнери во однос на предлогот, се донесе заклучок дека периодот на транзиција од 2.5 години е прифатлив, а владините претставници ќе направат нови симулации согласно понудените предлози од страна на синдикатите.

Социјалните партнери се согласија за продолжување на седницата на Економско социјалниот совет во понеделник, на која што ќе се разгледуваат новите понудени предлози за пресметка на платата на вработените во јавниот сектор.

The post Тренчевска: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор appeared first on Република.

Деаноски: Има поместување од мртвата точка, в понеделник нов состанок https://republika.mk/vesti/ekonomija/deanoski-ima-pomestuvane-od-mrtvata-tochka-v-ponedelnik-nov-sostanok/ Thu, 29 Jun 2023 15:12:49 +0000 https://republika.mk/?p=656510

Има поместување од „мртва точка“, но во понеделник ќе се одржи нов состанок на кој ќе се направи уште еден обид за доближување на ставовите. Ова е исходот од денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) на која синдикалните претставници повторија дека нема да отстапат од барањата. Она што им било понудено, за нив, како што изјавија, не е прифатливо.

- Направивме поместување од „мртва точка“. За понеделник договоривме нов состанок, во 10 часот. Дотогаш се договоривме пресметките што ги направија синдикатите во однос на предлогот на Владата да ги доставиме до нив. Тие во понеделник да достават уште еден предлог, симулација нова, за да видиме дали ќе можеме да ги доближиме ставовите. Она што беше понудено, за нас не беше прифатливо. Ќе видиме во понеделник дали ќе има понова математика од страна на Владата по она што го зборевме денеска внатре, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски по седницата на ЕСС.

Според него, покачување од страна на Владата не било понудено.

-Она што го разговаравме и она што може Буџетот да го издржи и она што беше изјавата на ММФ во текот на вчерашниот ден. Во тие насоки се водеа разговорите денеска. Но, ние не отстапуваме од она што го бараме, дека мора да биде поврзано со просечната плата. Имаше одредено намалување на тој транзициски период што го вика Владата, од неколку години се намали уште малку, ќе видиме дали ќе бидат прифатени нашите пресметки што ќе бидат пуштени во текот на денешниот или утрешниот ден до Владата и во понеделник можеби ќе имаме друга информација, истакна Деаноски.

Разликата во пресметките на синдикатите и Владата, како што напомена, не е мала.

-Намален е транзицискиот период, не е за година и пол да добиеме она што го бараме, но за тие година и пол процентот е за нас премал, дополни претседателот на Синдикатот на УПОЗ.

Синдикатите сметаат дека новата методологија што ја предлага Владата за платите во јавниот сектор може да биде трајно решение, но велат дека е предолг периодот од пет години за усогласување на Општиот колективен договор, како што е предложено во неа. Пред почетокот на денешната седница  на ЕСС, тие порачаа дека нема да ги прифатат предлозите што им ги нуди Владата за зголемување на платите во јавниот сектор за годинава.

-Нашите барања ние јавно веќе ги презентиравме и доставивме и до Владата и до Министерството за труд и социјална политика - моделот минимална плата помножено со коефициент на сложеност на работни места. Предлогот на Владата е просечна плата помножена со соодветен коефициент на сложеност на работни места што значи тука сме некаде. Меѓутоа, она што е сламка на спрепнување, тоа е долгиот, предолгиот период на усогласување на плативе, тоа е нивниот предлог од пет години. Дефинитивно ова за нас како СОНК и како Конфедерација на слободни синдикати е неприфатлив, изјави Јаким Неделков, претседателот на СОНК пред почетокот на седницата на ЕСС.

Деаноски, пак, порача дека нема да прифатат ништо на денешната седница на ЕСС и посочи дека долго време го истакнуваат нивното барање методологијата да биде иста како што имаат функционерите - просечна плата со коефициент.

The post Деаноски: Има поместување од мртвата точка, в понеделник нов состанок appeared first on Република.

Висината на минималната плата во рацете на Економско-социјалниот совет https://republika.mk/vesti/ekonomija/visinata-na-minimalnata-plata-vo-ratsete-na-ekonomsko-sotsijalniot-sovet/ Sun, 12 Mar 2023 16:55:18 +0000 https://republika.mk/?p=618839

На Економско-социјалниот совет утре се очекува да биде донесена одлука за висината на минималната плата која секој март се усогласува на годишно ниво.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во петокот во изјава за МИА објави дека утре ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која ќе се разговара за висината на минималната плата.

Очекувањата на Владата се дека минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува околу 20.000 денари.

Со измените на Законот за минимална плата, се воведоа нови критериуми согласно кои минималната плата се усогласува со 50 отсто од трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата.

The post Висината на минималната плата во рацете на Економско-социјалниот совет appeared first on Република.

]]>

На Економско-социјалниот совет утре се очекува да биде донесена одлука за висината на минималната плата која секој март се усогласува на годишно ниво. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во петокот во изјава за МИА објави дека утре ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која ќе се разговара за висината на минималната плата. Очекувањата на Владата се дека минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува околу 20.000 денари. Со измените на Законот за минимална плата, се воведоа нови критериуми согласно кои минималната плата се усогласува со 50 отсто од трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата.  

The post Висината на минималната плата во рацете на Економско-социјалниот совет appeared first on Република.

]]>
Економско-социјален совет: Нема договор за усогласување на платите со покачениот минималец https://republika.mk/vesti/ekonomija/ekonomsko-socijalen-sovet-nema-dogovor-za-usoglasuvanje-na-platite-so-pokacheniot-minimalec/ Wed, 23 Mar 2022 16:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=477262

На Економско-социјалниот совет не е постигнат договор за усогласување на останатите плати со минималната плата. Од Конфедерацијата на слободни синдикати веќе најавија протест за 30 март пред Собранието и Владата и можност за радикализирање на идните чекори, а од Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК) велат дека ќе дадат поддршка на протестот на КСС, а најавија генерален штрајк во образованието во април.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по состанокот во Владата изјави дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства треба да продолжи на ниво на секое министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост и доколку е потребно да се отворат колективните договори и да се види дали има можност за усогласување на платте.

Денес се согласивме дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства ќе треба да продолжи односно наместо да се одвива само на Економско-социјалниот совет, го спуштаме на ниво на секое ресорно министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост за таму да се решаваат проблемите. Затоа има раководни лица на сите институции и органи на управа кои треба да преговараат. Дополнително, имаме колективни договори, општи колективни договори, гранкови договори…и ако е потребно тие ќе се отворат за да се види дали може да се усогласат платите со промената на Законот за минимална плата. Но, тоа е процес, кој не е едностран процес на желби, рече Битиќи.

Посочи дека кај репрезентативните синдикати има слух дека државата поминува низ тешки кризи што значи дека не може веднаш да има решенија.

Порача дека Владата останува на определбата за зголемување на платите во образованието за пет проценти во септември, во МВР ќе имаат пет проценти зголемување на платите и остануваат буџетските средства за судство и обвинителство од 15 проценти.

The post Економско-социјален совет: Нема договор за усогласување на платите со покачениот минималец appeared first on Република.

]]>

На Економско-социјалниот совет не е постигнат договор за усогласување на останатите плати со минималната плата. Од Конфедерацијата на слободни синдикати веќе најавија протест за 30 март пред Собранието и Владата и можност за радикализирање на идните чекори, а од Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК) велат дека ќе дадат поддршка на протестот на КСС, а најавија генерален штрајк во образованието во април. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по состанокот во Владата изјави дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства треба да продолжи на ниво на секое министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост и доколку е потребно да се отворат колективните договори и да се види дали има можност за усогласување на платте.
Денес се согласивме дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства ќе треба да продолжи односно наместо да се одвива само на Економско-социјалниот совет, го спуштаме на ниво на секое ресорно министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост за таму да се решаваат проблемите. Затоа има раководни лица на сите институции и органи на управа кои треба да преговараат. Дополнително, имаме колективни договори, општи колективни договори, гранкови договори…и ако е потребно тие ќе се отворат за да се види дали може да се усогласат платите со промената на Законот за минимална плата. Но, тоа е процес, кој не е едностран процес на желби, рече Битиќи.
Посочи дека кај репрезентативните синдикати има слух дека државата поминува низ тешки кризи што значи дека не може веднаш да има решенија. Порача дека Владата останува на определбата за зголемување на платите во образованието за пет проценти во септември, во МВР ќе имаат пет проценти зголемување на платите и остануваат буџетските средства за судство и обвинителство од 15 проценти.  

The post Економско-социјален совет: Нема договор за усогласување на платите со покачениот минималец appeared first on Република.

]]>