еднократна употреба Archives - Република https://republika.mk/tema/ednokratna-upotreba/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Dec 2022 08:56:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еднократна употреба Archives - Република https://republika.mk/tema/ednokratna-upotreba/ 32 32 Учебниците од прво до трето одделение се за еднократна употреба https://republika.mk/vesti/makedonija/uchebnicite-od-prvo-do-treto-oddelenie-se-za-ednokratna-upotreba/ Thu, 01 Dec 2022 08:56:09 +0000 https://republika.mk/?p=580379

Учебниците од прво до трето одделение се за еднократна употреба, a останатите може да се користат најмногу до пет години, информира Министерството за образование и наука (МОН).

Согласно Законот за учебници во основното и средното образование, сите учебници можат да се користат најмногу до 5 години, со исклучок на оние за прво, второ и трето одделение, како и одредени учебници од повисоките одделенија во кои има содржини што ученикот ги пополнува со пишување, боење, сечење и лепење кои се користат еднократно.

Гоце Бумбароски, наставник во основно училиште е револтиран од последната одлука на Министерството за образование и наука со која им се забранува на учениците да пишуваат во учебникот по математика за четвртто одделение. Тој прашува до кога во образованието ќе одлучуваат луѓе кои не поминале ниту еден ден пред зелената табла со креда во рака.

https://republika.mk/vesti/makedonija/do-koga-vo-obrazovanieto-kje-odluchuvaat-lugje-koi-ne-pominale-eden-den-pred-zelenata-tabla-so-kreda-vo-raka-prashuva-nastavnikot-bumbaroski/

Учебниците и сите други наставни материјали кои ги обезбедуваат надлежните институции од областа на образованието предводени од МОН и кои се изготвени врз основа на наставните програми, имаат за цел првенствено да им помогнат на учениците во совладувањето на наставната материја и стекнувањето на применливи знаења преку учење со разбирање, но и да ги стимулираат нивната креативност и критичко размислување, велат од МОН.

МОН упатува апел до сите учесници во спроведувањето на воспитно – образовниот процес, да не го ограничуваат користењето на учебниците и пополнувањето на содржините во рамки на истите кои се предвидени за пополнување од страна на учениците.

Нема потреба ниту од печатење на учебниците кои се достапни во електронски формат на www.e-ucebnici.mon.gov.mk. МОН продолжува и во иднина да набавува целосно нови учебници за најмалите основци и да ги заменува оние од другите одделенија кои поради дотраеност не можат да се користат, велат од МОН.

The post Учебниците од прво до трето одделение се за еднократна употреба appeared first on Република.

]]>

Учебниците од прво до трето одделение се за еднократна употреба, a останатите може да се користат најмногу до пет години, информира Министерството за образование и наука (МОН). Согласно Законот за учебници во основното и средното образование, сите учебници можат да се користат најмногу до 5 години, со исклучок на оние за прво, второ и трето одделение, како и одредени учебници од повисоките одделенија во кои има содржини што ученикот ги пополнува со пишување, боење, сечење и лепење кои се користат еднократно. Гоце Бумбароски, наставник во основно училиште е револтиран од последната одлука на Министерството за образование и наука со која им се забранува на учениците да пишуваат во учебникот по математика за четвртто одделение. Тој прашува до кога во образованието ќе одлучуваат луѓе кои не поминале ниту еден ден пред зелената табла со креда во рака. https://republika.mk/vesti/makedonija/do-koga-vo-obrazovanieto-kje-odluchuvaat-lugje-koi-ne-pominale-eden-den-pred-zelenata-tabla-so-kreda-vo-raka-prashuva-nastavnikot-bumbaroski/