екномско-социјален совет Archives - Република https://republika.mk/tema/eknomsko-sotsijalen-sovet/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 20:03:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png екномско-социјален совет Archives - Република https://republika.mk/tema/eknomsko-sotsijalen-sovet/ 32 32 На 10-ти или 17-ти октомври ќе биде конституиран Економско-социјален совет, најавува Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/na-10-ti-ili-17-ti-oktomvri-ke-bide-konstituiran-ekonomsko-sotsijalen-sovet-najavuva-mitskoski/ Mon, 07 Oct 2024 20:03:26 +0000 https://republika.mk/?p=823966

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва најави дека на 10-ти или на 17-ти октомври ќе биде конституиран и ќе почне да работи Економско-социјалниот совет.

Тие два датума ги гледавме со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, кога да го одржиме тој Совет, рече вечерва Мицкоски во емисијата „100 дена Влада“ на МРТ.

Во однос на забелешките на Сојузот на синдикати на Македонија и на Организацијата на работодавачи на Македонија дека не е свикан ЕСС во првите 100 дена од работата на Владата и дека ништо не е направено, Мицкоски рече дека Сојузот на синдикатите на Македонија е една од ретките институции кои се политички инструирани, тврдејќи дека претседателот на Сојузот е избран на сомнителен начин.

Тие дури не почекаа ни стотина дена, а веднаш почнаа да ја напаѓаат Владата. Не почекаа ни десет дена. Тогаш претседателот на Сојузот на синдикати, кој на сомнителен начин е претседател, почна да ја напаѓа новата Влада. Единствената негова порака беше да нападне со цел да обезбеди повисоки плати, без притоа воопшто да има каков било параметар на располагање и заедно да разговараме. Без притоа воопшто да побара средба или да оствариме каков било дијалог - додаде Мицкоски.

Тој напомена дека оние кои што побарале средба, таа беше реализирана. Потенцираше дека разговараат со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), но и со другите синдикати кои побарале дијалог.

Тие што побараа, како што е Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) беа кај нас, разговаравме и процесот тече. Исто така, голем дел од синдикатите кои што се обратија до соодветниот министер, имаа дијалог и дел од барањата веќе се усогласени. Мислам дека многу скоро од денеска, дел од синдикатите, заедно со Владата ќе излеземе со една конечна позиција и ќе постигнеме договор. Жалам што таков начин е избран претседателот на Сојуз на синдикатите, тој на сомнителен начин е претседател, но тоа е нивен избор и јас тука не можам да судам  - додаде Мицкоски.

Што се однесува до работодавачите, Мицкоски рече дека тој континуирано разговараат со стопанските комори.

The post На 10-ти или 17-ти октомври ќе биде конституиран Економско-социјален совет, најавува Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва најави дека на 10-ти или на 17-ти октомври ќе биде конституиран и ќе почне да работи Економско-социјалниот совет. Тие два датума ги гледавме со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, кога да го одржиме тој Совет, рече вечерва Мицкоски во емисијата „100 дена Влада“ на МРТ. Во однос на забелешките на Сојузот на синдикати на Македонија и на Организацијата на работодавачи на Македонија дека не е свикан ЕСС во првите 100 дена од работата на Владата и дека ништо не е направено, Мицкоски рече дека Сојузот на синдикатите на Македонија е една од ретките институции кои се политички инструирани, тврдејќи дека претседателот на Сојузот е избран на сомнителен начин.