ејуп рустеми Archives - Република https://republika.mk/tema/ejup-rustemi/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jul 2024 10:36:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ејуп рустеми Archives - Република https://republika.mk/tema/ejup-rustemi/ 32 32 Рустеми: Претпријатието го оставам во перфектна кондиција https://republika.mk/vesti/makedonija/rustemi-pretprijatieto-go-ostavam-vo-perfektna-konditsija/ Thu, 04 Jul 2024 10:36:03 +0000 https://republika.mk/?p=793357

Денеска и официјално беше извршено примопредавање на функцијата Директор на Јавното претпријатие за државни патишта, со кое отсега ќе раководи поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски.

Досегашниот директор, кој со претпријатието раководи од ноември 2020 година, Ејуп Рустеми, вели дека со гордост може да кажам дека претпријатието го остава во „перфектна кондиција и со извонреден перформанс“.

Во текот на мојот мандат, односно од месец ноември 2020 година, до денес, нескромно можам да се пофалам со успешен мандат, со високо ниво на исполнување на Годишните програми и рекордно ниво на реализација на капиталните инвестиции во државата, вели Рустеми.

Инаку државните ревизори, кои денеска го објавија конечниот ревизорски извештај за претпријатието, велат дека по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – Скопје, за 2022 година, одржувањето на магистралните и регионалните патишта е во опасност поради сериозните финансиски предизвици на Јавното претпријатие.

https://republika.mk/vesti/makedonija/so-gospod-na-pomosh-ke-odi-odrzhuvaneto-na-patishtata-zashto-jp-go-ostavile-vo-ochajna-sostojba/

The post Рустеми: Претпријатието го оставам во перфектна кондиција appeared first on Република.

]]>

Денеска и официјално беше извршено примопредавање на функцијата Директор на Јавното претпријатие за државни патишта, со кое отсега ќе раководи поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски. Досегашниот директор, кој со претпријатието раководи од ноември 2020 година, Ејуп Рустеми, вели дека со гордост може да кажам дека претпријатието го остава во „перфектна кондиција и со извонреден перформанс“.
Во текот на мојот мандат, односно од месец ноември 2020 година, до денес, нескромно можам да се пофалам со успешен мандат, со високо ниво на исполнување на Годишните програми и рекордно ниво на реализација на капиталните инвестиции во државата, вели Рустеми.
Инаку државните ревизори, кои денеска го објавија конечниот ревизорски извештај за претпријатието, велат дека по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – Скопје, за 2022 година, одржувањето на магистралните и регионалните патишта е во опасност поради сериозните финансиски предизвици на Јавното претпријатие. https://republika.mk/vesti/makedonija/so-gospod-na-pomosh-ke-odi-odrzhuvaneto-na-patishtata-zashto-jp-go-ostavile-vo-ochajna-sostojba/

The post Рустеми: Претпријатието го оставам во перфектна кондиција appeared first on Република.

]]>
Власта молчи за фирмата за косење трева и кастрење гранки за 2,4 милиони евра https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-molchi-za-firmata-za-kosene-treva-i-kastrene-granki-za-2-4-milioni-evra/ Wed, 29 Mar 2023 07:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=624871

Директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ, Ејуп Рустеми, склучил договор за тендер со фирма од Кичево за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во патен појас и тоа во вредност од 2.4 милиони евра, потсетува ВМРО-ДПМНЕ.

Во исто време, кога нема пари за учебници, кога нема пари за лекови, кога народот осиромашува од рекордната инфлација, „магично“ се наоѓаат пари за косење на трева и сечење на дрвја, во износ од над 2 милиони евра, а притоа власта нема направено ни еден километар автопат во државата.

На граѓаните веќе им е јасна шемата на владата, со која преку државното претпријатие ЈПДП, поради бизнис интереси, се соголува Македонија, преку надзори од 22 милиони евра, а сега и со дополнителни 2.4 милиони евра.

Додека Ковачевски се фали по маркети, за замрзнати цени на производи кои чинат помалку за 2 или 1 денар, на големо е одмрзната корупцијата и криминалите на ДУИ и СДС, впрочем и затоа кога одат по маркетите, добиваат лекции од народот.

The post Власта молчи за фирмата за косење трева и кастрење гранки за 2,4 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ, Ејуп Рустеми, склучил договор за тендер со фирма од Кичево за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во патен појас и тоа во вредност од 2.4 милиони евра, потсетува ВМРО-ДПМНЕ.
Во исто време, кога нема пари за учебници, кога нема пари за лекови, кога народот осиромашува од рекордната инфлација, „магично“ се наоѓаат пари за косење на трева и сечење на дрвја, во износ од над 2 милиони евра, а притоа власта нема направено ни еден километар автопат во државата.
На граѓаните веќе им е јасна шемата на владата, со која преку државното претпријатие ЈПДП, поради бизнис интереси, се соголува Македонија, преку надзори од 22 милиони евра, а сега и со дополнителни 2.4 милиони евра. Додека Ковачевски се фали по маркети, за замрзнати цени на производи кои чинат помалку за 2 или 1 денар, на големо е одмрзната корупцијата и криминалите на ДУИ и СДС, впрочем и затоа кога одат по маркетите, добиваат лекции од народот.

The post Власта молчи за фирмата за косење трева и кастрење гранки за 2,4 милиони евра appeared first on Република.

]]>
„Приоритети за Македонија“: Непозната фирма доби над 2 милиони евра за косење трева и плевел https://republika.mk/vesti/makedonija/prioriteti-za-makedonija-nepoznata-firma-dobi-nad-2-milioni-evra-za-kosene-treva-i-plevel/ Mon, 27 Mar 2023 17:57:58 +0000 https://republika.mk/?p=624355

Директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ Ејуп Рустеми склучил договор за тендер со фирма од Челопеци од Кичево за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во патен појас и тоа во вредност од над 2 милиони евра, откри Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата на „ЗА или ПРОТИВ“ на телевизија Алфа, потенцирајќи дека ова е еклатантен пример за криминал и корупција.

Сакам вечерва да споделам една работа со вас, а која што е поврзана со работењето и на владата, но секако и на политичката партија ДУИ. Имено, јавното претпријатие за Државни патишта каде што директор е Ејуп Рустеми од ДУИ склучило со извесна фирма која што да бидам искрен прв пат ја слушам од село Челопеци Кичево, договор кој што основна цел е цитирам: косење на трева, плевел, грмушки, кастрење на гранки и сечење на дрва во патен појас, чистење и собирање на смет во време траење од 2 години, за потребите на ЈП Државни патишта согласно техничка спецификација и договорот е ни помалку, ни повеќе, туку во износ од над 2 милиони евра. Односно 120 милиони денари без ДДВ, и ДДВ во висина од 21 милион и 600 илјади денари. Значи вкупно некаде околу 140 милиони денари или некаде тоа би дошло околу 240 илјади евра договор за косење на трева, плевел, кастрење на гранки, и сечење на дрва во патен појас, во услови кога исто така министер од политичката партија на ДУИ за образование кажува дека не можат да испечат учебници за сите ученици затоа што нема пари, изјави Николоски.

Потпретседателот Николоски нагласи дека треба да се одговори како воопшто се стигнало до овој договор и дали во моментот најприоритетно за Македонија е сечење на гранки и грмушки, како и дали најскапите косачи на трева во Европа живеат токму во Македонија па за две години ќе земат дури 2 милиони и 400 илјади евра.

Треба да се даде одговор, прво како се стигнато до овој договор, и второ дали најприоритетно во моментот е сечење на гранки и грмушки и трева на патиштата? И трето најбитно за мене е, како се стигнало до сума од 2 милиони и 400 илјади евра за косење на трева. Дали најскапите косачи на треба во моментот во Европа живеат токму во Македонија, па за 2 години ќе земат 2 милиони и 400 илјади евра, односно по милион и 200 илјади евра годишно за косење на трева, грмушки. Ова е еклатантен пример за криминал и корупција кој што се случуваат во Македонија. и јас знам дека многу ги боли кога ние удираме по криминалот и корупцијата, дециден е Николоски.

Очекувам одговорат на овие клучни прашања и во однос на постапката и во однос на тоа дали ова е најприоритетно трошење на пари во моментот и во однос на тоа дали најскапите косачи на трева и на гранки на појаси, живеат токму во Македонија, истакна тој.

The post „Приоритети за Македонија“: Непозната фирма доби над 2 милиони евра за косење трева и плевел appeared first on Република.

Рустеми: Се очекуваат 60 милиони евра од наплата на патарините https://republika.mk/vesti/ekonomija/rustemi-se-ochekuvaat-60-milioni-evra-od-naplata-na-patarinite/ Wed, 21 Sep 2022 22:02:02 +0000 https://republika.mk/?p=553024

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека се очекуваат 60 милиони евра од наплата на патарините.

„Во споредба со 2020 година, во 2021 година имавме 12 милиони евра повеќе наплата од патарините. Во 2022 години, споредбено со истиот период лани имаме 3,5 милиони повеќе“, вели Рустеми.

The post Рустеми: Се очекуваат 60 милиони евра од наплата на патарините appeared first on Република.

Ејуп Рустеми: До сега не е покрената кривична пријава за погрешното проектирање на автопатот Кичево-Охрид https://republika.mk/vesti/ekonomija/ejup-rustemi-do-sega-ne-e-pokrenata-krivichna-prijava-za-pogreshnoto-proektiranje-na-avtopatot-kichevo-ohrid/ Wed, 21 Sep 2022 21:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=553014

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми објасни дека договорот за изградба на автопатот Кичево - Охрид е доделен во 2014 година на кинеската компанија Синохидро.

„Во 2017 година е откриено дека проектираната траса е комплетно погрешена затоа мора да започнат одново, со менување на трасата и ново планирање кое доведе до повеќе изгубено време, но и дополнителни финансии“, вели Рустеми.

На новинарското прашање дали некој треба да понесе одговорност, дали до сега е покрената некаква кривична пријава за лица или поединци одговорни за оваа грешка која ја чини државата и граѓаните сериозни пари, Рустеми рече дека не.

Тој додаде дека е сега фокусиран за реализација на обврските на државата за изменетата траса, експропријација на имотите, релокација на објектите и таканатаму.

„За да не дојдеме утре во ситуација да ѝ плаќаме пенали на компанијата која гради, рече тој.

The post Ејуп Рустеми: До сега не е покрената кривична пријава за погрешното проектирање на автопатот Кичево-Охрид appeared first on Република.

]]>

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми објасни дека договорот за изградба на автопатот Кичево - Охрид е доделен во 2014 година на кинеската компанија Синохидро.
„Во 2017 година е откриено дека проектираната траса е комплетно погрешена затоа мора да започнат одново, со менување на трасата и ново планирање кое доведе до повеќе изгубено време, но и дополнителни финансии“, вели Рустеми.
На новинарското прашање дали некој треба да понесе одговорност, дали до сега е покрената некаква кривична пријава за лица или поединци одговорни за оваа грешка која ја чини државата и граѓаните сериозни пари, Рустеми рече дека не. Тој додаде дека е сега фокусиран за реализација на обврските на државата за изменетата траса, експропријација на имотите, релокација на објектите и таканатаму.