џозеп борел Archives - Република https://republika.mk/tema/dzozep-borel/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Dec 2022 10:18:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png џозеп борел Archives - Република https://republika.mk/tema/dzozep-borel/ 32 32 Борел: Многу загрижувачка е истрагата за наводна корупција во ЕП https://republika.mk/vesti/svet/borel-mnogu-zagrizuvachka-e-istragata-za-navodna-korupcija-vo-ep/ Mon, 12 Dec 2022 10:18:19 +0000 https://republika.mk/?p=584650

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека истрагата на Белгија за наводна корупција во Европскиот парламент е „многу загрижувачка“.

Секако дека веста е многу загрижувачка. Се соочуваме со некои настани, некои факти кои секако ме загрижуваат како поранешен претседател на Европскиот парламент, изјави Борел по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Белгиското правосудство изврши неколку претреси во петокот како дел од истрагата отворена кон средината на јули оваа година за наводна криминална организација која се инфилтрирала во срцето на Европскиот парламент и е осомничена за мешање во политиката на синдикатот и корупција преку Катар.

Федералното обвинителство објави дека биле извршени 16 претреси во неколку бриселски општини и дека претресите биле извршени „како дел од широката истрага за наводни дела на криминална организација, корупција и перење пари“.

При претресите биле запленети 600.000 евра во готовина, како и компјутерска опрема и телефони.

Вчера белгиското обвинителство поднесе обвинение против четири лица поради сомнение дека примале пари и подароци со цел да влијаат врз одлуките на Европскиот парламент во корист на една земја од Персискиот залив.

Во меѓувреме, Европскиот парламент соопшти дека се суспендирани овластувањата и должностите на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили, а грчките социјалисти, движењето ПАСОК, чиј член е Каили, објавија дека таа е исклучена од партијата.

The post Борел: Многу загрижувачка е истрагата за наводна корупција во ЕП appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека истрагата на Белгија за наводна корупција во Европскиот парламент е „многу загрижувачка“.
Секако дека веста е многу загрижувачка. Се соочуваме со некои настани, некои факти кои секако ме загрижуваат како поранешен претседател на Европскиот парламент, изјави Борел по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Белгиското правосудство изврши неколку претреси во петокот како дел од истрагата отворена кон средината на јули оваа година за наводна криминална организација која се инфилтрирала во срцето на Европскиот парламент и е осомничена за мешање во политиката на синдикатот и корупција преку Катар. Федералното обвинителство објави дека биле извршени 16 претреси во неколку бриселски општини и дека претресите биле извршени „како дел од широката истрага за наводни дела на криминална организација, корупција и перење пари“. При претресите биле запленети 600.000 евра во готовина, како и компјутерска опрема и телефони. Вчера белгиското обвинителство поднесе обвинение против четири лица поради сомнение дека примале пари и подароци со цел да влијаат врз одлуките на Европскиот парламент во корист на една земја од Персискиот залив. Во меѓувреме, Европскиот парламент соопшти дека се суспендирани овластувањата и должностите на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили, а грчките социјалисти, движењето ПАСОК, чиј член е Каили, објавија дека таа е исклучена од партијата.

The post Борел: Многу загрижувачка е истрагата за наводна корупција во ЕП appeared first on Република.

]]>
Борел: Ќе мораме да комуницираме со Русите кога ќе заврши војната https://republika.mk/vesti/svet/borel-kje-morame-da-komunicirame-so-rusite-koga-kje-zavrshi-vojnata/ Mon, 13 Jun 2022 12:06:05 +0000 https://republika.mk/?p=514521

Европа ќе мора да коегзистира со Русија по завршувањето на конфликтот во Украина, затоа мора да се вложат сите напори за одржување на дијалогот со Москва - изјави шефот на европската дипломатија Џозеф Борел за денешното издание на францускиот „Журнал де диманш“.

Русија ќе продолжи да постои и важно е јасно да се дефинира како имаме намера да живееме со неа. Ќе биде многу тешко, но мораме да комуницираме со Русите. Неопходно е да продолжиме разговорите со Москва - рече Борел, пренесе РИА Новости.

Тој, исто така, укажа на важноста на отворените канали за комуникација со Русија, потсетувајќи на патувањата на австрискиот канцелар Карл Нехамер во Москва во април, како и на претседателот на Африканската унија, Маки Сал, во Сочи на почетокот на јуни.

Борел изјави дека двајца претставници на генералниот секретар на ОН се во Русија, кои се обидуваат да го решат проблемот со извозот на украинското жито.

The post Борел: Ќе мораме да комуницираме со Русите кога ќе заврши војната appeared first on Република.

]]>

Европа ќе мора да коегзистира со Русија по завршувањето на конфликтот во Украина, затоа мора да се вложат сите напори за одржување на дијалогот со Москва - изјави шефот на европската дипломатија Џозеф Борел за денешното издание на францускиот „Журнал де диманш“.
Русија ќе продолжи да постои и важно е јасно да се дефинира како имаме намера да живееме со неа. Ќе биде многу тешко, но мораме да комуницираме со Русите. Неопходно е да продолжиме разговорите со Москва - рече Борел, пренесе РИА Новости.
Тој, исто така, укажа на важноста на отворените канали за комуникација со Русија, потсетувајќи на патувањата на австрискиот канцелар Карл Нехамер во Москва во април, како и на претседателот на Африканската унија, Маки Сал, во Сочи на почетокот на јуни. Борел изјави дека двајца претставници на генералниот секретар на ОН се во Русија, кои се обидуваат да го решат проблемот со извозот на украинското жито.

The post Борел: Ќе мораме да комуницираме со Русите кога ќе заврши војната appeared first on Република.

]]>
Борел: Ако завојуваме со Русија ќе почне трета светска војна https://republika.mk/vesti/svet/borel-ako-zavojuvame-so-rusija-kje-pochne-treta-svetska-vojna/ Thu, 10 Mar 2022 10:16:35 +0000 https://republika.mk/?p=470520

Неопходно е да и се помогне на Украина, но и да се избегне ескалација и влегување во војна со Русија, бидејќи во тој случај би започнала трета светска војна, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Едно е јасно: потребно е да и се помогне на Украина колку е можно повеќе, но и да се избегне ескалација на војната. Треба да спречиме војната да се прошири во други земји и да војуваме со Русија. Тоа би била трета светска војна - истакна Борел во интервју за француското радио Франс Инфо.

Запрашан за можноста за европско ембарго на рускиот гас и нафта, како што одлучија САД, тој оцени дека на Унијата ќе и биде многу потешко да направи таков избор.

Ние увезуваме многу од тоа. Тоа не е премногу тешко за САД бидејќи тие речиси и не трошат руска нафта, нагласи Борел.

The post Борел: Ако завојуваме со Русија ќе почне трета светска војна appeared first on Република.

]]>

Неопходно е да и се помогне на Украина, но и да се избегне ескалација и влегување во војна со Русија, бидејќи во тој случај би започнала трета светска војна, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. Едно е јасно: потребно е да и се помогне на Украина колку е можно повеќе, но и да се избегне ескалација на војната. Треба да спречиме војната да се прошири во други земји и да војуваме со Русија. Тоа би била трета светска војна - истакна Борел во интервју за француското радио Франс Инфо. Запрашан за можноста за европско ембарго на рускиот гас и нафта, како што одлучија САД, тој оцени дека на Унијата ќе и биде многу потешко да направи таков избор. Ние увезуваме многу од тоа. Тоа не е премногу тешко за САД бидејќи тие речиси и не трошат руска нафта, нагласи Борел.

The post Борел: Ако завојуваме со Русија ќе почне трета светска војна appeared first on Република.

]]>