егејско море Archives - Република https://republika.mk/tema/egejsko-more/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Jul 2022 10:09:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png егејско море Archives - Република https://republika.mk/tema/egejsko-more/ 32 32 Автомобил влета во Егејското море, патниците сами излегле https://republika.mk/vesti/balkan/avtomobil-vleta-vo-egejskoto-more-patnicite-sami-izlegle/ Sat, 23 Jul 2022 10:09:45 +0000 https://republika.mk/?p=532379

Во водите на Егејското море вчера напладне на Халкидики, поточно во Куцупија Санис, под засега неутврдени околности,  влетал автомобил, јавуваат грчките медиуми.

Службениците на крајбрежната стража веднаш излегле на местото на настанот со патролно возило, при што констатирале дека двајцата патници во возилото, 78-годишниот и 58-годишниот, сами излегле од возилото и не пријавиле повреди од инцидентот.

Прелиминарна истрага ја врши пристанишен оддел на префектурата Муданија при Централното пристаниште во Солун.

The post Автомобил влета во Егејското море, патниците сами излегле appeared first on Република.

]]>

Во водите на Егејското море вчера напладне на Халкидики, поточно во Куцупија Санис, под засега неутврдени околности,  влетал автомобил, јавуваат грчките медиуми. Службениците на крајбрежната стража веднаш излегле на местото на настанот со патролно возило, при што констатирале дека двајцата патници во возилото, 78-годишниот и 58-годишниот, сами излегле од возилото и не пријавиле повреди од инцидентот. Прелиминарна истрага ја врши пристанишен оддел на префектурата Муданија при Централното пристаниште во Солун.

The post Автомобил влета во Егејското море, патниците сами излегле appeared first on Република.

]]>
Шести ден ни трага ни глас од Мартин кој од саботата изчезна во водите на Егејското море https://republika.mk/vesti/crna-hronika/shesti-den-ni-traga-ni-glas-od-martin-koj-od-sabotata-izchezna-vo-vodite-na-egejskoto-more/ Thu, 14 Jul 2022 13:39:32 +0000 https://republika.mk/?p=528832

Шести ден ни трага ниту глас од Мартин Јовановски кој од саботата изчезна во водите на Егејското море. Потрагата продолжува со полн интензитет, но и натаму без епилог. Неговото семејство е во болка и исчекување, мајка му веќе неколку дена е на Халкидики во надеж дека нејзиното дете ќе се појави живо и во добра состојба. Се очекува да пристигне и неговиот брат кој кажа дека е спремен да направи се, само за да се најде Мартин.

Спасувачките служби се со надеж дека со доаѓањето на нејзиниот втор син таа ке си ја врати силата и вербата дека Мартин сепак ќе биде пронајден.

Роднините на Мартин апелираат до граѓаните да бидат хумани и да помогнат финансиски бидејки истрагата носи многу трошоци сама по себе

Иван кој втор беше пронајден после невремето отвори и донаторска сметка за да се соберат повеќе средства што ќе се употребат во потрагата по Мартин и да се олесни товарот на неговата фамилија, да не биде сама во оваа трагедија.

 

The post Шести ден ни трага ни глас од Мартин кој од саботата изчезна во водите на Егејското море appeared first on Република.

]]>

Шести ден ни трага ниту глас од Мартин Јовановски кој од саботата изчезна во водите на Егејското море. Потрагата продолжува со полн интензитет, но и натаму без епилог. Неговото семејство е во болка и исчекување, мајка му веќе неколку дена е на Халкидики во надеж дека нејзиното дете ќе се појави живо и во добра состојба. Се очекува да пристигне и неговиот брат кој кажа дека е спремен да направи се, само за да се најде Мартин. Спасувачките служби се со надеж дека со доаѓањето на нејзиниот втор син таа ке си ја врати силата и вербата дека Мартин сепак ќе биде пронајден. Роднините на Мартин апелираат до граѓаните да бидат хумани и да помогнат финансиски бидејки истрагата носи многу трошоци сама по себе Иван кој втор беше пронајден после невремето отвори и донаторска сметка за да се соберат повеќе средства што ќе се употребат во потрагата по Мартин и да се олесни товарот на неговата фамилија, да не биде сама во оваа трагедија.  

The post Шести ден ни трага ни глас од Мартин кој од саботата изчезна во водите на Егејското море appeared first on Република.

]]>
Ги има и во Егејското и во Јонското Море: Опасните пурпурни медиузи му се закануваат на грчкиот туризам https://republika.mk/zivot/patuvanja/gi-ima-i-vo-egejskoto-i-vo-jonskoto-more-opasnite-purpurni-mediuzi-mu-se-zakanuvaat-na-grchkiot-turizam/ Tue, 14 Jun 2022 15:30:45 +0000 https://republika.mk/?p=514897

На неколку плажи во Грција деновиве се појавија опасни медузи, чиј убод освен што гори, предизвикува и здравствени последици. Поради тоа властите беа принудени да постават црвени знамиња со кои се означува забраната за влез во вода.

Грците неколку недели ги мачат виолетовите или пурпурните медузи кои, според нивните проценки, претставуваат нова опасност по коронавирусот за туристичкото лето во Грција.

Тоа е опасен вид на медуза, каснувањето е болно, остава трага како изгореница, тешко се измива. Може да предизвика тахикардија, плускавци на телото, повраќање, дијареа кај луѓе кои имаат други проблеми“, рече за српската ТВ Прва, дописничката на „Политика“ од Атина, Јасмина Павловиќ Стамениќ.

Медиузите имаат големина од 10 сантиметри и се со долги пипала. Иако се карактеристични за Шпанија и Италија, тие се намножија и стигнаа до Јонското и Егејското Море, а според експертите можно е да се појават и во Јадранското Море.

Бараат потопло море, се хранат со планктони, а се појавуваат на период од 10 години. Досега океанолозите успеаја да ги лоцираат, но сега водните струи носат и не знаат каде ќе се појават следно. Моментално ги зафатија двете страни на Атика, отидоа кон Јонос, кон Пелопонез. Не се знае кога ќе отпловат. Проблемот е што се проѕирни и розови, па не ги гледате“, изјави Јасмина Павловиќ Стамениќ.

Според неа, грчките медиуми секојдневно предупредуваат за овие медузи, а во случај да се изгорите, препораката е – брзо плакнење со морска вода, ставање мраз и сода бикарбона.

Треба да се биде внимателен бидејќи со брановите можат да стигнат до брегот. Водните струи ги носат во сите правци – и во Егејското и во Јонското Море, а наскоро треба да се очекуваат и во Јадранското Море, иако водата е постудена“, предупредува Јасмина Павловиќ Стамениќ.

The post Ги има и во Егејското и во Јонското Море: Опасните пурпурни медиузи му се закануваат на грчкиот туризам appeared first on Република.

]]>

На неколку плажи во Грција деновиве се појавија опасни медузи, чиј убод освен што гори, предизвикува и здравствени последици. Поради тоа властите беа принудени да постават црвени знамиња со кои се означува забраната за влез во вода. Грците неколку недели ги мачат виолетовите или пурпурните медузи кои, според нивните проценки, претставуваат нова опасност по коронавирусот за туристичкото лето во Грција.
Тоа е опасен вид на медуза, каснувањето е болно, остава трага како изгореница, тешко се измива. Може да предизвика тахикардија, плускавци на телото, повраќање, дијареа кај луѓе кои имаат други проблеми“, рече за српската ТВ Прва, дописничката на „Политика“ од Атина, Јасмина Павловиќ Стамениќ.
Медиузите имаат големина од 10 сантиметри и се со долги пипала. Иако се карактеристични за Шпанија и Италија, тие се намножија и стигнаа до Јонското и Егејското Море, а според експертите можно е да се појават и во Јадранското Море.
Бараат потопло море, се хранат со планктони, а се појавуваат на период од 10 години. Досега океанолозите успеаја да ги лоцираат, но сега водните струи носат и не знаат каде ќе се појават следно. Моментално ги зафатија двете страни на Атика, отидоа кон Јонос, кон Пелопонез. Не се знае кога ќе отпловат. Проблемот е што се проѕирни и розови, па не ги гледате“, изјави Јасмина Павловиќ Стамениќ.
Според неа, грчките медиуми секојдневно предупредуваат за овие медузи, а во случај да се изгорите, препораката е – брзо плакнење со морска вода, ставање мраз и сода бикарбона.
Треба да се биде внимателен бидејќи со брановите можат да стигнат до брегот. Водните струи ги носат во сите правци – и во Егејското и во Јонското Море, а наскоро треба да се очекуваат и во Јадранското Море, иако водата е постудена“, предупредува Јасмина Павловиќ Стамениќ.

The post Ги има и во Егејското и во Јонското Море: Опасните пурпурни медиузи му се закануваат на грчкиот туризам appeared first on Република.

]]>
Тело на тригодишно дете извлечено од Егејско Море https://republika.mk/vesti/balkan/telo-na-trigodishno-dete-izvlecheno-od-egejsko-more/ Sun, 09 Jan 2022 18:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=442243

Тело на тригодишно дете е извлечено од Егејско Море, две недели по несреќите што се случија во тој реон, а во кои учествуваа бродови со мигранти.

Телото е пронајдено во близина на островот Наксос, а властите доцна синоќа процениле дека жртвата е висока 85 сантиметри, на околу три години, пренесе АП. Телото ќе биде пренесено во Пиреја за вештачење.

Во четвртокот беа пронајдени уште четири тела – маж, жена и две девојчиња, три во близина на Наксос и едно во близина на островот Парос.

The post Тело на тригодишно дете извлечено од Егејско Море appeared first on Република.

]]>

Тело на тригодишно дете е извлечено од Егејско Море, две недели по несреќите што се случија во тој реон, а во кои учествуваа бродови со мигранти. Телото е пронајдено во близина на островот Наксос, а властите доцна синоќа процениле дека жртвата е висока 85 сантиметри, на околу три години, пренесе АП. Телото ќе биде пренесено во Пиреја за вештачење. Во четвртокот беа пронајдени уште четири тела – маж, жена и две девојчиња, три во близина на Наксос и едно во близина на островот Парос.

The post Тело на тригодишно дете извлечено од Егејско Море appeared first on Република.

]]>