ЕИБ Archives - Република https://republika.mk/tema/eib/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Mar 2023 08:01:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕИБ Archives - Република https://republika.mk/tema/eib/ 32 32 Потпретседателката на ЕИБ доаѓа во Скопје за да потпише грант за пречистителната станица https://republika.mk/vesti/ekonomija/potpretsedatelkata-na-eib-doaga-vo-skopje-za-da-potpishe-grant-za-prechistitelnata-stanitsa/ Wed, 22 Mar 2023 08:01:19 +0000 https://republika.mk/?p=622271

Потпретседателката на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова денеска доаѓа во земјава за да потпише грант за пречистителната станица во Скопје.

Павлова во интервју за МИА открива дека станува збор за најголем грант досега од ЕУ доделен за Македонија според Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и дека со него се комплетира финансирањето на проектот, заедно со заемите од ЕИБ и ЕБОР.

Овој еколошки проект е дел од Економскиот и инвестицискиот план и зелената агенда со цел да се забрза зелената транзиција и да се овозможат подобри услови за живот за околу 500.000 луѓе. Имплементацијата треба да започне наскоро, по завршување на фазата на набавка, вели Павлова во интервјуто кое подоцна ќе биде објавено во целост.

Потпишувањето на договорот ќе биде во Клубот на пратеници, а на него најавено е присуство на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Во интервјуто зборуваме со Павлова и за тоа колку е сигурен банкарскиот сектор по случувањата во Силиконската долина и Кредит свис и кога може да очекуваме олабавување на монетарната политика.

The post Потпретседателката на ЕИБ доаѓа во Скопје за да потпише грант за пречистителната станица appeared first on Република.

]]>

Потпретседателката на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова денеска доаѓа во земјава за да потпише грант за пречистителната станица во Скопје. Павлова во интервју за МИА открива дека станува збор за најголем грант досега од ЕУ доделен за Македонија според Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и дека со него се комплетира финансирањето на проектот, заедно со заемите од ЕИБ и ЕБОР.
Овој еколошки проект е дел од Економскиот и инвестицискиот план и зелената агенда со цел да се забрза зелената транзиција и да се овозможат подобри услови за живот за околу 500.000 луѓе. Имплементацијата треба да започне наскоро, по завршување на фазата на набавка, вели Павлова во интервјуто кое подоцна ќе биде објавено во целост.
Потпишувањето на договорот ќе биде во Клубот на пратеници, а на него најавено е присуство на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и евроамбасадорот Дејвид Гир. Во интервјуто зборуваме со Павлова и за тоа колку е сигурен банкарскиот сектор по случувањата во Силиконската долина и Кредит свис и кога може да очекуваме олабавување на монетарната политика.

The post Потпретседателката на ЕИБ доаѓа во Скопје за да потпише грант за пречистителната станица appeared first on Република.

]]>
ЕИБ: Фирмите од Централна, Источна и Југоисточна Европа сакаат да инвестираат и покрај влошените услови https://republika.mk/vesti/svet/eib-firmite-od-tsentralna-istochna-i-jugoistochna-evropa-sakaat-da-investiraat-i-pokraj-vloshenite-uslovi/ Tue, 17 Jan 2023 12:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=597874

Фирмите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, и покрај влошените услови за финансирање во втората четвртина од минатата година, планирале да ги зголемат инвестициите, покажува истражувањето што го спроведе Европската инвестициска банка (ЕИБ) за влијанието на кризата врз корпоративните инвестиции.

Според резултатите од истражувањето, компаниите од овие земји оцениле дека условите за финансирање драстично се влошиле и очекувале условите во нивните сектори да продолжат да се влошуваат, но генерално планирале повеќе да инвестираат во 2022 година во однос на 2021 година.

Истражувањето покажа дека нешто повеќе од една третина од фирмите развиле или вовеле нови производи, процеси или услуги. Употребата на напредни дигитални технологии се проширила односно 67 проценти од компаниите пријавиле дека користат барем една напредна дигитална технологија, а како одговор на притисокот да се приспособат, поголем дел од фирмите изјавиле дека имаат намера да им дадат приоритет на иновациите во следните три години.

Половина од фирмите изјавиле дека климатските промени влијаат на нивниот бизнис, но само една третина се заштитуваат себеси. Најмногу волја за подобрувањето на својата отпорност покажале фирмите во Романија (49 проценти) и Естонија (40 проценти), а најмалку оние во Унгарија (21 процент). Повеќето фирми преземале активности за намалување на нивните емисии на стакленички гасови, особено во Романија (93 проценти) и Полска (90 проценти), но не толку многу во Бугарија (70 проценти).

За разлика од Европската унија во целина, фирмите во ЦИЈИЕ се повеќе склони да ја перцепираат транзицијата кон построги климатски стандарди како ризик, а не како можност. Инфраструктурниот сектор особено ја гледа транзицијата кон економија со нето-нула емисии во следните пет години како ризик (41 проценти). На ниво на компании истото важи и за фирмите во Литванија (43 проценти); компаниите во Романија, спротивно на ова, најмногу ја гледаат зелената економија како можност, соопшти Европската инвестициска банка која денеска ги објави резултатите од истражувањето.

The post ЕИБ: Фирмите од Централна, Источна и Југоисточна Европа сакаат да инвестираат и покрај влошените услови appeared first on Република.

]]>

Фирмите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, и покрај влошените услови за финансирање во втората четвртина од минатата година, планирале да ги зголемат инвестициите, покажува истражувањето што го спроведе Европската инвестициска банка (ЕИБ) за влијанието на кризата врз корпоративните инвестиции. Според резултатите од истражувањето, компаниите од овие земји оцениле дека условите за финансирање драстично се влошиле и очекувале условите во нивните сектори да продолжат да се влошуваат, но генерално планирале повеќе да инвестираат во 2022 година во однос на 2021 година. Истражувањето покажа дека нешто повеќе од една третина од фирмите развиле или вовеле нови производи, процеси или услуги. Употребата на напредни дигитални технологии се проширила односно 67 проценти од компаниите пријавиле дека користат барем една напредна дигитална технологија, а како одговор на притисокот да се приспособат, поголем дел од фирмите изјавиле дека имаат намера да им дадат приоритет на иновациите во следните три години. Половина од фирмите изјавиле дека климатските промени влијаат на нивниот бизнис, но само една третина се заштитуваат себеси. Најмногу волја за подобрувањето на својата отпорност покажале фирмите во Романија (49 проценти) и Естонија (40 проценти), а најмалку оние во Унгарија (21 процент). Повеќето фирми преземале активности за намалување на нивните емисии на стакленички гасови, особено во Романија (93 проценти) и Полска (90 проценти), но не толку многу во Бугарија (70 проценти). За разлика од Европската унија во целина, фирмите во ЦИЈИЕ се повеќе склони да ја перцепираат транзицијата кон построги климатски стандарди како ризик, а не како можност. Инфраструктурниот сектор особено ја гледа транзицијата кон економија со нето-нула емисии во следните пет години како ризик (41 проценти). На ниво на компании истото важи и за фирмите во Литванија (43 проценти); компаниите во Романија, спротивно на ова, најмногу ја гледаат зелената економија како можност, соопшти Европската инвестициска банка која денеска ги објави резултатите од истражувањето.

The post ЕИБ: Фирмите од Централна, Источна и Југоисточна Европа сакаат да инвестираат и покрај влошените услови appeared first on Република.

]]>
ЕИБ на страната на Перински: Ревидирањето на стратегијата за набавки без оправдување го загрозува процесот https://republika.mk/vesti/skopje/eib-na-stranata-na-perinski-revidiranjeto-na-strategijata-za-nabavki-bez-opravduvanje-go-zagrozuva-procesot/ Wed, 14 Sep 2022 19:32:56 +0000 https://republika.mk/?p=550835

Европската инвестициска банка во одговор за Телма за тендерот за изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје поради кој градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го разреши директорот на ЈП Водоводот, Златко Перински, се потенцира дека секој обид за ревидирање на стратегијата за набавки без оправдување во оваа фаза или неусогласеност со важечките принципи за доверливост, ќе предизвика одложување во процесот на набавка и ќе ја загрози достапноста на средствата.

Го пренесуваме соопштението во целост

Соопштение од Европската инвестициска банка:

„Изградбата на пречистителната станица за отпадни води (ПСОВ) во Скопје е водечки проект во рамките на Економскиот и инвестициски план на Европската комисија и Зелената агенда за Западен Балкан.

Целосно усогласен со приоритетите на Европската унија (ЕУ), важечките уредби и рамката за пристапување во ЕУ на Македонија, се очекува да генерира значително подобрување на квалитетот на животната средина  како и здравствени придобивки преку обезбедување на прочистена вода и избегнување на континуирано испуштање на непречистена отпадна вода во реката Вардар.

Проценетата вредност на проектот е 136,7 милиони евра, финансиран со заеми обезбедени од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

ЕУ обезбедува значителен дел од грантот, дополнувајќи го националниот придонес на Македонија.

Заемопримач за заемите е Република Македонија, претставена од Министерството за финансии. ЕИБ го води мониторингот на проектот.

Проектот го спроведува јавното претпријатие за Водостопанство „Водовод и канализација-Скопје (ЈПВК).

Како промотор на проектот, ЈПВК, исто така, дејствува како Договорен орган на проектот, во смисла на Водичот за набавки на ЕИБ (ВН) и како што е договорено во Финансискиот договор. Јавното претпријатие „Водовод и канализација„ е задолжено за подготовка, имплементација, работа и одржување на системите за третирање на отпадни води финансирани од Банките.

Банките, исто така, бараат од промоторот да осигури дека проектот се спроведува во согласност со Водичот за набавки (ВН).  Ова ја вклучува одговорноста на промоторот за постапките за набавка на Проектот (вклучувајќи го составот на Комитетот за евалуација што ги оценува понудите) и резултатите од нивната примена во согласност со Водичот за набавки на ЕИБ.

Вклучувањето на ЕИБ во прегледот на постапката за набавка за горенаведениот проект е ограничено на проверка дали се исполнети условите поврзани со неговото финансирање, при што се бара, за секој чекор на набавка, ЕИБ да даде одобрување.

ЕИБ ја одобри стратегијата за набавки и постапката за евалуација во 2019 година.

Две меѓународни набавки – за работи и услуги – се во тек со двата договори во нивната финална фаза на евалуација на понудите.

ЕИБ може да потврди дека од почетокот на проектот се почитуваат условите и преземените обврски за исплата на средствата.

Набавките се спроведени во согласност со водичот за набавки на ЕИБ и во согласност со одобрената стратегија за набавки.

До денес, Комитетот за евалуација, потпомогнат од искусен тим од меѓународни консултанти, ги извршуваше своите задачи на посветен начин.

Ја следеше тендерската документација и бараше совети од ЕИБ кога тоа беше потребно.

Обидите да се ревидира стратегијата за набавки без соодветно оправдување во оваа фаза од процесот на евалуација, или неусогласеноста со важечките принципи за доверливост, може да предизвика значително одложување во процесот на набавка и на тој начин може да ја загрози достапноста на средствата.

ЕИБ со нетрпение го очекува успешното завршување на тековната евалуација на понудите и доделување на соодветните договори без никакво одлагање“.

The post ЕИБ на страната на Перински: Ревидирањето на стратегијата за набавки без оправдување го загрозува процесот appeared first on Република.

]]>

Европската инвестициска банка во одговор за Телма за тендерот за изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје поради кој градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го разреши директорот на ЈП Водоводот, Златко Перински, се потенцира дека секој обид за ревидирање на стратегијата за набавки без оправдување во оваа фаза или неусогласеност со важечките принципи за доверливост, ќе предизвика одложување во процесот на набавка и ќе ја загрози достапноста на средствата. Го пренесуваме соопштението во целост Соопштение од Европската инвестициска банка: „Изградбата на пречистителната станица за отпадни води (ПСОВ) во Скопје е водечки проект во рамките на Економскиот и инвестициски план на Европската комисија и Зелената агенда за Западен Балкан. Целосно усогласен со приоритетите на Европската унија (ЕУ), важечките уредби и рамката за пристапување во ЕУ на Македонија, се очекува да генерира значително подобрување на квалитетот на животната средина  како и здравствени придобивки преку обезбедување на прочистена вода и избегнување на континуирано испуштање на непречистена отпадна вода во реката Вардар. Проценетата вредност на проектот е 136,7 милиони евра, финансиран со заеми обезбедени од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). ЕУ обезбедува значителен дел од грантот, дополнувајќи го националниот придонес на Македонија. Заемопримач за заемите е Република Македонија, претставена од Министерството за финансии. ЕИБ го води мониторингот на проектот. Проектот го спроведува јавното претпријатие за Водостопанство „Водовод и канализација-Скопје (ЈПВК). Како промотор на проектот, ЈПВК, исто така, дејствува како Договорен орган на проектот, во смисла на Водичот за набавки на ЕИБ (ВН) и како што е договорено во Финансискиот договор. Јавното претпријатие „Водовод и канализација„ е задолжено за подготовка, имплементација, работа и одржување на системите за третирање на отпадни води финансирани од Банките. Банките, исто така, бараат од промоторот да осигури дека проектот се спроведува во согласност со Водичот за набавки (ВН).  Ова ја вклучува одговорноста на промоторот за постапките за набавка на Проектот (вклучувајќи го составот на Комитетот за евалуација што ги оценува понудите) и резултатите од нивната примена во согласност со Водичот за набавки на ЕИБ. Вклучувањето на ЕИБ во прегледот на постапката за набавка за горенаведениот проект е ограничено на проверка дали се исполнети условите поврзани со неговото финансирање, при што се бара, за секој чекор на набавка, ЕИБ да даде одобрување. ЕИБ ја одобри стратегијата за набавки и постапката за евалуација во 2019 година. Две меѓународни набавки – за работи и услуги – се во тек со двата договори во нивната финална фаза на евалуација на понудите. ЕИБ може да потврди дека од почетокот на проектот се почитуваат условите и преземените обврски за исплата на средствата. Набавките се спроведени во согласност со водичот за набавки на ЕИБ и во согласност со одобрената стратегија за набавки. До денес, Комитетот за евалуација, потпомогнат од искусен тим од меѓународни консултанти, ги извршуваше своите задачи на посветен начин. Ја следеше тендерската документација и бараше совети од ЕИБ кога тоа беше потребно. Обидите да се ревидира стратегијата за набавки без соодветно оправдување во оваа фаза од процесот на евалуација, или неусогласеноста со важечките принципи за доверливост, може да предизвика значително одложување во процесот на набавка и на тој начин може да ја загрози достапноста на средствата. ЕИБ со нетрпение го очекува успешното завршување на тековната евалуација на понудите и доделување на соодветните договори без никакво одлагање“.

The post ЕИБ на страната на Перински: Ревидирањето на стратегијата за набавки без оправдување го загрозува процесот appeared first on Република.

]]>
ЕК и ЕИБ потпишаа договор за зголемување на инвестициите во трети земји https://republika.mk/vesti/svet/ek-i-eib-potpishaa-dogovor-za-zgolemuvanje-na-investiciite-vo-treti-zemji/ Tue, 10 May 2022 08:24:31 +0000 https://republika.mk/?p=500262

Европските комесари Оливер Вархеји и Јута Урпилаинен заедно со претседателот на Европската Инвестициска Банка (ЕИБ) утрово официјално го потпишаа Гаранцискиот договор со кој треба да се овозможи зголемување на клучни инвестиции во трети земји, вклучително и Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Еврокомесарот за проширување, Вархеји, истакна дека со овој договор највеќе ќе имаат бенефит земјите од Западен Балкан и од источното соседство.

Со овој договор, како што рече еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, ќе се донесат важни инфраструктурни проекти преку поттикнување на финансиските институции, што треба да донесе повеќе инвестиции, „какви што не сме виделе претходно“ - тврди Вархеји.

Целта е да се помогне на третите земји да се соочат со последиците од Ковид-19 и од војната во Украина, а најголем фокус се става на инфраструктурни проекти како транспорт, железници, дигитализација, зелена економија, итн.

За Македонија се работи за проект за модернизација на управувањето со води, со кој се засегнати 80 општини.

Само овој проект ќе има огромен импакт врз јавното здравје и животната средина во Македонија - рече Вархеји утрово.

За Европската Комисија овој договор ќе биде клучен за отворање работни места и поттикнување на економскиот раст.

Украина треба исто така да добие голем бенефит од проектите под овој нов договор.

Овие инвестиции со нетрпение ги очекуваат нашите партнери за да ги поддржиме во овие најтешки времиња- рече Вархеји.

The post ЕК и ЕИБ потпишаа договор за зголемување на инвестициите во трети земји appeared first on Република.

]]>

Европските комесари Оливер Вархеји и Јута Урпилаинен заедно со претседателот на Европската Инвестициска Банка (ЕИБ) утрово официјално го потпишаа Гаранцискиот договор со кој треба да се овозможи зголемување на клучни инвестиции во трети земји, вклучително и Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. Еврокомесарот за проширување, Вархеји, истакна дека со овој договор највеќе ќе имаат бенефит земјите од Западен Балкан и од источното соседство.
Со овој договор, како што рече еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, ќе се донесат важни инфраструктурни проекти преку поттикнување на финансиските институции, што треба да донесе повеќе инвестиции, „какви што не сме виделе претходно“ - тврди Вархеји.
Целта е да се помогне на третите земји да се соочат со последиците од Ковид-19 и од војната во Украина, а најголем фокус се става на инфраструктурни проекти како транспорт, железници, дигитализација, зелена економија, итн. За Македонија се работи за проект за модернизација на управувањето со води, со кој се засегнати 80 општини.
Само овој проект ќе има огромен импакт врз јавното здравје и животната средина во Македонија - рече Вархеји утрово.
За Европската Комисија овој договор ќе биде клучен за отворање работни места и поттикнување на економскиот раст. Украина треба исто така да добие голем бенефит од проектите под овој нов договор.
Овие инвестиции со нетрпение ги очекуваат нашите партнери за да ги поддржиме во овие најтешки времиња- рече Вархеји.

The post ЕК и ЕИБ потпишаа договор за зголемување на инвестициите во трети земји appeared first on Република.

]]>