Џорџија Archives - Република https://republika.mk/tema/dzordzija/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 15:24:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џорџија Archives - Република https://republika.mk/tema/dzordzija/ 32 32 Во Џорџија рачно ќе ги пребројуваат гласовите на претседатечките избори во САД на 5 ноември https://republika.mk/vesti/svet/vo-dhordhija-rachno-ke-gi-prebrojuvaat-glasovite-na-pretsedatechkite-izbori-vo-sad-na-5-noemvri/ Sat, 21 Sep 2024 15:24:50 +0000 https://republika.mk/?p=818541

Изборната комисија на американската сојузна држава Џорџија одобри нова регулатива со која се бара од канцелариите рачно да ги бројат гласачките ливчиња за претседателските избори на 5 ноември во југоисточната американска држава каде Доналд Трамп го оспори неговиот пораз во 2020 година.

Поради тесната разлика од само 12.000 гласови што го одвои од демократот Џо Бајден пред четири години, Трамп, кој повторно се кандидира за Белата куќа, побара неколку пребројувања. Тој се уште не го признал тој пораз.

Според прописите, покрај машинското броење на гласовите, предвидено е и рачно пребројување, што може да го одложи објавувањето на резултатите во оваа клучна држава за претседателските избори во САД.

Целта, како што стои во текстот усвоен со три гласа „за“ и два „против“, е „да се гарантира безбедно, транспарентно и точно пребројување“.

 

The post Во Џорџија рачно ќе ги пребројуваат гласовите на претседатечките избори во САД на 5 ноември appeared first on Република.

]]>

Изборната комисија на американската сојузна држава Џорџија одобри нова регулатива со која се бара од канцелариите рачно да ги бројат гласачките ливчиња за претседателските избори на 5 ноември во југоисточната американска држава каде Доналд Трамп го оспори неговиот пораз во 2020 година. Поради тесната разлика од само 12.000 гласови што го одвои од демократот Џо Бајден пред четири години, Трамп, кој повторно се кандидира за Белата куќа, побара неколку пребројувања. Тој се уште не го признал тој пораз. Според прописите, покрај машинското броење на гласовите, предвидено е и рачно пребројување, што може да го одложи објавувањето на резултатите во оваа клучна држава за претседателските избори во САД. Целта, како што стои во текстот усвоен со три гласа „за“ и два „против“, е „да се гарантира безбедно, транспарентно и точно пребројување“.  

The post Во Џорџија рачно ќе ги пребројуваат гласовите на претседатечките избори во САД на 5 ноември appeared first on Република.

]]>
Мајката на осомничениот за пукањето во Џорџија го предупредила училиштето пред нападот https://republika.mk/vesti/svet/majkata-na-osomnicheniot-za-pukaneto-vo-dhordhija-go-predupredila-uchilishteto-pred-napadot/ Sun, 08 Sep 2024 20:16:18 +0000 https://republika.mk/?p=814517

Мајката на тинејџерот кој во средата уби двајца ученици и двајца наставници во средно училиште во американската сојузна држава Џорџија се јавила во училиштето тоа утро и го предупредила училишниот советник околу половина час пред нападот на „екстремна итна ситуација“ и го замолила веднаш да го најде нејзиниот син, јави „Вашингтон пост“.

Марси Греј, мајката на осомничениот 14-годишен Колт Греј, се јавила во училиштето во Вајндер околу 30 минути пред пукањето, и сакала да открие што го поттикнало нејзиниот 10-минутен повик, пишува весникот.

Таа рекла дека ја причината за нејзиниот повик им ја открила на властите. Еден ученик за „Вашингтон пост“ изјавил дека училишниот администратор отишол на час по математика каде што требало да биде Греј, но дека тој не бил во училницата.

Греј останува во притвор, а неговиот татко е исто така уапсен бидејќи му дозволил на својот син да има оружје. Според обвинението, Греј е обвинет дека употребил полуавтоматска пушка за да убил двајца ученици и двајца наставници во средното училиште Апалачи во Виндер, во близина на Атланта. Во пукањето што се случи во средата се повредени уште девет лица.

Таткото на тинејџерот, Колин Греј (54) е обвинет за убиство од небрежност и убиство од втор степен.

Во последните години имаше десетици престрелки во училиштата низ САД.

Ова беше 30-то масовно убиство во САД досега оваа година, според базата на податоци што ја одржуваат АП и Ју-Ес-Еј Тудеј во партнерство со Универзитетот Североистерн. Во тие напади загинале најмалку 127 лица.

The post Мајката на осомничениот за пукањето во Џорџија го предупредила училиштето пред нападот appeared first on Република.

]]>

Мајката на тинејџерот кој во средата уби двајца ученици и двајца наставници во средно училиште во американската сојузна држава Џорџија се јавила во училиштето тоа утро и го предупредила училишниот советник околу половина час пред нападот на „екстремна итна ситуација“ и го замолила веднаш да го најде нејзиниот син, јави „Вашингтон пост“.
Марси Греј, мајката на осомничениот 14-годишен Колт Греј, се јавила во училиштето во Вајндер околу 30 минути пред пукањето, и сакала да открие што го поттикнало нејзиниот 10-минутен повик, пишува весникот.
Таа рекла дека ја причината за нејзиниот повик им ја открила на властите. Еден ученик за „Вашингтон пост“ изјавил дека училишниот администратор отишол на час по математика каде што требало да биде Греј, но дека тој не бил во училницата. Греј останува во притвор, а неговиот татко е исто така уапсен бидејќи му дозволил на својот син да има оружје. Според обвинението, Греј е обвинет дека употребил полуавтоматска пушка за да убил двајца ученици и двајца наставници во средното училиште Апалачи во Виндер, во близина на Атланта. Во пукањето што се случи во средата се повредени уште девет лица. Таткото на тинејџерот, Колин Греј (54) е обвинет за убиство од небрежност и убиство од втор степен. Во последните години имаше десетици престрелки во училиштата низ САД. Ова беше 30-то масовно убиство во САД досега оваа година, според базата на податоци што ја одржуваат АП и Ју-Ес-Еј Тудеј во партнерство со Универзитетот Североистерн. Во тие напади загинале најмалку 127 лица.

The post Мајката на осомничениот за пукањето во Џорџија го предупредила училиштето пред нападот appeared first on Република.

]]>
Ова се жртвите на 14-годишниот напаѓач во училиште во Џорџија https://republika.mk/vesti/svet/ova-se-zhrtvite-na-14-godishniot-napagach-vo-uchilishte-vo-dhordhija/ Thu, 05 Sep 2024 09:19:18 +0000 https://republika.mk/?p=813395

Коди Греј ќе биде обвинет за убиствата на 14-годишниот Мејсон Шермерхорн, 14-годишниот Кристијан Ангуло, Ричард Аспинвол (39) и Кристина Ирими (53). Аспинвол и Ирими предавале математика, а Аспинвол истовремено бил и помошник фудбалски тренер. Девет други жртви, осум ученици и еден наставник, се пренесени во болниците.

 

Училиштата во округот Бароу ќе бидат затворени до крајот на неделата.

Белата куќа преку соопштението рече дека претседателот Џозеф Бајден е известен за пукањето и дека неговата администрација ќе остане во контакт со федералните, државните и локалните власти за повеќе информации.

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) соопшти дека напаѓачот во смртоносното пукање во средата во училиште во Џорџија, Колт Греј, бил испрашуван од полицијата минатата година за анонимни закани на Интернет, по дојава на ФБИ.

Греј (14) во мај 2023 година ѝ негираше на полицијата дека стои зад објавите на Интернет кои содржеле слики од оружје, предупредувајќи за пукање во училиштата.

The post Ова се жртвите на 14-годишниот напаѓач во училиште во Џорџија appeared first on Република.

]]>

Коди Греј ќе биде обвинет за убиствата на 14-годишниот Мејсон Шермерхорн, 14-годишниот Кристијан Ангуло, Ричард Аспинвол (39) и Кристина Ирими (53). Аспинвол и Ирими предавале математика, а Аспинвол истовремено бил и помошник фудбалски тренер. Девет други жртви, осум ученици и еден наставник, се пренесени во болниците.   Училиштата во округот Бароу ќе бидат затворени до крајот на неделата. Белата куќа преку соопштението рече дека претседателот Џозеф Бајден е известен за пукањето и дека неговата администрација ќе остане во контакт со федералните, државните и локалните власти за повеќе информации. Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) соопшти дека напаѓачот во смртоносното пукање во средата во училиште во Џорџија, Колт Греј, бил испрашуван од полицијата минатата година за анонимни закани на Интернет, по дојава на ФБИ. Греј (14) во мај 2023 година ѝ негираше на полицијата дека стои зад објавите на Интернет кои содржеле слики од оружје, предупредувајќи за пукање во училиштата.

The post Ова се жртвите на 14-годишниот напаѓач во училиште во Џорџија appeared first on Република.

]]>
Мајк Пенс: Без разлика што вели Трамп, изборите во Џорџија не беа украдени https://republika.mk/vesti/svet/majk-pens-bez-razlika-shto-veli-tramp-izborite-vo-dhordhija-ne-bea-ukradeni/ Wed, 16 Aug 2023 18:04:59 +0000 https://republika.mk/?p=672820

Мајк Пенс, поранешен американски потпретседател во администрацијата на Доналд Трамп, денеска изјави дека изборите во 2020 година во државата Џорџија не биле украдени, без оглед на тврдењата на поранешниот претседател.

„И покрај тоа што поранешниот претседател и неговите сојузници го зборуваат повеќе од две и пол години, изборите во Џорџија не беа украдени, а јас немав право да ги поништам резултатите на 6 јануари“, истакна Пенс на настан во Индијана.  Тоа е негова прва реакција по покренувањето обвиненија против Трамп.

Тој додаде дека на 6 јануари 2021 година  ја извршил својата должност и се погрижил да има „мирен трансфер на власта во согласност со Уставот и законите на САД“.

Пенс нагласи дека никој не е над законот, посочувајќи дека Трамп и другите кои се обвинети „имаат право на презумпција на невиност што ја ужива секој Американец“.

Големата порота во американската сојузна држава Џорџија во понеделникот го обвини Трамп за обид да го поништи својот пораз од демократот Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година. Тоа е четврто кривично обвинение против Трамп и второ обвинување за обид за промена на резултатите од изборите во 2020 година. Реагирајќи на покренувањето уште едно обвинение против него, поранешниот американски претседател рече дека се работи за политички мотивирани и измислени обвиненија. Тој најави дека во понеделник ќе објави извештај за „изборната измама“ за која тврди дека се случила во Џорџија во 2020 година.

The post Мајк Пенс: Без разлика што вели Трамп, изборите во Џорџија не беа украдени appeared first on Република.

]]>

Мајк Пенс, поранешен американски потпретседател во администрацијата на Доналд Трамп, денеска изјави дека изборите во 2020 година во државата Џорџија не биле украдени, без оглед на тврдењата на поранешниот претседател. „И покрај тоа што поранешниот претседател и неговите сојузници го зборуваат повеќе од две и пол години, изборите во Џорџија не беа украдени, а јас немав право да ги поништам резултатите на 6 јануари“, истакна Пенс на настан во Индијана.  Тоа е негова прва реакција по покренувањето обвиненија против Трамп. Тој додаде дека на 6 јануари 2021 година  ја извршил својата должност и се погрижил да има „мирен трансфер на власта во согласност со Уставот и законите на САД“. Пенс нагласи дека никој не е над законот, посочувајќи дека Трамп и другите кои се обвинети „имаат право на презумпција на невиност што ја ужива секој Американец“. Големата порота во американската сојузна држава Џорџија во понеделникот го обвини Трамп за обид да го поништи својот пораз од демократот Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година. Тоа е четврто кривично обвинение против Трамп и второ обвинување за обид за промена на резултатите од изборите во 2020 година. Реагирајќи на покренувањето уште едно обвинение против него, поранешниот американски претседател рече дека се работи за политички мотивирани и измислени обвиненија. Тој најави дека во понеделник ќе објави извештај за „изборната измама“ за која тврди дека се случила во Џорџија во 2020 година.

The post Мајк Пенс: Без разлика што вели Трамп, изборите во Џорџија не беа украдени appeared first on Република.

]]>