Еко свест Archives - Република https://republika.mk/tema/eko-svest/ За подобро да се разбереме Mon, 20 May 2024 12:00:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Еко свест Archives - Република https://republika.mk/tema/eko-svest/ 32 32 Oбезбедување на „паметна“ енергија за сите, расчистување на историските жешки точки, подобрување на квалитетот на воздух, бара „Еко-свест“ од новата влада https://republika.mk/vesti/ekonomija/obezbeduvane-na-pametna-energija-za-site-raschistuvane-na-istoriskite-zheshki-tochki-podobruvane-na-kvalitetot-na-vozduh-bara-eko-svest-od-novata-vlada/ Mon, 20 May 2024 12:00:17 +0000 https://republika.mk/?p=780151

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје денеска испрати писмо со предлози за новата влада, кои како што велат, ќе придонесат кон видно подобрување на квалитетот на живот и благосостојба на луѓето и мора да станат главен приоритет за новата Влада.

Здравата и чиста животна средина, која е уставно загарантирано право на секој граѓанин на Македонија, зачувувањето на природата и подобрувањето на еколошките стандарди, како и амбициозните мерки за климатска акција кои ќе придонесат кон видно подобрување на квалитетот на живот и благосостојба на луѓето мора да станат главен приоритет за новата Влада, се вели во соопштението.

Еко-свест, како што наведуваат, го дава својот приднес кон програмата на новата Влада и ги образложува мерките за секоја од компонентите за заштита и унапредување на животната средина.

Како приоритети ги наведува важноста за преземање мерки и активности насочени кон декарбонизација и климатска акција, обезбедување на „паметна“ енергија за сите, расчистување на историските жешки точки, подобрување на квалитетот на воздух, обезбедување на соодветна заштита за природата и водите и реализација на проектите кои ќе овозможат развој на циркуларната економија во земјата.

Според нив, граѓаните во последната деценија станаа видно загрижени за состојбите со животната средина бидејќи тие влијаат врз нивното здравје. Потребно е во новата Влада, како што нагласуваат, фокусот да се стави на заштитата на човекото здравје преку заштита и унапредување на животната средина, како и зголемување на стандардите кои ќе придонесат кон превенција на загадувањето на природата.

Секоја политика и одлука која влијае врз животната средина, е политика која влијае на нашето здравје. Носењето одлуки во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните на Македонија треба да е врвен приоритет на новата Влада која ќе се формира по Парламентарните избори 2024 година, се вели во писмената изјава на Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка на Еко-свест.

Од Здружението Еко-свест додаваат дека со своите стручни познавања стекнати во текот на 22 години работа на полето на заштита на животната средина и климатска акција се отворени за дискусија и помош во имплементација на најдобрите политики и мерки во овие области.

The post Oбезбедување на „паметна“ енергија за сите, расчистување на историските жешки точки, подобрување на квалитетот на воздух, бара „Еко-свест“ од новата влада appeared first on Република.

]]>

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје денеска испрати писмо со предлози за новата влада, кои како што велат, ќе придонесат кон видно подобрување на квалитетот на живот и благосостојба на луѓето и мора да станат главен приоритет за новата Влада.
Здравата и чиста животна средина, која е уставно загарантирано право на секој граѓанин на Македонија, зачувувањето на природата и подобрувањето на еколошките стандарди, како и амбициозните мерки за климатска акција кои ќе придонесат кон видно подобрување на квалитетот на живот и благосостојба на луѓето мора да станат главен приоритет за новата Влада, се вели во соопштението.
Еко-свест, како што наведуваат, го дава својот приднес кон програмата на новата Влада и ги образложува мерките за секоја од компонентите за заштита и унапредување на животната средина. Како приоритети ги наведува важноста за преземање мерки и активности насочени кон декарбонизација и климатска акција, обезбедување на „паметна“ енергија за сите, расчистување на историските жешки точки, подобрување на квалитетот на воздух, обезбедување на соодветна заштита за природата и водите и реализација на проектите кои ќе овозможат развој на циркуларната економија во земјата. Според нив, граѓаните во последната деценија станаа видно загрижени за состојбите со животната средина бидејќи тие влијаат врз нивното здравје. Потребно е во новата Влада, како што нагласуваат, фокусот да се стави на заштитата на човекото здравје преку заштита и унапредување на животната средина, како и зголемување на стандардите кои ќе придонесат кон превенција на загадувањето на природата.
Секоја политика и одлука која влијае врз животната средина, е политика која влијае на нашето здравје. Носењето одлуки во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните на Македонија треба да е врвен приоритет на новата Влада која ќе се формира по Парламентарните избори 2024 година, се вели во писмената изјава на Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка на Еко-свест.
Од Здружението Еко-свест додаваат дека со своите стручни познавања стекнати во текот на 22 години работа на полето на заштита на животната средина и климатска акција се отворени за дискусија и помош во имплементација на најдобрите политики и мерки во овие области.

The post Oбезбедување на „паметна“ енергија за сите, расчистување на историските жешки точки, подобрување на квалитетот на воздух, бара „Еко-свест“ од новата влада appeared first on Република.

]]>
Еко-свест: Бернската конвенција бара итно откажување на МХЕ Рибничка во НП „Маврово“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/eko-svest-bernskata-konventsija-bara-itno-otkazhuvane-na-mhe-ribnichka-vo-np-mavrovo/ Mon, 25 Dec 2023 13:58:30 +0000 https://republika.mk/?p=726537

Комитетот на Бернската конвенција порача дека Бернската конвенција бара итно откажување на МХЕ Рибничка во НП Маврово и дека е неопходно е раскинување на концесиите на сите хидроцентрали во заштитените подрачја, соопшти невладината Еко-свест.

Во соопштението на Еко-свест се вели дека откако организацијата во 2013 година поднесе жалба пред Бернската конвенција при Советот на Европа се отвори меѓународниот случај „Развој на хидроенергетски проекти на територијата на националниот парк Маврово“. Случајот е отворен речиси 10 години бидејќи државата слабо напредува во почитување на усвоените препораки, велат од Еко-свест.

„Во последната одлука од 43-та седница, Комитетот на Бернската конвенција утврди дека постои напредок од страна на Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање поради обезбедување на буџет за почеток на процесот на репрогласување на Националниот парк Маврово. Комитетот истакна дека покрај откажувањето на Жировница 5 и 6 во НП Маврово, неопходно е раскинување на концесиите на сите хидроцентрали во заштитени подрачја и ја донесе следната одлука:

Се бара од државните власти:

- Веднаш да се откаже ХЕ Рибничка во НП Маврово;

- Да се раскинат сите други концесии за мали хидроелектрани во НП Шар Планина;

- Да го забрзаат репрогласувањето на Националниот парк Маврово и да се обезбедат соодветни јавни консултации во сите фази од процесот;

- Да се забрза усвојувањето на предлог Законот за води и Законот за заштита на природата, со што би се обезбедил развој на методологија за еколошки проток и забрана на хидроелектрани и други инфраструктурни проекти во заштитените подрачја;

- Да се подобри и обезбеди редовна координација и консултации меѓу државните органи и граѓанските организации;

- Да се обезбеди имплементација на сите точки од Препораката бр. 211 од 2021“.

Ана Чоловиќ Лешоска, извршен директор на Еко-свест, вели дека е време Владата да покаже волја дека во своите политики, закони и практики ќе ги интегрира препораките од Комитетот на Бернската конвенција.

Најважно во овој момент е итното раскинување на концесијата за МХЕ Рибничка со цел трајно ослободување на природата од неодржливите практики и конечното репрогласување на Маврово. Дополнително, мора да обезбедиме заштита на нашите природни богатства преку донесување на нов закон за природа кој ќе гарантира забрана за штетни инфраструктурни проекти во најчувствителните еколошки подрачја во државата, вели Чоловиќ Лешоска.

Препораките на Бернската конвенција имаат придобивки за нас и можат да ни помогнат полесно да ги исполниме целите за зачувување на биодиверзитетот и екосистемите кои се утврдени во Зелената агенда за Западен Балкан, како и Глобалната рамка за биодиверзитет на Конвенцијата за биолошка разновидност нагласува директорката на Еко-свест.

The post Еко-свест: Бернската конвенција бара итно откажување на МХЕ Рибничка во НП „Маврово“ appeared first on Република.

]]>

Комитетот на Бернската конвенција порача дека Бернската конвенција бара итно откажување на МХЕ Рибничка во НП Маврово и дека е неопходно е раскинување на концесиите на сите хидроцентрали во заштитените подрачја, соопшти невладината Еко-свест. Во соопштението на Еко-свест се вели дека откако организацијата во 2013 година поднесе жалба пред Бернската конвенција при Советот на Европа се отвори меѓународниот случај „Развој на хидроенергетски проекти на територијата на националниот парк Маврово“. Случајот е отворен речиси 10 години бидејќи државата слабо напредува во почитување на усвоените препораки, велат од Еко-свест.
„Во последната одлука од 43-та седница, Комитетот на Бернската конвенција утврди дека постои напредок од страна на Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање поради обезбедување на буџет за почеток на процесот на репрогласување на Националниот парк Маврово. Комитетот истакна дека покрај откажувањето на Жировница 5 и 6 во НП Маврово, неопходно е раскинување на концесиите на сите хидроцентрали во заштитени подрачја и ја донесе следната одлука:
Се бара од државните власти: - Веднаш да се откаже ХЕ Рибничка во НП Маврово; - Да се раскинат сите други концесии за мали хидроелектрани во НП Шар Планина; - Да го забрзаат репрогласувањето на Националниот парк Маврово и да се обезбедат соодветни јавни консултации во сите фази од процесот; - Да се забрза усвојувањето на предлог Законот за води и Законот за заштита на природата, со што би се обезбедил развој на методологија за еколошки проток и забрана на хидроелектрани и други инфраструктурни проекти во заштитените подрачја; - Да се подобри и обезбеди редовна координација и консултации меѓу државните органи и граѓанските организации; - Да се обезбеди имплементација на сите точки од Препораката бр. 211 од 2021“. Ана Чоловиќ Лешоска, извршен директор на Еко-свест, вели дека е време Владата да покаже волја дека во своите политики, закони и практики ќе ги интегрира препораките од Комитетот на Бернската конвенција.
Најважно во овој момент е итното раскинување на концесијата за МХЕ Рибничка со цел трајно ослободување на природата од неодржливите практики и конечното репрогласување на Маврово. Дополнително, мора да обезбедиме заштита на нашите природни богатства преку донесување на нов закон за природа кој ќе гарантира забрана за штетни инфраструктурни проекти во најчувствителните еколошки подрачја во државата, вели Чоловиќ Лешоска.
Препораките на Бернската конвенција имаат придобивки за нас и можат да ни помогнат полесно да ги исполниме целите за зачувување на биодиверзитетот и екосистемите кои се утврдени во Зелената агенда за Западен Балкан, како и Глобалната рамка за биодиверзитет на Конвенцијата за биолошка разновидност нагласува директорката на Еко-свест.  

The post Еко-свест: Бернската конвенција бара итно откажување на МХЕ Рибничка во НП „Маврово“ appeared first on Република.

]]>
Еко-свест: Дали ни е потребна мега фосилна инфраструктура? https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/eko-svest-dali-ni-e-potrebna-mega-fosilna-infrastruktura/ Mon, 11 Dec 2023 13:29:34 +0000 https://republika.mk/?p=721778

Во обезбедувањето на независна и сигурна енергија за нашата држава, македонските институции посегнуваат по сите можни енергетски решенија. За нив, приоритет се изградбата на гасната инфраструктура исто колку и продолжувањето на работењето на РЕК Битола на јаглен, како и изградба на нова голема хидроцентрала, но и поставувањето на фотоволтаични и ветерни централи и декарбонизацијата. Очигледно е дека во моментот се пристапува кон енергетскиот сектор како кон „тезга“ со секакви производи, што за жал не е стратешки и одговорно. Енергетскиот сектор бара сериозно планирање и посветена изведба за да даде сакани резултати, се вели во соопштението на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест,

Енергетската и економската криза, во комбинација со зголемената стапка на инфлација, го наметнуваат прашањето дали е оправдано енормно задолжување за изградба на дистрибутивна мрежа за фосилен гас. Иако на него традиционално се гледа како на „чист“ извор на енергија, истражувањата и искуствата од користењето на гасот демонстрираат сериозни еколошки штети и климатски хаос, се додава во соопштението.

Едно од најголемите е: - ,,Дали е воопшто потребна оваа гасоводна мрежа?‘‘

Според анализите на Еко-свест кои се предмет на најновата студија за економската исплатливост на гасот, за целосна реализација на планот се потребни најмалку 1 милијарда евра. Вложувањето на енормни средства во инфраструктура за фосилни горива значи дека нашата земја ќе мора истата да ја користи и во наредните, најмалку 40 години. Истовремено, Европскиот континент треба да стане јаглеродно неутрален (односно, без емисии на CO2) најдоцна до 2050 година.

Од нашата држава се очекува да го интензивира инвестирањето во нови технологии кои ќе придонесат кон унапредување на општеството, како и во енергетска и одржлива трансформација на целиот систем. Сите овие активности во рамки на најавената Зелена Агенда за Западен Балкан на која се обврзаа државниците од сите земји од регионот значат огромни инвестиции и задолжувања и во овој сектор.

Заробувањето на огромни суми средства во фосилни технологии значи дека нема да бидеме во можност сериозно да инвестираме во енергетската трансформација и обновливите извори на енергија што ќе не остави „заглавени во минатото“. Истовремено, бројни приоритетни сектори од општеството како здравството, образованието и заштитата на животната средина ќе останат лишени од соодветна финансиска поддршка, со што ќе продолжи нивното деградирање, велат од Еко-свест.

Фосилниот гас упорно се промовира како „магично решение“, иако истражувањата јасно покажуваат дека неговото согорување придонесува кон зголемени емисии на јаглерод диоксид, кој ја влошува состојбата со климатските промени. При согорување на фосилен гас, количината на ослободен СО2 е иста како и при согорување на другите видови фосилни горива како нафтата и јагленот. Со најавените јаглеродни давачки и јаглеродниот прекуграничен даночен механизам на Европската Унија, гасот нема да е толку исплатлив енергенс. Земајќи ја предвид и непредвидливата цена на гасот, која никогаш повеќе нема да биде евтина, мегаломанскиот план за гасифицирање на секоја општина е крајно неисплатлив и на штета на државниот и домашниот буџет на граѓаните.

Плановите за гасна инфраструктура мораат сериозно да се преиспитаат и да се доведат во реални рамки, и од економски и од еколошки аспект. Притоа, мора да се разгледаат сите можни алтернативи за снабдување со електрична и топлинска енергија и да се направат економски исплатливи и одржливи решенија кои нема да бидат на товар на државниот и домашниот буџет, а ќе овозможат побрза енергетска транзиција и почиста животна средина за граѓаните, велат од Еко-свест.

The post Еко-свест: Дали ни е потребна мега фосилна инфраструктура? appeared first on Република.

]]>

Во обезбедувањето на независна и сигурна енергија за нашата држава, македонските институции посегнуваат по сите можни енергетски решенија. За нив, приоритет се изградбата на гасната инфраструктура исто колку и продолжувањето на работењето на РЕК Битола на јаглен, како и изградба на нова голема хидроцентрала, но и поставувањето на фотоволтаични и ветерни централи и декарбонизацијата. Очигледно е дека во моментот се пристапува кон енергетскиот сектор како кон „тезга“ со секакви производи, што за жал не е стратешки и одговорно. Енергетскиот сектор бара сериозно планирање и посветена изведба за да даде сакани резултати, се вели во соопштението на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, Енергетската и економската криза, во комбинација со зголемената стапка на инфлација, го наметнуваат прашањето дали е оправдано енормно задолжување за изградба на дистрибутивна мрежа за фосилен гас. Иако на него традиционално се гледа како на „чист“ извор на енергија, истражувањата и искуствата од користењето на гасот демонстрираат сериозни еколошки штети и климатски хаос, се додава во соопштението. Едно од најголемите е: - ,,Дали е воопшто потребна оваа гасоводна мрежа?‘‘ Според анализите на Еко-свест кои се предмет на најновата студија за економската исплатливост на гасот, за целосна реализација на планот се потребни најмалку 1 милијарда евра. Вложувањето на енормни средства во инфраструктура за фосилни горива значи дека нашата земја ќе мора истата да ја користи и во наредните, најмалку 40 години. Истовремено, Европскиот континент треба да стане јаглеродно неутрален (односно, без емисии на CO2) најдоцна до 2050 година.
Од нашата држава се очекува да го интензивира инвестирањето во нови технологии кои ќе придонесат кон унапредување на општеството, како и во енергетска и одржлива трансформација на целиот систем. Сите овие активности во рамки на најавената Зелена Агенда за Западен Балкан на која се обврзаа државниците од сите земји од регионот значат огромни инвестиции и задолжувања и во овој сектор. Заробувањето на огромни суми средства во фосилни технологии значи дека нема да бидеме во можност сериозно да инвестираме во енергетската трансформација и обновливите извори на енергија што ќе не остави „заглавени во минатото“. Истовремено, бројни приоритетни сектори од општеството како здравството, образованието и заштитата на животната средина ќе останат лишени од соодветна финансиска поддршка, со што ќе продолжи нивното деградирање, велат од Еко-свест.
Фосилниот гас упорно се промовира како „магично решение“, иако истражувањата јасно покажуваат дека неговото согорување придонесува кон зголемени емисии на јаглерод диоксид, кој ја влошува состојбата со климатските промени. При согорување на фосилен гас, количината на ослободен СО2 е иста како и при согорување на другите видови фосилни горива како нафтата и јагленот. Со најавените јаглеродни давачки и јаглеродниот прекуграничен даночен механизам на Европската Унија, гасот нема да е толку исплатлив енергенс. Земајќи ја предвид и непредвидливата цена на гасот, која никогаш повеќе нема да биде евтина, мегаломанскиот план за гасифицирање на секоја општина е крајно неисплатлив и на штета на државниот и домашниот буџет на граѓаните.
Плановите за гасна инфраструктура мораат сериозно да се преиспитаат и да се доведат во реални рамки, и од економски и од еколошки аспект. Притоа, мора да се разгледаат сите можни алтернативи за снабдување со електрична и топлинска енергија и да се направат економски исплатливи и одржливи решенија кои нема да бидат на товар на државниот и домашниот буџет, а ќе овозможат побрза енергетска транзиција и почиста животна средина за граѓаните, велат од Еко-свест.

The post Еко-свест: Дали ни е потребна мега фосилна инфраструктура? appeared first on Република.

]]>
Еко-свест: Гасниот интерконектор може да ни зароби над 700 милиони евра и да ја забави обновливата енергија https://republika.mk/vesti/ekonomija/eko-svest-gasniot-interkonektor-mozhe-da-ni-zarobi-nad-700-milioni-evra-i-da-ja-zabavi-obnovlivata-energija/ Thu, 16 Nov 2023 11:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=702109

Со форсирањето на гасниот интерконектор со Грција, земјава може да се заглави уште повеќе од три децении во нова зависност од фосилни горива и да ги потроши парите кои може да се вложат во обновливи извори на енергија, оценува Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест.

Со напуштањето на јагленот и нафтата, наведуваат од Еко-свест, се ризикува да се поврземе за гасот во време кога многу земји од ЕУ забрануваат инсталирање на нови приклучоци поради влијанието врз животната средина и кога се проценува дека цената на овој енергенс само ќе се зголемува поради ризиците во испораката и новите правила на наплата за емисиите на јаглерод диоксид на Европската Унија.

Интерконекторот кој треба да носи гас од Грција ќе ја насочи државата кон комплицирана изградба на гасна мрежа во сите општини што ќе трае долго и според различни сценарија може да чини меѓу 240 и 745 милиони евра. Овие пари може поефикасно да се насочат кон развој на обновливи извори на енергија и забрзување на продирањето на постоечки ефикасни системи за готвење, загревање на вода и на домаќинствата кои користат комбинации од соларни панели и топлински пумпи, се посочува во соопштението.

Дополнително, истражувањето на јавното мислење и фокус групите кои ги спроведе Еко-свест, укажуваат дека повеќе од две третини од испитаниците би се приклучиле на гасна мрежа доколку цената на приклучок изнесува до 300 евра. Меѓутоа, проценката на Еко-свест е дека цената на приклучок нема да биде под 700 евра. Оваа цена пак е прифатлива за само 4 отсто од испитаниците.

Проценката е и дека воведувањето на гасот за домаќинствата ќе придонесе за сериозно изместување на пазарот на уреди за готвење, загревање на водата и на грејни тела со оглед на тоа што гасните уреди досега беа многу малку застапени на тој пазар, а со гасификацијата ќе се јави огромна потреба од нив. Тоа, дополнително ќе го забави преминот кон обновлива енергија кај домаќинствата. За проектот за гасниот цевковод од Грција не беше овозможена отворена консултација со сите засегнати страни во врска со неговото влијание врз животната средина. Интерконекторот од необјаснети причини е поделен на три различни проекти во Грција и Македонија што го прави уште покомплициран за изведба, посочуваат од Центарот.

Гасот како фосилно гориво, енормно ги зголемува емисиите на стакленички гасови, пред сѐ на јаглеродните оксиди. Едно од главните прашања кое се поставува е дали емисиите на стакленички гасови од гасниот интерконектор се во согласност со обврската на земјата да ги намали емисиите на стакленичките гасови до 2030 година, согласно Парискиот договор, велат од Еко-свест.

The post Еко-свест: Гасниот интерконектор може да ни зароби над 700 милиони евра и да ја забави обновливата енергија appeared first on Република.

]]>

Со форсирањето на гасниот интерконектор со Грција, земјава може да се заглави уште повеќе од три децении во нова зависност од фосилни горива и да ги потроши парите кои може да се вложат во обновливи извори на енергија, оценува Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест. Со напуштањето на јагленот и нафтата, наведуваат од Еко-свест, се ризикува да се поврземе за гасот во време кога многу земји од ЕУ забрануваат инсталирање на нови приклучоци поради влијанието врз животната средина и кога се проценува дека цената на овој енергенс само ќе се зголемува поради ризиците во испораката и новите правила на наплата за емисиите на јаглерод диоксид на Европската Унија.
Интерконекторот кој треба да носи гас од Грција ќе ја насочи државата кон комплицирана изградба на гасна мрежа во сите општини што ќе трае долго и според различни сценарија може да чини меѓу 240 и 745 милиони евра. Овие пари може поефикасно да се насочат кон развој на обновливи извори на енергија и забрзување на продирањето на постоечки ефикасни системи за готвење, загревање на вода и на домаќинствата кои користат комбинации од соларни панели и топлински пумпи, се посочува во соопштението.
Дополнително, истражувањето на јавното мислење и фокус групите кои ги спроведе Еко-свест, укажуваат дека повеќе од две третини од испитаниците би се приклучиле на гасна мрежа доколку цената на приклучок изнесува до 300 евра. Меѓутоа, проценката на Еко-свест е дека цената на приклучок нема да биде под 700 евра. Оваа цена пак е прифатлива за само 4 отсто од испитаниците.
Проценката е и дека воведувањето на гасот за домаќинствата ќе придонесе за сериозно изместување на пазарот на уреди за готвење, загревање на водата и на грејни тела со оглед на тоа што гасните уреди досега беа многу малку застапени на тој пазар, а со гасификацијата ќе се јави огромна потреба од нив. Тоа, дополнително ќе го забави преминот кон обновлива енергија кај домаќинствата. За проектот за гасниот цевковод од Грција не беше овозможена отворена консултација со сите засегнати страни во врска со неговото влијание врз животната средина. Интерконекторот од необјаснети причини е поделен на три различни проекти во Грција и Македонија што го прави уште покомплициран за изведба, посочуваат од Центарот.
Гасот како фосилно гориво, енормно ги зголемува емисиите на стакленички гасови, пред сѐ на јаглеродните оксиди. Едно од главните прашања кое се поставува е дали емисиите на стакленички гасови од гасниот интерконектор се во согласност со обврската на земјата да ги намали емисиите на стакленичките гасови до 2030 година, согласно Парискиот договор, велат од Еко-свест.

The post Еко-свест: Гасниот интерконектор може да ни зароби над 700 милиони евра и да ја забави обновливата енергија appeared first on Република.

]]>
Анкета на Еко-свест: Над 80 проценти од граѓаните немаат пристап до гасоводна мрежа https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/anketa-na-eko-svest-nad-80-protsenti-od-graganite-nemaat-pristap-do-gasovodna-mrezha/ Fri, 10 Nov 2023 07:41:42 +0000 https://republika.mk/?p=700072

Дали природниот гас е енергетски спасител или скриен извор на ризици?

Центарот за истражување и информирање за животната средина, Еко-свест Скопје, во соработка со истражувачката агенција Индаго спроведе анкета која ги открива ставовите на граѓаните во Македонија за гасот како извор на енергија.

Поголем дел од испитаниците иако не знаат дека гасот е фосилно гориво кое придонесува значително за глобалното затоплување и климатските промени го сметаат за поевтино и почисто споредено со нафтата, јагленот и огревното дрво. Кај една третина постои сомнеж и страв во поглед на безбедноста на користењето, но сепак доминантен дел би се приклучиле веднаш доколку имаат пристап до гасоводна мрежа. А, пристап до овој енергенс имаат само 12% од анкетираните. Најголема примена на гасот граѓаните гледаат во готвењето и загревањето во домовите.

Природниот гас како енергетска опција

Многумина го сметаат природниот гас за евтино гориво. Но, енергетската криза покажа дека цената на гасот може драстично да варира и сега со сигурност знаеме дека никогаш нема да биде ефтин како во минатото. Според истражувањето, 74% од испитаниците гасот го гледаат како најповолно гориво во споредба со други слични опции, како нафтата и јагленот. Најмалку 67% од граѓаните се согласуваат дека тој е најеколошко фосилно гориво, кое помага во намалувањето на штетните емисии. Од аспект на користењето, 67% го сметаат за подобар избор отколку огревното дрво, што значи помалку чад и ситни честички во воздухот. Точно е дека гасот при согорување не емитува честички прашина и чад, но исто како и нафтата и јагленот е одговорен за емисиите на јаглерод диоксид- причинителот на климатските промени. Оттука можеби посоодветен назив за природниот гас е – Фосилен гас.

Дали граѓаните се свесни за ризиците и безбедноста на природниот гас?

На прашањето дали природниот гас е безбеден за животната средина и луѓето, 64% од испитаниците одговорија позитивно, но скоро една третина од испитаниците не е уверена во тоа. Ова може да се толкува како потреба за подобра едукација и свест меѓу граѓаните. Можеби, некои се неинформирани за потенцијалните ризици и безбедносни мерки при користењето на природниот гас. А, можеби е потребно подобро да се запознаат со ефектите од изградбата на гасоводите врз животната средина. Други можеби имаат прашања за евентуалните ризици, како можни експлозии во домаќинствата и индустријата или други хаварии при изградбата на гасоводите.
Особено важно е да се нагласи дека безбедноста на гасот за корисниците зависи од правилната инсталација, употреба, но и редовно одржување на инсталираната опрема, што изискува значителни финансиски средства, но и технички капацитети на операторите.

Колкав е пристапот на граѓаните до гасоводна мрежа?

Анкетата открива и голема разлика во пристапот до гасоводната мрежа, што има важни импликации за користењето на природниот гас како извор на енергија.
Скромни 12% од испитаниците се изјасниле дека имаат пристап до гасот како енергенс во нивната општина или околина, додека 81% ја немаат оваа можност. Мора да се земе предвид и дека граѓаните честопати природниот, односно фосилниот гас го поистоветуваат со гасот во таканаречените „плински боци“ или гас кој се користи во возилата. Поради недостиг од традиција во користењето на фосилниот гас во Македонија, граѓаните немаат доволно познавање да ги разликуваат овие значително различни фосилни продукти. Необично, иако 75% од испитаниците кои немаат пристап до природниот гас изразиле желба дека веднаш би се приклучиле, но, само 3% во моментов користат фосилен гас. Ова може да се толкува на неколку начини. Една од можностите е дека фосилниот гас едноставно не е достапен за домаќинствата во најголем број од нашите општини. Втората можност е дека немаат доволна финансиска моќ за приклучување бидејќи инсталирањето на гасоводната инфраструктура како и замена на главните уреди (греалки, бојлер, шпорет) се скапа инвестиција. Трета можност е постоењето на определен страв или недоверба во однос на безбедноста и употребата на природниот гас.

Ако не гас, кои се алтернативните извори на енергија?

Според испитаниците, фосилниот гас би наоѓал разни примени во
секојдневниот живот. Голем дел од граѓаните би го користеле во кујната за приготвување на оброк, загревање на вода, како и затоплување на домаќинствата. Во моментот, фосилниот гас во нашата држава се користи главно во индустријата и како енергенс за производство на електрична и топлинска енергија. Поради малиот број на жители, фосилниот гас е најисплатлив за поголемите индустриски капацитети, но не и за поголем број од домаќинствата.
Истражувањето дава податоци и за ставовите околу потенцијалните алтернативни извори на енергија, вклучувајќи ги соларната и ветерната енергија, хидроенергијата, биомасата и иновативните методи кои испитаниците ги сметаат за релевантни. Според анкетата, голем број на испитаници (91%) изразиле поддршка за соларната енергија, сметајќи ја за еден од најсоодветните алтернативни извори на енергија за целата држава. Ветерната енергија следува со 76% што покажува значителна поддршка на овие два обновливи извори. Ова е индикатор дека како држава сме подготвени за зелената транзиција кон обновливи извори со кои располагаме, без притоа да создаваме зависност од други држави и од увозот на енергенси.

Анкетата ја спроведоа Центарот за истражување и информирање за животната средина, Еко-свест Скопје, во соработка со истражувачката агенција Индаго, со цел да се истражат ставовите на граѓаните во Македонија за фосилниот гас како извор на енергија.

The post Анкета на Еко-свест: Над 80 проценти од граѓаните немаат пристап до гасоводна мрежа appeared first on Република.

]]>

Дали природниот гас е енергетски спасител или скриен извор на ризици? Центарот за истражување и информирање за животната средина, Еко-свест Скопје, во соработка со истражувачката агенција Индаго спроведе анкета која ги открива ставовите на граѓаните во Македонија за гасот како извор на енергија. Поголем дел од испитаниците иако не знаат дека гасот е фосилно гориво кое придонесува значително за глобалното затоплување и климатските промени го сметаат за поевтино и почисто споредено со нафтата, јагленот и огревното дрво. Кај една третина постои сомнеж и страв во поглед на безбедноста на користењето, но сепак доминантен дел би се приклучиле веднаш доколку имаат пристап до гасоводна мрежа. А, пристап до овој енергенс имаат само 12% од анкетираните. Најголема примена на гасот граѓаните гледаат во готвењето и загревањето во домовите. Природниот гас како енергетска опција Многумина го сметаат природниот гас за евтино гориво. Но, енергетската криза покажа дека цената на гасот може драстично да варира и сега со сигурност знаеме дека никогаш нема да биде ефтин како во минатото. Според истражувањето, 74% од испитаниците гасот го гледаат како најповолно гориво во споредба со други слични опции, како нафтата и јагленот. Најмалку 67% од граѓаните се согласуваат дека тој е најеколошко фосилно гориво, кое помага во намалувањето на штетните емисии. Од аспект на користењето, 67% го сметаат за подобар избор отколку огревното дрво, што значи помалку чад и ситни честички во воздухот. Точно е дека гасот при согорување не емитува честички прашина и чад, но исто како и нафтата и јагленот е одговорен за емисиите на јаглерод диоксид- причинителот на климатските промени. Оттука можеби посоодветен назив за природниот гас е – Фосилен гас. Дали граѓаните се свесни за ризиците и безбедноста на природниот гас? На прашањето дали природниот гас е безбеден за животната средина и луѓето, 64% од испитаниците одговорија позитивно, но скоро една третина од испитаниците не е уверена во тоа. Ова може да се толкува како потреба за подобра едукација и свест меѓу граѓаните. Можеби, некои се неинформирани за потенцијалните ризици и безбедносни мерки при користењето на природниот гас. А, можеби е потребно подобро да се запознаат со ефектите од изградбата на гасоводите врз животната средина. Други можеби имаат прашања за евентуалните ризици, како можни експлозии во домаќинствата и индустријата или други хаварии при изградбата на гасоводите. Особено важно е да се нагласи дека безбедноста на гасот за корисниците зависи од правилната инсталација, употреба, но и редовно одржување на инсталираната опрема, што изискува значителни финансиски средства, но и технички капацитети на операторите. Колкав е пристапот на граѓаните до гасоводна мрежа? Анкетата открива и голема разлика во пристапот до гасоводната мрежа, што има важни импликации за користењето на природниот гас како извор на енергија. Скромни 12% од испитаниците се изјасниле дека имаат пристап до гасот како енергенс во нивната општина или околина, додека 81% ја немаат оваа можност. Мора да се земе предвид и дека граѓаните честопати природниот, односно фосилниот гас го поистоветуваат со гасот во таканаречените „плински боци“ или гас кој се користи во возилата. Поради недостиг од традиција во користењето на фосилниот гас во Македонија, граѓаните немаат доволно познавање да ги разликуваат овие значително различни фосилни продукти. Необично, иако 75% од испитаниците кои немаат пристап до природниот гас изразиле желба дека веднаш би се приклучиле, но, само 3% во моментов користат фосилен гас. Ова може да се толкува на неколку начини. Една од можностите е дека фосилниот гас едноставно не е достапен за домаќинствата во најголем број од нашите општини. Втората можност е дека немаат доволна финансиска моќ за приклучување бидејќи инсталирањето на гасоводната инфраструктура како и замена на главните уреди (греалки, бојлер, шпорет) се скапа инвестиција. Трета можност е постоењето на определен страв или недоверба во однос на безбедноста и употребата на природниот гас. Ако не гас, кои се алтернативните извори на енергија? Според испитаниците, фосилниот гас би наоѓал разни примени во секојдневниот живот. Голем дел од граѓаните би го користеле во кујната за приготвување на оброк, загревање на вода, како и затоплување на домаќинствата. Во моментот, фосилниот гас во нашата држава се користи главно во индустријата и како енергенс за производство на електрична и топлинска енергија. Поради малиот број на жители, фосилниот гас е најисплатлив за поголемите индустриски капацитети, но не и за поголем број од домаќинствата. Истражувањето дава податоци и за ставовите околу потенцијалните алтернативни извори на енергија, вклучувајќи ги соларната и ветерната енергија, хидроенергијата, биомасата и иновативните методи кои испитаниците ги сметаат за релевантни. Според анкетата, голем број на испитаници (91%) изразиле поддршка за соларната енергија, сметајќи ја за еден од најсоодветните алтернативни извори на енергија за целата држава. Ветерната енергија следува со 76% што покажува значителна поддршка на овие два обновливи извори. Ова е индикатор дека како држава сме подготвени за зелената транзиција кон обновливи извори со кои располагаме, без притоа да создаваме зависност од други држави и од увозот на енергенси. Анкетата ја спроведоа Центарот за истражување и информирање за животната средина, Еко-свест Скопје, во соработка со истражувачката агенција Индаго, со цел да се истражат ставовите на граѓаните во Македонија за фосилниот гас како извор на енергија.

The post Анкета на Еко-свест: Над 80 проценти од граѓаните немаат пристап до гасоводна мрежа appeared first on Република.

]]>
Енергетски промени: План за забрзување на енергетската транзиција на Македонија https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/energetski-promeni-plan-za-zabrzuvane-na-energetskata-tranzitsija-na-makedonija/ Fri, 06 Oct 2023 09:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=688505

Македонскиот енергетски сектор има потенцијал од најмалку 11 GW за сончева фотоволтаична енергија и 0.35 GW за енергија од ветер на деградирано и неупотребливо земјиште, со што на земјата ѝ се овозможуваат услови да стане лидер во регионалните напори за декарбонизација. Ваквиот потенцијал го потврдува студијата објавена денеска, спроведена од тим експерти од Македонската академија на науките и уметностите, The Nature Conservancy и граѓанската организација Еко-свест.

Студијата резултираше со мапа на одржливи локации, првенствено на некорисно и загадено земјиште, за развој на обновливите извори на енергија во Македонија. Доколку инвестициите се насочат кон соларни и ветерни електрани на само половина од овие одредени локации, овие проекти би можеле да генерираат 7,7 терават-часови електрична енергија годишно.

Како дел од Алијансата за борба напуштање на јагленот (Powering Past Coal Alliance), Македонија се обврза на постепено укинување на употребата на јаглен до 2027 година, додека Националниот план за енергија и клима (NECP) предвидува зголемување на уделот на обновливите извори на енергија во бруто потрошувачката на енергија на 38% до 2030 година. Ваквите амбициозни цели бараат забрзување на развојот на обновливите извори на енергија. Со цел забрзување на овој процес без избрзување, студијата идентификуваше локации кои не се во области со значителна биолошка разновидност, не се од голема еколошка вредност и не се критични за благосостојбата на локалните заедници.

Студијата промовира локации за поставување на оновливи извори на енергија на рудници и деградирани површини, кои исто така имаат значителен енергетски потенцијал. Ваквите локации ги намалуваат негативните влијанија врз природата и обезбедуваат работни можности, особено важни за праведна транзиција во поранешните рударски региони. Значаен пример за овој пристап е соларниот парк Осломеј, изграден на територијата на поранешен рудник за лигнит. Тој е веќе делумно функционален и по завршувањето ќе има инсталирана моќност од 120 MW.

Се радувам на фактот дека знаењето и алатките за побрза транзиција кон обновливи извори на енергија стануваат сѐ подостапни. Токму тоа е една од задачите на оваа студија, да се посочат одржливи локации за производство на обновлива енергија за да можеме да го избегнеме непознаниците и потенцијалните препреки на патот кон брзата енергетска транзиција’’, вели Игор Вејновиќ од The Nature Conservancy.

,,Со оглед на тековната општествено-политичка клима која го поддржува развојот во областа на обновливите извори на енергија, веруваме дека резултатите од оваа студија можат да бидат главна насока за постигнување на нашите цели. Затоа, се надеваме дека ќе ги видиме овие мапи интегрирани во идните верзии на клучните стратешки документи како што се Стратегијата за енергетика на Македонија, Националниот план за енергија и клима (NECP) и плановите за аукции во областа на обновливите извори на енергија на одредени локации’’, заклучува Вејновиќ.

Нарушувањата во енергетскиот систем на Европа, како резултат на руската инвазија на Украина, поттикнаа бројни европски земји значително да го забрзаат распоредувањето на обновливите извори на енергија, диверзифицирајќи ги нивните енергетски извори и со тоа зајакнување на енергетската безбедност. Сеопфатните мерки што ќе ги спроведе Европската унија за да се забрза енергетската транзиција се составен дел на планот RePowerEU.

Резултатите од студијата нудат можности не само за носителите на одлуки, туку и за инвеститорите. Користењето на наодите од методологијата и креираните мапи, им овозможува преглед за тоа кои локации се најдобри и каде да го насочат нивното внимание. Со тоа можат да си обезбедат намалување на потенцијалните предизвици, ризиците и доцнењата и да обезбедат гаранции дека нивните проекти се усогласени со барањата за заштита на животната средина и избегнување на конфликтни ситуации со локалната заедница’’, вели д-р Александар Дединец од Македонската академија на науките и уметностите, додавајќи, ,,Пристапот за паметно планирање може да им помогне на инвеститорите да бидат проактивни и да направат информиран избор во областите со низок ризик’’.

Студијата беше спроведена како дел од проектот ,,Паметно енергетско планирање“, што произлегува од успешната соработка која ефективно ја комбинира стручноста на локалните експерти со меѓународното искуство. Истражувањето опфати јавна анкета и три фокус групи, собирајќи 35 засегнати страни од регионалните и општинските власти, земјоделскиот и енергетскиот сектор, како и граѓанските организации фокусирани на животната средина, биолошката разновидност и намалувањето на сиромаштијата. Проектниот тим се согласува дека соработката меѓу широк спектар на експерти, институции, инвеститори, проектанти, граѓански огранизации и локални заедници е клучна за успешна енергетска транзиција.

Без разлика дали се работи за прилагодување на нашите стратегии, усовршување на методологиите или споделување конструктивни предлози, ги покануваме сите заинтересирани страни да се ни се придружат. Взаемната соработка не само што може да го подобри нашиот пристап, туку и да инспирира нови иновативни решенија за одржлива енергетска транзиција, вели Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест.

The post Енергетски промени: План за забрзување на енергетската транзиција на Македонија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот енергетски сектор има потенцијал од најмалку 11 GW за сончева фотоволтаична енергија и 0.35 GW за енергија од ветер на деградирано и неупотребливо земјиште, со што на земјата ѝ се овозможуваат услови да стане лидер во регионалните напори за декарбонизација. Ваквиот потенцијал го потврдува студијата објавена денеска, спроведена од тим експерти од Македонската академија на науките и уметностите, The Nature Conservancy и граѓанската организација Еко-свест. Студијата резултираше со мапа на одржливи локации, првенствено на некорисно и загадено земјиште, за развој на обновливите извори на енергија во Македонија. Доколку инвестициите се насочат кон соларни и ветерни електрани на само половина од овие одредени локации, овие проекти би можеле да генерираат 7,7 терават-часови електрична енергија годишно. Како дел од Алијансата за борба напуштање на јагленот (Powering Past Coal Alliance), Македонија се обврза на постепено укинување на употребата на јаглен до 2027 година, додека Националниот план за енергија и клима (NECP) предвидува зголемување на уделот на обновливите извори на енергија во бруто потрошувачката на енергија на 38% до 2030 година. Ваквите амбициозни цели бараат забрзување на развојот на обновливите извори на енергија. Со цел забрзување на овој процес без избрзување, студијата идентификуваше локации кои не се во области со значителна биолошка разновидност, не се од голема еколошка вредност и не се критични за благосостојбата на локалните заедници. Студијата промовира локации за поставување на оновливи извори на енергија на рудници и деградирани површини, кои исто така имаат значителен енергетски потенцијал. Ваквите локации ги намалуваат негативните влијанија врз природата и обезбедуваат работни можности, особено важни за праведна транзиција во поранешните рударски региони. Значаен пример за овој пристап е соларниот парк Осломеј, изграден на територијата на поранешен рудник за лигнит. Тој е веќе делумно функционален и по завршувањето ќе има инсталирана моќност од 120 MW.
Се радувам на фактот дека знаењето и алатките за побрза транзиција кон обновливи извори на енергија стануваат сѐ подостапни. Токму тоа е една од задачите на оваа студија, да се посочат одржливи локации за производство на обновлива енергија за да можеме да го избегнеме непознаниците и потенцијалните препреки на патот кон брзата енергетска транзиција’’, вели Игор Вејновиќ од The Nature Conservancy.
,,Со оглед на тековната општествено-политичка клима која го поддржува развојот во областа на обновливите извори на енергија, веруваме дека резултатите од оваа студија можат да бидат главна насока за постигнување на нашите цели. Затоа, се надеваме дека ќе ги видиме овие мапи интегрирани во идните верзии на клучните стратешки документи како што се Стратегијата за енергетика на Македонија, Националниот план за енергија и клима (NECP) и плановите за аукции во областа на обновливите извори на енергија на одредени локации’’, заклучува Вејновиќ. Нарушувањата во енергетскиот систем на Европа, како резултат на руската инвазија на Украина, поттикнаа бројни европски земји значително да го забрзаат распоредувањето на обновливите извори на енергија, диверзифицирајќи ги нивните енергетски извори и со тоа зајакнување на енергетската безбедност. Сеопфатните мерки што ќе ги спроведе Европската унија за да се забрза енергетската транзиција се составен дел на планот RePowerEU.
Резултатите од студијата нудат можности не само за носителите на одлуки, туку и за инвеститорите. Користењето на наодите од методологијата и креираните мапи, им овозможува преглед за тоа кои локации се најдобри и каде да го насочат нивното внимание. Со тоа можат да си обезбедат намалување на потенцијалните предизвици, ризиците и доцнењата и да обезбедат гаранции дека нивните проекти се усогласени со барањата за заштита на животната средина и избегнување на конфликтни ситуации со локалната заедница’’, вели д-р Александар Дединец од Македонската академија на науките и уметностите, додавајќи, ,,Пристапот за паметно планирање може да им помогне на инвеститорите да бидат проактивни и да направат информиран избор во областите со низок ризик’’.
Студијата беше спроведена како дел од проектот ,,Паметно енергетско планирање“, што произлегува од успешната соработка која ефективно ја комбинира стручноста на локалните експерти со меѓународното искуство. Истражувањето опфати јавна анкета и три фокус групи, собирајќи 35 засегнати страни од регионалните и општинските власти, земјоделскиот и енергетскиот сектор, како и граѓанските организации фокусирани на животната средина, биолошката разновидност и намалувањето на сиромаштијата. Проектниот тим се согласува дека соработката меѓу широк спектар на експерти, институции, инвеститори, проектанти, граѓански огранизации и локални заедници е клучна за успешна енергетска транзиција.
Без разлика дали се работи за прилагодување на нашите стратегии, усовршување на методологиите или споделување конструктивни предлози, ги покануваме сите заинтересирани страни да се ни се придружат. Взаемната соработка не само што може да го подобри нашиот пристап, туку и да инспирира нови иновативни решенија за одржлива енергетска транзиција, вели Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест.
 
The post Енергетски промени: План за забрзување на енергетската транзиција на Македонија appeared first on Република.

]]>
„Еко-свест“: ТЕЦ Битола е најголемиот загадувач во Западен Балкан во 2022 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/eko-svest-tets-bitola-e-najgolemiot-zagaduvach-vo-zapaden-balkan-vo-2022-godina/ Wed, 28 Jun 2023 08:03:03 +0000 https://republika.mk/?p=655929

„Термоелектричната централа Битола во 2022 година e најголемиот загадувач со сулфур диоксид и честички прашина на целиот Западен Балкан. Емисиите од оџаците на ТЕЦ Битола се скоро дуплирани споредено со 2021 година, иако поради пожарот на трансформаторот во третиот блок тој беше вон употреба цела година и електраната работеше со намален капацитет.

Според новиот извештај од CEE Bankwatch Network, „Усогласи или затвори - 2023“ (1), битолската термоелектрана е убедливо најзагадувачки индустриски капацитет во земјите од Западен Балкан“, информираат од Eко-свет во писмено соопштение до медиумите.

„Со само првиот и вториот блок активни во текот на 2022 година, електраната емитувала 111408 тони сулфур диоксид во воздухот. Ова е количина што е 17 пати поголема од таа што е дозволена со Националниот план за намалување на емисиите (2), а истовремено и е повеќе од вкупните емисии што се дозволени за сите термоелектрани на јаглен во Западен Балкан. Емисиите на прашина исто така алармантно се зголемени и достигнале 3899 тони, повеќе од три и пол пати од дозволеното за првиот и вториот блок на електраната. Ова е и најголемата количина на прашина емитувана од еден оџак на целиот Западен Балкан.

Пет години откако правилата за контрола на загадувањето влегоа во сила преку Спогодбата за Енергетската заедница, македонските електрани спротивно на обврските ги зголемуваат наместо да ги намалуваат емисиите. Секретаријатот на Енергетската заедница веќе има отворено случај (3) против Македонија поради непочитување на одредбите за намалување на емисиите.

Со енергетската криза што донесе активирање на ТЕЦ Неготино и нетранспарентни набавки на јаглен со сомнителен квалитет, земјата се движи во обратна насока и само продолжува сериозно да ја загадува животната средина и да го загрозува здравјето на граѓаните“, стои во соошпштението.

„Целиот регион е загрозен од неконтролирано загадување од електраните што работат на јаглен и веќе секоја година гледаме како големите електрани во Србија и Босна и Херцеговина рушат рекорди. Но, ваков огромен скок во емисиите како што има ТЕЦ Битола во 2022 година не сме забележале до сега. Последиците од ваквото загадување ќе бидат големи и за Битолскиот Регион, но и за целата земја и пошироко“, вели Давор Пехчевски од CEE Bankwatch Network.

„Владата на Р.Македонија усвои амбициозни климатски и енергетски цели со кои се предвиде затворање на капацитетите на јаглен до 2027 година. Потребно е да се одржат роковите за исполнување на овие цели за да се испрати јасна порака до енергетскиот сектор, индустријата и граѓаните дека земјата доследно се придржува кон напуштање на фосилните горива, праведна транзиција кон обновливи извори и чисти технологии и грижа за здравјето на граѓаните“, изјави Елена Николовска од Еко-свест.

The post „Еко-свест“: ТЕЦ Битола е најголемиот загадувач во Западен Балкан во 2022 година appeared first on Република.

]]>

„Термоелектричната централа Битола во 2022 година e најголемиот загадувач со сулфур диоксид и честички прашина на целиот Западен Балкан. Емисиите од оџаците на ТЕЦ Битола се скоро дуплирани споредено со 2021 година, иако поради пожарот на трансформаторот во третиот блок тој беше вон употреба цела година и електраната работеше со намален капацитет. Според новиот извештај од CEE Bankwatch Network, „Усогласи или затвори - 2023“ (1), битолската термоелектрана е убедливо најзагадувачки индустриски капацитет во земјите од Западен Балкан“, информираат од Eко-свет во писмено соопштение до медиумите. „Со само првиот и вториот блок активни во текот на 2022 година, електраната емитувала 111408 тони сулфур диоксид во воздухот. Ова е количина што е 17 пати поголема од таа што е дозволена со Националниот план за намалување на емисиите (2), а истовремено и е повеќе од вкупните емисии што се дозволени за сите термоелектрани на јаглен во Западен Балкан. Емисиите на прашина исто така алармантно се зголемени и достигнале 3899 тони, повеќе од три и пол пати од дозволеното за првиот и вториот блок на електраната. Ова е и најголемата количина на прашина емитувана од еден оџак на целиот Западен Балкан. Пет години откако правилата за контрола на загадувањето влегоа во сила преку Спогодбата за Енергетската заедница, македонските електрани спротивно на обврските ги зголемуваат наместо да ги намалуваат емисиите. Секретаријатот на Енергетската заедница веќе има отворено случај (3) против Македонија поради непочитување на одредбите за намалување на емисиите. Со енергетската криза што донесе активирање на ТЕЦ Неготино и нетранспарентни набавки на јаглен со сомнителен квалитет, земјата се движи во обратна насока и само продолжува сериозно да ја загадува животната средина и да го загрозува здравјето на граѓаните“, стои во соошпштението. „Целиот регион е загрозен од неконтролирано загадување од електраните што работат на јаглен и веќе секоја година гледаме како големите електрани во Србија и Босна и Херцеговина рушат рекорди. Но, ваков огромен скок во емисиите како што има ТЕЦ Битола во 2022 година не сме забележале до сега. Последиците од ваквото загадување ќе бидат големи и за Битолскиот Регион, но и за целата земја и пошироко“, вели Давор Пехчевски од CEE Bankwatch Network. „Владата на Р.Македонија усвои амбициозни климатски и енергетски цели со кои се предвиде затворање на капацитетите на јаглен до 2027 година. Потребно е да се одржат роковите за исполнување на овие цели за да се испрати јасна порака до енергетскиот сектор, индустријата и граѓаните дека земјата доследно се придржува кон напуштање на фосилните горива, праведна транзиција кон обновливи извори и чисти технологии и грижа за здравјето на граѓаните“, изјави Елена Николовска од Еко-свест.  

The post „Еко-свест“: ТЕЦ Битола е најголемиот загадувач во Западен Балкан во 2022 година appeared first on Република.

]]>
Еко-свест: Државата има правни механизми за раскинување на концесиите за мали хидроцентрали во Маврово https://republika.mk/vesti/ekonomija/eko-svest-drzhavata-ima-pravni-mehanizmi-za-raskinuvane-na-kontsesiite-za-mali-hidrotsentrali-vo-mavrovo/ Fri, 09 Jun 2023 08:12:57 +0000 https://republika.mk/?p=649468

Државата има правни механизми како да ги раскине договорите за концесиите за малите хидроцентрали кои се изградени во Националниот парк Маврово и со тоа да го запре понатамошните штети врз природата и врз локалните заедници. На терен треба внимателно да се утврди целокупната состојба со овие хидроцентрали од што може да зависи и кој од расположливите правни пристапи може да бидат применети, порачуваат од „Еко-свест“.

За разлика од финансиските последици кои треба прецизно да се утврдат, она што досега добро се познати последиците по животната средина, екосистемот и заедниците кои живеат во заштитеното подрачјe се дека пределите, природата и луѓето трпат од намаленото ниво на водата и од градежните активности со кои се градеа централите, при што се пробиваа патишта во длабоките шуми и се градеше во недопрена природа. На овој начин се доведуваат во опасност самите вредности поради кои Маврово е национален парк, изјави Ѓорѓи Митревски, раководител на програмата за заштита на водите на Еко-свест.

За да не се повторуваат овие грешки, како што рече, во анализа се предлага измена и дополнување на законите за животна средина, за природата и за водите со интервенции со кои ќе се осигура дека нема повеќе да се доделуваат концесии за изградба на малите хидроцентрали и слични проекти во рамки на заштитени подрачја.

Како што велат од Еко-свест, анализата на целокупната легислатива која ги регулира и допира издавањето на концесии за изградба на мали хидроцентрали која ја изработи проф. д-р Игор Камбовски утврди дека штетата е направена уште многу порано пред да бидат издадени дозволите и потпишани договорите за трите централи на реките Рибничка и Жировница кои течат во националниот парк.

Штетата се состои во тоа што законодавството не предвидува никакви посебни услови или забрана за изградба на вакви капацитети во заштитени подрачја. Поточно, дали се бара концесија за хидроцентрала во национален парк или на било кое друго место во државата, постапката и условите се исти иако последиците по животната средина се многу различни, велат од Еко-свест.

-Доколку државата планира да остане доследна на Бернската конвенција која ја потпишала и е меѓународен правно обврзувачки инструмент и на нејзините препораки за Македонија, треба да ги суспендира и откаже одобрените концесии, како и оние планирани за изградба и да спроведе забрана за хидроцентрали (големи, средни и мали) во национални паркови, заштитени подрачја, локалитети со статус на светско наследство и други кандидати за Емералд локалитети (потенцијални идни Натура 2000 локалитети). Тоа значи дека во претстојниот период овие концесии ќе треба да се повлечат, посочуваат од Еко-свест.

Според проф. Камбовски постојат три сценарија како ова може да се спроведе - спогодбено раскинување; еднострано раскинување на договорот доколку е утврдено дека концесионерот не се придржувал до обврските од договорот или со инспекциски надзор е утврдена битна повреда на обврските од концесионерот; и носење на закон за репрогласување на НП Маврово за национален парк во кој ќе се испочитуваат препораките од Бернската конвенција.

Трите сценарија на поништување на издадените концесии може да предизвикаат различни правни и финансиски последици за државата почнувајќи од трошоци за враќање на надоместоците за концесија па сѐ до правни спорови за надомест на штета и неостварена добивка со кои може да се блокираат и други процеси како репрогласувањето на Маврово за национален парк кое и така доцни веќе осум години. Затоа од големо значење за сите сценарија е да се утврди во која мера концесионерите на постојните централи се придржувале до договорите и законските ограничувања во однос на заштита на природата. Токму доцнењето на носењето на законот за Национален парк - Маврово веќе подолго време ги подгрева сомнежите дека бизнисот со малите хидроцентрали е дел од причините зошто толку години ова подрачје не е повторно прогласено за национален парк и нема нови план за управување, истакнуваат од Еко-свест.

Во правната анализа, како што велат, се подвлекува дека е важно да се земе предвид и дека висината на повластена тарифа според која просечната цена по која е загарантиран откупот на електричната енергија која ја произведуваат малите хидроцентрали изнесува околу 81 евра, што по сегашните пазарни услови е далеку под пазарната цена.

Тоа може да биде аргумент плус во преговарачката позиција на Владата, посочуваат од Еко-свест.

The post Еко-свест: Државата има правни механизми за раскинување на концесиите за мали хидроцентрали во Маврово appeared first on Република.

]]>

Државата има правни механизми како да ги раскине договорите за концесиите за малите хидроцентрали кои се изградени во Националниот парк Маврово и со тоа да го запре понатамошните штети врз природата и врз локалните заедници. На терен треба внимателно да се утврди целокупната состојба со овие хидроцентрали од што може да зависи и кој од расположливите правни пристапи може да бидат применети, порачуваат од „Еко-свест“.
За разлика од финансиските последици кои треба прецизно да се утврдат, она што досега добро се познати последиците по животната средина, екосистемот и заедниците кои живеат во заштитеното подрачјe се дека пределите, природата и луѓето трпат од намаленото ниво на водата и од градежните активности со кои се градеа централите, при што се пробиваа патишта во длабоките шуми и се градеше во недопрена природа. На овој начин се доведуваат во опасност самите вредности поради кои Маврово е национален парк, изјави Ѓорѓи Митревски, раководител на програмата за заштита на водите на Еко-свест.
За да не се повторуваат овие грешки, како што рече, во анализа се предлага измена и дополнување на законите за животна средина, за природата и за водите со интервенции со кои ќе се осигура дека нема повеќе да се доделуваат концесии за изградба на малите хидроцентрали и слични проекти во рамки на заштитени подрачја. Како што велат од Еко-свест, анализата на целокупната легислатива која ги регулира и допира издавањето на концесии за изградба на мали хидроцентрали која ја изработи проф. д-р Игор Камбовски утврди дека штетата е направена уште многу порано пред да бидат издадени дозволите и потпишани договорите за трите централи на реките Рибничка и Жировница кои течат во националниот парк.
Штетата се состои во тоа што законодавството не предвидува никакви посебни услови или забрана за изградба на вакви капацитети во заштитени подрачја. Поточно, дали се бара концесија за хидроцентрала во национален парк или на било кое друго место во државата, постапката и условите се исти иако последиците по животната средина се многу различни, велат од Еко-свест.
-Доколку државата планира да остане доследна на Бернската конвенција која ја потпишала и е меѓународен правно обврзувачки инструмент и на нејзините препораки за Македонија, треба да ги суспендира и откаже одобрените концесии, како и оние планирани за изградба и да спроведе забрана за хидроцентрали (големи, средни и мали) во национални паркови, заштитени подрачја, локалитети со статус на светско наследство и други кандидати за Емералд локалитети (потенцијални идни Натура 2000 локалитети). Тоа значи дека во претстојниот период овие концесии ќе треба да се повлечат, посочуваат од Еко-свест. Според проф. Камбовски постојат три сценарија како ова може да се спроведе - спогодбено раскинување; еднострано раскинување на договорот доколку е утврдено дека концесионерот не се придржувал до обврските од договорот или со инспекциски надзор е утврдена битна повреда на обврските од концесионерот; и носење на закон за репрогласување на НП Маврово за национален парк во кој ќе се испочитуваат препораките од Бернската конвенција.
Трите сценарија на поништување на издадените концесии може да предизвикаат различни правни и финансиски последици за државата почнувајќи од трошоци за враќање на надоместоците за концесија па сѐ до правни спорови за надомест на штета и неостварена добивка со кои може да се блокираат и други процеси како репрогласувањето на Маврово за национален парк кое и така доцни веќе осум години. Затоа од големо значење за сите сценарија е да се утврди во која мера концесионерите на постојните централи се придржувале до договорите и законските ограничувања во однос на заштита на природата. Токму доцнењето на носењето на законот за Национален парк - Маврово веќе подолго време ги подгрева сомнежите дека бизнисот со малите хидроцентрали е дел од причините зошто толку години ова подрачје не е повторно прогласено за национален парк и нема нови план за управување, истакнуваат од Еко-свест.
Во правната анализа, како што велат, се подвлекува дека е важно да се земе предвид и дека висината на повластена тарифа според која просечната цена по која е загарантиран откупот на електричната енергија која ја произведуваат малите хидроцентрали изнесува околу 81 евра, што по сегашните пазарни услови е далеку под пазарната цена.
Тоа може да биде аргумент плус во преговарачката позиција на Владата, посочуваат од Еко-свест.
 
The post Еко-свест: Државата има правни механизми за раскинување на концесиите за мали хидроцентрали во Маврово appeared first on Република.

]]>
Еко-свест: Се планира распродажба на природата https://republika.mk/vesti/makedonija/eko-svest-se-planira-rasprodazhba-na-prirodata/ Sat, 11 Feb 2023 08:13:54 +0000 https://republika.mk/?p=607647

Невладината организација Еко-свест предупредува дека власта планира распродажба на природните резурзи на Македонија. Во јавна реакција тие посочуваат дека истовремено додека се прогласуваат подрачја за заштита се планираат инфраструктурни проекти на нивната територија.

Ја пренесуваме реакцијата на Еко-свест.

Природата во нашата земја не се зачувува вистински бидејќи власта гледа на заштитените подрачја како на ресурс кој треба да се искористи, а не да се заштити за следните генерации. Загрижени сме бидејќи бизнис интересите се ставаат пред јавниот интерес!

Во изминатиот период државата поттикна заштита на природата преку прогласувањето на нови заштитени подрачја, изготвување на нови студии за валоризација на вредностите како и нови планови за управување на заштитените подрачја. Тоа е за поздрав и претставува напредок. Заштитените подрачја изобилуваат со уникатни природни богатства и се дом на ретки и ендемични животински и растителни видови. Природата е и извор на чиста вода, воздух и храна за сите луѓе и е важен дел од животот на локалните заедници, поврзана е со културата и традицијата.

Повеќе примери кои ја покажуваат тенденцијата да се распродаде нашата природа:

  1. Планови зафотоволтаични електрани на подрачјето на Долна Брегалница, Емералд подрачје под заштита на Бернската конвенција и идно Натура2000 согласно Европските директиви.
  2. Одлука запроширување на локален пат и изградба на граничен премин со Република Косово на подрачјето Луково Поле во Националниот парк Маврово, додека паркот се уште не е прогласен согласно закон и нема утврдени зони за заштита и план за управување.
  3. Најави за изградба и проширување на ски-центри во националните паркови Маврово и Шар Планина, во период кога Маврово сѐ уште не е ре-прогласен и нема утврдени зони и план за управување, а Шар Планина нема одобрен план за управување.
  4. Повторнибарања за изградба на мали хидроцентрали во НП Шар Планина, во период кога Паркот чека усвојување на планот за управување со кој се забранува ваква активност на неговата територија,
  5. Доделување наградежни дозволи и нелегални градби во НП Маврово додека Паркот се уште не е ре-прогласен и нема утврдени зони и план за управување,
  6. Проект за изградба наветерни паркови на Бистра на висина од 2100 метри, веднаш до границата на НП Маврово, на карстен предел кој обезбедува вода за пиење за над 150000 жители.
  7. Изградба наветерен парк Рамно во општина Старо Нагоричане во близина на Емералд подрачјето „Пчиња- Герман“, Значајно подрачје за птици (ЗПП) и Клучно подрачје на биодиверзитет (КПБ)- „Река Пчиња- река Петрошница- река Крива Река“.
  8. План за изградба нахидроелектрична централа „Чебрен“ на територијата на заштитено подрачје Скочивирска клисура и локалитетот Мариово кое е Емералд подрачје заштитено според Бернската Конвенција и идно Натура2000 подрачје согласно Европските директиви, Значајно подрачје за птици, Значајно растително подрачје и Клучно подрачје за пеперутки.
  9. Проект за изградба нафотоволтаични електрани на подрачје со халофитни (солени) почви во Овче Поле, идно Натура2000 подрачје согласно Европски директиви.

Дополнително, НП Маврово веќе 11 години чека на репрогласување и донесување на нов план за управување. Процесот се закочи поради „кроењето“ на зоните за да на сметка на природата се реализираат двата хидропроекти Бошкот Мост и Луково Поле, а потоа и се доделија бројни концесии за мали хидроцентрали во забранети зони. Поради доделените концесии долги години немаше придвижување на постапката и Паркот работи без закон и план.

НП Галичица недамна се огласи со информација дека се вршат притисоци за вработување на шумски инженер и порај тоа што Паркот повеќе не се бави со сеча на дрво. Галичица е пример за самофинансирање преку екосистемски услуги, но добива поддршка исклучиво од меѓународни донатори, а не од државниот буџет, како што е пропишано во законот.

НП Шар Планина функционира без план за управување кој од септември минатата година не се одобрува и го оневозможува Паркот да ја врши својата дејност. Во меѓувреме, се вршат притисоци за издавање позитивно мислење за хидроцентрали и ски центри, а се објави и информација за планот за изградба на регионален пат и тунел низ паркот.

Националните паркови и заштитените подрачја ниту се финансираат од државата, ниту имаат соодветни одржливи и ефикасни модели на финансирање и управување. Исклучок од ова правило е новиот национален парк Шар Планина кој за прв пат доби средства за работа од националниот буџет. 

Само 14% од територијата на нашата држава е под заштита. Инфраструктурните проекти можат да се изградат и онаму каде нема природни вредности и реткости.

Еко-свест порачува: Нашата природа не е на распродажба! Повикуваме на укинување на сите инфраструктурни активности со неповратно или штетно влијание врз природата. Истовремено, бараме сериозност и посветеност од страна на институциите во исполнување на нашите и меѓународните закони за заштита на природата и заштита на јавниот интерес на граѓаните.

The post Еко-свест: Се планира распродажба на природата appeared first on Република.

Отворено писмо до Пендаровски и Ковачевски за раскинување на концесиите во Националниот парк Маврово https://republika.mk/vesti/makedonija/otvoreno-pismo-do-pendarovski-i-kovachevski-za-raskinuvane-na-kontsesiite-vo-natsionalniot-park-mavrovo/ Wed, 08 Feb 2023 13:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=606527

Граѓанските организации со барање до Претседателот, Пендаровски и Премиерот Ковачевски за откажување на хидроецентралите во Националниот парк Маврово, согласно Одлуката на Комитет на Бернската Конвенција.

Група домашни и меѓународни граѓански организации испрати писмо до Владата и Претседателот на Р. Македонија, со кое побара од овие институции кои се законски одговорни за извршувањето на меѓународните договори, да се спроведе Одлуката на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција и да се раскинат концесиите за трите планирани мали хидроцентрали во Националниот парк Маврово (Жировница 5 и 6 и Рибничка 7).

Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во 2015 година ја усвои Препораката бр. 184 за отворениот случај „2013/1 – Развој на хидроенергија на територијата на Националниот парк Маврово“ со која побара од Република Македонија да: „Го суспендира спроведувањето на сите владини проекти, особено предвидените хидроенергетски проекти и инфраструктура, на територија на Националниот парк Маврово, сè додека не се подготви Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина (СОЖС), која посебен акцент ќе стави на кумулативните ефекти на сите планирани развојни активности на територија на паркот“.

Шест години подоцна, во 2021 година, Постојниот Комитет повторно препорача (Препораката бр.211) Владата на Македонија да: „Ги суспендира и откаже одобрените концесии и оние планирани за изградба и да спроведе забрана за хидроцентрали (големи, средни и мали) во националните паркови.

Од усвојувањето на овие препораки, до сега, ништо не е преземено во однос на планираните мали хидроенергетски проекти во рамките на Националниот парк Маврово, заради што во декември 2022 година Комитетот донесе Одлука во која посочи дека е потребен побрз напредок во однос на Националниот парк Маврово и побара од Владата откажување на останатите три концесии во НП Маврово (Жировница 5 и 6 и МХЕ Рибничка).

Издадените концесии за малите хидроцентрали во НП Маврово го кочат процесот на репрогласување на паркот уште од 2016 година. Секое понатамошно одложување значи само продолжување на моменталните практики на неодржливото управување со паркот, со што се нанесува неповртна штета врз биодиверзитетот, но и врз животот на локалното население. Затоа е потребно итно раскинување на концесиите со што ќе се овозможи успешно спроведување на процесот на репрогласување и ќе се воведе активна заштита на вредности на паркот“, изјави Ѓорѓи Митревски од Еко-свест.

Член 118 од Уставот на Р.С.М. предвидува дека ратификуваните меѓународни договори се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон, затоа Бернската Конвенција, како и одлуките и препораките на Постојниот Комитет се законски обврзувачки. Членот 23 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори специфицира дека Владата и Претседателот на Р. Македонија се одговорни за извршувањето на меѓународните договори, како што е Бернската Конвенција.

Барањето до Претседателот Пендаровски и до Владата е всушност барање за постапување како што налага националното законодавство – извршување на меѓународните договори, конкретно спроведување на Одлуката на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција од декември 2022 година. Сметаме дека е крајно време државата да почне да ги спроведува обврските од националното и меѓународното законодавство заради обезбедување ефикасна заштита на НП Маврово“, изјави Ања Јованова од Фронт 21/47.

The post Отворено писмо до Пендаровски и Ковачевски за раскинување на концесиите во Националниот парк Маврово appeared first on Република.

]]>

Граѓанските организации со барање до Претседателот, Пендаровски и Премиерот Ковачевски за откажување на хидроецентралите во Националниот парк Маврово, согласно Одлуката на Комитет на Бернската Конвенција. Група домашни и меѓународни граѓански организации испрати писмо до Владата и Претседателот на Р. Македонија, со кое побара од овие институции кои се законски одговорни за извршувањето на меѓународните договори, да се спроведе Одлуката на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција и да се раскинат концесиите за трите планирани мали хидроцентрали во Националниот парк Маврово (Жировница 5 и 6 и Рибничка 7). Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во 2015 година ја усвои Препораката бр. 184 за отворениот случај „2013/1 – Развој на хидроенергија на територијата на Националниот парк Маврово“ со која побара од Република Македонија да: „Го суспендира спроведувањето на сите владини проекти, особено предвидените хидроенергетски проекти и инфраструктура, на територија на Националниот парк Маврово, сè додека не се подготви Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина (СОЖС), која посебен акцент ќе стави на кумулативните ефекти на сите планирани развојни активности на територија на паркот“. Шест години подоцна, во 2021 година, Постојниот Комитет повторно препорача (Препораката бр.211) Владата на Македонија да: „Ги суспендира и откаже одобрените концесии и оние планирани за изградба и да спроведе забрана за хидроцентрали (големи, средни и мали) во националните паркови. Од усвојувањето на овие препораки, до сега, ништо не е преземено во однос на планираните мали хидроенергетски проекти во рамките на Националниот парк Маврово, заради што во декември 2022 година Комитетот донесе Одлука во која посочи дека е потребен побрз напредок во однос на Националниот парк Маврово и побара од Владата откажување на останатите три концесии во НП Маврово (Жировница 5 и 6 и МХЕ Рибничка).
Издадените концесии за малите хидроцентрали во НП Маврово го кочат процесот на репрогласување на паркот уште од 2016 година. Секое понатамошно одложување значи само продолжување на моменталните практики на неодржливото управување со паркот, со што се нанесува неповртна штета врз биодиверзитетот, но и врз животот на локалното население. Затоа е потребно итно раскинување на концесиите со што ќе се овозможи успешно спроведување на процесот на репрогласување и ќе се воведе активна заштита на вредности на паркот“, изјави Ѓорѓи Митревски од Еко-свест.
Член 118 од Уставот на Р.С.М. предвидува дека ратификуваните меѓународни договори се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон, затоа Бернската Конвенција, како и одлуките и препораките на Постојниот Комитет се законски обврзувачки. Членот 23 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори специфицира дека Владата и Претседателот на Р. Македонија се одговорни за извршувањето на меѓународните договори, како што е Бернската Конвенција.
Барањето до Претседателот Пендаровски и до Владата е всушност барање за постапување како што налага националното законодавство – извршување на меѓународните договори, конкретно спроведување на Одлуката на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција од декември 2022 година. Сметаме дека е крајно време државата да почне да ги спроведува обврските од националното и меѓународното законодавство заради обезбедување ефикасна заштита на НП Маврово“, изјави Ања Јованова од Фронт 21/47.

The post Отворено писмо до Пендаровски и Ковачевски за раскинување на концесиите во Националниот парк Маврово appeared first on Република.

]]>
Еко-свест: Доцниме со инвестициите и 30 години скоро ништо не е направено во секторот енергетика https://republika.mk/vesti/ekonomija/eko-svest-docnime-so-investiciite-i-30-godini-skoro-nishto-ne-e-napraveno-vo-sektorot-energetika/ Mon, 05 Dec 2022 12:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=582211

Децении чекаме да се случи енергетската транзиција и гледаме само години изгубени во неинвестирање, со планови и акции без видливи резултати во животната средина, за државата и граѓаните. Доцниме со инвестициите и 30 години скоро ништо не е направено во секторот енергетика. Имаме проблем со спроведување на нашите обврски, но и обврските што сами сме си ги дале. Енергетската стратегија треба да почне активно да се спроведува, тоа што сега го гледаме од владата не само што не нè води напред, туку нè носи назад во енергетиката, порачува Давор Пехчевски програмски координатор за енергија на Еко-свест.

Еко-свест работи 20 години и скоро сето ова време зборува дека треба да има фонд за енергетска ефикасност и фонд за животна средина. Скоро сите приходи на државата по основ такси за животна средина одат во централен буџет, а доколку одат во посебен фонд ќе може со сопствени финансии да ги поддржуваме овие работи што се проблем во државата. Треба сериозно да инвестираме во спроведување на обврските кон ЕУ директивите, сериозно да почнеме со спроведување на нашите стратегии кои се добри и инвестициите да ги насочиме на право место. Одговорот е големи и забрзани инвестиции во обновливи извори на енергија, пред сè со искористување на деградираните подрачја за фотоволтаици и ветерници“, вели Давор Пехчевски од Еко-свест.

Единствено решение како одговор на енергетската криза на долг рок и кое би дало резултати за година-две, од Еко-Свест сметаат дека е искористување на деградираните објекти и земјиште, по примерот на тоа што започна во Осломеј.

Како дел од одговор на кризата мора да се работи на поголеми капацитети на обновливи извори на енергија. Да се поставуваат фотоволтаици на веќе деградирани подрачја. Има 5 локации кои се прироритетни каде може да се направи. Станува збор за околу 630 мегавати инсталирани фотоволтаици на петте приоритетни локации што е скоро колку и инсталираниот капацитет на РЕК Битола. Анализата е резултат од соработка со МАНУ и би требало да влезе во акцискиот план за искористување на обновливи извори на енергија”, истакнуваат од таму.

Скопје, со години е еден од најзагадените градови во светот. Постојано се зборува и за преземање мерки за намалување на загадувањето и заштита на животната средина, но истите според Еко-свест се неконкретни или половични и во исто време не носат значително подобрување на долг рок. Токму затоа и од Еко-свест упатија апел до Владата за поголема транспарентност во процесот на набавка на енергенси, објавување на податоците за загадување и зголемен инспекциски надзор.

Активностите поврзани со ублажување на енергетската криза не се транспарентни, а воедно и немаме можност да го дадеме своето мислење пред институциите. Дополнително, зеленото сценарио што е направено пред 2 години е доста добро и носи во правилна насока, но откако е усвоено на Влада, многу мал дел е реализиран. Во овој дел голема улога имаат медиумите, да ја пренесете нашата порака и заедно да седнеме со институциите на маса и следната година да имаме друг одговор што ќе ни овозможи намалено загадување”, потенцира Пехчевски.

Од Еко-свест информираат дека е тешко во моментов да проценат како ќе се движи загадувањето на амбиенталниот воздух затоа што зависи од повеќе фактори, но очекуваат зголемување на емисиите што нè става во редовната листа на топ 3 најзагадени земји во Европа според концентрациите на ПМ 2.5 честички, создавајќи сериозни последици по здравјето на граѓаните. Пехчевски од Еко-свест посебен акцент става на пораките дека сѐ е дозволено сѐ додека обезбедуваме топлина и струја, за која вели дека е погрешна.

Со години наназад Македонија е во топ 3 загадени земји во Европа. Според анализите од Европската агенција за животна средина има 3 до 4 илјади предвремени смртни случаи годишно само од загадениот воздух и тоа од некои сегменти од аерозагадувањето, дури не ги обработуваат сите. Воедно, гледаме дека ТЕЦ Осломеј работи 7-8 пати повеќе отколку што работеше претходните години и тоа со увозен јаглен набавен од други земји, на нетранспарентен начин, со непознат квалитет и хемиски состав. Не може да знаеме какви последици предизвикува употребата на ова гориво. Исто така, ТЕЦ „Неготино“ повеќе од 10 години беше ладна резерва, сега активно работи веќе цела година. Последиците од нивното работење најлесно се гледаат по аерозагадувањето затоа што сите термоелектрани работат без соодветни филтри. Испраќаат порака дека сè е дозволено, додека си обезбедуваме топлина и струја. Тоа значи дека и луѓето ќе можат да пристапат кон поевтини методи на затоплување и место да користат дрва или пелети, ќе користат отпад”, смета Пехчевски од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје.

The post Еко-свест: Доцниме со инвестициите и 30 години скоро ништо не е направено во секторот енергетика appeared first on Република.

Од Еко-свест бараат да се одземат концесиите и на малите хидроцентрали во Маврово https://republika.mk/vesti/makedonija/od-eko-svest-baraat-da-se-odzemat-koncesiite-i-na-malite-hidrocentrali-vo-mavrovo/ Wed, 05 Oct 2022 18:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=557693

Организацијата Еко-свест ја поздравува владината одлука за одземање на концесиите на малите хидроцентрали на територијата на Националниот парк Шар Планина, но воедно го повикува  Министерството за животна средина и просторно планирање да донесе одлука и за одземање на концесиите на малите хидроцентрали во НП Маврово.

Според Еко-свест, малите хидроцентрали прават непоправливи штети по реките и екосистемите и не смеат да се градат во заштитените подрачја.

Владата вчера донесе многу важна и „револуционерна одлука“ за раскинување седум концесии за мали хидроцентрали во нововоспоставениот Национален парк Шар Планина и со ваквиот чекор овозможи да се заштитат важни локации за водниот и крајбрежен биодиверзитет на Шар Планина. Уште еднаш, недвојбено ја поздравуваме одлуката за Шар Планина и го повикуваме Министерството за животна средина да донесе одлука за одземање и на концесиите на малите хидроцентрали во НП Маврово. Таквата одлука ќе биде првиот и најважен чекор во одглавување на процесот за репрогласување на нашиот најстар национален парк, во кој повеќе од десет години, како резултат на неодржливото управување се предизвикуваат огромни штети по екосистемите, биодиверзитетот и вредностите на паркот - наведуваат од Еко-свест.

Ѓорѓи Митревски од Еко-свест смета дека одземањето на концесиите на малите хидроцентрали на територијата на Националниот парк Шар Планина е само прв чекор.

И во НП Маврово има издадени концесии кои мора да се раскинат што побрзо за да се овозможи одржливо и интегрирано управување со паркот - изјави Митревски.

Тој додава дека тоа може да биде пресвртница во пристапот на заштитата на природата, a пред се на реките.

Во нашето законодавство, но и преку ратификуваните меѓународни конвенции, имаме силни механизми кои доколку правилно се применат може да ни помогнат низ целата земја да имаме чисти и здрави реки. Тие може да бидат заштитени од различни причини – поради нивното значење за локалните заедници, значењето за заштита на биодиверзитетот или поради уникатноста на пределот што го создале низ милениумите - вели извршната директорка на Еко-свест Ана Чоловиќ Лешоска.

Од Еко-свест подвлекуваат дека реките без препреки се еден од најважните елементи за здравјето на екосистемите. Националните паркови и заштитените подрачја се клучни за заштита и зачувување на биолошката разновидност, а имаат и непроценлива улога во одржување и подобрување на квалитетот на водата што ја пиеме, заштита на подземните води и подобрување на квалитетот на воздухот.

The post Од Еко-свест бараат да се одземат концесиите и на малите хидроцентрали во Маврово appeared first on Република.

]]>

Организацијата Еко-свест ја поздравува владината одлука за одземање на концесиите на малите хидроцентрали на територијата на Националниот парк Шар Планина, но воедно го повикува  Министерството за животна средина и просторно планирање да донесе одлука и за одземање на концесиите на малите хидроцентрали во НП Маврово. Според Еко-свест, малите хидроцентрали прават непоправливи штети по реките и екосистемите и не смеат да се градат во заштитените подрачја.
Владата вчера донесе многу важна и „револуционерна одлука“ за раскинување седум концесии за мали хидроцентрали во нововоспоставениот Национален парк Шар Планина и со ваквиот чекор овозможи да се заштитат важни локации за водниот и крајбрежен биодиверзитет на Шар Планина. Уште еднаш, недвојбено ја поздравуваме одлуката за Шар Планина и го повикуваме Министерството за животна средина да донесе одлука за одземање и на концесиите на малите хидроцентрали во НП Маврово. Таквата одлука ќе биде првиот и најважен чекор во одглавување на процесот за репрогласување на нашиот најстар национален парк, во кој повеќе од десет години, како резултат на неодржливото управување се предизвикуваат огромни штети по екосистемите, биодиверзитетот и вредностите на паркот - наведуваат од Еко-свест.
Ѓорѓи Митревски од Еко-свест смета дека одземањето на концесиите на малите хидроцентрали на територијата на Националниот парк Шар Планина е само прв чекор.
И во НП Маврово има издадени концесии кои мора да се раскинат што побрзо за да се овозможи одржливо и интегрирано управување со паркот - изјави Митревски.
Тој додава дека тоа може да биде пресвртница во пристапот на заштитата на природата, a пред се на реките.
Во нашето законодавство, но и преку ратификуваните меѓународни конвенции, имаме силни механизми кои доколку правилно се применат може да ни помогнат низ целата земја да имаме чисти и здрави реки. Тие може да бидат заштитени од различни причини – поради нивното значење за локалните заедници, значењето за заштита на биодиверзитетот или поради уникатноста на пределот што го создале низ милениумите - вели извршната директорка на Еко-свест Ана Чоловиќ Лешоска.
Од Еко-свест подвлекуваат дека реките без препреки се еден од најважните елементи за здравјето на екосистемите. Националните паркови и заштитените подрачја се клучни за заштита и зачувување на биолошката разновидност, а имаат и непроценлива улога во одржување и подобрување на квалитетот на водата што ја пиеме, заштита на подземните води и подобрување на квалитетот на воздухот.

The post Од Еко-свест бараат да се одземат концесиите и на малите хидроцентрали во Маврово appeared first on Република.

]]>
„Еко – свест“ и мрежата CEE Bankwatch со студии за поголема свесност околу зачувување на животната средина https://republika.mk/zivot/zdravje/eko-svest-i-mrezata-cee-bankwatch-so-studii-za-pogolema-svesnost-okolu-zachuvuvanje-na-zivotnata-sredina/ Wed, 28 Sep 2022 08:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=555077

Заштитата на животната средина е глобален и комплексен предизвик којшто ги засега сите сегменти од животот на човекот, особено економскиот живот, што е и главната причина за сегашната состојба на животната средина. Балансирање на економските и социјалните влијанија врз животната средина, станува императив на јавните политики на современото општество. Оттука, развојот во 21-виот век треба да се заснова на рационално користење на природните ресурси, со минимални и реверзибилни штети врз животната средина.

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје веќе две децении активно работи на одржливиот развој, заштитата на животната средина и поттикнување зелена трансформација во општеството.

Оваа есен, „Еко-свест“ во соработка со мрежата „CEE Bankwatch“, ќе објави две студии на тема „Анализа за алтернативи за централното греење базирано на јаглен за Битолскиот Регион“ и „Данок на јаглерод“.

Податоците од овие студии очекуваме да поттикнат поголема вклученост на граѓаните во донесувањето на одлуки поврзани со начините на загревање во домаќинствата, но, и да се информираат за алтернативите кои би го подобриле нивниот квалитет на живот, а би ги подобриле и состојбите во животната средина.

Енергетската ефикасност е процес на намалување на потрошувачката на сите видови енергија додека се подобрува квалитетот на живот, што значи трошење помалку енергија за иста количина на производи или услуги.

Така на пример, можете да земете класична сијалица, која најголем дел од електричната енергија којашто ја користи ја претвора во топлина, иако нејзината главна цел е да ја претвори електричната енергија во светлина. Затоа, класичната сијалица е енергетски неефикасна, за разлика од новите генерации на „штедливи светилки“, кои поголемиот дел од електричната енергија што ја трошат ја претвораат во светлина.

Доколку, пак, електричната енергија која ја трошат доаѓа од одржливо искористени обновливи извори, како што се сонцето или ветерот, тогаш енергијата која ја користи таа светилка истовремено е најмалку штетна за животната средина и здравјето на луѓето.

На истиот овој начин, преку инвестирање во одржливи начини на греење како што се инвертер климите, особено со нивно комбинирање со кровни соларни панели со кои се обезбедува енергија за нивното работење, се создава еден исклучително ефикасен систем за загревање на домаќинствата кој носи големи заштеди на долг рок. Придобивките од ваквите системи може повеќекратно да се зголемат со здружување на неколку домаќинства во таканаречени енергетски заедници каде што со заедничка инвестиција ќе создадат мал енергетски систем за сопствените потреби. Ова секако треба да е пропратено и со обезбедување енергетски ефикасна топлинска изолација на објектите коишто се загреваат.

На овој начин придонесуваме за севкупно намалување на потрошувачката, зачувување на животната средина, подобрување на личната удобност и животниот стандард, и што е најважно, придонесуваме за позитивни промени и навики во околината и општеството.

„Еко-Свест“ како центар за истражување и информирање за животната средина апелира на вклучување на секоја единка да инвестира во процесот на зачувување на животната средина и менување на навиките кои ќе доведат до поздрав живот за сите.

The post „Еко – свест“ и мрежата CEE Bankwatch со студии за поголема свесност околу зачувување на животната средина appeared first on Република.

]]>

Заштитата на животната средина е глобален и комплексен предизвик којшто ги засега сите сегменти од животот на човекот, особено економскиот живот, што е и главната причина за сегашната состојба на животната средина. Балансирање на економските и социјалните влијанија врз животната средина, станува императив на јавните политики на современото општество. Оттука, развојот во 21-виот век треба да се заснова на рационално користење на природните ресурси, со минимални и реверзибилни штети врз животната средина. Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје веќе две децении активно работи на одржливиот развој, заштитата на животната средина и поттикнување зелена трансформација во општеството. Оваа есен, „Еко-свест“ во соработка со мрежата „CEE Bankwatch“, ќе објави две студии на тема „Анализа за алтернативи за централното греење базирано на јаглен за Битолскиот Регион“ и „Данок на јаглерод“. Податоците од овие студии очекуваме да поттикнат поголема вклученост на граѓаните во донесувањето на одлуки поврзани со начините на загревање во домаќинствата, но, и да се информираат за алтернативите кои би го подобриле нивниот квалитет на живот, а би ги подобриле и состојбите во животната средина. Енергетската ефикасност е процес на намалување на потрошувачката на сите видови енергија додека се подобрува квалитетот на живот, што значи трошење помалку енергија за иста количина на производи или услуги. Така на пример, можете да земете класична сијалица, која најголем дел од електричната енергија којашто ја користи ја претвора во топлина, иако нејзината главна цел е да ја претвори електричната енергија во светлина. Затоа, класичната сијалица е енергетски неефикасна, за разлика од новите генерации на „штедливи светилки“, кои поголемиот дел од електричната енергија што ја трошат ја претвораат во светлина. Доколку, пак, електричната енергија која ја трошат доаѓа од одржливо искористени обновливи извори, како што се сонцето или ветерот, тогаш енергијата која ја користи таа светилка истовремено е најмалку штетна за животната средина и здравјето на луѓето. На истиот овој начин, преку инвестирање во одржливи начини на греење како што се инвертер климите, особено со нивно комбинирање со кровни соларни панели со кои се обезбедува енергија за нивното работење, се создава еден исклучително ефикасен систем за загревање на домаќинствата кој носи големи заштеди на долг рок. Придобивките од ваквите системи може повеќекратно да се зголемат со здружување на неколку домаќинства во таканаречени енергетски заедници каде што со заедничка инвестиција ќе создадат мал енергетски систем за сопствените потреби. Ова секако треба да е пропратено и со обезбедување енергетски ефикасна топлинска изолација на објектите коишто се загреваат. На овој начин придонесуваме за севкупно намалување на потрошувачката, зачувување на животната средина, подобрување на личната удобност и животниот стандард, и што е најважно, придонесуваме за позитивни промени и навики во околината и општеството. „Еко-Свест“ како центар за истражување и информирање за животната средина апелира на вклучување на секоја единка да инвестира во процесот на зачувување на животната средина и менување на навиките кои ќе доведат до поздрав живот за сите.  

The post „Еко – свест“ и мрежата CEE Bankwatch со студии за поголема свесност околу зачувување на животната средина appeared first on Република.

]]>