Џеј Зи Archives - Република https://republika.mk/tema/dzej-zi/ За подобро да се разбереме Mon, 22 May 2023 11:11:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џеј Зи Archives - Република https://republika.mk/tema/dzej-zi/ 32 32 Бијонсе и Џеј Зи ја купија најскапата куќа во Калифорнија https://republika.mk/zivot/semejstvo/bijonse-i-dhej-zi-ja-kupija-najskapata-kuka-vo-kalifornija/ Mon, 22 May 2023 11:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=643572

Американската ар-ен-би пејачка Бијонсе и раперот Џеј Зи си приредија луксузна вечера во елитниот „Бар кај Хари“ во центарот на Лондон откако го купија најскапиот имот во Калифорнија.

Како што објавуваат медиумите, палатата во Малибу, САД, вреди 200 милиони долари - најскапиот имот некогаш продаден во Калифорнија.

Треба да се напомне и дека ова е вториот најскап купен имот во САД. Поскап е само претходно продаден стан во Њујорк - 238 милиони долари. Куќата е дизајнирана од јапонскиот архитект Тадао Андо, кој исто така работеше и на имотот на Кање Вест од 57 милиони долари. Таа беше понудена на аукција од колекционерот на уметнички дела Вилијам Бел, кој потрошил 15 години градејќи ја палатата. Тој првично побарал 295 милиони долари, но сепак направи отстапка.

Бијонсе и Џеј Зи веќе имаат палата во Бел Ер - имот што го купија пред шест години за 88 милиони долари. Куќата сега се проценува на 100 милиони долари. Инаку, славните музичари се венчаа 2008 година, а ги имаат 11-годишна ќерка Блу Ајви и петгодишните близнаци Сер и Руми.

The post Бијонсе и Џеј Зи ја купија најскапата куќа во Калифорнија appeared first on Република.

]]>

Американската ар-ен-би пејачка Бијонсе и раперот Џеј Зи си приредија луксузна вечера во елитниот „Бар кај Хари“ во центарот на Лондон откако го купија најскапиот имот во Калифорнија. Како што објавуваат медиумите, палатата во Малибу, САД, вреди 200 милиони долари - најскапиот имот некогаш продаден во Калифорнија. Треба да се напомне и дека ова е вториот најскап купен имот во САД. Поскап е само претходно продаден стан во Њујорк - 238 милиони долари. Куќата е дизајнирана од јапонскиот архитект Тадао Андо, кој исто така работеше и на имотот на Кање Вест од 57 милиони долари. Таа беше понудена на аукција од колекционерот на уметнички дела Вилијам Бел, кој потрошил 15 години градејќи ја палатата. Тој првично побарал 295 милиони долари, но сепак направи отстапка. Бијонсе и Џеј Зи веќе имаат палата во Бел Ер - имот што го купија пред шест години за 88 милиони долари. Куќата сега се проценува на 100 милиони долари. Инаку, славните музичари се венчаа 2008 година, а ги имаат 11-годишна ќерка Блу Ајви и петгодишните близнаци Сер и Руми.

The post Бијонсе и Џеј Зи ја купија најскапата куќа во Калифорнија appeared first on Република.

]]>
Бијонсе и Џеј Зи изнајмија јахта вредна 20 милиони долари и дојдоа во Хрватска https://republika.mk/scena/estrada/bijonse-i-dzej-zi-iznajmija-jahta-vredna-20-milioni-dolari-i-dojdoa-vo-hrvatska/ Tue, 23 Aug 2022 14:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=543329

Бијонсе и Џеј Зи се закотвија кај Цавтат, Хрватска, со јахтата „Фејт“ (Faith) долга стотина метри. По Цавтат, тие продолжија кон Корчула.

Бродот е меѓу 60-те најголеми јахти во светот. Вреди речиси 20 милиони долари, а изнајмувањето за седум дена чини околу 1,5 милиони долари. Сопственик на јахтата е Лоренс Строл, сосопственик на „Астон Мартин“ во Формула 1.

Повеќекратно наградената моторна јахта од холандското бродоградилиште „Фидшип“ (Feadship) нуди флексибилно сместување за 12 гости во седум кабини и има внатрешен стил од британскиот дизајнер „Ар-даблју-ди“. Изграден во 2017 година, „Фејт“ е дизајнирана за престој од повеќе дена и може да се пофали со обемен внатрешен и надворешен простор на неколку палуби – идеални за пловење, одмор и забава.

На луксузното пловило има хелиодром, пристап за ортопедски колички, кино, спа-просторија, лифт, подводни светла и бежбалница.

Бијонсе и Џеј Зи повеќепати ја посетиле Хрватска заради патување и одмор.

The post Бијонсе и Џеј Зи изнајмија јахта вредна 20 милиони долари и дојдоа во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Бијонсе и Џеј Зи се закотвија кај Цавтат, Хрватска, со јахтата „Фејт“ (Faith) долга стотина метри. По Цавтат, тие продолжија кон Корчула. Бродот е меѓу 60-те најголеми јахти во светот. Вреди речиси 20 милиони долари, а изнајмувањето за седум дена чини околу 1,5 милиони долари. Сопственик на јахтата е Лоренс Строл, сосопственик на „Астон Мартин“ во Формула 1. Повеќекратно наградената моторна јахта од холандското бродоградилиште „Фидшип“ (Feadship) нуди флексибилно сместување за 12 гости во седум кабини и има внатрешен стил од британскиот дизајнер „Ар-даблју-ди“. Изграден во 2017 година, „Фејт“ е дизајнирана за престој од повеќе дена и може да се пофали со обемен внатрешен и надворешен простор на неколку палуби – идеални за пловење, одмор и забава. На луксузното пловило има хелиодром, пристап за ортопедски колички, кино, спа-просторија, лифт, подводни светла и бежбалница. Бијонсе и Џеј Зи повеќепати ја посетиле Хрватска заради патување и одмор.

The post Бијонсе и Џеј Зи изнајмија јахта вредна 20 милиони долари и дојдоа во Хрватска appeared first on Република.

]]>