еколошка катастрофа Archives - Република https://republika.mk/tema/ekoloshka-katastrofa/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Aug 2024 08:34:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еколошка катастрофа Archives - Република https://republika.mk/tema/ekoloshka-katastrofa/ 32 32 Еколошка катастрофа: Грчко туристичко пристаниште преплавено со стотици илјади мртви риби https://republika.mk/vesti/balkan/ekoloshka-katastrofa-grchko-turistichko-pristanishte-preplaveno-so-stotitsi-iljadi-mrtvi-ribi/ Thu, 29 Aug 2024 08:34:28 +0000 https://republika.mk/?p=811084

На локалната плажа во грчкиот град Волос се појави невообичаена сцена – жителите забележаа илјадници мртви риби како лебдат на површината на водата. Слична појава е забележана и на други крајбрежни локации во Грција, што претставува сериозна еколошка катастрофа и закана за јавното здравје.

Мештаните се особено загрижени поради силната и непријатна миризба што се шири низ околината, дополнително поттикнувајќи стравови за потенцијалните опасности по здравјето и животната средина.

Појавата на мртвите риби не е ограничена само на Волос, туку се проширила и на други места како Агрија, Аликес и Неа Ангиолос, според извештаите на „voria.gr“. Властите веднаш покренаа истрага за да ги утврдат причините за оваа непријатна појава.

Истражувањето е доверено на Центарот за поморска управа во Волос под покровителство на Обвинителството. Примероци од мртвите риби од устието на езерото Карлас во Волос ќе бидат пренесени во специјализирани лаборатории, каде ќе се испитува можноста некоја супстанца да навлегла во телата на рибите. Ќе се тестира и квалитетот на водата во обид да се утврди дали некоја загадувачка супстанца може да биде виновник за оваа масовна смрт.

Истражните активности ќе се водат долж целиот брег на Пагаситикос, каде што се пронајдени угинатите риби, за да се идентификуваат сите можни извори на загадување и да се преземат соодветни мерки за спречување на понатамошно влошување на ситуацијата.

The post Еколошка катастрофа: Грчко туристичко пристаниште преплавено со стотици илјади мртви риби appeared first on Република.

]]>

На локалната плажа во грчкиот град Волос се појави невообичаена сцена – жителите забележаа илјадници мртви риби како лебдат на површината на водата. Слична појава е забележана и на други крајбрежни локации во Грција, што претставува сериозна еколошка катастрофа и закана за јавното здравје. Мештаните се особено загрижени поради силната и непријатна миризба што се шири низ околината, дополнително поттикнувајќи стравови за потенцијалните опасности по здравјето и животната средина. Појавата на мртвите риби не е ограничена само на Волос, туку се проширила и на други места како Агрија, Аликес и Неа Ангиолос, според извештаите на „voria.gr“. Властите веднаш покренаа истрага за да ги утврдат причините за оваа непријатна појава. Истражувањето е доверено на Центарот за поморска управа во Волос под покровителство на Обвинителството. Примероци од мртвите риби од устието на езерото Карлас во Волос ќе бидат пренесени во специјализирани лаборатории, каде ќе се испитува можноста некоја супстанца да навлегла во телата на рибите. Ќе се тестира и квалитетот на водата во обид да се утврди дали некоја загадувачка супстанца може да биде виновник за оваа масовна смрт. Истражните активности ќе се водат долж целиот брег на Пагаситикос, каде што се пронајдени угинатите риби, за да се идентификуваат сите можни извори на загадување и да се преземат соодветни мерки за спречување на понатамошно влошување на ситуацијата.

The post Еколошка катастрофа: Грчко туристичко пристаниште преплавено со стотици илјади мртви риби appeared first on Република.

]]>
Еколошка катастрофа во Кичево, пожар ја зафати дивата депонија направена од Општината https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ekoloshka-katastrofa-vo-kichevo-pozhar-ja-zafati-divata-deponija-napravena-od-opshtinata/ Mon, 05 Aug 2024 12:50:11 +0000 https://republika.mk/?p=803555

Пожар ја зафати дивата депонија во Кичево, која е направена од Општината и ЈП „Комуналец“ – Кичево, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Ѓорѓија Сајкоски.

Во објава на „Фејсбук“, тој вели дека подолг период се случува „еколошка катастрофа“ во Кичево, каде што Општината и ЈП „Комуналец“ –Кичево фрлаат отпад во центарот на градот и побара одговорност за загрозување на животот на граѓаните од Општина Кичево.

– Еколошка катастрофа во Кичево. Веќе подолг период, Општината и комуналното претпријатие фрлаат отпад во центарот на градот. Смрдеа, глодачи, станува неподносливо да се живее. Ова кулминира со пожар, кој ја зафати оваа дива депонија направена од Општината. Мора да има одговорност за загрозувањето на животот на граѓаните на оваа наша прекрасна Општина. Иако, како ВМРО-ДПМНЕ, апелиравме и пријавуваме, се случува невиден хаос. Ги повикувам надлежните институциите да постапат веднаш – напиша Сајкоски на „Фејсбук“. 

The post Еколошка катастрофа во Кичево, пожар ја зафати дивата депонија направена од Општината appeared first on Република.

]]>

Пожар ја зафати дивата депонија во Кичево, која е направена од Општината и ЈП „Комуналец“ – Кичево, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Ѓорѓија Сајкоски. Во објава на „Фејсбук“, тој вели дека подолг период се случува „еколошка катастрофа“ во Кичево, каде што Општината и ЈП „Комуналец“ –Кичево фрлаат отпад во центарот на градот и побара одговорност за загрозување на животот на граѓаните од Општина Кичево. – Еколошка катастрофа во Кичево. Веќе подолг период, Општината и комуналното претпријатие фрлаат отпад во центарот на градот. Смрдеа, глодачи, станува неподносливо да се живее. Ова кулминира со пожар, кој ја зафати оваа дива депонија направена од Општината. Мора да има одговорност за загрозувањето на животот на граѓаните на оваа наша прекрасна Општина. Иако, како ВМРО-ДПМНЕ, апелиравме и пријавуваме, се случува невиден хаос. Ги повикувам надлежните институциите да постапат веднаш – напиша Сајкоски на „Фејсбук“. 

The post Еколошка катастрофа во Кичево, пожар ја зафати дивата депонија направена од Општината appeared first on Република.

]]>
Државата незинтересирана, а Преспанското Eзеро е пред еколошка катастрофа https://republika.mk/vesti/makedonija/drzavata-nezinteresirana-a-prespanskoto-ezero-e-pred-ekoloshka-katastrofa/ Sat, 29 Jan 2022 16:53:39 +0000 https://republika.mk/?p=451276

Преспанското Eзеро е пред еколошка катастрофа, а државата е незаинтересирана, објави телевизијата „Алфа“. 

Последниве години, второто по големина природно македонско езеро, Преспанското, како да се бори за живот. Мерењата покажуваат загрижувачки резултати, кои се видливи дури и со голо око. Нивото на Езерото е спуштено дури за 2,5 до 3 метри под критичниот минимум, а повлекувањето на водата долж брегот е од неколку стотици метри па се до 3 километри, во зависност од конфигурацијата и местоположбата. Познавачите на состојбите, како и концесионерите, велат дека опстанокот на ендемската флора и фауна во езерото сериозно бил загрозен, а причините за таквата состојба ги гледаат во климатските промени, во сушните години, но и во несовесноста на луѓето кои езерото го претвораат во вистинска депонија.

Изменета е доста флората и фауната на Преспанското Езеро во последните десетина години. Целото крајбрежје е обраснато со трска, на пример Преспанско Езеро имало, да кажеме 20-25 посто трска, до 30 посто на крајбрежјето, сега е обраснато 80-90 посто со трска. Министерството за животна средина не дава дозвола сето тоа да се чепка, не даваат дозвола еве, за да се уништи таа трска. Се направи тендер за чистење на тињата барем на плажите во Стење, во Претор и во Сливница, требаше да биде тој проект некаде во мај лани, мај – јуни, меѓутоа пропадна тој тендер..и остана тоа како што е сега – така…“ изјави за „Алфа“, Агрон Реџепи од Концесионерот „Преспафиш“.

И градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, признава дека Преспанското Езеро подолго време е во лоша состојба. Меѓутоа, тој се надева дека со пролетните дождови и со топењето на снегот, состојбата колку-толку ќе се ублажи. Според него, спасот за Преспанското Езеро е во изготвување на проект по примерот на Дојранското.

Длабочината кај што е поголема понеосетно е бегањето, а кај што е помала длабочината, тука веќе сериозно се познава површински. Во висина ние имаме дури до три метри повлекување. Тоа е многу страшно. Но, да бидам докрај искрен, уште не е излезен на суво „Римскиот пат“. Значи, нивото некогаш било уште пониско…Така што ова е многу динамично и моделот за спас, лично јас го гледам само Дојранскиот модел, ама со вентил да може да се запре“, посочува Јован Тозиевски, градоначалник на Ресен.

Инаку, пред десетина години, тогашната локална и централна власт, реализираше повеќе значајни проекти за заживување на туризмот долж Преспанската ривиера, но и за заштита на езерските води. За жал, според сегашната локална власт, од тоа, сега или нема останато ништо, или пак е многу малку.

The post Државата незинтересирана, а Преспанското Eзеро е пред еколошка катастрофа appeared first on Република.

]]>

Преспанското Eзеро е пред еколошка катастрофа, а државата е незаинтересирана, објави телевизијата „Алфа“.  Последниве години, второто по големина природно македонско езеро, Преспанското, како да се бори за живот. Мерењата покажуваат загрижувачки резултати, кои се видливи дури и со голо око. Нивото на Езерото е спуштено дури за 2,5 до 3 метри под критичниот минимум, а повлекувањето на водата долж брегот е од неколку стотици метри па се до 3 километри, во зависност од конфигурацијата и местоположбата. Познавачите на состојбите, како и концесионерите, велат дека опстанокот на ендемската флора и фауна во езерото сериозно бил загрозен, а причините за таквата состојба ги гледаат во климатските промени, во сушните години, но и во несовесноста на луѓето кои езерото го претвораат во вистинска депонија.
Изменета е доста флората и фауната на Преспанското Езеро во последните десетина години. Целото крајбрежје е обраснато со трска, на пример Преспанско Езеро имало, да кажеме 20-25 посто трска, до 30 посто на крајбрежјето, сега е обраснато 80-90 посто со трска. Министерството за животна средина не дава дозвола сето тоа да се чепка, не даваат дозвола еве, за да се уништи таа трска. Се направи тендер за чистење на тињата барем на плажите во Стење, во Претор и во Сливница, требаше да биде тој проект некаде во мај лани, мај – јуни, меѓутоа пропадна тој тендер..и остана тоа како што е сега – така…“ изјави за „Алфа“, Агрон Реџепи од Концесионерот „Преспафиш“.
И градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, признава дека Преспанското Езеро подолго време е во лоша состојба. Меѓутоа, тој се надева дека со пролетните дождови и со топењето на снегот, состојбата колку-толку ќе се ублажи. Според него, спасот за Преспанското Езеро е во изготвување на проект по примерот на Дојранското.
Длабочината кај што е поголема понеосетно е бегањето, а кај што е помала длабочината, тука веќе сериозно се познава површински. Во висина ние имаме дури до три метри повлекување. Тоа е многу страшно. Но, да бидам докрај искрен, уште не е излезен на суво „Римскиот пат“. Значи, нивото некогаш било уште пониско…Така што ова е многу динамично и моделот за спас, лично јас го гледам само Дојранскиот модел, ама со вентил да може да се запре“, посочува Јован Тозиевски, градоначалник на Ресен.
Инаку, пред десетина години, тогашната локална и централна власт, реализираше повеќе значајни проекти за заживување на туризмот долж Преспанската ривиера, но и за заштита на езерските води. За жал, според сегашната локална власт, од тоа, сега или нема останато ништо, или пак е многу малку.

The post Државата незинтересирана, а Преспанското Eзеро е пред еколошка катастрофа appeared first on Република.

]]>
Еколошка катастрофа во Тајланд: Од подводна цевка се излеале 50.000 литри нафта https://republika.mk/vesti/svet/ekoloshka-katastrofa-vo-tajland-od-podvodna-cevka-se-izleale-50-000-litri-nafta/ Sat, 29 Jan 2022 12:25:37 +0000 https://republika.mk/?p=451151

Плажа во источниот дел на Тајланд е прогласена зона на еколошка катастрофа, откако се излеала нафта од подводна цевка, а песокот поцрни.

Околу 50.000 литри нафта истекле во океанот.

Дел од нафтата стигнала до брегот, проширувајќи се на 47 квадратни километри.

Припадниците на тајландската морнарица разговараат со компанијата која е сопственик на нафтоводот за да се санира штетата.

The post Еколошка катастрофа во Тајланд: Од подводна цевка се излеале 50.000 литри нафта appeared first on Република.

]]>

Плажа во источниот дел на Тајланд е прогласена зона на еколошка катастрофа, откако се излеала нафта од подводна цевка, а песокот поцрни. Околу 50.000 литри нафта истекле во океанот. Дел од нафтата стигнала до брегот, проширувајќи се на 47 квадратни километри. Припадниците на тајландската морнарица разговараат со компанијата која е сопственик на нафтоводот за да се санира штетата.

The post Еколошка катастрофа во Тајланд: Од подводна цевка се излеале 50.000 литри нафта appeared first on Република.

]]>
Еколошка катастрофа: Шишиња, ќеси, пластика и цврст отпад во Калиманско езеро https://republika.mk/vesti/ekonomija/ekoloshka-katastrofa-shishinja-kjesi-plastika-i-cvrst-otpad-vo-kalimansko-ezero/ Wed, 05 Jan 2022 13:08:37 +0000 https://republika.mk/?p=440987

Шишиња, ќеси, најразлична пластична амбалажа и цврст отпад, ваква е сликата која деновиве може да се забележи на Калиманско Езеро по поплавите кои во декември минатата година го зафатија Пијанечко-малешевскиот регион, зголемувајки ја опасноста од еколошка катастрофа во Калиманско Езеро.

Поради надојдените води на реката Брегалница и нејзините притоки, најголем дел од отпадот од дивите депонии кои се наоѓаа покрај речните корита заврши во Калиманско Езеро, што е директна закана за животинскиот свет во езерото.

За ваквата состојба реагираа граѓани, кои велат дека итно треба да се преземе акција со цел езерото да биде исчистено.

-Бараме надлежните органи да преземат соодветни мерки, како би ја спречиле оваа честа и несакана појава во водите на Калиманско Езеро. Отпадот го донесе река Брегалница, која заедно со своите притоки од општините Делчево, Пехчево и Берово се влева во езерото. Поради покачениот водостој, реката Брегалница во водите на Калиманци, со себе го носи и со години одложуваниот отпад покрај своето речно корито, што е најверојатна причина за оваа несакана појава, велат загрижени граѓани.

Граѓаните предупредуваат дека оваа појава ја има на целата површина од езерото и апелираат навремено да се пристапи кон чистење на отпадот, како би се спречила оваа еколошка катастрофа.

Според нив, чести се и пријавите за помор на риби во река Брегалница што ја прави најголем загадувач на водите во Калиманското Езеро.

Реакција за оваа појава од други субјекти вклучително и еколошки и риболовни друштва засега нема. Во насока на подигање на свеста кај граѓаните за ваквата појава досега реагираше делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, кој за време на поплавите истакна дека фрлањето ѓубре во реката освен што ја загадува водата, го блокира природното движење на водотеците, со што дополнително придонесува и за загадување на блиската околина.

The post Еколошка катастрофа: Шишиња, ќеси, пластика и цврст отпад во Калиманско езеро appeared first on Република.

]]>

Шишиња, ќеси, најразлична пластична амбалажа и цврст отпад, ваква е сликата која деновиве може да се забележи на Калиманско Езеро по поплавите кои во декември минатата година го зафатија Пијанечко-малешевскиот регион, зголемувајки ја опасноста од еколошка катастрофа во Калиманско Езеро. Поради надојдените води на реката Брегалница и нејзините притоки, најголем дел од отпадот од дивите депонии кои се наоѓаа покрај речните корита заврши во Калиманско Езеро, што е директна закана за животинскиот свет во езерото. За ваквата состојба реагираа граѓани, кои велат дека итно треба да се преземе акција со цел езерото да биде исчистено.
-Бараме надлежните органи да преземат соодветни мерки, како би ја спречиле оваа честа и несакана појава во водите на Калиманско Езеро. Отпадот го донесе река Брегалница, која заедно со своите притоки од општините Делчево, Пехчево и Берово се влева во езерото. Поради покачениот водостој, реката Брегалница во водите на Калиманци, со себе го носи и со години одложуваниот отпад покрај своето речно корито, што е најверојатна причина за оваа несакана појава, велат загрижени граѓани.
Граѓаните предупредуваат дека оваа појава ја има на целата површина од езерото и апелираат навремено да се пристапи кон чистење на отпадот, како би се спречила оваа еколошка катастрофа. Според нив, чести се и пријавите за помор на риби во река Брегалница што ја прави најголем загадувач на водите во Калиманското Езеро. Реакција за оваа појава од други субјекти вклучително и еколошки и риболовни друштва засега нема. Во насока на подигање на свеста кај граѓаните за ваквата појава досега реагираше делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, кој за време на поплавите истакна дека фрлањето ѓубре во реката освен што ја загадува водата, го блокира природното движење на водотеците, со што дополнително придонесува и за загадување на блиската околина.

The post Еколошка катастрофа: Шишиња, ќеси, пластика и цврст отпад во Калиманско езеро appeared first on Република.

]]>