ЕЦБ Archives - Република https://republika.mk/tema/ecb/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 07:37:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕЦБ Archives - Република https://republika.mk/tema/ecb/ 32 32 Европската централна банка ги намалува каматните стапки поради падот на инфлацијата https://republika.mk/vesti/svet/evropskata-tsentralna-banka-gi-namaluva-kamatnite-stapki-poradi-padot-na-inflatsijata/ Thu, 17 Oct 2024 07:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=827869

Европската централна банка (ЕЦБ), која ги одредува каматните стапки за 20-те земји кои го користат еврото како валута, денеска се очекува дополнително да ги намали трошоците за задолжување, откако податоците покажаа дека инфлацијата во ЕУ падна на најниско ниво во повеќе од три години.

Се очекува ЕЦБ на состанокот во Љубљана да донесе одлука за намалување на референтната стапка од 3,5 на 3,25 отсто.

Очекуваното намалување ќе биде трето од јуни годинава.

Инфлацијата во септември падна повеќе од очекуваното, на 1,8 отсто, што е првпат во последните три години да биде под целта на ЕЦБ од два отсто, а аналитичарите сметаат дека банката ќе ги намали стапките и во декември.

Еврозоната забележа бавен раст, само 0,3 отсто во вториот квартал.

Трендовите во економијата и инфлацијата поддржуваат пониски стапки, рече Холгер Шмидинг, главен економист во Беренберг банка.

Една од причините зошто инфлацијата падна низ целиот свет е тоа што централните банки драматично ги зголемија трошоците за задолжување од речиси нула проценти за време на пандемијата на коронавирус кога цените почнаа да растат. Ова се случи, прво како резултат на создавање проблеми во синџирот на снабдување, а подоцна и поради инвазијата на Украина од страна на Русија, која ги зголеми трошоците во областа на енергетиката.

The post Европската централна банка ги намалува каматните стапки поради падот на инфлацијата appeared first on Република.

]]>

Европската централна банка (ЕЦБ), која ги одредува каматните стапки за 20-те земји кои го користат еврото како валута, денеска се очекува дополнително да ги намали трошоците за задолжување, откако податоците покажаа дека инфлацијата во ЕУ падна на најниско ниво во повеќе од три години. Се очекува ЕЦБ на состанокот во Љубљана да донесе одлука за намалување на референтната стапка од 3,5 на 3,25 отсто. Очекуваното намалување ќе биде трето од јуни годинава. Инфлацијата во септември падна повеќе од очекуваното, на 1,8 отсто, што е првпат во последните три години да биде под целта на ЕЦБ од два отсто, а аналитичарите сметаат дека банката ќе ги намали стапките и во декември. Еврозоната забележа бавен раст, само 0,3 отсто во вториот квартал. Трендовите во економијата и инфлацијата поддржуваат пониски стапки, рече Холгер Шмидинг, главен економист во Беренберг банка. Една од причините зошто инфлацијата падна низ целиот свет е тоа што централните банки драматично ги зголемија трошоците за задолжување од речиси нула проценти за време на пандемијата на коронавирус кога цените почнаа да растат. Ова се случи, прво како резултат на создавање проблеми во синџирот на снабдување, а подоцна и поради инвазијата на Украина од страна на Русија, која ги зголеми трошоците во областа на енергетиката.

The post Европската централна банка ги намалува каматните стапки поради падот на инфлацијата appeared first on Република.

]]>
ЕЦБ ја намали основната каматна стапка на 3,5 отсто https://republika.mk/vesti/svet/etsb-ja-namali-osnovnata-kamatna-stapka-na-3-5-otsto/ Thu, 12 Sep 2024 14:05:57 +0000 https://republika.mk/?p=815789

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) на денешниот состанок донесе одлука за намалување на својата основна каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,5 отсто, како одговор на падот на инфлацијата и на показателите за слабеење на економијата во Еврозоната во текот на летните месеци.

Банката во денешната одлука индиректно најави и дека е можно дополнително олабавување на монетарната политика до крајот на годината, потенцирајќи дека ќе продолжи да ги следи состојбите и во зависност од податоците ќе носи одлуки на секој нареден состанок.

Одлуката е донесена во услови на намалување на обемот на производството во Еврозоната и пад на потрошувачката на домаќинствата во вториот квартал од 2024 година за 0,1 отсто и поради оценката дека високите каматни стапки ќе ја задушат економијата, иако податоците укажуваат оти целта за намалување на инфлацијата под два отсто нема да биде остварена барем до крајот на следната година.

Во својата најнова прогноза ЕЦБ предвидува дека стапката на инфлацијата ќе падне на 1,9 проценти дури во 2026 година.

Членката на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел минатата недела предупреди дека не треба да се потценуваат предизвиците поврзани со инфлацијата, иако нејзината стапка во Еврозоната минатиот месец падна на 2,2 отсто, што е најниско ниво во последните три години.

The post ЕЦБ ја намали основната каматна стапка на 3,5 отсто appeared first on Република.

]]>

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) на денешниот состанок донесе одлука за намалување на својата основна каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,5 отсто, како одговор на падот на инфлацијата и на показателите за слабеење на економијата во Еврозоната во текот на летните месеци. Банката во денешната одлука индиректно најави и дека е можно дополнително олабавување на монетарната политика до крајот на годината, потенцирајќи дека ќе продолжи да ги следи состојбите и во зависност од податоците ќе носи одлуки на секој нареден состанок. Одлуката е донесена во услови на намалување на обемот на производството во Еврозоната и пад на потрошувачката на домаќинствата во вториот квартал од 2024 година за 0,1 отсто и поради оценката дека високите каматни стапки ќе ја задушат економијата, иако податоците укажуваат оти целта за намалување на инфлацијата под два отсто нема да биде остварена барем до крајот на следната година. Во својата најнова прогноза ЕЦБ предвидува дека стапката на инфлацијата ќе падне на 1,9 проценти дури во 2026 година. Членката на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел минатата недела предупреди дека не треба да се потценуваат предизвиците поврзани со инфлацијата, иако нејзината стапка во Еврозоната минатиот месец падна на 2,2 отсто, што е најниско ниво во последните три години.

The post ЕЦБ ја намали основната каматна стапка на 3,5 отсто appeared first on Република.

]]>
Потрошувачите во еврозоната очекуваат повисока инфлација во следните три години https://republika.mk/vesti/svet/potroshuvachite-vo-evrozonata-ochekuvaat-povisoka-inflatsija-vo-slednite-tri-godini/ Fri, 23 Aug 2024 10:59:50 +0000 https://republika.mk/?p=809418

Потрошувачите во еврозоната очекуваат просечната инфлација во следните три години да биде 2,4 отсто, додека во истражувањето во јуни процентот изнесуваше 2,3, се наведува во заклучокот од истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за јули.

Инфлациските очекувања за следните 12 месеци се непроменети бидејќи потрошувачите очекуваат инфлација од 2,8 отсто, исто како и во јуни.

Според истражувањето на ЕЦБ, потрошувачите се попесимистички за економијата бидејќи очекуваат економијата да се намали за еден отсто во следните 12 месеци, во однос на 0,9 проценти во јуни.

The post Потрошувачите во еврозоната очекуваат повисока инфлација во следните три години appeared first on Република.

]]>

Потрошувачите во еврозоната очекуваат просечната инфлација во следните три години да биде 2,4 отсто, додека во истражувањето во јуни процентот изнесуваше 2,3, се наведува во заклучокот од истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за јули. Инфлациските очекувања за следните 12 месеци се непроменети бидејќи потрошувачите очекуваат инфлација од 2,8 отсто, исто како и во јуни. Според истражувањето на ЕЦБ, потрошувачите се попесимистички за економијата бидејќи очекуваат економијата да се намали за еден отсто во следните 12 месеци, во однос на 0,9 проценти во јуни.

The post Потрошувачите во еврозоната очекуваат повисока инфлација во следните три години appeared first on Република.

]]>
Европската централна банка за првпат по пет години ги намали каматите https://republika.mk/vesti/svet/evropskata-tsentralna-banka-za-prvpat-po-pet-godini-gi-namali-kamatite/ Thu, 06 Jun 2024 18:45:44 +0000 https://republika.mk/?p=785348

Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали денес референтната каматна стапка на 3,75 отсто, за првпат по 2019 година, и покрај мајскиот пораст на инфлацијата на неочекувани 2,6 отсто.

Во соопштението објавено на сајтот на ЕЦБ се наведува проценката дека инфлацијата ќе остане превисока до следната година.

Инфлацијата во 20-те држави кои го користат еврото изнесувала 2,4 отсто во април, соопшти пред шест дена Еуростат, официјалната агенција на Европската Унија за статистика. Со истражување на пазарот се очекуваше инфлацијата во мај да изнесува 2,5 отсто.

Пред намалувањето на каматната стапка таа изнесуваше рекордни 4 отсто, а со овој потег ЕЦБ им се придружи на централните банки на Канада, Шведска и Швајцарија во намалувањето на каматните стапки по серијата зголемувања, најголеми во поновата историја.

„И покрај напредокот во последните тримесечја, домашните притисоци врз цените и понатаму се силни поради растот на платите, па инфлацијата веројатно ќе остане над целта и во текот на следната година“, соопшти ЕЦБ.

 

The post Европската централна банка за првпат по пет години ги намали каматите appeared first on Република.

]]>

Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали денес референтната каматна стапка на 3,75 отсто, за првпат по 2019 година, и покрај мајскиот пораст на инфлацијата на неочекувани 2,6 отсто. Во соопштението објавено на сајтот на ЕЦБ се наведува проценката дека инфлацијата ќе остане превисока до следната година. Инфлацијата во 20-те држави кои го користат еврото изнесувала 2,4 отсто во април, соопшти пред шест дена Еуростат, официјалната агенција на Европската Унија за статистика. Со истражување на пазарот се очекуваше инфлацијата во мај да изнесува 2,5 отсто. Пред намалувањето на каматната стапка таа изнесуваше рекордни 4 отсто, а со овој потег ЕЦБ им се придружи на централните банки на Канада, Шведска и Швајцарија во намалувањето на каматните стапки по серијата зголемувања, најголеми во поновата историја. „И покрај напредокот во последните тримесечја, домашните притисоци врз цените и понатаму се силни поради растот на платите, па инфлацијата веројатно ќе остане над целта и во текот на следната година“, соопшти ЕЦБ.  

The post Европската централна банка за првпат по пет години ги намали каматите appeared first on Република.

]]>
ЕЦБ ќе почне да ги намалува каматните стапки https://republika.mk/vesti/svet/etsb-ke-pochne-da-gi-namaluva-kamatnite-stapki/ Mon, 27 May 2024 09:28:17 +0000 https://republika.mk/?p=782001

Европската централна банка е на пат да започне со намалување на каматните стапки следниот месец, но ќе мора да ја задржи политиката „на рестриктивна територија до 2024 година“, според нејзиниот главен економист Филип Лејн.

„Но, во таа тесна зона, можеме да ги намалиме стапките до одреден степен“, рече Лејн во интервју за Фајненшл тајмс. Запрашан за изгледите за следниот состанок на банката на 6 јуни, тој рече дека „освен ако нема некои големи изненадувања, во моментот гледаме доволно показатели за отстранување на највисоките нивоа на ограничувања“.

Почетокот на монетарното олеснување на следниот состанок на ЕЦБ беше нашироко најавуван во медиумите. Следните чекори се помалку јасни, а пазарите очекуваат европските креатори на монетарна политика да ги прескокнат намалувањата на стапките во јули и да ги продолжат во септември.

„Следната година, со видливо приближување на инфлацијата до целта, а потоа каматните стапки се намалуваат на ниво кое е во согласност со таа цел – тоа ќе биде сосема поинаква дебата“, рече Лејн.

Основната инфлација во еврозоната, на која се фокусираат креаторите на монетарната политика бидејќи ги отстранува нестабилните елементи како што се цените на енергијата, најверојатно престана да слабее за прв пат од јули, пишува Блумберг.

Покрај тоа, клучниот показател за растот на личните приходи објавен минатата недела, исто така, се забрза во првиот квартал од оваа година, иако Лејн рече дека „вкупната насока на движењето на платите продолжува да укажува на забавување, што е од суштинско значење“, и заклучи дека ситуацијата ќе продолжи уште некое време да се менува постепено и нерамномерно.

The post ЕЦБ ќе почне да ги намалува каматните стапки appeared first on Република.

]]>

Европската централна банка е на пат да започне со намалување на каматните стапки следниот месец, но ќе мора да ја задржи политиката „на рестриктивна територија до 2024 година“, според нејзиниот главен економист Филип Лејн. „Но, во таа тесна зона, можеме да ги намалиме стапките до одреден степен“, рече Лејн во интервју за Фајненшл тајмс. Запрашан за изгледите за следниот состанок на банката на 6 јуни, тој рече дека „освен ако нема некои големи изненадувања, во моментот гледаме доволно показатели за отстранување на највисоките нивоа на ограничувања“. Почетокот на монетарното олеснување на следниот состанок на ЕЦБ беше нашироко најавуван во медиумите. Следните чекори се помалку јасни, а пазарите очекуваат европските креатори на монетарна политика да ги прескокнат намалувањата на стапките во јули и да ги продолжат во септември. „Следната година, со видливо приближување на инфлацијата до целта, а потоа каматните стапки се намалуваат на ниво кое е во согласност со таа цел – тоа ќе биде сосема поинаква дебата“, рече Лејн. Основната инфлација во еврозоната, на која се фокусираат креаторите на монетарната политика бидејќи ги отстранува нестабилните елементи како што се цените на енергијата, најверојатно престана да слабее за прв пат од јули, пишува Блумберг. Покрај тоа, клучниот показател за растот на личните приходи објавен минатата недела, исто така, се забрза во првиот квартал од оваа година, иако Лејн рече дека „вкупната насока на движењето на платите продолжува да укажува на забавување, што е од суштинско значење“, и заклучи дека ситуацијата ќе продолжи уште некое време да се менува постепено и нерамномерно.

The post ЕЦБ ќе почне да ги намалува каматните стапки appeared first on Република.

]]>
И таму не се задоволни: Вработени од ЕЦБ ја тужат Банката поради недоволно зголемување на платите https://republika.mk/vesti/svet/i-tamu-ne-se-zadovolni-vraboteni-od-etsb-ja-tuzhat-bankata-poradi-nedovolno-zgolemuvane-na-platite/ Tue, 21 Nov 2023 16:56:35 +0000 https://republika.mk/?p=714877

Вработените во Европската централна банка поднесоа жалба до судот на ЕУ бидејќи платите им биле зголемени помалку од растот инфлација, иако институцијата предупредува дека зголемувањето на платите во еврозоната би можело да поттикне раст на цените.

Жалбата поднесена до Генералниот суд на ЕУ од околу 40 вработени во ЕЦБ, поддржани од нивниот синдикат ИПСО, се обидува да ја поништи одлуката на централната банка да одобри пораст на платите од 4,07 отсто во јануари, јавија германски медиуми.

Во тоа време, инфлацијата во еврозоната беше речиси двојно поголема од таа бројка.

Спорот за платите меѓу ЕЦБ и нејзините неколку илјади вработени тлее повеќе од една година, а нивниот синдикат дури се закани и со штрајк.

Апелот на персоналот се однесува на формулата што ЕЦБ со седиште во Франкфурт ја користи за пресметување на зголемувањата на платите. Во своите пресметки, ЕЦБ ги разгледува зголемувањата на платите во повеќе од 20 централни банки и институции во Европа.

Списокот ја вклучува Банката за меѓународни порамнувања во Базел, која плаќа персонал во швајцарски франци, валута што значително зајакна во однос на еврото.

The post И таму не се задоволни: Вработени од ЕЦБ ја тужат Банката поради недоволно зголемување на платите appeared first on Република.

]]>

Вработените во Европската централна банка поднесоа жалба до судот на ЕУ бидејќи платите им биле зголемени помалку од растот инфлација, иако институцијата предупредува дека зголемувањето на платите во еврозоната би можело да поттикне раст на цените. Жалбата поднесена до Генералниот суд на ЕУ од околу 40 вработени во ЕЦБ, поддржани од нивниот синдикат ИПСО, се обидува да ја поништи одлуката на централната банка да одобри пораст на платите од 4,07 отсто во јануари, јавија германски медиуми. Во тоа време, инфлацијата во еврозоната беше речиси двојно поголема од таа бројка. Спорот за платите меѓу ЕЦБ и нејзините неколку илјади вработени тлее повеќе од една година, а нивниот синдикат дури се закани и со штрајк. Апелот на персоналот се однесува на формулата што ЕЦБ со седиште во Франкфурт ја користи за пресметување на зголемувањата на платите. Во своите пресметки, ЕЦБ ги разгледува зголемувањата на платите во повеќе од 20 централни банки и институции во Европа. Списокот ја вклучува Банката за меѓународни порамнувања во Базел, која плаќа персонал во швајцарски франци, валута што значително зајакна во однос на еврото.

The post И таму не се задоволни: Вработени од ЕЦБ ја тужат Банката поради недоволно зголемување на платите appeared first on Република.

]]>
ЕЦБ: Каматните стапки ќе останат високи се додека е потребно https://republika.mk/vesti/svet/etsb-kamatnite-stapki-ke-ostanat-visoki-se-dodeka-e-potrebno/ Mon, 25 Sep 2023 17:41:34 +0000 https://republika.mk/?p=685057

Шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард соопшти дека каматните стапки ќе останат доволно високи за да ја ограничат деловната активност „колку што е потребно“ за да се скроти инфлацијата бидејќи ценовните притисоци „остануваат силни“ во 20-те земји што го користат еврото.

Лагард рече дека „силното трошење за одмори и патувања“ и зголемените плати го забавуваат падот на цените иако економијата и понатаму е бавна.

Годишната инфлација во еврозоната е само благо намалена – од 5,2 отсто во јули на 5,3 отсто во август.

Остануваме решени навремено да ја вратиме инфлацијата во рамките на среднорочната цел од 2 отсто, рече Лагард пред Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент.

Според неа, инфлацијата се уште паѓа, но сепак се очекува да остане превисока уште долго време.

Минатата недела ЕЦБ ја зголеми референтната каматна стапка на депозитите на четири отсто, што е рекордно високо ниво откако во јули минатата година беше минус 0,5 отсто.

Аналитичарите веруваат дека ЕЦБ би можела да ја зголеми стапката со оглед на знаците за растечка слабост во европската економија.

Другите централни банки, вклучително и Банката на Англија и Федералните резерви на САД, се воздржаа од зголемувањето на каматните стапки минатата недела додека се ближат до крајот на нивните брзи кампањи за ограничување на инфлацијата.

Инфлацијата избувна кога глобалната економија закрепна од пандемијата на Ковид-19, поради проблеми со синџирите на снабдување, а потоа Русија ја нападна Украина, што доведе до зголемени цени на енергенсите и храната.

The post ЕЦБ: Каматните стапки ќе останат високи се додека е потребно appeared first on Република.

]]>

Шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард соопшти дека каматните стапки ќе останат доволно високи за да ја ограничат деловната активност „колку што е потребно“ за да се скроти инфлацијата бидејќи ценовните притисоци „остануваат силни“ во 20-те земји што го користат еврото. Лагард рече дека „силното трошење за одмори и патувања“ и зголемените плати го забавуваат падот на цените иако економијата и понатаму е бавна. Годишната инфлација во еврозоната е само благо намалена – од 5,2 отсто во јули на 5,3 отсто во август. Остануваме решени навремено да ја вратиме инфлацијата во рамките на среднорочната цел од 2 отсто, рече Лагард пред Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент. Според неа, инфлацијата се уште паѓа, но сепак се очекува да остане превисока уште долго време. Минатата недела ЕЦБ ја зголеми референтната каматна стапка на депозитите на четири отсто, што е рекордно високо ниво откако во јули минатата година беше минус 0,5 отсто. Аналитичарите веруваат дека ЕЦБ би можела да ја зголеми стапката со оглед на знаците за растечка слабост во европската економија. Другите централни банки, вклучително и Банката на Англија и Федералните резерви на САД, се воздржаа од зголемувањето на каматните стапки минатата недела додека се ближат до крајот на нивните брзи кампањи за ограничување на инфлацијата. Инфлацијата избувна кога глобалната економија закрепна од пандемијата на Ковид-19, поради проблеми со синџирите на снабдување, а потоа Русија ја нападна Украина, што доведе до зголемени цени на енергенсите и храната.

The post ЕЦБ: Каматните стапки ќе останат високи се додека е потребно appeared first on Република.

]]>
ЕЦБ ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули https://republika.mk/vesti/svet/etsb-ke-prodolzhi-da-gi-zgolemuva-kamatnite-stapki-vo-juli/ Tue, 27 Jun 2023 11:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=655633

Европската централна банка (ЕЦБ) ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули за да се бори против инфлацијата во еврозоната, изјави нејзината претседателка Кристин Лагард за време на централниот банкарски форум во Синтра, Португалија.

Нашата работа не е завршена. Доколку не видиме значителна промена во изгледите, ќе продолжиме да ги зголемуваме каматните стапки во јули, истакна таа.

Таа додаде дека во блиска иднина, малку е веројатно оти централната банка ќе може со сигурност да каже дека каматните стапки го достигнале врвот.

The post ЕЦБ ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули appeared first on Република.

]]>

Европската централна банка (ЕЦБ) ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули за да се бори против инфлацијата во еврозоната, изјави нејзината претседателка Кристин Лагард за време на централниот банкарски форум во Синтра, Португалија.
Нашата работа не е завршена. Доколку не видиме значителна промена во изгледите, ќе продолжиме да ги зголемуваме каматните стапки во јули, истакна таа.
Таа додаде дека во блиска иднина, малку е веројатно оти централната банка ќе може со сигурност да каже дека каматните стапки го достигнале врвот.

The post ЕЦБ ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули appeared first on Република.

]]>
ЕЦБ мора да ја зајакне супервизијата на кредитните ризици во банките во еврозоната, тврди Европскиот суд на ревизори https://republika.mk/vesti/svet/etsb-mora-da-ja-zajakne-supervizijata-na-kreditnite-rizitsi-vo-bankite-vo-evrozonata-tvrdi-evropskiot-sud-na-revizori/ Fri, 12 May 2023 15:14:30 +0000 https://republika.mk/?p=640226

Европската централна банка (ЕЦБ) мора да ја зајакне супервизијата на кредитните ризици во банкарскиот сектор и да ги заостри капиталните барања за кредиторите со поголем ризик, предупреди Европскиот суд на ревизори во денеска објавениот извештај.

„И покрај зголемените напори во супервизијата на кредитниот ризик на банките и проблематичните кредити“, ЕЦБ не ги зајакна мерките за супервизија на банките со проблеми со кредитниот ризик, заклучуваат ревизорите.

ЕЦБ не наметна „пропорционално повисоки барања за капитал“ на банките со поголем ризик и не презеде ништо кога се покажа дека банките немаат соодветни процедури за справување со проблематичните заеми, предупредуваат тие.

Тие, сепак, признаа дека проблематичните кредити во банките под надзор на ЕЦБ се намалени.

Во низата препораки тие побараа посилна проценка на ризикот на банките, поефективна анализа и користење на сите расположливи супервизорски овластувања.

ЕЦБ ги прифати препораките, но нагласи дека тие се обидуваат да им дадат време на банките да се справат со лошите заеми, наместо да понудат посебен третман.

Повеќе од 110 големи банки во 21 земја-членка на ЕУ, вклучително и 20 земји кои го користат еврото и Бугарија, се опфатени со супервизорскиот режим на ЕЦБ, основан по финансиската криза во 2008 година.

The post ЕЦБ мора да ја зајакне супервизијата на кредитните ризици во банките во еврозоната, тврди Европскиот суд на ревизори appeared first on Република.

]]>

Европската централна банка (ЕЦБ) мора да ја зајакне супервизијата на кредитните ризици во банкарскиот сектор и да ги заостри капиталните барања за кредиторите со поголем ризик, предупреди Европскиот суд на ревизори во денеска објавениот извештај. „И покрај зголемените напори во супервизијата на кредитниот ризик на банките и проблематичните кредити“, ЕЦБ не ги зајакна мерките за супервизија на банките со проблеми со кредитниот ризик, заклучуваат ревизорите. ЕЦБ не наметна „пропорционално повисоки барања за капитал“ на банките со поголем ризик и не презеде ништо кога се покажа дека банките немаат соодветни процедури за справување со проблематичните заеми, предупредуваат тие. Тие, сепак, признаа дека проблематичните кредити во банките под надзор на ЕЦБ се намалени. Во низата препораки тие побараа посилна проценка на ризикот на банките, поефективна анализа и користење на сите расположливи супервизорски овластувања. ЕЦБ ги прифати препораките, но нагласи дека тие се обидуваат да им дадат време на банките да се справат со лошите заеми, наместо да понудат посебен третман. Повеќе од 110 големи банки во 21 земја-членка на ЕУ, вклучително и 20 земји кои го користат еврото и Бугарија, се опфатени со супервизорскиот режим на ЕЦБ, основан по финансиската криза во 2008 година.

The post ЕЦБ мора да ја зајакне супервизијата на кредитните ризици во банките во еврозоната, тврди Европскиот суд на ревизори appeared first on Република.

]]>
Дали е на повидок уште една банкарска криза? ЕЦБ, сепак, уверена во финансиската отпорност на еврозоната https://republika.mk/vesti/svet/dali-e-na-povidok-ushte-edna-bankarska-kriza-etsb-sepak-uverena-vo-finansiskata-otpornost-na-evrozonata/ Sat, 25 Mar 2023 10:01:44 +0000 https://republika.mk/?p=623493

Неодамнешното пропаѓање на банката „Силикон Вели“ (Silicon Valley Bank) во САД и кризата со „Кредит Свис“ (Credit Suisse) во Швајцарија во текот на викендот предизвика загриженост за целиот меѓународен финансиски сектор. Додека европските влади и финансиски институции одблизу ја следат состојбата, не е сѐ толку црно.

Во понеделникот, европските и финансиските лидери ја креваа довербата на потрошувачите по кризата по кризата во „Кредит Свис“, втората по големина банка во Швајцарија. Итното преземање на „Кредит Свис“ од страна на конкурентот „УБС“ (UBS) и потешкотиите со кои се соочија некои помали американски институции ја зголемија загриженоста околу банките во еврозоната во текот на оваа недела.

Европските советодавни тела потврдија дека во случај на пропаѓање на банка во Европската Унија се применува фиксно правило согласно кое се повикуваат акционерите и другите доверители. Акционерскиот капитал прв ги покрива загубите на банката. Доколку ова е недоволно, се преминува на обврзниците, тнр. АТ1 капитал.

Во случајот со „Кредит Свис“, сопствениците на овие обврзници ќе ги изгубат нивните инвестирани средства во текот на преземањето од страна на „УБС“. За тие АТ1 обврзници, загубата изнесува 16 милијарди швајцарски франци (16 милијарди евра). Акционерите на „Кредит Свис“ исто така ќе изгубат голем дел од нивните пари но ќе добијат хартии од вредност од „УБС“.

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изрази оптимизам дека нема да има прелевање на овој настан во финансискиот систем на еврозоната.

Европскиот банкарски сектор беше отпорен благодарение на силниите капитални и ликвидни позиции. Имајќи ги в предвид моменталните пазарни тензии, ЕЦБ беше подготвена да го поддржи, ако е потребно, финансискиот систем со ликвидни средства, како и да го задржи урамнотеженото функционирање на монетарната политика, изјави Лагард.

Минатата недела ЕЦБ ја крена каматната стапка за 50 процентни поени и покрај превирањата. Во поглед на тековното високо ниво на несигурност, централната банка не се обврза за во иднина. Лагард стави јасно до знаење дека монетарните чувари ќе се водат од економски податоци.

Политичарите и претставниците на централните банки низ Европа не се согласни околу ефективноста на последната одлука на ЕЦБ за каматните стапки.

Италија: Политиката на ЕЦБ за каматни стапки под лупа

Италијанскиот министер за економија Џанкарло Џоргети изјави во понеделникот дека верува оти влијанието на кризата во „Кредит Свис“ врз италијанскиот банкарски систем ќе биде „незначително“. Зборувајќи за пазарните турбуленции поврзани со „Кредит Свис“ и претходното пропаѓање на банката „Силикон Вели“ во САД, тој рече дека верува оти пазарите малку се смириле.

Мислам дека состојабата во Европа е под контрола. Ние сме во постојана комуникација со регулаторните тела и сме спокојни околу италијанскиот банкарски систем“, изјави Џоргети.

Миланската берза регистрираше пад од 2,6 проценти во раното тргување во понеделникот, каде акциите на банките паднаа после повеќе од еднонеделни турбуленции на меѓународните пазари на пари. Спасот на „Кредит Свис“ што беше објавен во текот на викендот не успеа да ги смири грижите на инвеститорите. Во вторникот, миланската берза се затвори со пораст од 2,53 проценти откако акциите на банките силно се вратија по неодамнешните загуби поради „Силикон Вели“ и „Кредит Свис“.

Џоргети исто така ги повтори своите критики кон политиката на Европската централна банка за зголемување на каматните стапки заради спречување на високи нивоа на инфлација.

[Политиката] внимателно треба да се калибрира бидејќи зголемувањето на каматните стапки може да биде корисно во контрола на инфлацијата но исто така може да предизвика проблеми во финансиската стабилност“, изјави Џоргети.

Италијанската влада не беше задоволна од одлуката на ЕЦБ да ја зголеми основната каматна стапка за 50 процентни поени.

ЕЦБ не се движи во вистинска насока, дури и ако денес се означи стартот на преосмислувањето. Според мене, ова не е добар начин за справување со инфлацијата“, изјави заменикот премиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани.

Франција: Базел III правилата ја спасија работата

Европските банки беа во „исклучително добра“ форма и нивната состојба не беше иста како таа на американските заемодавачи, рече минатата недела гувернерот на француската централна банка, Франсоа де Галхау, кој е исто така и член на советот на ЕБЦ, околу стравовите за криза во секторот.

Европските банки не се во иста ситуација како одредени американски банки од проста причина што тие не се предмет на исти правила“, додаде тој. Правилата познати како Базел III што беа креирани по финансиската криза во 2008 година за да се осигура дека банките имаат соодветен капитал и ликвидност се „ефективни“, вели де Галхау.

Тој додаде дека 400 европски банкарски групи беа подложени на критериумите на Базел III, споредено со само 13 во САД.

Во текот на мандатот на Претседателот Доналд Трамп, малите и средните американски банки беа изземени од правилата од Базел во 2019 година, вели тој и додава дека и банката „Силикон Вели“ и банката „Сигначр“ (Signature Bank) што пропаднаа минатата недела беа меѓу нив. Гувернерот на француската централна банка објаснува дека „Кредит Свис“ е посебен случај.

Тоа е банка што има и потешкотии поврзани со бизнис моделот како и недостатоци во внатрешниот систем на контрола,“ вели тој.

Додека ЕЦБ соопшти дека е подготвена да обезбеди ликвидни средства за да се обезбеди стабилноста на финансискиот систем на еврозоната, таа остана верна на зголемувањето на каматните стапки за половина процент со цел да се ублажи инфлацијата, и покрај стравовите дека зголемените трошоци за позајмување може да предизвикаат дополнителен стрес врз банките. Де Галхау изјави дека потегот на ЕЦБ испрати „силен“ сигнал на доверба во нејзината антиинфлациска стратегија и стабилноста на европските и француските банки.

Словенија, Бугарија и Германија остануваат мирни

Во понеделникот, Банката на Словенија соопшти дека европските и словенечкиот банкарски систем функционираат солидно и покрај превирањата во банкарските системи на САД и Швајцарија.

Банкарскиот систем во еврозоната е отпорен, со силни капитални и ликвидни позиции“, додаваат од словенечката централна банка.

Банката уверува дека опсегот на инструментите на монетарна политика на ЕЦБ се доволно голем за да обезбеди ликвидна поддршка на финансискиот систем кога е тоа потребно.

Бугарскиот технички министер за финансии Розита Велкова коментираше дека во моментот нема ризик за Бугарија по пропаѓањето на банките во САД.

Вишиот финансиски аналитичар во Моитепари.бг, Десислава Николова, тврди дека зголемувањето на каматните стапки од страна на ЕЦБ што почнаа во 2022 година не влијаат врз банкарскиот пазар во Бугарија поради неговата добра ликвидност.

Земјата има доволно ресурси за да го успори процесот поврзан со зголемувањето на каматните стапки, вели таа. Бидејќи не е дел од еврозоната, Бугарија ги одржа каматните стапки за заеми и депозити на најниско ниво, вели Николова.

Таа очекува дека наместо постепено зголемување на каматните стапки, во Бугарија може да се случи побрзо зголемување бидејќи последните случувања предизвикаа несигурност, гледано од макроекономски аспект.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделникот го поздрави „одлучниот потег на швајцарските власти“ за преземање на „Кредит Свис“ од страна на конкурентот „УБС“, изјави портпарол на владата.

Европските власти ја научија лекцијата од финансиската криза во 2008 година и ги стегнаа банкарските прописи. Така, германскиот банкарски систем е добро позициониран“, додаде портпаролот.

Не се гледа крајот на зголемувањата на каматните стапки на ЕЦБ

Според претседателот на германската централна банка, Јоаким Нагел, кој членува во Советот за монетарна политика на ЕЦБ, Европската централна банка сѐ уште не стигнала до крајот на патот поврзан со зголемувањето на нејзината каматна стапка. Истовремено, во интервју за „Фајненшл тајмс“ тој вели дека каматните стапки се доближија до рестриктивен опфат, ниво каде што економистите сметаат дека каматните стапки почнуваат да ја забавуваат економската активност.

Нагел нагласи дека ЕЦБ ќе треба да одолева на повиците за предвремени кратења на каматните стапки откако е постигнат врвот, инаку, вели тој, високата инфлација се заканува дека повторно ќе се разгори.

Нашата борба против инфлацијата не е завршена“, вели шефот на германската централна банка.

The post Дали е на повидок уште една банкарска криза? ЕЦБ, сепак, уверена во финансиската отпорност на еврозоната appeared first on Република.

]]>

Неодамнешното пропаѓање на банката „Силикон Вели“ (Silicon Valley Bank) во САД и кризата со „Кредит Свис“ (Credit Suisse) во Швајцарија во текот на викендот предизвика загриженост за целиот меѓународен финансиски сектор. Додека европските влади и финансиски институции одблизу ја следат состојбата, не е сѐ толку црно. Во понеделникот, европските и финансиските лидери ја креваа довербата на потрошувачите по кризата по кризата во „Кредит Свис“, втората по големина банка во Швајцарија. Итното преземање на „Кредит Свис“ од страна на конкурентот „УБС“ (UBS) и потешкотиите со кои се соочија некои помали американски институции ја зголемија загриженоста околу банките во еврозоната во текот на оваа недела. Европските советодавни тела потврдија дека во случај на пропаѓање на банка во Европската Унија се применува фиксно правило согласно кое се повикуваат акционерите и другите доверители. Акционерскиот капитал прв ги покрива загубите на банката. Доколку ова е недоволно, се преминува на обврзниците, тнр. АТ1 капитал. Во случајот со „Кредит Свис“, сопствениците на овие обврзници ќе ги изгубат нивните инвестирани средства во текот на преземањето од страна на „УБС“. За тие АТ1 обврзници, загубата изнесува 16 милијарди швајцарски франци (16 милијарди евра). Акционерите на „Кредит Свис“ исто така ќе изгубат голем дел од нивните пари но ќе добијат хартии од вредност од „УБС“. Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изрази оптимизам дека нема да има прелевање на овој настан во финансискиот систем на еврозоната.
Европскиот банкарски сектор беше отпорен благодарение на силниите капитални и ликвидни позиции. Имајќи ги в предвид моменталните пазарни тензии, ЕЦБ беше подготвена да го поддржи, ако е потребно, финансискиот систем со ликвидни средства, како и да го задржи урамнотеженото функционирање на монетарната политика, изјави Лагард.
Минатата недела ЕЦБ ја крена каматната стапка за 50 процентни поени и покрај превирањата. Во поглед на тековното високо ниво на несигурност, централната банка не се обврза за во иднина. Лагард стави јасно до знаење дека монетарните чувари ќе се водат од економски податоци. Политичарите и претставниците на централните банки низ Европа не се согласни околу ефективноста на последната одлука на ЕЦБ за каматните стапки.

Италија: Политиката на ЕЦБ за каматни стапки под лупа

Италијанскиот министер за економија Џанкарло Џоргети изјави во понеделникот дека верува оти влијанието на кризата во „Кредит Свис“ врз италијанскиот банкарски систем ќе биде „незначително“. Зборувајќи за пазарните турбуленции поврзани со „Кредит Свис“ и претходното пропаѓање на банката „Силикон Вели“ во САД, тој рече дека верува оти пазарите малку се смириле.
Мислам дека состојабата во Европа е под контрола. Ние сме во постојана комуникација со регулаторните тела и сме спокојни околу италијанскиот банкарски систем“, изјави Џоргети.
Миланската берза регистрираше пад од 2,6 проценти во раното тргување во понеделникот, каде акциите на банките паднаа после повеќе од еднонеделни турбуленции на меѓународните пазари на пари. Спасот на „Кредит Свис“ што беше објавен во текот на викендот не успеа да ги смири грижите на инвеститорите. Во вторникот, миланската берза се затвори со пораст од 2,53 проценти откако акциите на банките силно се вратија по неодамнешните загуби поради „Силикон Вели“ и „Кредит Свис“. Џоргети исто така ги повтори своите критики кон политиката на Европската централна банка за зголемување на каматните стапки заради спречување на високи нивоа на инфлација.
[Политиката] внимателно треба да се калибрира бидејќи зголемувањето на каматните стапки може да биде корисно во контрола на инфлацијата но исто така може да предизвика проблеми во финансиската стабилност“, изјави Џоргети.
Италијанската влада не беше задоволна од одлуката на ЕЦБ да ја зголеми основната каматна стапка за 50 процентни поени.
ЕЦБ не се движи во вистинска насока, дури и ако денес се означи стартот на преосмислувањето. Според мене, ова не е добар начин за справување со инфлацијата“, изјави заменикот премиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани.

Франција: Базел III правилата ја спасија работата

Европските банки беа во „исклучително добра“ форма и нивната состојба не беше иста како таа на американските заемодавачи, рече минатата недела гувернерот на француската централна банка, Франсоа де Галхау, кој е исто така и член на советот на ЕБЦ, околу стравовите за криза во секторот.
Европските банки не се во иста ситуација како одредени американски банки од проста причина што тие не се предмет на исти правила“, додаде тој. Правилата познати како Базел III што беа креирани по финансиската криза во 2008 година за да се осигура дека банките имаат соодветен капитал и ликвидност се „ефективни“, вели де Галхау.
Тој додаде дека 400 европски банкарски групи беа подложени на критериумите на Базел III, споредено со само 13 во САД. Во текот на мандатот на Претседателот Доналд Трамп, малите и средните американски банки беа изземени од правилата од Базел во 2019 година, вели тој и додава дека и банката „Силикон Вели“ и банката „Сигначр“ (Signature Bank) што пропаднаа минатата недела беа меѓу нив. Гувернерот на француската централна банка објаснува дека „Кредит Свис“ е посебен случај.
Тоа е банка што има и потешкотии поврзани со бизнис моделот како и недостатоци во внатрешниот систем на контрола,“ вели тој.
Додека ЕЦБ соопшти дека е подготвена да обезбеди ликвидни средства за да се обезбеди стабилноста на финансискиот систем на еврозоната, таа остана верна на зголемувањето на каматните стапки за половина процент со цел да се ублажи инфлацијата, и покрај стравовите дека зголемените трошоци за позајмување може да предизвикаат дополнителен стрес врз банките. Де Галхау изјави дека потегот на ЕЦБ испрати „силен“ сигнал на доверба во нејзината антиинфлациска стратегија и стабилноста на европските и француските банки.

Словенија, Бугарија и Германија остануваат мирни

Во понеделникот, Банката на Словенија соопшти дека европските и словенечкиот банкарски систем функционираат солидно и покрај превирањата во банкарските системи на САД и Швајцарија.
Банкарскиот систем во еврозоната е отпорен, со силни капитални и ликвидни позиции“, додаваат од словенечката централна банка.
Банката уверува дека опсегот на инструментите на монетарна политика на ЕЦБ се доволно голем за да обезбеди ликвидна поддршка на финансискиот систем кога е тоа потребно. Бугарскиот технички министер за финансии Розита Велкова коментираше дека во моментот нема ризик за Бугарија по пропаѓањето на банките во САД. Вишиот финансиски аналитичар во Моитепари.бг, Десислава Николова, тврди дека зголемувањето на каматните стапки од страна на ЕЦБ што почнаа во 2022 година не влијаат врз банкарскиот пазар во Бугарија поради неговата добра ликвидност.
Земјата има доволно ресурси за да го успори процесот поврзан со зголемувањето на каматните стапки, вели таа. Бидејќи не е дел од еврозоната, Бугарија ги одржа каматните стапки за заеми и депозити на најниско ниво, вели Николова.
Таа очекува дека наместо постепено зголемување на каматните стапки, во Бугарија може да се случи побрзо зголемување бидејќи последните случувања предизвикаа несигурност, гледано од макроекономски аспект. Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделникот го поздрави „одлучниот потег на швајцарските власти“ за преземање на „Кредит Свис“ од страна на конкурентот „УБС“, изјави портпарол на владата.
Европските власти ја научија лекцијата од финансиската криза во 2008 година и ги стегнаа банкарските прописи. Така, германскиот банкарски систем е добро позициониран“, додаде портпаролот.

Не се гледа крајот на зголемувањата на каматните стапки на ЕЦБ

Според претседателот на германската централна банка, Јоаким Нагел, кој членува во Советот за монетарна политика на ЕЦБ, Европската централна банка сѐ уште не стигнала до крајот на патот поврзан со зголемувањето на нејзината каматна стапка. Истовремено, во интервју за „Фајненшл тајмс“ тој вели дека каматните стапки се доближија до рестриктивен опфат, ниво каде што економистите сметаат дека каматните стапки почнуваат да ја забавуваат економската активност. Нагел нагласи дека ЕЦБ ќе треба да одолева на повиците за предвремени кратења на каматните стапки откако е постигнат врвот, инаку, вели тој, високата инфлација се заканува дека повторно ќе се разгори.
Нашата борба против инфлацијата не е завршена“, вели шефот на германската централна банка.

The post Дали е на повидок уште една банкарска криза? ЕЦБ, сепак, уверена во финансиската отпорност на еврозоната appeared first on Република.

]]>
ЕЦБ: Банките во еврозоната предвидуваат построги услови за одобрување кредит https://republika.mk/vesti/svet/ecb-bankite-vo-evrozonata-predviduvaat-postrogi-uslovi-za-odobruvanje-kredit/ Tue, 25 Oct 2022 11:14:02 +0000 https://republika.mk/?p=565400

Банките во еврозоната очекуваат дополнително заострување на условите за одобрување кредит во четвртото тромесечје и прогнозираат послаба побарувачка при забавување на економскиот раст и повисоки каматни стапки, покажа истражувањето на Европската централна банка.

Се чини речиси извесно оти еврозоната ќе западне во рецесија зимава, очекувањата нагло се влошуваат, што значи дека банките може да станат поизбирливи кога станува збор за одобрувањето заем, што дополнително ќе го продлабочи падот на активноста.

„Во четвртото тромесечје од 2022 година банките во еврозоната очекуваат значително поизразено нето заострување на кредитните стандарди за заеми на компании“, заклучи ЕЦБ врз основа на истражувањето во 153 банки.

Утврдено е дека банките во еврозоната очекуваат кредитните стандарди да бидат дополнително заострени и за станбени и за потрошувачки кредити.

Според анкетираните банки, стандардите за одобрување кредит веќе се заострени поради подигањето на каматните стапки од страна на ЕЦБ, а повисоките трошоци за задолжување истовремено почнаа да ја намалуваат побарувачката.

Со цел да ја стави под контрола инфлацијата, централната монетарна институција на еврозоната годинава ги подигна каматните стапки за 1,25 процентни поени, а на седницата во четврток би требало повторно да ги зголеми, веројатно за три четвртини од процентен поен. Циклусот би требало да продолжи и наредната година.

Во преостанатите три месеци од годината, банките истовремено очекуваат пад и на побарувачката за корпоративни кредити и понатамошен „силен нето пад“ на барањата за хипотекарни заеми, додаваат од ЕЦБ.

The post ЕЦБ: Банките во еврозоната предвидуваат построги услови за одобрување кредит appeared first on Република.

]]>

Банките во еврозоната очекуваат дополнително заострување на условите за одобрување кредит во четвртото тромесечје и прогнозираат послаба побарувачка при забавување на економскиот раст и повисоки каматни стапки, покажа истражувањето на Европската централна банка. Се чини речиси извесно оти еврозоната ќе западне во рецесија зимава, очекувањата нагло се влошуваат, што значи дека банките може да станат поизбирливи кога станува збор за одобрувањето заем, што дополнително ќе го продлабочи падот на активноста. „Во четвртото тромесечје од 2022 година банките во еврозоната очекуваат значително поизразено нето заострување на кредитните стандарди за заеми на компании“, заклучи ЕЦБ врз основа на истражувањето во 153 банки. Утврдено е дека банките во еврозоната очекуваат кредитните стандарди да бидат дополнително заострени и за станбени и за потрошувачки кредити. Според анкетираните банки, стандардите за одобрување кредит веќе се заострени поради подигањето на каматните стапки од страна на ЕЦБ, а повисоките трошоци за задолжување истовремено почнаа да ја намалуваат побарувачката. Со цел да ја стави под контрола инфлацијата, централната монетарна институција на еврозоната годинава ги подигна каматните стапки за 1,25 процентни поени, а на седницата во четврток би требало повторно да ги зголеми, веројатно за три четвртини од процентен поен. Циклусот би требало да продолжи и наредната година. Во преостанатите три месеци од годината, банките истовремено очекуваат пад и на побарувачката за корпоративни кредити и понатамошен „силен нето пад“ на барањата за хипотекарни заеми, додаваат од ЕЦБ.

The post ЕЦБ: Банките во еврозоната предвидуваат построги услови за одобрување кредит appeared first on Република.

]]>
ЕЦБ: Војната во Украина може да го намали БДП на еврозоната https://republika.mk/vesti/svet/ecb-vojnata-vo-ukraina-moze-da-go-namali-bdp-na-evrozonata/ Sat, 26 Feb 2022 16:22:36 +0000 https://republika.mk/?p=464346

Војната во Украина може да го намали бруто домашниот производ на еврозоната за 0,3 до 0,4 отсто оваа година, изјави главниот економист на Европската централна банка (ЕЦБ), Филип Лејн.

 

Тоа би било „неутрално сценарио“, им рече Лејн на колегите на неформалниот состанок на Управниот совет на ЕЦБ, чија агенда непланирано го обележа рускиот напад врз Украина.

Лејн презентираше и „сериозно сценарио“, според кое БДП би се намалил за приближно еден процент и „благо сценарио“, според кое настаните во Украина нема да влијаат на економијата од 19 члена, што сега се смета за малку веројатно.

Гувернерот на грчката централна банка Јанис Стурнарас, поборник за помека монетарна политика и пониски каматни стапки, изјави за Ројтерс дека ЕЦБ треба да продолжи да купува обврзници во редовната програма барем до крајот на годината за да се ублажат ефектите од кризата во Украина.

The post ЕЦБ: Војната во Украина може да го намали БДП на еврозоната appeared first on Република.

]]>

Војната во Украина може да го намали бруто домашниот производ на еврозоната за 0,3 до 0,4 отсто оваа година, изјави главниот економист на Европската централна банка (ЕЦБ), Филип Лејн.
 
Тоа би било „неутрално сценарио“, им рече Лејн на колегите на неформалниот состанок на Управниот совет на ЕЦБ, чија агенда непланирано го обележа рускиот напад врз Украина.
Лејн презентираше и „сериозно сценарио“, според кое БДП би се намалил за приближно еден процент и „благо сценарио“, според кое настаните во Украина нема да влијаат на економијата од 19 члена, што сега се смета за малку веројатно. Гувернерот на грчката централна банка Јанис Стурнарас, поборник за помека монетарна политика и пониски каматни стапки, изјави за Ројтерс дека ЕЦБ треба да продолжи да купува обврзници во редовната програма барем до крајот на годината за да се ублажат ефектите од кризата во Украина.

The post ЕЦБ: Војната во Украина може да го намали БДП на еврозоната appeared first on Република.

]]>
ЕЦБ предупреди на последиците од прекин на снабдување со гас https://republika.mk/vesti/svet/ecb-predupredi-na-posledicite-od-prekin-na-snabduvanje-so-gas/ Tue, 15 Feb 2022 12:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=458839

Прекинот на снабдување со гас би предизвикал шок, што ќе ги намали вредностите на стоката и услугите произведени во еврозоната, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ).

Цените на енергијата достигнаа рекордно ниво, поради стравови од евентуален руски напад врз Украина, што би довел до прекин на снабдувањето на Европа со руски енергенси, откако Западот ѝ се закани на Москва со санкции. Се стравува дека тие санкции може да ги опфатат и нафтата и гасот.

Русија ги негира тврдењата дека подготвува инвазија врз Украина.

Високите цени на енергијата ќе го намалат БДП-то на еврозоната годинава за околу 0.2 отсто во однос на неутрално сценарио. Најголемо влијание се очекува во првите три месеци, процени ЕЦБ во денешниот напис, објавен во Економскиот билтен.

Над 90 отсто гас, што еврозоната го троши, доаѓа од увоз, што значи дека притисокот врз економијата ќе се засили, доколку остане без дел од увезениот гас, предупреди ЕЦБ.

Се проценува дека бруто додадената вредност на еврозоната се намалила за 0.7 отсто, поради директни и индиректни последици од шокот, што во корпоративниот сектор би предизвикал хипотетска 10-процентна рационализација на потрошувачката на гас, пресметаа од банката.

Вистинскиот пад може да биде уште поголем, со оглед на тоа што во калкулациите не е вклучен ефектот од променетата цена на енергија, нагласуваат од банката.

Во такво сценарио, најтешки последици би претрпеле Австрија и Словачка, а меѓу индустриските сектори, веројатно најмногу би бил погоден секторот на основни метали, оценува ЕЦБ.

The post ЕЦБ предупреди на последиците од прекин на снабдување со гас appeared first on Република.

]]>

Прекинот на снабдување со гас би предизвикал шок, што ќе ги намали вредностите на стоката и услугите произведени во еврозоната, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). Цените на енергијата достигнаа рекордно ниво, поради стравови од евентуален руски напад врз Украина, што би довел до прекин на снабдувањето на Европа со руски енергенси, откако Западот ѝ се закани на Москва со санкции. Се стравува дека тие санкции може да ги опфатат и нафтата и гасот. Русија ги негира тврдењата дека подготвува инвазија врз Украина. Високите цени на енергијата ќе го намалат БДП-то на еврозоната годинава за околу 0.2 отсто во однос на неутрално сценарио. Најголемо влијание се очекува во првите три месеци, процени ЕЦБ во денешниот напис, објавен во Економскиот билтен. Над 90 отсто гас, што еврозоната го троши, доаѓа од увоз, што значи дека притисокот врз економијата ќе се засили, доколку остане без дел од увезениот гас, предупреди ЕЦБ. Се проценува дека бруто додадената вредност на еврозоната се намалила за 0.7 отсто, поради директни и индиректни последици од шокот, што во корпоративниот сектор би предизвикал хипотетска 10-процентна рационализација на потрошувачката на гас, пресметаа од банката. Вистинскиот пад може да биде уште поголем, со оглед на тоа што во калкулациите не е вклучен ефектот од променетата цена на енергија, нагласуваат од банката. Во такво сценарио, најтешки последици би претрпеле Австрија и Словачка, а меѓу индустриските сектори, веројатно најмногу би бил погоден секторот на основни метали, оценува ЕЦБ.

The post ЕЦБ предупреди на последиците од прекин на снабдување со гас appeared first on Република.

]]>