Економски лидер Archives - Република https://republika.mk/tema/ekonomski-lider/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 13:31:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Економски лидер Archives - Република https://republika.mk/tema/ekonomski-lider/ 32 32 Мицкоски: Имаме потенцијал да станеме економски лидер во регионот со конкурентна економија и борба против корупцијата https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-imame-potentsijal-da-staneme-ekonomski-lider-vo-regionot-so-konkurentna-ekonomija-i-borba-protiv-koruptsijata/ Mon, 23 Sep 2024 13:31:58 +0000 https://republika.mk/?p=819024

Националниот совет за развој е одлична платформа да се учествува во визијата и во реализација на она што претставува стратешка цел на државата и за тоа е потребно да се создаде патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 – 2044 година, истакна премиерот Христијан Мицкоски, на денешната втора седница на Националниот совет за развој, на која присуствуваше амбасадорот на Оединетото Кралство, Метју Лосон, како и претставниците на Обединети Нации и УНДП, Рита Колумбиа и Армен Григорјан.

Тој изрази жалење за отсуството на опозицијата, нагласувајќи дека сериозни држави создаваат документи кои се плод на заедништво, меѓусебна солидарност и вклучување на сите засегнати страни во тој процес.

Мене ми е жал што одредени поединци од опозицијата ја пропуштаат оваа шанса и не можат да ги надраснуваат заедничките разлики, но тоа е нивниот начин на гледање на работите кој е спротивен со нашиот каде подаваме рака за заедништво за прашањата кои се подеднакво важни за сите, рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека мораме да бидеме објективи и да кажеме дека постои огромно разочарување од постапките и колективните политики изминатите повеќе од 30 години.

Системот е деградиран и премногу пати во минатото злоупотребуван, додека администрацијата во државните институции демотивирана и силно деградирана преку лоши примери кои се прикажуваа како колективна приказна во која паѓа духот и заедничкиот мотив на нацијата. Но, она на што мораме да посветиме внимание и што претставува еден од најсериозните проблеми е корупцијата и борбата против криминалот, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека предолго државата е соочена со распространета корупција која не е санкционирана, и на некој начин системот создава култура на корумпираност.

Наследивме институции каде е нормално да се нудат суми во четири очи, мито, и да се корумпираат службениците или барем да се направи обид за корупција на службениците. И изненадени се кога ќе ги одбиете, кога ќе ги пријавите, кога ќе дојдат луѓе на позиции кои се некорумпирани. Ваквите неславни наследства од минатото се реликвија на една тажна реалност која мораме да ја промениме, подвлече премиерот.

И воедно, рече тој, мораме да воспоставивме мерит систем каде точката за единствениот критериум по кој ќе се напредува се способностите, стекнато знаење и квалитетот на визијата кој се нуди.

Мора оние кои учеле, вложиле труд и стекнале знаење да ја имаат својата шанса, истакна Мицкоски.

Претседателот на Владата посочи дека квалитетното образование е клучот на напредокот. А како најважната тема, на која, како што кажа, мора да и се посвети внимание е економијата и економскиот развој.

Индустријата, повеќето пари е клучот за благосостојбата на сите. Повеќе пари за подобар живот и напредно општество. И за тоа се потребни годишни растови на БДП кои ќе дадат драматични скокови во стандардите во повеќе полиња.Нашата визија за иднината вклучува и силен ангажман на сите за економски раст и развој кој ќе обезбеди подобар животен стандард буквално за сите граѓани. Имаме потенцијал да станеме економски лидер во регионот, со модерна инфраструктура, со конкурентна економија и со иновации кои ќе ги поддржат младите и претприемачите. Ние ќе продолжиме со реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата и ќе овозможат нови инвестиции и работни места, рече премиерот.

Тој посочи дека треба да се создадат услови каде што младите гледаат иднина, каде што ќе можат да ги остварат своите соништа и сакаат да останат и да придонесуваат за општеството.

Според него, треба да се внимава да не се падне во замките на етничките теми и конфликти кои се само параванот на лукративните интереси на поединците кои, како што рече, градат кариери врз овие прашања, додека за жал народот се дели.

Целта на оваа Влада и на секоја наредна е и мора да биде членство во Европската Унија, не само поради тоа што како држава природно припаѓа таму, туку и затоа што нам ни се тие критериуми потребни за да имаме и подобар стандард и подобар живот. Исто така факт е дека предолго чекаме пред портите на ЕУ и се чувствува оправдано резигнирање и разочараност на граѓаните. Не може колективната цел да страда поради поединечни интереси и субјективни критериуми. Затоа наша цел овој период мора да биде и да остане членството во Европската Унија, истакна Мицкоски.

Премиерот нагласи дека овој процес не е едноставен и потребна ни е и добредојдена поддршката од сите релевантни чинители.

Тој упати благодарност за поддршката до УНДП во координација со сите агенции на Обединетите Нации, Амбасадата на Обединетото Кралство и Министерството за финансии на Република Словачка кои го поддржуваат овој процес.

The post Мицкоски: Имаме потенцијал да станеме економски лидер во регионот со конкурентна економија и борба против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Националниот совет за развој е одлична платформа да се учествува во визијата и во реализација на она што претставува стратешка цел на државата и за тоа е потребно да се создаде патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 – 2044 година, истакна премиерот Христијан Мицкоски, на денешната втора седница на Националниот совет за развој, на која присуствуваше амбасадорот на Оединетото Кралство, Метју Лосон, како и претставниците на Обединети Нации и УНДП, Рита Колумбиа и Армен Григорјан. Тој изрази жалење за отсуството на опозицијата, нагласувајќи дека сериозни држави создаваат документи кои се плод на заедништво, меѓусебна солидарност и вклучување на сите засегнати страни во тој процес.
Мене ми е жал што одредени поединци од опозицијата ја пропуштаат оваа шанса и не можат да ги надраснуваат заедничките разлики, но тоа е нивниот начин на гледање на работите кој е спротивен со нашиот каде подаваме рака за заедништво за прашањата кои се подеднакво важни за сите, рече Мицкоски.
Премиерот нагласи дека мораме да бидеме објективи и да кажеме дека постои огромно разочарување од постапките и колективните политики изминатите повеќе од 30 години.
Системот е деградиран и премногу пати во минатото злоупотребуван, додека администрацијата во државните институции демотивирана и силно деградирана преку лоши примери кои се прикажуваа како колективна приказна во која паѓа духот и заедничкиот мотив на нацијата. Но, она на што мораме да посветиме внимание и што претставува еден од најсериозните проблеми е корупцијата и борбата против криминалот, рече Мицкоски.
Тој потенцира дека предолго државата е соочена со распространета корупција која не е санкционирана, и на некој начин системот создава култура на корумпираност.
Наследивме институции каде е нормално да се нудат суми во четири очи, мито, и да се корумпираат службениците или барем да се направи обид за корупција на службениците. И изненадени се кога ќе ги одбиете, кога ќе ги пријавите, кога ќе дојдат луѓе на позиции кои се некорумпирани. Ваквите неславни наследства од минатото се реликвија на една тажна реалност која мораме да ја промениме, подвлече премиерот.
И воедно, рече тој, мораме да воспоставивме мерит систем каде точката за единствениот критериум по кој ќе се напредува се способностите, стекнато знаење и квалитетот на визијата кој се нуди.
Мора оние кои учеле, вложиле труд и стекнале знаење да ја имаат својата шанса, истакна Мицкоски.
Претседателот на Владата посочи дека квалитетното образование е клучот на напредокот. А како најважната тема, на која, како што кажа, мора да и се посвети внимание е економијата и економскиот развој.
Индустријата, повеќето пари е клучот за благосостојбата на сите. Повеќе пари за подобар живот и напредно општество. И за тоа се потребни годишни растови на БДП кои ќе дадат драматични скокови во стандардите во повеќе полиња.Нашата визија за иднината вклучува и силен ангажман на сите за економски раст и развој кој ќе обезбеди подобар животен стандард буквално за сите граѓани. Имаме потенцијал да станеме економски лидер во регионот, со модерна инфраструктура, со конкурентна економија и со иновации кои ќе ги поддржат младите и претприемачите. Ние ќе продолжиме со реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата и ќе овозможат нови инвестиции и работни места, рече премиерот.
Тој посочи дека треба да се создадат услови каде што младите гледаат иднина, каде што ќе можат да ги остварат своите соништа и сакаат да останат и да придонесуваат за општеството. Според него, треба да се внимава да не се падне во замките на етничките теми и конфликти кои се само параванот на лукративните интереси на поединците кои, како што рече, градат кариери врз овие прашања, додека за жал народот се дели.
Целта на оваа Влада и на секоја наредна е и мора да биде членство во Европската Унија, не само поради тоа што како држава природно припаѓа таму, туку и затоа што нам ни се тие критериуми потребни за да имаме и подобар стандард и подобар живот. Исто така факт е дека предолго чекаме пред портите на ЕУ и се чувствува оправдано резигнирање и разочараност на граѓаните. Не може колективната цел да страда поради поединечни интереси и субјективни критериуми. Затоа наша цел овој период мора да биде и да остане членството во Европската Унија, истакна Мицкоски.
Премиерот нагласи дека овој процес не е едноставен и потребна ни е и добредојдена поддршката од сите релевантни чинители. Тој упати благодарност за поддршката до УНДП во координација со сите агенции на Обединетите Нации, Амбасадата на Обединетото Кралство и Министерството за финансии на Република Словачка кои го поддржуваат овој процес.